IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 21:01

Торта со кафе и кремаст фил готова за половина час


    Обожувачите на кафе и слатки нешта преку овој десерт ќе го добијат својот совршен спој. Еве што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна торта во која со додавањето на кафе кората станува мека и сочна.

    Торта со кафе и кремаст фил готова за половина час

    Потребни состојки:

    За кората:

    • 250 г брашно
    • прстофат сол
    • 1 лажичка прашок за печиво
    • 2 лажички сода бикарбона
    • 75 г какао
    • 300 г шеќер
    • 230 мл масло
    • 100 мл подготвено кафе
    • 250 мл полномасно млеко
    • 2 јајца
    • 1 лажичка екстракт од ванила

    За филот:

    • 250 мл полномасно млеко
    • 5 лажици брашно
    • 115 грама путер (омекнат на собна температура)
    • 115 грама маргарин (омекнат на собна температура)
    • 200 г шеќер
    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • 1 лажичка какао за наросување

    Начин на подготовка:

    1. Загрејте ја рерната на 160 ᵒС.
    2. Ставете ги сувите состојки заедно во еден сад. Додајте го маслото, кафето и млекото, а потоа промешајте околу една минута. Додајте ги јајцата и екстрактот од ванила, а потоа промешајте уште 2 минути. И не грижи се дека смесата е прилично ретка затоа што ќе нарасне при печењето.
    3. Поделете ја смесата на 2 дела и истурете ја во 2 помали плеха. Печете ги корите околу 25-30 минути, па оставете ги да се изладат.
    4. Во меѓувреме, направете фил. Во тенџере, измешајте го млекото и брашно, а потоа ставете ги на тивок оган додека смесата не стане густа. Покријте ја смесата со фолија и ставете ја во фрижидер да се излади.
    5. Изматете го путерот, маргаринот, шеќерот и екстрактот од ванила во сад за да ја направите смесата кремаста. Додадете ја изладената мешавина од млеко и промешајте околу десетина минути.
    6. Ставете ја кората на чинија за торта, премачкајте го горниот дел со филот, ставете ја и другата кора, а потоа повторно нанесете од филот. Ако сакате, наросете ја тортата со какао.


    Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:02
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2021 во 16:43
    Капучино торта (јубилеен 200 рецепт)


    Капучино торта


    Состојки

    Состојки за корите
    12 белки
    2 жолчки
    10 лажици шеќер
    200 гр мелени лешници
    1/2 пециво
    Фил
    10 жолчки
    10 лажици шеќер
    200 гр чоколада за готвење
    50 гр кпучино (прав)
    3 лажици топла вода
    250 гр маргарин
    2 шлаг креми
    220 мл млеко
    За украсување
    500 мл слатка млечна павлака (хопла)
    50 гр млечна чоколада
    За попрскување на корите
    100 гр капучино
    150 мл топла вода

    1. За корите се матат 12 белки со 10 лажици шеќер во цврст снег. Се додаваат и двете жолчки и пак се мати. Кон ова се додаваат 200 грама мелени лешници и 1/2 пециво. Смесата се дели на 2 дела и се става во 2 округли тавички (број 26). Претходно тавите ги обложуваме со хартија за печење. Корите се печат на 180 степени 25 минути.
    2. Додека се ладат корите го приготвуваме филот. Се матат 10 жолчки со 10 лажици шеќер во пенаста маса. Продолжуваме со матењето на пареа. Откако смесата ќе се згусне, се додава 200 грама чоколада за готвење и мешаме со лажица сеуште на пареа. Мешаме 50 грама капучино во прав со 3 лажици топла вода и ова постепено го додаваме во кремот.
    3. Еден маргарин се мати со миксер во пенаста бела смеса. Откако ќе олади кремот, му се додава изматениот маргарин и се мати со миксер додека да се изедначи филот.
    4. Две шлаг креми ги матиме со 220 милилитри млеко.
    5 .Оладените кори ги попрскуваме со направено капучино од 150 милилтри вода и 100 гр капучино во прав.
    6. Ставаме кора, ставаме половина од шлаг кремот, ставаме фил, пак кора, пак шлаг крем, повторно фил.
    7. За украсување на тортата матиме 400 милитри слатка павлака-хопла. Со неа ја премачкуваме целата торта.
    8. 100 милитри слатка павлака со 50 грама млечна чоколада ставаме во микробранова печка на кратко, ја вадиме и мешаме со лажица додека се добие чоколадна компактна крема. Со неа од страните ја прелеваме тортата. Оставаме во фрижидер да одстои неколку часа и потоа може да се служи.


      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
       Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
        Сподели тема   

      Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

      Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
      Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

      Страницата е генерирана за 0,203 секунди.