Испечати | Затвори го прозорот

Германците за Македонскиот ракомет

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31634
Датум на принтање: 06.Октомври.2024 во 08:40
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Германците за Македонскиот ракомет
Постирано од: pajser
Наслов: Германците за Македонскиот ракомет
Датум на внесување: 16.Јануари.2024 во 11:50
Македонија во „очите“ на Германците: Оваа репрезентација ја нема „Златната генерација“ на чело со легендата Лазаров
14.01.2024 15:00

Македонската ракометна репрезентација е пред нов голем предизвик на Европското првенство. Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:30 часот) ќе играат против домаќинот, Германија.

Оваа селекција е еден од кандидатите за освојување на медал на овој евро-шампионат. Германците имаат силен состав, играат мотивирано пред своите фанови, тоа го видовме на првата средба против Швајцарија во Дизелдорф, ништо поразлично нема да биде ниту денеска.

Противникот е свесен дека Македонија веќе не е истата и дека минува нив тразнциија. Гледа со респект, но олеснителна околност е што повеќе ја нема „златната генерација“ како Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Георгиевски, Ристовски…

Еве на кратко како изгледаме во очите на Германците. Во центарот на вниманието се и двете титули на Вардар.

„Кирил Лазаров, кој е вистинска легенда во својата татковина – и ги држи речиси сите национални и многу меѓународни голови рекорди. Прво како играч-тренер (2021) и од 2022 година како тренер е одговорен за трансформацијата на тимот.

Македонија е без „златната генерација“ како Борко Ристовски, Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски и Стојанче Стоилов кои беа на теренот со Лазаров. Најпознати актуелни репрезентативци се голманот Никола Митревски од учесникот воЛШ со Порто и Филип Талески, кој по неколку години минати во Германија (вклучувајќи го и Рајн Некар Ловен) сега настапува за Бенфика Лисабон.

Македонскиот клуб Вардар Скопје двапати ја освои Лигата на шампионите: во 2017 и 2019 година. По повлекувањето на рускиот главен спонзор, Вардар повеќе не игра главна улога на меѓународен план и не беше ниту државен првак во претходната сезона, туку само втор зад Еурофарм Пелистер. Во квалификациите за Европската лига, Вардар киксна против Рајн Некар Ловен“, е дел од текстот за Македонија.



-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk