Испечати | Затвори го прозорот

Колачи,торти и останати слатки од костен

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27881
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 15:22
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Колачи,торти и останати слатки од костен
Постирано од: Valerija
Наслов: Колачи,торти и останати слатки од костен
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:10
Костен бомбици


Костен бомбици

Состојки
150-170гр костен пире- домашно подготвено
1 лажица крем
1 лажиче путер
1лажица млеко
80гр млечно чоколадо
1 лажица чоколаден ликер
50гр грубо мелени печени лешници
за валкање шарени чоко трошки и мелен лешник
Значи потребно е околу 300-400гр костени- живи
Нив ги ставаме во сад со вода и ги вариме додека убаво не се сварат.
Топли ги лупиме прво од надворешната лушпа, а потоа и од внатрешната лушпа.
Со вилушка ги пасираме.
Во еден сад налеваме вода и оставаме на оган да се загрева,
Во друг сад ги ставаме путерот, нутелата, чоколадото и млекото.
Овој сад го ставаме над садот со вода и мешаме се додека не се изедначат состојките.
Тргаме на старана па го додавааме чоколадниот ликер, лешниците, костен пирето.
Убаво соединуваме и оставаме смесатаа да се излади.
потоа формираме бомбици.
Пола ги валакаме во шарени чоко трошки, а пола во мелени лешници.
Уживајтееее




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:20
Торта  со костен

Торта со костен

Состојки
3 јајца
250 гр шеќер
200 гр маргарин
150 мл млеко
300 гр испасирани костени
200 гр брашно
1 ванила
1 пециво

1. Во два сада ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките во сврст снег и ги оставаме настрана 2. Во садот со жолчките го додаваме шеќерот и претходно растопен и оладен маргарин матиме и допдаваме брашно во кое е измешано пециво и ванила, благо промешуваме, го додаваме и млекото испасираниот костен и најпосле снегот од белките мешаме од дното кон врвот. 
3. Смесата ја сипуваме во калап бр 24см претходно обложен со хартија за печење или намрсен и пробрашнет. 
4. Печеме во загреана релна на 180 степени околу 35 минути. 
5. Можете да декорирате со чоколадна глазура или слатка павлака.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:22
Американски палачинки од костен

Американски палачинки од костен

Состојки
200гр варени, мелени костени (чисти)
150гр брашно
2 жолчки
1 лажиче рамно пециво
1 лажица кафен шеќер
2 лажици масло
100мл млеко
200мл јогурт
2 белки
за декорација
1 лажица крем сир
1 лажица шеќер во прав
100мл слатка павлака
за прелив
мармалад, џем од вишни

Во еден сад ги соединуваме млекото, јогуртот, шеќерот, мелените костени, пецивото, брашното, некое зрно сол и маслото. Јас сите овие состојки ги ставив во нутрибулет и добив мазна и сјајна смеса.
Ги матиме белките во цврст шам и ги соединуваме со претходната смеса.
Оставаме смесата да одмори 15 минути, па потоа на умерен оган, на многу малку намастена тава ги пржиме палачинките.
Ги ставаме на решетка да се изладат.
За кремот ги соединуваме павлакта, шеќерот и крем сирњето.
Редиме по 3 палачинки една врз друга меѓу кои ставаме од кремот.
Декорацијата ја завршуваме со мармалад од вишни... или по желба




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:24

https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26227-podgotvete-lesna-torta-od-kosten-i-cokolada" rel="nofollow - - Подгответе: Лесна торта од чоколадо и костени


Костенот и чоколадата ќе направат торта која со сигурност ќе го збогати вашето мени на десерти.

neodolivo-vkusna-kombinacija-na-kosteni-i-cokolada-1

Тортата се прави брзо и едноставно и со сигурност ќе ви стане омилениот сладок оброк.

Ако сте огромни обожаватели на слаткото, тогаш ова е есенската комбинација за вас:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 80g шеќер
  • 2 супени лажички какао
  • 60g пченично брашно
  • 5 супени лажички млеко

За крем:

  • 150g пире од костени
  • 300ml крем
  • 300ml млеко
  • 1 крема за колачи од чоколадо
  • 100g чоколадо

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги жолчките од јајцата и шеќерот, па со помош на миксер измешајте ги додека не се соединат. Потоа додајте го какаото промешано со брашното. Белките од јајцата лесно вмешајте ги во смесата.

На дното од калапот за торта ставете хартија за печење, а потоа добро премачкајте со путер. Во калапот, додајте ја подготвената смеса, измазнете го тестото и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го во калапот да се лади, а потоа распрскајте го млекото врз него.

Пирето од костен разредете го со 100ml крем.

Земете сад во кој ќе ги ставите ладното млеко, остатокот од слаткиот крем и кремот за колачи од чоколадо, па мешајте со миксер додека да добиете еднолична смеса. Потоа додајте го стопеното чоколадо и пирето од костен.

На веќе изладеното печено тесто, додајте го кремот, а потоа оставете ја тортата да се олади.

Украсете со шлаг или чоколадни трошки. 

podgotvete-lesna-torta-od-kosten-i-cokolada-01.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:27


Колач од костен

Потребни состојки за тесто:

6 белки

18 лажици шеќер
1 лажица оцет
3 -4 лажици мелени ореви

ПРВ ФИЛ:

6 жолчки
8 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
400 мл млеко
150 г путер/ маргарин

ВТОР ФИЛ:

1 пакување пире од костени
3 -4 лажичи цечкани ореви
200 мл слатка павлака за шлаг
шеќер во прав (по вкус)

ПОСТАПКА:

1.Добро изматете ги белките со шеќер и оцет, па додадете ги оревите. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија и печете 1 час на 150 степени.

2.За првиот фил изматете ги жолчките со шеќер, додадете ванилин шеќер и кесичка пудинг од ванила, па сето добро измешајте го, додадете малку млеко за да не биде премногу густа смесата. Сварете го во млекото и оставете да излади. Тогаш додадете 150 г путер/маргарин.

3.За вториот фил во пирето од костен додадете ореви, промешајте и додадете изматена слатка павлака.

4.Изладениот бисквит премачкајте го со првиот па со вториот фил. Колачот прелијте го со растопено чоколадо или премачкајте со шлаг.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:32

Чоколаден костен-колач со ликер

https://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/09/choc1-996x1000.jpg" rel="nofollow">

Приготвување:

Обложете го калапот за торта (или каков било сад) со проѕирна кујнска фолија, во два слоја.

Ставете ги сите состојки во друг сад и мешајте ги додека не добиете еднолична смеса.

Истурете ја смесата во обложениот калап, израмнете ја површината и оставете ја цела ноќ во фрижидер.

Исечете ја на тенки парчиња и послужете ја со шлаг.

Забелешка: за костен-пирето сварете костени, излупете ги, додајте шеќер по желба и измешајте ги во блендер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:34

Убиствено добра комбинација -торта со чоколадо и костени

Пирето од костени и кремот од чоколадо ќе создадат торта која ќе ви ја збогати трпезата, ќе ја јадете со сласт и ќе внесе дополнителна радост во ова преубаво годишно доба од годината

ubistveno-dobra-kombinacija-torta-od-chokolado-i-kosteni-kafepauza.mk



Потребни состојки:
  • 6 јајца
  • 80 г шеќер
  • 2 лажици какао
  • 60 г пченично брашно (тип 40)
  • 5 лажици млеко
За кремот:
  • 150 г пире од костени
  • 300 мл слатка павлака
  • 300 мл млеко
  • 1 крем за колачи од чоколадо
  • 100 г чоколадо
Начин на подготовка:
  1. Жолчките и шеќерот заедно ставете ги во сад и со електричен миксер изматете ги додека не добиете кремаста смеса. Додајте го какаото помешано со брашно и добро измешајте. Белките изматете ги во цврст шлаг и нежно додавајте ги во смесата.
  2. На дното на калап за торта со дијаметар 24 см ставете хартија за печење и добро премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса, израмнете и печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
  3. Извадете го печениот пандишпан и оставете го да се излади, а потоа напрскајте го со млеко.
  4. Пирето од костени разредете го со 100 мл слатка павлака. Во сад ставете го ладното млеко, додајте го остатокот од слатката павлака и содржината од кесичката за кремот. Матете со миксер на средна брзина околу 2-3 минути, додека не добиете крем. Во него додајте го стопеното чоколадо и разреденото пире од костени.
  5. Веднаш нанесете врз оладениот бисквит-пандишпан и израмнете. Потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади, после што е спремна за послужување. Дополнително можете да ја украсите со шлаг или чоколадна глазура.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:42

Бајадера со костени

700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус.

http://4.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/S0n6J-vxOmI/AAAAAAAAAm0/UscArqxfipQ/s1600-h/smesa.jpg" rel="nofollow">

Околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило)
околу 100-150 gr мелени бадеми (купени 200 gr, во меѓувреме околу 50 gr изедени)
18 мелени бисквити
75 gr путер
3/4 шоља шеќер, растопен во
8 лажици топло млеко
100 gr стопено чоколадо

http://4.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/S0n6LTYDyNI/AAAAAAAAAm8/7qdYn4vb8nw/s1600-h/choko.jpg" rel="nofollow">
Измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата.
глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко.
бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува.
   http://4.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/S0n6NHmc32I/AAAAAAAAAnE/JZWmtly-ZVc/s1600-h/chokolado.jpg" rel="nofollow">


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:43

Рецепт: Парфе торта од костени



Костените се заштитен знак на есенските денови. Неодоливата миризба на печени костени веќе некое време се шири низ улиците и му дава посебна магија на овој период од годината. 

Покрај нивната печена и варена варијанта, костените се многу вкусни кога ќе се вклучат и во разни торти и колачи. Овој пат ви нудиме рецепт за лесна парфе торта од костени.


Потребни состојки

Тесто:

- 50 гр. путер;
- 50 гр. шеќер во прав;
- 2 жолчки од јајце;
- 70 гр. чоколадо;
- половина супена лажица горко какао;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 35 гр. брашно;
- половина лажичка прашок за пециво;
- половина лажичка сол;
- 0,33 дл. слатка павлака (хопла);
- 2 белки од јајце;
- 0,66 дл. млеко.

Фил:

- 500 гр. варени и исчистени костени;
- 400 мл. слатка павлака (хопла);
- 100 гр. шеќер во прав;
- 1 кесичка желатин во прав;
- изматен шлаг;
- рендано чоколадо за декорација.

Подготовка

Најпрво подгответе го тестото, односно чоколадниот бисквит. Пенасто изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги жолчките, една по една. Потоа, стопете го чоколадото на пареа, оставете го малку да се олади и во него додадете ги какаото и ванилиниот шеќер. Со миксер мешајте сè, додавајќи ги во смесата брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа полека и павлаката и млекото. Белките добро изматете ги одвоено, сè додека не добиете цврста пена, а потоа истата додадете ја во смесата и изматете уште малку. 

Истурете ја смесата во кружен калап и печете на 180 степени околу 15 минути.

Додека тестото се лади, подгответе го филот. Сварените костени исчистете ги и испасирајте ги. Желатинот подгответе ги според упатството на кесичката. Во костените додадете го шеќерот, а течната слатка павлака измешајте ја со изматената шлаг пена. Измешајте ги костените и шлагот и на крај додадете го растопениот желатин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја врз испеченото и изладено тесто.

Тортата ставете ја во фрижидер да се олади. Потоа украсете ја со шлаг и попрскајте ја со рендано чоколадо. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:44

Колач со смокви и костени

https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow -

https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow">Состојки: З https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow - а тесто:

https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow - 450 грама пире од костени
5 јајца
10 лажици шеќер
За фил:
250 милилитри слатка павлака
2 лажици кисела павлака
2 лажици мармалад од смокви
5 свежи смокви

https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow - - Подготовка за фил:
Матете ги слатката и киселата павлака, додадете го мармаладот, и на ситни коцки исечканите смокви. Промешајте ја смесата, и рамномерно нанесете ја на тестото. Украсете го колачот со свежи смокви, и ставете го во фрижидер до послужувањето.

https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Flife%2Fkolach-so-smokvi-i-kosteni&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=true&size=small" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 22:07


Рум коцки од костен

1 килограм костени

250 грама маргарин

200грама шеќер

50 грама рум

300 грама чоколада за готвење

4 лажици масло за јадење

Подготовка:

Костените ги вариме, лупиме и ги пасираме. Посебно ги матиме шеќерот и маргаринот, па го додаваме румот и испасираните костени.

Добро мешаме,потоа смесата ја истураме на работната маса и ја развлекуваме со дебелина од 4 сантиметри.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 22:11

Колач од костени и вишни

За подготовка ви се потребни:

  • 500 г  костени
  • 100 мл млеко
  • 250 г шеќер
  • 6 јајца
  • 100 г бадеми
  • 1 чашка коњак
  • Сок од 1 лимон
  • вишни
  • Пола чаша црно вино

Подготовка


Исчистените костени варете ги во млекото додека не омекнат. Жолчките се мешаат со шеќерот додека не се добие пенлива смеса. Во смесата додадете бадеми, сок од лимон и коњак, мешајте и додадете во костените. Изматете ги белките од јајцата додека не станат густи, потоа додадете ги во смесата со костените. Смесата истурете ја во подмачкан калап со брашно (околу 26-28 центиметри дијаметар). Печете околу 45 минути на 170˚С. Вишните варете ги во пола чаша црвено вино со 3 лажици шеќер, додека смесата не стане густа. Смесата истурете ја на изладениот колач.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 22:13
Непечена торта од костен

Непечена торта од костен

- Подготовка

 

Непечената костен  https://nmd.com.mk/article.aspx?page=1&cid=2469&scID=&l=63" rel="nofollow - торта  е толку многу вкусна,  https://nmd.com.mk/article.aspx?page=1&cid=2469&scID=&l=63" rel="nofollow - крем ава и едноставно се приготвува. Костенот и шлагот од ванила и даваат волшебен мирис на која многу тешко можете да му одолеете.


Потребни состојки:

 

~45 бисквити

350 г пасиран варен костен

200 г ореви

125 г путер

150 г шеќер во прав

1 пакување шлаг  https://nmd.com.mk/article.aspx?page=1&cid=2469&scID=&l=63" rel="nofollow - крем  од  https://nmd.com.mk/article.aspx?page=1&cid=2469&scID=&l=63" rel="nofollow - чоколадо  или ванила

Екстракт од ванила

 

Декорација:

 

1-2 пакетчиња шлаг пена

 

ПОСТАПКА:

 

Во изматениот шлаг  https://nmd.com.mk/article.aspx?page=1&cid=2469&scID=&l=63" rel="nofollow - крем  додадете сварен и испасиран костен, па промешајте. Путерот пенасто изматете го со шеќер во прав па додадете го во смесата со шлагот и костенот. На крајот додадете исечкани ореви и сето убаво со дрвена лажица соединете.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 22:17

https://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19131-esenski-desert-torta-od-kosten-vo-5-cekori" rel="nofollow - - Есенски десерт: Торта од костен во 5 чекори


Со официјалниот почеток на есента започнаа подготовките во домот, па и во кујната. Еден од омилените есенски плодови - костенот, за прв пат ќе можете да го искористите на малку поиновативен и повкусен начин.

esenski-desert-torta-od-kosten-vo-5-cekori-01

За сите љубители на оваа прекрасна есен прeпорачуваме едно колаче/торта кое пријатно ќе ве изненади:

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 500g засладено пире од костен
  • 200g темно чоколадо
  • 160g путер
  • Лажичка цимет и рум

Подготовка:

1. На пареа растопете го чоколадото и путерот и оставете ги да се оладат на собна температура.

2. Изматете ги јајцата со миксер, додека не се претворат во пенаста смеса.

3. Миксирајте додека го додавате пирето од костен дел по дел, па кога сè заедно ќе се соедини, додајте го стопеното чоколадо со путер.

4. По желба додадете цимет и рум.

5. Смесата ставете ја во калап и печете 30 минути на 180 степени. Тортата треба да остане сочна од внатре, така што не ја печете повеќе.

Совет плус: Со тортата послужете засладена слатка павлака и неколку свежи боровинки. Одлично освежување!

esenski-desert-torta-od-kosten-vo-5-cekori-03



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 22:19


Костен торта – едноставна, а толку вкусна…


Доколку ви се јаде благо направете ја оваа вкусна торта од костени – ќе бидете воодушевени!

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 120 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр шеќер во прав
  • 50 гр сечкани ореви
  • рум

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 200 гр маргарин
  • 250 гр пире од костени
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 дл слатка павлака
  • рум
  • 3 шлаг крема

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Маргаринот, бисквитите, растопеното чоколадо, сечканите ореви и румот добро изедначете ги и формирајте кора.
  2. За филот пенасто разматете маргарин и шеќер во прав, додајте пире од костени па разматена слатка павлака и по желба малку рум.
  3. Преку филот ставете разматен шлаг крем, послужете и уживајте!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Јуни.2018 во 16:01

Торта со костени


http://mojportal.mk/uploads/article_languages/torta%20so%20kosteni1.jpg" rel="nofollow">Торта со костени

http://mojportal.mk/zosto-e-potrebno-da-se-jadat-kosteni" rel="nofollow - Костените  кои се едни од главните обележја на есента, како што веќе спомнавме можете да ги јадете печени или варени, можете од нив да направите вкусни мали  http://mojportal.mk/recepti/bombici-so-pire-od-kosteni" rel="nofollow - бомбици , а исто така можете да ги употребите за подготвување на фил со кој ќе ја филувате тортата, која денес ви ја нудиме како наш предлог.

За подготовката на оваа вкусна торта со костени, покрај состојките кои ќе ви ги кажеме, во самата подготовка потребно е да внесете и многу љубов и внимание.
Костените се разбира дека ќе си ја завршат својата работа, т.е. ќе ѝ дадат на тортата еден посебен и неодолив вкус, но и љубовта со која ќе ја подготвувате тортата ќе биде причина повеќе за таа да биде навистина неверојатно вкусна.

Ви посакуваме пријатна и лесна работа, а кога тортата ќе биде спремна за консумирање, ви предлагаме со чаша црвено вино уште повеќе да го збогатите нејзиниот вкус.

Состојки за пандишпан:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 лажица какао
2 лажици масло

Состојки за фил:
6 јајца
200 гр. шеќер
250 гр. путер
250 гр. пире од костени
1 лажица ситно мелено кафе
1 лажица рум
50 гр. чоколадо
1 пакетче ванилин шеќер
2 кесички шлаг пена

Подготовка на пандишпанот:

1. Белките се матат со миксер заедно со шеќерот и постепено една по една им се додаваат жолчка не престанувајќи со матењето. 
2. Брашното се меша со какаото и со постојано мешање со лажица се става во смесата со јајцата.
3. Смесата за пандишпан се става во тркалезен, или во друга форма калап за торта, претходно убаво намрсен со масло и посипан со брашно. Може наместо масло и брашно да се употреби и хартија за печење.
4. Пандишпанот се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 200°Ц. Испечениот пандишпан се вади од калапот и се остава убаво да се излади.
 

Подготовка на филот:

1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат во сад да се стопат над пареа со постојано мешање, додека смесата не се згусти.
2. Откако смесата ќе ја добие потребната густина се трга од пареата и во неа се додава чоколадото. Смесата се остава убаво да се олади.
3. Путерот се мати со миксер додека да стане пенест и во него се додаваат кафето, румот и пирето од костени (претходно сварени, убаво исчистени и убаво миксирани) и оваа смеса се става во претходната изладена смеса. 
Сѐ убаво се меша додека филот убаво се соедини.
 

Финална подготовка на тортата:

1. Изладениот пандишпан се враќа во калапот во кој се печел. Над него се става изладениот фил и калапот се става во фрижидер за да се стегне тортата со филот.
2. Кесичките шлаг се матат според упатството за употреба и со добиениот шлаг се премачкува целата површина на тортата. Одозгора тортата можете да ја украсите со неколку претходно сварени и исчистени јатки костени, или по ваша желба.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:25
Превкусен десерт од  костен и рум



Идеален десерт за постудените денови.

Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно од купената верзија.

Потребни намирници – 400 грама костени, 2 лажици шеќер, 40 мл рум, 10 мл арома од ванила, шлаг 200 мл.

Подготовка

Во лонец ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади.

Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:34

Торта од костени и лешници

Тортата од костени и лешници е традиционален македонски десерт кој ќе ви ja заблажи празничнaта трпеза на утрешниот ден.

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2016/10/torta-1.jpg" rel="nofollow">torta-1

За да ја подготвите треба да набавите – 1 килограм варени, лупени и пасирани костени, 250 гр шеќер, 300 гр чоколада за готвење, 200 гр пржени и мелени лешници, 250 гр путер, 300 мл слатка павлака.

Потребно време за подготовка на овој специјалитет е 30-на минути, не сметајќи го времето за ладење.

Во тенџере на оган го ставаме шеќерот, додаваме 100 милилитри вода и мешаме со лажица. 200 гр чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа. Откако шербетот ќе ја добие потребната густина, го тргаме тенџерето од оган.

Во сад за матење ги ставаме пасираните костени. Го додаваме шербетот и мешаме со лажица.  Потоа во садот ги додаваме мелените лешници и мешаме со лажица додека состојките не се соединат.

Во тенџере на оган ги ставаме парчињата путер. Садот со растопената чоколада го тргаме од оган и мешаме со лажица за чоколадата побрзо да се излади. Тенџерето со растопениот путер го тргаме од оган. Растопената чоколада ја додаваме во садот со костените и лешниците и промешуваме. Потоа во садот го додаваме растопениот путер и мешаме со лажица додека не добиеме хомогена маса.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:40

Ролат од костен

За 45 минути подготовка може да направите вкусен специјалитет од костени кои ќе ви го разубави денот.

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2014/11/r-1.jpg" rel="nofollow">r 1

Есенскиот плод чии мириси веќе со недели се шират низ улиците и кои гарантираат врвна забава крие низа изненадувања. Богатството со витамин Ц, малиот процент на масти се само некои од својствата поради кои овој плод треба секојдневно да се најде на вашата трпеза.

За да го подготвите ролатот од костени потребни се – 7 јајца, 9 лажици шеќер, 2 лажици какао, 5 лажици брашно, 600 грама костени, 125 грама путер, 1 ванилин шеќер (или 50 грама топено чоколадо за готвење), 30 мл рум, 100 грама суво грозје.

Подготовка

6 жолчки изматете со 1 цело јајце, 7 лажици шеќер, 2 лажици какао, 5 лажици брашно, 30 мл. рум и снег од  белки претходно добро изматен.

Смесата печете ја во подмачкана тава, а кога ќе биде готова ставете ја на влажна салвета и свиткајте ја во ролат.

За филот потребно е – 600 грама (варени) костени, 2 лажици шеќер, 100 грама суво грозје и 125 грама путер.

Изладеното тесто попрскајте го со рум па потоа филувајте со филот од костени. Завиткајте го во ролат.

Од надворешната страна врз ролатот може да додадете чоколаден прелив за декорација, костен и суво грозје.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Јули.2018 во 20:19

Торта од костени

Есен е годишно време во кое преовладува прекрасниот мирис на костените. Денешниот рецепт е посветен токму на овој плод, од кој може да се направат вистински слатки специјалитети. Еден таков е тортата од костени.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 5 јајца
• 5 големи лажици брашно
• 5 големи лажици шеќер
• 1 ванилин шеќер

за крем од костени
• ½ кг пире од костени
• 200 гр путер
• 200 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 1 мала лажица рум
• 100 гр чоколадо за готвење
• 1 дл вода
• 1 кесичка шлаг
• 2 дл слатка павлака

ПОДГОТОВКА
Состојките за тестото се мешаат со помош на миксер. Добиеното тесто се налева во калап за печење. Потоа, се пече на температура од 220℃ околу 20 минути.

Во меѓувреме, се мешаат водата и румот. Потоа се додаваат шеќерот, ванилиниот шеќер, путерот и чоколадото. Сите состојки се мешаат на умерен оган, сѐ додека не се истопат и соединат.

Вака подготвената смеса се додава на пирето од костен и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Откако, во посебен сад, ќе го изматате шлагот, додајте го кон смесата и повторно добро измешајте.

Потоа, обложете го со алуминиумска фолија калапот во која ќе ја оставите тортата во фрижидер. Фолијата премачкајте ја со путер и налејте ја смесата со костени. Одозгора ставете го тестото и затворете ја фолијата. Се остава преку ноќ, да отстои во фрижидер.

Следното утро, тортата се превртува обратно и се вади од калапот. Се поставува на стаклена чинија и одозгора се премачкува со шлаг од слатка павлака или глазура од чоколадо.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2018 во 21:48
Тарт со крем од костени

Тарт со  крем од костени

Состојки
Тесто за тарт
250 гр брашно
180 гр путер, ладен
50 гр шеќер
1 јајце
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка кора од портокал
прстофат сол
Крем од костени
500 гр варени костени, излупени
100-150 мл млеко, отприлика
410 гр кондензирано млеко
3 јајца
80 гр кафеав шеќер
100 гр шеќер
1 лажичка ванила
15 гр густин
1/2 лажичка мелен ѓумбир
прстофат мелен кардамом
прстофат морско оревче


1. За подготовка на тестото, се мешаат сувите состојки, се додава путерот и со рацете се втрива. На крај се додава изматено јајце и се поврзува. Се обликува диск и се става во фрижидер да одстои 1ч. Потоа со него се обложува калап за тарт со димензии 26см.
2. За подотовка на кремот со костени, излупените костени се пасираат со малку млеко за да се добие мазна смеса.
3. Јајцата се матат со жица за матење и се додава кремот од костени, кондензираното млеко, шеќерот, ванила и на крај измешани зачините со густинот. Со филот се полни тартот се пече 40-45 мин на 180Ц
4. Пред служење се посипува со какао и се украсува со чоколадни листови




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2018 во 21:52
Кремасти колач од костени


Кремасти колач од костени

Состојки
4 јајца
12 лажици шеќер
2 лажици какао
4 лажици брашно
1 пециво
2 штангли рендана чоколада + 4 лажици мелени ореви.
фил
800гр варени лупени костени
250гр маргарин
250гр шеќер во прав
2 кесички шлаг пена
200мл млеко
100гр чоколада

Јајцата се матат со шеќерот а потоа се додаваат и преостанатите состојки и се пече пандишпан во плех 32-40.
Фил
Костените се лупат и се пасираат или се ставаат во блендер. Маргаринот се мати со шеќерот во кремаста маса. Кесичките шлаг пена се матат со млекото и полека кон нив се додава пирето од костени. На крај се додава и маргаринот, се заедно се мати и се добива прекрасен мазен крем со кој се премачкува пандишпанот.
Најогоре се ренда чоколада а овој пат изборот падна на блок чоколадата и прекрасно се спои и вкусот.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 21:55

https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/20098-zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado" rel="nofollow - - Зимска торта од костени и чоколадо


За сите љубители на слаткиот спој од костени и чоколадо, имаме едно вкусно изненадување. За да го подготвите потребен ви е најмногу 1 час, а ќе можете да уживате во него во студените зимски денови.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-01

Потребно ви е:

  • 250g сенаменско брашно
  • 120g квалитетно какао во прав
  • 50g чоколадо за готвење
  • 1 лажица прашак за печиво
  • 2 лажици сода-бикарбона
  • 230g шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 260g пире од костени
  • 2 јајца
  • 230 ml млеко
  • 230ml кафе, по можност еспресо

Подготовка:

1. Со малку масло премачкате го калапот за торта во кој ќе ја печете смесата и загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Посипете го брашното, какаото во прав, прашакот за печиво и содата во голем сад. Додајте го и шеќерот, екстрактот од ванила, пирето од костен, јајцата и растопеното чоколадо. Прелијте со млеко и мешајте додека смесата не се соедини. На крај додадете го кафето.

3. Мешавината истурете ја во калапот и печете на средна температура околу 40-50 минути. За да проверите дали тортата е готова, боцнете ја со метално стапче во средината. Доколку стапчето е чисто откако ќе го повлечете, тогаш тортата е подготвена за сервирање.

4. Оладете ја тортата околу 5-10 минути, а потоа превртете ја на голема чинија. Посипете со какао или цимет, додајте уште малку екстракт од ванила и декорирајте по желба.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-02



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 21:57

Торта од костени и рум

Домашен рецепт за подготовка на вкусна торта од костени и рум.

Потребни состојки:

225 грама темна чоколада

435 грама пире од костени

2 лажици рум

65 грама шеќер

Шлаг за декорација

Начин на подготовка:

Пирето од костени можете да го направите со килограм костени, кои ќе ги варите во засладена вода со малку шеќер. Кога ќе се сварат костените, додајте малку топло млеко, рум за арома и малку путер. Состојките испасирајте ги да станат како пире.

Загрејте ја рерната на 180 степени и во тава ставете ја чоколадата и растопете ја, потоа измешајте ги белките од јајцата со малку сол додека смесата не згусне.

Во друг сад измешајте го путерот со пирето од костени и шеќер. Полека додавајте ги жолчките, чоколадото и румот.

Додајте ги и белките и добро измешајте со цел состојките убаво да се соединат.

Ставете ја смесата во тавата и печете од 40 до 60 минути. Потоа, оставете ја малку да олади и декорирајте со шлаг.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 22:01

Рецепт: Парфе торта од костени


Костените се заштитен знак на есенските денови. Неодоливата миризба на печени костени веќе некое време се шири низ улиците и му дава посебна магија на овој период од годината. 

Покрај нивната печена и варена варијанта, костените се многу вкусни кога ќе се вклучат и во разни торти и колачи. Овој пат ви нудиме рецепт за лесна парфе торта од костени.


Потребни состојки

Тесто:

- 50 гр. путер;
- 50 гр. шеќер во прав;
- 2 жолчки од јајце;
- 70 гр. чоколадо;
- половина супена лажица горко какао;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 35 гр. брашно;
- половина лажичка прашок за пециво;
- половина лажичка сол;
- 0,33 дл. слатка павлака (хопла);
- 2 белки од јајце;
- 0,66 дл. млеко.

Фил:

- 500 гр. варени и исчистени костени;
- 400 мл. слатка павлака (хопла);
- 100 гр. шеќер во прав;
- 1 кесичка желатин во прав;
- изматен шлаг;
- рендано чоколадо за декорација.

Подготовка

Најпрво подгответе го тестото, односно чоколадниот бисквит. Пенасто изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги жолчките, една по една. Потоа, стопете го чоколадото на пареа, оставете го малку да се олади и во него додадете ги какаото и ванилиниот шеќер. Со миксер мешајте сè, додавајќи ги во смесата брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа полека и павлаката и млекото. Белките добро изматете ги одвоено, сè додека не добиете цврста пена, а потоа истата додадете ја во смесата и изматете уште малку. 

Истурете ја смесата во кружен калап и печете на 180 степени околу 15 минути.

Додека тестото се лади, подгответе го филот. Сварените костени исчистете ги и испасирајте ги. Желатинот подгответе ги според упатството на кесичката. Во костените додадете го шеќерот, а течната слатка павлака измешајте ја со изматената шлаг пена. Измешајте ги костените и шлагот и на крај додадете го растопениот желатин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја врз испеченото и изладено тесто.

Тортата ставете ја во фрижидер да се олади. Потоа украсете ја со шлаг и попрскајте ја со рендано чоколадо. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2018 во 20:18

http://www.sitnoseckano.com/chesnut-bajadera/" rel="nofollow - - Бајадера со костени 

http://www.sitnoseckano.com/wp-content/uploads/2010/01/bajadera1.jpg" rel="nofollow">bajadera

Ова е многу вкусно колаче. рецептот ми го кажа една другарка, ирена, само јас имав помалку костени па сите други состојки ги преполовив. еве ги нејзините количини: 700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус.


околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило)
околу 100-150 gr мелени бадеми (купени 200 gr, во меѓувреме околу 50 gr изедени)
18 мелени бисквити
75 gr путер
3/4 шоља шеќер, растопен во
8 лажици топло млеко
100 gr стопено чоколадо

http://4.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/S0n6LTYDyNI/AAAAAAAAAm8/7qdYn4vb8nw/s1600-h/choko.jpg" rel="nofollow">
измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата.
глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко.
бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува.
   http://4.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/S0n6NHmc32I/AAAAAAAAAnE/JZWmtly-ZVc/s1600-h/chokolado.jpg" rel="nofollow">


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Февруари.2019 во 13:31
Американски палачинки од костен

Американски палачинки од костен

Состојки
200гр варени, мелени костени (чисти)
150гр брашно
2 жолчки
1 лажиче рамно пециво
1 лажица кафен шеќер
2 лажици масло
100мл млеко
200мл јогурт
2 белки
за декорација
1 лажица крем сир
1 лажица шеќер во прав
100мл слатка павлака
за прелив
мармалад, џем од вишни

Во еден сад ги соединуваме млекото, јогуртот, шеќерот, мелените костени, пецивото, брашното, некое зрно сол и маслото. Јас сите овие состојки ги ставив во нутрибулет и добив мазна и сјајна смеса.
Ги матиме белките во цврст шам и ги соединуваме со претходната смеса.
Оставаме смесата да одмори 15 минути, па потоа на умерен оган, на многу малку намастена тава ги пржиме палачинките.
Ги ставаме на решетка да се изладат.
За кремот ги соединуваме павлакта, шеќерот и крем сирњето.
Редиме по 3 палачинки една врз друга меѓу кои ставаме од кремот.
Декорацијата ја завршуваме со мармалад од вишни... или по желба




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2019 во 10:27

ВООДУШЕВЕТЕ ГИ ГОСТИТЕ СО УБАВА ПИТА ОД КОСТЕНИ! (РЕЦЕПТ)


Состојки:

За тесто: 80 г брашно, 125 г шеќер, 115 г путер, јајце, жолчка, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 3 лажици вода

За фил: 2 јајца, 500 г пире од костен, 80 г мелени ореви, 200 г темна чоколада, 120 г путер

Подготовка:

  • Замесете ги состојките за тесто.
  • За филот, изматете ги шеќерот и жолчката, а белките изматете ги да добијат цврстина.
  • Во изматените жолчки додадете го пирето од костен и мелените ореви и на крај додадете го шлагот од белки.
  • Растегнете три четвртини од тестото и со него обложете го плиткиот калап за торта.
  • Врз него ставете го кремот од костен.
  • Останатото тесто растегнете го во тенок ролат и со него подрабете ја питата.
  • Печете ја питата во загреана фурна околу 45 минути на 180°C.
  • Растопете го чоколадото на пареа со путер, па со чоколадната глазура премачкајте ја питата.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Декември.2019 во 22:22
Непечена торта со костени – Царица во есен и зима


Непечена торта со костени – Царица во есен и зима


Направете торта со костени.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг. костени
  • 180 гр. маргарин
  • 150 гр. бадеми
  • 50 гр. посно чоколадо
  • 180 гр. шеќер
  • малку вода и какао

ПОДГОТОВКА:

  1. Костените се варат во вода, се цедат се лупат и пасираат.
  2. Се става оладеното пире од костени во длабок сад, се додава пенасто изматениот маргарин, попарени мелени бадеми, истопено чоколадо и шеќер сварен со малку вода.
  3. Се меша да се изедначи.
  4. Се прекрива чинија со проѕирна фолија, се става смесата, се рамни и се остава во ладилник неколку часа.
  5. Се вади потоа фолијата и се врти наопаку.
  6. Декорирајте по желба.

Уживајте!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2020 во 10:34

https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/81248-mirisot-na-esen-i-zima-domashna-torta-od-kosteni" rel="nofollow - - Мирисот на есен и зима: Домашна торта од костени


Ако нешто асоцира на есен и рана зима, тоа е дефинитивно мирисот на костени во домот. Кога ќе прошетате по улиците и ќе ги намирисате печените костени на уличните продавачи, секогаш е тешко да останете рамнодушни.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-01.jpg

Ве инспирираме да направите торта од костени по рецепт на Славица која може да ја следите на  https://www.instagram.com/fresh_fine_divine/" rel="nofollow - Инстаграм .  

Потребни состојки:

За 3 пандишпани:

  • 9 јајца
  • 9 лажици кафеав шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 4.5 лажици какао
  • 1.5 лажички прашок за печиво

За фил:

  • 500g костени и 200 ml млеко за пире од костен (во постапката е процедурата за правење пире од костен)
  • 500ml слатка павлака
  • 50g шлаг
  • 40g црно чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица рум

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-02.jpg

Подготовка:

  • За пирето од костен: На 350g костени излупете им ја тврдата лушпа и ставете ги да се вараат 10-15 минути. Потоа исчистете им ја меката лушпа и ставете ги во 200ml млеко да се варат. Кога костенот ќе биде доволно мек се миксираaт и така добиваме пире од костен.
  • За пандишпанот: Добро се матат јајцата со шеќерот па се додава просеаното какао, брашното и прашокот за печиво.
  • Се прават три вакви пандишпани кои се печат на 180 степени околу 10 минути во калап бр.24.
  • Додека да се оладат пандишпаните, се подготвува филот.
  • За филот: Цврсто се мати слатката павлака па се додава шлагот за да се фиксира.
  • Потоа се додава пирето од костен, ванилиниот шеќер, румот и ренданата чоколада.
  • Филот се дели на три дела и секој пандишпан се филува.
  • На крај, декорирано со слатко од костени или нешто по ваш вкус.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-04.png



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2020 во 19:41

https://www.kafepauza.mk/zivot/kremasta-fantazija-od-kosteni-recept-za-torta-shto-voodushevuva-na-prv-zalak/" rel="nofollow - - Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!



Едвај чекавме да дојде сезоната на костените за да можеме да уживаме во разните десерти што можат да се направат со помош на оваа омилена есенска храна. Денес ви споделуваме еденр ецепт за вкусна и кремаста торта!

Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!

Потребни состојки:

За бисквитот:

  • 4 јајца
  • 100 г путер
  • 200 г брашно
  • 100 г шеќер
  • 2 лажици како
  • 2 лажички прашок за пециво

За кремот:

  • 300 г пире од костени
  • 4 лажици рум
  • 350 милилитри слатка павлака
  • 6 пакетчиња желатин

Начин на подготовка:

  1. Подгответе тава за торта, ставете малку путер и брашно.
  2. Одделете ги жолчките од белките. Белките разбијте ги за да добиете шлаг, а потоа матете ги жолчките со шеќерот додека не добиете светла смеса. Потоа додајте го растопениот путер и матете. Во брашното ставете го какаото и прашокот за пециво и мешајте.
  3. Потоа додајте ја смесата од жолчки и шлагот од белките во брашното. Промешајте за да се соединат, а потоа печете ја смесата на 180 целзиусови степени.
  4. Бисквитот е подготвен за кремот кога долната страна на калапот е ладна на допир. Потоа започнете со подготовка на кремот. Потопете го желатинот во ладна вода во согласност со упатствата на пакувањето. Измешајте го пирето од костени и румот со миксер додека не добиете мазна смеса. Потоа разбијте ја слатката павлака во цврст шлаг.
  5. Полека растопете го желатинот на многу тивок оган. Кога стопениот желатин се олади, додадете неколку лажици шлаг, комбинирајте ги и додајте ги костените. На крај, промешајте го остатокот од шлаг во костените. Истурете го кремот од костени над бисквитот во калапот/тавата и ставете го колачот во фрижидер преку ноќ за да дозволите кремот добро да се зацврсти.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk