IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:35

Италијански крем-десерт од кафе

Се подготвува брзо и едноставно, а повкусен е од сладолед.

Италијанскиот крем од кафе се почесто е присутен во менијата на лускузните ресторани, но кога го имате пред вас рецептот, може да го подготвите дома за секоја пригода. Рецептот е за четири лица.

Не ви е потребно никакво мајсторство, дури ни посебна вештина во кујната. А ни потребните намирници не се скапи. Потребни се: 3 јајца, 3 лажици млеко, 2 лажици инстант кафе, 60 грама шеќер, 30 грама брашно, 1 лажица какао и малку сол.

Во тенџерчето со млекото додадете го инстант кафето и мешајте додека се растопи. Изматете ги жолчките со шеќерот и додајте малку брашно. Потоа, во садот додадете ги врелото млеко и преостанатото брашно. Варете го кремот на пареа додека не ја добие потребната густина. Изматете ги белките со малку сол и додадете ги во млакиот крем. Распоредете го кремот во четири чаши и ставете ги во тава за печење. Во тавата налејте вода, ставете ја во рерна и варете 20-тина минути. Пред послужување наросете го кремот со какао.

Декорирајте со зрна кафе.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 19:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2018 во 10:31

Колач од чоколада и кафе


Приготвување:

Намачкајте го калапот за колач со масло (ако немате калап, може и обично тавче) и набрашнете го. Нафрлете неколку зрна кафе, по желба.

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Измешајте ги двата типа брашно, прашокот за печиво и солта.

Во посебен сад измешајте ги путерот и шеќерот и матете додека смесата да стане светла и кремаста.

Додајте ги јајцата едно по едно, добро матејќи по секое додавање.

Додајте ги екстрактот од ванила и кафето и продолжете да матите додека кафето да се раствори (1-2 минути).

Матејќи на мала брзина, додајте ја смесата од брашно, малку по малку (на 4-5 пати), додека да добиете изедначена смеса. Додајте ја кршената чоколада и измешајте со лажица или со раце.

Префрлете ја смесата во подготвената тава и печете околу 1 час, или додека да биде готово. (Ако ви се чини дека на површината премногу потемнува, покријте ја со фолија.)
Оставете го колачот во тавата 10 минути, а потоа извадете го на решетка за целосно да се олади. Одозгора по желба прелејте го со чоколаден прелив. Послужете.

Состојки:

200 г путер на собна температура

4 големи јајца

200 г шеќер (или ванилин шеќер)

200 г обично брашно

60 г пченкарно брашно

1 лажичка прашок за печиво

прстофат сол

200 г чоколада, кршена

2 лажици приготвено инстант-кафе

1 лажичка екстракт од ванила

 



Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2018 во 10:57

Колач од сладолед и кафе

Приготвување:

За кората:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Ставете ги колачињата во блендер и мелете ги додека да станат грутки со големина на грашок. Исклучете го блендерот, додајте го путерот и продолжете да мелете додека да станат ситни трошки.

Истурете ja смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди. Печете ја кората околу 10 до 15 минути. Оставете ја целосно да се олади пред да го додадете филот.

За преливот:

Ставете ја хоплата во мало тенџере на средна температура и оставете да зоврие. Тргнете го тенџерето од рингла, ставете ги парчињата чоколада во врелата хопла и оставете да отстојат додека чоколадата да омекне, околу 5 минути.

Додајте го путерот и промешајте. Оставете ја смесата малку да се олади.

За филот:

Ставете ја кората во замрзнувач да се олади, околу 30 минути.

Ставете го сладоледот во голем сад. Промешајте го со гумена лопатка или со дрвена лажица само колку да може да се мачка, но да не биде течен. Брзо пренесете го омекнатиот сладолед врз кората и размачкајте го во рамен слој. Ако сладоледот изгледа како да е пред топење, пред да продолжите ставете го колачот во фрижидер додека да се зацврсти.

Прелејте го топлиот фил врз студениот сладолед и навалувајте го калапот на сите страни за филот рамномерно да ја обложи површината на сладоледот. Веднаш ставете го калапот на рамна површина во замрзнувач додека целосно да замрзне, најмалку 3 часа.

Послужување:

Оставете го колачот на собна температура додека сладоледот да почне да омекнува, околу 15 минути. Во меѓувреме измешајте ги хоплата, шеќерот и ванилата и матете додека да почнат да се формираат врвчиња, околу 3 минути; исечете го колачот на парчиња и украсете го секое парче со шлагот.

Ако не го послужувате веднаш, завиткајте го замрзнатиот колач во проѕирна фолија и чувајте го во замрзнувач најмногу 1 недела.

Состојки:
За кората:

30 чоколадни чајни колачиња

4 лажици путер, стопен и подоладен

За преливот:

150 г чоколада за готвење, крупно исечкани

150 мл слатка хопла

1 лажица несолен путер

За филот:

1 кг сладолед од кафе

За декорација:

250 мл слатка хопла

2 лажици бел шеќер

1/2 лажичка екстракт од вани



Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2018 во 15:11
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#190;

Торта со кафе и чоколадо

Состојки
Тесто
4 јајца
180гр шеќер
250гр брашно
250мл зејтин
200мл варено кафе со млеко
25гр какао
1 пакетче (8-10 гр) прашок за пециво
Фил
500мл млеко
2 лажици густин
1 лажица какао
100гр чоколадо за готвење
100гр шеќер
Во сад го кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер.Откако ќе се измати убаво, шеќерот да се растопи го додаваме маслото, брашното, вареното кафе, какаото, прашокот за пециво и мешаме со жица за матење.
Во тава за печење ја истураме половината од пандишпанот и печеме 10 мин. на 200 степени.
Почнуваме со подготовка на филот.
Во тенџере ги ставаме млекото, густинот, какаото, чоколадото и шеќерот. Непрекинато мешаме со жица се додека не се добие густина како пудинг.
Филот оставаме малку да се излади и го ставаме врз испечената кора од пандишпанот.
Врз него ја истураме останатата половина од пандишпанот и ставаме пак да се печи усте 15 мин. на 180 степени.
Откако ќе биде готова оставете ја на ладно да излади околу 30 мин, да се стврдне филот.
Многу вкусна тортичка ....


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2018 во 15:12

Торта со кафе



Веруваме дека нема поголемо задоволство за љубителите за кафе и колач во моментот кога ќе успеат да ги спојат овие два вкуса во еден неверојатен десерт.


Денешниот рецепт е токму еден таков сладок специјалитет на кој тешко може да се оддолее.

СОСТОЈКИ

за бисквит
● 2 шолји брашно
● 2 шолји шеќер
● ¼ мала лажица сол
● 200 гр путер
● ½ шолја млеко
● 3 големи лажци инстант кафе
● 2 јајца
● 1 мала лажица прашок за пециво
● 2 мали лажици ванила

за крем
● 100 гр путер
● 450 гр шеќер во прав
● 2 големи лажици инстант кафе
● ¼ мала лажица сол
● 4 големи лажици слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: за бисквитот потребни се два кружни калапи за печење. Калапите пред да се стават во шпорет треба да се намачкаат со путер и да се попрскаат со брашно.

Чекор 2: во поголем сад, измешајте ги шеќерот, брашното и солта. Во помал сад истопете го путерот, а во друг сад загрејте чаша вода и во неа растворете го кафето. Кога ќе се истопи путерот, додадете му го кафето, оставете да проврие, а потоа отстранете го садот од оган и оставете го да се излади.

Чекор 3: во сад измешајте ги јајцата, прашокот за пециво и ванилата, а потоа многу полека налевајте ја смесата од кафе и путер. На крајот измешајте убаво со смесата со брашно. Вака добиената смеса е доволна за два бисквити. Смесата налејте ја во калапите и печете 20 минути на 180 степени.

Чекор 4: за кремот, потребно е путерот кој е на собна температура да се измиксира со шеќерот. Потоа, додадете кафе и сол и на крај изматен шлаг. Намачкајте го кремот помеѓу двата бисквит теста, а вишокот искористете го за декорација на горниот слој од тортата.

Related Posts with Thumbnails


Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2018 во 15:15
&amp;amp;#208;&amp;amp;#148;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#209;&amp;amp;#130; &amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;° &amp;amp;#208;&amp;amp;#180;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#209;&amp;amp;#130;: &amp;amp;#208;&amp;amp;#162;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#209;&amp;amp;#130;&amp;amp;#208;° &amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190; &amp;amp;#208;&amp;amp;#186;&amp;amp;#208;°&amp;amp;#209;&amp;amp;#132;&amp;amp;#208;µ &amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#208;&amp;amp;#188;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#178;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;


Торта со кафе  и мелени ореви

Направете супер вкусна торта со ореви и кафе.

Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца 
  • 200 гр. шеќер 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 50 гр. маргарин 
  • 1 лажица какао 
  • 2 дл. ладно процедено турско кафе 
  • 200 гр. брашно 
  • 1 прашок за пециво

 СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 1 л. млеко 
  • 3 пудинзи од ванила 
  • 15 лажици шеќер 
  • 125 гр. маргарин 
  • 150 гр. мелени ореви 

  ПОДГОТОВКА:

  1. За бисквит пенасто се матат жолчките со постепено додавање шеќер, па маргарин и ванилин шеќер. 
  2. Се става и какао со прашок за пециво и брашно, се мати се и се става и кафето. 
  3. Се матат одделно белките и се ставаат во смесата. 
  4. Се става масло на плех и се става малку брашно, па се пече на 180 степени 30 минути. 
  5. Се сече потоа на половина пандишпанот. 
  6. За фил се матат 4 дл. млеко со пудингот, а останатото млеко се остава да врие. 
  7. Се додава пудингот, па маргаринот кој го матиме со шеќер и оревите. 
  8. Се става кора фил кора фил и горе малку ореви.




Изменето од Valerija - 17.Јули.2018 во 15:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:50
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;· &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; (&amp;#208;±&amp;#208;µ&amp;#208;· &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;)

Брз какао колач

Состојки
16 лажици шеќер
10 лажици брашно
2 лажици какао
1 +1/2 лажичка сода бикарбона
1 чаша (од 200 мл.) млеко
прелив
8 лажици шеќер
2 лажици какао
15 лажици млеко
10 лажици масло
100 гр. кокос

Брз и лесен колач за кој не ви треба миксер, згоден кога немате многу време.
Ако ставите растително млеко, имате убав посен какао колач.

1. Во сад ставете го шеќерот, внатре просејте го брашното, какаото и содата бикарбона, измешајте со лажица, на крај ставете го млекото и убаво измешајте за рамномерно да се изедначи смесата.
2. Смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава бр.28 и печете на 200 степени околу 25 минути.
3. Штом се испече колачот веднаш почнете со подготовка на преливот.
Измешајте го шеќерот со какаото, додадете го млекото и маслото и загрејте го со постојано мешање со силиконска шпатула. Внимавајте да не загори.
Штом смесата ќе зоврие тргнете ја настрана, ставете го кокосот, измешајте убаво и веднаш распоредете го врз топлиот колач.
Изладениот колачот исечете го на коцки и уживајте!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:51
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;° (&amp;#208;±&amp;#208;µ&amp;#208;· &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;)

Какао колач Дама

Состојки
3 јајца
150 гр путер (маргарин)
200 гр шеќер
50 гр какао во прав
100 гр брашно
50 мл млеко
1 кафено лажиче прашок за пециво
1-(10гр) ванила

1. Во тава на оган се става маргарионот да се растопи па откако ќе се растопи се трга од оган.
2. Во еден сад се става шеќерот и се додеава растопениот маргарин. Се мати со жица малку да се стопи шеќерот.
3. Потоа се додаваат млекото и јајцата и се мати со жица се додека да се растопи целосно шеќерот.
4. Во садот се додава какото во прав, ванилата и прашокот за пециво. Се промешува нежно со жицата се додека да се соединат.
5. На крај се додава брашното и повторно се промешува па смесата се истура во правоаголен калап бр 19х29 и се става во претходно загреана рерна од 200С-20мин.
6. Откако ќе се испечи колачот се остава да се олади, се сечи на коцки и се наросува со шеќер во прав и какао во прав. Добар апетит.
Забелешка
Смесата треба да биде густа затоа ги ставив и фотографиите да видите колку треба да биде густа ако во случај смесата е погуста може да додадете уште малку млеко.
За колачот да го направам со бројки претходно ги нацртав броевите од 1 до 9 на еден лист, ги исеков со ножици. Коцките пред да ги посипам со шеќер во прав и какао во прав на секоја една коцка и ставав по еден број, потоа ги посипив со шеќер во прав и какао во прав па со помош на ножиците ги отстранив бројките.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2018 во 13:53
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;» &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ


Торта со фил од кафе

Состојки
За пандишан
12 белки
прстофат сол
250гр. шеќер
2 ванили
2 лажици јаболков оцет
12 лажици просеано брашно
100-200гр. подпечени, сецкани ореви
1 пециво
За фил
250мл. врела вода
50гр. мелено црно кафе
1л. млеко
12 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
3 лажици нишесте
12 жолчки
200гр.црно чоколадо за готвење
250гр путер (маргарин)
85гр. шлаг пена
100мл. ладно млеко
2 банани

За пандишпанот најпрво се матат белките со малку сол-почнувајќи со најмала брзина, а одкако убаво ќе запенат, се зголемува брзината на миксерот и се мати на најсилно со постепено додавање на шеќерите. Се мати до цврст снег. Се додава оцетот, исто матејќи на најсилно.(Ќе забележите со додавањето на оцетот повеќе се зацврстува шамот и збуфнува.) Се намалува брзината на миксерот на најслабо и се додава претходно промешаното брашно, пециво и ореви. Можи да се соедини се убаво и со лопатка, мешајќи од долу према горе, во еден правец. Се излева во правоаголен плех со димензии 32 на 39цм, намрсен со маргарин или на хартија за печење.
Се става да се печи во претходно загреана рерна 5 мин. на 200 степени. Штом се стави плехот се намалува на 180 степени и се печи околу 30 мин., или во зависност од вашата рерна.Добро изладена се сечи на 3 ленти, по должина.

Започнуваме со подготовка на филот. Најпрво кафето го прелеваме со врелата вода и оставаме 5 мин. да одстои. Го процедуваме кафето од талогот и ја мериме добиената течност. Додаваме онолку млеко колку што е потребно за да добиеме вкупно 1 литар. Дел од оваа мешавина (околу 200мл. ) оставаме за растворање на пудинзите и нишестето, а остатокот го зовриваме заедно со шеќерот. Намалуваме на температура и го додаваме растворениот пудинг помешан со изматените жолчки, постојано мешајќи и варење на умерен оган додека кремот ја добие потребната густина. Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и мешаме додека се стопи.(Ова можи да се направи со миксер, на најслабо.)Се остава да се излади со повремени промешувања.
Путерот или маргаринот пенасто се мати и му се додава лажица по лажица од изладениот крем.
Шлаг пената се мати цврсто со млекото и се вмешува во филот, со миксер на најслаба брзина.
Финалната постапка е следна
-кора, фил, кругчиња од банана, пак малку фил,
-кора, фил, банана, фил и
-кора и фил.Целосно се премачкува со останатиот фил и се декорира.
Се употребува по 1 банана на кора.
Уживајте!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2018 во 09:10


Ролат со кафе

за тестото:
4 јајца
150 gr шеќер
3 лажици ладна вода
100 gr брашно
3 лажици какао
1 лажиче цимет

за филот:
200 gr путер, омекнат на собна температура
150 gr шеќер во прав
2 жолчки
2-3 лажици оладено еспресо
1/2 лажиче цимет

3-4 лажици оладено еспресо
шеќер во прав за посипување


Прво во една вангла изматете ги убаво четирите белки за тестото. во друга изматете ги жолчките со шеќерот и трите лажици вода додека не стане убава мазна светло-жолта смеса. во неа додадете ги брашното и изматените белки и измешајте сé заедно.

Големиот плех од рерната (35 х 40 cm) обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со малку зејтин, за полесно да се лупи од испеченото тесто. врз неа истурете го тестото, распоредете го рамномерно на целата површина и ставете го да се пече во загреана рерна на 180°C околу 12 минути.

Кога ќе се испече, превртете го врз влажна крпа, одлепете ја мрсната хартија и замотајте го како ролат заедно со крпата. потоа исечете парчиња и послужете ги со свежо приготвено еспресо бариста. не, се шегувам :-))) прво треба да се направи филот.

Изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете убаво, па додадете ги останатите работи, кафето и циметот и филот е готов.

Одмотајте го тестото, попрскајте го со 3-4 лажици кафе, премачкајте го со филот и пак замотајте го во ролат. е сега можете да го исечете и да го послужите, а можете и прво да го посипете со шеќер во прав.

Ролатов е многу вкусен и убаво се осеќа вкусот на кафето, но оние што го пробаа забележаа дека е прилично благ. затоа, можеби е добро да се изостави посипувањето со шеќер и да се намали количината шеќер во тестото. менувањето на количината на шеќерот во филот не знам како ќе се одрази на густината на филот. во секој случај, филот се стврднува ако го чувате ролатот во фрижидер.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2018 во 09:13

Колачи со еспресо

1 шољичка кратко еспресо (или 1 лажица еспресо во прав растворена во 2 лажици топла вода)

220 – 230 gr  путер, на собна температура

⅔ шоља шеќер во прав

1 кесичка ванилин шеќер

2 шољи брашно

100 gr темно чоколадо, исецкано на коцки

espresso cookies-2

Изматете ги со миксер путерот и шеќерот во прав, додека не добиете мазна смеса. додадете ги ванилиниот шеќер и еспресото, а потоа и брашното со мешање на најмалата брзина, кратко, додека не се измеша целото брашно, не повеќе. додадете го исецканото чоколадо и измешајте со лажица.

Ставете го тестото помеѓу 2 парчиња проѕирна фолија, исукајте го на дебелина од околу 6 mm и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа (или повеќе, до 2 дена).

Пред да ги печете колачите, вклучете ја рерната на 165°C. отстранете ја проѕирната фолија и исечете го тестото на квадрати од отприлика 3½ – 4 cm. наредете ги колачите во најголемото тавче од рерната врз хартија за печење. ако имате две тавчиња, може да ги печете двете одеднаш, само изротирајте им ги местата на пола печење.

Боцнете го секое колаче два пати со вилушка и печете ги 18-20 минути. не ги оставајте многу да се заруменат (како овие моите). излегуваат околу 40-43 колачиња.

espresso cookies-5


espresso cookies-6



Изменето од Valerija - 03.Ноември.2018 во 09:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2019 во 09:45
Колачиња со турско кафе



Колачиња со турско кафе


Турското кафе не е само задоволство во шолја. Со него може да направите вкусни колачиња кои се топат во уста.

СОСТОЈКИ:

  • 4 белки од јајце
  • 4 лажици турско кафе
  • 200 гр шеќер
  • 1/2 кафена лажица каранфилче

ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад се матат белките од јајца, па полека се додава кафето, шеќерот и каранфилчето. Се мати  додека не се добие пенаста смеса.
  2. Се загрева рерната на 90 степени, се става хартија на плехот и се прават мали топчиња од смесата. Наредете ги на хартијата.
  3. Се докорираат по желба со рендано чоколадо или кокос.
  4. Печеме околу еден час, па откако ќе бидат готови, се поклопуваат две колачиња, а во средината се става чоколаден крем.

На здравје!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2020 во 22:10

Кафе-торта готова за брзо време: Шолја брашно, шолја шеќер, 2 јајца и резултатот е совршено ароматичен!


Секое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста!

Кафе-торта готова за брзо време

Секое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста!
Вкупно време2 ч
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кафе торта
Порции: 4

Состојки

  • 100 мл кисело млеко со 2,5% масленост
  • 4 супени лажици растворливо кафе
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 100 гр путер
  • 1 шолја брашно (130 гр)
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Малку оцет
  • 200 мл кисела павлака + 3-4 супени лажици шеќер

Начин на подготовка

  • Земете половина шолја од најобичното кисело млеко со 2,5%масленост и кон истото додадете 3 кафени лажици растворено кафе и така добро измешајте ги состојките.
  • Важно: Млекото не треба да биде студено, а кафето треба да се раствори во него. Измешајте и оставете да отстои 20 минути.
  • Јајцата исто така треба да се на собна температура. Истите изматете ги до добивање на бујна пена. Потоа додадете го шеќерот иматете 3 минути со максимална брзина на миксерот, со цел да се раствори шеќерот, а потоа додадете го омекнатиот путер.
  • Потоа додадете го киселото млеко со раствореното кафе вонего и измешајте ги сите состојки заедно. Додадете го и брашното и повторно измешајте до добивање соединета смеса. Мешајте со миксер. Измешајте ја содата со малку оцет и додадете ја кон тестото со мешање.
  • Додадете го тестото во сад прекриен со хартија за печење или премачкан со масло за готвење и поставете го да се пече 50-60 минути на 160-170°C, до негово целосно приготвување.
  • Откако пандишпанот ќе биде готов, оставете го да се излади, а во меѓувреме пригответе го филот.
  • Земете 1 кафена лажица растворливо кафе, додадете кисела павлака, исто така на собна температура и 3-4 супени лажици шеќер (може и шеќер во прав).
  • Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ја смесата да отстои така, до целосно растворање на гранулите кафе.
  • По половина час, исечете го пандишпанот на два дела.Премачкајте го секој дел со фил, почекајте 15 минути, за да се впие првиот слој од филот, а потоа нанесете и втор слој. Потоа соединете ги двата дела и премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.
  • Одозгора декорирајте со изрендано чоколадо, а може да нанесете и јаткасти плодови или суво овошје. Оставете ја тортата да отстои неколку часа или преку целата ноќ.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.