IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од бисквити и плазма кекси
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од бисквити и плазма кекси

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2018 во 15:40
&amp;#208;&amp;#146;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°


Вертикална бисквит торта

Состојки
450 гр. бисквити со какао
1 пудинг од ванила
1 пудинг од чоколада
1 л. млеко
8 лажици шеќер
120 гр. маргарин
Најпрво се подготвува пудинот од ванила. Во сад на оган се става 400 мл. млеко да зоврие. Во 100 мл. ладно млеко се раствара прашокот за пудинг од ванила и 4 лажици шеќер и откако ќе се раствори се истура во зовриеното млеко. Се меша додека пуднингот не се згусти. Се трга на страна и се додава и 60 гр. маргарин. Се меша постојано да се растопи маргаринот. Истата е и подготовката на пудингот од чоколада.
За оваа торта ни е потребен тесен, а долгнавест платичен сад, кој се обложува со проѕирна фолија. На дното и страничните делови на садот се редат бисквити. Се истура 3-4 лажици пудинг од ванила на дното и се распоредува по површината, така бисквидите ќе се залепат. Потоа секој бисквит се зема, се премачкува со пудинг од ванила и се реди вертикално во калапот (како на сликата подолу). Постапката се повторува се додека не се исполни садот (калапот).
Откако ќе се свари чоколадниот пудинг се истура врз наредените бисквити и дури може малку садот да се протресе за да убаво пудингот навлезе помеѓу бисквитите. На крај над чоколадниот пудинг се редат бисквити. Се остава тортата во ладилник неколку часа да се стегне, а потоа се сечат парчиња и се служи.

Доколку сакате, тортата може да се украси со шлаг или друго по желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 16:11

Брза бисквит торта

Станува збор за многу едноставна и вкусна торта која се подготвува за брзо, но и уште побрзо се јаде.

Состојки:

  • 500 грама плазма или обични бисквити
  • 4 жолчки од јајце
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 0,5 литри млеко + млеко за потопување на бисквитите
  • 1 ванилин шеќер
  • лажица путер

Приготвување:

  1. Половината литар млеко, четирите лажици шеќер и путерот ставете ги да се варат. Жолчките од јајце измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (колку да се направи смеса која ќе може да се прелива). Во згреано млеко полека прелијте ја смесата со жолчките мешајќи постојано. Оставете да се излади.
  2. Натопете ги бисквитите во топло млеко и наредете ги на послужавник. Истурете го оладениот фил врз редот бисквити и од горе наредете уште еден слој бисквити. По желба можете да ја декорирате со шлаг направен од преостанатите белки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2018 во 18:20

Брз и вкусен ролат со кршени бисквити

Состојки:

400 гр. бисквити

1 филџан млеко

1 филџан вода

шеќер од 200-300гр

1 чоколадо за готвење

1-2 лажици какао

½ коцка маргарин

Подготовка:

Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 18:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2018 во 11:24
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;


Бисквит  торта со капини

Состојки
1 пакување со 4 бисквитни кори (24 х 9 см)
фил
1 кесичка пудинг со вкус на малина
3 лажици млеко
300 мл. млеко
3 лажици кристал шеќер
200 гр. путер/маргарин
6 лажици шеќер во прав
10 капинки за во филот
300 гр. капинки
по потреба ладно млеко за премачкување на корите
1 кесичка шлаг пена

~ Подготовка ~
Најпрвин се подготвува филот на класичен начин.
Прашокот за пудинг (со вкус на малина), се раствора со 3 лажици млеко.
Поголемата количина млеко и кристал шеќерот се доведуваат до вриење и се вари пудигот со постојано мешање. Се лади сосема.
Путерот/маргаринот се матат со шеќерот во прав и се соединуваат со добро изладениот пудинг.
Во филот се ставаат 10 капинки, се мати со миксерот убаво
да се изедначи смесата.
Првата бисквитна кора се премачкува со ладно млеко, потоа се премачкува со 1/4 од филот.
Се редат капинки исечени на половинки.
Постапката се повторува со сите кори со тоа што последната кора не се премачкува со ладно млеко, туку се премачкува со последната
4-тина од филот одозгора и од страните. Се става во фрижидер, најдобро преку ноќ.
Шлаг пената се подготвува според упатството и со готварски шприц
тортата се декорира по желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2018 во 11:26
&amp;#208;&amp;#157;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°

Непечена бисквит торта

Состојки
500гр. бисквити
1 литар млеко
6 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
1 пудинг од чоколадо
100гр. чоколадо за готвење
100гр. бело млечно чоколадо
250гр. путер

Најпрвин сварете ги пудинзите (секој пудинг со 0.5л. млеко и 3 лажици шеќер).
Во чоколадниот пудинг, додека е уште на оган ставете го темното чоколадо да се растопи.
Потоа оставете ги да се оладат.

Во оладениот чоколаден пудинг се додава половина претхоно изматен путер и пак матите за да се соединат.

Во пудингот од ванила додајте ја другата половина од претходно изматениот путер и ренданото бело чоколадо. Изматете со миксер за да се соединат смесите.

Во подлога за торта наредете бисквити кратко потопени во млеко, потоа црн фил, бисквити,бел фил.
Повторете ја постапката додека се потрошат бисквитеите и филовите.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:36

Вистинска бисквитна фантазија: Чоколадна торта од 4 состојки- Ништо не печете, само ги мешате состојките и готово!

Доколку и вие не сакате да го губите своето време покрај рерната, печејќи кори долго време, но сепак би сакале да им приготвите вкусен неодолив десерт на вашите најблиски, тогаш ова е совршениот рецепт за вас!

Чоколадна бисквитна торта без печење

Потребни состојки

  • 300 гр бисквити
  • 400 мл течна слатка павлака за готвење
  • 250 гр чоколада
  • 100 гр путер

За глазурата

  • 100 мл течна слатка павлкаа за готвење
  • 100 гр чоколада
  • 50 гр масло за готвење

 Начин на подготовка

Додадете ја павлката во сад, следно додадете ги и искршените парчиња чоколада и маслото. Поставете го садот на оган, да се затопли павлаката, при што потребно е да мешате непрекинато, додека да се стопат чоколадото и путерот.

Во друг подлабок сад, искршете ги бисктивите на мали парчиња, а потоа врз истите додадете ја претходно добиената чоколадна смеса и добро измешајте ги сите состојки заедно.

Добиената смеса преместете ја во сад во форма за торта и добро распоредете ја смесата во истиот.

Поставете ја бисквитната торта во ладилникот на 30 минути, за да се затегне нејзината структура.

За глазурата: Поставете ги павлката, чоколадото и путерот во сад и садот поставете го на оган, при што е потребно непрекинато да мешате, за да целосно се стопат и соединат состојките.

Исипете ја глазурата врз чоколадната торта и повторно вратете го десертот во ладилникот, за да целосно се затегне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:38

Брза и лесна бисквитна торта со вкус на лимон, која се топи во уста: 1 парче никогаш не е доволно

Кога ќе се спомне зборот торта, истиот нè асоцира на десерт чија подготовка ќе ни одземе неколку часа и притоа многу труд. Но не и овој пат!

За сите оние кои немате премногу слободно време и енергија, а би сакале да направите неодолив домашен десерт за вашите најблиски, денес ви го откриваме совршениот рецепт!

Брза и лесна бисквитна торта

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 2 супени лажици рендана кора од лимон
  • 1 литар пресно млеко
  • 300 гр бисквити
  • 60 гр пченично нишесте

Начин на подготовка

Додадете го млекото во тенџере, додадете ја ренданата кората од лимонот (Оставете малку од истата, за да на крај ја употребите како декорација) и така поставете ја смесата да се вари.

Во одделен сад, измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете дел од затопленото млеко во чаша и во истата растворете го нишестето и потоа додадете го во тенџерето. Во тенџерето, додадете ја и смесата со јајцата и шеќерот.

Непрекинато мешајте ја смесата, до добивање густа текстура. Оставете ја истата да се излади.

Премачкајте го дното на садот, во кој планирате да ја складирате тортата, со тенок слој од филот и одозгора наредете го првиот слој бисквити. Следно, одозгора повторно нанесете од кремот и продолжете да ги редите слоевите, додека целосно не ја завршите тортата.

На крај, површината на тортата декорирајте ја со остатокот од ренданата кора од лимон. Складирајте го десертот во ладилник да отстои 1 час, а потоа заедно со вашите најмили, насладувајте се на вкусното задоволство!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:43

2 величествени вкусa, 2 раскошни бисквитни торти, за кои не ви е потребно ниту многу време, ниту печење

Речиси и да не постои поомилен десерт од „брзите и лесни“ бисквитни торти. Токму за таа цел, денес ви подготвивме 2 извонредни рецепти од овој вид, чија подготовка нема да ви одземе многу време, а нема да биде потребно ни печење.

1. Бисквитна торта со кондензирано млеко

Потребни состојки

  • 150 гр путер
  • 180 гр варено кондензирано млеко
  • 250 гр бисквити
  • Половина чоколадо

Начин на подготовка

Користејќи миксер, измешајте го путерот со кондензираното млеко, до добивање мазна смеса.

Здробете ги бисквитите, притоа да останат мали парчиња, за да тортата при сечењето изгледа попрекрасно.

Измешајте ги сите состојки заедно и поставете ја добиената смеса во сад со подвижно дно. Доколку немате таков посебен сад, поставете ја слатката смеса во тенџере или друг длабок сад, покриен со проѕирна фолија, така што краевите на десертот ќе излегуваат нагоре. Тоа ќе го олесни процесот на вадење на тортата.

Изрендајте ја чоколадата и со истата, декорирајте ја тортата, а потоа складирајте го десертот во ладилникот и оставете го да отстои 1-2 часа.

2. Торта со овесни бисквити

Потребни состојки

  • 600 гр кисела павлака со 25% масленост
  • 180 гр шеќер во прав
  • 2 зрели банани
  • 500 гр бисквити со овесни снегулки
  • 2 кафени лажици какао

Начин на подготовка

Измешајте ја киселата павлака со шеќерот. Поставете малку од добиената смеса на дното на садот во кој ќе го поставите подоцна десертот. Израмнете и одозгора нанесете ги исечените банани, подеднакво на целата површина. Врз бананите поставете слој од бисквити и додадете уште од кремот. Можете да ги повторите овие чекори, додавајќи уште слоеви од сите состојки, а на крај завршете со кремот.

Складирајте ја тортата во ладилник да отстои неколку часа или уште подобро, во текот на целата ноќ. Следниот ден, декорирајте го десертот со нанесување на какао врз истиот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2020 во 10:07

Десерт на денот: Летна торта со бисквити, без печење


Кога ќе ви се пријаде благо во топлите денови – оваа чоколадна торта со бисквити е идеална за вас.

desert-na-denot-letna-torta-so-biskviti-bez-pechenje-01.jpg

Најдоброто е што не мора да се пече – се подготвува филот, се редат бисквитите, се лади и сервира!

Лесно се подготвува и ќе ви стане омилен рецепт летово.

Потребни состојки:

  • 150g бисквити
  • 150g чоколадни бисквити

За кремот:

  • 490ml млеко
  • 100g шеќер
  • 2 жолчки од јајце
  • 2 лажици нишесте
  • 2 лажици путер
  • 10g ванилин шеќер
  • 80g чоколадо
  • 100ml шлаг пена

За премачкување и прелив:

  • 150ml шлаг пена (за премачкување)
  • 100ml шлаг пена (за прелив)
  • 80g чоколадо (за прелив)
  • Кршени ф’стаци (декорација)

Начин на подготовка:

  • Ставете ги на оган млекото, шеќерот, нишестето и жолчките. Мешајте додека не добиете кремаста смеса, а потоа тргнете го тавчето од оган.
  • Додадете го путерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и мешајте. Додадете го и шлагот и повторно мешајте.
  • Намачкајте ги бисквитите со кремот и редете ги наизменично во кружен калап. Покријте ги со пластична фолија и оставете да се ладат 2 часа во фрижидер.
  • Извадете ги бисквитите во форма на торта од калапот и премачкајте со изматена шлаг пена од сите страни.
  • Стопете го чоколадото и измешајте со шлаг пена додека смесата не се соедини, а потоа прелијте ја тортата.
  • Декорирајте со кршени ф’стаци или јаткасти плодови по желба.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.