IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 15:33

Морковот крие маѓични дејства?


Морковот содржи каротин и провитамин А кој ја штити слузницата и има силно антиоксиданско дејство-ги”убива “слободните радикали кои се причинители на тумор и придонесуваат за брзо стареење. 

Сокот од морков го зајакнува имунитетот, го подобрува апетитот, го забрзува варењето, го јакне коскеното ткиво, го нормализира метаболизмот, ги санира воспалителните процеси и инфекции.

Морковот е двегодишно тревнато растение и многу е важен во исхраната. Потекнува од Европа, а поради својата лековитост народот го нарече”мала прирачна аптека”. Ако секојдневно се конзумира, морковот може да ја спречи појавата на многу заболувања бидејќи содржи каротин (провитамин А), витамини од групата Б, Д, Е, потоа етерично масло, пектин, фитостерин, аспарагин, глутамин, галактан, пентозан, инозитол, шеќер, скроб, целулоза, белковини и друг минерали. Концентрацијата на каротин кој има лековито дејство на желудникот, цревата, очите и кожата, поголема е во морковот отколку во кое било друго растение. Морковот треба да се користи цел, дури и листовите, а коренот не треба да се лупи, бидејќи на тој начин се губат драгоцените состојки.

Сокот од морков го зајакнува организмот, го подобрува апетитот, го забрзува варењето, го зајакнува коскеното ткиво и го нормализира метаболизмот. Се препорачува и во лекување на црниот дроб и дигестивниот тракт-го прочистува црниот дроб и ги исфрла штетните материи, а благотворно делува и на ендокриниот систем. Сокот од морков е одличен лек за многу болести. Меѓутоа, едно од поважните дејства на овој сок е што влијае за нормализација на метаболизмот, намалување на телесната тежина и воспоставување на хемиската рамнотежа во целиот организам. 

Слабокрвност и замор

Доколку ве мачи замор,а покрај тоа сте и слабокрвни, права терапија за вас е сок од морков. Во литарско шише сипете по 500 мл сок од морков,цвекло и ротква. Важно е свежо исцедените сокови од зеленчукот да се сипат во темно шише, а околу грлото на шишето да направите обвивка од тесто за течноста по затворањето да не може да испарува од шишето. Сокот треба да се пие три дена во месецот, пред сите главни оброци.

Исто така, можете да направите сок од 285 мл морков, 85 мл цвекло и 85 мл краставица. Подготвената смеша на сокови се зема дваесеттина дена, три пати дневно 20-30 минути пред јадење во доза од половина чаша.Сокот од морков може да се комбинира и со сок од спанаќ-283 мл сок од морков и 170 мл од спанаќ. Соковите се мешаат и се земаат по половина чаша три пати дневно пред јадење. 

Ако сакате да го одбегнете правењето сокови, ви препорачуваме секое утро да изедете по 100 гр. морков со павлака или масло. Најкорисен е ако е варен.

Јакнење на имунитетот

Морковот содржи каротин и провитамин А кои ја штитат слузокожата има силно антиоксидансно дејство што значи дека ги “убива” слободните радикали кои предизвикуваат тумор и придонсувата за побрзо стареење. Покрај тоа, морковот го забрзува заздравувањето на организмот после инфективни болести.

Препорака: Измиксирајте пет моркови со сок од еден лимон. Овој сок пијте го секое утро. 

Заболување на црниот дроб

Морковот благотворно делува и на заболениот црн дроб. За санирање на заболувањето на црниот дроб идална комбинација е сок од морков со млеко.

Подготвување:

Се мери 100 мл сок од морков и 100 мл млеко кое по загревање на температура од 70-80 степени, се меша со сокот од морков. Оваа смеша се зема наместо појадок, но важно е да се пие полека со мали голтки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2012 во 23:37

Портокалот ја спречува опасноста од инфаркт кај жените


Состојката која ја содржат портокалите, грејпфрутот и другите цитрусни овошја знчително го намалуваат ризикот од инфаркт кај жените.

Исхраната богата со флавонони, кои му ја даваат бојата на овошјето, го намалуваат ризикот од инфаркт за 19%. Флаваноните се подкласа на флавоноидите, а може да ги најдете во цитрусното овошје, лукот, зелениот кај, темните вина и темната чоколада.

Според последната британска студија, во која биле вклучени 70 000 жени во период од 14 години покажала дека токму оние жени кои најмногу конзумирале цитрусно овошје, особено портокали, имале најнизок ризик од инфаркт.

Уште одамна е познато дека флавоноидите се одлични за превенција на срцеви болести и инфаркт. Научниците им советуваат на луѓето, а особено на жените, да конзумираат таканаречено кардиопротективно овошје, кое содржи флавонони и ги зајакнува крвните садови, па со тоа спречува и развој на срцеви болести.



Изменето од емил - 19.Март.2012 во 23:37
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 19:16

Зелена салата – за блескава коса и и мека кожа



Зелената салата не е само здраво предјадење или додаток на оброк. Многумина не знаат дека изобилува со витамин С и лактуин, т.е. дека има големо влијание и за козметички потреби. Верувале или не, нејзините богати својства благотворно влијаат на сјајот на косата и убавината на кожата.

Лосион за кожа

Исчистете ги лисјата од салатата и насецкајте ги. Прелијте ја салатата со вода и оставете ја половина час. Потоа, сето тоа испасирајте го во блендер, со што ќе добиете густа смеса. Додајде лажица хранлив крем, добро помешајте и исцедете. Овој лосион може да го искористите за отстранување шминка или пред нанесување крем за лице, а резултатите ќе бидат- мазна и затегната кожа…
Топла маска

Сечете лимон на половина, така што едната половина ќе ја исцедите на Вашето лице. Исчистените лисја од зелена салата прелијте ги со топла вода и оставете ги да се оладат. Додека се топли, ставете ги на лицето, вратот и деколтето. Оставете ги да одстојат петнаесеттина минути, а потоа отстранете ги и измијте се со млака вода. На крајот, измасирајте ја кожата со хидратантна крема.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2012 во 08:29

Зеленчукот како лек


Сок од зеленчук

За да правилно се подготви сокот од зеленчук неопходно е да се придржувате до следното:

1.Изберете неоштетен зеленчук, проверете да нема гнили делови. Купувајте зеленчук со низок процент на нитрати. За да го намалите, зеленчукот измијте го со четка и ладна вода.

2.Зеленчукот мора да биде зрел, мора да ја има карактеристичната боја, со цврста внатрешност и (пожелно) со тенка лушпа (кора).

3. Измијте го зеленчукот (најмалку два пати) и оставете водата да се исцеди.

4.За подготовка на сокот користете само нож од челик што не рѓосува и електричен соковник.

За да организмот го држите во одлична форма неопходно е да пиете свежи сокови секој ден во текот на годината.

Морков

Сокот од морков е богат со витаминот  А. Покрај тоа во сокот се наоѓаат и витамините Б, Д, Е, ПП и К, каротен, големо количество на железо, кобалт и бакар. Овој сок го зајакнува организмот, го подобрува апетитот, го нормализира варењето, а исто така го јакне коскеното ткиво и го нормализира процесот на метаболизот.

Сокот од морков е и одлично средство во борбата против инфекциите. Го зајакнува имунитетот на целиот оранизам, а покрај тоа ја стимулира и преработката на материите на надбубрежната жлезда кои ја зајакнуваат отпорноста на организмот против инфекциите на очите (на пример конјуктивитис), инфекција на грлото, крајниците и дишните патишта.

morkoviСе препорачува при заболување на црниот дроб и желудочно – цревниот тракт чија причина е недостатокот на активните материи на организмот. Сокот од морков исто така го прочистува црниот дроб и ги исфрла нечистотиите, а благотворно делува на ендокрилниот систем.  Ја нормализира работата на дебелото црево и отстранува замор и вознемиреност.

Сокот од морков е одличен лек за кожните болести, на пример дерматитис. Меѓутоа, најважна особина на овој сок е во тоа што многу поволно делува на целиот организам, го нормализира метаболизмот, ја намалува одвишната телесна тежина и воспоставува хемиска рамнотежа во целиот оранизам.


Малаксалост и замор

1.Сок од морков (1 дел), сок од цвекло (1 дел), сок од црна трупка (1 дел). Свежо цедените сокови од зеленчук во исто количество истурете ги во темни шишиња. Грлото на шишето намачкајте го со тесто, но да не биде премногу силно запечатено и течноста од него да може да испарува. Земајте по една лажица три пати на ден пред јадење. Лекувањето трае три месеци.

2.Секој ден наутро изедете по 100 г морков со кисела павлака или масло.

3.Сок од морков (285 мл), сок од цвекло (85 мл), сок од краставица (85 мл). Подгответе ја смесата и земајте три пати, секој ден, 20 – 30 минути пред јадење по ½ шоља. Терапијата трае 15 – 20 дена.

4. Сок од морков (285 мл), сок од спанаќ (170 мл). Измешајте ги соковите и земајте по ½ шоља три пати девно, пред јадење. Доколку немате други сокови за еден третман можете да пиете од ½ до 1 литар сок од морков.

sok od morkovЈакнење на имунитет

Морковот содржи каротин и провитамин  А кој ја заштитува слузокожата и има силно антиоксидативно дејство, т.е. ги убива слободните радикали одговорни за појава на туморот и брзото стареење. Придонесува за побрзо опоравување после инфективна (заразна) болест: многу научни студии покажале дека го јакне имунолошкиот систем.

Подготовка:  изматете пет рендани моркови со сок до 1 лимон. Ова пијте го секое утро.

 

Тврда столица

Земајте прав од семе од морков по 1 грам три пати дневно, еден час пред јадење.

 

Јако кашлање, засипнатост

1.Сок од морков (1 дел), топло млеко (1 дел). Земајте по ½ шоља четири до шест пати во текот на денот.

2.Морков (1 дел), млеко (1 дел). Користете морков варен во млеко. Лекува воспалување на горните дишни патишта и засипнатост. Се применува како средство за искашлување  и дезинфекција.

 

Ангина

Сок од морков (100 мл), провриена вода (100 мл), мед (1 лажица). Се убаво изматете и измивајте го грлото што почесто во текот на денот.

 

za pojadokТечење нос, кивавици, јаки респираторни инфекции, грип и настинка

1.Сок од моркови (1 лажица), масло (1 лажица), сок од лук (3 капки). Измешајте ги сокот од морков и маслото (од сончоглед или маслиново) и мешавината ставете ја на пареа да зоврие, тргнете го садот на страна и додајте го лукот. Смесата подготвувајте ја секој ден. Капнувајте по неколку капки во секоја ноздрва – три пати дневно.

2.Сок од морков (200 мл), масло (1 лажица), мед (1 лажичка). Смесата загрејте ја. Секој ден земајте по половина чашка неколку пати дневно  против настинка, грип. Исто така грипот може да се лекува и на следниот начин.

3.Сок од морков (170 мл), сок од зелена салата (140 мл), сок до спанаќ (85 мл).

 

 

Заболување на црниот дроб

Сок од морков (100 мл), млеко (100 мл). Млекото загрејте го на 70 – 80 степени и измешајте со сокот од морков, Користете наместо појадок. Мешавината треба да се пие со малечки голтки, полека. Ако ритамот на работата и калориите не ви ја обезбедуваат потребната резервна сила можете и да појадувате, но дури по еден час од земањето на пијалокот од млеко и морков.

 

zelen sok so celertКожни заболувања

1.Ситно рендан морков ставете на жариштето на изгорениците или егземата секојдневно 2  3 пати.

2. Свежа кашичка од корен од морков искористете ја во лекување на измрзнати делови од телото, изгореници, загноени рани и чиреви. Кога е ставена на повреден дел од кожата ги намалува болките и воспалувањето, ја чисти раната од гнојот и побргу ја зараснува.

 

Алергии

1.Морков (3 – 5 парчиња), јаболка (2 парчиња), магдонос (1 врзоп), карфиол (2 цвета). Измешајте ги соковите од зеленчук и овошје и пијте 2 – 3 пати во текот на денот половина час пред јадење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 08:50

ТОП 5 анти-оксиданти – Најголемите борци против ракот !!!

 
Пролетта е идеалното време да бидете „алчни“ по овошје и зеленчук. Освен што се вкусни тие се и најголемите борци против чумата на 21 век – ракот.

Пролетните дарови на природата го зајакнуваат Вашиот имунитет, се борат против ќелиите на ракот и канцерогените токсини кои ги имаме во организмот.

Ви ги преставуваме најголемите борци за Вашето здравје!!!

Јагоди

Јагодите се можеби најдобар избор, затоа што имаат малку калории, може да се најдат секаде и секогаш по поволни цени. Добро би било да ги имате и во замрзнувач во текот на целата година. Нивното позитивно влијание врз здравјето е потполно исто ако ги јадете свежи или замрзнати.

Една шолја јагоди има едвај 46 калории а бројот на антиоксанди е неверојатно голем. Јагодите се идеални за женската популација во борбата против рак на дојка, кожа и јајници.

Спанаќ

Растителни влакна, фолати ( Б Витамин ) и антиоксиданти во огромни количини се доволни да се опише позитивното влијание на спанаќот врз Вашето здравје.

Една шолја спанаќ има само 7 калории, слободно може да се јаде во големи количини а ќе ве заштити од рак на усната шуплина, грлото, грлото на матката и гласните жици.

Ананас

Интересен облик кој содржи ниско ниво на натриум, сладникав вкус … Помага во одржување на добра телесна линија. Одличен избор за ужинка или десерт, богат со Ц витамин. Пролетта е идеално време за детоксикација на целото тело, а ананасот е вистински пролетен дар да го исчистите телото од сите токсични материи.

Цвекло

Овој зеленчук се смета за едно од најдобрите извори на фолна киселина и бетаин. Овие два нутриенти дејствуваат заедно и се мошне успешни во намалување на хомоцистеинот во крвта, кој може да предизвика оштетувања на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од срцевите заболувања. Исто така, голем плус на цвеклото е и тоа што содржи природни пигменти кои се познати како бетацијанини, кои на овој зеленчук му ја даваат препознатливата црвена боја и врз основа на лабараториски испитувања е докажана успешноста во борбата против канцерот.

1 килограм цвекло има само 120 калории.

Брокули

Консумирањето на брокулата носи бројни користи, првенствено за жените кои преживеале рак на дојка. Исто така овој пролетен дар на природата е важен за спречување и појава на рак на дебелото црево.

Во една порција брокули има само 30 калории, а огромен процент на растителни влакна кои помагаат во варењето на храната. Идеален во борбата против рак на кожа, рак на дојка и рак на матката.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 11:14

Кои здрави намирници не смеете да ги заобиколите пролетва?

Пазарите се се повеќе разнобојни и секој ден имаме поголем избор на овошје и зеленчук. Ако не знаете која храна е голем хит во април, еве еден список каде што се наоѓаат свежи јагоди, гуава и вкусна лимета.

Како јагодата и гуавата, оваа пролет не пропуштите во вашата исхрана да ги вклучите и празот, аспарагусот и келерабата бидејќи тие се полни со хранливи материи и витамини. 

Лимета

Лимета е име за неколку различни овошја од семејството цитруси, кои се генерално округли, зелени по боја, 3-6см во дијаметар, содржат кисела внатрешност и дебела кора. Слични се на лимонот, освен по бојата. Лиметата често се користи како додаток на храна и пијалаци, а преполна е со витамин C и влакна. Таа се користи како зачин за риба и пилешко, како и за овошна салата.

Келераба

Келерабата спаѓа во семејството на зелката и содржи фолна киселина, калциум и витамин Б6. The New York Times неодамна напиша дека келарабата е вкусна сирова, но и варена. Според податоците од нутриционистичката литература, старите цивилизации ја употребувале келерабата како храна и како лек за санирање на повеќе здравствени проблеми. Денес келерабата е популарен прехранбен производ во Германија, Индија и во Словенија. Во последно време се нуди и на нашиот пазар, но луѓето не се доволно информирани за корисноста од нејзината употреба.

Јагоди 

Веројатно веќе ги забележавте на штандовите и полиците во продавниците. Освен што имаат повеќе витамин Ц отколку портокалите и грејпфрутот. Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење. Тие се природно белилото за забите, благодарение на т.н. јаболчна киселина која што се наоѓа во нив. 

Праз

Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Можете да го подготвите како чорба, супа или пак да го искористите во јадење со ориз. Празот исто така е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.

Аспарагус 

Аспарагусот е најдобар во рана пролет, преполн е со антиоксиданси, поради кој е природен диуретик. Има мала хранлива вредност. Во 100 грама аспарагус има околу 20 калории. Од хранливи материи, шпарглата содржи: 13,78 g протеини, 17 g јагленохидрати, минерални соли: калциум, фосфор, железо, калиум, магнезиум, витамини: А, Б1, Б2, ПП, Ц, Д и стероидни гликозиди, кои имаат антивоспалително дејство. Можете да го подготвувате на различни начини, а доколку сакате да ги задржите хранливите материи тогаш згответе го на пареа. 

Гуава 

Се работи за слатко тропско овошје кое има богат вкус, но и витамин А и Ц, калциум и магнезиум. Гуавата исто така содржи ликопен, антиоксиданс кој ги спречува болестите на срцето. Гуавата може да се јаде свежа како и секое друго овошје, но можете да ја искористите и во сосови.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:58
Сите здравствени благодети на семето од синап

Малкумина од вас знаат дека семето од синап е всушност главна состојка за производство на сенф, кој е и тоа како здрава намирница и има многу добри ефекти над општото здравје. Погледнете за што се’ е добро семето од синап.

1.Може да помогне да се контролираат симптомите на астма

Семето од синап има голем процент на селениум и магнезиум. И двете компоненти му даваат уникатно антиинфламаторно дејство. Ако се конзумира редовно, може да помогне да се контролираат симптомите на астма, настинка и воспаление на белите дробови.

2.Може да ви помогне да изгубите килограми

Чудесните семиња се богати со Б-комплекс витамини како фолати, ниацин, тијамин, рибофлавин и така натаму. На страна од индивидуалните добродети на овие компоненти, тие се одлични и во забрзувањето на метаболизмот, што води до слабеење.


3.Може да го забави стареењето

Синапот е одличен извор на каротени, зеаксантини и лутеин (исто така наречени флавоноид и каретоноид антиоксиданти), витамин А, Ц и К. Сите овие состојки ставени заедно се богати со антиоксиданти, што го забавува процесот на стареење.

4.Ве штити од гастроинтестинален рак

Фитонутриентите, кои ги има многу во сенфот и семето од синап се одлични за превенција и забавување на прогресот на ракот на гастроинтестиналниот тракт. Студиите покажале дека семето од синап ги има својствата кои го рестриктираат растот на веќе присутните клетки на рак и можат да предизвикаат превенција од формација на друг рак.


5.Ослободува од ревматски, артритични и мускулни болки

Селениумот и магнезиумот кои можат да се најдат во синапот помагаат во антиинфламаторниот процес и процесот на продукција на топлина. Кога ќе се нанесе на телото паста од синап, таа ја загрева областа и помага да ги ослободи мускулите, што води до ослободување од болката.


6.Го намалува холестеролот

Семето од синап содржи високи количества на ниацин и витамин Б3. Ниацинот има својства кои помагаат во намалувањето на холестеролот и ги штити артериите од артеросклероза. Исто така помага во регулирањето на крвниот притисок и го заштитува телото од хипертензија.

7.Го стимулира растењето на коса

Со векови маслото од синапово семе се користело за симулирање на растењето на косата. Познато е дека е полно со витамини и минерали, но тоа што ја прави разликата е големото присуство на бета каротен. За време на производството на масти, бета каротенот се претвора во витамин А, кој е одличен за растот на косата. Освен тоа, содржи и железо, масни киселини, калциум и магнезиум,од кои сите го помагаат растот на косата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:00
Магдонос – лековито и зелено за добро здравје!


Магдоносот е позната билка која е редовна на македонската трпеза, но е и растение со одлични својства за вашето здравје. Познат е како едно од растенијата со уникатни антиоксидантни својства и многу други бенефиции.

Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна. Оваа билка иста така на големо се користи и во медитеранската кујна, источна Европа, како и во американската кујна.

Постојат неколку култивирани видови на магдонос кои се одгледуваат низ Европа. Италијанскиот магдонос е популарен во земјите на Медитеранот и има многу посилен вкус од другите видови.



Здравствени благодети на магдоносот

Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.


Магдоносот содржи и есенцијални волантилни масла кои се многу здрави, а тие имаат и миситицин, лимонен, еугенол и алфа-туен.

Есенцијалното масло еугенол кое се наоѓа во ова растение има употреба како терапевтско средство во стоматологијата како локален анестетик, и антисептично средство за болестите на забите и непцата. Еугенолот исто така го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.


Магдоносот е богат и со полифенолични антиоксиданти, ако апиин, апигенин, крисоериол, и лутеолин, кои се едни од најсилните состојки кои можат да се најдат во растение, а имаат антиоксидантни својства.

Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Во 100 грама свеж магдонос има 554 милиграми, односно 12 посто од потребната доза калиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати. Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.


Магдоносот е најверојатно најбогат од сите растенија со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:01
Сите благодети на сончогледовото семе

Слаткото и крцкаво семе од сончоглед многу често го јадеме само заради занимација, но е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Освен што навистина уживаме во него, носи многу благодети за кожата, косата и општото здравје.

Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.


Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку добри причини да не чувствувате вина кога ќе се прејадете од ова слатко мало задоволство:

1.Крцкавите и вкусни семиња од сончоглед секаде се сметаат за здрава храна. Богати се со енергија, односно 100 грама семе содржи 584 калории. Сончогледот е и неверојатен извор на нутритивни материи кои се добри за здравјето, како минерали, антиоксиданти и витамини.



2.Голем дел од неговите калории доаѓаат од масните киселини. Семињата се особено богати со линолеична киселина. Исто така се добри за намалување на „лошиот холестерол“ и поттикнување на „добриот холестерол“ во крвта. 

3.Како и другите семени растенија, сончогледот е многу добар извор на протеини и аминокиселини со добар квалитет, како тритофанот, кој е значаен за растот, особено кај децата. Само 100 грама семе обезбедува околу 21 грам протеини.


4.Семето од сончоглед содржи и соединенија на полифенол и хлорогенична киселина, кванична киселина и кафеични киселини. Тие се природни антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат штетните оксидантни молекули од телото.

5.Семето е исто така богато со витамин Е, и содржи околу 25,17 грама витамин Е на 100 грама семе.


6.Семето од сончоглед е еден од најдобрите извори за Б-комплекс групата на витамини. Тие се добри извори на Б-комплекс витамини, како ниацин, фолна киселина, тијамин, пиридоксин, патотенична киселина и рибофлавин.

7.Семето е и неверојатно богат извор на многу есенцијални минерали. Калциум, железо, мандан, цинк, магнезиум, селениум, и јаглен се особено концентрирани во сончогледот. Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализацијата на коските, продукцијата на црвени крвни зрнца, синтеза на ензими, создавање на хормони, како и регулација на кардио и мускулните активности.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:05
Капина – слатко задоволство полно витамини!

Други називи: црна јагода Латинско име: Rubus fruticosus Англиски: blackberry

Капината е грмушесто растение со водорамно положен корен. Корените растат од 1 до 3 метри во долги гранки, што делумно ползат по земјата а делумно се искачуваат по другите гранки. 

Билката има многу витки долгнавести, свиени и бодликави гранчиња. Свитканите ливчиња со пилести рабови се составен од 3 до 5 мали ливчиња.

Цвета во китки со бели или бледорозеви цветчиња, кои наликуваат на мали ружи. Цветовите составаат мал грозд. Составени се од 5 дела на чашката, 5 латици на венчето, и повеќе прашници. Плодот е сјајна темносина бобинка (костенаст и збирен плод).


Капината може да ја најдете во големи групи на шумските чистини, помеѓу грмушките на рабовите од полињата, па дури и на неплодно земјиште. Како лековит дел на билката во пролет и есен се собира коренот, младите листови и издатоците, за време на цветањето цветовите, а бобинките кога се зелени или зрели.


Листовите на капината делуваат како средство за констипација, односно имаат добро дејство при пролив. Многу добар успех се постигнува и кај крвавиот пролив. Се препорачува подолго време да се пие чај од листови од капина кај крварење на желудникот и хронично надразнување на слепото црево. 


Чајот од листови од капина ја чисти и крвта, при што се намалуваат кожните осипи и болести, лишаи и други нечистотии. Исто така, корисен е и при лечењето од анемија. Чајот од исушен и иситнат корен се користи при лечењето на водена болест. Плодовите од капина делуваат смирувачки и кај луѓето кои патат од несоница.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:05
Ким – вкусен зачин со многу добри страни!

Други имиња: кумин, див кумин, полски ким, питом ким Латинско име: Carum carvi Англиски: Caraway

Кимот е двегодишна билка со аглесто и разгрането стебло. Листовите се двократно перасти, а многу од нив се многу ситни и имаат пршленест облик. Коренот на кимот е бел, а обликот му е како морков. Цветовите имаат бела боја и се собрани во грозд.

Плодот е долгнавест и ребраст. Има пет здружени ребра во чие вдлабнатини се сместени маслени канали. Мирисот на семето е силен и ароматичен. Вкусот е многу силен и угоден, и грее.


Коренот има исти, но малку поблаги изразени својства на мирис и вкус. Главна состојка на кимот е етеричното масло. Има и белковини, танин, смола, восок, слуз, целулоза, шеќери, боја и калциум-оксилат.

Етеричното масло се добива со дестилација со помош на водена пареа од свежо ожнеаните и здробените плодови. Етеричното масло од ким е бистро, безбојно и слабо жолтеникаво, во течна агрегатна состојба. Главни состојки на маслото се карвон и терпен лимонен, а има и малку дихидрокарвон, карвеол и дихидрокарвеол.


Кимот расте како дива билка на ливадите. Со оглед на големата побарувачка се одгледува во градините и на нивите. Лековит дел на билката, во есен за време на созревањето, е семето. Во пролет лековит е и коренот.

Лековито дејство: кимот има лесно благотворни својства, бидејќи загрева, го зајакнува желудникот, го забрзува метаболизмот и излачувањето на мокрача. Кимот особено им се препорачува на жените бидејќи ја олеснува менструалната болка и ги смирува грчевите, ги олеснува породилните болки и самото породување, а го подобрува и излачувањето на млеко за време на доењето.


Етеричното масло се употребува и во ликерската индустрија, козметиката, парифимериите и медицината. Карактеристичниот мирис го дава една состојка на етеричното масло – карвонот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:07
Рибизли – слатки задоволства кои носат здравје

Црната и црвената рибизла се мали и вкусни бобинки кои доколку ги конзумирате, вашето здравје навистина ќе се подобри.

Црна рибизла – Ribes nigrum

Црната рибизла е билка која наликува на црвената. Разликата е во тоа што листовите на црната рибизла од долниот дел имаат маслени жлезди.


Кај црната рибизла цветовите се жолтеникаво-зелени, а крај рабовите кафеаво-црвени. Бобинките се црвено-кафеави на почетокот, а кога ќе созреат добиваат модросина боја, како кај модра слива.

Лековит дел: за лек се собираат листовите и бобинките за време на созревањето. Кај собирањето на листовите се собираат само лисните стапчиња, без петелки.


Лековито дејство: со оглед на количината на витамин Ц, плодот на црната рибила спречува и оздравува од тешки инфекции, а пред се од воспаление на белите дробови. Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија.

Се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Листовите ја покренуваат работата на бубрезите и делуваат корисно кај сите појави на ревматските болести и гихтот, и кај згрутчувањето на крвта во крвните садови.


Чајот од листовите на црната рибизла се препорачува кај водена болест, болно мокрење, пролив, мигрена, грчевито кашлање, како и против создавање на болести на мочниот меур.

Црвена рибизла – Ribes rubrum

Црвната рибизла е грмушеста билка со висина од 1 до 2 метри, зависно од тлото и положбата. Некои видови растат во облик на мало дрвце кое има многу кршливи гранки.

Зеленкасто-жолтите цветови висат од гроздови. Големината на бобинките изнесува 5 до 7 сантиметри. Многу се сочни и во месото на плодот се наоѓаат долгнавести семки. Билката е без мирис, а бобинките имаат киселкасто-сладок и освежувачки вкус.


Како лек се собираат бобинките за време на созревањето.

Бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.




Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 16:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 16:38
Целер – здравје од вашата бавча

Други називи: ак, церевиз, питом целер, селен, селин. Латинско име: Apium graveolens. Англиски: celery.

Целерот е двегодишна зелеста билка со меснат и вретенаст корен кој понекогаш може да биде и сплескан. Стебленцето му е разгрането, а достигнува висина од 40 до 80 сантиметри.

Темнозелените и сјајни листови се големи и перјасто разделени, додека ливчињата имаат клинест облик. Горе се врежани и назабени.


Топчестиот плод е ребраст. Некогаш се верувало дека целерот ја подобрува урината. Сега се знае дека успешно ја стимулира размената на материи. Богат е со лимонен, етерични и масни масла. Во коренот има етерично масло, шеќер, апин, аспарагин, тирозин, колин, алосорбусен, пентосан и масти.

Слаткастиот задебелен корен на целерот најчесто се користи за подготвување на салати, варива или како зачин за супи и чорби. Ливчињата кои имаат силен ароматичен вкус исто така служат како зачин. Билката го задржува специфичниот мирис и после сушењето.


Дивиот целер поради силниот и незгоден мирис малку се користи.

Ова растение расте како дива и како култивирана билка која се одгледува во градините. Како див, целерот расте на крајбрежните подрачја речиси низ цела Европа, а се наоѓа и на другите континенти. Познато е дека дивиот целер има отровни супстанци, и затоа не го употребуваме во лечењето. За градинарскиот целер се знае дека е многу значајна лековита билка.


Лековит дел на билката е коренот на градинарскиот целер.

Лековито дејство: За лечење на астма, воспаление на белите дробови, болест на нервите, уринарниот тракт, бубрезите, против гихт, ревма, за подобрување на апетитот, отстранување на пречки при дигестијата, претерано дебелеење, слабости на желудникот и сите болести кои се појавуваат поради недостаток на основни материи потребни на организмот. Исто така, целерот ја подобрува крвта и нејзината циркулација.


Помеѓу билките за зачинување, целерот зазема посебно место. Низ историјата и митологијата, на целерот му се придодавале различни значења, а верувањето дека целерот ја стимулира сексуалната моќ, останало и до денешно време.

Поради богатството на различни корисни состојки, целерот има исклучителни лековити својства. Со морковот, лукот и магдоносот, заедно сите тие претставуваат главен адут во сите кујни. Се користи свеж за припрема на супи и јадења, семето се користи како зачин, додека неговите лисја често служат за декорирање на разни кулинарски специјалитети. Може да се најде во текот на целата година, но најдобар е во есен.


Сировиот целер помага кај оние со кожни заболувања. Се препорачува и кај оние лица кои имаат камен во бубрег или во мочната ќеса затоа штоа е добар дијаретик. За да се постигне посакуваниот ефект, треба ситно да се исецка еднаква количина на целер и јаболки, добро да се измешаат и да се конзумираат неколку пати во денот. Во оваа смеса може да се додадат и изрендани ореви и шеќер по желба.


Чај од целер против ревма: во 3 литри вода се приготвуваат 40 грама лист од целер неколку минути. Треба да се поклопи и да стои додека не се излади. Се цеди и се пие млако неколку пати дневно, а во траење од неколку недели.

Со целерот против бубрежни болести: против бубрежните тегоби треба да се пие сок од свежи листови од целер, сам или пак со мед како алкохолатура – 30 капки дневно.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:34

Пет намирници за поцврсти коски


Млекото и млечните производи се добро познати како одлични намирници за здрави и цврсти коски. Сепак, во својата исхрана можете да ги вклучите и овие намирници, за кои нутриционистите тврдат дека содржат хранливи материи што ќе ги зацврстат вашите коски и ќе ги спречат заболувањата, како остеопороза. 

zdravlje kostiju

1. Соја

Сојата е богата со белковини и е одличен извор на калциум. Се препорачува возрасно лице дневно да внесува 1.000 милиграми калциум.

2. Риба 

Млекото, сирењето и јогуртот нема многу да ви помогнат без дневната доза на витамин Д, кој му помага на телото да го апсорбира калциумот. Рибата е одличен извор на витамин Д.

3. Банани

Ова тропско овошје е непресушен извор на калиум, кој исто така придонесува за здравјето на коските. Во една банана има околу 400 милиграми калиум.

4. Компир 

Компирот е исто така, како и бананата, одличен извор на калиум, а во еден компир има дури 700 милиграми од овој минерал.

5. Бадеми

Јаткастото овошје, како и маслиновото масло, е богато со масти. Бадемот е богат со калциум и со магнезиум, кои се непоходни за здрав скелет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.