Испечати | Затвори го прозорот

Олдтајмери (автомобили некогаш и денес)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5213
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 21:51
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Олдтајмери (автомобили некогаш и денес)
Постирано од: blue
Наслов: Олдтајмери (автомобили некогаш и денес)
Датум на внесување: 05.Август.2006 во 19:05
Заинтересирана сум да купам Цитроен Ами 6 од 1969, имате ли некоја информација околу цена, технички карактеристики на автомобилот..итн...
 
 



Коментари:
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 07.Август.2006 во 08:54
blue , kupi si edno golfce milo

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 07.Август.2006 во 09:28
The Citroën Ami was a series of automobiles produced by the French manufacturer Citroën from 1961 to 1978.

The Ami was a rebodied 2CV with certain mechanical upgrades to compensate for the added weight. The car came as a sedan and a wagon. This is a very small automobile by modern standards, most variants are powered by a two cylinder flat engine.

As with Renault 4, Citroën was responding to a market need for a vehicle slightly larger and less rustic than the 2CV.

Although not its commercial name, in France the Ami was often referred to as the Citroën 3CV (trois chevaux), after the Citroën 2CV (deux chevaux).

The Ami 6 sedan is distinguished by an unusual inverted rear window, similar to the contemporary Mercury in the US, or the Ford Anglia in the UK.

The Ami and the 1961 Ford Taunus were the first vehicles with rectangular (as opposed to round) headlamps.

The later Ami 8 sedan has a fastback rear window to more closely resemble the Citroën GS.

The Ami was for some years the best-selling car model in France. Some observers find the Ami 6 to be one of the ugliest cars of all time.

The Ami 6 is remembered as the (long-suffering) steed of Thomson and Thompson, the detectives in the Tintin books.

The Ami Super was a 4 cylinder variant powered by the engine of the GS and produced between 1973 and 1976.

A small series of prototype coupes, the M35 were produced as test vehicles for loyal customers - testing the Comotor Wankel engine. This engine briefly reached production form with the GS Birotor.

Famous owners of the Ami include Yvonne de Gaulle.

The Ami and stablemate Citroën Dyane were replaced by the Citroën Visa.




eve i use nekoj link

http://ami6.tacq.nl/ - http://ami6.tacq.nl/

http://http://www.citroenet.org.uk/passenger-cars/michelin/ami/ami-6/ami-6-01.html - http://www.citroenet.org.uk/passenger-cars/michelin/ami/ami-6/ami-6-01.html

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Август.2006 во 09:39
Добри се Цитроените само малку дотерување и екстра







-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 07.Август.2006 во 11:39
kako vi se bendisuva vakvo auto ne mozam da razberam

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 07.Август.2006 во 11:51
nostalgija druze......toa bea drugi vreminja....

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: blue
Датум на внесување: 10.Август.2006 во 22:10
фала дечки за коментарите...слатка количка дефинитивно...
 
него имате ли инфо која би била цената кај нас а која на запад, имајќи предвид дека станува збор за олдтајмер


Постирано од: nate^
Датум на внесување: 10.Август.2006 во 22:18
mnogu se smesni koline kako od crtan film

-------------


Постирано од: Dana
Датум на внесување: 10.Август.2006 во 22:52
blue, ke me vozis so vakvo?

-------------
Love like an angel, make love like a devil. [IMG]http://i73.photobucket.com/albums/i215/enatara/eyer.gif" />


Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 01.Септември.2006 во 22:04
а бре што си чуден.куписи едно фиат панда ама од постарите тие се 4x4 и се иста големина.

-------------


Постирано од: kokomoko81
Датум на внесување: 01.Септември.2006 во 22:08
bravo za blue ...ubavo e da imass sopstven stav i vkus ....bravo za izborot ...nekako mil i otkacen ...unikaten ....

-------------
......


Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 01.Септември.2006 во 22:10


-------------


Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 03.Октомври.2006 во 21:27
Koj e vasio omilen old timer.Ako sakate mozete da ostavite i fotografija.

-------------


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 04.Октомври.2006 во 08:04
mustang.....

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: natalija
Датум на внесување: 04.Октомври.2006 во 08:18
Лоу делам твое мислење Tongue

-------------


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 04.Октомври.2006 во 08:26


-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 04.Октомври.2006 во 08:30


-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: ultra
Датум на внесување: 04.Октомври.2006 во 09:29
Mercedes Benz 220SE Coupe






Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 05.Октомври.2006 во 20:21
Originally posted by natalija natalija напиша:

Лоу делам твое мислење Tongue




mora da e ovaa


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 28.Август.2007 во 14:59
ruskata cajka

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Carpathian Lord
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 01:02



Како и други автомобили ама овие двата најмногу

Не ги спомнав Chevy Camaro, Corvette, Volga, Mercedes SLR...итн..


-------------
OBEY THE LORD!


Постирано од: astralopitekus
Датум на внесување: 04.Октомври.2007 во 21:03
мислам the first supercar ever.... offf  каква еее!!!









-------------
__карев__


Постирано од: alekso_2000
Датум на внесување: 09.Март.2008 во 23:15
Ako stvarno si zainteresirana za ami kazi moze ke mozam da ti pomognam da najdes eden!!!

-------------
car's freack


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 23:36
Horch 830 BL
е ова ти е олд тајмер




-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 23:39
Ford Model T




-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 14:54


-------------
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 15:14


BMW 1500

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: seka
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 10:52


-------------
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 23:18


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 23:19


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 23:20


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 23:22


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 23:23


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: 10101
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 19:29
'80 Lotus Esprit Turbo



-------------
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 13:36
Бараат многу љубов, внимание и време за запознавање...
ЈА би и повторно на олдтајмер , само кога би бил малце финансиски појак колку да си го разгалам новиот миленик со една металик фарба, фелни и кожа...

Убаво, па дури и совршено звучат зборовите... „Кадет не се расипува“, „Бубата не знае за корозија“, „Голф е , не троши“ , „мече 123? нема маж што ќе ја цркни машината“...  којзнае, можеби некогаш имало вистина потполно... сега нешто мит, нешто легенда... 

И ете конечно се одлучивте за олдтајмер.... некоја замисла за многу хром, лакирана кожа во внатрешноста , гуми со бела трака и фарба во стил Ал Капоне, дупли фарови и агресивна предница .... привлечно....

Кој и Што при купување олдтајмер?

Најчесто се купува модел со кој си поврзан на некој начин или посебно ти се допаѓал некогаш (дедо ти на времето имал, си видел ко мал на саем, таков ти бил првиот автомобил, те потсеќа на некоја маричка легенда итд...).... Сето тоа ОК, само не се затрчувајте по „модел од соништата“ како што е комбето VW Т1 , Citroen DS, Mini Moris или така нешто... обично за да набавиш добар примерок ти треба салам длабок џеб, а за да го одржуваш ти треба полна гаража делови (кои веќе и ги нема) за него... 
Битно е и да може да се импровизира со деловите.... да речеме еден примерок на vw passat b1...   Моторот од 1300 кубици се произведува до кај 2000та година... така да никогаш нема да биде проблем да се снабдите со ребраст, карики, радилица, цилиндри , декла....  дискови, плочки, бандаши , волан.... ништо суштествено не е променето дооолги години.... Обичен veber карбуратор (оној кај застава) врши работа и се монтира на фабричката усисна грана... лесна работа....


За Citroen 2CV главен проблем се пневматиците.... скоро и да ги нема ... такви танки, високи на никого не му требаат освен на сопствениците на моделов.

Одберете поскап... заборавете ја идејата дека ќе купите врекован уникат за 50 евра и потполно ќе го обновите, како би заштедиле некој денар....   Таму каде што е длабоко оштетена лимаријата веќе и не вреди да се инвестира , затоа што под неа се кријат уште милион други дефекти... додавани жици, стари гумици и лагери , истрошени амортизери , продуван мотор, и сајли пред кинење....
Само средувањето на лимаријата ќе ве кошта мооогу живци и потрошено време (пари не ни спомнувам). Со таков модел ризикувате и возилото да ви остани дома неподвижно и никогаш да не ги најдете некои делови, оние кои скоро никогаш не се сменуваат како што е мењачот...

Побарајте го од повозрасна особа или од сопственик кој делува сериозно и се однесува грижливо спрема колата ( „Полека со вратата, немој да ја лупаш , нежно затвори ја изнервираност “) ... полн погодок е кога ќе затропате на портата кај сопственикот и ќе излези постар дедо што ќе ве насочи кон својата сива и топла гаража каде што миленикот „живее безгрижно“...  но тука следи разговор за висока цена... и за Ченто, Тито или за патувањето во Дизелдорф од каде што ја купил колата... наоружајте се со нервиплазење... и не пропуштајте....

Одржан, па одржан....
 

После 30 години ја нагризала корозија... нормално...
Да се помириме со фактот дека секоја кола под `80 та обично има барем 2 фарби над фабричната за сега да биде во солидна состојба... Нефарбан модел е како 7 на лото па колку и да е лоша бојата (избледена и без сјај)...голема%20насмевка
Често се сменувани и месечини, кошови , прагови...  тоа е во ред ако го правел професионалец и ако се ставени оригинални делови (од моделот, а не преправани од друга кола или само доваруван плех)....

Ако заприметите варови на трапот (потпирањето) , рамења, амортизери избегнете го автомобилот...



Скоро сите имаат километраж со 5 цифри , така да колку и да се колни продавачот на точноста на километражата од (пр.) 45 000 километри ,тоа е колометража за кола од 5 години , а со нашиве услови за купување нова чисто се сомневам дека некој имал уште 5 други , па навистина ја возел само до пазарче и назад оваа  претходните 25-30 години.... хм....замисленост А ако баш толку инсистира... само кажете му ДОБРО и не објаснувајте му ништо повеќе... колата сама ќе си кажи по изгледот...

Најбарани...  Пошто често се користат и како секојдневни автомобили , најбарани се оние што крепат мнооогу возење или се бескрајно фацлести па никој не може да му одолее...

Приматот сеуште држи бубачката...

Поготово онаа која назад има натпис „ VW KAFER 1200“ а под хауба „achtung“.... Е таа има вистинска вредност...љубов а и другата не е лоша....


Најчесто си бара нова фарба, на неколку места одоздола да се затнат дупките со писа , средување на тапацирот внатре и да се растрчате за да побарате некои детали (како што се никловани раткапни) и да тркните до макпетрол за да си склучите договорплазење
Позитивни страни: тоа што има доволно делови од страна лимарија, многу издржлив мотор што не загрева и квалитетна завршна изработка

Негативни страни: Висока потрошња , недостига влечна сила и често сопственикот има чепкано повеќе од колку што треба...

Следно место на нашиве простори и најсакан кај љубителите на Super Muscle....FORD TAUNUS ...

Зафатнина од 1600 кубици , до кај 2000...  Кој би рекол дека не е Американец....   заден погон, долга муцка , специфични линии и мнооогу хром во постарите верзии... заедно со помалиот му брат, Ford Capri...  Сите го сакаат а ретко кој го купува... За одржување малку потешко, но кефот кој го прави те тера да ги заборавиш парите што си го вложил... секако, ако налеташ на добар примерок, во спротивно ќе ја замразиш цела фамилија на форд...голема%20насмевка
Позитивни страни: Прав убавец, шармантен , неспецифично за германец, делува како мустанг и има широка понуда на каросериски форми, мотори , тапацири и фарби.... слаткољубов
Негативни страни: Токму тоа што има многу различни модели прави да не можеш да најдеш дел.... А лимарија нема ни за лек...тага Штета, за толку добра кола....  А моторот рамнодушност... секогаш можеш да ставиш 1.6 од ескорт за добра забаванамигнување

Трето место е фамилиарниот... Opel Kadett C 1.2
Страшно добриот и економичен мотор го истакна кадет меѓу најдобрите....

Но покрај тоа, корозијата е немилосрдна спрема него како и спрема другите модели на Опел... Варови, крпеници, додавани плехови и душпки на крилата се вообичаен призор... кадет што стоел 20 години пред зграда.... А моторот не сака да застани...
живо се врти, произведува екстремно интересен звук и и сака полна педала ... за жал, само в место... не отворен пат е многу поинаку со неговите 32kw..... И како што германците се одлучуваа за следната генерација, нашиве се одлучуваа за половниот кадет Ц од Германија, па сега имаме доволно вакви и никогаш нема да бидиме „страдни“ за делови.  Затоа што и тогаш на некого му требаше кола за чалем низ град , се увезоа и кадет купе модели што изгледаат слично како muslcle carголема%20насмевка
Позитивни страни: бесмртен мотор и мењач (поготово тоа автоматикотљубов) , има доволно делови и можи да се импровизира,  прифатлива цена од некои 700-800 евра за супер сочуван модел и 4 форми на каросеријата ( 2 врати, 3 врати, 4 врати и купе)...
Негативни страни: Недостига сила ако сакаш малку повеќе да брзаш, многу лесно го нагризува корозија ако не е одржуван, ужасно лоша палета на фабрички бои, често има солена километража и скоро невозможно е да се најди без 3ца сопственици и 2-3 фарби под таа...

Убав, голем, комотен... Mercedes W123 240D

„ Шта че те професоре... то је мечкина нарав,  није то ова корњача, знате“.... Обично првиот сопственик е некој „Жика“ кој се вратил од печалба од Германија па со себе си го донесол крваво заработениот Мерцедес... Сепак, затоа што претходно се возел во воловска кола тешко му е да развие осет на педалата, па често лимаријата е направена „размештај“ на неколку наврати... раткапни, оригинални ретровизори и бандаши заборавете, натписот „MERCEDES 240D“ назад одамна е паднат , а хаубата и едната врата се во различна боја... тоа се најголем број од случаите...Таков модел се најдува за ефтина пара...
Моделите кои имале повеќе среќа ќе траат цела вечност... не се скапи но потешко се најдуваат... 2400 кубици, а едвај некои 70-75 коња... нели е тоа малкузбунетост Малку е кога возиш на автопат, супер е кога стигнеш на бензинска, а ужасно кога влезеш во АМСМ за регистрација....  Моторот е бесмртен, нема да имате потреба ни да ја отворите хаубата освен ако не ја отвори некој друг барајќи акомулатор или нешто слично... 
Сепак... ако го обоите во некоја сребрено-океанска металик боја и ставите убава кожа на седиштата ќе имате одличен модел што ќе можите да го возите секојдневно без многу грижи....намигнување
позитивни страни: екстра квалитет, многу простор, секој детал е правен за цела вечност (вечност од 500 000 километри...), ниска потрошња, цврста каросерија, нормална цена на резервни делови и добро име....
негативни страни: малку е слаб за таа тежина , фали уште еден степен на пренос,  ретки се одржаните модели , и малку лошо стои со години...


и „корњачата“ 2CV....

Ја сакаат децата, мајките, тинејџерите... Со подвижен покрив и изглед како да е постара барем 30 години од што е навистина.
Внатре е некомотна и непријатна, потпирањето е претерано меко и непријатно за долги патувања....Сепак шармот е на прво место и повторно многу се бара на пазарот...
Моторот е квалитетен и има добар звук , но со своите 600тини кубици е слаб за секоја угорница.
позитивни страни: Симпатичен, делови лесно се најдуваат, специфична градба и машина...
негативни страни: има многу... тага ме мрзи да пишувам.... Пред се, кажав, лошо градена внатрешност, гуми тешко се најдуваат, и меко потпирање... со делови нема импровизации и наддавање... тјунинг скоро и да е невозможен, а повеќето од моделите пропуштаат вода од гумените  затворачи....
....


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 04.Февруари.2011 во 20:35
Тема оддамна заборавена и шутната под тепих Сега се високите технологии во игра,но да не заборавиме дека сите технологии кои ги имаме сега и гаџети во нашите автомобили се внесени оддамна во автомобилите кои сека и кој малку ги памети.Мало потсетување и освежување на меморијата.
1.БМВ системот за вбригување или ајншприц со моделот 2002Тии 196?
2.МЕРЦЕДЕС АБС систем или систем за кочење 198?
3.АУДИ 4вд или погон на сите 4тркала 1986?
итн.....
Да не ги заборавиме домашните или екс ју автомобили кои го моторизираа македонскиот народ,некои научија на нив да возат,првата девојка ја бакнале......
Тема која барем за мене заслужува почит.Едноставно тие коли имаат душа.Нема клима,нема централна,нема цд,нема абс,нема аирбаг,нема серво,нема греач на стакло,нема електрика на ретровизори,,,,итн.Ама затоа има саух,има верглање дур не запали со сите пцости кои постојат во моментот да ти ....ова,да ти она,кој те направи,има звук на дупнат ауспух и чувство дека возиш машина од 100коња,има волан ко на камион и развиваш мускули,има радио кое фака само ако не се движиш,има менувач кој не знае каде е прва а каде рикверц,има парно кога сака(само во лето),има греач на стакла(кога нема да пали па ја буткаш)Е тоа беа времиња.......
Респект за олдтајмерите....


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 11.Февруари.2011 во 21:06
Да не ги заборавиме и сега екј ју автомобилите кои ја моторизираа македонската нација која патем речено сеуште бар за некој тагува по тие возила.Јас лично бев сопственик на ситем модели кои излегоа од Црвена Застава и за жал сеуште сум на некој начин емотивно врзан за нив посебно кога ке видам некој модел кој е па скоро стар како мене а е во добра состојба.Но да почнеме од почеток.ж
1.За мене на прво место и сеуште во срцето и на задната полица од мојата лимузина(БМВ 320д)легендарната застава 750.Модел произведен далечната 1955 од фиат веднаш ги освои срцата на сие на саемот во Женева.Истиот модел со сосема мали измени се произведуваше во Црвена застава до1986-87 кога и последните модели се симнаа од монтажната трака.Модел кој не нудеше ниту брзина ниту комфор туку едноставно стана омилен втор автомобил во тогашната Југославија.Постарата генерација на македонски тркачи токму своето искуство го стекнаа со овој модел кој добро среден со делови во стилот како ке се снајдеш знаеше да извлече и до 160км невообичаено за мотор кој има нецели 767цм.Тие што го имале знаат добро што значеше спојка а надвор врне или има снег .Во поново време ги правеа веке со зглобови од 101 но тогаш беше така,нели.Се спушташе многу лесно да има изглед на спортски автомобил со нормално среден аусух да будиш комшии и едноставно имаше душа.Знаеше да се заинаети кога ке врне да не сака да запали,или преку зима внатре со цел арсенал на крпи и други предмети за гребење на мраз за да нормално можеш да гледаш каде возиш Најлесен автомобил за крадење и за лудување по скопските улици и единствен автомобил кој може да вози со бензин ставен во лименка од кока кола 0,33(од лично искуство од центар до бисер).Денес се помалку ги има,ретко може да се најде сочуван примерок.Делови за нив сеуште има освен лимарија која и не е тешко да се среди кај добар мајстор.
2.На второ место југословенскиот мерцедес или уште една лиценца на фиат легендарната застава 1300 или за многу луге единствениот квалитетен примерок излезен од Црвена застава.Модел кој нудеше комоција,сила за влечење разноразни приколки за песок,одмор и сл. и портошувачка која можеа и американските коли да му завидат хехехехехехехе.Преку зима знаеше и до 18литри под саух.Задниот погон и неговиот карактеристичен звук кој го добиваше од неговиот долг ауспух знаеше да ги изненади сите на некој семафор.Возило со серво кочница која беше нешто невидено за свое време а тоа беше 4 диск кочници,менувач кој имаше од од добри 15-20цм и доста тром на поагање поради својата тежина(скоро 1тон)но со крајна брзина од 165км а моделот 1500 и до 170км беше недостижен за другите.Го замразија поради потрошувачката за жал,но својата младост за жал не ја дочека со плинот.Скоро веке ги нема по некој модел само може да се види во Источна Македонија.Делови за нов нема освен половни,околу кочниците системот е како кај 101,предницата нешто е како кај лада,каросериски делови нема освен по порачка кои се скапи(прашувавме во Црвена застава предно крило 120евра )
3.Застава 101хммммммммммммм,никогаш признаен модел од фиат,зошто не знам.Основата земена од тогашниот модел на фиат/фиат 128 после произведуван како застава128,модел кој во тој период беше освежување на тогашниот пазар.Модел со нова линија,преден погон,комфорен.Првите модели се дамнешната 1971 и тоа 1000парчиња пробна серија.Продадени за 4дена До 2002 скоро неизменет се произведуваше во Црвена застава.Модел кој некои го фалеа,некои фрлаа со дрва и камења но секој со свој вкус.нели.Едноставен за шминкање и за тјунинг.Со двогрлиот Вебер и 4-2-1 ауспух вадеше 61кс и доста темперамент.Потоа застава го извади моделот 1.3 со 75кс кој беше веке и за поагресивно возење.Најдобрите модели се 1979-1981 во кои што спага и моделот специјал кој модел беше наменет за извоз.Само неколку илјади парчиња останаа во продажната мрежа со фабричка мана(лоша боја и сл)кои на лугето не им пречеше бидејки беше произведен за западен пазар,со квалитетни делови.Модел со алу.фелни,обртомер притиско на масло и сл,работи со мотор 1.3 и со две врати нудеше нешто повеке во тој период.Денес сеуште ги има кај нас,делови во апотека од лимарија,мотор сл.Се наогаат убави модели сочувани за своите години и нормално на плин
4.Југо хмммммм,модел 100посто на Црвена застава со кратка Американска авантура Популарен кај младата популација која е финансиски ограничена,популарен кај младите таленти во автомобилизмот,лесен за тјунинг,стајлинг.......Квалиеттот не му е јака страна,ниту комфорот а камоли потрошувачката хехехехехе,но ете одомакинет на нашите простори.Со застава 101 базирани на иста основа само со поајка каросерија.Сеуште се возат кај нас,делови колку сакаш,доста средени примероци има низ градот.2008 Црвена застава го прекина неговото производство но има најава за негова замена комбинација каросерија фиат пунто останато југо(стариот карбуарторски мотор 1116цм-55кс)Останува да видиме,нели


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 14:11
конечно некој во темава...
Само да спомнам дека има релативно големи шанси да ќарам (не знам за колку време, чекам сопственикот, иначе мој роднина, да купи нешто поново... најверојатно за брзо време ќе биди) Фијатка 1300...
се работи за класичниот модел, не онај де лукс....   Бела боја (се води „Грао“ ама е фрбан пред 15тина години) , црвен кожен ентериер воопшто неоштетен, со дамски менувач  , бандашите фабрички со комплет раткапни исто така фабрички...


Од 1971ва година кога е купен до 2007 беше кај истиот сопственик, на таксот пишуваше 30 000 и најверојатно тоа е вистинска километража пошто кога родниниве го купија внатре мирисаше на нова, ги имаше фабричките гуми и ништо не беше оштетено на него освен едно жмигавче што беше скршено. Платен бедни 350 евра затоа што не можеше да запали (во прашање беше закочен клип во цилиндарот што со подмачкување се среди....

Сега колата има (мислам) 45 000 поминато, ама надворешноста е пропадната поприлично ( долу на прелапот меѓу кошот и патосот  и на челниот лим проби корозија , а и хромираните делови покажаа дамки)...

Со малку фарбање , крпење и шминкање ќе направам добар примерок од него... 


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 22:25
Пријателе многу ке ти бидам љубоморен зошто срцето ми плаче за ТРИСТАЧ .Инаку за тој дел не се секирај многу,мојот беше на кошевите напред до прагчето полн со пур пена и тераше.Најмногу гледај на носачите на балансштанглата каде е врзана со каросеријата,тоа е единствениот слаб дел зошто е направен од правоаголен профил и е затворен,така да и малку да влезе вода,веднаш покажува корозија.Кај 125ПЗ е решено со отворен тип на носач,па затоа и не скапуваат таму.Околу моторот не се секирај многу делови половни има сеуште кај овие што растураат стари тристачи.Предните шепи со се плочки ти се исти како кај 101/југо,единствено задните кои се исти како и предните само се подебели,така да предните кога ке ги потрошиш ги ставаш позади,а напред нови и нон-стоп кочница екстра Ламелата иста е како кај лада само мал дреарски зафат(300денари).Горна јабучица и долна како кај лада.За централна спона не сум сигурен,кратките исто како кај лада,само за средните мораш на репарација.Ако не си со пари за плин во опција се две варијанти.
1.Карбуратор од 101/југо со максимална до 120км и градска до 10 литри
2.Карбуратор од буба 1200 со кој имаш градска околу 9литри и нормална крајна 160км(мојот беше со карб.од буба и работеше прекрасно)
Прагчињат кај секој добар лимар ке ти ги направи нема кривини и други зезанции.Средниот лонец ти е ист од лада сите модели освен самара,а задниот по избор(кај мене беше од југо55 напасиран со држач и тераше долго време.Во принцип и нема кај него што да се расипе.Свекички само шампион N9YC ако сакаш палење од прва хехеххехеехех.За платината само транзисторско палење од Бугарија(јас го купив во кустендил 15евра)За сјај на браниците само со полир паста од SONAX за алуминиум и хром,резултатот гром Задните светла со 1000 шмиргла и многу пот,хехехехех а за на крај тенок слој од лак за чамци и хаоссссссссссс.Прекрасен избор на олдтајмер и прати некоја фотка кога ке го земеш.ок.Поздрав


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 22:42
Не, не , непраговите се недопрени, кошовите нечепнати, само каде што се спојуваат плеховите појавило.... Назад лиснастите воопшто не се пропаднати... задницата е дигната како од фабрика да е излезен сега... Генијално одржаван 36 години , и 4 години чмаење пред зграда... Гумите се уште фабричките на него, делови се купувани само од 300тка, единствено карбураторот е со единачно грло...

Се расправам со половњаци под 1985та , т.е. старудии, веќе подолго време... лимар немам посетено од ко го заварувавме ауспухот на опелот.....

крпам сам , поправа, менувам карбуратори, гуртни, ламели, фарбам, тапацирам,       па оваа машина ќе ми дојде како мелем, пошто ќе сака само 5 потези со шпакла кит и троа мацнување со бела боја...
Малку разговаравме денеска... можно е да се одолговлечи, но кога и да е еднаш фиатот ќе дојде кај мене, па макар по 10 години нека биде...

И... финална работа... тоа што тешко му паѓа на сите мераклии: Не се врзувам за колите....
Точно пред една недела ( баш во неделата беше) дадов класик Ауди 80 од 1974та , салун верзија...

И фиатот нема да биде вечен... ако испадне така генијален брзо ќе му најдам сопственик што ќе го чува повеќе одколку јас.... ќе го шитнам на некој мераклија...

Желбата ми е мене за Кадет Ц 1.2 купе.... изгорен сум за таа кола... Ако најдам таков добар, тешко дека ќе го продадам некогаш...


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 19:21
Е па пријателе за кадет Ц 1.2 купе тешко ке најдеш во Македонија освен некој примерок кој за жал си го отпеал своето.Кај мене у маало чмае кадет А 1.2 купе некаде е помегу 1969-70 модел.Стои онака само зафака место .Сопственикот од кога зборува дека ке го оспособува но никако да почне.Инаку кај нас се распространети 1.2 салон верзија,а купе верзијата и слабо ја има.Јас би ти предложил Опел Монца или купе верзија на Опел сенатор и тоа 3.0 стого шестак у линија да осетиш снага хехехеххехе.Тие модели се произведуваа до 1988 така да може да се најде некој добар примерок.Знам дека со лимаријата имаа доста проблеми(слаба завршна обработка несвоствено за Опел),но затоа останатото е супер.Јас како млад ја имав најшиптарската кола Опел Манта ГТ/Е модел 1987 со мотор 2.0(истиот мотор го вградуваше Опел во Вектра А само со директно вбризгување).За мене најубав Опел до сега излезен и како дизајн и како модел.А тоа зошто не се врзуваш емотивно за автомобилите посебно олдтајмери,тоа е веке друга работа,нели.Олтајмерот како поим има свој шмек.Ако не извалкаш раце со масло или ако нема трунка нервоза кога не пали па мораш да дигаш хауба нема шмек.Јас имав исто како тебе работа со олдтајмери(да не речам кршеви хехехех)но сите тие коли ми будат спомени.Сега кога возам добар автомобил,нема филинг.Отварам хауба само да дотурам вода у брисачи,и буљам ко теле Не смееш ништо да чепнеш сам.Само влези запали и вози се.Тишина и само тишина.Нема бучење од ауспух,нема тресење на гуми,нема промаја хехехех.Нема штимунг брат.Но со срека во твојата потрага.Јас сум во потрага по добар примерок на застава 750,едноставно ми лежи на душа.Ке најдам нешто па ке пуштам слики.Поздрав


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 20:02
Повеќе од солидни примероци на Кадет Ц (да речам солидни коли достојни за предизвикот „мој миленик на 4 тркала“) ми се премотувале околу мене... е сеа , ако имам среќа ќе начекам и Купе (а , ги има), ако не ќе морам да се задоволам со салун или седан верзија која ќе ја најдам во солидна состојба по брза постапка.... хехе... мастор сум станат за наоѓање старудии.... сега кога го дадов аудиот можев да земам кадет Ц наместо скутерот , ама ете, сплет на околности и го зедов моторчето....глупчо

За ретка кола не се одлучувам повеќе никогаш (барем не додека сум послаб финансиски) .... аудиот страдаше за крила и прагови, ама ЈБГ , немаше шанса да му ги удоволам потребите.  Здравје боже , да го продадам моторов и ќе одлучуваме тогаш што ќе се зема , само да не е крпеници и да има делови....

Инаку на ранг листа , после кадетот следува Буба, ама ќе видиме трепкање

За фиќо убаво ќе ти најдам ако си мераклија, ама кажи ми прво што подразбираш под УБАВО? Нефарбано? Неудирано? Оригинален мотор?  или евентуално контраш (имам еден на пик земено , ама газдата не го продава моментално) ??? Кажи малку повеќе опиши....


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 21:46
Па да е во солидна состојба да е со 3000км и прва боја по можност .Се шегувам.Да е во возна состојба и најбитно од се каросеријата нормално со ситни лимарски зафати,нели.Делови имам за фико уште едно да склопам кај мајка ми во подрум(само вика по мене.....си купи убава кола фрли го губрето)Околу моторот немам проблеми,под мишка и дома на маса хехехехехехех.Мерак ми е ама нема во Македонија,се утепав тражејки единствено во Битола да потражам поинтензивно,бидејки Битолчани во екс-југославија беа големи мераклии на убави и ретки автомобили.Инаку црвена застава кон почетокот на 80-те пушти една серија од не ме држи за збор 1000 парчињљ застава 850 спорт пред прекинување на производството на фикото серија со предни диск кочници од застава 900ак комбе и шал-табла од 126 пегла.Моторот беше мислам од фиат уно фире 1000 со 45кс сличен на југо 45.Беа со 13 бандаш од 101/југо со фабрички зглобови,модифицирани седишта и најбитно бравите беа како на југо.Едно имам видено во Белград ланската година кога бев,но за жал скапува некаде беше кај Калемегдан.Тешко да некој примерок дошол во Македонија зошто ние бевме малку дегардирани во однос на другите.Овој модел беше обид да идните автомобилисти со сосема мали преправки влезат во тогашната национална класа.Но како и да е ке се задоволам со добар примерок посебно ако е 850(на прав дел сме ја возеле 130км,и ни се скина сајлата .Ако имаш нешто пиши па да стапиме во контакт.Поздрав


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 24.Февруари.2011 во 22:46
Кој повеке кој помалку ги памти постарите автомобили кои се тркалаа по нашите улици некогаш и сега кога секој автомобил се повеке личи на Пентиум4 него на вистински автомобил.Јас лично ми се крева адреналинот кога ке видам некој постар модел на пример,Бмв или Опел со перформанси што и денешните автомобили може да им завидуваат.Нема електроника нема АБС,ЕСП и слични работи ,туку е спој на сурова сила и чиста механика.Денешните модели на автомобили се повеке личат еден на друг(copy-paste),дизајнот е веке сведен на едно исто,едноставно немаат душа!!!!!!!!!Едноставно дизајнот е веке исцрпен па затоа сите компании веке се ориентираат на ретро стил.Фиат со фиат500,мини моррис,волксваген,а во план се и цитроен со спачек и рено со легендарната рено4.Јас лично би одбрал нешто во стилот на ланчиа делта или рено 5гт турбо кои се навистина икони во автомобилскиот свет.Но за жал веке не е така.И новите ретро модели се преполни со електронски помагала кои го уништуваат целокупниот впечаток за тоа возило.Најоригинален пример за мене е новата ланчиа делта.Како автомобил немам коментар,дури имав прилика и да се возам во една,но од синонимот ДЕЛТА ама нема баш ништо!!!!!!!!!!!Очекуваш кога ке се спомне името спој на сурова сила и спортски дизајн,но очекувањата се сосема други.Добиваш автомобил кој не е за потценување,но не го заслужува името ДЕЛТА.Слично е и со другите модели кои барем се обидоа да го задржат барем тој ретро дизајн.Поминати се времињата на турбо ера и сурова сила.Сега се оди на хибриден погон,па електроника еден куп итн.

Се надевам дека некоја од компаниите ке се сети дека некогаш се возеле вистински автомобили кои оставиле печат во автомобилскиот свет.Дури и Мерцедес не е она што беше.

Се надевам дека ке дискутираме на оваа тема


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 25.Февруари.2011 во 21:22
Ne deka sum nekoj golem ljubitel na motorni vozila...
Ali ne mi ide temava bez ovoj голема%20насмевка
-Sharmerot DS 19 takozvani Ajkula...голема%20насмевка







I ovoj moram da go dodadam (mislam deka e Opel Manta)










-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 02:39
носталгија, го делиме истото мислење, фала богу шо сеуште има некој што знае што е кола со вистинска душа да

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 13:33
  definitivno najdov istomislenici






-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 17:00


-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 17:03
gorenavedeniot mode e onoj vistinskiot shto go kradev noke ., ., i pravev trista i neznam kolku gluposti


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 20:19
Да да убаво е да се чуе и види дека сеуште има луге кои ги сакаат олдтајмерите.Нема да има никаков проблем да се спои темата со олдтајмери бидекји таму и припага.Денес е многу тешко посебно во Македонија да се најде добар олдтајмер.Дали поради резервните делови,дали поради немање време или нешто друго вистинските автомобили за жал скапуваат на паркинг.Еееееееееееееееееееееееее сега ми текна на нашето милетреченто како што го викаше покојниот мој татко или попознат како тристач,автомобил со кој лугето градеа куки,влечеа приколки,и којзнае што уште не.Автомобил по лиценца на тогашната Црвена застава кој ја доживеа својата втора младост.Автомобил кој беше замразен од својата потрошувачка,но и омилен поради можноста да му се стави плин.Автомобил кој знаеше да повлече и до 160км без никаков проблем и покрај неговата тежина(скоро 1тон).Имаше радио без ФМ станици и беше уживанција да се возиш со него и да замислуваш дека си во 60-те.Едноставно имаше душа.И ден денес кога ке помине некој примерок,а веке ги нема малку ме растажува,знаеш Едноставно имаше душа


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 20:56
Носталгија, другар... ми пропадна планот за фијатот....  Луѓето се предомислија и викаат немало шанса да го продаваат. Ма што ќе му е кога онака скапува пред зграда. 

Имаше во малово еден црвен таунус, како тој погоре. Море лудило колаа изненадување Па 2002 или 2003та беше, го метнаа в отпад... му пречел на луѓето, си имале југо не му требал кршот....   за некои бедни 200 евра еден таунус помалце. За жал...


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 21:35



...a, kako ne bi troshel koga i onaka alchniot motor mu beshe napred ama pogonot ,preku kardanska osovina, nazad!
..a i mnogu povekje tezeshe od samo eden ton ,kolku shto pamtam,

a i na plin vekje ne znam dali ke e eftino ama ,..siguren sum deka ke bide ushte ''poeftino''( vo odnos na drugite goriva),

...tuu, da znaev ke mu go chuvav na ovoj !тага



-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 11:48
milletrechento 12m-kata., 404 -ka., reno osmicara., so motor pozadi go narekuvavme kral na zimata ., kakoi fikoto niz sneg odeshe ko deneshnive ., suvovi., abe lugje sho vi trebeshe ovoa glava pochna da me boli

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 11:50
Абе кефот ми беше баш за тој фијат што го меркав, ама кога веќе отиде сето по вода, тогаш одиме на друго.

Следно на ранг листата , според сегашниве можности и гледишта, е моето никогаш непреболено ауто , ШКОДА 120/105




Историјата на Шкода започнува во моево смејство кога дедо ми втор во градов купува Шкода 100 Стандард. Со неа поминува 150 000 километри ( на 100 000 ремонтирана)  и заради позитивното искуство, во 1981ва се подновува со 105 Лукс , 45 коња , банана боја , полукожени седишта. Ја вози некаде до кај 1984та , а потоа татко ми ја зема во потполна сопственост. На 100 000 правена прва специјала, па на 130-140 000 во 1997ма цел мотор топтан сменет. Најдовме од истумбана Шкода 120ка многу понова. Е тоа беше мотор. Се сеќавам, татко ми само го отвори картерот, го исчисти од старото масло и смени дихтунг. Од тогаш моторот не направи никаков проблем. Едноставно беше генијален. Со тој мотор колата достигна 180 000 километража во 2006та. Стариот се поднови со Вектрата, а мене ми ја остави Шкодата. Од тогаш не сум слезен од кола. Колата е убавина за учење, воланот е помек од серво а кумплугот е глицерински. Со подобар залет в кривина колата фрлаше задници ко луда. Во 2006та купив уште една за делови. Иста боја, 105 Стандард.  И , во 2007ма  ја растурив за фарбање (не беше претходно никогаш фарбана)  колку да се освежи. Ми се закрши работата, попушти глицеринската помпа, немав пари за да ја доработам а и предницата побара нови пиксни пред тоа , и во 2008ма неславно заврши во отпад школката , а моторот го продадов во Охрид и тоа е тоа.  Сега , имам 3 шкоди в гаража да составам. Прва прилика и земам Шкода љубов. Болка неизлечена за таа кола.сршено%20срце


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 14:47
Кај мене сеуште непрежалена љубов i ke остане застава750.Мој прв автомобил и непрежален.Купен даменшната 1981 како најдобра серија на Црвена Застава славнаа 750ле со алтернатор .Секогаш палеше и на -20 и на +40.Никогаш за толку години возење не сум дигнал опаш па дури и на Стража во 2 напладне сред лето .Си ги истера поштени 120000км,а моторот не беше отворен.За толку години служба 2 пати ланче и една водна пумпа.Ништоо!!!!!Понекогаш знаеше да се инаети со спојките ,но и тој проблем беше решен со нови полуосовини.Е сега доага тажниот дел.Купив нова кола,и едноставно немав време да се плеткам,така да почна пополека да пропага.Го купи еден тип од Ржаничино,и така мојата застава од градско ауто кариерата ја заврши у село да влече пипер и патлиџани .Понекогаш ке се заврти некое по паркинзите,и да ти кажам ме фака криза


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 17:34
Какво Фичо сум сретнал вчера.... изненадување Гланц ново , и внатре и надвор. Кај еден пријател реставратор.... Ќе одам утре кај него да средуваме нешто на скутерот , па ке сме работеле нешто и на фичото. Ќе ти опишам утре нарајат што и како.

Иначе, дефинитивно се запалив пак за Шкода. 4та шкода во фамилијата, не е мала работа...
Морам да побарам некоја за земање. Желбата е голема, делови в гаража на кило, потрошња минимална (7-8 градска праеше 120ката, на отворено 5.... феноменално ,а збунетост ) ... епа , ќе земам голема%20насмевка

Едит: знам кај има таква Шкода. портокалова боја беше , многу стеганта , воопшто не е скапана.  Утре или другиден одам да ја прочепкам



-------------


Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:52
Originally posted by brza brza напиша:

...a, kako ne bi troshel koga i onaka alchniot motor mu beshe napred ama pogonot ,preku kardanska osovina, nazad!..a i mnogu povekje tezeshe od samo eden ton ,kolku shto pamtam,a i na plin vekje ne znam dali ke e eftino ama ,..siguren sum deka ke bide ushte ''poeftino''( vo odnos na drugite goriva),...tuu, da znaev ke mu go chuvav na ovoj !тага

Ова ми беше прво ауто а и фамилијарно, брат ми имаше 1500 а јас 1300. Тежина мислам дека му беше 930 кг, сигурно е полесно од 1 тон.


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 23:27
Originally posted by Pavaroti Pavaroti напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

...a, kako ne bi troshel koga i onaka alchniot motor mu beshe napred ama pogonot ,preku kardanska osovina, nazad!..a i mnogu povekje tezeshe od samo eden ton ,kolku shto pamtam,a i na plin vekje ne znam dali ke e eftino ama ,..siguren sum deka ke bide ushte ''poeftino''( vo odnos na drugite goriva),...tuu, da znaev ke mu go chuvav na ovoj !тага

Ова ми беше прво ауто а и фамилијарно, брат ми имаше 1500 а јас 1300. Тежина мислам дека му беше 930 кг, сигурно е полесно од 1 тон.

Да пријателе поточно 930кг за 1300.а 1500-ката беше за 50кг потешка поради моторот.Инаку ауто со глицерински кумлунг,4 диск кочници фантазија.Ми се чудеа на регистрација каква кочница имаше Фиатот.Единствена мана му беше што немаше серво волан,но тоа се компензираше со камионскиот волан .Инаку 1980 Црвена застава пушти пробна сериај од 1000 парчиња со Перкинс дизел мотор за да се продолжи производството на овој автомобил.Но времето го прегази.Најдов на белградскиот форум тип од Белград кој во школка од 1300 има ставено мотор и менувач од Фиат132 со се мењач.Аутото е фанатзија,на рамно крева 200км/ч .Дедо мој го даде за ич пари на еден копук за 350евра со 20000км и прва боја.Ке заплачев кога ми кажа.Прв газда со еден куп резервни делови со него.Али ј..га отиде.Ептен сум со работата зафатен,но ке најдам време ко што ми изгледа за една реставрација.Така се движам низ МКД ке се ископа нешто посебно во Источна.Делови може да се набават сега барем има интернет,а прочитав дека и Црвена Застава има направено одделение за делови за старите модели на фабриката(101,фико,1300)Е сега се малку солени,ама барем се нови(зборам за лимарија)Во секој случај извонреден автомобил


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 07.Март.2011 во 17:37
Дечки ... се сеќавате на возилово? Газ 24 , Волга....



Долга 4.800 , 1800 долга. За 1968ма е поприлично луксузна . Што се однесува до моторите, 2,4 и 5,5 V8. Памтам како мал дека ги имаше поприлично по улициве на градов , ама сега слушам дека имало уште една што се возела уште со 123ка мотор. Другите не се во возна состоба поради недостиг на делови.


Ако имате што да кажите за колава (не да пастирате некој текст од нет, туку нешто што памтите, што сте имале ваква или возеле... ор самтинг) би било добредојдено...голема%20насмевка


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 16:59
Сакаш конкретни информации за ГАЗ Волга.Сега пријателе ке ти постирам од прва рака информации не од нет.Пораснав мо механичарско маало каде сите имаа гаражи и нешто по цел ден чепкаа нон стоп.Ги памтам скоро сите коли кои доагаа кај мастор Ристо,механичар во ЈСП кој ги поправаше за 10-ка со кромид и Скопско од 0,5 .На лугето не им беше за пари туку за дружење и гледање сеир.Е тој мајтор Ристо имаше Волга или како што ја викаше нагалено БАБУШКА .Таа бабушка памтам беше купена на некоја лицитација од некое државско претпријатие како расход.Колата беше некоја сива боја,патем како сите тогашни Источни возила.Оооооооооооооооооогромен комфор,амортизација ко кадилак,хаоооооо.Како деца ке не качеше позади,а јас како најстар напред.Имаше мотор од 2.2литри со скромни 75КС но со огромен вртлив момент и сила да повлече тенк.Моторот кој го имаше беше развиен од старио модел на ГАЗ ПОБЕДА во типичен руски стил(што поголемо тоа поубаво,нели)На неа се беше вон стандарди почнувајки од навртките,па гумите,електриката,итн.Знам дека лугето мака мачеа за делови незнаејки дека под таа каросерија се крие друго возило многу познато кај нашите гастербајтери.Мерцедес Бенз В123 или познатиот репаш омилен на скопските таксисти.Крајот на 60-те и почетокот на 70-те Мерцедс ја промовира познатата серијаВ123 која и ден денес е за почит.Е сега Штази со помош на Руската шпионска мрежа ја краде целокупната документација и се рага ГАЗ ВОЛГА М24.Да се навратам на приказната.Бабушка ја нагазија годините и еден ден отажа послушносто.Е Мајстор Ристо педантно го извади стариот мотор и на чудо на сите го вгради моторот 200д од мечката која ја куи за делови.Најинтересно е што немаше никакви преправки туку моторот само си клапна ма местото на стариот без проблеми.Ја преправи инсталацијата и Волгата доби ново геманско срце Моделите кои беа за тогашниот пазар беа скромни во однос на опрема која и може да се каже ја немаше освен некои ситници.Имаше страотна голема потрошувачка(15-16литри во град)Но тогаш никој и не гледаше на потрошувачката.Моделот со 5.5литри беше за Источниот пазар,а ние не бевме во таа комбинација.Средината на 80-те имаше некои модификации на неа,во смисол на стандардизација за деловите,но во глобала остана истата.Почетокот на 90-те се обидоа со дизел мотор од Пежо мислам дека беше но без успех.Постигнуваше мах.145км и покрај својата огромна тежина од скоро 2тона.Првите верзии беа со дамски менувач,а подоцнежните беа со класичен менувач.Бабушка дали е жива и дали сеуште се тркала не знам,но само се секавам како се возевме како деца и уживавме во неверојатното парно и удобноста........


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 17:27
Јаооо Носталгија, другарче...браво... имаш поенче плус од мене големо%20гушкање. Ова е баш тоа што го прашував. Баш сакав некој да ми ја долови доволно добро волгата како кола. Јас као дете родено у самостојна Македонија, слабо ги памтам овие возила. Се сеќавам дека како мал ѕиркав низ прозорците на овие машинки за да видам колку се гравирани (180 беше, памтам) и каков му е воланот. Не разликував тогаш баш многу потпирања, кубици и тн. Малку ми беше страшна пошто беше повеќе од огромна и делуваше страшно груба. Знам, имам слушано,  дека ставаат мотори од 123ка и дека пасува топтан. Желба ми е да ја пробам како оди таа машина.... страшно голема желба....

Иначе... супер се овие ствари што ги пишуваш... За секоја кола што можеш да кажеш збор до два е добредојдено , особено за „старудииве“

И ми текна...

се сеќаваш на ова нешто??  Москвич 408.... го имав во маало до кај 2005тта негде. Стоеше до тој Таунусот што го спомнав во погорните постови. И тој си отиде в отпад , пошто немаше кој да го тера, газдата му беше во поодминати години , а синовите негови тераа Пунто. Кога беше висока цената на алуминиумот, поради алуминиумските блокови , сите Шкоди и Москвичи што беа по градов отидоа в отпад за 1500-200 евра.  Драга ми беше колава многу.... 




-------------


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 21:15
изненадување абе , цел ден ѕвони ова телефонов... бараат луѓе да го земеле аудиот.... абре , точаци едни ,  кај бевте до пред еден месец кога немаше никој???
Сега од ко го дадов?? така и за шкодата, така и за 101от, така и за оваа...

ајде бе, бегај таму....

Ај една мала ретроспектива...

Брат ми и даде име Катерина на колава....

Прва фаза...





Втора фаза...  Прв пат фарбана од ко е кај мене. Бели ленти , Кожен волан, „генгста прапорци“ и тигрести навлаки... за милина





Последна фаза... фаза на разделба... брзобрзо завршена работа. Втора фарба од ко е кај мене (пошто ја удрив малце напред во десното крило и беше задницата за средување) . Левото крило не е тоа удреното , ама такво е трдулаво затоа што мака се мачеше од корозија. Тапацирани седишта со чоја, сменето небо , шалтабла дотерана со кожа..... лепота....

 


Единствен проблем беше корозијата и инсталацијата што беше сета приврзувана.Одоздола сета беше партали , што е и главната причина што ја продавав ( на последната слика се гледа вода на теписонот на патосот) ....   машината беше беспрекорна... 1600ка.... феноменално забрзување и никаков дефект во 2 години колку што ја имав. Сменував карбуратори , кабли, капи од што ми беше досадно ако не отварам хауба. Кога би имал пари, повторно би купил ваква , но овојпат потполна реставрација. Возилото е вистинско уживање и најтопло му го препорачувам на сите што се мераклии за добри олдтајмери. Потпирање меко УПМ, воланот лесен .... кумплуг.... убавина...
а не како на заставините....  Сеа , потрошња од 10-11 е сосема очекувана, ама кефот не може со ниедни пари да се плати...


Ќе ставам слики и од 101од за да видите што значи екстра застава , а ако ми текни да го сликам, ќе ставам и од фијатот.


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 00:16
Е сега да ти ја доловам атмосферата за Москович 408 или Москвич 1500,а уствари исто ауто ама едното е од 70-те,а другото од 80-те.Москвич беше фабрика во Русија која изработуваше специјални возила.Работеа само за војска,полиција,болници.Е сега кога Лада ја откупи лиценцата за фиат124 алиас лада жигули,на пазарот се појави потреба од поефтин автомобил за широките руски маси.Изборот пага на фабриката АЗЛК каде се произведуваа специајлните возила.Немајки време(најверојатно бидејки работеа за војската)педантно како и ГАЗ Волга ги пуштија своите луге од Источна Германија да го завршат своето.Првите модели се копија на старио Опел Кадетт А до штрафче.Памтам бидејки Мастор Ристо ги пракаше да бараат делови за Опел а не за Москвич.Е сега и тој модел требаше да ги прати технолошките достигнувања.Со мали измени на каросеријата се појави Москвич413 чинам беше.....Модерен за своето време веке личеше на автомобил кој кај нас пак караванот беше омилен посебно кај лугето кои живееја на село хехххехе.Арно ама пак Штази-КГБ релација е активна!!!!!Кога излегува Москвич413 тогаш и БМВ го промовира својот модел 1500 некаде 1969-70-та.Практично идентичен автомобил само што едниот е на БМВ а другиот е на Москвич.Дури и последните модели на Москвич Алеко беа со истиот мотор и трансмисија.Знам бидејки комшија преку пат имаше БМВ1502 и знам дека го тркалаше благодарение на деловите кои ги купуваше од Бугарија(бензинска пумпа,каиши,спони....)Како модел не нудеше ништо повеке од другите источни возила,но сепак беше подобар од Вартбург и Трабант.Со своите 1500цм3 вадеше некои си 58-60кс кои беа ммммммммммммммммммм,слаби за тешката каросерија која патем беше околу 1300кг.Во принцип лугето имаа замерки на потрошувачката,а за другото беше солиден автомобил.Завршната обработка беше на ниво на војска но другото си фунционираше солидно.Веке ги нема по патиштата,единствено во Источна Макдеонија може да се најде некој модел кој сеуште служи да влече приколка за на пазар.Имаше алуминиумски блок со хилзни така да за ремонт немаше никаков проблем......

Иако сега возам релативно нов автомобил,и јас некогаш сум се расправал со старудиите,кои за жал веке ги нема.


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 00:25
Не знам дали некој ги памти автомобилите на фабриката ЗАЗ 956 или запарожец.Името доага од областа Запарожје каде е и лоцирана фабриката,која патем денес таму се произведуваат возилата на Даеву за рускиот пазар(Мати,Авео,Круз)Заз 965 има неколку модели кои се произведувани без откупена лиценца за производство.Едниот е ЗАЗ 600 или копија на ФИАТ600/ЗАСТАВА 750 но со стариот мотор на Фиат(595цм3 18кс):вториот модел е ЗАЗ 965 или запарожец,всушност копија на НСУ ПРИНЦ сега дел од АУДИ.Ги памтам по продорниот звук кој го вадеа и кога беа нови.Беа евтини,практично во тој период беше најевтино Источно ауто,и лугето ги купуваа.После плачеа,ама им беше касно хеххехехехех.....Немам слики од нив,ама ке се потрудам да најдам.
Веке ги нема и мислам дека и нема ниеден модел во Македонија,бидејки и ги немаше многу...


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 00:28
Ај еден пост за најинтересните автомобили кои беа многу популарни во Мкедонија.Едниот имаше јапонско име ЈАКО ДИМИ,а другиот ако го оставевте во пченка ке го изедеа свињите.Претпоставувам знаете за кои автомобили станува збор.Па постирајте и залепете некоја фотка........


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 09:31
neshto vo vrska so volgata edna od retkite., ako ne i edinstvena se registrirashe za 5+1

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 09:38
., poslednite generacii na ovie ., so preden pogon ., familijaren gepek ., kabina za respekt., bea so motor od golf 2 ., 1300 ccm

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 12:20
носталгија...за ова правиме муабет?


Јас од страна Запорожец , ги памтам само овие:



Во градов 2 имам видено пред скоро. И двата скапуваат така. Едниот кисни пред зграда , другиот во еден двор према џупското маало. Додека бев помал ги гледав дека ги возат, ама сега ги нема воопшто по патиштава. Инаку, јас ко така да се пофалам дека градов ми е богат со олдтајмери....  едно 10-20 тристачи има што ги гледам секојдневно дека се возат за фамилијарни потреби. Сите се кој од кој подобар. Ума уште еден куп кои не ги тераат , само скапуваат пред порта. Шкоди има колку ти душа сака , па дури и од стотките стандард. Москвичи исто така гледам многу често низ град , ама од тие поновките од кај 80та. Лади 1200 (од оние старите , со округли фарови) има премногу, се возат за на дрва ...
Е сеа, битен мометн те се и 125p... ги има ама , ама повеќето се (претпоставувавте) забаталени и не се возат. Овде пред заградиве кај мене (абе џоа музеј ми е маалово) има една зелена , ама баш на никого не му е гајле колата така што скапува.изненадување Инаку... има и една 125PZ што ја гледам низ градов. Ја шиба еден стар човек, многу добро стегната кола, пресно фарбана , абе убавини.....

Еднаш, на враќање од Претор ја сретнавме по пат...  НИе со Вектрата 100ка , тој 100ка со ПЗ-то ич око не му трепнува дека има 65 години тој, а 45 колата... изненадување голема%20насмевка

Има едно бате, исто така, вози само Симки 1100. Има 5-6 и тој и син му само ги тераат. Овде во моево мало иди на работа ....

Друг , така интересен момент ми се Dacia 1300... и такви имаше многу до скоро... ама да не се расплинувам ептен па со пишувањево....





-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 12:31


вакво беше моето прво авто..само фичо беше..

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 12:53
Jako dimi?збунетост...prvpat slusham( ili sum zaboravilголема%20насмевка)...ama , najverojatno se raboti za ovaa..istochnogerrmanska mazga: wartburg



....koja shto trosheshe meshavina od obichen benzin i maslo...pa najverojatno zatoa i dimeshe kako indijanec na nekoe brdo.намигнување

a i brmcheshe kako traktor mislam!голема%20насмевка


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 12:58
..a ,za ona deka svinji mozele da ja jadat...ne deka stvarno bilo taka ,..isto se raboti za od koj drug ako ne ...,....... istochnogermaskata plastichna limuzina:...neodoliviot  Trabantда




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 13:20
mozno li e?

http://robson.m3rlin.org/cars/wartburg-concept/ - Wartburg Concept







......mozno li ...i toa ushte od 1966 god?изненадување

i toa so dvotakten  motor od 992 ccзбунетост...dodushe od '88 mu stavile chetriri takten od 1300cc.





-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 14:32
., dedoto na site novi audi vozila pokraj dkv-to., audi super 90 1968g

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:01
Да да точно баш за тој модел,но не се продаваше кај нас.Кај нас се продаваа само ЗАЗ956.Зошто навистина незнам.Најверојатно немале компензација со претприајтијата од тоа време.Тој период беше така.Ние на нив роба,тие нам автомобили.Затоа државните препријатија беа 90 посто се со возила од Источниот блок.


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:09
Originally posted by brza brza напиша:

Jako dimi?збунетост...prvpat slusham( ili sum zaboravilголема%20насмевка)...ama , najverojatno se raboti za ovaa..istochnogerrmanska mazga: wartburg....koja shto trosheshe meshavina od obichen benzin i maslo...pa najverojatno zatoa i dimeshe kako indijanec na nekoe brdo.намигнувањеa i brmcheshe kako traktor mislam!голема%20насмевка

Да точно познатиот Вартбург 353В или најдобрата источногеманска мазга која патем(кој има возено знае)со полуавтоматски менувач Само уфрлашво прва брзина а другите без куплунг ги шалташ.Бидекји се работи за двотактна машина а нема моторно кочење кое беше патем проблем кога се симнуваш од Стража или Плетвар само чекаш да вртежите паднат до 1000-1500 и опаааааааааааааааа,у брзина и тераш.Со своите 900 и нешто кубици и 51кс мисла знаеше да потера до добри 145-150км.Трошеше пола уље пола бензин,а за комарци у лето беше законнннннннннн.Го палиш сабајле под саух,и малку моторно масло у резервоар и го оставаш едно 20мин да поработи.А бе брат после ни комшии нема да собереш,а камоли комарец .Веке ги нема,само по некој залутан модел на нашиве пазари...


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:25


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:26


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:30


Дали го памтите овој модел на Цитроен?????Другарче го возеше 15години.Ауто кое никогаш не го прежали.2 клипа нецели 600цм3,свекички купуваше на секои 5години,бидејки му остануваа вишок,со скршена ламела се врати од Грција.Легендарниот Спачек.......

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:36

И посебно место во моето срце и после толку години......Жена ми не може да се начуди што гледам убаво во тој автомобил


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:38



Дали некој го памти овој автомобил??????Предок на денешното АУДИ ТТ

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 20:51

Познатата ПЕЗЕТКА омилена кај постарата генерација,автомобил базиран на база на Фиат 125 својата популарност ја имаше во 80-те од минатиот век.Солиден автомобил но за жал кај нас доагаа основните верзии.Верзиите за Источниот пазар беа со центарла брава,касетофон и серво волан.За Полскиот пазар имаа верзија Акрополис.Каросеријата на 125 а моторот од Фиат132 со се менувач.Сеуште се тркала по некој модел некаде по Скопје.....


Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 21:33

FORD T:

 
...prviot avtomobil za shirokite  masi vo amerika i voopshto vo svetot,...koj se proizeveduval od 1908 do 1927.
 
...i prv koj shto  se pravel na podvizna lenta a ne rabotnicite da ''trchaat'' po nego...
 
najvlijatelniot avtomobil vo 20-tiot vek.да


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 21:39

Најпродаваниот автомобил после Форд Т,легендарната Буба.Автомобил кој не знаеше да застане и 2003 конечно застана да се произведува.Најмногу произведуван автомобил на 20 век во својот изворен облик без модификации


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 22:56
Гледам правите муабет стално за тоа кои коли сте ги поседувале, па еве и јас нешто да постирам, што имало во моја фамилија
Zastava 1300 ваква поседувал дедо ми и била една од првите кои се возеле во Скопје, се додека на крај не направи сообраќајка и повеќе не беше во возна состојба колата


Austin Morris 1100 (мислам дека беше 1100, не сум сигурен) е првата кола која ја поседувале моите родители, штета што ја заменија со Југо




-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 23:34
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Гледам правите муабет стално за тоа кои коли сте ги поседувале, па еве и јас нешто да постирам, што имало во моја фамилијаZastava 1300 ваква поседувал дедо ми и била една од првите кои се возеле во Скопје, се додека на крај не направи сообраќајка и повеќе не беше во возна состојба колатаAustin Morris 1100 (мислам дека беше 1100, не сум сигурен) е првата кола која ја поседувале моите родители, штета што ја заменија со Југо


Да и јас имав еден таков ко на сликата ама беше слонова коска боја.Фантастично ауто.Сликата што ја постираше мислам е од спски форум.Фиатот е со мотор од Фиат 132 со трансмисија.У принцип како што го прашав немал големи преправки околу каросеријата,така да сега вози класика со солидни карактеристики.Моторот што го има е 2000цм3 и 115кс што сигурно го тера Фиатчето до 200км...


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 23:40


Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 00:26
prviot ferari:



http://en.wikipedia.org/wiki/File:Ferrari125s.jpg -
http://en.wikipedia.org/wiki/Automotive_industry - Manufacturer http://en.wikipedia.org/wiki/Ferrari - Ferrari
Production 1947
2 produced
Predecessor http://en.wikipedia.org/wiki/Auto_Avio_Costruzioni_815 - Auto Avio Costruzioni 815
Successor http://en.wikipedia.org/wiki/Ferrari_159_S - Ferrari 159 S
http://en.wikipedia.org/wiki/Car_classification - Class http://en.wikipedia.org/wiki/Sports_car - Sports car
http://en.wikipedia.org/wiki/Automobile_layout - Layout http://en.wikipedia.org/wiki/FR_layout - FR layout
http://en.wikipedia.org/wiki/Internal_combustion_engine - Engine 1.5 L http://en.wikipedia.org/wiki/Ferrari_Colombo_engine - Colombo 125 http://en.wikipedia.org/wiki/V12_engine - V12
http://en.wikipedia.org/wiki/Automotive_design - Designer http://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Gioachino-Colombo&action=edit&redlink=1 - Gioachino Colombo / http://en.wikipedia.org/wiki/Scuderia_Ferrari - Scuderia Ferrari



-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 08:30
., koga sme veke kaj malku exkluziva ., ama ovoa neshto narodno

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 19:59


Знам некој праша на форумот за Дачија1310 или Рено12 по лиценца изработувано во Романија.Доста беа застапени кај нас,гледам сеуште се возат моделите од 90-те бидејки тоа возило доста време се произведуваше во Романија.Потполно исто како и неговиот брат,но со мнооооогу лош квалитет и завршна обработка.Моторите беа оригинал на Рено и тоа познатиот 1.3 мислам беше кој се вградуваше во Рено5.Како нови знаеа веднаш да се расипат поради лошиот материјал кој се вградуваше,но ако прогледувавте низ прсти беше доста издржлив автомобил.Не беше отпорен на корозија,но механиката служеше горе-долу добро.Сега во истиот погон се произведуваат моделите на Рено за Источниот пазар...


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:05
Да... јас спомнав за колава. Многу ги имаше низ градов , а сега гледам само некој поодржан примерок на колава како стои по дворовите, обично кај постари луѓе. Баш ми е фина некако. Зам еден фраер што имаше ваква, ама кутрата си имаше мака од корозија и прописно се распадна, па ја смени со (не знам од кај најде ) Фиат 128 спорт. 

-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:10


Е сега за најлошото Источно возило кое е продавано на нашиот пазар.ОЛЦИТ или Романската верзија на Цитроен Виса,модел кој беше доста популарен на почетокот на 80-те и склопуван во погонот на Цитроен во Копер Словенија.Романската верзија,патем беа ОЛЦИТ и ОЛТЕНА беа ама тотална катастрофа од автомобили.Катастрофална завршна обработка,лоши делови,итн......долг е списокот .Тоа беше тотална катастрофа,лугето имаа од самиот почеток проблеми со нив,не палеа,а трагично беше што немаа сервис за сервисирање па мораа да се снаогаат самите.Нудеа за тој период копија на познатата ВИСА ама далеку беше од оригиналот.Беа доста ефтини во тој период,некаде во денешна вредност 5000евра комплет.Се секавам автопазарот беше преплавен од тие модели,лугето ги менуваа за постари модели само да се раатисаат од беља.Скоро ги нема,и не сум видел некој да ги вози уште.Во нивниот погон сега се произведуваат моделите на Даеву чинам беше.....


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:16
[IMG]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f6/Fiat128Coup%C3%A9SL1%5EserieLuc106.jpg

Мислиш на овој модел на Фиат???????????????Популарен доста во 80-те,но и ги немаше бидејки се продаваа во продажната мрежа на Фиат.Популарен по својот изглед,а и доста баран зошто пасуваа делови од 101 ама до штрафче,па дури и вратите беа идентични.Во старо маало на вујко ми другар негов имаше вакво исто ама бордо боја,го памтам.1298цм 75кс со дупли Вебер карб...и 4-2-1 издув со спринт филтер и шпиц брегаста од Фиат 128 абарт правеше чуда по маалото .Во секој случај еден од поубавите олдтајмери за мене


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:17


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:21


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:25

Ееееееееееееееееееее,стрико ми имаше ваква иста.Ја чуваше до скоро време,ама му сметаше кога градеа па отиде јабана на отпад за арматури и цемент .Неверојатен мотор и најубавата амортизација која е досега измислена...


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:30
Има во прилеп вакви колку сакаш....   А, и ми нудеа еден ваков за замена за аудиот, 91ва или 95тта година, ич не памтам. Кога му спомнав на стариот ми вика : немој ни нагрешка таква кола да си зел... бетар од она водвор што ти е ќе биди. И си се откажав....   Комшијава мој има Виза 2 супер Е.... 1.1 мислам беше...  страда ненормално многу од корозија оваа, ама пак затоа до сега друго ништо нема откажано

Истиот блок на мотор што го има пежо 206 1.1. намигнување


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:31


Најдиректорската кола во сите државни претпријатија кои постоеа во социајлизмот .Комфор,брзина,удобност......Се влечкаа приколки за на одмор,се одеше со нив по невеста се возеа секретарките со нив Најомилено возило на директорите.Со своите 2000цм3 и 115кс имаше солидни перформанси и покрај големата тежина од скоро 1300кг.Велур седишта,обртомер,притисок за масло,.......Тамам како што треба.Скоро видов еден добар примерок кај мене на паркинг.....нормално на плин хехеххехехехех


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:36


Најомилено возило на таксистите.......јак,доверлив,не знае да застане......Ке скапе каросериски ама моторот 500000км без ремонт.На нет најдов тип од Германија таксист има направено 650000км без ремонт.Е Мечка си е мечка....


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:38
Еј... кога веќе затеравме наваму...
ќе те прашував: имаше едно фолксвагенче (мислам дека го имаше и во кабрио форма) , базирано на буба, со такви бандаши, мислам и назад мотор, округли фарови напред.... има едно, секогаш го гледам кога излегувам од градов , ама никако да запрам да видам што модел е...


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 20:45

Мистер Бин хехехеххехех или мини моррис.Возило кое ја оттргна Англија во поствоениот период од депресија заедно со Битлси.Понесени од идејата на Фиат со моделот тополино,Ровер го промоивира својот модел мини моррис.Неверојатно ауто со јастуци место амортизери и со плус клема на шасија(што касетофони изгореа лугето додека сватија хехеххехеех)НА времето беа скапи,па половни се влечкаа од Словенија......Само уште по некој модел се тркала по патиштата низ МК,делови нема или се многу скапи.Мајстори за нив веке нема,имаше еден во Карпош,Ристе ама дали се плетка со нив уште не знам.Интересно ауто и познато низ филмовите,посебно ИТАЛИАН ЏОБ ама оригиналот или БОРНОВИОТ ИДЕНТИТЕТ каде навистина се гледаат нивните вратоломии....



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk