IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 313233
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2014 во 17:21

Јаболката ги има во изобилие, посебно во овој период, па затоа сега е идеално време за диетата која се базира токму на нив и нивните здравствени предности.

isprobajte-3-dnevna-dieta-so-jabolka-za-3-kilogrami-pomalku-01

Диетата со јаболка е една од најпознатите, токму заради краткотрајноста и резултатите кои ги дава. Затоа што јаболката имаат минимално количество калории, за време од 3 дена може да изгубите и до 3 килограми.

Калиумот и овошната киселина се супер тандем за согорување на калориите, подобрување на метаболизмот и регулирање на варењето. Гликозата пак која ја има во изобилие, го одржува шеќерот во крвта на правилното ниво.

Каков е планот за оваа диета со јаболка?

Првиот ден појадокот нека ви биде составен од интегрален леб со свежо кравјо сирење и три парчиња јаболка. За ужина изедете обичен кекс и едно јаболко, додека ручекот може да биде обилен. Подгответе си 140g риба, една јаболка, портокал и целер. Попладневната ужина се состои од 85g кравјо сирење и 1 јаболка, а за вечера подгответе две сендвичиња од ‘ржан леб со сирење.

Вториот ден започнете го денот со 30g овесна каша, 130ml млеко, лажица суво грозје и 1 јаболка, а за ужина може да изедете уште една. За ручек подгответе си една палачинка од млеко и јајца која ќе ја наполните со рендана јаболка. За попладневната ужина испијте 80g безмасен јогурт и исечкајте половина јаболка. Вечерата нека се состои од 40g ориз помешан со половина банана и 1 јаболка.

isprobajte-3-dnevna-dieta-so-jabolka-za-3-kilogrami-pomalku-02

Третиот ден започнете го со парче интегрален леб, 3 лажици кравјо сирење и јаболка, а за ужина нарендајте 1 јаболка во 140g јогурт и додадете малку лимон и цимет. За ручек почастете се со 80g печени пилешки гради и 1 јаболка, црвена пиперка и лимонов сок. Јаболката нека ви биде и попладневна ужина, а диетата завршете ја со свежа салата од 2 моркови, 1 јаболко, лажица суво грозје и 50g безмасно сирење.

Во текот на овие 3 дена не заборавајте да пиете по најмалку 1 литар вода. Ќе се зачудите колку полесно и поздраво ќе се чувствувате по само 72 часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2014 во 17:22

Поминаа празниците, па да се вратиме во форма. Диетата се држи само три дена и за тоа време треба да се ослаби два килограми.

za-tri-dena-tri-kilogrami-pomalku

Во текот на оваа диета секојдневно треба да се пие по 1 – 1,5 литри свеж домашен кефир, без додаток на шеќер и тоа 5 – 6 пати дневно.

Интервалите помеѓу земањето на кефирот би требало да бидат исти.

Појадок:

Предлог1 : кајгана од 2 јајца, салата од помала краставица, кафе со лажиче млеко.

Предлог2 : Гриз/палента и кисело млеко.

Предлог 3 : Јајце, тост со путер, чај со мед.

Ужина: 3 dl домашен кефир


Ручек:

Предлог1 : Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100 грама), салата од цвекло, парче леб.

Предлог2 : Чорба од печурки, паприкаш (3 dl) и салата од свежа зелка.

Ужина: 3 dl домашен кефир


Вечера:

Предлог1 : Риба на скара (150 g), зелена салата и чај од билки.

Предлог2 : Поголем печен компир, чај со мед.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2014 во 17:23

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci

Кога пушачот ги остава цигарите, тој се свртува на храната. Не знае како да се справи со силната никотинска криза, ниту со што да ги ангажира рацете.

Грицкањето звучи како добро решение! Наместо со цигари, поранешниот пушач посегнува по храната која ќе му дојде до рака. Баш така се множат килограмите.

Нутриционистите советуваат тие нервозни моменти да не се лечат со кикирики и чипс, туку да се земаат гуми за џвакање без шеќер или да се земе јаболко.

Во кризните моменти земете лажиче мед од лаванда или рузмарин, кои го смируваат организмот.

Прв ден
Ручек: чорба од зеленчук (грав, грашок, морков, брокула); телешки бифтек на скара; диња.
Вечера: салата од домати и краставица; ракчињана скара; портокал.

Втор ден
Ручек: супа од зеленчук; свинско филе со пире компир; праска.
Вечера: зелена салата со оцет; туњ на скара со соја сос и интегрален ориз; крушка.

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci-1

Трет ден
Ручек: свинска кременадла со печени тиквички; интегрална кифла; ананас.
Вечера: салата од свеж зеленчук; кајгана со шампињони; три парчиња тост.

Четврти ден
Ручек: чорба од зелка, компир и главичка кромид; свинска кременадла со печени тиквички; овошен куп.
Вечера: салата од домати, грашок со месо; компот од сливи.

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci-2

Петти ден
Ручек: чорба од риба со три лажици варен ориз; лигњи во лук; јаболко.
Вечера: тортиља од спанаќ; мандарини.

Шести ден
Ручек: пилешки ражниќи со зеленчук (модар патлиџан, тиквички и црвена пиперка); три парчиња тост; сок од цеден портокал.
Вечера: 100 грама варен компир; 100 грама младо сирење; крушка.

Седми ден
Ручек: бело пилешко месо на скара и интегрален ориз; зачинети печени пиперки; овошен јогурт.
Вечера: пире од морков и тиквичка; ослич; малку свеж ананас.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 01:48
Месечева (лунарна) диета 2014


Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина.

Месечева диета
Месечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.
ШТО ПРЕТСТАВУВА МЕСЕЧЕВАТА ДИЕТА?

Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот.

Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина.

Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми.

Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар.

ДЕТАЛИ ЗА ДИЕТАТА

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

МЕСЕЧЕВИ ФАЗИ ВО 2014 ГОДИНА (ЗА МАКЕДОНИЈА)

Јануари
01.01.2014, 12:14 – млада месечина
08.01.2014, 04:40 – прва четвртина
16.01.2014, 05:53 – полна месечина
24.01.2014, 06:19 – последна четвртина
30.01.2014, 22:39 – млада месечина
Февруари
06.02.2014, 20:22 – прва четвртина
15.02.2014, 00:53 – полна месечина
22.02.2014, 18:16 – последна четвртина
Март
01.03.2014, 09:00 – млада месечина
08.03.2014, 14:27 – прва четвртина
16.03.2014, 18:09 – полна месечина
24.03.2014, 02:46 – последна четвртина
30.03.2014, 20:45 – млада месечина
Април
07.04.2014, 10:31 – прва четвртина
15.04.2014, 09:43 – полна месечина
22.04.2014, 09:52 – последна четвртина
29.04.2014, 08:15 – млада месечина
Мај
07.05.2014, 05:15 – прва четвртина
14.05.2014, 21:16 – полна месечина
21.05.2014, 14:59 – последна четвртина
28.05.2014, 20:40 – млада месечина
Јуни
05.06.2014, 22:40 – прва четвртина
13.06.2014, 06:12 – полна месечина
19.06.2014, 20:39 – последна четвртина
27.06.2014, 10:09 – млада месечина
Јули
05.07.2014, 13:59 – прва четвртина
12.07.2014, 13:25 – полна месечина
19.07.2014, 04:09 – последна четвртина
27.07.2014, 00:42 – млада месечина
Август
04.08.2014, 02:50 – прва четвртина
10.08.2014, 20:10 – полна месечина
17.08.2014, 14:26 – последна четвртина
25.08.2014, 16:13 – млада месечина
Септември
02.09.2014, 13:11 – прва четвртина
09.09.2014, 03:38 – полна месечина
16.09.2014, 04:05 – последна четвртина
24.09.2014, 08:14 – млада месечина
Октомври
01.10.2014, 21:33 – прва четвртина
08.10.2014, 12:51 – полна месечина
15.10.2014, 21:12 – последна четвртина
23.10.2014, 23:57 – млада месечина
31.10.2014, 03:49 – прва четвртина
Ноември
06.11.2014, 23:23 – полна месечина
14.11.2014, 16:16 – последна четвртина
22.11.2014, 13:33 – млада месечина
29.11.2014, 11:07 – прва четвртина
Декември
06.12.2014, 13:27 – полна месечина
14.12.2014, 13:52 – последна четвртина
22.12.2014, 02:36 – млада месечина
28.12.2014, 19:32 – прва четвртина
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 21:52

ДИЕТА СО КИСЕЛО МЛЕКО: 5 КИЛОГРАМИ ЗА 10 ДЕНА

Диетата со кисело млеко може да ви помогне да ослабнете 5-6 кг за 10 дена.

kiselo_mleko_240211Киселото млеко ја нормализира работата на дигестивниот тракт, го зајакнува имунитетот, помага за прочистување на токсините од телото, ја подобрува размената на материи и го активира метаболизмот.

Еве од што се состои оваа диета:

-        Кисело млеко 500 гр дневно,

-        Овошје 300 гр (со исклучок на грозје, диња, банана и други со висока концентрација на шеќери).

-        Зеленчук 300 гр дневно,

-        Зелен чај, 3 чаши дневно, без шеќер,

-        Од 150 до 200 гр варено месо (пилешко, мисиркино, телешко) или риба.

Вие ги комбинирате овие продукти и сами го создавате дневниот редослед на исхрана. Освен што се слабее, оваа диета е мошне здрава, така да воопшто немате никаква опасност од загрозување на здравјето како некои диети на пример.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 21:54

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не применувајте ниедна диета или режим на исхрана без консултација со вашиот лекар!!

48-ЧАСОВНА ВОЛШЕБНА ДИЕТА

Вратете го своето здравје (и линијата) на вистински начин за еден викенд и изгубете 3,5 кг за само 48 часа

limon2“Кога сте на детоксикација, се што ставате во организмот мора да помогне во отстранувањето на отровите, но и да ве обезбеди со течности кои ќе ги испратат”, вели Филип Гоља, нутриционист на кого клиентки му се Џилијан Андерсон, Лора Дерн и Тајра Бенкс, но и моделите од Викторија Сикретс. “Мојата детоксикација е мошне ригорозна, така што мора да ја држите преку викенд. Иако повеќето тежина што ќе ја загубите ќе биде вода, ќе го поттикне вашиот организам на елиминирање на заостанатите токсини од телото”, вели Филип, кој верува оти земањето протеини е клуч на детоксикацијата, зашто помага во елиминирањето на течностите. Препорачува и домати (поради антиоксидансот ликопен), житарки и влакнест зеленчук (да ги измијат токсините) со кои ќе ја зголемите внатрешната температура и ќе го забрзате процесот на детоксикација.

НАПИВКА

- 300 мл вода
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица јаворов сируп
- малку сушени и мелени лути пиперчиња
- малку ѓумбир
Сите состојки ставете ги во чаша, добро измешајте ги и напивката е подготвена за употреба.

СОК за забрзување на метаболизмот
(секој ден пред појадок)

- 6 лажици исцеден сок од зелен лимон
- 2 зрели домати, средна големина
- еден филџан сечкан коријандер
- 4 лажици свеж власец (див лук)
- 480 мл филтрирана вода
- 4 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- малку синап во прав
- 6-8 коцки мраз

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги една минута на најголема брзина.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:12

Менхетен диета: Останете витки без одрекување

Менхетен диета: Останете витки без одрекување

Јадете го она што го сакате, немојте на бидете гладни и отфрлете го од себе, сетоа она што во насловот содржи -Диета! Вака живеат современите жени на Менхетен, а за тоа пишуба Ејлен Даспин во својата книга „The Manhattan Diet”. Нејзините совети од книгата ги прифатија многу кои не сакаат да се одречат од храната, а желни се да бидат витки.

  • Јадете го она што го сакате
  • Јадете само кога сте гладни
  • Вашите оброци нека бидат мали, немојте да се прејадувате
  • Не допуштајте да огладнете, бидејќи во спротивно ќе се прејадете. Јадете често, но помалку. Носете со себе здрава храна, како овошје.
  • Јадете она што го бара телото од вас.
  • Држете се до едноставна храна.
  • Лебот не ви е непријател, но пожелно е да биде оној со крупни житарици.
  • Немојте да заобиколувате овошје и зеленчук. Жените во Менхетен уживаат во вкусни салати.
  • Вежбањето е задолжително. Тоа е стил на живот. Најдобро е трчање или брзо одење.
  • Вашата исхрана нека биде врамнотежена. Не морате секој ден да јадете само риба и салати. Јадете разновидна храна, понекогаш допуштете си нешто слтако.
  • Претерувањето со алкохол не се препорачува, но чаша вино за ручек или вечера и тоа како е добредојдена.
  • Не купувајте големи пакувања производи и не купувајте многу парчиња. Имајте дома помалку, затоа што подобро е да одите да купувате, отколку да чувате вишок.
  • Органските производи се здрави и квалитетни.
  • Не е нужно секогаш да изедете се што има во чинијата. Штом почувствувате дека сте сити, престанете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 20:26
Рамен стомак на лесен начин – дома направете си сами „Sassy“ вода

Ова не е еден еден од производите што чинат цело богатство, всушност станува збор за обична вода збогатена со билки кои што се одлични борци против масните наслаги. Нутриционистот Синтија Сас чиј пронајдок е овој пијалок, вели освен тоа што ги топи килограмите одлично делува на целиот организам.

sassy

И приготвувањето е едноставно : една кафена лажичка корен од ѓумбир, 1 свежа краставица(излупена и исечката на тенки парчиња),1 свеж лимон исто така исечкан на тенки парчиња, 12 листови мента. Овие состојки ги ставате во 8 чаши вода.

Пијалокот се остава во текот на ноќта, за тоа време секоја состојка има свој придонес за  магијата на Sassy водата. Пијалокот се кунсумира следниот ден. Има пријатен вкус и освежувачко дејство. Комбинирана со умерена физичка активност водата ќе ви помогне да дојдете до рамен стомак, без притоа да се изгладнувате.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:14

Неверојатна Данска диета со која се слабее до 20 кг за 13 дена!


Данската диета може да се започне било кој ден во неделата, но се препорачува баш недела..

Диетата трае 13 дена и е прилично тешка, но и ефикасна. Со држење на оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат дури две години.

Не станува збор за традиционална диета, туку начин да се натера организмот да ги согорува  мастите побрзо и да го исфрла вишокот на течност, што допринесува диетата да делува и по завршувањето на циклусот од 13 дена.

Ако ја пратите диетата правилно може да изгубите телесни маснотии ( во зависност од почетната тежина) во распон од 7 па до неверојатни 20 килограми.

Воведни напомени

-Диетата мора да се испрати точно 13 дена, ни помалку ни повеќе и како што е поменато мора да се прати како што е назначено-нема мамење:

-Ако за време на диетата испиете на пр. 1 пиво или 1 чаша вино, џвакате мастика или јадете друга храна различна од онаа пропишаната, морате веднаш диетата да ја прекинете бидејки нема да има никакви резултати. По ова диетата може да се повтори дури после 6 месеци, никако порано:

Ако ја испративте диетата до крај т.е точно 13 дена, не би требало да ја повторите во следите година дена, но се препорачува  да не ја повторувате дури  и наредните 2 години.-Кога сте гладни пијте вода (најмалку 2 л)

-Кафето може да се замени со чај

-Мора да користите шекер во коцки

-Скоро секој ден се јаде посебна салата така да што било добро да ја припремите за неколку дена однапред

Еве ја рецептата:

САЛАТА

Исечете

1 кг моркови

1 кг бела зелка

1 црвена пиперка

1 зелена пиперка

1 праз

За преливот:

1 дл масло

½ дл јаболков оцет

½ лажичка шекер

½ лажичка сол

Измешајте  ги овие состојки и полиете ги преку салатата. Оставете да одстои 1 час. Од време на време, мешајте.

Салатата можете да ја чувате во пластичен сад во фрижидер. Може да се чува свежа до една недела.  За едно лице доволно ќе биде и половина одгоре наведената количина.

Данска диета – Мени на јадење по денови

ДЕН 1

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 2 тврдо варени јајца , спанаќ варен во вода, 1 домат

Вечера – 1 голема шницла ( 230 g ) , салата

ДЕН  2

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 1 парче шунка од мисирка, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 голема шницла, салата

ДЕН 3

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 2 тврдо варени јајца , 1 парче шунка од мисирка салата

Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје

ДЕН 4

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија свежо сирење ( 25g)

ДЕН 5

Појадок – 1 голем рендан морков со лимон

Ручек – 1 големо парче варена риба ( бакалар , црвена риба , околу 230 g ) со лимон и путер

Вечера – 1 голема шницла, салата , варен целер

ДЕН 6

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков

Вечера – половина пилешко на жар без кожа , салата

ДЕН 7

Појадок – 1 чаша чај без шеќер

Ручек – ништо

Вечера – 1 јагнешка шницла , свежо овошје

ДЕН  8

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата

Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје

ДЕН 9

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек – 1 големо парче мисиркина шунка, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 голем стек, салата, овошје

ДЕН 10

Појадок – 1 чаша кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка од мисирка, салата

Вечера – варен целер, 1 домат , 1 парче овошје

ДЕН 11

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост

Ручек – 1 литар сок, 1 чаша јогурт

Вечера – 1 варено јајце , 1 рендан морков, 1 кутија ( 25g ) свежо сирење

ДЕН 12

Појадок – 1 голем рендан морков со лимон

Ручек – 1 голем дел од варена риба со лимон и путер

Вечера – 1 голем стек, салата , варен целер

ДЕН 13

Појадок – 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 тост

Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков

Вечера – 1/2 пилешко на скара без кожа , салата

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2015 во 08:26

Чоколадна диета: Слабејте со вашиот омилен десерт


За да го намалите вишокот на килограми не е вистина дека неопходно е да се откажете од сите омилени слатки. Чоколадата останува на трпезата со оваа диета.

cokoladna-dieta-slabejte-so-vashiot-omilen-desert-01.jpg

Зошто? Тајната лежи во моќите на главната состојка од која е направена чоколадата. Какаото е исполнето со здрави состојки, флавоноиди и теобромин и таен убиец за многу заболувања. Со јадење на чоколада ќе имате поздраво срце, ќе ги намалите килограмите, ќе бидете посреќни и ќе го намалите стресот.

Ова е една диета која ќе ви даде можност на здрав и поволен начин да го вметнете консумирањето на чоколадото.

Диетата подразбира консумирање на три главни оброци и една вкусна ужина секој ден. За време на диетата пијте 8 чаши вода секојдневно и чаеви и кафиња подготвени со топло млеко.

Оваа диета забранува консумирање на алкохол. Покрај тоа неопходни ќе ви бидат и секојдневни прошетки од најмалку 30-тина минути.

Основна препорака е да се придржувате до неа најмалку месец дена и со неа може да загубите дури 7kg.

Прв ден

Појадок: 30g чоколадни мусли со млеко и овошје по избор

Ручек: Интегрален леб со малку павлака, половина исецкано авокато и мешана салата

Вечера: 150g тофу сирење, боранија, зелка, кромид, бибер и печурки пропржени во маслиново масло и послужени со 50g интегрални тестенини


Втор ден

Појадок: 1 варено јајце со две парчиња интегрален тост

Ручек: Било каква бистра супа и два тоста премачкани со еурокрем по желба

Вечера: Туна измешана во салата


Трет ден

Појадок: Една кесичка чоколадна овесна каша со млеко и едно јаболко

Ручек: 25g младо сирење и 4 сецкани парчиња шунка, ситно исецкани и додадени во салата од домати, краставици, целер, зелена салата и зачини по желба

Вечера: 4 парчиња печено пилешко месо, 2 компира со средна величина и неограничена количина на зелен зеленчук. И една круша


Четврти ден

Појадок: Овошна салата од три вида овошје по желба и една чаша јогурт

Ручек: Интегрална кифла со виршла со темен кромид, шери домати, зелена салата и кечап

Вечера: Оброк по желба но да не биде повеќе од 350 калории и ред црна чоколада.

cokoladna-dieta-slabejte-so-vashiot-omilen-desert-001.jpg

Петти ден

Појадок: Две парчиња интегрален леп премачкани со еурокрем

Ручек: Омлет од две јајца, 20g сирење и рака спанаќ припремен на многу мала количина маслиново масло. Сервирајте со зелена салата и завршете со коцка чоколада

Вечера: Пилешки стек со неколку лажици пире, брокули и боранија. Една јаболка и една лажичка чоколаден крем.


Шести ден

Појадок: Крофна со чоколадо

Ручек: Еден варен компир и зелена салата

Вечера: Риба по желба со два компира и зелка салата


Седми ден

Појадок: Шејк од една банана и 2dl варено млеко. Плус едно јаболко

Ручек: Сендвич од 350 калории и една чоколадна коцка

Вечера: Помешајте една конзерва грав со домат, кромид и една мала тиквица. Исецкајте ги, посолете и пржете ги додека не омекнат. Комбинирајте ги со половина шолја обарен интегрален ориз

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 313233
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.