IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Познатите - каде се ... што прават ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познатите - каде се ... што прават ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2018 во 19:42

Ена Веко со нов имиџ во Австралија 

December 20, 2018
Ена Веко со нов имиџ во Австралија (ФОТО)

Ена Веко беше вистинска атракција на домашната музичка сцена. Ја паметиме како првата македонска раперка.
Денеска Ена, со вистинско име Елена Домазетовска живее во Сиднеј, Австралија и изгледа сосема поинаку од почетокот на деведесетите.

Ена уште по завршувањето на средното училиште се повлече од музиката и замина во Сиднеј каде што живее денес. Сега има долга коса и сосема поинаков имиџ. Последен пат во Скопје беше летово.

Ена соработуваше со продуцентот Тоше Поп-Симонов и го издаде албумот “Бубачки и градски ѕверки“.
Хитови кои останаа се „Опера хаус“ , „До кога вака“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“, а настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ во дует со Мирко Митревски и со групата „Академци“.

1
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2018 во 20:08




&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;±&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190; (&amp;#208;¤&amp;#208;&amp;#158;&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#158;)

Пејачката Викторија Лоба објави фотографија во издание во какво што не сме ја навикнале до сега.
Лоба и претходно го нагласувала својот сексапил, но не како на оваа фотографија. Во преден план е деколтето на пејачката која пред неколку месеци снимаше спот на грчкиот остров Санторини, за песната “Над небото”.

Денеска, Лоба ќе го промовира првиот албум кој е наречен “Нов свет” и тоа во македонска и во англиска верзија. Снимен е во неколку студија и на него се старите хитови и неколку нови песни.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2018 во 20:24

Лозано влезе во женскиот свет

December 11, 2018
Лозано влезе во женскиот свет

Пејачот Влатко Лозаноски-Лозано влезе во женскиот свет и ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојки. Лозано на својот Инстаграм профил позираше со мегафон на кој е напишано мотото на кампањата “Слушнија-16 дена активизам против жени и девојчиња“.

Оваа година беше многу успешна за пејачот, најголемите домашни хитови беа негови: “Камо тебе да те имам”, “Километри”, “Јако јако” и последната “Надеж”.

За кампањата “Слушнија“, вистинити приказни од жени кои биле жртви на семејно насилство споделија: Анета Кочишки, Амернис Нокшиќи, Тања Кочовска, Викторија Лоба. Сите снимија емотивни видеа кои жените ги споделуваа и ги коментираа.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2018 во 21:09

Сара Мејс во одлична форма само 3 месеци по раѓањето на ќерката

  •  05 Декември, 2018

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во мајчинството со ќерката Илина која се роди на 10-ти септември.

Тие имаат свои секојдневни ритуали, меѓу кои е и кучето на Сара и нејзиниот сопруг водителот Димитар.

Таа само три месеци по породувањето изгледа одлично и и се врати на својата фит форма. Тоа се забележува по нејзините фотографии на социјалните мрежи, односно нејзините гостувања во неколку емисии периодов.

„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко,а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара во претходна прилика. 


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2018 во 21:04

 Префинета и секси: Фатиме Фетаи ја покажа тетоважата

  •  05 Декември, 2018

Модната дизајнерка Тања Кокев завчеравечер го отвори новото ателје, а меѓу присутните беше и специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.


Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично.

Овојпат носеше фустанче со интересен дезен и на прерамки, со што уште еднаш ја откри својата тетоважа.

За оваа прилика избра елегантен накит, а секако неизоставена беше и нејзината претпознатлива фризура со шишки.

Фетаи беше и најелегантна дама на изборот за „Мажи на годината„.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2018 во 22:28

Лидија Кочовска е вљубена


Лидија Кочовска е вљубена

Иако во претходно интервју изјави дека е фокусирана на работата, а не на љубовта, изгледа дека пејачката Лидија Кочовска самата си се деманираше.
На својот Инстаграм профил, Лидија објави фотографија со маж со кој изгледа прилично блиска. Фотографијата е направена во Битола, а под неа Кочовска напиша: “Моето срце„.

Лидија претходно изјави дека се надева оти еден ден повторно ќе се вљуби, а по кусото брачно искуство во Хрватска, бракот како форма ништо не и значи.
Пејачката одамна не е активна на фестивалите, но е вработена во хорот на Македонската опера и балет, каде што редовно настапува.

0
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2018 во 22:23

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: ДЕЦАТА МЕ ТЕШАТ ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГАТА


ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: ДЕЦАТА МЕ ТЕШАТ ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГАТА

Иако долго време не се музички партнери, Влатко Стефановски и Гаро Тавитјан го негуваат пријателатвото од времето на легендарните “Леб и сол”. Добри пријатели се и нивните синови, Јан Стефановски и Гаро Тавитјан јуниор и постариот син на Гарабет, Диран.

 

Легендарниот гитарист на инстаграм профилот објави фотографија од синот Јан, како свири тапани во студио кај Гаро. Јан изгледа е музичкиот наследник на Влатко, но место гитара,тој избра ударен инструмент.

Стефановски е посветен татко на Ана и на Јан. Синот и ќерката го следат на повеќето негови концертни патувања. Лани, по долго боледување почина Гордана, сопругата на Влатко.

 

„Ја загубив мојата драга сопруга со која што поминав 35 години. Децата и нивните проблеми сега ми се на прво место. А ако имам време, ќе се занимавам и со моите проблеми. Изгледа дека овој товар што го носам бил наменет за мене“, изјави Влатко претходно.

Синот Јан, лани страдаше во сообраќајна незгода од која со помош на семејството брзо закрепна.

Влатко е регионално актуелен со новиот албум „Мајчин јазик“.

0
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.