IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиква
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиква

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 15:21
Штрудла од тиква и готови кори


Состојки
1 пак. готови кори
1,2 кг пире од тиква (мускатна)
200 гр шеќер
100 гр гриз
2 јајца
1 капсула арома во прав со вкус на ванила
1 лажиче цимет
50 мл масло

Сите состојки за филот убаво измешајте ги.
Доколку користе се поцврсти се редат по 3, ако се потенки и повеќе. Секоја кора со четче се премачкува со масло и кисела вода измешани во ист сооднос (одприлика по 50-70 мл од секое). Со лажица на почетокот на 3те наредени кори се става фил и потоа се ролаат. Се редат во подмачкано тавче, се премачкуваат со маслото и газираната вода и се попрскуваат со уште некоја лажица масло плус (или уште подобро можи да ги премачкате со разматено јајце и масло), па се печат на 200 степени додека не поруменат одозгора и на допир бидат тврди. Кога малку ќе подоладат, се попрскуваат со шеќер во прав, се сечат на парчина и се служат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 15:22
Лепчиња со тиква - тиквиња


Состојки
Тесто
250 гр пире од печена тиква
100 мл масло
200 мл топло млеко
1/2 коцка квасец
1,5 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
650-700 гр брашно
За премачкување
по потреба путер
по потреба кујнски конец за формирање на тиквината
6 бадеми за дршките за тиквината

Пред да се започне со месење на тестото тиквата изблендирајте ја да стане помазна. Потоа ставете ја во сад за месење. Додајте ги и останатите состојки за тесто освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека добиете изедначено мазно, меко тесто.
Покриено оставете го да скисне околу 30 минути. Потоа премесете го и поделете го на 12 дела.
Од секој дел оформите топче. Преврзете го со кујнскиот конец 4 пати за да се добијат 8 делчина, како што ќе исечеме јаболко. При врзувањето не треба многу да стегате бидејќи со киснењето конецот малку ќе навлезе во тестото.
Наредете ги во плех со хартија за печење и премачкајте ги со изматетено јајце.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени и за тоа време ќе скиснат. Ставете ги да се печат околу 25 мин.
Кога ќе ги извадите премачкајте ги со путер, оставете ги да подоладат и извадете го конецот.
Конецот најпрво исечете го на средина од горната и долната страна на лепчето каде се вкрстува. Конците извлечете ги внимателно (за да не се распаднат формираните делчиња) од долната страна на лепчето. Наредете ги во чинија за сервирање и на секое во средината ставете му по пола бадем како рачка на тиквината.
--Ако немате толку време за врзвење, одврзвење направете си и обични колачина или кифлички. Лепчинава се превкусни и меки како душа.

П
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2019 во 22:37
Компот од тиква

Компот од тиква



СОСТОЈКИ:

  • 1 кг тиква
  • 14 лажици шеќер
  • 1 л вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1,5 дл јаболков оцет
  • 5 зрна каранфилче
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка ѓумбир во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Тиквата исчистете ја од семки, излупете ја и исечкајте ја на крупни коцки.

     

  2. Во поголем сад ставете вода, два вида шеќер, оцет и каранфилче и гответе. Кога ќе зоврие, додајте тиква, поклопете и гответе 15-20 минути. Тиквата треба да омекне.

     

  3. Две-три минути пред крај на готвење додајте цимет и ѓумбир во прав па тргнете од оган. Компотот јадете го изладен.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2019 во 22:39
Пита од тиква – слатка и сочна


Пита од тиква – слатка и сочна


Направете го омилениот есенски десерт, кој сигурно го обожавате!

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр готови кори
  • 500 гр рендана бела тиква
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 200 мл масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. На загреано масло додајте рендана тиква и пржете додека не омекне. Додајте шеќер и ванилин шеќер, па измешајте шеќерот да се растопи неколку минути. 
  2. Поделете ги корите (по 6 за 3 ролати). Првата кора премачкајте ја со 3 лажици фил. Преку ставете ја втората кора и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите 6 кори за ролат. 
  3. Направете уште 2 такви ролата. Редете ги во плех на хартија за печење и печете на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте!



Изменето од Valerija - 01.Декември.2019 во 22:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:09
Необичен колач со тиква

Необичен колач со тиква


Состојки
125гр. путер
125гр. шеќер
3 јајца
250гр. брашно
3 лажички какао
1/2 лимон(сок)
2 лажици прашок за пециво
1 ванилин шеќер
прстофат сол
300гр. пире од тиква

Путерот го матиме заедно со шеќерот.
Ги додаваме јајцата едно по едно додека не се соединат.
Полека додадете ги сите состојки и замесете тесто.
Оделете третина од тестото во окригла тава ставете го остатокот од тестото.
Премачкајте го со пире од тиква и врз неа изронете го остатокот од тестото.
Печете на 200 степени половина час,послужете со шеќер во прав или по желба со топка слатка павлака.
Добар апетит!!!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:11
Колач со тиква


Колач со тиква


Состојки
1 + 1/2 чаша пире од тиква
2 јајца
1/2 чаша масло
1/4 чаша кисело млеко/јогурт/павлака
1 + 3/4 чаши брашно
2 лажички сода бикарбона
1 чаша шеќер
1 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир во прав
1/2 лажичка кардамон
1/4 лажичка мелени каранфилчиња или 3-4 цели

Со доаѓањето на есенската сезона дојде време кога можам да експериментирам подолго во кујната и да ја замирисам цела куќа со најразлични зачини.
Колачот или мафините во која форма и да одберете да го испечете ќе ви ги разгали сите сетила.
Плус, одличен е за искористување на преостаната тиква.

3 поголеми парчиња тиква ги лупиме и ги вариме со малку вода или доколку сакате побрза варијанта може да ја ставите во сад во микробранова со неколку лажици вода.
Сварената тиква ја пасираме со алатка за пире, доколку сакате повеќе текстура на тиква пасирајте ја со вилушка, така ќе останат покрупни парченца низ колачот.
Пасираната тиква ја оставаме малку да се олади.
Во оладената тиква ги додаваме двете јајца, киселото млеко и маслото и мешаме со жица за матење.
Настрана ги соединуваме брашното, содата, солта, шеќерот со зачините. Ја додаваме смесата со тиква и мешаме со шпатула.
Мешаме внимателно и полека, да не се преактивира глутенот и лебот да ни стане тежок.
Намастуваме калапи, во мојот случај смесата беше доволна за една векна и 6 мафини од сетот Бејкуар на Делимано.
Смесата ја ставаме во калапите, одозгора можете (а и не морате) да додадете јатки, семиња или темно чоколадо во мојот случај.
Се пече на 175 степени, без вентилатор.
Мафините се готови за 20тина минути.
Поголемиот колач го прекриваме со фолија после 20минути и печеме до 40-45 минути.
Проверувајте на стандардниот начин со чепкалка за заби.
Овој колач е неверојатно мек и сочен, одличен за десерт или појадок или со чаша кафе.

Забелешка
Рецептот е многу флексибилен дури и малку да утнете со мерките нема да се примети.
Доколку тиквата е поблага шеќерот ќе ви биде доволно, доколку не е додадете уште 1/4 од чашата.
Рецептот може да го пробате и со благ портокалов компир (батат), може да замените дел од тиквата со банана. Ова се верзии веќе испробани од мене, бидејќи колачот брзо стана фаворит кај домашните, па се пече на неделна основа.

Добар апетит!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:12
Колач со фил од тиква


Колач со фил од тиква


Состојки
Тесто
175гр брашно
1/2лажичка сол
14гр шеќер
115гр путер (ладен)
1 голема лажица ладна вода
Фил
3 јајца
425гр пире од тиква
110гр кафеав шеќер (може и бел)
1 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир мелен
1/4 лажиче каранфилче
1/2 лажичка сол
120мл слатка павлака
50гр бадеми/лешници/ореви
50гр шеќер

Подготовка на тестото
Во блендер се става брашното, солта и шеќерот и се миксираат, потоа се додава путерот кој треба да е ладен и исечкан на коцкички и повторно се микса. На крај се додава ладна вода но по малку, јас додадов една голема лажица и го измиксирав. Треба да се добие смеса на тесто. Потоа се витка тестото во фолија и се става 1 час во фрижидер. Одкако ќе помине 1 час се вади тестото и се сука кора и се става во плехче. (тестото е за помало плехче)

Подготовка на филот
Сите состокји ( Јајцата, пирето од тиква, кафеавиот шеќер, зачините, слатката павлака) се матат во сад со миксер додека не се добие хомогена смеса.
Во посебен сад се мелат лешниците и шеќерот.
Потоа врз тестото се ставаат мелените лешници и шеќер, ако сакате може и помалку да ставите и врз нив се става филот.
Се пече во веќе загреана рерна на 190Ц 45-55 минути.
Најдобро е кога се служи оладено барем некој час во фрижидер.
Пријатно јадење


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2020 во 11:19

Леб од тиква

Потребни состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 5 шолја брашно
  • ¼ лажица прашок за печиво
  • ¾ лажица сода бикарбона
  • ¾ лажичка сол
  • ½ лажичка мелено каранфилче
  • ½ лажичка мускатно оревче
  • ½ лажичка цимет
  • ½ шолја растително масло
  • ½ шолја вода
  • 1 шолја изгмечена тиква
  • 2 јајца
  • ½ шолја ореви

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 °C. Намрсете го плехот за печење.
  • Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, содата, солта, каранфилчето, циметот и мускатното оревче.
  • Додадете ги останатите состојки и мешајте добро.
  • Тестото ставете го во плехот за печење.
  • Печете 1 час, а потоа извадете да се излади.

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-02.jpg

Крем супа од тиква

Потребни состојки:

  • 1,2kg тиква
  • 1 исечкан црвен кромид
  • 2 исчистени чешниња лук
  • 750ml зеленчукова или пилешка инстант супа
  • 250ml вода
  • Сол, бибер и друг зачин по желба
  • 125-185ml крем за готвење

Начин на подготовка:

  • Исечете ја тиквата на кришки од 3cm, а потоа излупете ја и исчистете ги семките.
  • Ставете ја тиквата заедно со лукот, кромидот, инстант супата и водата во лонец – течноста да не ја потопи целосно тиквата.
  • Оставете да зоврие, а потоа намалете го оганот и оставете да се крчка на тивко додека тиквата не омекне (отприлика 10 минути).
  • Тргнете го лонецот од оган и истурете ја содржината од него во блендер, па мешајте додека смесата не стане мазна.
  • Зачинете по вкус со сол, бибер, кари и друг зачин по желба и измешајте ја со кремот за готвење (хоплата секогаш се додава на крај откако супата ќе се свари, а не претходно).
  • Ставете ја супата во мали, длабоки садови за сервирање, одозгора може да украсите со малку крем за готвење, семки од тиква и зачини.
  • Послужете со крцкав леб.  

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-03.jpg

Блага пита со тиква, која не се пече

Потребни состојки:

  • 250g пире од тиква (сварена и изгмечена)
  • 100g пудинг од ванила
  • 60ml млеко
  • 240ml шлаг
  • 10-тина бисквити (или повеќе ако сакате подебело тесто)
  • 4 лажици путер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 лажичка ѓумбир во прав

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте го добро пирето од тиква, пудингот од ванила, млекото и зачините – внимавајте да не се создадат грутки во смесата.
  • Во добро измешаната смеса додадете го шлагот и повторно измешајте.
  • Смесата ставете ја накратко во фрижидер додека го подготвувате тестото.
  • Изблендирајте ги бисквитите и додадете го путерот.
  • Кога ќе добиете цврста смеса, ставете ја во калап за пита и со прстите формирајте ја кората.
  • Врз тестото распоределете ја еднакво смесата со тиква.
  • Украсете со шлаг и наросете додатоци по желба.
  • Питата оставете ја 2-3 часа во фрижидер за филот целосно да се стврдне и да може да се сече.

top-3-recepti-so-kralicata-na-esenta-tikva-04.jpg




Изменето од Valerija - 01.Октомври.2020 во 11:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2020 во 10:12

Совршен есенски десерт – сладок колач со тиква, путер и чоколадо, зачинет со цимет


Sladok-kolac-od-tikva-i-cimet-01.jpg

Додадете го мирисот на цимет и добивање дом кој мириса на пекарница и десерт кој ќе го снема за неколку минути од чинијата.

Потребни состојки:

  • 1 шолја пире од тиква
  • ½ шолја стопен путер
  • ½ шолја јаворов сируп
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1 + ½ шолји сенаменско брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажица + 1 мала лажичка цимет во прав
  • ¼ лажичка мелено морско оревче и исто толку ѓумбир
  • ½ лажичка сол
  • ½ шолја кршено чоколадо (или чоколаден чипс)
  • ½ шолја шеќер

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175°С. Премачкајте правоаголен калап за колачот со путер.
  • Во подлабок сад помешајте го пирето од тиква со стопениот путер, јаворовиот сируп, јајцата и екстрактот од ванила.
  • Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво, сода бикарбона, ½ лажичка цимет, морско оревче и ѓумбир, како и солта и помешајте ја добро смесата. Додадете го и кршеното чоколадо.
  • Во друг сад помешајте го шеќерот со останатиот дел од циметот.
  • Во калапот за печење истурете половина од смесата за колачот. Наросете од шеќерот со цимет и оставете 2 лажици за крајот. Потоа истурете ја преостанатата смеса и истурете го остатокот од циметот со шеќер.
  • Печете 55-65 минути го загреана рерна и проверете со чепкалка дали средината е добро испечена.
  • Оставете го колачето да „одмори“ најмалку 30 минути пред да го послужите.

Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-3-630x945.jpg

Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-4-630x945.jpg

Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-5-630x945.jpg

Sladok-kolac-od-tikva-i-cimet.jpg

Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-6-630x945.jpg

Cinnamon-Swirl-Chocolate-Chip-Pumpkin-Butter-Bread-8-630x945.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2020 во 10:45

Одличен есенски десерт - вкусни колачиња од тиква

Славица е љубител на убава храна и готвење, а нејзините вкусни рецепти може да ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил @fresh_fine_divine. Со нас сподели рецепт за вкусни колачиња од тиква.

sovrsheniot-esenski-desert-vkusni-kolachinja-od-tikva01.jpg

Боите на есента често ја разгалуваат душата... Најавуваат нова сезона полна со различни вкусови.

Шетајќи по зелениот пазар, наидов на тезга, на која примамливо беа наредени дел од плодовите на есента. Веднаш знаев дека за денес ќе подготвам колачиња од тиква.

За овој рецепт ни се потребни:

  • 1 шолја пире од тиква (тиквата се вари и се пасира)
  • 2.5 шолји овесни снегулки
  • 50г сецкани ореви
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/1 лажичка мускатно оревче
  • 2 лажици мед

Подготовка:

  • Сите состојки измешајте ги така што ќе формирате хомогена смеса спремна за обликување.
  • На тавче обложено со мрсна хартија ги редите претходно формираните топчиња. Потоа налегнете ги со рацете да добиете форма на колаче.
  • Печете на 180 степени околу 15 минути.

Се надевамe дека ве инспириравме да влезете во кујна и да направите магија за вас и вашите блиски. 

sovrsheniot-esenski-desert-vkusni-kolachinja-od-tikva-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.