IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колачи,торти и останати слатки од костен
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колачи,торти и останати слатки од костен

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:25
Превкусен десерт од  костен и рум



Идеален десерт за постудените денови.

Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно од купената верзија.

Потребни намирници – 400 грама костени, 2 лажици шеќер, 40 мл рум, 10 мл арома од ванила, шлаг 200 мл.

Подготовка

Во лонец ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади.

Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2018 во 16:01

Торта со костени


Торта со костени

Костените кои се едни од главните обележја на есента, како што веќе спомнавме можете да ги јадете печени или варени, можете од нив да направите вкусни мали бомбици, а исто така можете да ги употребите за подготвување на фил со кој ќе ја филувате тортата, која денес ви ја нудиме како наш предлог.

За подготовката на оваа вкусна торта со костени, покрај состојките кои ќе ви ги кажеме, во самата подготовка потребно е да внесете и многу љубов и внимание.
Костените се разбира дека ќе си ја завршат својата работа, т.е. ќе ѝ дадат на тортата еден посебен и неодолив вкус, но и љубовта со која ќе ја подготвувате тортата ќе биде причина повеќе за таа да биде навистина неверојатно вкусна.

Ви посакуваме пријатна и лесна работа, а кога тортата ќе биде спремна за консумирање, ви предлагаме со чаша црвено вино уште повеќе да го збогатите нејзиниот вкус.

Состојки за пандишпан:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 лажица какао
2 лажици масло

Состојки за фил:
6 јајца
200 гр. шеќер
250 гр. путер
250 гр. пире од костени
1 лажица ситно мелено кафе
1 лажица рум
50 гр. чоколадо
1 пакетче ванилин шеќер
2 кесички шлаг пена

Подготовка на пандишпанот:

1. Белките се матат со миксер заедно со шеќерот и постепено една по една им се додаваат жолчка не престанувајќи со матењето. 
2. Брашното се меша со какаото и со постојано мешање со лажица се става во смесата со јајцата.
3. Смесата за пандишпан се става во тркалезен, или во друга форма калап за торта, претходно убаво намрсен со масло и посипан со брашно. Може наместо масло и брашно да се употреби и хартија за печење.
4. Пандишпанот се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 200°Ц. Испечениот пандишпан се вади од калапот и се остава убаво да се излади.
 

Подготовка на филот:

1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат во сад да се стопат над пареа со постојано мешање, додека смесата не се згусти.
2. Откако смесата ќе ја добие потребната густина се трга од пареата и во неа се додава чоколадото. Смесата се остава убаво да се олади.
3. Путерот се мати со миксер додека да стане пенест и во него се додаваат кафето, румот и пирето од костени (претходно сварени, убаво исчистени и убаво миксирани) и оваа смеса се става во претходната изладена смеса. 
Сѐ убаво се меша додека филот убаво се соедини.
 

Финална подготовка на тортата:

1. Изладениот пандишпан се враќа во калапот во кој се печел. Над него се става изладениот фил и калапот се става во фрижидер за да се стегне тортата со филот.
2. Кесичките шлаг се матат според упатството за употреба и со добиениот шлаг се премачкува целата површина на тортата. Одозгора тортата можете да ја украсите со неколку претходно сварени и исчистени јатки костени, или по ваша желба.



Изменето од Valerija - 23.Јули.2018 во 20:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:19


Костен торта – едноставна, а толку вкусна…


Доколку ви се јаде благо направете ја оваа вкусна торта од костени – ќе бидете воодушевени!

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 120 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр шеќер во прав
  • 50 гр сечкани ореви
  • рум

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 200 гр маргарин
  • 250 гр пире од костени
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 дл слатка павлака
  • рум
  • 3 шлаг крема

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Маргаринот, бисквитите, растопеното чоколадо, сечканите ореви и румот добро изедначете ги и формирајте кора.
  2. За филот пенасто разматете маргарин и шеќер во прав, додајте пире од костени па разматена слатка павлака и по желба малку рум.
  3. Преку филот ставете разматен шлаг крем, послужете и уживајте!


Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 22:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:17

Есенски десерт: Торта од костен во 5 чекори


Со официјалниот почеток на есента започнаа подготовките во домот, па и во кујната. Еден од омилените есенски плодови - костенот, за прв пат ќе можете да го искористите на малку поиновативен и повкусен начин.

esenski-desert-torta-od-kosten-vo-5-cekori-01

За сите љубители на оваа прекрасна есен прeпорачуваме едно колаче/торта кое пријатно ќе ве изненади:

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 500g засладено пире од костен
  • 200g темно чоколадо
  • 160g путер
  • Лажичка цимет и рум

Подготовка:

1. На пареа растопете го чоколадото и путерот и оставете ги да се оладат на собна температура.

2. Изматете ги јајцата со миксер, додека не се претворат во пенаста смеса.

3. Миксирајте додека го додавате пирето од костен дел по дел, па кога сè заедно ќе се соедини, додајте го стопеното чоколадо со путер.

4. По желба додадете цимет и рум.

5. Смесата ставете ја во калап и печете 30 минути на 180 степени. Тортата треба да остане сочна од внатре, така што не ја печете повеќе.

Совет плус: Со тортата послужете засладена слатка павлака и неколку свежи боровинки. Одлично освежување!

esenski-desert-torta-od-kosten-vo-5-cekori-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:13
&amp;#208;&amp;#157;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;

Непечена торта од костен

- Подготовка

 

Непечената костен торта е толку многу вкусна, кремава и едноставно се приготвува. Костенот и шлагот од ванила и даваат волшебен мирис на која многу тешко можете да му одолеете.


Потребни состојки:

 

~45 бисквити

350 г пасиран варен костен

200 г ореви

125 г путер

150 г шеќер во прав

1 пакување шлаг крем од чоколадо или ванила

Екстракт од ванила

 

Декорација:

 

1-2 пакетчиња шлаг пена

 

ПОСТАПКА:

 

Во изматениот шлаг крем додадете сварен и испасиран костен, па промешајте. Путерот пенасто изматете го со шеќер во прав па додадете го во смесата со шлагот и костенот. На крајот додадете исечкани ореви и сето убаво со дрвена лажица соединете.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:11

Колач од костени и вишни

За подготовка ви се потребни:

  • 500 г  костени
  • 100 мл млеко
  • 250 г шеќер
  • 6 јајца
  • 100 г бадеми
  • 1 чашка коњак
  • Сок од 1 лимон
  • вишни
  • Пола чаша црно вино

Подготовка


Исчистените костени варете ги во млекото додека не омекнат. Жолчките се мешаат со шеќерот додека не се добие пенлива смеса. Во смесата додадете бадеми, сок од лимон и коњак, мешајте и додадете во костените. Изматете ги белките од јајцата додека не станат густи, потоа додадете ги во смесата со костените. Смесата истурете ја во подмачкан калап со брашно (околу 26-28 центиметри дијаметар). Печете околу 45 минути на 170˚С. Вишните варете ги во пола чаша црвено вино со 3 лажици шеќер, додека смесата не стане густа. Смесата истурете ја на изладениот колач.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:07


Рум коцки од костен

1 килограм костени

250 грама маргарин

200грама шеќер

50 грама рум

300 грама чоколада за готвење

4 лажици масло за јадење

Подготовка:

Костените ги вариме, лупиме и ги пасираме. Посебно ги матиме шеќерот и маргаринот, па го додаваме румот и испасираните костени.

Добро мешаме,потоа смесата ја истураме на работната маса и ја развлекуваме со дебелина од 4 сантиметри.



Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 22:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:44

Колач со смокви и костени



Состојки:За тесто:

450 грама пире од костени
5 јајца
10 лажици шеќер
За фил:
250 милилитри слатка павлака
2 лажици кисела павлака
2 лажици мармалад од смокви
5 свежи смокви

Подготовка за тесто: 
Добро матете ги жолчките со шеќерот, додадете го пирето од костени и матете уште 2 минути. Додадете ги белките, а потоа со рака внимателно изедначете ја смесата. Тестото ставете го во плех, обложен со хартија за печење или премачкан со путер. Смесата израмнете ја и ставете ја да се пече. Печете на 180 степени 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 160 степени и покријте го тестото со фолија за печење. Печете уште 25 минути. Готовото тесто оставете го да се излади. Потоа нанесете го филот.

Подготовка за фил:
Матете ги слатката и киселата павлака, додадете го мармаладот, и на ситни коцки исечканите смокви. Промешајте ја смесата, и рамномерно нанесете ја на тестото. Украсете го колачот со свежи смокви, и ставете го во фрижидер до послужувањето.



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:43

Рецепт: Парфе торта од костени



Костените се заштитен знак на есенските денови. Неодоливата миризба на печени костени веќе некое време се шири низ улиците и му дава посебна магија на овој период од годината. 

Покрај нивната печена и варена варијанта, костените се многу вкусни кога ќе се вклучат и во разни торти и колачи. Овој пат ви нудиме рецепт за лесна парфе торта од костени.


Потребни состојки

Тесто:

- 50 гр. путер;
- 50 гр. шеќер во прав;
- 2 жолчки од јајце;
- 70 гр. чоколадо;
- половина супена лажица горко какао;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 35 гр. брашно;
- половина лажичка прашок за пециво;
- половина лажичка сол;
- 0,33 дл. слатка павлака (хопла);
- 2 белки од јајце;
- 0,66 дл. млеко.

Фил:

- 500 гр. варени и исчистени костени;
- 400 мл. слатка павлака (хопла);
- 100 гр. шеќер во прав;
- 1 кесичка желатин во прав;
- изматен шлаг;
- рендано чоколадо за декорација.

Подготовка

Најпрво подгответе го тестото, односно чоколадниот бисквит. Пенасто изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги жолчките, една по една. Потоа, стопете го чоколадото на пареа, оставете го малку да се олади и во него додадете ги какаото и ванилиниот шеќер. Со миксер мешајте сè, додавајќи ги во смесата брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа полека и павлаката и млекото. Белките добро изматете ги одвоено, сè додека не добиете цврста пена, а потоа истата додадете ја во смесата и изматете уште малку. 

Истурете ја смесата во кружен калап и печете на 180 степени околу 15 минути.

Додека тестото се лади, подгответе го филот. Сварените костени исчистете ги и испасирајте ги. Желатинот подгответе ги според упатството на кесичката. Во костените додадете го шеќерот, а течната слатка павлака измешајте ја со изматената шлаг пена. Измешајте ги костените и шлагот и на крај додадете го растопениот желатин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја врз испеченото и изладено тесто.

Тортата ставете ја во фрижидер да се олади. Потоа украсете ја со шлаг и попрскајте ја со рендано чоколадо. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:42

Бајадера со костени

700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус.

Околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило)
околу 100-150 gr мелени бадеми (купени 200 gr, во меѓувреме околу 50 gr изедени)
18 мелени бисквити
75 gr путер
3/4 шоља шеќер, растопен во
8 лажици топло млеко
100 gr стопено чоколадо

Измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата.
глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко.
бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува.
  


Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 21:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:34

Убиствено добра комбинација -торта со чоколадо и костени

Пирето од костени и кремот од чоколадо ќе создадат торта која ќе ви ја збогати трпезата, ќе ја јадете со сласт и ќе внесе дополнителна радост во ова преубаво годишно доба од годината

ubistveno-dobra-kombinacija-torta-od-chokolado-i-kosteni-kafepauza.mk



Потребни состојки:
  • 6 јајца
  • 80 г шеќер
  • 2 лажици какао
  • 60 г пченично брашно (тип 40)
  • 5 лажици млеко
За кремот:
  • 150 г пире од костени
  • 300 мл слатка павлака
  • 300 мл млеко
  • 1 крем за колачи од чоколадо
  • 100 г чоколадо
Начин на подготовка:
  1. Жолчките и шеќерот заедно ставете ги во сад и со електричен миксер изматете ги додека не добиете кремаста смеса. Додајте го какаото помешано со брашно и добро измешајте. Белките изматете ги во цврст шлаг и нежно додавајте ги во смесата.
  2. На дното на калап за торта со дијаметар 24 см ставете хартија за печење и добро премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса, израмнете и печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
  3. Извадете го печениот пандишпан и оставете го да се излади, а потоа напрскајте го со млеко.
  4. Пирето од костени разредете го со 100 мл слатка павлака. Во сад ставете го ладното млеко, додајте го остатокот од слатката павлака и содржината од кесичката за кремот. Матете со миксер на средна брзина околу 2-3 минути, додека не добиете крем. Во него додајте го стопеното чоколадо и разреденото пире од костени.
  5. Веднаш нанесете врз оладениот бисквит-пандишпан и израмнете. Потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади, после што е спремна за послужување. Дополнително можете да ја украсите со шлаг или чоколадна глазура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:32

Чоколаден костен-колач со ликер

Приготвување:

Обложете го калапот за торта (или каков било сад) со проѕирна кујнска фолија, во два слоја.

Ставете ги сите состојки во друг сад и мешајте ги додека не добиете еднолична смеса.

Истурете ја смесата во обложениот калап, израмнете ја површината и оставете ја цела ноќ во фрижидер.

Исечете ја на тенки парчиња и послужете ја со шлаг.

Забелешка: за костен-пирето сварете костени, излупете ги, додајте шеќер по желба и измешајте ги во блендер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:27


Колач од костен

Потребни состојки за тесто:

6 белки

18 лажици шеќер
1 лажица оцет
3 -4 лажици мелени ореви

ПРВ ФИЛ:

6 жолчки
8 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
400 мл млеко
150 г путер/ маргарин

ВТОР ФИЛ:

1 пакување пире од костени
3 -4 лажичи цечкани ореви
200 мл слатка павлака за шлаг
шеќер во прав (по вкус)

ПОСТАПКА:

1.Добро изматете ги белките со шеќер и оцет, па додадете ги оревите. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија и печете 1 час на 150 степени.

2.За првиот фил изматете ги жолчките со шеќер, додадете ванилин шеќер и кесичка пудинг од ванила, па сето добро измешајте го, додадете малку млеко за да не биде премногу густа смесата. Сварете го во млекото и оставете да излади. Тогаш додадете 150 г путер/маргарин.

3.За вториот фил во пирето од костен додадете ореви, промешајте и додадете изматена слатка павлака.

4.Изладениот бисквит премачкајте го со првиот па со вториот фил. Колачот прелијте го со растопено чоколадо или премачкајте со шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 21:24

Подгответе: Лесна торта од чоколадо и костени


Костенот и чоколадата ќе направат торта која со сигурност ќе го збогати вашето мени на десерти.

neodolivo-vkusna-kombinacija-na-kosteni-i-cokolada-1

Тортата се прави брзо и едноставно и со сигурност ќе ви стане омилениот сладок оброк.

Ако сте огромни обожаватели на слаткото, тогаш ова е есенската комбинација за вас:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 80g шеќер
  • 2 супени лажички какао
  • 60g пченично брашно
  • 5 супени лажички млеко

За крем:

  • 150g пире од костени
  • 300ml крем
  • 300ml млеко
  • 1 крема за колачи од чоколадо
  • 100g чоколадо

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги жолчките од јајцата и шеќерот, па со помош на миксер измешајте ги додека не се соединат. Потоа додајте го какаото промешано со брашното. Белките од јајцата лесно вмешајте ги во смесата.

На дното од калапот за торта ставете хартија за печење, а потоа добро премачкајте со путер. Во калапот, додајте ја подготвената смеса, измазнете го тестото и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го во калапот да се лади, а потоа распрскајте го млекото врз него.

Пирето од костен разредете го со 100ml крем.

Земете сад во кој ќе ги ставите ладното млеко, остатокот од слаткиот крем и кремот за колачи од чоколадо, па мешајте со миксер додека да добиете еднолична смеса. Потоа додајте го стопеното чоколадо и пирето од костен.

На веќе изладеното печено тесто, додајте го кремот, а потоа оставете ја тортата да се олади.

Украсете со шлаг или чоколадни трошки. 

podgotvete-lesna-torta-od-kosten-i-cokolada-01.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,594 секунди.