IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Куглоф
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Куглоф

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:28

Десерт на денот: Куглов торта од која тече чоколадо


На љубителите на благо, никогаш не им е доста од нови вкусни десерти.

vkusen-i-lesen-kuglov-kolach-so-stopeno-chokolado-01.jpg

Дел од нив сакаат само да го вкусат тоа слатко задоволство, но има и голем дел кои сами сакаат да си го приготват.

За оние вторите, нудиме плус рецепт кој ќе го вметнете во вашата колекција, а наликува на огромен топло-ладен колач.

Најверојатно, ќе посакате да го направите уште денес и да уживате во овој куглов колач со растопено чоколадо.

Потребни состојки:

  • 1 пакување готова мешавина за чоколадна торта
  • 1 шолја вода
  • 1/3 шолја масло
  • 3 јајца
  • 2 шолји хопла
  • 450 gr темно чоколадо
  • Какао (за сервирање)

Начин на подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 175⁰С. Потоа во голем сад ставете ја мешавината за торта и измешајте со вода, масло и јајца. Мешајте додека смесата целосно не се соедини.

Префрлете ја мешавината во подмачкан калап за куглов и печете 35-45 минути.

Загрејте ја хоплата во мало тавче додека не почне да врие. Префрлете во сад со средна големина заедно со темного чоколадо и мешајте додека не се соединат.

Префрлете го колачот од калапот во сад за сервирање и во дупката истурајте од чоколадната смеса овозможувајќи да претече од сите страни.

Посипете какао одозгора и оставете ја 30 минути настрана.

Уживајте!



Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 18:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 09:11
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°
Сладок куглоф со моркови и тиквички

Состојки
150гр. рендани моркови
150гр. рендана тиквичка (излупена)
250гр. шеќер
1 лажица ванила
1 лажичка цимет
100мл. млеко
100мл. зејтин
5 лажици мармалад по желба
100гр. сецкани ореви
300-350гр. брашно
1 полна лажичка пециво
1 полна лажичка сода
прстофат сол

Брз едноставен колач, со состојки кои секогаш ги имаме по дома. Може да биде само со моркови или само со тиквичка, а може и вака комбинирано. Одличен на вкус, нема да почувствувате ниту морков ниту тиквичка (за оние кои се скептици).

1. Во сад ставете ги ренданите моркови и тиквичка, додадете го шеќерот, ванилата и циметот и убаво промешајте. Тргнете на страна додека ги подготвите другите состојки (да стои околу 5 мин.).
Потоа во садот додадете ги млекото, зејтинот, мармаладот и оревите и убаво промешајте.
Во брашното ставете ги пецивото, содата и солта. Потоа додадете го брашното во садот со течните состојки. Почнете со 300гр. брашно, па во зависнот колку течност претходно пуштиле морковите и тиквичката, додавајте брашно за да се добие густа смеса.
2. Калапот за куглоф намрсете го и набрашнете го па ставете ја смесата и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе го ставите намалете на 180С. Се пече околу 45-50 мин. или додека чепкалаката не излезе сува. доколку има потреба покријте со алу фолија да не загори.
3. Оставете нека се излади па извадете го од калапот. Наросете шеќер во прав, пресечете и послужете.

Добар апетит =)

* Јас вообичаено куглофот го поливам со сок од лимон (впива сосем малку) па наросувам шеќер во прав. Лимонот му дава убав слатко-киселкаст вкус.
* Мармаладот е домашен од модри сливи, но вие може да си користите по желба.
* Состојките се доволни за калапот што го имам. Во Делимано силиконскиот калап би бил малку понизок.
* И секако, доколку постите млекото може да се замени со обична или газирана вода.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 09:20
&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#145;&amp;amp;amp;#208;°&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#189;&amp;amp;amp;#208;°&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#189;&amp;amp;amp;#208;° &amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#186;&amp;amp;amp;#209;&amp;amp;amp;#131;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#179;&amp;amp;amp;#208;»&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#190;&amp;amp;amp;#209;&amp;amp;amp;#132; &amp;amp;amp;#209;&amp;amp;amp;#129;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#190; &amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#188;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#190;&amp;amp;amp;#209;&amp;amp;amp;#128;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#186;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#190;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#178;&amp;amp;amp;#208;&amp;amp;amp;#184;
Банана куглоф со  моркови

Состојки
3 банани (300 гр)
2 моркова (100 гр)
2 јајца
160 гр брашно
100 мл јогурт
140 гр интегрално грахам брашно
2 ванилин шеќери 1 лажичка мелен цимет
50 гр сечкани ореви
1 прашок за пециво 50 гр сушена брусница
2-3 лажици мармалад од моркови и праски
50 гр суво грозје За прелив 60-70 гр чоколадо
листови бадеми за посип

Подготовка
1. Морковот го рендаме на ситната страна од рендето, бананите ги пасираме со вилушка, па ги соединуваме со јогуртот и јајцата.
2. Сувите состојки ги помешуваме заедно со шеќерот и ги соединуваме со смесата од банани.
4. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф ја истураме смесата. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45-60 минути. Дали е готов пробуваме со чепкалка или стапче за ражничи.
3. Ги додаваме сушеното и јаткастото овошје. 5. Откако ќе се излади го прелеваме со преливот.
Забелешка
Мармаладот го загреваме на оган па му го додаваме чоколадото да се растопи. Го прелеваме куглофот и го наросуваме со листови бадеми.
Ако немате калап за куглоф слободно истурете ја смесата во тавче, со што ќе ви треба и помалку време за печење, а ако сакате подекоративна варијанта, можете да го ставате и во калап за мафини, изборот е ваш.
Можете да искористите било каков мармалад, од кајсии, од сливи....Во него можете и да го изоставите ванилиниот шеќер, ставете малку екстракт од ванила или содржината од ванила стапче.



Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 16:11
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;µ


Куглоф медено срце

Состојки
4 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици зејтин
13 лажици млеко
1 прашак за пециво
1 ванилин шеќер
1/2 лажичка мелено каранфилче
1 тегла копмот од вишни (треба да има околу 450мл сок од компотот)
1 пудинг од ванила
100 гр чоколадо за готвење

На почеток се чистат вишните од семки и се ставаат во цедалка да се исцеди течноста од нив. Сокот од вишни го чуваме 40мл за во пандишпанот и остатокот 400 мл за овошниот фил.

Подготовка на пандишпан
Се матат 4 јајца со шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додава млекото, зејтинот, брашното, пецивото, каранфилчето и околу 40мл сок од компотот и се мати се заедно со миксер, Калапот се намрсува со путер, се става смесата и одозгора се редат исцедените и исчистени вишни. Малку се настиснуваат за да има подеднакнво насекаде, да не останат само на долниот дел. Се пече во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25-30 мин.

Кога ќе се испече колачот оставаме малку да се олади, па го превртуваме на голема чинија. Со конец го сечеме на средина на два еднакви дела.

Подготовка на овошниот фил
Сокот од вишни го ставаме на оган да зоврие. Од него одвојуваме малку колку да го измешаме прашакот пудинг од ванила. Кога ќе зоврие сокот го додаваме разредениот пудинг и мешаме 1 мин додека да се густи.

Од исечениот пандишпан го вадиме горниот дел и долниот дел го филуваме полека со топлиот фил од вишни. Полека посипуваме со лажица рамномерно насекаде. Во ред е ако истекува по краевите, така поубаво ќе изгледа на крајот. Горниот пандишпан од внатрешна страна го премачкуваме во потенок слој и можете со шприц малку да вбризгате во пандишпанот ако сакате (јас направив така). Ќе остане од филот, а тој ќе го употребиме за на крај да го прелиеме целиот колач. Бидејќи филот е поредок кога е топол за да не ни се разлее кога ке го преклопиме колачот, ќе почекаме малку да се олади и зацврсти. Кога ке се зацврсти малку, го преклопуваме колачот и одозгора го прелеваме целиот со остатокот од овошниот фил. Го оставаме во фрижидер пола час убаво да се зацврсти и залепи горниот и долниот дел, за да не ни се распане на сечење.

Во меѓувреме, топиме во микробранова 100 гр чоколадо за готвење со малку зејтин. Го прелеваме колачот одозгора со стопеното чоколадо, декорираме по желба (јас ставив чоколадни криспи во неколку бои). Ставаме во фрижидер 30-40 мин пред сервирање.

Добар апетит



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.