IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - Германците за Македонскиот ракомет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германците за Македонскиот ракомет

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Германците за Македонскиот ракомет
    Испратена: 16.Јануари.2024 во 11:50
Македонија во „очите“ на Германците: Оваа репрезентација ја нема „Златната генерација“ на чело со легендата Лазаров
14.01.2024 15:00

Македонската ракометна репрезентација е пред нов голем предизвик на Европското првенство. Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:30 часот) ќе играат против домаќинот, Германија.

Оваа селекција е еден од кандидатите за освојување на медал на овој евро-шампионат. Германците имаат силен состав, играат мотивирано пред своите фанови, тоа го видовме на првата средба против Швајцарија во Дизелдорф, ништо поразлично нема да биде ниту денеска.

Противникот е свесен дека Македонија веќе не е истата и дека минува нив тразнциија. Гледа со респект, но олеснителна околност е што повеќе ја нема „златната генерација“ како Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Георгиевски, Ристовски…

Еве на кратко како изгледаме во очите на Германците. Во центарот на вниманието се и двете титули на Вардар.

„Кирил Лазаров, кој е вистинска легенда во својата татковина – и ги држи речиси сите национални и многу меѓународни голови рекорди. Прво како играч-тренер (2021) и од 2022 година како тренер е одговорен за трансформацијата на тимот.

Македонија е без „златната генерација“ како Борко Ристовски, Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски и Стојанче Стоилов кои беа на теренот со Лазаров. Најпознати актуелни репрезентативци се голманот Никола Митревски од учесникот воЛШ со Порто и Филип Талески, кој по неколку години минати во Германија (вклучувајќи го и Рајн Некар Ловен) сега настапува за Бенфика Лисабон.

Македонскиот клуб Вардар Скопје двапати ја освои Лигата на шампионите: во 2017 и 2019 година. По повлекувањето на рускиот главен спонзор, Вардар повеќе не игра главна улога на меѓународен план и не беше ниту државен првак во претходната сезона, туку само втор зад Еурофарм Пелистер. Во квалификациите за Европската лига, Вардар киксна против Рајн Некар Ловен“, е дел од текстот за Македонија.

nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.