IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Имунитет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Имунитет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 10:00
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

подолго време пијам витамин C во прав
и витамини и минерали од а до з
што би ми препорачале во слична форма како ова
за железото и за крвта?
zemi od swanson
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 09:56
Едно јаболко дневно го зајакнува имунолошкиот систем

Растворливите растителни влакна, кои ги има во овесот, јаболка и оревите ги намалуваат воспаленијата кои се предизвикани од болести поврзани со дебелината, а воедно го зајакнуваат имунолошкиот систем, се вели во новата студија од универзитетот во Илиноис.

- Растворливите влакна влијаат врз составот на имунолошките клетки и овозможуваат тие полесно да се борат против инфекцијата. Ова допринесува за побрзо закрепнување од инфективното заболување - вели Григори Фројнд, професор на колеџот за медицина и член на Академијата за земјоделство и животната средина во одделот за Нутриционистички науки.

- Ова се случува бидејќи растворливите влакна предизвикуваст зголемена продукција на анти-воспалителен протеин наречен интерлеукин-4, се вели во студијата која ќе биде објавена во мај 2010 година.

Во експериментот учествувале лабораториски глувци поделени во две групи кои биле подложени на исхрана со ниска вредност на масти. На групата А давана им е храна богата со растворливи влакна, додека другата група Б, консумирала храна богата со нерастворливи влакна. По шест недели ваков режим на исхрана, на животните им е аплицирана супстанцијата lipopolysaccharid која предизвикува телото да имитира бактериска инфекција.

- Два часа по инјектирањето на lipopolysaccharid, од глувците во групата А кои се хранеле со растворливи влакна биле само половина заболени, за разлика од групата Б која не била имуна на инфекцијата. Глувците од групата А закрепнале двапати побргу за разлика од другата група. изјави Кристина Шери, која исто така работела на оваа истражување.


Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 17:25
Храна која го зајакнува имуниот систем
Лук
Лукот ја стимулира продукцијата на белите крвни клетки. Исто така ја зголемува ефективноста на продукцијата на антителата. Според, Д-р Вилијам Сирс, потенцијалните имуни бенефити на лукот најверојатно потекнуваат од неговите сулфурни компоненти. Лукот исто така дејствува како и антиоксидант, отстранувајќи ги слободните радикали од крвотокот.
Овошје и Зеленчук
Конзумирањето на најмалку шест порции на овошје и зеленчук, Ве снабдува со доволна количина на витамин Ц, која овозможува подобрување на имунитетот. Витаминот Ц ја зголемува продукцијата на леукоцитите и антителата како и нивото на интерферон. Овошја со висока содржина на витамин Ц се, папаја, јагоди, авокадо, ананас, а од зеленчукот: зелена пиперка, карфиол, брокули и зелка.
Месо и морска храна
Темното мисиркино месо, бифтекот, школките, и ракчињата содржат високо ниво на цинк. Цинкот не само што го зголемува бројот на белите крвни клетки, туку исто така им овозможува на леукоцитите да се борат многу поагресивно со инфекцијата. Цинкот го зголемува бројот на клетките убијци кои се борат против карциномите и овозможуваат леукоцитите да ослободуваат повеќе антитела. Превземањето на цинкот од соодветната исхрана е многу побезбедно отколку земањето на истиот преку суплементи, со оглед на фактот дека преголема ингестија на цинк преку суплементи може и да го инхибира имуниот систем. Безбедна концентрација на цинк се движи од 15 до 20мг на ден.
Риба
Туната, сомот и крапот се одлични извори на омега 3 масни киселини. Овие масни киселини ја зголемуваат активноста на леукоцитите а исто и нивната потентност да ги ингестираат бактериите навлезени во крвотокот.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 11:38
Освен исхраната збогатена со горенаведените намирници ,како и  внесот на мултивитамински суплементи,треба да се обрне внимание и на физичката активност, со што се зголемува флексибилноста,подобрува крвотокот и со тоа се овозможува снабдување на сите клетки и ткива со кислород и по автоматизам се елиминара заморот.
Според светските здравствени стандарди,пожелна е 30 минутна физичка  активност 5 дена во седмицата,со што би се подобрила работата на сите органи во телото,вклучувајќи ги и органите кои ги даваат клетките одговорни за имунитетот.

Имаме  на располагање  30 минути ,нели?среќа
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
trucker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај trucker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 12:09
Originally posted by natalija70 natalija70 напиша:

Od pred edna godina rabotam vo obrazovanie i minatat godina od decata cesto se inficirav. dali mozi nekako da se zastitam

 

    sekoj den po eden limon i lazica med nasabjel i za nedela dena imas zajaknat imunitet - veruvaj.
SEX, TRUCKS & DRINKS!
Кон врв
Araksi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Araksi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 19:54
Користењето на Имунобор го зајакнува имунитетот.
Маџунот во мобинација со јаболков оцет и лимон исто по една чаша дневно се зајакнува имунитетот.
Наутро по една лажица мед со прополис капки.
Ако можете повеќе да внесувате лук во вашето јадење - тоа е природен антибиотик.
Цеден сок од лимон, морков и цвекло дневно со лажица мед.

И јас сум моментално болна, но почнав со користење маџун, па ке видиме како ке ми оди. Сите знаеме да напишеме по некој збор за здравјето но ако се запрашаме дали редовно практикуваме и го вметнуваме како здрава навика нема да добиеме солиден одговор, затоа што само кога сме болни мислиме на нашето здравје.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 10:53
zavisi od genetikata...jas se otruv od vitamini i vo takva institucija sum i pak ako dojde do virusi prvo kaj mene ide taka da organizmot sam treba da se bori ,no sekako da se potkrepi so nekoj vitamin.
Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 17:28
И јас сум за Матичен млеч. Зедов една тегличка од пазар- 500 ден. и ете зимава топ не ме разбива
Топло препорачувам
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:22

Докажано: Музиката го подобрува имунитетот

Докажано: Музиката го подобрува имунитетот

Има многу начини да се ослободите од стресот, а слушањето музика е еден од нив. 

Нареден пат кога ќе ги ставите слушалките во уши, или пак ќе го вклучите радиото, вие всушност му помагате на вашето тело подобро да се бори против болестите. Експертите кои работат во полето на неврологијата, докажаа дека музиката го стимулира расположението, кое пак влијае на начинот како телото се справува со стресот, па дури и предизвикува некои интересни хемиски реакции кои помагаат во битката со вирусите и непосакуваните бактерии.

Др. Рони Енк кој врши истражувања за Макс Планк Институт открива дека слушањето музика околу еден час го менува бројот на антитела во нашето тело.

cute-baby-listening-to-music-ipod

“Ние дојдовме до резултати кои потврдуваат дека пријатното расположение кое е стимулирано од музиката, води до специјални физиолошки промени кои предизвикуваат намалување на стресот или пак директно подобрување на имунитетот. Се уште го немаме ова спроведено во болниците, за да можеме да потврдиме со сигурност дека времето на заздравување на пациентите ќе биде намалено, но сме на добар пат во иднина да го докажеме ова”

Слушањето музика го зголемува бројот на антителата кои се лачат од белите крвни зрнца и се прикачуваат на таканаречените Б клетки, кои пак се специфични клетки со една единствена задача, да ги пронајдат сите надворешни тела и да ги запамтат, за да не се случи повторно да го оптоварат нашиот имунитет. Антителата се борат против секаков вид на надворешен „освојувач”, од најопасните вируси како Х1Н1 па до најобичната настинка.

bigstockphoto_Young_Man_Listening_To_Music_556416

Во истражувањето се докажало дека видот на музика не е важен, сѐ додека вие лично го преферирате. Дали е метал или пак народна музика, доколку вие се чуствувате пријатно и возвишено, тоа ќе се одрази на вашиот имунолошки систем.

Исто така, при истражувањето се покажало дека слушањето музика го намалува лачењето на Кортизол, кој е еден од главните хормони кој ги стимулира стравот, гневот и чувството на истоштеност.

Сето ова нас ни беше познато, но сега имаме и научна потврда.

Пријатно слушање музика…

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:34

Сино сирење и туршии за зајакнување на имунитетот

Ферментираната храна ги стимулира бактериите кои му помагаат на имунитетот.

Киселата зелка, синото сирење и туршијата не звучат како најздравата храна на светот. Но, британски научници открија дека ферментираната храна, оставенa да отстои од неколку дена до неколку недели пред да се конзумира, е многу здрава.

Истражувачите од Кембриџ Универзитетот соопштуваат дека редовното конзумирање на ферментирана малку масна млечна храна како јогурт, урда го намалува ризикот од дијабетес од втор тип за 25% за 11 години. Кога некои видови храна ќе бидат оставени да ферментираат, тие се “варат однапред” од добри бактерии и габите кои се среќаваат на површината на храната.

Оние бактерии кои ја консумираат храната пред човекот, ги разградуваат шеќерите и скробот и ги прават хранливите материи полесни за апсорпција од телото. Некои ослободуваат и млечна киселина, природен конзерванс кој оксидира  во стомакот, па го стимулира растот на добри бактерии. Ферментирана храна станува природен пробиотик.

“Меѓу 70 и 80% од имуните клетки ни се во стомакот. Ферментираната храна ги стимулира бактериите кои му помагаат на имунитетот”, вели Алисон Кларк од Британската диететска асоцијација. Научниците препорачуваат широк спектар на ферментирана храна како конзервирани маслинки, месо и сирење за зајакнување на имунитетот, борба против алергиите и симнување на килограми, бидејќи тие му помагаат на варењето и даваат чувство на ситост.



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.