IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 08:09

Лимонот и неговите примени

 

Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во која што спаѓаат и портокалот, мандарината, грејпфрутот и др. Тој е евтин, лесно достапен и повеќенаменски. Особено е корисен кога е во прашање вашето здравје. Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати.

Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува.

Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за: нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол, превенција од атеросклероза, зајакнување на имуниот систем, главоболка, гадење, исцрпеност, подобрување на помнењето и концентрацијата.

Лимонот и здравјето

Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува. Тој се препорачува од билкарите за снижување на крвниот притисок, исфрлување на токсините од црниот дроб, намалување на болките при артритис, против инфекции, грип, против болести во усната празнина и јазикот и т.н.

Лимонот е лек за стомакот поради неговиот лаксативен ефект. Исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Ако имате настинка, пробајте да пиете сок од лимон. Освен тоа што ќе ви помогне во борбата против настинката, ќе го сопре и развивањето на инфекции. Тоа е така поради неговите антибактериски и антивирусни својства.

Моќта на лимоновата вода

Многу е едноставно да се подготви лимонова вода. Сè што треба да направите е да ја измешате пулпата и сокот од половина лимон во топла вода и да ја испиете. Лимоновата вода ќе му помогне многу на вашиот организам.

Лимоновата вода ја подобрува способноста на телото да ги исфрла отровите.
  • Дејствува како „чистач“ на крвта и ја подобрува способноста на телото да ги исфрлува отровите. Вашата кожа не може да изгледа здрава, ако вашиот организам е полн со токсини. Кога тој ќе се ослободи од токсините, тоа прво ќе се одрази на вашата кожа. Таа ќе изгледа чиста и без акни.
  • Помага при проблеми со дигестивниот систем – гадење, киселини во стомакот, запек и паразити, а исто и при варењето на храната.
  • Поради големото количество на витамин Ц, лимоновата вода се користи при лекувањето на инфекции, рани, алергии и воспаление на грлото.
  • Лимоновата вода е диуретско средство. Тоа значи дека е многу корисна за луѓе кои имаат инфекции на мочните патишта. Исто така им помага и на луѓето со артритис или реума, затоа што ги прочистува токсините и бактериите.
  • Сокот од лимонот помешан со вода може да биде многу полезен за бремените жени, бидејќи помага во изградувањето на коските на нероденото дете. Калциумот кој што го има во лимонот е одличен за коските и за забите. Лимонот содржи и калиум, кој што е полезен за мозокот и за нервните клетки.

Лимонот и вашето тело

Тежината е основниот проблем на секоја жена. Но, ако имате неколку килограми повеќе, нема потреба да „се клукате“ со апчиња за слабеење. Одберете го поздравиот начин и искористете ја моќта на лимонот.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат поголемо количество лимон помалку страдаат од прекумерна тежина. Тоа е така затоа што лимонот содржи антиоксиданси, кои што го регулираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат гладот.

Исто така, луѓето кои што консумираат големо количество сок од лимон полесно слабеат, поради тоа што витаминот Ц го забрзува метаболизмот.

Можете да користите лимон и за вашата коса. Ако сте русокоса, може да употребите лимон за осветлување на вашата коса. За да го направите тоа, исцедете го сокот од половина лимон во вашата коса и седете околу еден час на сонце. Откако ќе ја измиете вашата коса таа ќе изгледа почиста, посвежа и поблескава.

Потењето во летните месеци е нормален процес. Но, ако сакате да го намалите честото потење со цел да се чувствувате попријатно, подготвите си чај од камилица и кон него додајте сок од половина лимон и една лажичка шеќер. Така направениот чај пијте го секоја вечер пред легнување.

Лимонот во вашиот дом

Лисјата на лимоновото дрво испуштаат материи кои што го дезинфицираат воздухот и убиваат многу бактерии. Поради тоа, многу е корисно да се одгледува лимон во домот. Купете си лимоново дрво и одгледувајте го во вашиот дом. Така ќе се ослободите и од некои инсекти како комарците и мувите.

Дали сте знаеле дека...

Лимонот може да се користи и како невидливо мастило. Потребно е само да се напише некаков текст со сок од лимон и кога ќе се стави на светлина тој може да биде прочитан.

Неколку корисни примени на лимонот

  • Исцедете лимон во вашето кафе при главоболка. Користете чист сок од лимон при убод од оса или пчела за да ја намалите болката.
  • Лимонот го сопира крварењето и може да го користите како природен антисептик на вашите рани.
  • Исцедете лимон во вашето кафе при главоболка.
  • Лимонот помешан со маслиново масло помага во борбата против камен на жолчката.
  • Некои тврдат дека редовното внесување на свеж лимон може да биде корисно против камења во бубрезите.
  • Лимонот помага во борбата против акните. Ако имате мрсна кожа, премачкајте го лицето со сок од лимон два пати дневно. Ставете го да дејствува 5 минути и измијте го.

Совет

Секогаш купувајте лимони кои што се светло жолти и кои изгледаат свежи. Лимоните со тенка кора имаат повеќе сок, отколку лимоните со дебела.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 04:59
Една банана на ден за долг и здрав живот

Храната богата со калиум може да ги намали ризиците од кардиоваскуларни болести, тврдат италијанските научници кои својата најнова студија ја претставија на конференцијата „American Heart Association’s Nutrition, Physical Activity, and Metabolism“, одржана во Сан Франциско.

05-03-10banana1.jpg

Една друга студија презентирана на истата конференција покажа дека конзумирањето свежо овошје и зеленчук може да спречи мозочен удар.   

Студијата на научниците од универзитетот во Наполи базирана е на десет претходни истражувања спроведени во перидот помеѓу 1966-та и 2009-та година, во кои учествувале најмалку 280.000 возрасни личности. Истражувањето покажа дека конзумирањето храна која содржи калиум може да го намали ризикот од мозочен удар за 19 проценти, а ризикот од кардиоваскуларни болести за 8 проценти.   

Калиумот е неопходен минерал кој во најголема мера се среќава во бананите, компирот, авокадото, гравот и сувите сливи.     Бројни истражувања покажуваат дека калиумот го намалува крвниот притисок и ги спречува кардиоваскуларните болести. Затоа една банана на ден и уживајте во долгиот и здрав живот.


Bluezone

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2010 во 08:01
Леблебијата го снижува холестеролот
Оваа мешунка е добар извор на железо, па дури и кога е зготвена


     

Помага во варење на храната
Леблебијата е вид мешунка која претставува одличен извор на протеини. Содржи многу растителни влакна кои се заслужни за намалување на холестеролот. Истражувањата покажаа дека редновно треба да се консумираат овие мешунки , зошто многу бргу можат да го намалат нивото на холестерол. Леблебијата лесно се вари и благовремено делува на органите за варење. Се препорачува на луѓето кои стардаат од синдромот иритабилни црева. Леблебијата има и низок гликемски индекс, така да може да помогне во стабилизација на нивото на шеќери во крвта.

Ги чува коските
Во оваа мешунка има и магнезиум, кој, како што покажаа последните истражувања, е одличен за регулирање на притисокот. Магнезиумот е неопходен и за пренесување на нервниот импулс и регулација на контракциите, односно опуштање на мускулите. Тоа значи нервите кои го контролираат работењето на срцето можат оптимално да работат само ако има доволно магнезиум во организмот. Магнезиумот, исто така има важна улога во врзување на калциумот за коските, па некои истражувчи остеопорозата ја поврзуваат повеќе со недостаток на магнезиум отколку со недостаток со калциум (затоа што во случај на недостаток на мгнезиум ниту калциумот не ќе може да се се апсорбира во организмот). Овој минерал учествува во регулирање на срцевиот ритам и снижувачкото ниво на холестеролот. Многу е важен за трудниците затоа што ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено пораѓање.

Ги исфрла отровите
Леблебијата има уште едно корисно дејство, а тоа е да помага од организмот да се исфрлат сулфатите (кои често се користат како конзерванси). Американската управа за храна и лекови го изнела податокот дека еден од 100 луѓе е пречувствителен на сулфати. Оваа чувствителност може да се јави во било кој период од животот, а симптомите се слабост, мачнина, дијареа, осип на кожата, тешко дишење.

Богата со железо
Оваа мешунка е добар извор на железо, па дури и кога е зготвена, содржи дупло повеќе железо од истата количина. Во листовите на леблебијата се содржи поголема количина на калиум и калциум, отколку во спанаќот и копривата, додека содржината на железо, цинк и бакар е исто.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 16:36


Лошо избраните производи кои ги јадете за појадок можат да предизвикааат нервоза или поспаност во текот на работниот ден. За да не си го уништите денот уште рано наутро, изберете производи кои ќе ве расонат или смират, се во зависност од тоа каков ден ве очекува  

alt
 

-Појадокот треба да се консумира до еден час по будењето. Меѓутоа постои лоша навика да се прескокнува или да се консумира многу подоцна по будењето. Тогаш се јавува слабост, главоболка, паѓање на шеќерот и разни други непријатности.

Што треба да содржи
Појадокот во зависност од годините, полот, здравствената состојба или видови на активности, во текот на предпалднето треба да има од 300 до 500 калории. Треба да содржи по едена третина од јаглените хидрати, протенините и мастите во калориите. На телото наутро му се потребни јаглено хидрати за да се обезбеди брза енергија и стабилизирање на утринскиот шеќер. Млечните производи исто така треба да се консумираат, посебно јогуртот кој на прави сити, обезбедува калциум, го штити дигестивниот тракт.

Одбегнувајте
Ако не појадувате дома, храната ја купувате во пекара одбегнувајте мрсно, солено и благо бело печиво. Тестото, лебот, плачинките и питите не доведуваат до смирување и опуштање. По, таквиот појадок попушта концентарцијата. Друга лоша навика, која што е честа кај нас, е првото утринско кафе кој сите како по навика го пијат на празен стомак. Кафето би требало да го пиете по појадокот, за да го добиете посакуваниот ефект на будење.

За да не ви паѓа шеќерот
Доколу за појадок појадуавте интегрален леб или житарици, бидете сигурни дека во текот на денот нема да доживеете неприајтно паѓање или покачување на шеќерот кој секогаш се манифестира како слабост или честа глад. Овие прозиводи имаа низок гликемски индекс и затоа подолго се ресорбираат во организмот, што го намалуваат нивото на стресот во текот на работниот ден. Ако се одлучите да јадете едно парче интегрален леб и чаша јогурт, ќе внесете помалку калории и подолго време ќе бидете сити. Бирајте интегрален леб, двопек, тост, мусли од интегрални житарки или корфлекс. Пожелно е лебот да содржи семки од ленено семе и цело зрно од пченица и други житарици.

Не ја избегнувајте здравата масленост
Заради добра линија, но и заради здравјето, многу луѓе денес користат производи со ниска калорична вредност. Меѓутоа во повеќето слатки прозиводи (печива и разни видови на колачи) со низок протеин на масленост има одредени кисленини и масти кои можат да ви предизвикаат лошо расположението.Затоа дополнете го појадокот со корисни масти, што ги има во орасите, лешниците и во смеките од ленот. Едноставно само додадете ги во јогуртот или користете житарни снегулки и веднаш ќе забележите дека во текот на денот вашето расположение ќе се поправи. Исто така ако сте љубители на немасен појадок, треба наутро да изедете парче чоколадо бидејќи содржи магнезиум кој е одличен борец против хроничен замор.

За физички активните
Ако знаете дека вас ве очекува напорен ден во кој вашето тело ќе биде физички активно, треба да појадуавте силен протеински појадок. Калсичен оброк од овој тип е јајце со шунка, која би требало да е пилешка или мисиркина. Но, јајцата и шунката не смеете да ги јадете секој ден. Одличен извор на неопходни материи се наоѓаат во растителните протеини кои се кријат во путерот од кикирики, лешници, бадеми, ореви. Доколку сте љубители на сувомеснатите прозиводи би требало да бирате мисиркини или пилешки производи затоа што во себе содржат помалку сол.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 10:43
Овошјето и диетата

Дали внесувањето овошје ја попречува диетата? Ова прашање е најчесто поставувано кај нутриционистите и фитнес инструкторите.

Тие велат дека се што е прекумерно, се вбројува во вишокот килограми. Според нив, овошните оброци имаат три пати повеќе калории во однос на зеленчукот, така што, многу полесно се внесуваат калории преку овошјето и влијаат врз губењето на тежината.

Токму затоа, нутриционистите препорачуваат да се јаде овошје три пати дневно и да не се претерува со количината. Исто така, треба да се избегнува сувото овошје, овошните купови и калоричните сокови.

Што се однесува до шеќерот во овошјето, познат како фруктоза, тој е поздрав од рафинираниот , но исто така содржи многу калории, поради што и не се препорачува прекумерно консумирање ако сте решиле да ослабите.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 19:23
Со храна против стресот


Соодветната исхрана може да го регулира стресот. Виенскиот професор Хадемар Банкхофер изработил анти - стрес план за исхрана.

Помеѓу 16 и 17 часот


Борбата против стресот почнува уште во попладневните часови. Најдобро е да се почне со еден оброк од јогурт и свежо овошје. Јогуртот го зголемува резервите на двете аминокиселини, триптофан и тирозин во крвта. Овие две протеински компоненти предизвикуваат умор и го оштрат умот, а пред се, концентрацијата. Позитивните бактерии во јогуртот носат мир и хармонија во вознемирената цревна флора поради стрес.

Околу 18 часот

Ова е време за овошје, на пример, две јаболка, еден грејпфрут, две мандарини или еден портокал. На тој начин организмот се обезбедува со овошен шеќер, доволно за да може мозокот да го произведува хормонот на среќата.

Помеѓу 18 и 20 часот


Банкхофер во ова време препорачува динстан зеленчук со клици од соја. Зеленчукот го овозможува антистресниот минерал магнезиум, а клиците од соја даваат Б витамин кој ги зајакнува нервите. Во менито треба да ја има и рибата, бидејќи белковините помагаат да исчезне стресот.

Алкохол не треба да се внесува 15 минути по јадењето. Ни кафето не помага во борбата против стресот, туку чајот од камилица. Камилицата содржи етерични масла кои делуваат во опуштање и смирување на нервниот систем.


izvor...idividi
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 18:01
Prirodni lekovi za skrseno srce...

Skrsenoto srce e poim za sostojba koja ne pogoduva po raskin na vrskata ili nekoj drug emocionalen odnos.
Osven sto vremeto gi leci ranite postojat i nekoi prirodni lekovi za bolkite predizvikani od neispolneta ljubov.
Nesonicata e cest problem kaj lugeto so skrseno srce.
Anksioznosta i deprisijata koi odat raka pod raka so ljubovnite maki o onevozmozuvaat dobriot son.
probajte caj od lavanda, kamilica ili od korenot na valerijan ke ve smirat i ke vi pomognat da zaspiete.
Tolku mnogu ste tazni sto pocnuva da ve maci stomakot.
toa ne e nesto neobicnono probajte da ja namalite macninata so pomos na gjumbirot.
nisto ne vi se pravi, nisto ne vi se jade, pie, nitu vi se zboruva ili izleguva.
Sostojbata na letargijata mozete da ja pobedite so ovosje kako borovinki, ribizli,kapini,malini ili pak temna cokolada.
Kako posledica na nespienje se javuva i zamorot a za taa namena se preporacuva kofein i zob vo mali kolicini.
Dobar lek zaanksioznosta e hrana bogata so B vidamin i omega 3 masni kiselini.
Napravete ja ribata del od vaseto sekojdnevno meni.
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2010 во 07:27

Црното чоколадо го намалува ризикот од срцев инфаркт

Секојдневното јадење црно чоколадо, тврдат научниците, го намалува ризикот од срцев инфаркт, а нема да ве здебели. Веќе отпорано е познато дека чоколадото има позитивно дејство врз здравјето, но новото германско истражување тврди дека маснотиите од чоколадото нема да го поништат позитивното дејство, ако се работи за умерени количества - до 50 грама. Со редовното јадење чоколадо, ризикот од напад се намалува за околу осум отсто, а на артериските болести за околу пет отсто. Најважно е да не се претерува со чоколадото и да се избира она со што поголем процент какао

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 06:36

Броколи како антибиотик

Жените кои често боледуваат од запаленија на мочните канали треба секој ден да изедат 200 до 300 г варени броколи. Во нив има глукоинолати, т.е. секундарни растителни состојки кои ги уништуваат бактериите во мочниот меур. 200-300 г од овој зеленчук содржат 43 милиграми од овие корисни состојки. Затоа може да се каже дека броколите имаат дејство слично на антиобиотик. Пред се, спречуваат појава на нови инфекции.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 22:08

Природен аперитив

За аперитив одберете сок од зеленчук, тоа е добра концентрација на витамини и на минерали. Добро би било да се напиете голема чаша сок од морков и од целер, кои се одлични за организмот и се добри во борбата против грипот. Откако ќе го направите сокот, испијте го веднаш, затоа што ако отстои и половина час, зеленчукот губи половина од витаминот Ц.
Добро би било да испиете две чаши сок од зеленчук во текот на денот.
Природниот аперитив од овошје нека ви биде резервиран за наутро. Чаша свежо цеден сок од морков во комбинација со портокал и лимон една мала лажичка мед.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 15:10

Зелката го брани организмот од болести

Докажано е дека со сок од свежа зелка може успешно да се лекува чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Исто така, со зелката во организмот се внесуваат најактивните елементи за одржување на биолошката рамнотежа на организмот и за одбрана на организмот од разни болести. Богата е со целулоза која го подобрува варењето, дејствува поволно на зараснувањето на раните и преветивно помага при настинки и кашлање.
За жал, во нашите прехранбени навики малку се користи свежата и киселата зелка, иако токму таквата е најбогата со хранливи и лековити состојки. Поновите епидемиолошки истражувања покажуваат дека редовното конзумирање на зелкастиот зеленчук може да биде исклучително ефектно во намалувањето на ризикот од појава на рак. Компонентите што се сметаат за "одговорни" за ваквото дејство на зеленчукот се фитохемикалиите.
Фитохемикалиите се биолошки активни растителни молекули кои во соработка со витамините и минералите поволно дејствуваат врз здравјето. Имаат заштитно дејство, односно ги зацврстуваат и ги подобруваат одбранбените механизми во организмот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:47
Ананас против болки

Ако нешто ве боли, јадете ананас, предлагаат стручњаците кои со експеримент потврдиле дека супстанцата бромелин од ова јужно овошје помага болката да исчезне. Тоа го објаснуваат со податокот дека оваа состојка на ананасот ги разградува протеините во крвта и ги ублажува воспаленијата кои предизвикуваат болка. Оваа терапија посебно им се препорачува на пациентите на кои синтетичките лекови против болки им предизвикуваат срцеви и пречки во текот на варењето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 11:44
Пастрмката го чува срцето, а сардината нервите

Во периодот на пост, рибата е главна на менито на многу православни верници.

Освен што е вкусна, здрава и може да се подготви на многу различни начини, рибата лесно се вари. Богата е со витамини, минерали и аминокиселини.

Туна:

Богата е со минералот селен и витаминот А, кои играат важна улога во борбата против слободните радикали.

Ослиќ:

Има мала енергетска вредност и спаѓа во диететските намирници. 100 грама ослиќ содржи 80 % вода, 0,85 грама масти и 17,2 грама белковини. Богат е со витамините Б1 и Б2, калиум, калциу и фосфор. Позитивно влијае на коските и работата на мозокот.

Сардина:

Содржи магнезиум и триптофан, кој благотворно влијае на нервниот систем и го подобрува расположението. Богата е со протеини, омега 3 киселини и калиум.

Пастрмка:

Се препорачува за дијабетичарите и лицата со висок крвен притисок. Таа е нискокалорична и содржи малку натриум (40 мг во 100 грама) и штити од кардиоваскуларни тегоби.

Крап:

Спаѓа во помрсните риби. Богат е со белковини, омега 3 киселини, витамини А, Д и Е. Го чува мускулот на срцето и ги ублажува тегобите од болестите на крвните садови и псоријазата.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 07:12

Јаболка и круши

На сите нам ни е познато дека овошјето и зеленчукот се мошне здрави и дека го штитат организмот од многу болести. Но, јаболката и крушите имаат и предност кај хроничните заболувања на белите дробови доколку се споредат со другите видови овошје, заклучија истражувачите од Националниот институт за здравје во Билтховен, Холандија. Тие претпоставуваат дека секундарните билни материи што се содржани во овие плодови, катехини, би можеле да бидат одговорни за тоа. Точно 14.000 лица кои тимот стручњаци ги набљудувал и кои јаделе јаболка, помалку заболувале од магарешка кашлица и од оштетување на дишните органи од другите. Дури и пушачите станувале поотпорни на хроничниот бронхитис доколку редовно консумирале јаболка и круши. И некои други билни материи кои посебно се наоѓаат во јаболката и крушите се од големо значење. Зашто самите катехини кои, на пример, се наоѓаат и во чајот и ги штитат срцето и крвните садови од заболување, го немаат тоа позитивно дејство кај белодробните заболувања.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,361 секунди.