|
Олдтајмери (автомобили некогаш и денес) |
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Автор | ||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јаооо Носталгија, другарче...браво... имаш поенче плус од мене . Ова е баш тоа што го прашував. Баш сакав некој да ми ја долови доволно добро волгата како кола. Јас као дете родено у самостојна Македонија, слабо ги памтам овие возила. Се сеќавам дека како мал ѕиркав низ прозорците на овие машинки за да видам колку се гравирани (180 беше, памтам) и каков му е воланот. Не разликував тогаш баш многу потпирања, кубици и тн. Малку ми беше страшна пошто беше повеќе од огромна и делуваше страшно груба. Знам, имам слушано, дека ставаат мотори од 123ка и дека пасува топтан. Желба ми е да ја пробам како оди таа машина.... страшно голема желба....
Иначе... супер се овие ствари што ги пишуваш... За секоја кола што можеш да кажеш збор до два е добредојдено , особено за „старудииве“ И ми текна... се сеќаваш на ова нешто?? Москвич 408.... го имав во маало до кај 2005тта негде. Стоеше до тој Таунусот што го спомнав во погорните постови. И тој си отиде в отпад , пошто немаше кој да го тера, газдата му беше во поодминати години , а синовите негови тераа Пунто. Кога беше висока цената на алуминиумот, поради алуминиумските блокови , сите Шкоди и Москвичи што беа по градов отидоа в отпад за 1500-200 евра. Драга ми беше колава многу.... Изменето од volkswagen - 08.Март.2011 во 17:29 |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакаш конкретни информации за ГАЗ Волга.Сега пријателе ке ти постирам од прва рака информации не од нет.Пораснав мо механичарско маало каде сите имаа гаражи и нешто по цел ден чепкаа нон стоп.Ги памтам скоро сите коли кои доагаа кај мастор Ристо,механичар во ЈСП кој ги поправаше за 10-ка со кромид и Скопско од 0,5 .На лугето не им беше за пари туку за дружење и гледање сеир.Е тој мајтор Ристо имаше Волга или како што ја викаше нагалено БАБУШКА .Таа бабушка памтам беше купена на некоја лицитација од некое државско претпријатие како расход.Колата беше некоја сива боја,патем како сите тогашни Источни возила.Оооооооооооооооооогромен комфор,амортизација ко кадилак,хаоооооо.Како деца ке не качеше позади,а јас како најстар напред.Имаше мотор од 2.2литри со скромни 75КС но со огромен вртлив момент и сила да повлече тенк.Моторот кој го имаше беше развиен од старио модел на ГАЗ ПОБЕДА во типичен руски стил(што поголемо тоа поубаво,нели)На неа се беше вон стандарди почнувајки од навртките,па гумите,електриката,итн.Знам дека лугето мака мачеа за делови незнаејки дека под таа каросерија се крие друго возило многу познато кај нашите гастербајтери.Мерцедес Бенз В123 или познатиот репаш омилен на скопските таксисти.Крајот на 60-те и почетокот на 70-те Мерцедс ја промовира познатата серијаВ123 која и ден денес е за почит.Е сега Штази со помош на Руската шпионска мрежа ја краде целокупната документација и се рага ГАЗ ВОЛГА М24.Да се навратам на приказната.Бабушка ја нагазија годините и еден ден отажа послушносто.Е Мајстор Ристо педантно го извади стариот мотор и на чудо на сите го вгради моторот 200д од мечката која ја куи за делови.Најинтересно е што немаше никакви преправки туку моторот само си клапна ма местото на стариот без проблеми.Ја преправи инсталацијата и Волгата доби ново геманско срце Моделите кои беа за тогашниот пазар беа скромни во однос на опрема која и може да се каже ја немаше освен некои ситници.Имаше страотна голема потрошувачка(15-16литри во град)Но тогаш никој и не гледаше на потрошувачката.Моделот со 5.5литри беше за Источниот пазар,а ние не бевме во таа комбинација.Средината на 80-те имаше некои модификации на неа,во смисол на стандардизација за деловите,но во глобала остана истата.Почетокот на 90-те се обидоа со дизел мотор од Пежо мислам дека беше но без успех.Постигнуваше мах.145км и покрај својата огромна тежина од скоро 2тона.Првите верзии беа со дамски менувач,а подоцнежните беа со класичен менувач.Бабушка дали е жива и дали сеуште се тркала не знам,но само се секавам како се возевме како деца и уживавме во неверојатното парно и удобноста........
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дечки ... се сеќавате на возилово? Газ 24 , Волга....
Долга 4.800 , 1800 долга. За 1968ма е поприлично луксузна . Што се однесува до моторите, 2,4 и 5,5 V8. Памтам како мал дека ги имаше поприлично по улициве на градов , ама сега слушам дека имало уште една што се возела уште со 123ка мотор. Другите не се во возна состоба поради недостиг на делови. Ако имате што да кажите за колава (не да пастирате некој текст од нет, туку нешто што памтите, што сте имале ваква или возеле... ор самтинг) би било добредојдено... |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да пријателе поточно 930кг за 1300.а 1500-ката беше за 50кг потешка поради моторот.Инаку ауто со глицерински кумлунг,4 диск кочници фантазија.Ми се чудеа на регистрација каква кочница имаше Фиатот.Единствена мана му беше што немаше серво волан,но тоа се компензираше со камионскиот волан .Инаку 1980 Црвена застава пушти пробна сериај од 1000 парчиња со Перкинс дизел мотор за да се продолжи производството на овој автомобил.Но времето го прегази.Најдов на белградскиот форум тип од Белград кој во школка од 1300 има ставено мотор и менувач од Фиат132 со се мењач.Аутото е фанатзија,на рамно крева 200км/ч .Дедо мој го даде за ич пари на еден копук за 350евра со 20000км и прва боја.Ке заплачев кога ми кажа.Прв газда со еден куп резервни делови со него.Али ј..га отиде.Ептен сум со работата зафатен,но ке најдам време ко што ми изгледа за една реставрација.Така се движам низ МКД ке се ископа нешто посебно во Источна.Делови може да се набават сега барем има интернет,а прочитав дека и Црвена Застава има направено одделение за делови за старите модели на фабриката(101,фико,1300)Е сега се малку солени,ама барем се нови(зборам за лимарија)Во секој случај извонреден автомобил |
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова ми беше прво ауто а и фамилијарно, брат ми имаше 1500 а јас 1300. Тежина мислам дека му беше 930 кг, сигурно е полесно од 1 тон. |
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Какво Фичо сум сретнал вчера.... Гланц ново , и внатре и надвор. Кај еден пријател реставратор.... Ќе одам утре кај него да средуваме нешто на скутерот , па ке сме работеле нешто и на фичото. Ќе ти опишам утре нарајат што и како.
Иначе, дефинитивно се запалив пак за Шкода. 4та шкода во фамилијата, не е мала работа... Морам да побарам некоја за земање. Желбата е голема, делови в гаража на кило, потрошња минимална (7-8 градска праеше 120ката, на отворено 5.... феноменално ,а ) ... епа , ќе земам Едит: знам кај има таква Шкода. портокалова боја беше , многу стеганта , воопшто не е скапана. Утре или другиден одам да ја прочепкам Изменето од volkswagen - 06.Март.2011 во 17:42 |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кај мене сеуште непрежалена љубов i ke остане застава750.Мој прв автомобил и непрежален.Купен даменшната 1981 како најдобра серија на Црвена Застава славнаа 750ле со алтернатор .Секогаш палеше и на -20 и на +40.Никогаш за толку години возење не сум дигнал опаш па дури и на Стража во 2 напладне сред лето .Си ги истера поштени 120000км,а моторот не беше отворен.За толку години служба 2 пати ланче и една водна пумпа.Ништоо!!!!!Понекогаш знаеше да се инаети со спојките ,но и тој проблем беше решен со нови полуосовини.Е сега доага тажниот дел.Купив нова кола,и едноставно немав време да се плеткам,така да почна пополека да пропага.Го купи еден тип од Ржаничино,и така мојата застава од градско ауто кариерата ја заврши у село да влече пипер и патлиџани .Понекогаш ке се заврти некое по паркинзите,и да ти кажам ме фака криза
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе кефот ми беше баш за тој фијат што го меркав, ама кога веќе отиде сето по вода, тогаш одиме на друго.
Следно на ранг листата , според сегашниве можности и гледишта, е моето никогаш непреболено ауто , ШКОДА 120/105 Историјата на Шкода започнува во моево смејство кога дедо ми втор во градов купува Шкода 100 Стандард. Со неа поминува 150 000 километри ( на 100 000 ремонтирана) и заради позитивното искуство, во 1981ва се подновува со 105 Лукс , 45 коња , банана боја , полукожени седишта. Ја вози некаде до кај 1984та , а потоа татко ми ја зема во потполна сопственост. На 100 000 правена прва специјала, па на 130-140 000 во 1997ма цел мотор топтан сменет. Најдовме од истумбана Шкода 120ка многу понова. Е тоа беше мотор. Се сеќавам, татко ми само го отвори картерот, го исчисти од старото масло и смени дихтунг. Од тогаш моторот не направи никаков проблем. Едноставно беше генијален. Со тој мотор колата достигна 180 000 километража во 2006та. Стариот се поднови со Вектрата, а мене ми ја остави Шкодата. Од тогаш не сум слезен од кола. Колата е убавина за учење, воланот е помек од серво а кумплугот е глицерински. Со подобар залет в кривина колата фрлаше задници ко луда. Во 2006та купив уште една за делови. Иста боја, 105 Стандард. И , во 2007ма ја растурив за фарбање (не беше претходно никогаш фарбана) колку да се освежи. Ми се закрши работата, попушти глицеринската помпа, немав пари за да ја доработам а и предницата побара нови пиксни пред тоа , и во 2008ма неславно заврши во отпад школката , а моторот го продадов во Охрид и тоа е тоа. Сега , имам 3 шкоди в гаража да составам. Прва прилика и земам Шкода . Болка неизлечена за таа кола. |
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13900 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
milletrechento 12m-kata., 404 -ka., reno osmicara., so motor pozadi go narekuvavme kral na zimata ., kakoi fikoto niz sneg odeshe ko deneshnive ., suvovi., abe lugje sho vi trebeshe ovoa glava pochna da me boli
Изменето од pajser - 07.Март.2011 во 13:07 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...a, kako ne bi troshel koga i onaka alchniot motor mu beshe napred ama pogonot ,preku kardanska osovina, nazad! ..a i mnogu povekje tezeshe od samo eden ton ,kolku shto pamtam, a i na plin vekje ne znam dali ke e eftino ama ,..siguren sum deka ke bide ushte ''poeftino''( vo odnos na drugite goriva), ...tuu, da znaev ke mu go chuvav na ovoj ! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Носталгија, другар... ми пропадна планот за фијатот.... Луѓето се предомислија и викаат немало шанса да го продаваат. Ма што ќе му е кога онака скапува пред зграда.
Имаше во малово еден црвен таунус, како тој погоре. Море лудило колаа Па 2002 или 2003та беше, го метнаа в отпад... му пречел на луѓето, си имале југо не му требал кршот.... за некои бедни 200 евра еден таунус помалце. За жал... |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да да убаво е да се чуе и види дека сеуште има луге кои ги сакаат олдтајмерите.Нема да има никаков проблем да се спои темата со олдтајмери бидекји таму и припага.Денес е многу тешко посебно во Македонија да се најде добар олдтајмер.Дали поради резервните делови,дали поради немање време или нешто друго вистинските автомобили за жал скапуваат на паркинг.Еееееееееееееееееееееееее сега ми текна на нашето милетреченто како што го викаше покојниот мој татко или попознат како тристач,автомобил со кој лугето градеа куки,влечеа приколки,и којзнае што уште не.Автомобил по лиценца на тогашната Црвена застава кој ја доживеа својата втора младост.Автомобил кој беше замразен од својата потрошувачка,но и омилен поради можноста да му се стави плин.Автомобил кој знаеше да повлече и до 160км без никаков проблем и покрај неговата тежина(скоро 1тон).Имаше радио без ФМ станици и беше уживанција да се возиш со него и да замислуваш дека си во 60-те.Едноставно имаше душа.И ден денес кога ке помине некој примерок,а веке ги нема малку ме растажува,знаеш Едноставно имаше душа
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13900 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
gorenavedeniot mode e onoj vistinskiot shto go kradev noke ., ., i pravev trista i neznam kolku gluposti
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13900 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од pajser - 07.Март.2011 во 13:05 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |