IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиква
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиква

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2019 во 10:30

Есенски колач со тиква

Тиквата има многу хранливи состојки па поради тоа се препорачува да се консумира редовно. Направете го овој колач од тиква и израдувајте ги членовите на вашето семејство.

Состојки:

5 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
400 гр брашно
1 пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка морско оревче
1/4 лажичка мелено каранфилче
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
300 мл масло
600 гр рендана тиква
100 гр сечкани ореви
100 гр мешавина од суво грозје и брусница
За фил
500 гр тиква
100 гр шеќер
2 пудинга од банана
400 мл млеко
80 гр путер

Подготовка:

Јајцата ги матиме со шеќерите, пенасто, да се волуменизираат и побелат. Го додаваме маслото. Ги додаваме сувите состојки, брашно, сол, пециво, сода бикарбона и зачините, соединуваме. Ја додаваме ренданата тиква заедно со оревите и сувото грозје, мешаме со лажица до соединување. Целата смеса ја распоредуваме во голема ростер тава намрсена и набрашнета. Печеме во загреана рерна на 170 степени со вентилатор околу 50 минути. Го оставаме да подизлади. Тиквата за фил ја ставаме во тенџере заедно со шеќерот и околу 50 мл вода да ни се свари. Прашокот за пудинг го соединуваме со млекото. Со помош на рачен блендер варената тиква ја блендираме директно во тенџерето. Го додаваме млекото со пудинзите и интензивно мешаме до згуснување на целата смеса. Путерот го ставаме на крај, мешаме додека да се растопи. Малку да излади и го распоредуваме филот врз колачот.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2019 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2019 во 17:18

Протеински колачи од тиква – подготовка

Состојки

100 грама овесни снегулки
150 грама whey протеин со вкус на капучино
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
25-50 мл млеко
100 грама пире од печена тиква
25 грама масло од кокос (стопено)
100 грама темно чоколадо

  • Сомелете ги овесните снегулки во блендер до форма на прав. Додајте whey протеин, цимет, ѓумбир и промешајте.
  • Тиквата иситнете ја во форма на пире, додајте ја во смесата, а потоа додајте млеко и стопено кокосово масло и измешајте додека состојките не се спојат во форма на тесто. Ако смесата ви е многу сува, додајте уште млеко. Ако е многу влажна за да се создаде тесто, додајте малку протеин.
  • Распоредете ја рамномерно смесата во тавче и притиснете ја одозгора со лажица. Потоа оставете ја да се олади во фрижидер најмалку 45 минути.
  • Откако ќе ја извадите од фрижидер, исечете ја во форма на правоаголници. Стопете го темното чоколадо и прелијте ги баровите. Ставете ги повторно во фрижидер да отстојат 10-15 минути и потоа можете да сервирате &amp;#128578;
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:31

Потпечена тиква полнета со мелено месо и ориз



Ви здодеа од некреативни оброци? Ова неодоливо јадење се подготвува едноставно, а е вистинско задоволство за целото семејство.

За подготовка потребно е – 1 тиква, 500 грама говедско месо, 50 гр ориз, 1 кромид, 1 морков, лажичка мелен бибер, лажичка зачин од сушен зеленчук, малку масло, сол, бибер.

Подготовка

Тиквата исечете ја на врвот, внимателно исчистете ја од семките, па делумно издлабете ја средината.

Ситно исечкајте ги кромидот, а морковот и остатокот од „месото“ на тиквата изрендајте ги.

На малку масло пропржете го кромидот, меленото говедско месо, морковот и тиквата. Динстајте додавајќи вода, а потоа додадете го и оризот и измешајте. Зачинете по желба.

Со смесата пополнете го испразнетиот дел од тиквата. Затворете го горниот дел со фолија и ставете ја во премачкана со масло тепсија. Во тепсијата додадете и малку вода.

Печете ја полнетата тиква во претходно загреана рерна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:32

Превкусни палачинки од тиква



Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата.

Намирници – 220 грама брашно, 200 грама пире од тиква, 350 мл млеко, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици лимонов сок и малку рендана кора од лимон, 1 лажичка сода-бикарбона, 2 лажички прашок за пециво, 1 лажичка цимет, прстофат сол, малку рум.

Подготовка

Пресечете ја тиквата на четвртинки и ставете да се испече на 200 степени околу 40 минути додека да омекне. Печената тиква оставете да се излади, потоа со лажица извадете го „месото“ и гмечете да добиете пире.

Помешајте го брашното со шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сода-бикарбоната, циметот и додадете прстофат сол.

Јајцето посебно изматете го со млекото, лимоновиот сок, ренданата коричка од лимон, пирето од тиква и неколку капки рум. Мешајќи на оваа смеса додадете ги сувите состојки. Смесата оставете ја да отстои половина час.

Палачинките печете ги на загреано масло додека поруменат, од секоја страна по околу минута. Послужете ги со прелив од мед или чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:34

Многу се вкусни: Њоки од тиква



Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче.

Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки.

Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан.



Изменето од Valerija - 11.Април.2019 во 17:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:36

Совршено рижото со тиква



Италијански рецепт кој ќе го повторувате со задоволство….

Намирници – 150 г тиква, 100 г овчо сирење, 1 чешне лук, 200 мл бело вино, 1 лажичка мелен мак, 2 лажици семки од тиква, 4 лажици маслиново масло,300 грама ориз, бујон од зеленчук, сол и црн пипер.

Подготовка – Пропржете го лукот во загреана тава на маслиново масло па додадете го оризот и кратко динстајте додека да добие боја. Полејте се со бело вино, па додадете ја тиквата исечкана на мали коцки.Се добро измешајте и варете се додека не испари виното. Потоа додавајте од бујонот мешајќи додека оризот не се свари. Пред крајот зачинете, додадете ги сирењето и макот па се добро измешајте. Поросете со исечкани семки од тиква и послужете топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.