IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Посвојување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посвојување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Посвојување
    Испратена: 21.Мај.2012 во 23:18
Пред некој ден ми дојде при рака правилникот за посвојување деца.
Ме заинтересира новиот начин на бодување на апликантите...ама кога видов..се запрепастивизненадување
 
Па за да добиеш доволен број поени треба да си милионер.
Поени се доделуваат за...
Стан - па категорија, над 120 м2, до 60 м2 и под 60 м2
Опременост на станот - основни услови, сите услови за живот, луксузно наместен
Дополнителен стан
Опременост на дополнителниот стан
Деловен простор - категорија до 50 м2 и над 50 м2
Викендичка - категорија... една, две, повеќе
Опременост на викендичката/викендичките
Обработливо земјиште - категории... до 2000м2 и над 2000 м2
Необработливо земјиште
И некои други ситници..
 
Се на се се 100 поени, а од личниот профил на апликантите мислам дека излегуваше со 35 поени.
Па некои прашања...колку сте блиски со вашите родители (се прашувам..што ако се починати или непознати???)
Колку сте блиски со вашите пријатели...
Близина на станот во кој што живеете до..
Градинка (ај ова е важно)
Училиште
Трговски центаризненадување
итн итн итн
 
Во категориите бодувањето е јасно..колку повеќе, толку повеќе поени.
 
Лично јас би посвоила дете без разлика на се. Но и покрај тоа што ги исполнувам сите овие услови и би ги земала максималните поени, се прашувам дали воопшто треба да аплицираат луѓево..ова ми делува како да ги продаваат децата..
ОК, не сум мажена, единствен услов што ми крати на поениплазење
 
Новиот правилник е добар, само ставките по кои се доделуваат поени...им смрди надалеку.
 
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 02:48
Originally posted by гоcтин гоcтин напиша:

Би посвоила,бидејки сакам на некое малечко ангелче да му го направам животот поубав.Меѓутоа уште ми е рано

dobra ideja, treba da ja praktikuva sekoj sto ima moznost i uslovi za toa
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2011 во 13:31
Болестзагриженост
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2011 во 13:14
Има и во Прилеп вакви случаи. Многу е јасна работата што станува. Само некогаш со лав не се игра оти (како што треба да бидат луѓето) за дете - ни затвор ни доктор ни милост.... ништо не ти иди пред очи...
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 20:26
C c c c c, kade e chovechnosta kaj lugeto? Kade e???
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2011 во 23:16
Strashno ! Prosto chovek da ne veruva !

Ako ova se dokazhe kako tochno, togash javniot obvinitel treba da pobara najvisoki kazni zatvor za onie lugje koi bile direktno vmeshani vo ovie nechovechni malverzacii !
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2011 во 18:21

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=65111F8FEEC7DE4C9B53C821B71D6DB3


„Пред 12 години, на мајка од Скопје што носела женско дете и бременоста и' била во ред, неколку минути по породувањето и' рекле дека родила мртво бебе. Од неа и од сопругот болницата барала да потпишат изјава дека бебето им е починато, но место со женски пол, во изјавата стоело бебе со машки пол. Тие одбиле да ја потпишат изјавата и не го подигнале лимениот ковчег што им бил даден да го видат, но без да го отворат. Оттогаш на нивната ќерќа и' се губи и трага“, ја раскажува приказната Јовановиќ, додавајќи дека жената била породена во болницата во „Чаир“.

Слични и потресни сведоштва изнесе Јовановиќ уште за неколку случаи, како што рече на крадење бебиња во родилишта, за кои оштетените семејства се охрабриле да проговорат откако Министерството за труд и за социјална политика откри многубројни неправилности во посвојувањата.

„Секој ден ми се јавуваат семејства што имале проблем со нивните деца или некои што имале проблеми со посвојување. Досега сум бил на разговор кај седум семејства, а во посета ќе одам и кај семејствата од Радовиш, Битола, Струмица“, вели Јовановиќ и нагласува дека нема да запре да ги открива случаите на криминал со бебињата за посвојување.

Со лажна посмртница и со обдукција пред околу 25 години и' биле одземени близначиња на една битолчанка. Иако високо образована, и оваа жена била излажана дека и' починале децата.

„Најчесто барале жени со ниско образование или сиромашни и од село, на кои им се раскажувале приказни за починати бебиња. Тоа и' се случило на жена од село Могила во 1979 година, како и на друга жена од Нагоричани пред околу 20 години. И на двете им било кажано дека бебињата по породување им умреле, а тие во тоа не веруваат“, додава Јовановиќ.

Тој, документите кои ги копирал ќе им ги даде на здравствените власти за да направат истрага, но и да ги казнат инволвираните лекари, медицински сестри и началници. „Имам имиња кои сестри или началници биле вклучени во лажирање на документите дека бебињата се умрени по породување“, потенцира Јовановиќ.

Тој посочи и случај во кој мајката, по 12 години трагање, нашла каде е посвоена ќерката што и' била насилно одземена. За овој случај Јовановиќ не сакаше многу да зборува, туку остави тоа да го стори мајката, која што сака да ја раскаже својата приказна во јавноста наскоро.

Освен вмешаноста на болниците, во синџирот на криминалот со бебињата, посочи Јовановиќ, биле вклучени и социјални работници, како и центрите за социјална работа. На родители од Куманово, на кои за да посовојат дете им биле побарани 7.000 марки, место здраво дете им било подметнато дете со ретардација. Тие, потоа се намачиле детето да го вратат или да го сместат во установа, бидејќи кога го посвоиле се водело како здраво. „Се правеле тајни средби со социјални работници од центри од други општини“, објаснува Јовановиќ.

Досиејата за злоупотребите со бебињата и посвојувањата Јовановиќ нема намера да ги предаде на Министерството за труд и социјална политика, зашто многу не му верува. „Цели 8 години никој не веруваше на моите укажувања. Министерството немаше слух за моите информации. Се' додека не проговорат со факти и не ја кажат вистината за посвојувањата, нема да ги дадам документите“, категоричен е Јовановиќ.

Но, затоа е подготвен копии од документите да ги предаде на Јавното обинителство и пред него да одговара и сведочи за изнесените информации за криминалот со посвојувањето.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 16:54

Откриени бројни манипулации со посвојувањето на деца



Наместо за посвојување, дваесетина здрави деца и по три години биле чувани во згрижувачки семејства, открило Министертвото за труд и социјална политика. Новоформирана комисија ќе испитува зошто Центрите за социјална работа со години ја одолговлекувале...

------------------------------------------------


Е многу рано им текна, ама подобро некогаш отколку никогаш.



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 23:35
Originally posted by V20 V20 напиша:

Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...

имаш  право да знаеш кој се твои биолошки родители и тоа не значи дека ќе ги напуштиш  твоите родители.
Треба да ги запознаеш или барем да знаеш кој се од едноставна причина да не имаш биолошки браќа и сестри и да не се поигра судбината со вас- да не се случи да стапите во љубовна врска (жал ми е што вака сурово го кажувам ова).
Со тоа какви се, зошто те напуштиле, морале ли не се замарај-ти не си  придонел со ништо во сето тоа .
Во краен случај и да не се тоа што ти очекуваш- здравје.


Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 20:18
Дали сакаш совет од многу постар од тебе?????????Ако с оженев млад ке имав син како тебе.Но да преминеме на темата.Јас имам скоро 44 години и исто како тебе на 20 години дознав дека сум посвоен.Сосема случајно или не,дозна дека сум посвоен.Е сега што понатаму?????Дали да го отфрлам она што тие луге го сториле за мене и ме прифатиле како роден син,или да си речам,иамв срека што ме посвоија овие луге,тие се за мене мајка и татко.Јас решив да го отфрлам она што го граделе за мене за да пораснам во топол дом.Се спакував и си заминав по потрага по вистинските родители.Спиев кај другари,почнав да пијам,едноставно улицата ме завлече.И така талкајки еден ден со помош на пријатели на мојот татко(не знаејки дека тој ме прати цело време)мислам татко кој ме израсна и за тоа сум му вечно благодарен,ги наогам моите биолошки родители.Преженет со друга жена и со деца.Влеговме внатре се представивме кои сме и зошто сме дошле,нели.Ме погледна бледо онака,ме фати за рака и ме однесе во кујна и со зборовите.....од каде се појави ти,ор......та ли те прати?Јас занемев едноставно.Мојот биолошки татко едноставно не беше заинтересиран за мене.Почувствував одбивност кон тие луге и веднаш заминавме од таа кука.Тој ден целиот мој живот беше завртен на глава.Што понатаму???Дали да ја барам мојата биолошка мајка и дали таа ке ме пречека со зборовите.......оној ненормалниот ли те прати,а?Но почувствував потреба да ја најдам и да ја прашам...ЗОШТО???????И еден ден ја најдов.Во мене бес,лутина,тага,од се по нешто.....Одиме кон местото каде требаше да се чекаме.Жената дојде.Убава дотерана...Лугето ме претставија како син на нивни комшии,кој барал некој човек тука блиску.По неколку часовниот разговор човекот и кажа кој сум и зошто сум.Жената стана од масата ме погледна и ми рече.....Знаев дека си ти,но не знам со каква намера си дојден?Знаеш ми кажа јас сега сум мажена,мажот ми не знае дека ти постоиш(како го прелажала,не знам)и се плашам од последици.Ако имаш проблеми со пари кажи?...на крајот ми кажа.Бев избезумен не знаев што да правам.Се секавам дека со трчање се качив на автобус и заминав кај школски другар за кого знаев дека е посвоен.Неговите ме прифатија како свое дете,и ги памтам зборовите на тако му.......Ако веруваш во себе и во лугето кои како мал си ги завикал МАМО И ТАТО ке се вратиш онаму каде што припагаш.А ти припагаш кај нив......Е сега беше тешка одлуката,како да се вратам после сите глупости кои ги направив,нели?Но затоа татковците се тука секогаш до нас како сенки да не пазат д ане направиме некоја глупост.Татко ми беше дојден во истиот град со помош на неговите пријатели за да нормално не направам некоја глупост(млад и зелен,повеке зелен него млад)Неговиот пријател дојде ме зема од куката каде што бев,со изговор да јадеме нешто.Јас поверував на таа финта.Во мегувреме мајка ми исто пристигнала и ме чекаше внатре во ресторанот со алишта и сите други помагала,бидејки личев на бараба,не на градско дете.Само што влеговме внатре и седнавме да јадеме,пријде татко ми и ми рече....синко,да и си одиме дома,време е....И навистина беше време да си дојдам дома кај мајка ми и татко ми. Иако е починат веке 10 години беше пример за родител кој секој го посакува.Прониклив со мислите,секогаш знаеше кога сум бил пијан,кога сум бил со девојка хехехеххехе,кога сум бил разочаран.....А мајка ми која е сега една срекна бабичка со внук и внука(и се исполна желбата)секогаш кога ке ја посетам ми вели....како да го гледам татко ти кога влегува дома.За мене се тие моите родители кои ме израснале и пораснале.Не признавам никој друг за родител.Несебично ја поделиле својата лубов со мене за да израснам во топол дом полн со срека и убави моменти.Идентитетот не го имаш изгубено,биди сигурен.Тие те израснале и тие се за тебе татко и мајка.А пронаогањето на вистинските родители во сегашно време е многу тешко.Порано беше полесно.Е сега прашањето што кога ке ги пронајдам?Што потоа......Како ке се одвиваат работите и дали ке бидат онака како што ти ги замислуваш,нели.Мој совет како прво како постар од тебе и дете посвоено,остави ги работите онакви какви што се.Понекогаш е поубаво така,верувај ми.Прочитај ја мојата сторија и одлучи си сам.....дали ке го прифатиш мојот пример или можеби имаш некоја своја верзија,не знам.Знам сакаш да знаеш зошто те оставиле во дом или болница?????????????Јас сум бил бебе 6-7месеци кога ме посвоиле.Мајка ми морала да носи перници за да комшиите не зборат(тогаш било така).И еве ке ги најдеш и приказната ке биде.....Бевме млади направивме глупост,немавме услови и сл.работи кои јас исто ги слушав.И целиот живот преку глава ке ти помине.На крај со срека во потрага по вистинскиот одговор
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 22:50
V20 мој совет е да не се замараш да ги бараш твоите биолошки родители.Незнам какви се односите со овие родители што те исчувале до сега,ама мислам дека повеќе вредат,него тие што те оставиле.Сигурно они ти пружиле голема љубов,те донеле до прав пат....ако немале свои деца,те гледале како капка вода на дланка.Размисли како ќе им биде на тие луѓе,сега после толку години (незнам колку),да им речеш,пријатно јас отидов,си ја најдов мајка ми...а да речеме,ако ја најдеш....како она ќе те прифати,може има фамилија...а можеби и нема,и сега ова ќе и биде како награда, за тоа што те оставила....да рече има возрасно дете,некој и го исчувал,израснал.Не е само мајка, таа што ќе го роди детето,мајка е што ќе исчува дете.Моето мислење е тоа....размисли!
Кон врв
V20 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 17:02
Имам скоро 21 година (на 21.февруари 1990 сум роден) ,пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини ,сосема поинаку изгледав ,размислував итн. Од моментот кога дознав па се до ден денес не можам да функционирам нормално,се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? тоа ме мачи и ме остава без сон и мир.Животот како да ми застана во едно место и не можам да бидам мирен се додека не дознаам повеќе за она кој сум и што сум ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив ,но едноставно сакам да знам кој сум ,вака се чувствувавм како да сум го изгубил комплетно мојот идентитет.Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 02:18
Многу тешка тема.Имам многу нешто да напишам,ама неможам.Тешко оди посвојувањето.Само незнам, ако има Господ, зашто не прави селекција,зашто некој што не заслужува дете го има.Зашто....реков дека ми е тешко да пишувам
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 21:32
Зарем сиромашните жени не заслужуваат да бидат мајки?
Зарем земањето пари за учество во посвојувањето е морален начин на заработка/
Зарем дојдовме до тој степен на ерозија на моралот?
Многу зарем, за еден хуман чин каде оние кои не можат да имаат деца  се ставени во улога да ги купат?тага
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.