IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 86>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:45

Mene mi e zal poradi toa sto Islamot naoga se povekje na neodobruvanje vo Zapadniot svet.

No, prasanje e dali i samite muslimani ne pridonesuvaat za toa na toj nacin sto gi odobruvaat teroristickite akcii na bombasite samoubijci ?

Taka ne se brani verata, za zal. Vo Islamot ima mnogu ubavi raboti, no za zal ovie ekstremisti davaat sosema pogresna slika za muslimanite.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:49
Вести
Брисел: План за демонстрации „Стоп за исламизацијата на Европа“
Илјадници демонстранти од Британија, Германија и Данска планираат да одржат демонстрации во Брисел под слоганот ,, Стоп за исламизацијата на Европа,,. Демонстрантите одбележувајки на годишницата од нападите врз Америка ризкуваат апсење, бидејки протестите се забранети од страна на градоначалникот на Брисел Фреди Тиелменс. Најмалку една муслиманска радикална група се закани дека ке одржи контра демонстрации поради што градоначалникот на Брисел предупреди на можни судири мегу демонстрантите.
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:51
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Mene mi e zal poradi toa sto Islamot naoga se povekje na neodobruvanje vo Zapadniot svet.

No, prasanje e dali i samite muslimani ne pridonesuvaat za toa na toj nacin sto gi odobruvaat teroristickite akcii na bombasite samoubijci ?

Taka ne se brani verata, za zal. Vo Islamot ima mnogu ubavi raboti, no za zal ovie ekstremisti davaat sosema pogresna slika za muslimanite.



ke se osvetli se na kraj koj sto pravii i koj se teroristii ne verlam deka nema   sekade ima takvi lugee   no ne se osuduva toa so naziv islamski teroristi
demek site muslimani se teroristi .


kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 18:56
ХОЛАНДИЈА

Вилдерс сака одвнатре да го урне Европарламентот

Холандскиот ултрадесничарски лидер Герт Вилдерс, кој е познат по своите напади против Исламот, вели оти сака да го урне Европарламентот одвнатре. Вилдерс (45), кој има 24-часовна заштита поради многубројните смртни закани, нагласува оти се погрижил неговата Партија на слободата (ПВВ) да биде во центарот на предизборната кампања за Европарламентот.

- Секој избирач што смета оти ЕУ во моментов не ја бива за ништо треба да гласа за Вилдерс – вели тој.

Вилдерс во Холандија го очекува судски процес поради антиисламските изјави, а Британија неодамна му забрани влез во земјата за да го спречи да ги шири своите „насилни пораки на омраза“, особено со својот филм „Фитна“ во кој вели оти исламот е фашистички. Но Вилдерс ужива с? поголема национална поддршка и се надева оти ПВВ ќе освои барем пет од 25-те пратенички места на Холандија во Европарламентот, иако се залага за негово уривање.

- Вилдерс смета оти Европа, исламот и доселеништвото се зли – вели политичкиот аналитичар Алфред Пијперс.

Некои анкети покажуваат оти Холандија во моментов како никогаш досега е скептична кон европската соработка, што, пак, ја зајакнува кампањата на Вилдерс за „повеќе Холандија, помалку Европа“.

Формирана во 2006 година, ПВВ во моментов има девет пратенички места во холандскиот парламент, во споредба со 41-то место на Христијанско-демократската алијанса (ЦДА) на премиерот Јан Петер Балкененде. Но најновите анкети покажуваат оти ПВВ е рамо до рамо со ЦДА во однос на националната поддршка. Многумина го сметаат Вилдерс за единствениот гласноговорник на холандските граѓани, кои се загрижени за економските и културните последици од муслиманското доселеништво во земјата.

Вилдерс бара Романија и Бугарија да се избркаат од ЕУ и Унијата да го стопира натамошното проширување. Тој смета оти Турција ниту сега ниту за сто години не смее да стане членка на ЕУ.

- ПВВ учествува на изборите зашто исламизацијата мора да се стопира. Ние сакаме да бидеме шефови на нашата земја – се вели на вебсајтот на оваа ултрадесничарска партија
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 19:02
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Mene mi e zal poradi toa sto Islamot naoga se povekje na neodobruvanje vo Zapadniot svet.

No, prasanje e dali i samite muslimani ne pridonesuvaat za toa na toj nacin sto gi odobruvaat teroristickite akcii na bombasite samoubijci ?

Taka ne se brani verata, za zal. Vo Islamot ima mnogu ubavi raboti, no za zal ovie ekstremisti davaat sosema pogresna slika za muslimanite.



ke se osvetli se na kraj koj sto pravii i koj se teroristii ne verlam deka nema   sekade ima takvi lugee   no ne se osuduva toa so naziv islamski teroristi
demek site muslimani se teroristi .





Se soglasuvam so tebe , no gledas sto se slucuva? Takvi demokratski zemji kakvi sto se zapadnite pocnaa da se plasat od Islamot i gi povrzuvaat teroristite so Islamot, iako ne e taka.

Jas licno poznavam , imam prijateli muslimani, koi se ogorceni protiv ovie teroristi samoubijci koi ubivaat nevini lugje vo imeto na BOG i so toa go sramat Islamot.

Za zal, kako sto ednas rece pejacot Dino Merlin,koj e golem muslimanski vernik,ke dojde vreme vo Evropa da bide polesno da se izjasnes kako homoseksualec otkolku kako musliman...

Takvo vreme i ke dojde za muslimanite, ako ne go dignat svojot glas protiv fanatizmot vo svoite redovi.

Inaku, ova go pisuvam so najdobra namera. Pozdrav do tebe !
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2010 во 19:45
Тодоровиќ: Црква ќе има, за џамијата нема место
Предраг Петровиќ Коментари (5)     


14.01.2010 12:23
Владимир Тодоровиќ


Црква на плоштадот сепак ќе има. Градоначалникот Тодоровиќ по двоумењето дали постои или не во новиот план, сега дефинитивно потврдува дека црквата ќе се гради.

За Бурмали џамијата и во новите шести по ред измени на плоштадот, нема место.

„Лошо е толкувано, таму во плановите црквата постои, но бидејќи таа постои дадени се само измените кои треба да ги коментира јавноста, или затоа е таа јавна расправа за да има приговори во поставување на тие нови објекти во плановите“, вели Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

Иницијаторите за изградба на Бурмали џамија се револтирани. Сметаат дека и новиот план е провокација и дека играта што се води повеќе не е смешна, туку многу сериозна.

Најавуваат многу посилен притисок и поинакво дејствување.


Рамадан Рамадани


„Бурмали џамија ќе ја има и тоа е толку сериозна работа што ние мислиме дека никој нема да дозволи на плоштадот да ни се лизне некој друг освен граѓаните, значи ниту градоначалниците ниту власта, државата. Ова се сериозни работи кои сигурно ќе се земат предвид од страна на тие луѓе кои одлучуваат за овие работи“, рече Рамадан Рамадани, Координативно тело за изградба на Бурмали џамија.

Идејата на власта за црква на сред плоштад уште од стартот покрена многу дебати кои траат веќе една година.

По тепачките на плоштадот, низата протести, иницијативите пред Уставен суд, Владата центарот на Скопје и го отстапи на МПЦ за 40-тина илјади евра.

И покрај најавите, досега се уште нема отпочнато изградбата на црквата
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 16:40
Екстремизмот се шири низ британските високи школи
Висок функционер на исламистичка група Хизб ул-
Тахрир предава на Лондонската школа за економија

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Високиот функционер на екстремната исламистичка организација Хизб ул-Тахрир, Реза Панкхарст, е примен на угледната Лондонска школа за економија (ЛСЕ) каде што работи како предавач, додека истовремено секој петок, во фискултурната сала на универзитетот, продолжува да врши верски проповеди за студентите што се членови на исламското друштво при ЛСЕ.

Управата на универзитетот потврди дека тој се наоѓа на постдипломски студии на ЛСЕ, но и дека е ангажиран како помошник на предавач. Здружението на студентите, кое тврди дека се грижи за спроведување на политиката за оневозможување на ширењето на расистичките и на фашистичките погледи на универзитетот и на неговите факултети, во изјавата дадена за „Тајмс“ посочува дека нема потреба од возбудување од присуството на овој човек на ЛСЕ, затоа што „колку што тие знаат, предавачот Реза Панкхарст не е член на некоја илегална организација“.

Исламистичката групација Хизб ул-Тахрир, меѓутоа, подолго време, уште по терористичките напади во Лондон во јули 2005 година, е под надзор на британските безбедносни власти. Хоум офисот, по повод откритието на овој лондонски весник, објасни дека се надгледува работењето и дејствувањето на организацијата, што значи дека нејзиниот сегашен статус би можел да биде преразгледан. Пред приближно пет години тогашниот премиер Тони Блер најави дека дејствувањето на оваа организација ќе биде блокирано, но, сепак, не се случи тоа. Во Германија, пак, Хизб ул-Тахрир е од порано забранета под обвинение дека проповеда антисемитизам.

Сегашниот предавач на ЛСЕ, Риза Панкхарст, во 2002 година беше еден од тројцата британски муслимани што беа уапсени и осудени во Египет на четири години затвор, поради обид да ја популаризираат својата исламистичка организација во оваа муслиманска земја. По излегувањето од затвор, во 2006 година, тој се врати во Британија, а од неодамна е на престижната Лондонска школа за економија каде што држи предавања на к*рсот за државите, нациите и за империите.

На религиозните проповеди што овој човек, инаку и самиот член на исламското друштво на универзитетот, ги држи во просториите на ЛСЕ, велат дека, главно, зборува за политиката и особено за ситуацијата во Авганистан. Учесник на неговите проповеди, од редовите на студентите од муслиманските земји, објаснува дека во верските проповеди Риза се залага за претворање на Авганистан во калифат, односно во исламска држава. Зборувајќи неодамна за бомбашот од Детроит, младиот Нигериец што се обиде да урне американски авион полн со патници над Детроит, Риза Панкхарст им рекол на присутните дека момчето не се радикализирало во Лондон, туку оти на тоа, според него, влијаела погрешната надворешна политика кон муслиманите, што е редовно објаснување што радикалните исламистички верски лидери го даваат, оправдувајќи ја радикализацијата на младите муслимани во Велика Битанија. Панкхарст, заедно со уште еден истакнат член на Хизб ул-Тахрир, минатата седмица требаше да одржат предавање на лондонскиот колеџ „Квин Мери”, но во последен момент беше откажано, откако студентите се спротивставија оценувајќи ги како неприфатливи погледите на предавачите.

Организацијата на својата Интернет-страница не го крие радикализмот, објаснувајќи дека нејзина политичка цел е повторното создавање на исламскиот калифат со статус на независна држава. Секое одбивање и спротивставување на ваквата цел би требало да се надмине со насилна промена, а тоа значи со примена на насилство и на терор. За Риза Панкхарст се тврди дека тој и натаму е активен член и важен функционер на Хизб ул-Тахрир и притоа се посочува дека на Интернет-страницата на нејзината филијала во Бангладеш се дадени надворешно-политичките погледи на организацијата, во кои САД се обвинуваат за плановите за наводно „уништување“ на муслиманите во светот, а на Израел му се заканува дека ќе биде збришан од земјата.

Појавата на висок функционер на една исламистичка група како предавач на така угледен универзитет како што е ЛСЕ, а особено тоа што тој врши и проповеди во кругот на студентскиот камп, во Лондон се оценува како зголемување на заканата за исламистичка радикализација на кампот. Во Велика Британија е во тек ново разгледување на состојбата со екстремизмот, што е почнато по откритието дека младиот Нигериец Умар Фарук Абдулмуталаб, што сега се означува како бомбашот од Детроит, додека студирал на Јуниверсити колеџот во Лондон бил претседател на тамошното исламистичко друштво. Претставник на антиекстремистичката тинк-танк организација „Квилијам“ вели дека Хизб ул-Тахрир има широко досие на групација што заговара нетолеранција, не откажувајќи се притоа од планот за инфилтрирање во британските универзитети за да може да ги шири своите деструктивни и конфронтирачки пораки. Влегувањето на оваа организација и на ЛСЕ придонесува да изгледа несериозно тврдењето на универзитетите во Британија дека го оневозможуваат ширењето на екстремизмот по студентските кампови, забележува претставникот на „Квилијам“ во изјавата за „Тајмс“ .

Лондонската школа за економија е една од најугледните британски високошколски установи, на која како студенти доаѓаат млади од сите страни во светот, меѓу кои и од Македонија. Многу поранешни и сегашни светски политичари биле на студии или на усовршување во ЛСЕ каде што подоцна се појавувале како предавачи
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 20:23

Студенти – теолози од Македонија учествуваа во меѓурелигиска посета на Холандија

Размена на студентски искуства во Холандија

   Од 18 до 23 октомври 2009година, 13 учесници - студенти и професори од Православниот богословски факултет и Факултетот за Исламски науки имаа можност да ја посетат Холандија и да се запознаат со религиозниот живот во оваа земја, посетувајќи неколку теолошки образовни институции, како и религиозни невладини организации кои работат на полето градење добри меѓурелигиски односи.
    За организирање на оваа посета Православниот богословски факултет соработуваше со организацијата Dominicanen klooster Huissen од Холандија скоро цела година. Плодовите од соработката можат да се видат во успешно организираната шестдневна посета на Холандија, од која сите учесници се здобија со едно позитивно искуство, кое, сигурно, ќе имаат можност да го земат предвид во нивната понатамошна работа како теолози и да ги имплементираат позитивните примери во својата средина.
    За време на престојот, учесниците беа сместени во Доминиканскиот манастир во холандското гратче Хусен. Манастирскиот типик „Under the roof“ им ја долови онаа домашна атмосфера во која секој член си има свои обврски и придонесува за заедницата. Сите се сложија дека таквиот начин на организирање на работите придонесе да се чувствуваат како едно големо религиозно семејство. Уште веднаш по пристигнувањето, на вечерата им се придружија домаќините од Холандија заедно со нивните семејства. Така, за првпат имаа можност да се запознаат со начинот на живеење во едно холандско семејство, нивните семејни вредности, културата и храната. И сето тоа од прва рака, од многу љубезни и прекрасни луѓе кои несебично се потрудија да ги угостат и да ја задоволат нивната љубопитност.
    Навистина културата на народите се отсликува и преку храната. Запознавањето на традиционалната храна на еден народ е вовед во запознавањето на неговата култура и верувања. Увидувајќи го ова, учесниците од Македонија се договорија и зготвија традиционална македонска вечера на која поканија гости од Холандија. При подготвувањето на вечерата беа длабоко возбудени од желбата прекрасниот вкус на македонската традиционална кујна и гостољубивоста на македонскиот народ соодветно да ја пренесат. Земајќи ги предвид комплиментите кои ги добија за подготвената вечера, сметаме дека ја постигнаа нивната цел.
    Покрај времето предвидено за дружење и работните посети во целост го исполнуваа времето на учесниците поминато во Холандија. Беа посетени следниве институции: Исламскиот универзитет и Исламскиот центар за дијалог во Ротердам, Доминиканскиот манастир во Зволе, Холандскиот совет на црквите и Пакс Кристи во Утрехт, Институтот за Источно христијанство и Студентската црква во Нимеген како и хуманитарната христијанска организација Amsterdam Community Oudezijds во Амстердам:

Islamic University
- Исламскиот универзитет во Ротердам се одликува со голема независност од религиозната заедница. Начинот на кој тие се трудат да бидат релевантен холандски универзитет и политиката на овој исламски универзитет, која се стремат да ја прилагодат на барањата на образовниот холандски систем за да опстојуваат како акредитиран универзитет во земјата беше ново искуство за учесниците од Македонија.

Islam and Dialogue
- Тука учесниците добија можност да се запознаат и дружат со студенти - муслимани од Холандија и да слушнат за нивниот живот и нивните меѓурелигиски проекти.

Dominican Monastery Zwolle
- Најдоброто искуство кое го имаа учесниците за време на студиската посета. Се запознаа со студенти од различни краеви на Европа, кои престојуваа во манастирот веќе десет месеци како учесници во еден проект на Европската унија. Одличен проект кој ги зближува младите од различни религии и ги воспитува да ги почитуваат религиозните и културните вредности на една земја. Тоа што студентите неколку месеци се наоѓаат надвор од нивната татковина им дава можност и да се осамостојат и да стекнат позитивни вештини кои ги интересираат и ќе им бидат од корист во нивниот живот во иднина. Учесниците од Македонија имаа можност да ги разменат своите искуства со овие студенти и да дознаат нешто повеќе за начинот на кој можат и тие да аплицираат за учество во еден ваков неколкумесечен проект.

Institute for Eastern Christianity
- Изненадувачки беше за учесниците тоа што во земја како што е Холандија, со многу малку верници од православна христијанска вероисповед, постои ваков институт. Учесниците се здобија со доста интересни информации од областа на православниот христијански образовен систем и неговата отвореност кон другите христијански деноминации. Од професорите на овој Институт дознаа дека голема е заинтересираноста и на христијаните кои не се православни за студирање на овој Универзитет.

Council of Churches Netherlands
- Многу меѓурелигиски и меѓуверски проекти се организираат во Холандија под покровителство на оваа организација. Тие се најодговорни за градењето на добри меѓурелигиски односи и соработка помеѓу верските институции во Холандија.

Balkanborrel meeting
- Организацијата Pax Christy од Утрехт, специјално за учесниците од Македонија организираше средба со луѓе од Македонија и Балканот кои живеат и работат во Холандија. Интересна можност за учесниците да слушнат дали и колку се задоволни луѓето кои потекнуваат од нашите простори од животот во Холандија и можностите кои оваа земја ги нуди на иселениците. Така, сликата за Холандија стана комплетна и учесниците веќе можеа да направат споредба помеѓу македонското и холандското општество: предности, но и недостатоци. 

Amsterdam Community Oudezijds
- Хуманитарна христијанска организација која опстојува толку долг период во средина каква што е Red Light District во Амстердам. Градејќи добри односи со соседите, ги избегнуваат проблемите, а сепак се присутни за оние на кои во оваа средина најмногу им е потребна помош.

За искуството здобиено од овие посети ги пренесувам импресиите на дел од учесниците:

Георгиј Глигоров, помлад асистент на Православниот богословски факултет: „Би констатирал дека патувањето, воопшто, беше многу успешно и плодотворно, не само за мене, туку и за сите учесници во проектот. За мене, лично, претставуваше доживување, што секогаш ќе биде запечатено во мојата меморија. Учеството во овој интер-религиозен проект е особено искуство, имајќи го предвид фактот дека потекнувам од место, каде мултиетничкиот и мултирелигиозниот карактер на македонското општество не е така изразен. Шестдневното патување ги надмина моите очекувања. Сите бевме изненадени од одличната организација и богатата програма што ја понудија нашите домаќини. Секојдневно посетувавме по неколку институции: организации за интер-религиозен дијалог, теолошки институти, религиозни објекти, младински организации, организации што спроведуваат интернационални социјални проекти и сл. Во текот на тие активности ја прошетавме речиси цела Холандија, којашто изобилува со многу природни убавини, раскошна вегетација, прекрасна клима, исклучителна архитектура, култура и сл. Сфативме дека Холандија, која денес претставува богато мултиетничко и мултирелигиозно општество на некој начин има сличности со Македонија – слични проблеми и слабости. Од средбите со сите тие луѓе научивме многу, самите земајќи активно учество во претставувањето на нашата земја, на нашите образовни институции и на нашата култура.
    Она што е особено важно, групата од Македонија составена од студенти и професори со различна етничка и религиозна припадност, преку заедничкото дружење и разговорите за тоа време, оствари личен пријателски однос, којшто се надевам дека ќе продолжи и понатаму во Македонија – нешто што е многу значајно како позитивен пример за меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот кај нас.“

Хавса Џемаили, студент на Факултетот за Исламски науки: „Не сум учествувала на ваква посета претходно. Тоа за мене беше големо искуство, бидејќи како прво и најважно ги запознав моите македонски пријатели одблиску, и патувањето ми помогна да се променат некои предрасуди што ги имав пред да се сретнам со нив. Исто така, бев изненадена од заклучокот дека во Холандија на жените муслиманки им е дозволено слободно да ја практикуваат својата религија и да носат облека според муслиманските прописи слободно во јавноста. Тоа ме прави среќна.
    Задоволна сум од институциите кои ги посетивме, особено исламскиот универзитет во Ротердам, а исто така и Холандскиот концил на црквите. Манастирот каде што бевме сместени многу ми се допадна. Додека го разгледував манастирскиот комплекс, одејќи по ходниците, се почувствував како да сум реално во некоја сцена од филмот Хари Потер J Најпрво, холандската храна не ми се допаѓаше, но потоа мојот органи0
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 15:33
ИВЗ бара маркичка за Бурмали џамијата

Претставниците на муфтиството побараа од градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, уште еднаш да се проследи нивната иницијатива до Советот за измена на ДУП „Мал ринг“

Бурмали џамијата треба да биде изградена. Овој став вчера повторно го кажаа претставниците на муфтиството на Исламската верска заедница, на чело со муфтијата, на средбата со градоначалникот на Општината Центар, Владимир Тодоровиќ.

Тие побараа од него уште еднаш да се проследи нивната иницијатива до Советот на Град Скопје за измена на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“, со што би се вметнала маркичка за изградба на џамијата.

- Ние како муфтиство на ИВЗ Скопје стоиме на ставот дека ако има црква, ќе има и џамија. Не може за црквата да биде да, а за џамијата не - вели портпаролот на муфтијата, Скендер Бузаку.

Тој додаде дека за изградба на џамијата дал согласност и премиерот Никола Груевски .

- Знаеме добро дека нашиот поглавар имаше средби со премиерот, а тој јавно истакна дека Бурмали џамија ќе се гради - нагласи Бузаку.

Портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, вчера се огради од изјавата на Бузаку и рече дека не знае за такво нешто, префрлајќи ја топката на Советот на Општината Центар.

- Јас не знам за такво нешто и за таква изјава на премиерот. Сепак, тоа е прашање за Советот на Општина Центар - изјави Мартиновски.

Портпаролот на муфтијата објасни дека иницијатива за вметнување и на џамијата на Градскиот плоштад, односно за измена и дополнување на ДУП „Мал ринг“, поднеле до Општината во април 2009 година, но таа им била одбиена. Како доказ ги наведе записниците. Според Бузаку, градоначалникот Тодоровиќ рекол дека Советот на Центар воопшто не расправал за иницијативата, поради тоа што тоа писмо било изгубено.

Градоначалникот по средбата вчера изјави дека иницијативата за изградба на Бурмали џамија е разгледувана и претходно и дека повторно ќе се обиде да ја стави на дневен ред на седница на Советот.

- Не е точно дека иницијативата не ја поддржавме. Јас ја доставив до Советот на Општината, но не беше прифатена и ставена на дневен ред. Јас повторно ќе се обидам иницијативата за измена и дополнување на ДУП да ја проследам до советниците. Градоначалникот не е тој што може да забрани и што може да дозволи измена на ДУП. За тоа одлучува Советот - дециден е Тодоровиќ.

За изјавата на вицепремиерот Абдулаќим Адеми, во која тој вели дека главната причина зошто на плоштадот Македонија нема џамија е затоа што ИВЗ имала договор според кој дозволила да се гради црква на плоштадот, а за возврат добила земјиште за изградба на резиденција на скопското Кале, Бузаку вели дека не постоел никаков писмен или усмен договор за ваква работа.

- Ако Скопје го сметаме за мултиетнички и мултиконфенсионален град каде што живеат најмногу муслимани на Балканот, сметам дека треба да постои исламски верски објект - заклучи Бузаку. (А.П.)
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 17:25
Франција ќе го забрани фереџето

Франција на муслиманките треба да им забрани носење фереџе на јавни места, како и да одбие издавање дозволи за престој или државјанство на секој што има „видливи знаци на верска практика“, се препораките на парламентарна комисија.

По шестмесечна работа, 32-члената комисија предлага да се забрани носењето на ферџето и на хиџабот (фустан што го прекрива целото тело) во училиштата, болниците, јавните згради и транспортот, но не и на улица. Во извештајот од 200 страници комисијата се трудела да не ги навреди муслиманите, кои во Франција ги има околу пет милиони, што е најголем број во една европска земја.

Дискусиите за прашањето почнаа по изјавата на претседателот Никола Саркози во јуни 2009 година дека „забулувањето“ не е посакувано на француска територија. Во опозициската Социјалистичка партија има поделеност меѓу приврзаниците на целосната забрана на забулувањето и противниците на зафаќањето со оваа, според нив, маргинална појава - според официјални податоци околу 2.000 жени во Франција одат забулени. Членовите на комисијата од владејачката партија Унија за народно движење сакаат целосна забрана на забулувањето на јавни места, која треба да биде обезбедена со казни за нарушителите.

Таквиот закон покренува правни проблеми и неговото евентуално укинување од Уставниот совет или негова анализа од Европскиот суд за правата на човекот ќе нанесе удар на Републиката, се наведува во извештајот на комисијата.

Противниците на носењето на традиционалната облека на муслиманките го нарекоа тој вид облека „порта кон екстремизмот“, сквернавење на еднаквоста меѓу половите и посегање против секуларноста на Франција.

По извештајот на комисијата се очекува подготвување предлог-закон и парламентарна расправа за ова прашање
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 23:49
ГРАНИЦИ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Исламофобијата и несигурноста

Нејасни сфаќања и доживувања на муслиманите како опасни - Мухамедовиот предизвик против христијанството, епохата на крстоносните војни, отоманската експанзија во Европа - се цементирани во потсвеста на западната култура, директно во Европа и индиректно, преку наследство, во САД

Силен бран на исламофобија ја заплиснува денешна Европа. Се објавуваат голем број публикации и написи со предупредувања дека муслиманите се на пат да наметнат доминација во цели држави, при што практично во сите европски земји моментно постои по една десничарско-екстремистичка партија со отворена политика на нетрпеливост и ширење омраза кон странците. Самиот поим исламофобија е од релативно понов датум. Првпат е употребен во Велика Британија во 1997 година, каде што во изминатите години и во најголем обем беше предмет на поширока дебата и медиумска анализа. Официјалното прифаќање на поимот исламофобија, како израз на нетолеранција споредлив со расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, се случува на Меѓународниот форум за борба против нетолеранција во Стокхолм во 2001 година

Интензивното медиумско фокусирање врз исламот во Западна Европа во последно време ги заострува негативните претстави што се рефлектираат на различни нивоа во контактите меѓу муслимани и немуслимани. Антимуслиманската пропаганда се манифестира преку повеќе димензии, при што митот дека исламот претставува закана за Западот има големо значење. Тој мит е заснован врз идејата според која исламот се сфаќа како хомоген феномен, при што не само политичкиот аспект на исламскиот активизам добива истурена позиција како „ислам“. Тоа е и најекстремно толкување на политичкиот ислам на кој често му се придава димензија дека го репрезентира исламот и муслиманите како целина. Деновиве публицитет доби веста дека холандската влада бара начин да го спречи десничарскиот пратеник Герт Вилдерс да го прикаже својот контроверзен кус филм во кој се критикува Коранот. Вилдерс силно истапува и против доселувањето во Холандија и против Коранот, кој го споредил со книгата „Мајн камф“ на Адолф Хитлер. Смртни закани за холандскиот пратеник се објавени на повеќе исламистички сајтови, а во Авганистан се одржаа масовни протести и против повторното објавување на карикатурите на пророкот Мухамед во Данска и против Вилдерсовиот провокативен филм.

Неодамна беа уапсени тројца дански државјани со мароканско и со туниско потекло, осомничени за планирање убиство на карикатуристот на данскиот весник „Јиландс-постен“, к*рт Вестергард, кој прв во ноември 2005 година ги објави карикатурите на Мухамед прикажан со бомба на главата наместо турбан. „Јиландс-постен“ посвети големо внимание на апсењето на осомничените, опишувајќи го едниот од нив на следниов начин: „Неговиот нос е маркантен со класичен арапски профил, а неговата кожа е потемна од кожата на мнозинството Арапи“. Уследија реакции дека ваквите описи пред шеесетина години би можеле да се однесуваат на Евреите во тогашна Европа зафатена од нацизмот, додека сега, според примерот на „Јиландс-постен“, во фокусот се наоѓа физичкиот изглед на муслимани. Оттаму и следниве прашања: како изгледа еден класичен арапски профил или, пак, еврејски профил? Се чувствува ли, всушност, непријатниот вкус на старите излитени стереотипи во начинот на кој денес во Европа се опишуваат припадниците на одделни етникуми? Антисемитизмот во триесеттите години имаше повеќевековни длабоки корени, но експлозијата на омраза кон Евреите беше предизвикана од рецесијата и масовната невработеност во тој историски период. Антисемитизмот се' уште постои во Европа, но според силата и распространетоста ни од далеку не би можел да се споредува со стравот од исламот. Дали, всушност, главната причина што ги поттикнува колективните фобии е раширеното чувство дека во општеството повеќе нема сигурност и оти конк*ренцијата и егоизмот се главни мерила, скроени според заложбите на либералните елити што се на власт во низа европски земји и што имаат создадено општество врз такви премиси. А од таквата несигурност се шири страв од непознатото и, пред се', исламофобија. На пример, во духот на зборовите на римскиот папа, кој пред извесно време беше критикуван поради неговиот опис на исламот како насилничка религија што својата мисија ја остварува со помош на сечилото на мечот. Во редовите на маргинализираните социјални групи во кои живеат многумина муслимани, како одговор на таквите толкувања меѓу одделни налудничави екстремисти се манифестира милитантен екстремизам што потоа остро атерира врз почвата од која се потпалува војната на западниот свет против муслиманските земји.

Постои ли простор за религиозните малцинства во секуларизираниот западен свет? Какви механизми да се применат за поуспешна интеграција на луѓето со поинакви сфаќања на животот и стварноста наместо истите да се принудуваат да избираат меѓу секуларните вредности на мнозинството и религиозните закони на сопствената група? Прашањето може уште повеќе да се изостри: може ли западните демократии да го избегнат создавањето гетоизирани супкултури, во чии рамки луѓето живеат со претстави дека општеството што се засновува врз мнозински структури е непријателски настроено?

Во дебатата околу одмаздата на САД по терористичките напади на 11 септември 2001 година, чиј резултат беше бомбардирање на муслимански земји, се укажува дека меѓу муслиманите се раширени претстави дека се зголемува расистичка исламофобија, при што луѓето со муслимански идентитет и нивните животи се сметаат за помалку вредни отколку американските/европските животи. Во студијата „Исламофобија. Правење непријатели од муслиманите“, американските социолози Питер Готшалк и Габриел Гринберг констатираат дека социјалниот страв од муслимани е постојано латентен. Нејасни сфаќања и доживувања на муслиманите како опасни - Мухамедовиот предизвик против христијанството, епохата на крстоносните војни, отоманската експанзија во Европа - се цементирани во потсвеста на западната култура, директно во Европа и индиректно, преку наследство, во САД. Фобиите се јавуваат секогаш кога муслимани се прикажуваат како опасни. Исламофобијата се шири согласно со духот на актуелниот временски миг и плива напоредно со глобализацијата. Геополитичките импликации од таквиот развој се далекосежни. Во тој контекст, можно е дека Вашингтон, според некои видувања, располага со она што му недостига на Брисел - една тивка реалнополитичка стратегија, при што се изразува поддршка, на пример, на еден понизен сојузник каков што е Косово, како на една поблага, секуларизирана варијанта на исламот зад кој стои нација што наскоро би можела да биде најголема во регионот. Тоа е, меѓу другото, и заложба за градење мост кон Турција и понатаму кон Блискиот Исток. За очекување е дека поимот исламофобија ќе добие уште поголема актуелност на меѓународната политичка сцена во блиска иднина
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 23:56
Исламофобија во Германија?

Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Крај на семејната среќа: Марва Ел Шербини со сопруготГерманската јавност ја потресува убиството на Марва Ел-Шербини, по потекло од Египет, во судница во Дрезден. Неа ја избоде со нож Германец со руско потекло.Станува ли збор за кулминација на „исламофобија“ во Германија?

Се’ почна во август минатата година на едно детско игралиште во Дрезден. Германецот со руско потекло Алекс В. таму бил со ќерката на сестра му. Тој седел на детска лулашка, а Египќанката Марва Ел-Шербини му пришла и го замолила да му ја отстапи лулашката на нејзиниот тригодишен син. Алекс при тоа се разгневил и почнал да ја навредува, нарекувајќи ја „к*рва“, „исламистка“ и „терористика“. Марва поради тоа го тужела на суд.

Првостепената судска инстанца во Дрезден и’ дала за право и му определила на Алекс парична казна во висина од 780 евра. И за време на овој процес тој си дозволил повеќе расистички изјави во судницата. На 1 јули уследила ревизија пред повисоката инстанца - и тука се случило грозморното убиство.

Како на филм

Само што Марва го завршила исказот пред судијата, Алекс и’ пришол и ја избодил повеќепати со голем нож. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Дрезден е потресен од страшниот злосторСопругот на Марва се обидел да и’ притекне на помош, при што и тој бил ранет - опасно по живот. На повик дотрчал полицаец од соседната судница и по грешка истрелал кушум во ногата на сопругот на Марва, место во напаѓачот. Бремената Марва им подлегнала на повредите уште во судницата, тешко ранетиот сопруг бил пренесен во болница, а тригодишнот син го гледал сето тоа.

Чудни реакции на медиумите

Првиот ден по страшниот чин, германските медиуми одреагираа воздржано со наслови како: „Обвинет уби сведок“. Вториот ден почнаа да ја согледуваат расистичката димензија на убиството: „Човек полн со омраза кон странците уништи семејна среќа“. Специфично исламистичкиот аспект на навредите на Алекс и понатаму не ги спомнуваше ниту еден од домашните медиуми. Тоа го забележаа јасно здруженијата на муслиманите и на 7 јули Координативниот совет на муслиманите во Германија објави заедничко соопштение, во кое меѓу другото се вели: „Марва е жртва на омраза и клевети, кои се поттикнуваат на одделни интернет страници уште од времето на одлуката за забрана на носење шамии во јавните служби. Политиката мора конечно да се соочи со исламофобијата во нашата земја.“Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Таткото на убиената пред погребот
Поддршка за ваквиот јасен став Здружението на муслиманите доби и од Централниот совет на Евреите во Германија, чиј генерален секретар Штефан Крамер порача: „Овој страшен чин покажа дека се лажеле сите оние, кои ја сметаа за излишна загриженоста поради исламофобијата во Германија.“

И владата се јави за збор

Откако емоциите зовреа на погребот на Марва Ел-Шербини во нејзината татковина, Египет, портпаролот на германската влада се обиде да ги смири духовите и појасни: „Германската влада реагираше. Ополномоштеникот на владата за интеграција, Марија Бемер, му изрази сочувство на сопругот, како и згрозеност од страшниот чин. Владата не молчеше“ - појасни портпаролот Томас Штег. И канцеларката Ангела Меркел најави дека за случајот ќе разговара лично со египетскиот претседател Хосни Мубарак на самитот на Групата Г8 во Лаквила.

Исламофобија или изолиран случај

Но, наспроти ваквото настојување на политиката, останува прашањето: колку се основани обивнувањата за исламофобија во земјата? Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Илјадници луѓе дојдоа на погребот на Марва Ел Шербини во КаироАнкетата на Институтот Аленсбах од 2006 година покажа дека дури 83% од испрашаните Германци, на спомен на зборот ислам помислуваат на „фанатизам и радикалност“. Освен тоа индикативно е што полицаецот од другата судница дотрча и стрелаше во сопругот на жртвата, наместо во Германецот со руско потекло.

Фалах Шарара од арапската програма на Дојче веле оценува: „Сметам дека нема тенденција на анти-исламизам, што би била потикната од владата, такво нешто не сум доживеал. Но, има медиуми кои муслиманите ги ставаат под генерален сомнеж, исто тако што има и други медиуми кои ги бранат правата на муслиманите. Значи има две слики






kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 23:58
Контроверзи околу покривањето на жените во Франција: заштита на жените или исламофобија

16 јули

По гламурозната ревија на розеви мини фустани на неделата на модата во Париз, асистентот на познатиот производител на облека Адам Џонс во апартман во близина на претседателската палата на богатата клиентела од Саудиска Арабија нуди долги фустани кои го прекриваат целото тело и долги свечени фустани кои се носат со шамии на главата.

Со оглед на тоа дека во Франција е забрането носење на велови или шамии во училиштата, многу контрадикторно звучи фактот дека токму таа земја е најголем извозник на долги фустани со шамии наменети за жените во целиот исламски свет.

„Ако некој ми порача да дизајнирам фустан со шамија јас тоа со драга волја ќе го прифатам“, изјави за Ројтерс дизајнерот Стефан Роналд, но и одби да се заплеткува во приказната за верските разлики.

Меѓутоа, многу млади муслиманки како Ес-Сали (20), сметаат дека тука не станува збор за заштита на жените од потчинување, туку за вид на исламофобија која ја зафати Европа.

„Ако носите вел ве навредуваат и напаѓаат, ве нарекуваат терорист“, вели таа.

Ес-Сали носи долг фустан со смеѓа боја и шамија преку главата, но лицето и е откриено. Таа би сакала да носи вел, но целосното покривање на лицето во нејзиното училиште е забрането.

Таа се префрлила од медицинското училиште на изучување на јазици и социологија, бидејќи на медицинските сестри не им е дозволено да носат вел или шамии.

Ес-Сали пред три години одлучила да носи шамија наспроти противењето на нејзиното семејство, кое сметало дека тоа ќе и донесе многу проблеми.

„Има многу ‘сестри’ кои носат вел. Ако велот се забрани (на јавни места), тие ќе останат дома или ќе емигрираат во САД, Британија, Мароко...“, вели таа.

Како многу млади муслиманки и Ес-Сали смета дека сржта на проблемот не претставува велот, туку дискриминацијата и невработеноста на младите членови на емигрантските семејства.

Иако Франција не објавува податоци за невработеноста на одредени етнички групи, Организацијата за економска соработка и развој во мај истакна дека најголем проблем на пазарот на трудот е дискриминацијата на младите кои потекнуваат од северна Африка.

Мислењата се поделени, француската организација за заштита на женските права „Ниту проститутки, ниту потчинети“ смета дека велот е „затвор на отворено“ и истакнува дека екстремистите ги третираат женските тела како заложници.

Извршната директорка на организацијата за заштита на жените во Авганистат „Гласот на жените“ Сураја Пакзад, се согласува со францускиот претседател Никола Саркози, дека велот е лош за жените и истакнува дека е против тоа тој да биде наметнат да се носи со сила, но меѓутоа додава дека секоја жена има право да се облече како таа сака. вз/12:05
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bo&#382;e ne znam &#353;ta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 23:36
Лов на вехабии во БиХ
[Лов на вехабии во БиХ]
Лов на вехабии во Босна и Херцеговина. Околу 600тини припадници на полицијата утрината влегла во селото Горња Маоча, своевидна држава во дражва, оаза на најрадикалниот ислам, заедница која живее по строгите шеријетски закони.

Во операцијата „Светлост“ се уапсени луѓе кај кои е најдено оружје. Засега нема детаљи кој и колку се уапсени, објавуваат босанските медиуми, се ќе се знаело по завршувањето на акцијата, велат од обвинителството за тамошните медиуми.

Токму поради таканаречениот територијалниот интегритет на ова село во БИХ се уште не се укинати визите. Горна Маоча е село во непристапен терен помеѓу Брчко и Тузла.

Освен жителите до денеска никој не влегол во ова село, доколку не е дел од заедницата. До селото да се стигне е многу тешко, прво поради теренот, второ како проблем се патоказите напишани на арапски јазик.

Вака го раскажале полицајците кои учествувале во акцијата. Во селото има училишта, но тука децата учат на јордански јазик и не е под министерство за образование, а џамиите не се под контрола на исламската верска заедница.
Лов на вехабии во БиХ



http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=57328

mnogu ubavo vidoe... vredi da se pogledne
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.