IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 16:13
Празнични кекси

Празнични кекси


Состојки
200 гр. путер/маргарин
8 лажици кафеав шеќер
1 лажичка екстрат од ванила
1 жолчка
2 лажички какао
1/2 пециво
300-350 гр. брашно
црвена прехрамбена боја (течна)
*декорација
1 белка
200 гр. шеќер во прав
сок од 1/2 лимон
шеќерни украси во разни бои и форми, светкава прашина во боја

Вкусни, крцкаво-ровки кекси, посебно привлечни и бендисани од децата на предновогодишниот школски панаѓур. Мисија, успешно завршена.

1. Маргаринот/путерот (стоен на собна температура) се мати со кафеавиот шеќер, се додава жолчката и екстратот од ванила.
2. Се мешаат пецивото и какаото, се просејуваат и се додаваат, потоа се става малку црвена прехрамбена боја и пак се мати.
3. Брашното (просеано) се додава постепено на претходната смеса, се меси со рака, а по потреба се додава уште малку црвена боја зависно од посакуваната нијанса.
4. Треба да се измеси мазно тесто кое се става во најлонска кеса, се остава да стои 15-20 минути во фрижидер, потоа се вади и се развлекува кора дебела 5 мм. Се вадат форми по желба и се печат на 170 степени околу 20 минути. Се ладат.
5. Белката се мати, постепено се додава шеќерот во прав, па после сокот од лимон. Смесата се става во најлонска ќеса за во замрзнувач, се отсекува малку работ, кексите се шараат по желба и се оставаат да им се исуши глазурата. Може да се стави и друга боја по желба за шарење на кексите. Малку трпение и резултатот е тука.

Забелешка
Кексите се малку крцкави од кафеавиот шеќер, но може да се стави кристал или шеќер во прав. Брашното ставајте го постепено и додавајте уште малку колку е потребно. Ако се користи црвена течна боја, полесно ќе се измеша во тестото, а ако се користи боја во прав, подобро е претходно да се раствори со неколку капки вода.
Наместо екстрат од ванила, може да се додаде екстрат со арома на јагода, малина или по вкус.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 16:15
Празнични елка мафини

Празнични елка мафини


Состојки
2 јајца
150гр. шекер
100мл. млеко
1 пециво
6 лажици масло
150гр. брашно
за филовање
150гр. шлаг крем
зелена прехрамбена боја
украси по желба

Новогодишни мафини елкички спремени за приредбата на син ми на училиште.
Јајцата избијте ги пенесто заедно се шеќерот, додадете го брашното, пецивото, маслото и млакото млеко. Матете уште малку и смесата ставете ја калапите и печете на 190 степени 20 минути.Кога мафините ќе се изладат декорирајте ги со претходно избиениот шлаг во кој сме додале и боја,а некои оставете ги и бели.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 16:52
Празнични чоко-ѓумбир лижавчиња


Празнични чоко-ѓумбир лижавчиња


Состојки
За лижавчиња
100 гр темно чоколадо
1/2 лажичка ѓумбир во прав
2 лажици млеко
1/2 лажиче путер
За декорација
50 гр печени лешници
1 кора кандиран портокал
30 гр кандиран ѓумбир
По потреба
5 дрвени стапчиња

Чоколадото заедно со млекото и ѓумбирот го топите на пареа неколку минути. Откако ќе се соединат го додавате путерот и мешате додека се стопи.
Потоа во калапчиња по желба ставате од стопената смеса и врз секое од нив додавате кандиран ѓумбир со портокал и кршени лешници.
Ставате неколку минути во комора и ги вадите лижавчињата.
Со стапчињата внимателно правите дупка во средина на лижавчето и го зацврстувате со уште стопено чоколадо доколку има потреба.
Можете ова да го правите и на хартија за печење доколку сакате кружни форми кои нема да се многу дебели. Јас за побрзо, ги правев во силиконски калапчиња обложени со хартија за свежа храна за полесно вадење.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 17:00
Домашни празнични лижавчиња

Домашни празнични лижавчиња


Состојки
60 мл. слатка павлака
100 гр. бело чоколадо
25 гр. путер
50 гр бел еурокрем
120 гр печени мелени кикирики (без лушпа)
120 гр. мелени плазма бисквити
за украсување
70 гр шеќер
неколку капки црвена прехрамбена боја
50 гр. растопено бело чоколадо
фондан за изработка на украсите
Детска радост се овие лижавчиња, украсни за на Новогодишната трпеза и вкусни за децата. Подготовката им е брза и многу едноставна.

1. Во сад на тивок оган ставете ја слатката павлака, коцките бело чоколадо, путерот и белиот крем. Постојано мешајте додека сите состојки убаво да се растопат. Во така добиената смеса додадете ги измелените кикирики и плазма бисквити. Калкулирајте со количинити за да добиете смеса од која ќе можете да формирате бомбици. Јас овој пат сомлев буквално се што имаше по дома. Неколку бисквити, неколку суви колачиња, наполитанки...Не се плашете ако смесата ви изгледа мека, зошто со ладењето се стегнува и чоколадото и се добива убава цврста структура.

2. Во сад на страна ставете го шеќерот. Прехрамбената боја (јас користев во прав), растворете ја во неколку капки вода и додадете ја во шеќерот. Измешајте убаво за да се обои. Од смесата формирајте топчиња со големина на орев и валкајте ги во обоениот црвен шеќер.

3. Во сад на тивок оган со 1 мала лажичка масло растопете го и остатокот од белото чоколадо. Искористете стапчиња за ражничи или некои потенки цевки. Врвот на секое стапче потопете го во растопеното чоколадо и на него прицврстете го секое од направените топчиња. Со тоа ќе спречите топчињата да се одвојат од стапчето.

4. Во соодветна чашка или на парче стиропор ставете ги готовите лижавчиња. Врз горната страна ставете од остатокот растопено чоколадо и украсете по желба ( со трошки, чоколадни топчиња, кокос, со дел од обоениот шеќер или со фигурички од фондан). Оставете убаво да се изладат и стегнат.

На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2017 во 14:15
Ангели- Божиќни колачи

Ангели- Божиќни колачи


Состојки
500 гр брашно
250 гр шеќер
1 паковка ванила шеќер
250 гр путер
2 јајца
1/2 паковка пециво
1 паковка фондан во бои

Едни колачиња кои вредните рачиња на децата од градинките ги спремаат за Божиќ.Еве ги спремив и јас.
Се замесуваат брашното со путерот.
Се додаваат јајцата и останатите состојки.
Се меси убаво меко тесто, кое се остава да се излади во ладилник.
Кога тестото е ладно и стврднато, се развлекува кора и се вадат фигури на ангели.
Веднаш се редат на хартија за печење и се печат во загреана рерна.
ако не можете да стасате во изработката, вратете го тестото во ладилник.
Така нема да ви се пушти и ќе можете да го изработите убаво.
Откако ќе ја добијат злаатестата боја, вадете ги колачите.
Нека изладат добро.
Растегнете кора од фонданот и вадете делови за фустанчето,а потоа оформете му го и главчето на ангелчето.
Ги направив едноставно, без премногу декор.
Нас ќе ни ја збогатат новогодишната трпеза, а вие решете само дали ќе ги приготвите.
На здравје




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2017 во 14:16
Божиќни украсни колачи

Божиќни украсни колачи


Состојки
2 чаши брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
100 гр путер
1 чаша шеќер во прав
1 лажичка ванила екстракт
1 јајце
Декорација
2 белки
2 чаши шеќер во прав
1 лажичка сок од цеден лимон
1 лажичка зелена прехранбена боја

1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса.

2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко.

3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап.

4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени.

5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица.

6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба.

* Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2017 во 14:19
Украсни суви колачи

Украсни суви колачи


Состојки
100гр. несолен путер
100гр. шеќер во прав
1цело јајце
250гр. брашно
5-6 парчиња зрнест кардамом
5-6 зрна анасон, малку кора од портокал
ројал ајсинг
50гр.топено чоколадо за декорација

Суви колачиња, повторно за предлог едно подолго траат друго преубаво изгледаат совршени за скоро секоја пригода, овајпат збогатени со вкусот на кардамом и анасон.
Путерот на собна температура, како и сите останати состојки, се меси тесто кое откако ќе се изедначи се остава 1 саат во фрижидер. Се танчи кора на 5мм. која одгоре се посипува со шеќер во прав. Се вадат формички со форми по желба, се печат на 175 сосема малку да заруменат.
Кога се изладат готови се за украсување. Ројал ајсингот е оној кој го објавив во еден од претходните рецепти, тука додавав топено чоколадо (над пареа), украсете по избор.

Среќни ви празници од мене.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2017 во 14:20
Украсни елки со локум

Украсни елки со локум


Состојки
100 гр бело чоколадо
50 гр лешници
50 гр сушена брусница
150 гр локум
150 гр шеќер во прав
зелена и црвена прхрамбена боја
шеќерни ѕвездички, кокос

Слатки и декоративни елкички кои ќе ги израдуваат вашите најмили и ќе ја збогатат вашата новогодишна прослава. Ова беше една успешно реализирана идеја за што пошарена и украсна новогодишна трпеза.

Подготовка
1. Чоколадото го топиме на најниска температура и потоа ги ставаме сечканите лешници и брусница. Промешуваме и смесата ја оставаме да се подизлади.
2. Откако малку ќе стегне ја ставаме помеѓу најлонска фолија и од смесата формираме триаголник, кој го оставаме на ладно, по можност во замрзнувач. Ако имате калапи за тоблероне колачи уште поубаво, ставете ја смесата во нив.
3. Од локумот и шеќерот во прав замесуваме смеса, од која на 1/3 од неа и ставаме зелена боја растворена во 2-3 капки вода, а останатата смеса ја оставаме бела.
4. Од зелената локум смеса сукаме со помош на шеќер во прав тенка кора, со која ја обвиткуваме црвената веќе стегната смеса. Претходно го навлажнуваме зелениот дел за да се залепи убаво локумот, ама во многу тенок слој. Над зелениот дел ја обвиткуваме белата расукана кора. Ги измазнуваме сите три страни и го оставаме ролатот да се стегне.
5. Над белиот дел со четкичка премачкуваме малку вода и посипуваме со кокос. Ова може да се направи и со секоја елкичка посебно. На врвот ги украсуваме со шеќерни ѕвезди.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:43
Нутела бисквити

Нутела бисквити


Состојки
100 гр. Нутела
200 гр. брашно
1 жолчка
100 гр. путер
50 гр. шеќер
1 лажичка какао
1/2 лжичка прашок за печиво
малку сол

Ставете ги сите состојки во сад и месете се додека не добиете мазно тестото за бисквити. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути или подолго (јас секое тесто за бисквити го оставам во фрижидер преку ноќ, бидејќи тестото тогаш е многу поубаво и поароматично).
Се развива кора со дебелина од околу 5мм и се сече со калапчиња. Печете околу 6-8 минути на 170 ° Ц.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:45
Медењаци со млеко и сода

Медењаци со млеко и сода


Состојки
4 жолчки
1 цело јајце
2 чаши од јогурт мед
1 иста чаша шеќер
1 иста чаша зејтин
1/2 чаша млеко
40 гр сода бикарбона
3 кес. ванилин шекер
2 рамни лажици зачин за медењаци (рецепт подолу)
1 кг брашно

1. Во еден поголем сад се мешаат сите состојки освен брашното и содата.
2. Се додава брашното, предходно измешано со содата. Се меси додека почне да се одделува од ѕидовите.
3. Се става на даска за месење посипана со брашно и лесно се промесува.
4. Се прават три топки, се замотуваат во најлон фолија и се ставаат во фрижидер да одстојат 1 час (најдобро е една ноќ).
5. Се сука кора на набрашнета површина, во дебелина од 1/2 см и се вадат модлички по желба.
6. Се редат во плех со пек папир и се печат 10 мин. на 180 ст. Ц. Кога ќе се испечат се чека малку да се оладат, па се вадат.
7. Изладените медењаци се шараат по желба со глазура од белка и прав шеќер.

Рецепт за зачин за медењаци
3 лажичиња цимет
3 лажичиња ѓумбир во прав
1/2 лажиче свежо сомелено морско оревче
1/2 лажиче мелено каранфилче
1/2 лажиче свежо сомелен црн бибер
1 лажиче семчиња од анис(јас немав, па не ставив и ништо не изгуби зачинот).
Се се меша и се става во тегличе, добро затворено.
Зачин за медењаци има готов, ама јас овде не можев да го најдам, па затоа ја направив оваа мешавина.

Глазура (Роајал ајсинг)
1 белка
250 гр шеќер во прав
малку лимунов сок или оцедт
Во стаклен или метален сад се мати белката и полека, лажица по лажица се додава шеќерот. На крај се додава лимоновиот сок и ако треба да се разреди се додава уште по малку од сокот.

Веке подолго време мојот мал уметник ме гњави да ги направиме овие колачиња и конечно дојдоа на дневен ред. Таа веќе купила калапчиња-човечиња и приготвувањето почна одвечер. Мое беше да го направам тестото, а вадењето формички и украсувањето на медењаците, остана за уметникот. Со какво воодушевување го работеше тоа, што почнав да чувствувам грижа на совест зошто порано не и ја исполнив желбата. Така, медењаците не само што се со извонреден вкус (баш како купечки, хахаха), туку и се вистински празник за очи.


.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:56
Празнични колачи за 2014г


Празнични колачи за 2018

Состојки
4 жолчки
1 цело јајце
2 чаши од јогурт мед
1 чаша од јогурт масло
1 чаша од јогурт шеќер
1/2 чаша од јогурт млеко
1 полна лажица сода бикарбона
2 лажици ванила
2 лажици цимет
1кг брашно
Бела глазура-ројал ајсинг
1 белка од јајце
250гр шеќер во прав
сок од 1 лимон
Секоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа.

Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки.

Глазура
Белката се мати на средна брзина со миксер и постепено се додава шеќерот во прав. Треба да се добие густа смеса и постепено се додава малку лимонов сок(1лажица) Да не биде многу ретка смесата. Се става во кеса се засечува на врвот и се украсуваат колачињата.
Ако сакате може да се стават и прехрамбени бои и смесата за украс да биде во различни бои.
Срекни празници!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:58
Бисквит празнични колачи

Бисквит празнични колачи


Состојки
100гр. маргарин
220гр. брашно
1 кесичка ванила
1 белка
5 лажици шеќер
1 кора рендана од портокал
1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
1 белка од јајце
200гр. шеќер во прав
1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
Користени Делимано производи

Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завива во фолија за свежо и се остава во фрижидер половина саат. 
Се вади од фолјата и на работна површина се сука кора од тестото, дебелка 4 мм. од прилика кога ја сукате посип најгоре од шеќер во прав и најдолу на хартија за печење (пек папир) за да не се лепи. 
Со модлици се вадат форми. 
Всушност таа шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема по следниов начин:
белката се мати со вилушка, се додава постепено половината шеќер, сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Смесата линее по малку (таа е конзистенцијата) добра основа за премаз на бисквитите. Натаму во базичниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој користи за образување на контурите на колачите. Остатокот се е до имагинацијата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:00
Шарени божиќни ѕвезди

Шарени божиќни ѕвезди


Состојки
250гр. брашно
на врв на нож прашок за печиво
100гр. шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
на врв на нож мелен цимет
на врв на нож мелено каранфилче
на врв на нож мелен кардамом
на врв на нож мелен анис
1 јајце
125гр. путер омекнат
Глазура
100гр. чоколадо за готвење
1 лажиче зејтин
шарени шеќерни перли

Сите состојки за тестото заедно со зачините ставете ги во еден длабок сад и изматете ги со миксер со спиралните маталки. На крај измесете ја смесата со раце за да добиете мазно тесто.
Работната површина набрашнете ја и развлечете тенка кора од тестото. Со модлици во две различни големини вадете ѕвезди (ист број од двете форми). Ставајте ги во плех на хартија за печење и печете ги 8-10 минути на 180° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат оставете ги убаво да се оладат.
За тоа време подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со зејтинот ставете го на пареа да се стопи.
Големите ѕвезди премачкајте ги со глазурата и одозгора ставете ги малите ѕвезди така да се гледаат аглите од големите ѕвезди кои ќе ги наросите со шеќерните шарени перли.
Оставете ги да се стегне чоколадната глазура па потоа послужете.
Затворени убаво во кутија можат да траат 3-4 недели.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:02
Новогодишни стаклени ѕвезди

Новогодишни стаклени ѕвезди


Состојки
200 гр путер (маргарин или маслац)
75 гр шеќер
1 пакетче рум шеќер
2 лажици мед
325 гр оштро брашно за колачи
2 лажици какао
1/2 лажиче цимет
различни бои стаклени бомбони без полнеж

Путерот на собна температура се мати со шеќерот и рум шеќерот додека не се растопат. Се додава медот додека убаво не се поврзи и на крајот брашното предходно измешано со останатите суви состојки. Се меси тесто, кое се става во фолија и потоа во фрижидер да одстои 30-45 минути.

Оладеното тесто се развлекува во кора со дебелина од половина см (јас малку ги приистанчив) и со ѕвездести модли се вадат форми. Во средината на секое колаче со помал калап се прави дупка. Ако немате помало калапче со ѕвездест облик, можи и некое кружно или некоја тапа од шише добро ќе заврши работа.
Тестото знае да е малку неблагодарно за работа, но откако ќе го совладате, се добива совршен резултат.

Бомбоните предходно се ставаат во цврста подебела кеса и со тврд предмет, како оклагија или толчник се кршат на поситни парчиња.
Во средината на секоја ѕвезда се става од кршените бомбони.

Ѕвездите ги печиме во загреана рерна на 180С 12-15 минути.
Печени, ги оставаме да подоладат и стакленоста од бомбоните да се стврдни, па ги вадиме внимателно и складираме на темно и суво место, т.е. во добро затворена кутија.

* На секоја ѕвезда пред да ја ставите за печење можи да и направите со стапче за ражнич дупка, така што потоа откако ќе се испечи да и врзите украсна лента и да ја наредите елката или пак да подарите некому лампион-колаче.

„„ Бирајте стаклени бомбони без полнеж и со сјај, ако сакате да добиете изглед на вистинско стакло на колачињата.
Уште една финта за добивање на добар стаклест изглед е кога ги ставате дробените бомбони да внимавате да го правите тоа да е во средината на отворота да избегнувате тие да ги допираат ѕидовите, бидејќи ако целосно рамномерно го исполните отворот, маста од колачето во текот на печењето ќе се измеша со бомбоната и наместо стаклест ќе се собие заматен прозор.
Внимавајте и колку ги полните, оти ако ставите одповеќе ќе се разнесат и врз делот на кексите, како што тоа мене ми се случи на неколку.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.