IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали треба да се исповедаме?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали треба да се исповедаме?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 20>
Автор
Порака Обратен редослед
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 00:49
1 Јованово: 1:9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.




Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 19:09
еден и единствен пат во животот сум имала потреба од исповедуване...
и го направив...ми олесна на душава...како да сум се родила поново.
и знаев дека приватността ми ке остане приватност.
всуштност додека се исповедував мислев дека одговарам пред Бога...како да го немаше неговиот служител.
ми олесна...
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 19:06
Velat deka kazhan grev e polovina prosten grev, pa sega...среќа

Изменето од DDarko - 08.Август.2009 во 19:06
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 21:39
     Библијата никаде не кажува дека треба да му се исповедаш на свештеник.

    Гревовите ги исповедаме на Господ и од
Него бараме прошка.Во овој случај ( исповедањето)свештениците се технолошки вишок!




Христијаните може да се исповедаат еден на друг за што и пишува во Новиот Завет, само никаде не пишува дека треба да се исповедаш на свештеник.Јаков: 5:16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 23:56

Кој го негира Светото Писмо, јас кој велам дека Исус е свештеник или ти кој велиш дека Исус не е свештеник НАСПРОТИ библискиот стих кој вели дека Исус Е свештеник голема%20насмевка

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 12:04
Светото Писмо го негираш(ако веќе не ја признаваш Светата Црква).Но тоа е тоа ....при очи не гледаш, при уши не слушаш, при памет не разбираш.
Поздрав
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 16:53
Ќе ти одговорам само на тоа што ти е он-топик.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Не знам зашто овој стих го спомнуваш кога знаеш дека се оденесува за сосема нешто друго,за тоа дека како и мелхиседек(кој е праслика на Христос) Христос нема ни почеток ни крај.
 
Го цитирав тој стих за да ти докажам дека Исус е Првосвештеник и СВЕШТЕНИК, а не само првосвештеник како што рече ти во минатиот коментар.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Да, Господ Исус Христос е Првосвештеник но мислам дека сите сваќаме дека ПРВОсвештеник не исто како и свештеник.
 
" Зашто за него (Исус) се сведочи: „Ти си СВЕШТЕНИК довека по редот Мелхиседеков." (Евреите 7:17)
 
Има уште многу стихови каде што Исус е наречен свештеник, но сметам дека е доволно само еден за да се разобличи православната лага дека Исус е Првосвештеникот, а свештеници се човечки служби во новозаветната црква.
 


Изменето од EvAngelos - 05.Август.2009 во 16:53
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 13:25
Братко,не икоментира ништо за исповедта но се фати за преводот на светото писмо.Ај нека ти биде..па сега по ред....

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Каква врска има тоа со свештенството? Зарем свештеник е исто што и епископ или ѓакон?


Поентата ми беше дека раната Црква имала црковна хиерархија.Зато и се спомнува епископот(надзорникот)презвитерот(стрешината)и ѓаконот(помошникот)и тоа како се ракополагаат од страна на Апостолите,во случајов мислам на Светиот апостол Павле.
Тоа од посланието до Тимотеј си има објаснување ,но не сакав да ја ширам темата непотребно но еве да кажам зашто се фати на тоа.
Во раната Црква епископот ја извршувал евхаристијата додека ѓаконот му помагал т.с му прислужувал.Но кога бројот на верните многу се зголемил, станало невозможно епископот да ја раководи евхаристијата на сите места истовремено,па затоа таа улога ја превзел презвитерот(старешината).Затоа и ден денес презвитерот мора да го спомне епископот ,кој го овластил да ја извршува евхаристија, за време на службата.Ова се случило многу и пред признавањето на христијаството од Римската држава.За ова историски информации имаме од списите на светиот маченик Јустин Философ кој ја опишал службата која се практикувала во негово време(која многу потсеќа на сегашната во глобала).
Откако во 4 век станало обврзувачки епископот да биде целомудрен(целибат)тоа што и претходно било,станало и официално.
Така денес епископот служу кај што служи додека на сите останати места каде не е он присутен тоа го прават презвитерите,а на двајцата им прислужуваат ѓаконите.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Зашто за него (Исус) се сведочи: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков." Евреите 7:17


Не знам зашто овој стих го спомнуваш кога знаеш дека се оденесува за сосема нешто друго,за тоа дека како и мелхиседек(кој е праслика на Христос) Христос нема ни почеток ни крај.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Како што имаше приликва да видиш од коментарите погоре, Светото Писмо и раната Црква била баш како што се денес баптистите, протестантите и христијаните, а ни одблиску на тоа какви се денес православните кои си ги задржале старозаветните титули како што се свештеик и првосвештеник.


Но еве кажи тогаш колкав процент од сите христијански деноминации,секти или како сакаш наречи ги, имаат хиерархија(дури и номинална) а колку немаат апсолутна никаква хиерархија како твојата верска заедница?! 1% ако има ќе бидеш среќен.

Изменето од ahmar1 - 05.Август.2009 во 13:26
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 18:55
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Тврдењето дека во новозаветната црква нема и не треба да има свештенство е карактеристично за радикалните групации на протенстантизмот.
 
Тоа тврдење е карактеристично и за христијаните, а тоа е тврдење и на Светото Писмо - Библијата.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Ако би било тоа така зашто Светиот апостол Павле дава инструкции на Тимотој во послането(1.Тим.3,1-14) до него каков треба да биде поведението на верникот за да може да биде ракоположен за епископ или за ѓакон.
 
Каква врска има тоа со свештенството? Зарем свештеник е исто што и епископ или ѓакон? збунетост
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Или на кого тоа се обраќа Светиот апостол Петар во негово прво послание кога вели:
"Оние ,кои се меѓу вас свештеници,ги молам јас,КОЈ И САМИОТ СУМ СВЕШТЕНИК,..."(1.Пет.5,1-5)
 
Користиш фаличен превод. Доколку немаш пари за некоја друга Библија подвлечи го таму зборот "свештеник" и наместо него напиши "старешина", затоа што старогрчкиот збор "пресбутерос" не значи "свештеник", туку старешина.
За зборот свештеник во коине грчкиот јазик си има посебен збор "хиереус", па оттаму и архиереус (архиереј) = првосвештеник.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Да,Господ Исус Христос е Првосвештеник но мислам дека сите сваќаме дека ПРВОсвештеник не исто како и свештеник.
 
Точно така, ПРВОсвештеник и свештеник се две различни нешта, но забораваш дека Исус не е само првосвештеник, туку и свештеник намигнување
 
" Зашто за него (Исус) се сведочи: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков." (Евреите 7:17)
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


светиот апостол Јаков истотака бил во заблуда кога рекол во своето послание:
" Болен ле е некој меѓу вас.Нека ги повика СВЕШТЕНИЦИТЕ (СТАРЕШЕНИТЕ) ЦРКОВНИ та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово"(Јаков.5,14)
 
Истата дискусија од погоре, да не се повторувам. Во оригиналниот коине грчки таму стои "пресбутерос", а не "хиереус".
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Така да испаѓа дека според светото писмо во раната црква не била баш како што денес е во баптизмот и некои други радикални протестантски групи кои немата, и го порекнуваат свештенството.
 
Како што имаше приликва да видиш од коментарите погоре, Светото Писмо и раната Црква била баш како што се денес баптистите, протестантите и христијаните, а ни одблиску на тоа какви се денес православните кои си ги задржале старозаветните титули како што се свештеик и првосвештеник. А зошто? Па и на врапчињата тоа им е јасно ахмаре глупирањелакомост


Изменето од EvAngelos - 04.Август.2009 во 18:56
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 11:53
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Во новозаветната Христова црква не постои човечка служба/титула "свештеник" затоа што само еден е Свештеникот и Првосвештеникот, а тоа е Исус Христос. Па оттаму бесмислено е "обичниот верник" да се исповеда пред некој ткн. "свештеник". Христијаните се повикани да се исповедаат еден на друг и да се молат еден за друг (Јаков 5:16), но овој повик т.е. оваа заповед е дадена за да се практикува по ХОРИЗОНТАЛА (брат се исповеда на брат и обратно), а не по ВЕРТИКАЛА (мирјанин се исповеда на клир во црквата и никако обратно).



Тврдењето дека во новозаветната црква нема и не треба да има свештенство е карактеристично за радикалните групации на протенстантизмот.
Тоа нема никаква историска основа а па камоли според светото писмо!
Ако би било тоа така зашто Светиот апостол Павле дава инструкции на Тимотој во послането(1.Тим.3,1-14) до него каков треба да биде поведението на верникот за да може да биде ракоположен за епископ или за ѓакон.
Или на кого тоа се обраќа Светиот апостол Петар во негово прво послание кога вели:
"Оние ,кои се меѓу вас свештеници,ги молам јас,КОЈ И САМИОТ СУМ СВЕШТЕНИК,и сведок на Христовиет стрдања и соучесник во славата,што ќе се открие,пасете го Божјото стадо,што го имате,надлегувајќи го не присилно туко драговолно и според Бога,не заради срамна печалба ,туку од се срце.
И не како да управувате со народот туку давајќу му пример на стадото.А кога ќе се јави Пастироначалникот,ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува"(1.Пет.5,1-5)
Да,Господ Исус Христос е Првосвештеник но мислам дека сите сваќаме дека ПРВОсвештеник не исто како и свештеник.
Или пак според Баптизмот испаѓа дека светиот апостол Јаков истотака бил во заблуда кога рекол во своето послание:
" Болен ле е некој меѓу вас.Нека ги повика СВЕШТЕНИЦИТЕ ЦРКОВНИ та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово"(Јаков.5,14)
(Ова се уште ден денес се практикува во Светата Црква).
Така да испаѓа дека според светото писмо во раната црква не била баш како што денес е во баптизмот и некои други радикални протестантски групи кои немата, и го порекнуваат свештенството.
Додека тоа за исповедта треба да се истакне дека исповедта во раната црква била ЈАВНА и пред целата ПАРОХИЈА.ТОа значи дека сите членови пооделно ги исповедале своите гревови ЈАВНО и ПРЕД СИТЕ останата верници присутни на света евхаристија.Во тој контекс е и кажано исповедајте си ги гревовиоте еден на друг.
Јавната исповед е заменета со индивидуална некаде во 4 век.Тоа се должело на тоа што сега бројот на верните енормно се зголемил како и бројот на номиналните верници кои многу се соблазнувале и ги прераскажувале работите што ги слушале.Блажениот августин во неговите писма кажувал дека јавната исповед станала во негово време вистинска реткост.
Јавната исповед денес се практикува се уште кај само Ерменците.Но како тоа изгледа кај нив не ми е познато,бидејќи за жал не се во единството со светата Црква.
Но ова не значи дека ако ја на пример му згрешам на пример на член од моето семејство дека морам само кај свештеник да се исповедам.Најчесто се случува дека поради лажен срам да неќеме да се извиниме за некој наш престап или лошо дело кон некој наш ближен па да свештеникот да побара од нас по света исповед да се извинеме или пак направиме дело спротивно од гревот што сме го направиле, на тој на кого сме му згрешиле.


Изменето од ahmar1 - 04.Август.2009 во 11:55
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 17:37
Bog znae sto imame vo mislite, no nie ne znaeme sekogash sto krijat tie vo sebe. Koga meditirame (koristam ateistichka terminologija oti pretpostavuvam deka MARSHAL e ateist) okolu niv, togash ja osoznavame nivnata vistinska vrednost/nevrednost.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:31
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

зошто да се исповедаме некому кој има уста ? ....... доколку постои господ , тој сам ќе го прочита од нас она што го интересира ......... не мора преку други да дознае ......... да игра расипан телефон .....нека%20ти%20е%20срам



Bog znae sto imame vo mislite, no sepak,koga razgovaras so Bog vo molitva i koga baras proska za grevovite , Bog te ispolnuva so milost i dobrina, plodovi na Svetiot Duh.

Bog saka da razgovarame so Nego, a molitvata e razgovor na dusata so Nebesniot Tatko. Duri ne mora ni na glas da se ispovedame. Samo treba da bideme iskreni i da se trudime da ne gi povtarame nasite greski.

Togas Bog ti dava duseven mir koj go nadminuva dusevniot mir na svetot okolu nas.

Onie koi se molat znaat za sto zboruvam.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 12:53
зошто да се исповедаме некому кој има уста ? ....... доколку постои господ , тој сам ќе го прочита од нас она што го интересира ......... не мора преку други да дознае ......... да игра расипан телефон .....нека%20ти%20е%20срам

Изменето од МАРШАЛ - 02.Август.2009 во 12:53
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 00:30
Ма само ти почни ние со радост ќе те сослушамесреќаголемо%20гушкање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.