IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 60>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:36
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Ако е така како што велиш, кажи ми зошто Симон кој со пари сакал да ја купи благодатта што се давала со полагање раце од апостолите, кога бил укорен и апостолите му рекле да се моли Господ да му ја прости таа мисла, тој одговорил:

Дела 8:24 “Помолете Му се вие на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го рековте!”   
 
Затоа што со нив разговарал, затоа што тие биле присутни таму. Сепак интересно во оваа дискусија е тоа што апостолите не му велат да им се моли ним за да му ја простат таа мисла, туку му велат: "моли Го Господ да ти ја прости помислата на твоето срце. " (Дела 8:22)
Второ, доколку алудираш на тоа дека ова е поука дека обичните верници треба да ги молат починатите апостоли (светци) , тогаш има неколку проблеми тука:
 
1. Во Светото Писмо има пример каде што светиот апостол Павле ги замолува обичните верници да се молат за него и за сите друи свети (а не само обратно):
 
"молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сета постојанство и со молба за сите свети и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието, за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам."
(Свети Павле во Ефешаните 6:18-20)
 
2. Примерот на застапничка молитва која ти ја наведе и која јас ја наведов, а и сите други застапнички молитви во Светото Писмо се на релација: земја - земја (а не земја-небо, ниту пак небо-земја).
Со други зборови, во Светото Писмо нема ниту една молитва упатена до некој починат верник чија душа е на небото.
Во Светото Писмо има примери за стотици молитви, сепак ниту една од нив не е упатена до некој починат верник (светец).
Во Светото Писмо нема никаква гаранција дека починатите верници (вклучувајќи ја и блажената Марија) имаат способност/ингиренции да ги слушаат нашите молитви овде на земјата.
 
3. Во Светото Писмо има пример каде што дури и демоните го замолуваат Исус и Тој им ја услишува молитвата.
 
демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.” И (Исус) им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите;"
(Матеј 8:31-32)
 
Епа ако Исус можел да им ја услиши молитвата на демоните, колку повеќе тоа би го сторил за нас луѓето кои сме создадени според Божјиот лик и подобие?
Затоа сметам дека нема потреба од бркање врски преку блажената Марија или другите апостолите за да се стигне до Исус. Непотизмот е световна карактеристика, но не и небесна.
 
4. Кога учениците го замолиле Исус да ги научи да се молат Христос им одговори вака:
"еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име!"
(Господ Исус Христос во ев. Лува 11:1-2)
 
Значи овде гледаме дека Исус ги поучува Своите ученици (следбеници, христијаните) да ги упатуваат своите молитви до Бог, а не да бркаат врски преку свети овој или свети оној. Пак ќе повторам: Бркање врски и непотизам можеби функционира на земјата, но не и на Небото. намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 14:28
Ќе се осврнам на еден дел од твојот пост,за поопширен одговор сигурен сум маран ата ќе ти одговори повеќе.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Во Светото Писмо има примери за стотици молитви, сепак ниту една од нив не е упатена до некој починат верник (светец).
Во Светото Писмо нема никаква гаранција дека починатите верници (вклучувајќи ја и блажената Марија) имаат способност/ингиренции да ги слушаат нашите молитви овде на земјата.


Кога го читав ова одма ми текна еден момент од новиот завет.Од второто послание на апостолот Петар(посебно 15-от стих)

13. а и право е,додека сум во ова тело,да ве потсетувам,
14. бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело,како што Господ наш,Исус Христос,ми откри.
15. A ќе се погрижам на ова да се потцетувате секогаш и по мојата смрт.

Како е ова можно ако велиш дека ништо не навестува дека светиите се грижат за нас?!Пази, не вели дека Господ ќе ги упател туку дека он лично(Петар) ќе се погрижи за тоа и тоа и по неговата смрт?


Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 14:56
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:



13. а и право е,додека сум во ова тело,да ве потсетувам,
14. бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело,како што Господ наш,Исус Христос,ми откри.
15. A ќе се погрижам на ова да се потцетувате секогаш и по мојата смрт.




15 А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова.

16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.


Петар ке настојува да ги зацврсти во верата па да си спомнуваат секогаш за тоа ( и по неговото заминување ).


Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 15:18
Абе братче...
каква врска има 16 стих со мојата поента?!
Твојата реченица е твој заклучок и не пишува така во посланието.
Значи не вели апостолот за верата туку дека ОН ЛИЧНО ќе се погрижи да се потсетуваме за тоа.
И на крај краева по кој критериум решаваш дека тоа што го толкуваш така Писмото е точно?!
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 15:23
Na shto se misli kako KULTOT NA MARIJA?
Shto treba da znachi ova?
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 15:24
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Абе братче...
каква врска има 16 стих со мојата поента?!
Твојата реченица е твој заклучок и не пишува така во посланието.
Значи не вели апостолот за верата туку дека ОН ЛИЧНО ќе се погрижи да се потсетуваме за тоа.
И на крај краева по кој критериум решаваш дека тоа што го толкуваш така Писмото е точно?!



Ако речел светецот дека "По мојaта смрт истотака ке настојувам да биде така и така"  тогаш ке имаше логика твоето верување.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 15:59
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

интересно во оваа дискусија е тоа што апостолите не му велат да им се моли ним за да му ја простат таа мисла, туку му велат: "моли Го Господ да ти ја прости помислата на твоето срце. " (Дела 8:22)
Второ, доколку алудираш на тоа дека ова е поука дека обичните верници треба да ги молат починатите апостоли (светци) ...


Мил мој, а кој светител е горд, па да рече: „Молете ме мене за да го молам Господ“? Слабо стоиш со смирението, и теоретски и практично! Ама што вели Симон? – Молете му се вие на Господа. А зошто? – Затоа што сте праведници, сте го осветиле својот живот и имате поголема смелост пред Бога. Вашите дела се само за Бога, додека моите дела се световни, а познато е дека Господ ги слуша молитвите на праведниците.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Во Светото Писмо има пример каде што светиот апостол Павле ги замолува обичните верници да се молат за него и за сите друи свети (а не само обратно):

"молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сета постојанство и со молба за сите свети и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието, за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам."
(Свети Павле во Ефешаните 6:18-20)


Па и сите светители од Православната Црква барале од верниците да се молат за нив. Што е тука спорно?


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Примерот на застапничка молитва која ти ја наведе и која јас ја наведов, а и сите други застапнички молитви во Светото Писмо се на релација: земја - земја (а не земја-небо, ниту пак небо-земја).
Со други зборови, во Светото Писмо нема ниту една молитва упатена до некој починат верник чија душа е на небото.


Цркавата е ЕДНА. Сите се во една Црква, и упокоените и живите. Сите сме членови на едно тело на кое глава е Христос. А штом е така, баш сме во релација со светителите и Богородица кои не се повеќе на земјата со нас. Тоа не ни треба да биде спорно.

Евреите 12:22 Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели, 23 кон соборот и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и кон Бога, Судија на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство...

Молитвата на праведникот е најделотворна и најугодна на Бога, така, што и да побараат светителите, а особено Мајката на Господ Исус Христос, ќе им биде дадено.

Jaков 5:16 ...голема сила има усрдната молитва на праведникот.

Светиите и Богородица се молат за нас. Тоа многу јасно е кажано во Откровението.

Откровение 5: 8 И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старци паднаа пред Агнецот, држејќи секој од нив гусле и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите;

Откровение 8:3 Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му се даде многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник, што беше пред престолот.

A освен тоа, ние, православните христијани веруваме дека Бог не е Бог на мртвите, туку на живите:

Лука: 20:38 А Бог не е Бог на мртвите, туку Бога на живите, оти во Него се сите живи.”


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Во Светото Писмо има примери за стотици молитви, сепак ниту една од нив не е упатена до некој починат верник (светец).
Во Светото Писмо нема никаква гаранција дека починатите верници (вклучувајќи ја и блажената Марија) имаат способност/ингиренции да ги слушаат нашите молитви овде на земјата.


Е има, и тоа како има. Светите Отци (оние свети отци кои го канонизирале Светото Писмо) одредиле и апокрифни книги кои може да се читаат (апокрифни затоа што не може да се утврди автентичноста на писателот, но догматски и теолошки се исправни). Постои една таква книга (верувам позната ти е) во која се кажува за видение што се случува на небесата.

II Мак. 15:12-14 Еве го неговиот сон: го видел некогашниот првосвештеник Онија човек чесен и добар, скромен во однесувањето, со блага природа, кроток, слаткоречив, кој уште од детството беше усвоил со ревност се што води кон придобивање на добродетели. Него го видел со издигнати раце како се моли за сиот јудејски народ.Потоа се појавил еден друг маж, украсен со бели коси и со сјај, окружен со чудна и необична величественост. А Онија рекол: „Овој е братољубецот Еремија, Божјиот пророк, кој се моли многу за народот и за светиот храм.



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

3. Во Светото Писмо има пример каде што дури и демоните го замолуваат Исус и Тој им ја услишува молитвата.

"А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.” И (Исус) им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите;"
(Матеј 8:31-32)


Ај што ти нема повторно врска примеров, ама ајде... Чудно, го молат и Петар. И замисли, го молат да ја исцели Тавита. А зарем на Бог му требаат посредници да исцелува? Зарем Тој Самиот не е способен?

Дела Ап.: 9:38 А бидејќи Лида е близу до Јопа, учениците чуја дека Петар е таму и испратија кај него двајца мажи, кои го молеа: “Не забавај се со доаѓањето кај нас!”


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

4. Кога учениците го замолиле Исус да ги научи да се молат Христос им одговори вака:
"еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име!"
(Господ Исус Христос во ев. Лува 11:1-2)


1.     А каде тука виде дека Господ им рекол да не бараат помош од светителите? Или ти си умислуваш?

2.     И нема логика да им рекол молете се на светителите, затоа што во времето кога ги научил на оваа молитва, сеуште не се случило Христовото воскресение, што значи – пророците и св. Јован Крстител биле во пеколот, а не на небесата.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 16:22
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Молитвата на праведникот е најделотворна и најугодна на Бога, така, што и да побараат светителите, а особено Мајката на Господ Исус Христос, ќе им биде дадено.



како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден;

                Римјани 3-10


  Праведни пред Бог се сите кои се исчистени преку крвта Христова.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 16:39
Дали некој од вас ја има прочитано “Чудата на Пресвета Богородица“ и што мислите за истата, односно чудата кои се запишани таму?

Дали верувате во се што е напишано таму?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 22:19
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Na shto se misli kako KULTOT NA MARIJA?
Shto treba da znachi ova?
 
Култ на личност е кога на некоја личност ќе и се придодадат одредени митски особини (каракретистики, особини, титули) која таа всушност ги нема/немала, но од личноста е направен култ и таа личност добива авторитет на божество меѓу нејзините следбеници.
 
Таков е примерот со култот на "Крале Марко" за кој се вели дека пиел по 10 бочви вино наместо вода и потоа ќе го јавнел коњот Шарец и со него скокал од планина на планина и со боздоганот лом правел, а со сабјата главата му ја скинал на Црна Арапина. Ете тоа е култото на Марко Крале, а вистината е дека тој не пиел по толку вино, дека не скокал од планина на планина итн.
 
За голема жал култ е направен и од блажената Марија која го родила Исус. Единствени титули кои и се дадени во Светото Писмо се: блажена и благословена, титули кои се дадени и на други библиски личности.
Но, како што се ширело христијанството меѓу паганите кои предходно си обожавале богињи или "божици Мајки" (пр. Артемида во Ефес, Јунона во Рим), во компромис со нив, се појавило и култивизирање на блажената Марија во божество како еден плагијат на овие паганизми во официјалната црква која единствено можела да се шири толку брзо, масовно и глобално меѓу паганите доколку врши компромиси со нивните традиционални верувања.
 
Па така блажената Марија која Христос во евангелијата никаде не ја нарекол мајко (Исус и со обраќа со "жено") постепено станала "Мајката Божја", Богородица,
станала ПРЕСВЕТА (Титула која ниту Господ Бог ја нема во Светото Писмо),
станла Преблагословена (исто така титула која ниту Господ Бог ја има во Светото Писмо),
станала Пречиста, Пренепорочна, Најголемата (иако Исус кажал дека Јован Крстител е најголемиот),
станала Владичица на Небото, Царица (рамо до рамо со Господ),
станала Господарка на ангелите, Господарка на сите, (ноу комент!)
станала Спасителка и наша Застапничка на Судниот Ден (иако Светото Писмо вели дека Христос е нашиот Застапник),
станала проповед и слово на сите пророци (иако има само едно слово, само едно пророштво за неа кај пророците, додека за предавникот Јуда има 2!),
станала  покровителка на градови, покровителка на секој што ја повикува
станала мета на молитвите на сите католици и православни..
итн. со други зборови станала КУЛТ во католицизмот и православието, додека за христијаните останува блажената Марија, благословената меѓу жените, наша сестра по вера, која ќе си добие заслужена награда и позиција од Господ (а не од православните) на Небото онака како што Господ ќе процени.
Се надевам дека сега ти е појасно DDarko. Доколку имаш дополнителни прашања околу култот на блажената Марија, слободно пиши ги.
Поздрав големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2009 во 00:24
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 00:24
Kako prvo veruvam vo Gospod, Gospod spasuva,kako treto preku molitva ja molam Bogorodica da me spasi, da go izmoli Isus za moe spasevanje, toa mi bese mislata,mislam deka me razbravte, sega na pravoslavnie ikoni da toa pisuva, ama nekoi pogresno go razbiraat toa, Isus e toj sto spasuva, a sekoj ima pravo na svoe mislenje, jas veruvam vo Gospod, a da Bogorodica opsto pomegu narodot se smeta za zastitnicka na familijata, no taa e zastitnicka na site koi se molat na nea, tolku,pozdrav na site na ovoj forum, neka bide Gospod so vas mili moi
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 00:39
Снешка мила моја, не е важно што некој напишал на православните икони, не е важно ниту што се смета општо помеѓу народот, туку, за нас христијаните, е важно што напишал Господ Бог во Своето Слово и што Тој смета дека е правилно.
На Судниот Ден Господ нема да ни рече: "Зошто не го правевте тоа што го пишуваше на православните икони", ниту ќе ни рече: "зошто не го правевте тоа што меѓу народот се смета", туку ќе ни рече: "Зошто не го извршувавте она што Јас ви го заповедав?!"
 
"блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.” " (Исус Христос во ев. Лука 11:28)
"Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди." (Исус Христос во ев. Јован 14:15)
 
Христос не поучи да му се молиме дирекно на Бог, а не на починатите верници (како блажената Марија). Ниту Христос, ниту апостолите, ниту било кој од другите библиски личности не се помолил на некој починат верник. Ние немаме гаранција дека душите на починатите верници ги слушаат нашите молитви кога ние им ги упатуваме на нив. Впрочем, ако беше тоа можно, тогаш таа привилегија сигурно некој ќе ја искористеше во Библијата. Но, иако Светото Писмо, во своите над 1000 страници има напишано стотици молитви, сепак ниедна од нив не е упатена до некој починат верник.
Затоа размисли убаво пријателке, дали е Богоугодно да им се молиме на починатите верници или само на Бог како што тоа го правеле Христос, апостолите и другите библиски личности.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 00:44
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Na shto se misli kako KULTOT NA MARIJA?
Shto treba da znachi ova?
 
Култ на личност е кога на некоја личност ќе и се придодадат одредени митски особини (каракретистики, особини, титули) која таа всушност ги нема/немала, но од личноста е направен култ и таа личност добива авторитет на божество меѓу нејзините следбеници.
 
Таков е примерот со култот на "Крале Марко" за кој се вели дека пиел по 10 бочви вино наместо вода и потоа ќе го јавнел коњот Шарец и со него скокал од планина на планина и со боздоганот лом правел, а со сабјата главата му ја скинал на Црна Арапина. Ете тоа е култото на Марко Крале, а вистината е дека тој не пиел по толку вино, дека не скокал од планина на планина итн.
 
За голема жал култ е направен и од блажената Марија која го родила Исус. Единствени титули кои и се дадени во Светото Писмо се: блажена и благословена, титули кои се дадени и на други библиски личности.
Но, како што се ширело христијанството меѓу паганите кои предходно си обожавале богињи или "божици Мајки" (пр. Артемида во Ефес, Јунона во Рим), во компромис со нив, се појавило и култивизирање на блажената Марија во божество како еден плагијат на овие паганизми во официјалната црква која единствено можела да се шири толку брзо, масовно и глобално меѓу паганите доколку врши компромиси со нивните традиционални верувања.
 
Па така блажената Марија која Христос во евангелијата никаде не ја нарекол мајко (Исус и со обраќа со "жено") постепено станала "Мајката Божја", Богородица,
станала ПРЕСВЕТА (Титула која ниту Господ Бог ја нема во Светото Писмо),
станла Преблагословена (исто така титула која ниту Господ Бог ја има во Светото Писмо),
станала Пречиста, Пренепорочна, Најголемата (иако Исус кажал дека Јован Крстител е најголемиот),
станала Владичица на Небото, Царица (рамо до рамо со Господ),
станала Господарка на ангелите, Господарка на сите, (ноу комент!)
станала Спасителка и наша Застапничка на Судниот Ден (иако Светото Писмо вели дека Христос е нашиот Застапник),
станала проповед и слово на сите пророци (иако има само едно слово, само едно пророштво за неа кај пророците, додека за предавникот Јуда има 2!),
станала  покровителка на градови, покровителка на секој што ја повикува
станала мета на молитвите на сите католици и православни..
итн. со други зборови станала КУЛТ во католицизмот и православието, додека за христијаните останува блажената Марија, благословената меѓу жените, наша сестра по вера, која ќе си добие заслужена награда и позиција од Господ (а не од православните) на Небото онака како што Господ ќе процени.
Се надевам дека сега ти е појасно DDarko. Доколку имаш дополнителни прашања околу култот на блажената Марија, слободно пиши ги.
Поздрав големо%20гушкање
 
 
 
Не можам да разберам зошто секогаш кога ги наведуваш титулите на БогоРодица, го изоставаш она едно многу важно нешто:
 
 
Евангелие според Лука
Глава  1
 
38 Марија, пак, рече: “Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа.

39 А Марија, како стана во тие дни, отоде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин;

40 Па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.

41 Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,

42 па извика гласно и рече: “Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот, на твојата утроба!

43 И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ?

44 Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја.

Зошто, EvAngelos, ти од титулите кои и’ ги дава Светото Писмо на БогоРодица никогаш не набројуваш дека таа е мајка на нашиот Господ? Како што можеш да прочиташ (затоа и ги пренесов сите овие неколку стиха), ова не се зборови на човек сам од себе, туку ги кажува Елисавета исполнета со Дух Свети!! Зошто ти никогаш тоа не го земаш предвид? трепкање


Изменето од Pravoslavie - 16.Септември.2009 во 00:45
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 01:10
Originally posted by mali simo mali simo напиша:


А тоа дека е заштитничка на Скопје ... да ,Таа е заштитничка ,но не само на Скопје туку и на сите кои ја бараат Нејзината молитва...



Значи едната теза ви е дека посредува во молитвите кон Господ. 

И оваа другава дека лично таа може да одговори на молитвата во случајов за заштитување без никаква асистенција од Бог.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.