IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи со јогурт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со јогурт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2018 во 16:17

Торта со јогурт и јагоди: Лесна варијанта на неодоливиот чизкејк

Доколку сакате лесна и освежувачка варијанта на популарната чизкејк торта, испробајте го овој рецепт. Тортата со јогурт и јагоди е сочна и вкусна, и што е најважно – многу е лесна за припрема.

Сè што Ви е потребно е половина час за да уживате во вкусниот десерт кој е создаден за пролетните денови.

Потребни состојки:

Подлога:

• 125 гр. растопен путер

• 250 гр. бисквити

• 2 лажички кафеав шеќер

• ½ лажичка цимет

Крем: 

• 3 стандардни пакувања јогурт

• 120 гр. шеќер во прав

• 1 ванилин шеќер

• 6 ливчиња желатин

• 2 мали слатки павлаки (4 дл)

• 2 канчиња јагоди (помеѓу 400 и 500 грама)

Подготовка:

1. Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со шеќерот и циметот и потоа додадете го стопениот путер. 

2. Смесата втиснете ја во калап со пречник од 26 центиметри и кратко печете во рерна (3-5 минути на 200 степени). 

3. Во 2,5 јогурта измешајте го шеќерот во прав и измиксајте. 

4. Желатинот растворете го во студена вода според упатството. Во тенџере загрејте ја преостанатата количина на јогурт, додајте го желатинот, тргнете го тенџерето од оган и кратко мешајте додека желатинот не се растопи. Потоа, додадете ја мешавината на остатокот од кремот и сѐ заедно измиксајте. 

5. Изматете ја слатката павлака и потоа додајте го кремот и добро измешајте. 

6. На бисквитите наредете го овошјето, прелијте го со кремот и ставете го во фрижидер за длабоко да отстои преку ноќ. 

Совети: 

- Наместо цимет, во тестото можете да нарендате малку кора од лимон, во која ќе додадете и малку сок од лимон. 

- Овошјето не мора да го ставите врз подлогата на тортата, туку може да го сервирате и покрај неа.



Изменето од Valerija - 31.Мај.2018 во 16:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2018 во 16:13
Посебен рецепт: Колач со јогурт

Посебен рецепт: Колач со јогурт


СОСТОЈКИ

  • 3 шолји јогурт
  • 10 лажици шеќер
  • 300 гр кекс
  • 1 пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 300 гр овошје по желба
  • 100 гр шлаг

ПОДГОТОВКА

  1. Во сад ставете 10 лажици шеќер, 3 јогурти, па измешајте.
  2. Додајте го кексот кој треба да биде ни премногу ситен ни крупен.
  3. Сварете кесе пудинг во 500 мл млеко, со 3 лажици шеќер па изладете.
  4. Разлијте го кексот, од горе ставете овошје по желба, па пудинг и потоа шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2018 во 16:11

Рецепт: Брз овошен колач со јогурт (без печење)


Состојки
500 мл. јогурт
200 гр. шеќер
400 гр. бискоти
1 ванила
2 банани
1 кеса шлаг пена


– Во сад искршете ги бискотите на поголеми парчиња, врз нив истурете го јогуртот, шеќерот, ванилата – измешајте.Освежителен десерт

– Во калапот во кој ќе ја поставите смесата ставете најлон фолија, истурете ја смесата, одозгора наредете цели бискоти кои ќе ги издвоите од вкупната грамажа и ќе послужат како основа на која ќе стои филот и ставете во фрижидер да се стегне. Потоа лесно превртете ја на тањирот или тацната, исечете ги бананите на половина, поставете во надолжна линија во два реда. Сматете го шлагот, покријте го целиот колач. Можете да посипте со чоколадни трошки, рендано чоколадо, топено чоколадо – изборот е ваш.
Напомена
– Овој колач може да се прави со било кое овошје.
– Јас ставив исецкана банана и во филот. Имав 2 белки кои ги изматив во беланец и со него го завршив колачот.



Изменето од Valerija - 31.Мај.2018 во 16:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2017 во 13:37

Направете нешто поразлично: Јогурт колач со јагоди


Сезоната на домашните слатки јагоди само што започна и време е да почнете да правите десерти токму со ова овошје. Ви предлагаме јогурт колач со јагоди.


Потребни состојки за бисквитот:

  • 2 јајца
  • 200гр шеќер
  • изрендана кора од ½ лимон
  • 200гр јогурт
  • 100мл масло
  • 200гр + 2 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 50гр кокос
  • 500гр свежи јагоди

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и кората од лимон. Додадете го маслото и јогуртот, а потоа додајте ги и сувите состојки – кокосот, брашното и прашокот за печиво. Изматете ги уште еднаш состојките за да се соединат. 

Измиените и исчистени јагоди исечете ги на поголеми делови, а потоа измешајте ги со две лажици брашно. 

Земете една округла тава (26-28см) и обложете ја со масна хартија. Истурете половина од смесата, а потоа половина од јагодите, па прелијте со остатокот од смесата. На крај распоредете ги преостанатите јагоди и посипете го колачот со кокос.

Печете 25-30 минути на температура од 180°С. Пред послужување, оладете го колачот на собна температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.