Испечати | Затвори го прозорот

Новогодишно и Божиќно мени

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27797
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 01:05
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Новогодишно и Божиќно мени
Постирано од: Valerija
Наслов: Новогодишно и Божиќно мени
Датум на внесување: 06.Јануари.2015 во 07:36
Најмеки ванилици (посни)

http://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B5%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8/" rel="nofollow -

Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста.

Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко.
На набрашнета површина се става дел од тестото и внимателно се расукува до дебелина од 5-7 мм.
Се сечат разни форми (со мали модли или мала чашка) и се печат во подмачкан плех со маргарин или во плех на хартија за печење. Внимавајте при печењето да останат бели.

Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет.
Додека се пече едниот плех, подготвувајте ги ванилиците за другиот плех.

Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав.
Готовите ванилици можете да ги чувате во затворен сад повеќе денови. Остануваат меки и свежи.

Бидејќи овие ванилици се посни, ќе бидат дел од мојата Бадникова трпеза...
Среќни Божиќни празници!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!




Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Јануари.2015 во 21:30
4

Божиќни колачиња

Припрема:

За тесто:

300 гр. брашно

100 гр. маргарин

1 јајце

100 гр. шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

1 лажичка цимет

4 лажички мед

За декорација:

1 белка

200 гр. шеќер во прав

1 лажичка сок од лимон

Припрема:

Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури.

Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат.

Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2016 во 20:21

Dave’s Kitchen: Божиќни колачиња со портокал и бадеми

Започнувајќи од оваа недела, па се до Божиќ, ќе ги објавуваме најомилени рецепти на Давор за Божиќни колачиња!

Денеска, започнуваме со една од победничките комбинации - бадеми и портокал.

Потребни состојки:

  • 180 гр. растопен путер
  • 250 гр. сецкани бадеми
  • кора од 1 портокал
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 гр. шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник.

Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.

Добар апетит и забавно готвење!

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Декември.2016 во 08:36

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/45879-recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del" rel="nofollow -

Откако минатата година ги освои улиците и божиќните штандови низ Австрија, специјалитетот познат како germknödel го освојува целиот свет.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-7.jpg

Прогласен е за најпопуларен десерт на божиќните маркети, а сега може да го продолжите уживањето и дома.

Мек, пуфкаст, сочен десерт кој наликува на полнета крофна.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-2.jpg

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 220ml млеко
  • 15g квасец
  • 2 јајца
  • 50g путер
  • Лажица шеќер
  • Малку сол

Подготовка:

Квасецот разматете го во малку топло млеко со лажица шеќер и оставете да нарасне 20-тина минути.

Во посебен сад измешајте го останатото млеко со брашното, јајцата и стопениот путер, па додадете го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне половина час.

Смесата поделете ја на 4 дела. Од секоја четвртина направете крофна која ќе ја наполните со џем од сливи. Оставете ги нека отстојат уште 20 минути, а потоа варете ги во сад со зовриена вода во која ќе додадете малку сол

Пред варењето, секоја кнедла боцнете ја со чепкалка на неколку места. Варете 10 минути и не заборавајте да ги превртите од сите страни.

Варените кнедли ставете ги на чинија, прелијте со растопен путер и по желба зачинете со ванила, мак или цимет. Може да ги прелиете и со малку пудинг од ванила, ако сакате да го збогатите вкусот.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-1.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-3.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-4.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-5.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-6.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Декември.2016 во 09:28

Dave’s Kitchen: Колачиња за вашата новогодишна трпеза

Празниците се одлична можност за да приготвите вкусни колачиња и гранола во украсни тегли. Освен тоа што вашата трпеза ќе изгледа фантастично, можете и да ги подарите на најблиските како интересен новогодишен и божиќен подарок.

Гранола

Потребни состојки:

  • 250 гр. овес
  • Јатки по вкус жоколу 100 гр.
  • 100 гр. суво овошје
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2-3 лажици мед сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки се соединуваат и се печат на загреана рерна од 150 степени околу 10-15 минути. 

Путер колачиња

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 250 гр. путер исецкан на коцки
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 140 гр. шеќер во прав

Глазура:

  • 300 - 400гр. шеќер во прав
  • 1 белка

Начин на подготовка:

Во длабок сад со помош на дрвена лажица промешајте ги заедно брашното, путерот, жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.

Смесата продолжете да ја месите со раце додека не формирате тврдо бисквитно тесто. Поделете го на два дела и спакувано во хартија за свежа храна оставете да одмори околу 20-30 минути во ладилник. Потоа расукајте кора дебела 0,5цм и со помош на калап за колачиња во форма на ѕвезда формирајте ги колачињата. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат.

За глазурата измешајте ги двете состојки и по потреба додадете неколку капки вода или пак шеќер во прав. Треба да добиете конзистенција на лава. Декорирајте ги елките. Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на https://www.facebook.com/davor.pancevski.54?fref=ts" rel="nofollow - - Dave’s Kitchen .



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Ноември.2017 во 10:09

Dave's Kitchen: Празнични колачиња со бадеми



Оваа недела имаме еден одличен празничен рецепт од кујната на  https://www.facebook.com/davor.pancevski.54" rel="nofollow - - Dave's Kitchen.

Вкусни и ароматични колачиња со бадеми и портокал - комбинација која одлично одговара со шолја чај или утринско кафе.  

Потребни состојки:

  • 180 гр. растопен путер
  • 250 гр. ситно сечкани бадеми
  • кора од 1 портокал
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 гр. шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.

*Доколку краевите премногу потемниле, можете со помош на чаша да оформите округло правилно колаче.

За повеќе рецепти посетете го  https://www.facebook.com/daveskitchenofficial/" rel="nofollow - .



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Декември.2017 во 08:17

 Празничен чоколаден куглоф


Оваа недела имаме еден поинаков празничен десерт - куглоф со многу чоколадо.

- Оваа верзија дефинитивното е победничка во однос на секоја друга што досега ја имам подготвено, вели  https://www.facebook.com/davor.pancevski.54" rel="nofollow - - Dave's Kitchen.

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер на собна температура
  • 200 гр. шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила или 1 пакетче ванилин шеќер
  • 350 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 250 гр. кисела павлака
  • 150 гр. црна чоколада растопена
  • 150 гр. бела чоколада растопена

За глазурата:

  • 200 гр. темна чоколада
  • 150мл. млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот заедно. Матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно, додадете ги јајцата, убаво промешувајки при секое додавање. Додадете го и екстрактот ванила. 

Брашното, солта, пецивото и содата измешајте ги на страна во еден сад и во смесата со изматените јајца и путер додадете половина од сувите состојки. Потоа додадете половина од киселата павлака и завршете со втората половина од сувите состојки и киселата павлака.

Осигурајте се дека убаво ќе ја изматите содржината при секое додавање. Добиената смеса поделете ја на половина во два сада. Во едниот сад додадете растопено црно, а во другиот растопено бело чоколадо.

Премачкајте го калапот за куглоф со путер и набрашнете ја целата површина. Додадете од двете смеси со помош на алатка за сладолед. Со помош на нож направете нежни движења за да ги промешате црниот и белиот фил. 
Печете го куглофот околу 45 минути на 170 степени.

Кога ќе биде комплетно изладен прелијте го куглофот со чоколаден сос кој можете да го подготвите на тој начин што во тавче на оган  ќе ставете да се загрее млекото. Кога ќе дојде пред оној момент за да врие додадете раскршено чоколадо и тргнете од оган. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура. 
Декорирајте со сецкани или мелени ореви



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2017 во 09:53
1


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2017 во 10:27

Божиќни рецепти: Направете си сами вкусни колачиња

Полека наближуваат празниците а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселиме на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња.

Во оваа статија ќе ви дадеме два лесни рецепти, а вие пробајте ги и кажете ни дали ви се допаднаа 🙂

Meдени новогодишни колачиња

Меки како душа, брзо се прават, и го будат мирисот на детството. Како и сите суви колачи, се благодарни бидејќи може долго да стојат, а со овој рецепт нема да згрешите.

Состојки:

350 гр брашно

100 гр шеќер

Половина кесичка прашок за пециво

По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед

100 гр мелени бадем

2 јајца

120 гр путер

Подготовка:

Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови.

Лондонери-колачиња

Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт, кој без разлика на името, нема многу врска со главниот град на Велика Британија.

Лондонерите со години се составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Ние ви ги предложуваме токму нив:

Состојки:

300 грама брашно

150 грама путер

Ванилен шеќер

2 јајца

Прашок за пециво

2 лажици млеко

Подготовка:

Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени .



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 17:50

Спремете новогодишни колачиња


Нема ништо поубаво од тоа домот да ви мириса на свежо печени колачиња. Но, тој мирис, е најубав за време на новогодишните празници. Уште повеќе, ако имате време, направете ги токму овие, со мини декорација како снегулка.

Потребно е:
125 гр путер, на собна темепратура
100 гр шеќер
1 јајце
2 лажички екстракт од ванила
225 гр брашно
1 лажица какао во прав

Подготовка:
– Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Матете со миксер додека да добиете кремаста смеса и шеќерот да биде растопен.

– Додадете ги јајцето и ванилата и матете дополнителни 2 минути за сето да се соедини.

– Потоа, полека додавајте го брашното и матете полека додека да оформите тесто.

– Од тестото одвојте 2/3 и ставете го на страна. Во преостанатата 1/3 од тестото ставете го какаото и матете додека да се соедини сосема какаото.

– Двете теста со сукало развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од околу 3 мм.

– Од белото тесто со тркалезни калапи одвојте неколку колачиња и ставете ги на тавче за печење, кое ќе го обложите со хартија за печење.

– Од црниот дел од тестото одвојте форми на снегулка. Помалите форми на снегулка ставете ги врз тркалезните колачиња.

– Вака подготвени ставете ги колачињата да се печат во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, околу 12 до 15 минути, односно додека почнат да добиваат златна боја на краевите.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 17:52

5 новогодишни десерти: Креативни рецепти кои воодушевуваат

На многу едноставен начин можете да направите парчињата торта да добијат облик на празнични декорации, а кога ги украсувате мафините, водете се по паролата, што повеќе тоа подобро!



За вашата трпеза оваа година да биде единствена и неодолива, потребно е само малку од вашето слободно време. Заборавите на стандардните десерти и подгответе се за вистинското хедонистичко задоволство за вашето семејство, гости, но и за вас самите.

Дали тоа ќе бидат неодоливи мафини, омилена торта, пуслици кои се топат во уста или овошен десерт, на вас е да одлучите, а ние ви нудиме 5 креативни идеи за слатки во облик на новогодишна елка, која ќе ве воодушеви како со изгледот, така и со вкусот.

Неодолива торта

Направете ја омилената, лесна торта по ваш избор, но нека е округла. Исечете ја на триаголници, скратете ги малку краевите, а во средината ставете чоколадно стапче, така што секое парче да изгледа како мала елка. Ако парчето го украсите со малку шлаг во зелена боја и шарени бомбончиња, вие ќе добиете изглед на украсена празнична елка.

Празнични мафини


Направете го тестото за омилените слатки мафини и испечете го. Во духот на празникот ставете им црвени корпички. Изматете белка со шеќер и малку лимонов сок, нанесете на колачите, па испечете ги неколку минути. Оставете малку да се излади, а во меѓувреме изматете го шлагот, додадете ја зелената прехранбена боја и со шприц направете облик на елка како на фотографијата. Украсете со мали ситни бомбончиња и елкичка која се јаде на врвот. Вашите гости ќе бидат воодушевени.

Овошна елка

Измешајте 300 гр. мелени кекси со сок од портокал, таман толку за да смесата биде еднолична и лесна за обликување. Од смесата формирајте облик на поголема елка, па подгответе фил. 300 мл. млеко ставете да зоврие, а во меѓувреме 200 мл. млеко разматете со 8 лажици шеќер и 9 лажици брашно. Кога ќе зоврие, ставете ја смесата со брашно и шеќер и варете 1-2 минути. Додадете 250 гр. путер со 2 лажици шеќер во прав и ставете го изладениот фил и сето тоа добро соединете го со мискер. Нафилувајте ја кората, пазете тортата да го задржи обликот на елка, а потоа исецкајте киви на танки парчиња. Наредете ги преку филот, а потоа додадете и неколку рибизли, кои ќе изгледаат како украси.

Елка пуслица


Изматете две белки со 150 гр. шеќер и лажица лимонов сок, пенесто изматете, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврста маса како снег, додадете лимонов сок и уште малку матете. Додадете прехранбена зелена боја и со шприц формирајте елки. Печете во рерна околу 60 минути на 130 степени. Кога е печено посипете малку шеќер во прав за да добиете изглед на снег кој паднал врз нив, а на врвот ставете чоколадна ѕвезда од стопено чоколадо која ќе ја формирате одделно и потоа само ќе ја ставите на елката.

Новогодишен капкејк


Пробајте го овој неодолив колач во варијатна со ванила. Потребно ви се 200 гр. шеќер, 100 гр. путер, 2 јајца, 2 лажици екстракт од ванила, 200 гр. брашно, 2 лажици прашок за печење, 130 мл. млеко.

Тесто: Изматете ги јајцата и путерот и на крај екстрактот од ванила. Во посебен сад измешајте го брашното и прашокот за печење и полека додадете млеко. Мешајте додека од смесата не добиете глатко тесто, а потоа измешајте ја со јајцата и путерот. Сипете во калапи и печете 20-на минути на 180 степени.

Фил: Изматете 150 гр. путер, па додадете 140 гр. шеќер и добро соединете. Додајте уште 140 гр. шеќер, лажица млеко и добро измешајте. Ако вам смесата ви е прегуста, тогаш додадете уште една лажица млеко. Со шприц нанесете фил на секој мафин, одете во висина колку сакате, а преку шприц нанесете шлаг во зелена боја. Кога станува збор за висината, што е повисоко толку подобро, а кога ќе завршите со формирање на елката, украсете ја со бомбончиња и ѕвезда за јадење на врвот.

Пријатен апетит и среќна Нова Година!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 17:57

Чоколадни елки

Чоколадни елки

За новогодишната ноќ развеселете ги своите деца со овие едноставни, а така слтки и декоративни чоколадни колачиња …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
100 гр путер
100 гр чоколадо
60 гр брашно
40 гр какао
1 лажиче прашок за пециво
4 јајца
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер

за кремот:
100 гр путер
100 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда …)
150 гр маскарпоне

за декорирање:
200 мл слатка павлака, изматена во шлаг
чоколадни трошки
чоколадни ѕвездички
шарени украсни зрнца

Подготовка:
– Растопете го путерот во еден сад на рингла и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека не се растопи чоколадото.

– Брашното помешајте го со какаото и со прашокот за пециво.

– Јајцата, шеќерот  и ванилиниот шеќер изматете ги убаво со миксер додека да добиете хомогена густа, пенеста смеса. Со мешање додадете го и растопеното чоколадо. На крај додадете ја и смесата со брашно и какао и измешајте полека.

– Смесата сипете ја во тава (со димензии 32х18 см) која претходно сте ја премачкале со путер и посипале со малку брашно. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Додека се пече тестото преминете на подготовка на кремот. Во еден сад со миксер изматете ги убаво путерот кој е на собна температура и чоколадниот крем. На крај додадете го и маскарпонето и измешајте убаво.

– Готовиот крем премачкајте го на изладеното тесто. Со вилушка полека поминете преку кремот за да добиете бранови како на сликата.

– Со остар нож колачот пресечете го на триаголници. Секој триаголник-елка посебно украсете ја со шлагот, чоколадните трошки, чоколадните ѕвездички и шарените украсни зрнца (видете на сликата).



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 18:04

БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА


За тесто:

300 гр. брашно

100 гр. маргарин

1 јајце

100 гр. шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

1 лажичка цимет

4 лажички мед

За декорација:

1 белка

200 гр. шеќер во прав

1 лажичка сок од лимон

Припрема:

Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури.

Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат.

Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 09:41

Слатка божиќна салама

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2016/01/bozik.jpg" rel="nofollow">bozik

Намирници – 1 марагрин, 200 грама чоколада за готвење, 100 грама шеќер, 2 јајца, 300 грама petit beure кекси, 300 грама желе бомбони, шака ораси, шака бадеми, 10-на суви смокви, кора од 1 портокал, шака суво грозје, 50 грама рум, 1 пакетче обланди.

Подготовка – Ситно исечкајте ги кората од портокал, смоквите, орасите, бадемите и кексите. Кеските не треба да бидат премногу измелени, туку во ситни мали делови. Обландите ставете ги помеѓу влажни кујнски крпи 20-на минути, зашто треба да омекнат за полесно да се виткаат. Чоколадата, маргаринот и шеќерот стопете ги и помешајте ги на тивок оган. Додадете ги јајцата, мешајќи. Потоа додадете ги сите останати исечкани состојки и румот. Дури кога се добро ќе се измеша, додадете ги желе бомбоните и гответе уште три-четири минути. Внимавајте бомбоните да не се растопат. Со готовата смеса веднаш премачкајте ги обландите. Завиткајте ја обландата во форма на салама, па ставете ја на ладно место. Штом се изладат исечете ги на тенки кругови.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 09:44

    Божиќен колач со брусница


    Интересен предлог за вкусен божиќен десерт...

    Потребни намириници:
    - 300 гр брашно
    - 110 гр шеќер
    - 2 лажици прашок за печиво
    - 1 јајце
    - 175 мл свежо исцеден сок од портокал ( околу 3 портокали)
    - 60 мл стопен путер
    - 250 гр брусници
    - 1 лажица изрендана кора од портокал
    За прелив:
    - 250 гр крем сир
    - 85 гр шеќер
    - 1 кесичка ванилин шеќер
    - 1 јајце

    Начин на подготовка:
    Во сад измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот и прашокот за печиво и измешајте. Во друг сад измешајте ги јајцата со мешалка или вилушка, додадете го стопениот путер, сокот од портокал и изренданата кора од портокал. Прелијте ја оваа смеса со смесата од суви состојки, измешајте со лажица за сите намирници да се соединат. Потоа додадете ги брусниците и добро промешајте.

    Подмачкајте го плехот за печење и посипете брашно, па со лажица истурете го тестото кое треба да биде поприлично густо. Рамномерно распределете го. Измешајте го крем сирот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и прелијте со тестото.

    Печете на температура од 180 степени, околу 20 минути. Потоа ставете хартија за печење одозгора за да не ви изгори горната гора. Печете уште 40 минути.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 09:45

    Божиќна торта со вишни



    Вкусната божиќна трпеза дополнете ја со торта од чоколадо и вишни на кои тешко може да им одолеете. Тортата пред послужување добро изладете ја и ефектот на воодушевување сигурно нема да изостане.


    Потребни состојки:

    За пандишпанот

    • 4 јајца
    • 100 гр. шеќер
    • 200 гр. чоколадо
    • 30 гр. лебни трошки

    За филот:

    • 1 компот од вишни или пак половина килограм замрзнати вишни
    • 200 гр. чоколадо
    • 500 мл. слатка павлака за шлаг

    Подготовка:

    Изматете ги пенесто жолчките со шеќер.

    Додадете го стопеното чоколадо, мелените ореви, измешани со лебните трошки и изматените на страна белки. Смесата лесно изматете ја и излијте ја во калап за торта или некој сад за печење.

    Тортата печете ја во рерна загреана на 170 степени, 30 – 40 минути.

    За филот: исчистете ги вишните и распоредете ги преку изладениот пандишпан. Чоколадото стопете го во 150-те мл. загреаната слатка павлака па изладете. Преостанатата слатка павлака изматете ја да добиете шлаг и постепено додадете го подготвеното чоколадо.

    Послужување: 

    Кремот премачкајте го преку вишните, па тортата оставете ја во фрижидерот добро да се излади, а потоа послужете.

    Совет: На пандишпанот можете да го истурите сокот од компотот за да ви биде посочен.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 09:50


     
    Англиска божиќна торта
    Состојки

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=vanila-stapche" rel="nofollow - Ванила стапче (1 Парче)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=brendi" rel="nofollow - Бренди (200 Милилитри)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=rum" rel="nofollow - Рум (200 Милилитри)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=tsimet-2" rel="nofollow - Цимет (1 Кафена лажица)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=morsko-orevche" rel="nofollow - Морско оревче (1 Прстофат)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=kardamom-2" rel="nofollow - Кардамом (1 Прстофат)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=urmi-bez-semki" rel="nofollow - Урми без семки (50 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=suvi-smokvi" rel="nofollow - Суви смокви (50 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=suvi-kajsii" rel="nofollow - Суви кајсии (100 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=kandirana-kora-od-portokal" rel="nofollow - Кандирана кора од портокал (80 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=suvo-grozje" rel="nofollow - Суво грозје (200 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=belo-suvo-grozje" rel="nofollow - Бело суво грозје (200 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=leshnik" rel="nofollow - Лешник (80 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=pekan-orevi" rel="nofollow - Пекан ореви (80 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=badem" rel="nofollow - Бадеми (80 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=puter" rel="nofollow - Путер (250 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=kafeav-sheker" rel="nofollow - Кафеав шеќер (250 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=jajtse" rel="nofollow - Јајце (5 )

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=brashno-2" rel="nofollow - Брашно (250 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=zholchki-od-jajtse" rel="nofollow - Жолчка од јајце (6 )

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=slatka-pavlaka" rel="nofollow - Слатка павлака (130 Милилитри)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=sheker" rel="nofollow - Шеќер (110 Грама)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=vanilin-sheker" rel="nofollow - Ванилин шеќер (1 Супена лажица)

    http://moemeni.mk/?cs_sostojki=nesolen-puter" rel="nofollow - Несолен путер (160 Грама)



    Подготовка

    Овој рецепт се подготвува за помалку од 210 минути

    1. Исечете го стапчето ванила на половина по должина и извадете го семето од него.
    2. На тивок оган ставете бренди, рум, семките од ванилата, цимет, морско оревче и кардамом.
    3. Исечкајте урми, смокви, кајсии и лешници.
    4. Измешајте ги со кандираната кора од портокал, сувото грозје, белото суво грозје, бадемите и пеканите и додајте ги во врелата смеса.
    5. Оставете сè заедно да се готви околу 10 минути.
    6. Потоа отстранете ја тавата од оган и оставете го филот покриен во фрижидер два дена.
    7. Загрејте ја рерната на 140°C.
    8. Матете ги путерот и кафеавиот шеќер сè додека не настане кремаста смеса.
    9. Во него додајте ги јајцата едно по едно.
    10. Потоа додајте го брашното и мешајте додека смесата не стане мазна. Во оваа смеса, измешајте го и овошниот фил.
    11. Премачкајте една тава со путер и покријте ја со хартија за печење. Истурете ја смесата во тавата.
    12. Тортата се пече околу еден час и 15 минути, додека не се испече и не добие златнокафена боја.
    13. Во еден сад, измешајте ги жолчките со слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер.
    14. Ставете ја смесата на тивок оган, но не дозволувајте да зоврие. Оставете да се излади.
    15. Во оваа смеса додајте го путерот за да се добие кремаста глазура.
    16. Глазурата намачкајте ја врз божиќната торта и украсете со овошје по ваш избор.






    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 18:53
    Новогодишни колачиња со ѓумбир

    Новогодишните празници се период кога секогаш сакаме да испробаме нешто ново, па соодветно на овој претпразничен дух ви претствувам еден традиционален рецепт за американскиот континент- колачиња со ѓумбир (gingerbread cookies). Овој рецепт е мое прилагодување (според состојките што ги имав) на рецептот на Wilton за gingerbread cookies.

     Потребно:

    350 грама брашно + 100 грама доколку ви испадне многу лепливо
    1/2 лажичка сода
    1/2 лажичка морско оревче 
    1/2 лажичка ванилин шеќер (ова беше моја идеја) 
    на врв лажичка сол
    1 лажичка ѓумбир
    1 лажичка цимет 
    150 гр растопен маргарин (во оригиналниот рецепт е путер, но јас имав само маргарин)
    200 гр мед или меласа, јас ставив 10 лажици мед (но искрено со волку мед малку се благи, нареден пат би пробала со 8 лажици) 
    1 изматено јајце
     

    Подготовка:

    Го мешаме брашното со зачините и го додаваме изматеното јајце. Настрана го растопуваме маргаринот (иако треба путер и со маргарин беа вкусни) и малку да поизлади го мешаме со шеќерот и медот. Го додаваме во претходната смеса со брашно. Мешаме и замесуваме на набрашнета површина. Со само 350 гр брашно смесата е многу леплива затоа при замесувањето добро е да додадете уште брашно. Го расукуваме тестото малку подебело, барем 1/2 см. Правиме форми со новогодишни модли и ги ставаме на намастено плехче или хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околку 10 мин. При вадењето од рерна колачињата можат да бидат меки, но не ги враќајте назад да се допечат затоа што по 5-10 мин се стрвднуваат и добиваат соодветна цврстина.

    За декорирање би ве посоветувала да ја користите смесата со изматена белка, шеќер во прав и лимон во рецептот за  http://www.tortijada.mk/mk/zanimlivosti/325-sekerna-glazura.html" rel="nofollow - Шеќерна глазура  . Затоа што брзавме да ги декорираме (имаше многу гладни усти), ние со Меѓи (мојот личен помошник) ја користевме наједноставната смеса од 100 гр шеќер во прав и 2-3 лажички млака вода, но не ви ја препорачуваме. Смесата со изматени белки е многу подобра за декорирање и боење. Сепак и вака колачињата се изедоа. 

    Благодарност до Меѓи за помошта.

    p.s. Ветуваме наредниот пат колачињата ќе бидат декорирани поубаво :) 

    Рецептот е подготвен од Tortijada.mk 

     


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 18:54
    Новогодишни колачиња со смокви

    200 гр суви смокви се мелат. Се додава 200 гр шеќер во прав и 200 гр мелени ореви. Се меси смесата и се сука кора од 1 см. Со модла се вадат фигури и се украсуваат по желба.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 18:56

    Новогодишни елкички

      Потребни состојки:
    2 гол.лажици шеќер во прав
    600 гр мелени бисквити
    2 белки
    300 гр мелени ореви
    200 гр чоколадо за готвење
    500 мл слатка павлака
    млеко по потреба
    зелена прехранбена боја
    разни украси за декорирање

    Подготовка:

    Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус.

    Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба.

    Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 19:44

    Торта “Божиќна ноќ”

       http://www.tortijada.mk/index.php/mk/component/mailto/?tmpl=component&template=bt_magazine&link=cf86e46ec60f0130c5097d42e072165ae1f37257" rel="nofollow -  
    Состојки за тестото:
    6 жолчки
    80 гр. шеќер во прав
    1 рендана кора портокал
    цимет
    6 белки
    100 гр. шеќер
    180 гр.брашно
    2 ќесички прашок за пециво
    100 гр. мелени лешници
    80 гр. маргарин (растопен)

     

     Фил 1:

    120 гр. суви јаболка
    5 суви сливи
    7 суви кајсии
    неколку сецкани ореви
    100 гр. шеќер
    1/8 литри црно вино
    1/8 литри сок од портокал
    1/8 литри рум
    ¼ литри овошен чај
    цимет (по желба)
    2 ќесички желе за торти (безбојно) 
     

    Фил 2:

    250 мл. слатка павлака
    1 лажичка шеќер во прав
    1 лажичка  какао
    1 ќесичка кремфикс 

    За декорација:

    250 мл. слатка павлака
    1 лажичка шеќер во прав
    1 ќесичка кремфикс
    70 гр. мелени лешници
    растопено чоколадо (по желба)  
     

    Подготовка

    Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса.  Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто.  Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади.

    Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ.

    Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори.  Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата.

    За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 19:47

    Новогодишни крофни


    Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се преливаат со чоколаден и ванила крем...

    Се прави тесто од:

    3/4 кг брашно, 
    1/2 л млеко,
    1/4 маргарин,
    1 свеж , стасан квасец,
    3 жолчки,кора од 1 лимон
    100 гр шекер,
    малку сол
    1 лажица рум.

     

    Тестото се остава да нарасне и се прави подебела кора. Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се пржат во врело масло. Додека се топли се преливаат со чоколаден и ванила крем. Се попрскуваат со шарени мрвици или новогодишни декорации.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 19:49

    Божиќен колач

      Новогодишните и божиќни празници се идеален период за приготвување на вкусни колачи. Наш предлог за лесно приготлив колач е божиќниот куглоф.

    Состојки:

    40 гр. растопен маргарин
    4 јајца
    300 гр. брашно
    100 гр.шеќер
    ореви
    суви кајсии
    суво грозје
    суви смокви
    суви сливи
    пире од костени
    125 мл. млеко
    рум

    Време на подготовка:60 минути.

    Сувото грозје се натопува во рум. Во растопениот квасец се додава по една кафена лажица шеќер и брашно. Смесата се промешува. Претходно во сад се става целото количество на млеко да се загрее и од него земаме 20 мл. и го додаваме во квасецот.Се меша смесата и се додава уште 1 лажица брашно,сецканото суво овошје и сецканите ореви.

    Преостанатато брашно се става во еден сад и во него се додава смесата од квасец.На смесата се додава и останатиот шеќер.Мешајќи се додаваат 2 лажици млеко. Во смесата, кога ќе добие густина,  се додава исецканото овошје и ореви и сувото грозје кое со стегање со раката го цедиме.Смесата ја мешаме со рака и во текот на месењето додаваме 1 јајце и малку брашно.

    Куглофот го премачкуваме со путер и го посипуваме со брашно.Тестото се става во куглофот и се остава да скисне и се печи на 250 степени,а потоа се намалува на 180 степени. Се печи 45 минути.

    Колачот го вадиме и откако ќе се излади го превртуваме во садот за сервирање и го посипуваме со шеќер во прав. Му ставаме и декорација од суво овошје.

     



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 19:51

    Панетонe-историја и традиција


      Панетоне (на италијански panettone)е типичен италијански колач по потекло од Милано кој денес во целиот свет е познат како Божиќен колач.  Панетоне има форма на купола, која многу потсетува на куполата на Миланската катедрала и токму оваа форма го разликува од колачот пандоро.

    Процесот на подготовка на панетоне е долготраен и понекогаш трае и цел ден, затоа што тестото треба да скисне трипати и да нарасне доволна да се добие типичната форма на купола, обично висока 12-15 см. Колачот најчесто се прави со додавање на кандирано овошје како портокал, цитрон, лимон или суво грозје. Денеска, со цел задоволување на потрошувачките вкусови, се прави и со парченца чоколадо, кремасто полнење, и сл.

    За неговото потекло постојат голем број на легенди кои одат до 15 век, поточно во периодот на владеење на Лудовико Сфорца (наречен Ил Моро) во Милано.

    Најпознатат од многуте легенди зборува за младиот благородник, Уго Ателани, кој бил заљубен во Адалџиза, ќерка на сиромашниот пекар Тони.  За да ја освои нејзината љубов, се маскирал како пекар и се вработил кај таткото на Аделџиза, Тони. Решен да ја подобри репутацијата на пекарата и зацврсти љубовта на саканата, вечерта наспрема Божиќ се затворил во пекарата и измислил нов вид на леб во кој додал квасец, јајца, путер, суво грозје и кандиран лимон и портокал.

    Восхитена од прекрасниот вкус на новиот леб, таа се согласила да се омажи за него, а бракот бил оддобрен и од владетелот на Милано, Лудовико Сфорца, исто така маѓепсан од прекрасниот вкус на колачот. На венчавката гостите биле почестени со новиот вид на колач кој го добил името Панетоне, од Pan de Toni или лебот на Тони (pan или panne е леб на италијански). Оттогаш натаму панетоне е заштитен знак на Милано и италијанското пекарство.

    Денес  панетоне, поточно традиционалната рецепта, е заштитен со италијанскиот закон кој го гарантира задржувањето на традиционалниот вкус при неговото приготвување, со прецизирање на состојките и начинот на подготовка, особено при масовната продажба од страна на големите италијански пекари.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 19:55

    Снежни ѕвездички

      Снежните ѕвездички се прават со помош на калап со форма на ѕвезда и се декорираат со кокос и рендана кора на портокал. 

    Состојки

    120 г масло за јадење 
    100 г шеќер
    јајца
    250 г брашно 
    1 пак. пециво
    рендана кора од половина портокал 
    2-3  л. пресно млеко
    3-4 л. кокос

     

    За украсување: 

    една белка
    50 г шеќер
    75 г шеќер во прав

    Подготвување:

    Маслото, шеќерот, 1 јајце, брашнотопецивото и ренданата кораги замесуваме во тесто, кое го оставаме 30тина мин да отстои. На останатите јајца ги одделуваме белките од жолчките и жолчките ги обработуваме заедно со пресното млеко. За украсување, ги обработуваме белките со шеќерот.  


    Тестот го размесуваме на површина претходно покриена со брашно, така да добие дебелина од половина см.  Со калап, правиме ѕвездички и ги ставаме во тавчето, кое претходно е покриено со хартија за печење.  Ги мачкаме со смесата од млеко и жолчка и ги попрскуваме со мешавината од рендана кора и кокос. Најпосле, од изматените белки, со помош на шприц за декорирање, правиме машнички или ѕвездички.  

    Се пече на 150° околу 10 мин. Се сервираат во ладна состојба.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:03

    Новогодишни капи

    Новогодишни капи
    Состојки
    200 гр мелени ореви
    200 гр мелени бисквити
    200 гр шеќер во прав
    120 гр маргарин
    100 гр гел прелив од шумско овошје (или некој друг со црвена боја)
    1/2 сок од 1 лимон
    малку црвена боја
    уште, за украсување
    стопено бело чоколадо
    малку кокос
    фондан маса за белите топчиња


    Новогодишните капи беа идеја со повод и моја лична импровизација. Главен момент кога се осмислуваше, беше како да се добие убава црвена боја и вкусни колачи. Овој гел прелив го добив од една пријателка која професионално се занимава со слаткарство и најчесто оди во набавка на големо. Во малопродажба се уште не сум запознаена дали го има. Мислам дека добра замена би била, убав црвен и добро желиран мармалад за него.
    Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате, обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи. Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се стегнат. Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.
    Ви посакувам весели празници и успешна претстоечка година во сите полиња!
    Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос. Колачите брзо и лесно се прават, испаднаа солидно вкусни и декоративни за празниците и од срце ви ги препорачувам со слоганот на МоиРецепти - „на сите ни е потребна идеја во кујната...“ :)




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:05
    Чоколадни свеќички


    Чоколадни свеќички


    Состојки
    за тесто
    250 гр маргарин
    2/3 чаша шеќер во прав
    1/2 чаша какао
    1/2 чаша мелени бадеми
    2 чаши брашно
    1/2 лажичка цимет
    1 ванилин шеќер
    бадеми за украсување

    Ете ги нашите посни Новогодишни колачиња. Многу брзо се прават и што е најбитно излегуваат поголема количина па ќе има за сите. Најпрво да напоменам дека чашата што е користена во рецептот е 250 мл. Пошто сакав колачињата да се посни ги правев со маргарин, а секако верзијата со путер е уште повкусна. Во подлабок сад за матење се става омекнатиот маргарин и шеќер во прав. Со миксер се мати маргаринот. Се додава какао, мелени бадеми, брашно и ванила и се замесува тесто. Не е потребно да стои тестото во фрижидер туку веднаш се развлекува кора со сукалка со дебелина од 5 мм и со модличка ѕвезда се формираат колачите. Врз секое колаче се става по еден цел бадем што треба да го симболизира пламенот на свеќичката. Се печат на 180 степени 12-15 мин. Празниците можат да почнат. На здравје




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:06
    Новогодишни чоколадни мафини

    Новогодишни чоколадни мафини

    Состојки
    200 гр ментол темно чоколадо
    250 гр путер
    4 јајца
    150 гр шеќер
    1 ванилин шеќер
    90 гр брашно


    Прекрасни, сочни, ментол-чоколадни мафини кои се идеални за новогодишните празници. Овој калап за мафини во форма на елкичка, го добив на поклон и чекаше на ред за да го употре**м за мафинчиња. Се мислев новогодишно да го пробам, но заради натпреваров дојде на ред и порано! Ако немате ваква форма не е проблем да си ги подготвите и во обични калапи за мафини. 1. Путерот и чоколадото се топат на тивко на пареа. Потоа се оставаат малце да се оладат. *Може да користите и само темно чоколадо, без ментол полнење, но јас ја сакав оваа комбинација и затоа така ги направив. 2. Јајцата се двојат на белки и жолчки. Белките се матат со шеќерот и ванилата. потоа се додаваат и жолчките. 3. Брашното го просејуваме. Со помош на лажица убаво промешуваме. 4. Во тенок млаз се додава чоколадната смеса и се меша постојано со лажица. 5. Во кесичка се полни смесата и се пополнуваат убаво формите. Калапот се полни околу 3/4. 6. Се пече на 250 степени, во загреана рерна, 5-7 мин. 7. Оставете ги да се оладат во калапот, па потоа вадете ги. 8. Декорацијата е по избор. Јас стопив темно чоколадо и ги прелеав одозгора, на дел од нив ставив желе бонбони, на др. шарени трошки и на третите крцкави чоколади топчиња. Одозгора наросив и златна прашина, за да бидат како новогодишна елка. - Оваа смеса доста наликува на топло ладно. Внатрешноста ќе остане течна, а кога ќе се олади, убаво ќе се впие низ печеното тесто и ќе даде убава влажност, но и компактност на тестото. - Мене ваков тип на теста ми се омилени, затоа и често ги користам и комбинирам.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:08
    Чоколадни новогодишни колачиња

    https://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow -

    Состојки
    3/4 чаша путер (250 мл)
    1 чаша шеќер
    1 јајце
    1 и 3/4 чаша брашно
    1/2 чаша какао
    1/2 лажиче цимет
    1/2 лажиче ѓумбир во прав
    1/3 лажшче каранфилче
    1/4 лажиче сол
    1/4 лажиче сода


    Колачиња со новогодишен вкус и изглед.
    Ставете ги сите состојки во една вангла и малку измесете ја смесата, колку да се поврзат сите состојки.
    Ставете ја смесата во фрижидер, на половина час.
    Извадете ја и од неа правете топчиња кои ќе ги наредете на покриен плех со хартија за печење. Одозгора притиснете ги со ракиена чаша.
    Ставете ги да се печат на 180 степени десетина минути.
    Украсете ги со бело и млечно чоколадо и наросете ги со кршени бонбони.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:09
    Грицки со кикирики

    Грицки со кикирики

    Состојки
    За тесто
    500 гр. просеано бело брашно
    1 пециво
    1 кафено лажиче сол
    100 гр. сецкани кикирики
    1 јајце
    2 жолчки
    5 лажици ладна вода
    250 гр. маргарин
    За премачкување
    1 благо разматена белка


    Во длабок сад се мешаат сите суви состојки за тесто. Се прави вдлабнатинка, се додаваат јајцето и жолчките, водата и омекнатиот маргарин, исечен на парчиња. Се замесува убаво мазно, сјајно тесто. Се остава да одмори 10-15 мин.. Потоа се отвора кора со дебелина од околу 0,5 см. и со калапи се вадат форми. Се ставаат во намрсен пех. Се премачкуваат со белка.Можи и некое зрно ким да им се стави. Се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени и се печат додека убаво поруменат околу 15-20 мин., зависно од рерната. На здравје!




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Декември.2017 во 20:16
    Рецепти за Новогодишни колачи

    Потребно е (за околу 40 кекси):
    1 јајце
    750 гр. брашно
    230 мл. меласа (може да ставите и мед)
    220 гр. жолт шеќер
    200 гр. путер
    120 мл. вода
    1 прашок за пециво
    1 лажичка мелен ѓумбир
    1/2 лажичка мелен цимет
    1/2 лажичка рендано мускатно оревче
    1/4 лажичка мелено каранфилче
    неколку капки арома од ванила

    За украсување

    2 белки
    250 гр. шеќер во прав
    сок од половина лимон
    прехранбена боја


    Подготовка:
    1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.
    2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).
    3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.
    4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.
    5. Пред украсување треба добро да се изладат.

    Украсување:
    Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.
     


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 11:45

    Божиќни чоколадни колачи

    Имате ли совршен рецепт за божиќни колачи, коj никој друг го нема и е Ваша мала тајна? Ако се уште не сте пронашле таков, ние ви нудиме еден рецепт за колачи кои ако ги направите еднаш – ќе ги правите постојано. Овие колачи ќе бидат вашето божиќно кулинарско чудо, за кое ви се потребни следниве состојки:

    • 115 гр путер
    • 2 лажички полумасен намаз од сирење
    • 150 гр кафеав шеќер
    • 50 гр бел шеќер
    • 2 мали јајца или 1 големо јајце
    • 2 лажици екстракт од ванила
    • 280 гр брашно
    • 2 лажици густин
    • 1 лажица прашок за пециво
    • 2 и ¼ чаша ситно исечкано темно чоколадо или чоколадо за готвење
    • сол

    Начин на подготовка:

    Со миксер изматете ги путерот, намазот од сирење, шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила. Додавајте една по една состојка и мешајте на средна брзина, додека смесата не добие светла боја (околу 5 минути мешање). Со нежно мешање, додавајте ги брашното со густинот, прашакот за пециво и сол, и мешајте се’ заедно околу 2 минути. На крајот рачно измешајте ја смесата, додавајќи го ситно исечканото чоколадо. Со помош на лажица или мала лажица за сладолед, од смесата направете облик на колачи и наредете ги на послужавник. Потрудете се сите да се со иста големина, и од оваа смеса треба да добиете околу 28 колачи. Ставете ги колачите во фрижидер да се изладат околу 2 часа. После 2 часа, загрејте ја рерната на околу 180 степени и печете ги колачите околу 8-9 минути, но никако не смеете да ги печете повеќе од 10 минути. Откога ќе ги испечете, оставете ги малку да се оладат, за да се зацврстат, околу 5 минути. Колачите можете да ги чувате на собна температура една недела.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 11:48
    Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

    Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

    Ви нудиме рецепт за божиќни ѕвезди со цимет:

    СОСТОЈКИ:

    • 3 белки
    • 250 гр шеќер во прав
    • 1 ванилин шеќер
    • 1 лажица цимет
    • 400 гр мелени лешници

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    1. Белките се матат во цврст снег, а малку по малку се додава и шеќерот во прав.
    2. Од смесата одвојте две лажици за премакување, а останатата смеса матете ја додавајќи ги ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 гр лешници.
    3. Месете ја смесата со рака додавајќи ги и останатите лешници.
    4. Ставете шеќер во прав на површината и направете тесто. Со калапи за ѕвезди вадете ѕвездички од тестото.
    5. Ставете ги на тепсија со хартија за печење и премачкајте ги со белките кои ги одвоивме.
    6. Печете 25 минути на 140 степени.
    7. Откако ќе се оладат ставете ги и чувајте ги пред послужување во лимена кутија.
    8. Совет: За да немате проблем со лепење на калапите, по секоја извадена ѕвездичка, ставете го калапот во вода.


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 12:05

    Шарени божиќни колачиња


    Во пресрет на празничната сезона, во презентираме лесни божиќни колачиња, шарени и шеќерни што сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието.

    Ако немате многу време, или сте можеби малку мрзеливи за готвење, а сепак сакате да направите нешто благо, ова е вистинскиот рецепт.

    Потребни состојки:

    2 ¾ шолји брашно

    1 лажичка сода

    ½ лажичка прашок за пециво

    ¾ чиста сол

    225 грама стопен путер

    1 ½ шолја бел шеќер

    1 големо јајце

    1 лажичка екстракт од ванила

    3 до 4 лажици матеница (обезмастено млеко),

    За декорација:

    Неколку лажици матеница

    Трошки или шеќер во боја

     

    Подготовка:

    1.Загрејте ја рерната на 180 степени

    2.Во мал сад помешајте ги брашното, содата, прашокот за пециво и солта

    3.Во поглем сад, помешајте ги путерот и шеќерот додека смесата не стане лесна и воздушеста. Додајте го јајцето и ванилата и промешајте, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки и истовремено мешајте со миксер. На крајот, додајте го обезмастеното млеко додека смесата не стане мека, но не и водена.

    4. Со лажичка земајте од тестото и формирајте топченца кои ќе ги ставате во плек на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Оставете простор помеѓу топченцата, затоа што со текот на печењето ќе се рашират. Откако ќе ги наредите, со четка премачајте го секое колаче со обезмастено млеко и израмнете ги малку врвовите, па потоа додајте ги трошките или шеќерот во боја.

    5. Печете 8 до 10 минути или додека колачињата не добијат златна нијанса. Исклучете ја рерната, а колачињата оставете ги уште две минути внатре, пред да ги извадите.

    6. Послужете со млеко, чај, какао, топло чоколадо или што и да ви е вкусно.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 12:14

    Рецепт за божиќни медени колачиња

    Брзо и вкусно

    Состојки:


    500g мазно брашно
    280g шеќер во прав
    4 јајца
    4 лажици мед
    Малку мелен цимет
    мелено каранфилче
    Кора од лимон
    1 лажица сода бикарбона или прашок за пециво

    Подготовка:

    Брашното измешајте го со шеќерот, содата, циметот, кората од лимон и меленото каранфилче, потоа додајте ги јајцата и загреаниот мед. Направете тесто и оставете го да мирува 2 часа. После тоа на површина попрскана со брашно растегнете го на дебелина од 5 милиметри. Со помош на калапчиња направете ги вашите омилени фигури и поредете ги на масна тепсија. Така нека останат до следниот ден. Потоа следниот ден пред печење премачкајте ги со јајце, а во средината ставете бадем или орев за декорација. Печете во загреана рерна на 180 степени, а доколку сакате да бидат светли, премачкајте ги со јајце дури откако ќе се испечат.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 12:17
    Божиќни колачи

    Состојки:

    200 г маргарин за колачи
    200 г јаворов сируп (може и мед)
    280 г шеќер 
    150 мл хопла
    1 лажица мелен цимет
    1 лажица мелен ѓумбир
    1/2 лажица мелен каранфил
    1 лажица бикарбонат
    600 грам брашно
    и брашно за размесување.


    Подготовка:

    1. Маргаринот се топи во тенџере на рингла. Од кога ке се стопи му се додава шеќер и сирупот . Се меса убаво, се истура во сад. Се остава малку да се олади.
    2. Се додаваат зачините и хоплата и се меша со дрвена лажица. Се додаваат бикарбонат и брашното, се меша. Се покрива со фолија и се oстава во фрижидер една ноќ.
    3. Следниот ден се сука тестото и се прават форми со модли .
    Се пече на 200 степени од 5 до 7 минути



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 12:39

    Божиќен колач


    Божиќен колач

    Како што се наближуваат Божиќните и Новогодишните празници, така и рецептите стануваат се поактуелни. 
    Жените во потрага по нешто ново, нешто што до сега не е пробано и подготвено трошат многу време. Разгледуваат, читаат и пречитуваат секакви рецепти, се консултираат со своите пријателки и си разменуваат искуства, а се со цел овогодинешните празници нивната трпеза да биде поинаква и побогата од претходната година.

    За да ви излеземе во пресрет и да ви помогнеме да донесете правилна одлука, ви го претставуваме нашиот, веќе неколку пати до сега испробан и докажан рецепт за Божиќен колач.

    Верувајте дека овој рецепт ќе ја збогати сечија трпеза и ќе ги задоволи сите вкусови, бидејќи неговиот посебен празничен вкус никого нема да остави рамнодушен и сите ќе посакаат да изедат парче повеќе.

    Состојки:
    400 гр. брашно
    1 прашок за печиво
    1 ванилин шеќер
    100 гр. шеќер
    малку сол
    ½ лажиче цимет
    ½ лажиче мелено каранфилче
    250 гр. суви смокви
    250 гр. урми
    250 гр. суви сливи
    рендана кора од 1 лимон
    рендана кора од 1 портокал
    150 гр. сечкани лешници
    150 гр. сечкани бадеми
    150 гр. сечкани ореви
    150 гр. суво грозје
    150 гр. стопен путер
    6 лажици млеко
    5 лажици цеден сок од 1 лимов
    5 лажици цеден сок од 1 портокал
    1 лажица рум
    1 јајце

    Подготовка:
    Во поголем длабок сад најпрво се става брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, шеќерот, солта, циметот и каранфилчето и смесата убаво се меша. Во неа се додаваат сечканите смокви кои за да не ви се лепат додека ги сечкате убаво треба да се испрпелкаат во брашно, сечканите урми, суви сливи, кората од лимон и од портокал, сечканите лешници, бадеми, ореви и суво грозје и повторно смесата убаво се меша. Добиената смеса се замесува со стопениот путер и со млекото, сокот од лимонот и портокалот, румот и јајцето.
    Добиеното тесто се меси убаво со раце и треба да е потврдо. 
    Тестото се става во куглоф претходно убаво премачкан со маргарин, но можи и да се стави во правоаголна тава, исто претходно намачкана со маргарин. 
    Се печи 1 или 1 и ½ час на 180°Ц во претходно загреана рерна. 
    Откако ќе се испечи се сечи на парчиња и се посипува со шеќер во прав.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 15:16

    http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/55183-top-3-blagi-recepti-so-novogodisen-praznicen-izgled" rel="nofollow - - Топ 3 благи рецепти со новогодишен празничен изглед

    Време за празнување, време за јадење. Декември и јануари се месеците кога најчесто вагата покажува неколку килограми плус, поради сите вкусни јадења.

    Top-3-soleni-i-blagi-recepti-so-novogodisen-izgled-01.jpg

    Пред вас се рецептите за три слатки празнични деликатеси за новогодишно-божиќната сезонa, за сечиј вкус.

    Корисен совет: Нека готовото лиснато тесто ви стане најдобриот сојузник во кујната.

    Засукајте ги ракавите и фрлете се на готвење:

    Лисната чоколадна елка

    Подготовката е толку лесна и едноставна, што ќе посакате да направите минимум 3 чоколадни елки.

    Потребно ви е:

    • 250 gr млечно чоколадо
    • 1 кружно лиснато тесто

    Подготовка:

    Чоколадото нека ви биде подготвено на коцки.

    Со него формирајте триаголник-елка врз лиснатото тесто.

    Исечете го тестото на ленти како во видеото и внимателно затворете го чоколадото со тестото со помош на цик-цак движења, формирајќи форма на елка.

    Премачкајте со матена жолчка и додадете сечкани бадеми.

    Печете на 190˚C околу 30 минути.

    Декорирајте со шарени мрвички или пак шеќер во прав, по желба.

    https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FCucinaFanpage.it%2Fvideos%2F2032787706991414%2F&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=false&width=630" rel="nofollow -

    - Се добиваат вкупно 16 слатки меки колачиња во форма на елкички. Подеднакво вкусни и декоративни, секоја од нив содржи по 257 калории, па внимавајте да не претерате со јадењето, иако тоа е прилично тешка задача.

    - - -

      - - - - - - - - - - - Подготовка:

      - Во подлабок сад ставете ги путерот и чоколадото. Во микробранова печка или на тивок оган оставете добро да се стопат додека не се соединат во еднолична смеса.

      - Додадете го екстрактот од ванила. На крајот додадете ја солта и брашното.

      - По печењето оставете ја смесата добро да се олади. Пожелно е да ја ставите и во замрзнувач околу 30 минути за полесно сечење на елкичките.

      - Декорирајте со зелениот шлаг со помош на шприц или вреќичка за шлаг и посипете со шарени мрвички, ѕвездички или светки по желба.

      https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdinneratthezoo%2Fvideos%2F814123362081773%2F&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=false&width=630" rel="nofollow -

      - Одлични за појадок со топло чајче или млекце, а децата ги обожуваат. Слободно може да ги комбинирате со мед, мармалад или крем.

      - -

    • - 500 gr брашно
    • - 200 gr путер
    • - 200 gr шеќер
    • - 2 јајца
    • - Прстофат сол

    - - Образувајте тесто од сите гореспоменати состојки и поделете го на два дела. Едниот оставете го бел, а во другиот додадете какао за да се обои потемно. Доколку имате желба, во едната половина може да додадете и друга прехранбена боја (црвена или зелена) според вкусот.

    - Оставете ги во фрижидерот да одморат околу 20 минути пред печењето.

    https://www.facebook.com/CucinaFanpage.it/videos/2031022913834560/" rel="nofollow -

    https://www.facebook.com/CucinaFanpage.it/videos/2031022913834560/" rel="nofollow -

    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 21:02
    Новогодишни елки

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B8-2" rel="nofollow - - Новогодишни елки


    Состојки
    100 гр бело чоколадо
    2-3 лажички масло
    малку зелена прехрамбена боја
    15 гр експандиран интегрален ориз
    малку арома прав од ѓумбир и портокал
    по потреба шеќерни ѕвездички или топчиња во боја
    хатија за печење, ножици и проѕирно лепило
    Овие елкички ќе ви ја разубават пред се новогодишната трпеза, но и убаво ќе ве засладат. Откако малку ќе отстојат не можите да престаните да јадите од нив.
    
    Најпрво треба да спремите фишеци од хартијата. Од големината на фишеците зависи и големината на елките кои ќе ги добиете. Можи да направите помали или поголеми. Јас исеков одприлика квадрати од 25 см, т.е. од ролната хартија исеков отприлика 25 см должински, па ја преполовив после во должина и ја секов на пола.
    За поавтентично, можи да исечите кругови кои после ќе ги исечите на половина и од секој ќе завиткате фишек кој одозгора ќе добие рамна површина како конус. Мене краевите кои стрчеа ми се најдоја убаво да ги достегам, и со нив завиткам.
    
    Од секој сечен квадрат завиткајте фишек и гледајте да е колку што можи поширок. Крајот залепете го со проѕирно лепило.
    
    Стопете го чоколадото со маслото. Јас го топев во микробрановата на 2 пати по 30 секунди. Потоа во него измешајте зелена прехрамбена боја. Убаво е таа да е течна, но ако користите во прав како мене, растворете ја во неколку капки вода и аромата портокал-ѓумбир.
    Додајте ги оризовите снегулки и убаво и рамномерно измешајте.
    Можеби има разлика дали ќе се користи течна боја или боја во прав. Кај мене влегоја многу помалку снегулки во грамови од изворниот рецепт, така да можеби и изборот на чоколадо има улога, па доколку сметате дека можи да одат уште снегулки, придодадете. Битното е секоја да ја фати околу со чоколадо.
    
    Секој фишек полнете го со помош на мала лажичка и набивајте ја смесата со него за да не остануваат празнини. Последниот дел добро израмнете го, тој ќе е основата на која ќе стојат елкичките.
    
    Оставете ги во фрижидер 15на минути убаво да се стегнат, па потоа внимателно извадете ги од фишеците.
    
    Украсете ги со перли, топчиња кои ќе изгледаат како лампиони или шеќерни ѕвездички, одозгора наросете шеќер во прав (јас ставив кокос) да изгледа како снег, послужете и уживајте во пофалбите.





    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 21:04
    Новогодишни свеќички

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8" rel="nofollow - - Новогодишни свеќички


    Состојки
    3 јајца
    300 гр шеќер
    120 гр маргарин
    350 гр мелени бисквити
    100 гр потпечен сусам
    2 пакетчиња ванилин шеќер
    2 раце толчени потпечени кикиритки (несолени)
    2 лажици какао (за половината од смесата)
    За декорација
    50 гр бело чоколадо
    100-тина половинки од кикиритка

    1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилите и во нив се додава маргаринот и се убаво се мати за да се соедини
    2. Се додаваат бисквитите, сусамот и кикиритките и се се меси со рака
    3. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото
    4. Се прават конусни формички
    5. На секоја свеќичка се става по малку растопено чоколадо и по една половинка од кикиритка (како мало пламенче од огинче)





    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 21:06
    Новогодишни ѕвездички

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8" rel="nofollow - - Новогодишни ѕвездички


    Состојки
    300 гр брашно
    2 жолчки
    240 гр маргарин
    100 гр шеќер во прав
    100 гр мелени ореви
    1 кора од лимон рендана
    1 ванила
    1 пециво
    1 бело чоколадо за готвење
    по желба/потреба прехрамбени бои и светки
    Дополнителни фотографи

    1. Во длабок сад ги замесуваме сите состојки кои ги набројавме почнувајќи од жолчките, маргаринот па брашното....па потоа и останатите...оревите, шеќерот во прав, кората од лимонот, ванилата и пецивото.
    2. Убаво месиме се додека тестото не се двои од раката.
    Да напоменам дека во мојот ми отиде малку повеќе брашно од наведените 300 грама, зашто тестото ми лепеше.
    3. Тестото го развлекуваме во кора со дебелина околу 5 мм и со калапчиња во вид на ѕвезда во мојот случај вадиме ѕвездички и ги редиме во намрсен плех.
    4. Веднаш печеме во рерна на температура од 170 степени. Печеме околу 10 минути колку да се добие златна боја на колачињата.
    5. Ги чекаме да се поизладат и ги преливаме со глазурата.
    
    Глазура
    1 бело чоколадо за готвење се става во сад на пареа да се растопи потоа со лажиче додаваме на колачето и го размачкуваме по површината. За да бидат во различна боја додаваме прехрамбени бои по желба. Наросуваме светки. Имаме готови ногодишни колачиња кои на дечињата ќе им значат многу на новогодишната трпеза.
    На здравје.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 21:09
    Новогодишни ванилици

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8" rel="nofollow - - Новогодишни ванилици


    Состојки
    250 гр. маргарин (може и сало)
    4 лажици шеќер
    1 јајце
    1 пециво
    100 гр. кокос
    1 ванилин шеќер
    брашно по потреба

    1. Маргаринот се замесува со 4 лажици шеќер со рака и се додаваат јајцето, пецивото, кокосот, ванилиниот шеќер и се става брашно по потреба постепено, додека да се добие смеса која не лепи.
    2. Од топлината на рацете при месењето ќе се добие глатка смеса од која со дебело сукало се развлекува кора дебела 0,5 см, па со калапче се вадат елки.
    3. Се печат на 200 степени 15-20 минути.
    И толку! Ништо комплицирано!
    Кога ќе изладат се украсуваат со чоколадо, светкав прав (зелен) или каков сакате, украси по желба, или може едноставно да ги избрбелате во шеќер во прав.
    Кога немам многу време директно од калап за тулумби правам цветови или долги форми.
    Вака како елки едвај останаа за сликање.
    Пријатно!





    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 22.Декември.2017 во 22:13

    Новогодишни бисквити

    http://3.bp.blogspot.com/-X7h9G9U73Xg/Tvx7tVKG_XI/AAAAAAAAAMk/VJkDsu9T60Q/s1600/IMG_1623.JPG" rel="nofollow">
    Нема куќа во која за време на новогодишните и божиќните празници нема барем едно место во дневната соба во кое постојано има нешто слатко на дофат на рака.


    За оние кои сакаат слатките задоволства да ги направат сами дома, следат неколку идеи за вкусни бисквити и интересни новогодишни декорации.







    Бисквитите можете да ги направите според било кој рецепт, но доколку немате ваш испробан рецепт, откако ќе го пробате овој, нема веќе никогаш да посакате да пробате друг (освен можеби нашиот рецепт за gingercookies кој наскоро ќе го споделиме со вас)

    -500 гр брашно тип 400. Идеално би било да употребите 350 гр брашно и 150 гр скроб (од компири или пченкарен) кој ги чини бисквитите особено меки, но не е задолжително.
    -120 гр шеќер во прав
    -16 гр прашок за пециво
    -250 гр путер
    -1 јајце
    -арома на ванила

    -За бисквити од какао, заменете 50 гр од брашното со 50 гр какао


    Процедурата за мешање на состојките е идентична како онаа што ја опишавме во рецептот за  http://biberivanila.blogspot.com/2011/12/pasta-frolla.html" rel="nofollow - крцкаво тесто .

    http://1.bp.blogspot.com/-HGnjo2Nhfkc/Tvx-kwxGtiI/AAAAAAAAANk/r__omBsXWQc/s1600/IMG_2983+brasno+i+puter+vo+mikser.JPG" rel="nofollow">
    Путерот кој сте го оставиле половина час на собна температура исечете го на коцки и измешајте го со брашното и прашокот за пециво (и какаото, доколку го користите). Можете да употребите миксер со спирални перки. Треба да добиете мешавина која потсеќа на мокар песок. Потоа додајте го шеќерот и на крај аромата и јајцето.



    http://4.bp.blogspot.com/-TH8T5LTt7xA/Tvx9MWH_i7I/AAAAAAAAAM4/U3aAO-VUZJ4/s1600/IMG_2986+suva+smesa+vo+mikser+pred+jajceto.JPG" rel="nofollow">
    Кога ќе го измешате јајцето ќе имате впечаток дека смесата е премногу сува, но немојте да додавате никаква течност или друго јајце. Едноставно истурете ја смесата на работната површина и почнете да ја собирате со рацете. По кратко време таа ќе стане покомпактна и ќе успеете да ја соберете во топка која ќе ја обвиткате во пластична фолија и ќе ја оставите во фрижидер најмалку еден  час (најмногу 4-5 дена).
    http://3.bp.blogspot.com/-ZoJxU-ztduA/Tvx9d9jIvII/AAAAAAAAANY/JaT0HJVrq-8/s1600/testo+i+sukalo1.JPG" rel="nofollow">
    Земете дел од ладната смеса и кратко месете ja со рацете да омекне, да стане лесна за обликување. Но внимавајте да не ја загреете смесата, таа треба да биде ладна. Со сукало извлечете кора дебела околу 4мм. Доколку немате калапчиња со интересни форми, употребете чаша за тркалезни бисквити: новогодишниот дух ќе го додадеме подоцна, со декорациите.

    http://4.bp.blogspot.com/-f5vD9PoVfgE/Tvx-8cKv5aI/AAAAAAAAANw/itreBdlxpOA/s1600/IMG_2992+keksi+na+pleh.JPG" rel="nofollow"> Наредете ги така исечените бисквити на хартија за печење и печете ги 10-12 минути на 180 степени. Не чекајте да заруменат, иако се сеуште многу светли, тие ќе бидат добро испечени по 12 минути. Ако ги печете некоја минута повеќе од потребното ќе бидат вкусни но малку потврди.

    Сега откако знаете како да подготвите тесто за вкусни бисквити, можеме да се посветиме на  http://biberivanila.blogspot.com/2011/12/blog-post_29.html" rel="nofollow - идеите за декорирање .


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 22.Декември.2017 во 22:15

    Gingerbread cookies или зачинети кекси


    http://1.bp.blogspot.com/-vvz-gRFZH68/Tv7Uif3zIaI/AAAAAAAAAu8/AT5kKoM-BUc/s1600/DSC_0010.JPG" rel="nofollow">


    Вкусни колачиња кои со интензивниот мирис асоцираат на зима и празници .... Можат да се направат неколку дена порано и стојат долго.




    Состојки:
    http://3.bp.blogspot.com/-0V-1jmLm67Y/Tv8AdHuYTYI/AAAAAAAAAwA/TUf2RtYeM4A/s1600/DSC_0001.JPG" rel="nofollow">
    - 300 гр брашно
    - 100 гр путер или маргарин
    - 1/2 кесичка прашок за пециво
    - 5 лажици шекер
    - малку сол
    - ванилин шекер
    - 20 гр какао
    - 2 лажици мед
    - 1 јајце
    - по 1/2 лажичка мелен ѓумбир, каранфилче, цимет и морско оревче
    - рендана кора од лимон

    Како и за претходното тесто за бисквити, и тука е многу важно тестото при месење да не се затопли многу. Прво ги ставаме сувите состојки - брашно, прашок за пециво, какао, шекер, сол и сите зачини. Не се плашите да додадете и повеке зачини, овие колачиња треба силно да мирисаат и вкусот да им биде појак од вообичаените кекси.


    http://4.bp.blogspot.com/-dJ_9clAyHDg/Tv8O3_rhcVI/AAAAAAAAAw8/a8U_H7rz0kA/s1600/DSC_0002.JPG" rel="nofollow"> Потоа се додава путерот кој не треба да биде стопен туку само исечен на тенки листови. Кога путерот убаво ке се измеша со сувите состојки, се добива зрнесто тесто.

    http://4.bp.blogspot.com/-HcYeXw73aDE/Tv8fXQGIyBI/AAAAAAAAAxo/Uyn_ws9ZkW4/s1600/DSC_0003.JPG" rel="nofollow"> Можете да го мешате со миксер или со раце. Се додава медот и јајцето и се замесува тесто што нема да биде мазно и компактно, ке изгледа вака.


    Тестото се витка во фолија и се остава во фрижидер неколку часа. Може да се чува во фрижидер до 5 дена и да се вади количина по потреба, не мора да се искористи одеднаш.


    http://4.bp.blogspot.com/-7aemFs--NNQ/Tv8fbtxrVUI/AAAAAAAAAxw/_-tP1YpiKuQ/s1600/DSC_0004.JPG" rel="nofollow">
    http://1.bp.blogspot.com/-iP7ueIkQBI0/Twei8ONPK4I/AAAAAAAAAyU/FYoKF9l0q2Q/s1600/P1100803.JPG" rel="nofollow">
    Кога ке решите да ги печете колачите, се зема еден дел од тестото и со сукало се шири на околу 3 мм дебелина. Со калупи се вадат форми какви сакате и се ставаат да се печат во плех обложен со хартија за печење.

    Јас имав специјални модли за правење на новогодишни елки, ама за кекси можете да користите било која форма.

    http://3.bp.blogspot.com/-rYB6qFtu6lU/Twei98wIPkI/AAAAAAAAAyc/SI55aFJzeBw/s1600/P1100806.JPG" rel="nofollow">
    http://2.bp.blogspot.com/-sV8f2wp6NXc/Tv8ffv1IdgI/AAAAAAAAAx4/W-41xm4sejM/s1600/DSC_0006.JPG" rel="nofollow">
    Се печат 10-12 мин на 190°C. 

    Кога ке се извадат од рерна, сеуште се меки, кога ке се оладат стануваат тврди и крцкави
    http://3.bp.blogspot.com/-FtrzocyXX6w/Tv8fjv_aETI/AAAAAAAAAyA/MBWQDySvfG8/s1600/DSC_0009.JPG" rel="nofollow">
    Кога кексите сосема ке се оладат, по желба се украсуваат со глазура која се прави од една белка измешана со 100 гр шекер во прав и сок од пола лимон. Глазурата се мати со миксер додека не стане густа и сјајна. Се става во кеса за шприц, оваа е само малку исечена на врвот за да може прецизно да се црта со глазурата по колачите.
    http://3.bp.blogspot.com/-LAaXGHJeeOk/Tv8gj77OU6I/AAAAAAAAAyI/az4NGtStOUg/s1600/DSC_0010.JPG" rel="nofollow">


    Глазурата се суши 1 час.

    Со калупчињата за елки и со глазура е направена оваа елка.
    http://4.bp.blogspot.com/-bvsn2bU7-f4/TwejAu2fArI/AAAAAAAAAyk/8CQ-p9_weQI/s1600/P1100809.JPG" rel="nofollow">


     Ако не сакате глазура, можете додека се печат да ги посипате со малку шекер кој од топлината ке се залепи за кексот, па ке му даде малку "свечен" изглед.
    Ако се чуваат во метална кутија за кекси, долго време ке бидат тврди и свежи.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:35
    Божиќна торта (Божиќен календар 29)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80-29" rel="nofollow -

    Состојки
    100 гр. сушени смокви
    100 гр. урми
    100 гр. сушени кајсии
    100 гр. сушени сливи
    100 гр. сушено бело грозје
    100 гр. сушено црно грозје
    100 гр. сушени цреши
    100 гр. сушена црвена боровинка
    Сок од 1 портокал
    150 мл. бренди или темен рум
    Кандирана кора од 1 портокал, 1/2 лимон и 1 лимета
    70-80 гр. кандирани цреши
    4-5 смокви од слатко од диви смокви
    60-70 гр. лупени бадеми
    230-250 гр. брашно
    4 јајца
    150 гр. темен мусковадо шеќер
    200 гр. путер

    1. Сувото овошје се сечка на ситно, се додава 100 мл. бренди или рум и сокот од портокал и се остава за 24 часа (најмалку 12 часа).
    
    Продуктите треба да се на собна температура.
    1. Во еден сад се става путерот и шеќерот и се мати да се соедини.
    2. На путерот му се додаваат јајцата едно по едно и се мати да се соедини.
    3. На смесата со путерот се додава брашното и се мати колку да се соедини.
    4. Бадемите се потпекуваат малку во рерна.
    5. Во смесата се ставаат овошјето и бадемите и се меша со лажица или шпатула да се соедини.
    6. Смесата се префрла во модла со високи ѕидови или тенџерче (без пластика по него) со дијаметар 20-22 сантиметри на 2-3 пати, за да може убаво да се распредели. Во садот каде што се печи се става хартија за печење најпрво од страните, а потоа и во центарот (на сликата е покажано). По ѕидовите е убаво хартијата да е 2 слоја затоа што тортата се печи многу долго и може да изгори, исто така хартијата треба да излегува 2-3 сантиметри над работ на садот.
    7. Тортата се печи на 140-150 степени најмалку 3 часа, на третиот час се пробува со чепкалка дали е готово, се печи уште колку е потребно, ако е потребно се става хартија за печење и одозгора (ако тортата многу потемнува).
    8. Откако е готова тортата се вади од рерна и се остава да се поолади во модлата 20-30 минути, потоа се вади на решетка да се доолади, но се завиткува во најлонче (без да се допира до тортата), при што треба да се направат отвори на најлончето за тортата да може да диши, но не да се исуши.
    9. Откако ќе се олади целосно тортата се прават дупчиња и со лажица се залива со останатиот алхохол.
    10. Тортата се завиткува убаво во фолија и се остава на ладно, но не во фрижидер, за да не се исуши (треба да се остави да стои 3-4 седмици) затоа сега е идеалниот момент да се направи.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:39
    Англиски божиќен пудинг (Божиќен календар 25)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5" rel="nofollow - - Англиски божиќен пудинг (Божиќен календар 25)


    Состојки
    70 гр. темно суво грозје
    70 гр. светло суво грозје
    30 гр. сушени цреши
    30 гр. сушени сливи
    30 гр. сушени смокви
    30 гр. сушени урми
    30 гр. сушени кајсии
    30 гр. кандирани цреши
    100 мл. бренди
    50 гр. ореви
    Кора на 1 лимон, 1 портокал и 1 мандарина
    1 мала лажица цимет
    2-3 мелени каранфилчиња
    Малку рендано мускатно оревче
    1/5 мала лажица анасон
    55 гр. трошки од бел леб
    100 гр. мусковадо шеќер
    1 голема лажица меласа (може и мед)
    1 голема лажица брашно
    На врв на мала лажица пециво
    1 мало јаболко
    1 големо јајце
    55 гр. путер
    20 гр. путер за премачкување на садот за печење

    1. Сувото овошје се сечка и се залива со бренди и се остава за 24 часа.
    2. На готовото суво овошје му се додаваат ренданото јаболко, кандираните цреши кора од портокал, лимон и мандарина и се промешува.
    3. Во садот со овошјето се додаваат и останатите состојки (путерот се ренда).
    4. Целата смеса убаво се меша да се соедини.
    5. Англичаните имаат специјални садови за подготовка на пудингот, но може да се направи во порцелански сад со високи ѕидови (дозата е за сад што собира 700 мл). Ѕидовите се премачкуваат со путер и во основата му се поставува хартија за печење (мал круг само за основата на садот).
    6. Смесата се префрла во садот и се покрива со премачкана со путер хартија за печење.
    7. Врз хартијата се става фолија и се заврзува убаво (покажано е во сликите).
    8. Во сад на оган се става една чинија со дното нагоре и се додава вода да се загрее.
    9. Врз чинијата се става садот со пудингот.
    10. Се покрива со капак и се вари на пареа 4-5 часа на средна температура, водата не смее да покрива повеќе од 1/4 од садот во кој што е пудингот.
    11. Готовиот пудинг се остава да се олади целосно и се завиткува во фолија и се остава да зрее најмалку 3-4 седмици на ладно, но не во фрижидер.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:41
    Божиќни ароматични колачи-зимстерне


    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D0%B7%D0%B8%D0%BC%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5" rel="nofollow - Состојки 400 гр мелени бадеми 200 гр шеќер во прав 70 г белки 1 мала лажичка сок од лимон 1 рамна лажичка цимет 1 лажичка ѓумбир 1/2 лажичка каранфилче 1 прстофат сол 1/2 лажичка какао ројал ајсинг глазура 1 белка 150 гр шеќер во прав 3-4 капки лимонов сок

    Овие Божиќни ароматични колачи- зимстерне, се традиционални колачи за Божиќ во Германија. Многу се вкусни и меки, а и одлично се надополнуваат со шеќерната глазура.
    
    1. Во длабока здела ставете ги сувите состојки - бадемите, зачините и солта.
    2. Во друг сад ставете ги белките и матете ги со миксер. Додавајте шеќер во прав пополека и постојано матите. Потоа додадете и сок од лимон. Матете додека смесата не стане густа.
    3. Потоа кон белките додадете ги сувите состојки и мешајте со лажица, додека да добиете густо тесто. Ставете го тестото во фрижидер да се олади, околу половина час.
    4. Изладеното тесто ставете го на работната маса, каде ќе просеете предходно половина лажичка какао. Кратко размесете го тестото за да добиете мраморен ефект.
    5. Расукајте го тестото на работната површина и од него вадете форми по желба. *Зимстерине треба да се во форма на ѕвезди, но јас бидејќи немав таква форма, ги правев како елка, срце, цвет и мече.
    6. Наредите ги формите во тава за печење и печете ги на 150 степени околу 10тина мин. Оставете ги да се изладат.
    7. Подгответе ја глазурата едноставно со мешање на состојките. Со миксер изматете ја белката и постепено додавајте го шеќерот во прав. Додадете го и сокот од лимон и се убаво измиксајте, за да добиете густа бела смеса.
    Декорирајте ги по желба. Јас додадов и боја во мала количина од глазурата.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:44
    Божиќни украсни колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќни украсни колачи


    Состојки
    2 чаши брашно
    2 лажички прашок за печиво
    1/2 лажичка сол
    100 гр путер
    1 чаша шеќер во прав
    1 лажичка ванила екстракт
    1 јајце
    Декорација
    2 белки
    2 чаши шеќер во прав
    1 лажичка сок од цеден лимон
    1 лажичка зелена прехранбена боја

    1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса.
    
    2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко.
    
    3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап.
    
    4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени.
    
    5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица.
    
    6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба.
    
    * Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:46
    Божиќни кокос колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%81-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќни кокос колачи


    Состојки
    300гр брашно
    200гр маргарин
    100гр кокос
    1 јајце
    1 пециво
    1 ванила
    100гр чоколада за готвење
    50гр кокос или чоко трошки

    Се замесува тесто од брашното, маргаринот, 100гр кокос, пецивото, ванилата и јајцето и се остава да одмори во фрижидер 15 минути. Потоа се ваѓаат колачи низ машина за месо или со обични калапчиња за колачи. Се печат многу кратко 8-10 минути и готови се лепат со крем, а потоа се декорираат со чоколада и кокос или чоко трошки.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:47
    Мостачоли - ароматични Божиќни колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%87%D0%BE%D0%BB%D0%B8-%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow - - Мостачоли - ароматични Божиќни колачи


    Состојки
    400 гр брашно
    100 гр нишесте (густин)
    150 гр мелени бадеми
    120 гр мед
    150 гр шеќер
    100 мл масло
    120 мл сварено, цедено и оладено кафе
    30 гр какао
    1 ванилен шеќер
    рендана кора и малку сок од портокал
    1 лажиче цимет
    1/2 лажиче каранфилче
    малку рендано морско оревче
    неколку капки екстракт од рум
    1/2 (6 гр) прашак за пециво
    прстофат сол
    За глазура
    250 гр чоколадо за готвење
    3 лажици масло

    Овие ароматични колачи покриени со чоколадо и форма на ромб се традиционални Божиќни колачиња карактеристични за градот Наполи.
    Подготовка на колачите
    Во сад се ставаат сите состојки и се замесува тесто. Тестото треба да биде средно тврдо, затоа ако е потребно додајте вода за полесно да го измесите.
    Откако убаво ќе го измесите на набрашнета површина развлечите кора дебела околу 5-8 мм и исечете ја во ромбови.
    Ромбовите наредете ги во плех на хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени од 10 до 12 минути. Внимавајте на времето несмее да биде подолго бидејќи ќе се пресушат и многу ќе се тврди.
    Кога се печени оставете ги да оладат и покријте ги со глазура од чоколадо.
    Чокололадото со маслото стопете го над пареа и секое колаче одозгора покривајте го со чоколада. Оставете ги на хартија за печење да се стегне чоколадата.
    Чувајте ги затворени во лимена кутија
    Од оваа смеса направив околу 35 големки колачи. Бројот зависи колку големи ќе се исечат колачите.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 10:58
    Божиќен колач-куглоф

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D1%84" rel="nofollow - - Божиќен колач-куглоф


    Состојки
    3 јајца
    250 гр. путер
    1/2 лажичка сол
    30 мл. рум
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1/2 лажичка топла вода
    сок од 1/2 портокал (или сок од 1 лимон)
    200 гр. ореви (сечкани)
    50 гр. лешници (сечкани)
    200 гр. брусница
    50 гр. суво грозје
    180гр брашно
    200гр шеќер

    Прекрасен колач кој може да се направи пред неколку дена и спремно да чека да ја збогати Божиќната трпеза.
    
    1. Јајцата се делат жолчки од белки. Шеќерот се мати со путерот (стоен на собна температура) додека да се стопи шеќерот, се додаваат жолчките, солта и румот. Се изедначува убаво.
    2. Во поголем филџан се меша содата бикарбона и топлата вода, се додава сокот од портокал кој ќе создаде реакција, се меша и се додава во изматените жолчки.
    3. Постепено се додава брашното и се мати.
    4. Настрана се матат белките до цврст снег и заедно со оревите, лешниците, брусицата и сувото грозје се додаваат во претходната смеса. Се меша со шпатула додека да се изедачат сите состојки.
    5. Смесата се истура во намастениот со путер калап за куглоф.
    6. Се печи првин 10 минути во загреана рерна на 150 степени, а потоа уште 2 часа на 125 степени. За посигурно се проверува со чепкалка.
    7. Испечен колачот се остава 10-тина минути во калапот, а потоа се превртува во чинија, изладен се декорира со сребрени светки или по желба.
    
    Во оригиналниот рецепт се става сок од 1 лимон, но бидејќи мене не ми се допаѓа вкусот на лимонот во печени колачи, ставам сок од портокал кој ми е вкусен во се. Суво грозје треба да е 250 грама, но како јас ја обожавам брусницата, ја заменив за 200-те грама суво грозје.
    За многу години да е најрадосниот празник Божиќ !!!

    П



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 11:00
    Божиќни локум колачиња (посно)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Божиќни локум колачиња (посно)


    Состојки
    300 гр локум
    250 гр шеќер во прав
    250 гр мелени бисквити
    1-2 лажици вода
    зелена и црвена прехрамбена боја
    За бел прелив
    100 гр шеќер во прав
    3 лажици мед
    2 лажици вода или посно млеко во прав
    1 лажичка ванила екстракт

    300 гр локум
    250 гр шеќер во прав
    250 гр мелени бисквити
    1-2 лажици вода
    зелена и црвена прехрамбена боја
    За бел прелив
    100 гр шеќер во прав
    3 лажици мед
    2 лажици вода или посно млеко во прав
    1 лажичка ванила екстракт

    Во овој рецепт ќе ви покажам дека и посното може да е декоративно. Идејата произлезе од зададената тема, а јас ја вклучив и зелената боја бидејќи овие две бои се најзастапените за Божиќните празници и се вистински претставници на празничната радост што го обзема светот овие денови.
    
    Подготовка
    1. Локумот, шеќерот во прав, водата и мелените бисквити ги соединуваме со гмечење и месење.
    2. Потоа смесата ја делиме на два дела. Во едниот ставаме зелена боја растворена во неколку капки вода, а во другиот дел црвена.
    3. Потоа секоја половина ја делиме на две и ги расукуваме со помош на шеќер во прав и на најлонска фолија. Треба да ни бидат сосема тенки и да се потрудиме да ни бидат со приближна големина.
    4. Ги редиме наизменично зелена, црвена, зелена, црвена истенчена смеса. Целата новосоздадена површина ја делиме на две половини и едната ја ставаме врз другата. Нежно поминуваме со оклагијата да се спојат.
    5. Целиот колач го ставаме кратко на ладно, па му ги отсекуваме прво краевите кои ќе ни послужат за изработка на украсите врз колачињата т.е за црвените топчиња и ливчињата. На крајот сечеме парчиња по желба.
    6. За преливот ги мешаме сите состојки со лажица и од него ги прелеваме колачињата па ги редиме украсите.
    
    Забелешка
    Бисквитите ги мелев во нутрибулет и се направија да не речам како прашина, затоа и толку добро се измеси целата смеса, па не се ни приметува дека има бисквити во неа.
    Ако имате гел бои не треба да ги мешате со вода.
    Формата и висината на колачињава си ја изработувате по желба и вкус. Може да ви бидат само со четири реда, може да ги направите и како коцки оставам на вас да си ги правите како сакате или пак на мојот начин ако ви се допаѓа. Ама што се помали тоа подобро, ем повеќе ќе излезат за послужување, ама и дека се благички подобро е да се мали, можеби некој ќе сака да проба и некоја друга врста на колаче. Јас сакав да ми бидат како тортици па затоа ја направив оваа големина.
    Белиот прелив го ставив во кеса, отворив мало дупче на неа и фино го распоредував врз секое колаче посебно.
    За украсување на колачите можете да си одвоите и однапред од двете обоени смеси.
    Од оваа големина на колачиња излегуваат 12 парчиња.
    И нека не ве одвраќа должинава на пишуванкава за рецептот, јас само сакам детално да објаснувам, а ова е инаку многу едноставен рецепт.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 14:15
    Божиќен колач


    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87" rel="nofollow - - Божиќен колач


    Состојки
    450 гр кандирано овошје (цреши, смокви, вишни )
    230 гр кандирана кора од лимон и портокал
    150 гр суво грозје
    150 гр суви црни сливи
    150 гр суви рибизли
    150 гр свежи урми
    150 гр бадеми
    120 мл бренди
    60 гр брашно
    250 гр брашно
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1/2 лажичка сол
    1 лажичка цимет
    1 лажичка мелено каранфилче
    1 лажичка пимент
    225 гр путер на собна температура
    440 гр кафеав шекер
    6 јајца на собна температура
    180 мл темен мед
    180 мл сок од јаболко
    Користени Делимано произво

    Божиќ изгледа далеку, ама овој колач за да ја развие потполната арома и вкус и да созрее треба да отстои најмалку 6 недели. Затоа, сега е време да се направи.
    За Клара и ЛУДО, кои мислат дека досегашните мои рецепти се “со чекање“... Е не баш, овој е таков...
    
    Исецкајте го на коцки кандираното овошје, кандираната кора од агруми, урмите и црните сливи. Бадемите излупете ги и исецкајте ги на ливчина. Цело суво и кандирано овошје заедно со бадемите ставете го во еден поголем сад кој добро се затвара, прелијте со Бренди, добро измешајте, затворете и оставете го во фрижидер најмалку преку ноќ.
    На денот кога ке го подготвувате колачот обложете ги со хартија за печење дното и страните на округли калап број 24 или 26. Од страните хартијата нека е повисока за 2 - 3 цм од работ на калапот.
    Рерната загрејте ја на 135 Ц.
    Во смесата на суво и кандирано овошје додајте 60 гр брашно и измешајте.
    Во еден мал сад со жица измешајте го брашното со солта, содата и зачините. Оставете на страна.
    Измешајте го медот со сокот од јаболко. Оставете на страна.
    Во еден многу голем сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот, додајте го кафеавиот шеќер и повторно матете. Едно по едно додајте ги јајцата, добро матејки меѓу секое додавање. Продолжете да матите и наизменично додавајте ги брашното и сокот од јаболко, така да ќе почните и завршите со суви состојки. Јас сувите состојки ги додавам во три наврати, а водените во два. На крај со шпатула или со голема лажица измешајте го во смесата сувото овошје.
    Истурете ја смесата во калапот за печење, израмнете ја површината и печете го колачот 3 до 3 1/2 часа. Проверете со чепкалка.
    Оставете го колачот сосема да се излади. Прелијте го со 2 - 3 лажици Бренди, завиткајте го лабаво во хартија за печење, а потоа и во алуминиумска фолија. Ставете го во кутија која добро затвара и заборавете го до Нова Година или до Божиќ. Чувајте го на ладно, но не во фрижидер.
    
    Е, кога после ке го отворите ке ве награди со исклучителен вкус, текстура и арома.
    Ако сакате пред да го послужите можете да го обложите со марципан или со Ројал ајсинг.
    Овој колач кај мене е обавезен за празниците. Сите мои пријатели кога ми доагаат на гости очекуваат да ги послужам со него или барем да им испратам по едно парче.
    Годинава оваа количина ја печев во два калапи со пречник 16 цм и во 6 средни силиконски калапи за мафини. Сите поединечно ги завиткав и ги оставив да отстојат до празниците. Видот на суво и кандирано овошје можете да го менувате според ваша желба, тоа ќе ви даде и малку поинаков вкус на колачот, но запазете ја количината дадена во рецептот, 680 гр кандирано овошје и 600 гр суво овошје. Со годините мене оваа комбинација најмногу ми се бендиса. Наместо кандирано, можете да користите овошје од слатко, но најпрво добро нека се исцеди од сирупот.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 14:17
    Божиќен колач со вишни (посно)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow - Состојки Суви состојки 2 чаши брашно 2 чаши пченичен гриз 1 чаша шеќер 1 пециво плус 900гр вишни 2 ванили 1 чаша шеќер 170мл масло Чашата е од 200мл

    Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости. 
    Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата.
    Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот.
    На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин.
    Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни.
    Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 14:18
    Божиќен колач со урми

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D1%83%D1%80%D0%BC%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќен колач со урми

    Состојки
    2 чаши бело брашно
    1/2 чаша интегрално брашно
    30 парчиња свежи урми
    3 лажици мед
    50 грама суво грозје
    2 чаши оризово млеко или вода
    100 мл масло
    30 гр кокосово масло или путер
    2 лажички цејлонски цимет во прав
    1 лажица какао
    1 лажица сода бикарбона
    1 лажица прашок за пециво
    200 гр чоколадо со над 60% какао
    1 лажичка кокосово масло или путер
    1 лажица оризово млеко
    1 лажичка масло

    Двата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење. 
    Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит!




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:28
    Божиќен колач со суво и јаткасто овошје

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%BE-%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D1%98" rel="nofollow - Состојки 250 гр јаткасто овошје (орев, бадем, лешник по избор) 250 гр смокви 250 гр црно суво грозје 250 гр урми 3 јајца 100 гр шеќер 1 кора од портокал Декорација- бела чоколадна маса за декорирање и марципан

    Овој празничен Божиќен колач го немам спремано неколку години, иако предходно често се наоѓаше на Божиќната трпеза. Бидејќи овој колач е мрсен, затоа се спрема за Божиќ, а не за Бадник.
    
    1. Смоквите и урмите исецкајте ги на ситни коцки. Јас користев бадеми овојпат и ги исецкав на крупни парчиња во Делимано Кларити Про.
    2. Се матат 3 белки со 100 гр шеќер во густо шне. На крај од матењето се додава 1 жолчка, другите две ќе служат за премачкување на колачот.
    3. Се мешаат јајцата заедно со сувото овошје и бадемите и се додава кората од портокал. Ќе добиете убава густа смеса, која лесно се обликува.
    Смесата се дели на 3 ролати или во мојот случај ја поделив на две смеси и го распределив во калап за печење леб, одложен со хартија за печење.
    Одозгора се премачкуваат со жолчка.
    4. Се пече на 150 степени, околу 1час. Треба на тивко да се суши колачот и јајцата пополека термички да се обработат.
    5. Печениот колач се остава убаво да се излади и потоа се декорира. За декорација користев бела чоколадна маса за декорирање и марципан во боја.
    
    -----------------------------------------------------------------------------
    Јас не сум јас ако не го променам основниот рецепт. Кон горенапишаниот основен рецепт внесов промена при оваа подготовка. Експериментирав со рецептот, бидејќи многупати го имам подготвувано, па можев да си дозволам отстапки.
    Ставив 125 гр суво грозје и 125гр брусница. Сувите овошја ги потопив во 1 чашка рум и стоеа околу 15-20 мин. Исто така додадов и пола лажичка мускатво оревче и пола лажичка цимет. Сетоа ова дополнително го украси колачот и даде побогат вкус.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:30
    Божиќна торта со јаткасти плодови

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќна торта со јаткасти плодови


    Состојки
    за прва и втора кора по...
    3 јајца цели
    6 лажици шеќер
    3 лажици врела вода
    1/2 кесе печиво
    3 лажици брашно
    2 лажици мелени ореви
    2 лажици мелени лешници
    за третата кора...
    3 цели белки
    5 лажици шеќер
    1 лажица брашно
    2 лажици печени мелени ореви
    2 лажици печени мелени лешници
    за фил...
    1 пудинг нугат
    250 мл. млеко
    125 гр. путер
    4 лажици шеќер
    3 биени жолчки
    180мл. слатка павлака
    100гр. мелени ореви

    Тортата е празнична, едноставна и вкусна. 
    Печењето за сите 3 кори е во бр. 30 модла, најдолу под секоја кора користев хартија за печење.
    Подготовката на секоја кора е иста и вообичаена. Се бијат јајцата се додава шеќерот, врела вода, брашното помешано со печиво, ореви и лешници кои претходно е убаво да се потпечат ,,на суво,, над шпорет неколку минутки пред да се сомелат. 
    Секоја кора се печи на 200 во загреана рерна.
    За кората со белки не е потребно печиво. Се бијат белките со шеќер, се исклучва миксерот, се додаваат останатите состојки. Со дрвена лажица се меша и се тура над хартија, се печи исто.
    
    За филот, се бијат жолчките, се става на оган млекото, се додава прашокот за пудинг помешан претходно со малку од количината предвидено млеко. Се додаваат жолчките и на тивко се вари крем. 
    На страна се бие путерот,с е изедначуваат заедно со ладен пудинг.
    
    Во погоден сад на оган се ставаат јатки ореви или лешници зависи што ви е по вкус поубаво, да се потпечат на суво, притоа мешајќи. Ладни се мелат.
    
    Во трет сад се бие слатката павлака,се ддава од претходно подготвениот фил во биена сатка павлака, лажица по лажица и на крај се додаваат мелените ореви. На погодна подлога ставаме првата кора, фил, третата кора, фил најгоре втората кора. Се украсува по желба. На здравје.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:32
    Божиќна баклава

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0" rel="nofollow - - Божиќна баклава


    Состојки
    500гр кори за баклава
    400гр ораси
    5 лажици гриз
    250гр маргарин
    50 мл масло
    За шербет
    1 л вода
    1 кг шеќер
    1 ванилин шеќер
    1 лимон
    Користени Делимано произво

    Во тава се топи маргаринот и се додава маслото за готвење. Потоа се додава и гризот и се готви 3-4 мин.
    200гр ораси се сецкаат, 200гр се мелат.
    Се зема една кора и врз неа се пропрскува со смесата со гриз и масло. Потоа се ставаат мелените ораси низ цела кора, а на почетокот од кората се редат под линија сецканите ораси. Се зема мало стапче и кората се мора околу него во ролна. Почнувајќи од средината кон краевите се гужва и се става во тава за печење. Зависно од тоа колку кори имате, се распределува смесата и состојките и се редат во ред. Се сече на 4 дела и се става да се пече на 180 степени, половина час.
    Во меѓувреме се подготвува шербетот. На оган се става 1 литар вода и 1 килограм шеќер и се вари 5-6 мин, за да се згусне смесата.
    Врз испечената и оладена баклава, се става врелиот шербет и се остава да одстои неколку часа пред сервирање.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:35
    Медени колачиња - лампиони

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow - - Медени колачиња - лампиони


    Состојки
    Колачи
    125 гр путер
    100 гр шеќер
    125 гр мед
    100 мл млеко
    300 гр брашно
    1 лажичка мелен ѓумбир
    1 лажичка цимет
    1/2 лажичка каранфилче
    1 лажичка пециво
    прстофат сол
    За украсување
    1 белка
    200 гр прав шеќер
    1 лажичка сок од лимон

    1. Путерот се сече на коцки и се става во сад.
    2. Шеќерот, сирупот и млекото се загреваат да се растопат и се преливаат преку путерот
    3. Се меша се да се растопи и се остава да се подолади, не скроз туку да биде млако.
    4. Се додаваат сувите состојки, се замесува тесто и се става во фолија да одстои преку ноќ во фрижидер. Во моментот кога ќе го подготвувате тестото е меко, меѓутоа со стоењето во фрижидер ќе се стегне така да нема потреба да додавате дополнително брашно.
    5. Следниот ден тестото се вади од фрижидер и со помош на брашно се расукува тенко, се вадат форми и се печат отприлика 10мин на 175Ц
    6. Се оставаат убаво да се оладат па потоа се украсуваат по желба.
    7. Смесата за украсување се подготвува едноставно, се мешаат сите состојки за да се соединат.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:39
    Лешник колачиња – Лампиони (посно)


    https://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%E2%80%93-%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow - - Лешник колачиња – Лампиони (посно)


    Состојки
    2 чаши мелени овесни снегулки
    1 чаши мелени печени лешници
    1/2 чаша мелени сурови лешници
    1/2 чаша кафеав шеќер
    1/2 чаша вода
    1 ванилин шеќер со вкус на рум
    1/4 чаша мелена гранола
    1/2 лажичка рогач во прав
    1 лажичка мелен цимет
    1 лажичка мелен ѓумбир
    1/2 лажичка мелено каранфилче
    За чоколаден прелив
    100 гр чоколадо
    3 лажици масло
    1/4 лажичка чили во прав
    За украсување
    гоџи бобинки, шеќерни перли во разни бои и сл.

    Мирисни и вкусни колачиња кои не потсетија дека доаѓаат празници, ама и секој од нас сакаше да си ја присвои кутијата со колачињата. Добро бе, јадете сите колку ви се јаде, пак ќе направам, лесни се за правење!!!
    
    Подготовка
    На оган во тенџере ставаме вода и шеќерите. Кога ќе поврие кратко ја тргаме на страна и ги ставаме мелените овесни снегулки и мелените лешници, како и зачините. Формираме смеса. Ја ставаме помеѓу најлонска фолија, поминуваме преку неа со оклагија и вадиме кругчиња кои ги редиме на намрсено тавче или хартија за печење. Ги печеме т.е. сушиме на 100 степени во рерна со уклучен вентилатор 30 минути. Ги вадиме и ладиме.
    Чоколадото го топиме на пареа или на сосема ниска температура на рингла и во него промешуваме чили и масло. Секое колаче го потопуваме до половина во чоколадото и украсуваме по желба.
    
    Забелешка
    Чашата е 250 мл или 1 cup.
    Можете да додадете во смесата и кора од портокал по желба и вкус или пак аранчини. Ако ви е ретка смесата, за да ја формирате додадете од овесните снегулки. Инаку користам делимано тава за печење која воопшто не ја ни намрсив за да ги печам колачињава.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:41
    Празнични ѓумбир колачиња

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%93%D1%83%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D1%80-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Празнични ѓумбир колачиња


    Состојки
    125гр путер
    1 јајце
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка ѓумбир во прав
    1 лажичка цимет
    1 лажица гликозен сируп или мед
    100гр кафеав шекер(или обичен)
    околу 350гр брашно(може и 250гр брашно и 50гр густин)
    плус
    црвена,црна,жолта прехрамбена боја и кокос
    за ројал ајсинг
    1 белка
    околу 200гр шеќер во прав
    неколку капки сок од лимон
    Користени Делимано производи

    Празнични колачиња радости за дечиња. Минатата година ги правев за прв пат, но во форма на ирвасот Рудолф,  а оваа година стомачиња на Дедо Мраз.
    Се мати јајцето со шеќерот, се додава маргаринот и на крај сувите сосотојки. Се меси мазно тесто, се остава да отсои 30 тина минути. Се вадат форми со калапчиња и се печат во загреана рерна на 180 степени 5-7минути. Откако ќе оладат се украсуваат со ројал ајсинг (се мати белката со шеќерот во прав и сокот од лимон, додавате шеќер додека не ја добиете посакуваната густина)




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:43
    Празнични колачиња (посно)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow - - Празнични колачиња (посно)


    Состојки
    Тесто
    250 гр маргарин омекнат на собна температура
    200 гр шеќер
    рендана кора од лимон и портокал
    12-13 лажици вода
    по 2 лажици сок од лимон и портокал
    1 лажиче прашак за пециво
    500 гр брашно
    Други додатоци за во тестото
    1 лажиче какао
    1 лажиче цимет
    по 1/4 лажиче морско оревче, ѓумбир и каранфилче
    За декорација
    50 гр чоколада за готвење + 1 лажица масло
    2 лажици шеќер во прав + лимонов сок по потреба
    по потреба шеќерни трошки
    Користени Делимано производи
    

    Посни и вкусни празнични, декоративни колачина спремни за дегустирање, а и за поклони за дечиња.
    Маргаринот и шеќерот убаво изматете ги со миксер, со маталките за тесто. Потоа додајте го брашното, пецивото, сокот и кората од лимонот и портокалот и водата. Продолжите да матите додека тестото убаво се измеси, изедначи.
    Префрлете го на работна маса посипана со брашно и размесете и малку со рака.
    Поделете го на два дела.
    Едниот дел оставете го така жолт, завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
    Во другиот дел додајте го какаото и другите зачини и повторно убаво измесете го да се соединат во тестото. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
    
    Прво од жолтото тесто на работната маса посипана со брашно развлечите кора дебела околу 5-6 мм и со калапчина вадите форми по ваша желба.
    Ставајте ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 10 минути, толку е доволно да останат светли.
    Остатоците од тестото премесете ги и правите колачи додека се потроши целото.
    Истата постапка повторете ја и со кафеавото тесто.
    Јас неколку направив и мали корпиња (се гледаат на сликата).
    Со калапче цвет се вади од тестото и се ставаат во мали хартиени корпиња за колачи. Откако ќе се испечат одма им се реди по малку мармалад на средина.
    
    Печените колачина декорирајте ги по ваша желба и замисла.
    Некои со стопената чоколада, некои со глазура од шеќер во прав и лимон, со шеќерни трошки и тн.
    Од овие колачи направивме и поклончина за деца. По неколку стававме во алуминиумски чинивчина и ги завиткавме со проѕирна фолија и панделка. Навистина беа прерадосни.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:45
    Празнични чоколадни колачиња (посно)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow - Состојки 100гр мелен орев 120гр посни мелени наполитанки со вкус на лешник 100гр посно црно чоколадо 100гр посен црн еурокрем 1лажица масло 100гр посно бело чоколадо, 1 лажица масло за одозгора и чоколадни машнички

    Над пареа се растопуваат чоколадото, еурокремот и маслото.
    Се додаваат мелените наполитанки и оревите.
    Сето убаво се промешува и одма со помош на лажиче се става од смесата во хартиени корпи ( додека е топла)
    ( одприлика околу 15 кошнички)
    Ако треба се порамнуваат со наводенето лажиче или послужавникот се удира од маса еднаш, двапати за да се израмни смесата.
    Над пареа се топи белото чоколадо со една лажица масло и се дополнуваат хартиените корпи.
    Се декорираат со симпатични чоколадни машнички.
    Од остатокот на смесата направив мали долгнавести форми, кои прво ги прелив со растопено бело чоколадо и ги декорирав со чоколадни трошки.
    Се редат во хартиени корпи
    
    Изработка на машнички
    Се што ви треба е трпение, воља, мало силиконско калапче и чоколадо.
    Над пареа растопуваме бело чоколадо со малку масло.
    Со мало лажиче ставаме во калапчето и чекаме 3-4 минутки да стегни чоколадото.
    внимателно ги вадиме и постапката ја повторуваме.
    Во белото чоколадо ставив на врвот на ножот црвена прехрамбена боја и добив розови машнички.
    постапката е иста и со црното чоколадо.
    Количините на чоколадо одредете си ги сами.
    Пожелно е садот во кој е растопено чоколадото да стои над сад со жешка вода за да не се стегнува, туку лесно да се работи.
    Наздравје со овие симпатични, вкусни колачиња




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:47
    Празнични суви колачиња



    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Празнични суви колачиња

    За тесто
    500 гр брашно
    150 гр маргарин
    200 гр шеќер
    3 јајца
    1/4 кесичка прашок за пециво
    1 ванилин шеќер
    1-2 лажички какао
    За декорирање
    50 гр темно чоколадо
    50 гр бело чоколадо
    30 гр марципан
    30 гр кршени ореви
    30 гр мешано кандирано овошје
    30 гр бело суво грозје
    100 гр фондан
    4-5 лажици мармалад од вишни
    2-3 лажици мармалад од кајсии
    20 гр кокос
    неколку резанки кандирани портокали
    Користени Делимано произво

    Колачињата на сликата се направени од исто тесто, но сите се со различен вкус. Тестото е едноставно и може да го користите такво, но може и да додадете разни додатоци како кокос, какао, лешници, бадеми... Меко е, па тие нема лошо да влијаат на неговиот квалитет... Напротив! Употребете ја фантазијата и ќе добиете прекрасни колачиња.
    
    Изработка на тестото
    Брашното и прашокот за пециво просејте ги, па во нив додадете го омекнатиот маргарин и со прстите направете трошки. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер и додате ги кај брашното. Замесете мазно тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Потоа е спремно за играње.
    Колачињата се печат многу кратко, зависи колку дебели ќе ги направите, но отприлика 5-10 минути на 180 степени. Треба да останат бели.
    
    Јас ставив какао во 1/4 од тестото, а останатите вкусови ги добив од „декорациите“.
    
    1. Кружните колачиња со отвор се лепени со стоплен мармалад од вишни. За секое колаче треба да направите еден полн круг и еден круг со дупче и да ги споите.
    2. Чоколадните срциња имаат глазура од бело чоколадо и суво грозје.
    3. За корпичките ви треба калап, јас ги правев во калапот за мини мафини. Наједноставно е да исечете кружни форми од исуканото тесто и така да ги ставате во калапите. На овој начин сите ќе бидат еднакви. Полнети се со растопено темно чоколадо, а декорирани со кандирани портокали. Јас ги користам од слаткото од портокали на Лили. Добро исцедени ги сечкам и ги препелкам во кристал шеќер. Инаку може да се полнат со џем, ганаж, разни креми...
    4. Чоколадните елкички се вистински чоколадни.
    5. Четирилисните детелинки се прошарани со темно чоколадо и додека се уште беше меко ги испрскав со кокос.
    6. Трилисните детелинки се со мешано кандирано овошје, ситно исечкано и измешано со тестото. Одозгора се прошарани со бело чоколадо со многу тенки линии. Инспирацијата беше од едни италијански колачиња.
    7. Ѕвездичките се обложени со многу тенко исукан фондан исечен со истата форма како колачињата. Претходно ги намачкав со многу тенок слој сок од слатко за да се залепи фонданот.
    8. Чоколадните крукчиња се обложени со тенко расукан марципан, а формите е најдобро да се прицврстат со капка бело чоколадо бидејќи марципанот е прозрачен.
    9. Споените топчиња се инспирирани од ванилиците на Лили. Се прават мали топчиња кои се препелкаат во кршени ореви. По печењето се лепат со стоплен мармалад од кајсии.
    10. Мермерните топчиња се направени од остатоците од бело и чоколадно тесто. Ги исукав многу тенко и двете, ги ставив едно преку друго и замотав ролат. Потоа сечев мали делчиња и ги правев топчиња.
    
    Од сите видови правев по 12 колачиња, освен ванилици и мермерни топчиња кои беа по 10. Значи се на се, 116 колачиња.
    
    Пријатен апетит!




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:49
    Празнични колачиња

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Празнични колачиња


    Состојки
    100гр путер
    100гр шеќер
    1 јајце
    130гр брашно
    115гр брашно
    15гр какао
    1 кесичка (10гр) ванилин шеќер
    кора и сок од еден портокал

    Празници се ближат, празници се ближат... Празниците се во ек, но мислам дека за овие колачиња нема сезона. Првиочниот рецепт е боза, што би рекол Фичо, јас само му додадов малку празнична магија, ванила и портокал, комбинација од соништата. Синоќа ги направив прв пат ама наместо шеќер ставив сол, е тоа е, и на најдобрите им се случува, па затоа уште сабајлево замесив нови.
    
    Иде вака, во сад пенасто се матат шеќерот и путерот, се додава ванилата и кората и сокот од портокал. Смесата се дели на две, во два посебни сада и во едниот се додава 130 гр брашно а во другиот 115 грама брашно и 15 грама какао. Се меси меко глатко тесто и се витка во стреч фолија. Се остава во фрижидер на еден час.
    
    Од двете теста се развлекува кора, од белото малку подебела а од темното малку потенка. Се сечат ленти, секогаш двојно повеќе бели од црни, мене ми излегоа 6 бели со 3 црни, ленти со иста димензија, но различна дебелина. Од исечените ленти се преклопуваат дебели шнитови од кои ќе сечеме, оди бела лента, темна во средина и пак бела лента. Ми излегоа 3 вакви шнита. Шнитовите се отсекуваат на пола, отприлика на 1 см. Со оглед на тоа што од темното тесто ќе ви остане немојте да се сеќирате, од него ќе отсечете уште 3 ленти со ширина колку 3 ленти од кои направивте шнитови и дебелина исто колку и темните ленти. Сега повторно ги спојувате пресечените шнитови но во средина ги ставате темните ленти со кои ќе формирате шнитови од кои подоцна ќе отсекувате колачиња. Вака формираните шнитови ставете ги во фрижидер на уште најмалку еден час.
    
    Од шнитовите со многу остар нож внимателно отсекуваме колачиња со дебелина по желба, моите се околу 1 см. Од темното тесто направете мали машнички и ставете ги врз колачињата.Наредете ги на хартија за печење и во рерна на 180 15тина минути додека не добие светлото тесто златеста боја.
    
    Доколку ви остане од тестото, а ќе ви остане, немојте да се нервирате, слободно испечете уште некоја различна форма, јас исеков произволни форми и ги печам, ми остана повеќе од темното тесто па имам чоколадни бисквити, односно какао бисквити. И да не ве буни, јас направив и обратна варијанта, црно со бело, односно темни колачиња со бели машнички.
    
    На здравје!




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 18:51
    Посни празнични пралини

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow - - Посни празнични пралини


    Состојки
    Основа
    400гр. свежи урми (без семка)
    150гр. мелени овесни снегулки
    1 лажица какао
    1 лажица ванила
    кора од лимон
    1-2 лажици млака вода (по потреба)
    Крем
    150гр. непечени индиски ореви
    50мл. вода
    1 лажица ванила
    3-4 лажици јаворов сируп
    сок и кора од 1/2 лимон

    Интересни, вкусни и некласични пралини. Последниот рецепт за оваа година, па ќе ја искористам приликата да ви посакам среќни и весели празници поминати со најблиските.
    
    1. Индиските ореви треба да киснат 6-7 часа, најдобро од вечер или сабајле пред да одите на работа. Прелијте со ладна вода доволно само да ги покрие и оставете ги. Потоа исцедете убаво и исушете ги на кујнска крпа. Сите состојки за кремот, освен кората од лимон, ставете ги во блендер и блендирајте подолго додека се добие убава кремаста смеса. Потоа додадете ја и кората и промешајте со лажица. Има сличен вкус на крем сирење.
    2. За основата урмите измелете ги, па спојте ги со другите состојки да добиете средно мека смеса.
    3. Од смесата зимајте топчиња и ставете ги во калапите за пралини, притискајте кон страните убаво да се обложи и направете бунарче во средина. Наполнете со кремот и од горе затворете со смесата од урми. Во зависност од големината на калапот ќе варира и бројот на пралини. Мојот калап е малку поголем па ми излегоа 17 парчиња.
    Извадете ги од калапот и оставете барем 1 час за да се спојат вкусовите. Декорирајте по желба. Јас користев чоколаден сируп, посната верзија на ројал глазурата (со шеќер во прав и сок од лимон) и малку светки.
    
    Добар апетит =)
    
    *Кремот ќе ви остане скоро половина, може во старт да ги преполовите состојките или да го искористите понатаму за нешто друго.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:46
    Новогодишна елка од тесто - посно


    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow - - Новогодишна елка од тесто - посно


    Состојки
    Тесто
    250 мл топла вода
    100 мл масло
    1/2 коцка квасец
    1 лажиче сол
    1 лажиче шеќер
    500 - 550 гр брашно
    Фил
    300 гр замрзнат спанаќ
    1 парче (100 гр) праз
    5 - 6 лажици масло
    1 филџанче вода
    по вкус сол
    За декорација
    црвена пиперка маслинки, домат, ленено семе, сусам, семе од афион
    малку маргарин

    Најпрво подгответе го филот
    Празот ситно исецкајте го и заедно со спанаќот (претходно одмрзнат) ставете ги да се пржат во тава со маслото. Додајте ја водата и сол по вкус и оставете да се динстаат додека течноста испари. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
    Замесете го тестото.
    Во садот каде што ќе месите ставете го квасецот, водата и шеќерот и измешајте ги да се раствори квасецот. Додајте го и маслото и солта. Брашното постепено додавајте го и замесете средно меко тесто. Покриено оставете го да одмори 20 мин.
    Од тестото оставете едно мало топче за долниот (држач) и врвот (ѕвезда) на елката.
    Останатото тесто на набрашнета површина развлечете го во правоаголна кора со должина околу 30 см, нанесете го филот и порамнете го. Завиткајте ролат и крајот залепете го со притискање на прстите да не се одделува.
    На голем плех ставете хартија за печење и на средината најдолу ставете дел од оставеното тесто за држачот на елката.
    Ролатот сечете го на парчина со околу 2цм (треба да се добијат 15 парчина) и редете ги во плехот. Првиот ред 5 па 4 - 3 - 2 - 1 ролат. Ролатчината при сечењето се плескаат но при ставањето во плехот малку ќе ги дотерате за да не ја изгубат формата.
    Од мал дел од тестото направите топче или ѕвезда и ставете ја на врвот од елката.
    Најдолниот дел намачкајте го со малку топла вода и посипете го со ленено семе а врвот со сусам.
    Елката украсете ја со црвени пиперки и домати, маслинки исечени на коцки или според вашата креативнос. Одозгора наредете мали парченца маргарин.
    Кога елката е готова уклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Ставете ја да се пече околу 30 мин. Потоа покриена со фолија и крпа оставете ја малку да подолади и послужете се.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:48
    Новогодишна чоколадна кокос торта (посно)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%81-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE" rel="nofollow - - Новогодишна чоколадна кокос торта (посно)


    Состојки
    Кора
    300 гр брашно
    100 гр кокос
    200 гр шеќер
    10 лажици масло
    400 мл млеко од соја со вкус на ванила
    1 прашак за пециво
    1 ванилен шеќер
    1 лажиче екстракт од ванила
    50 гр чоколадни капки или рендана чоколада за готвење
    Фил
    500 мл млеко од соја со вкус на ванила
    200 гр шеќер
    2 пудинзи од ванила
    1 лажица мед
    1 лажиче екстракт од ванила
    130 гр маргарин на собна температура
    100 гр чоколадо за готвење
    За декорација
    100 гр чиколадо за готвење
    по потреба кокос
    по потреба прехранбени бои зелена и црвена

    Подготовка на кората
    Тава за печење бр. 26 намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
    Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
    Во сад измешајте ги сите суви состојки па додајте ги маслото и млекото од соја. Убаво измешајте ја смесата со жица или голема лажица и турете ја во тавата. Ставете ја да се пече околу 35 минути.
    Печената кора покриена оставете ја да олади.
    
    Подготовка на филот
    Пудинзите растворете ги со дел од млекото и пола од шеќерот а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зоврие додајте го растворниот пудинг и на намалена температура со постојано мешање варете го додека се згусти.
    Тргнете го од ринглата и одма додајте го медот и екстрактот и измешајте ги. Покриен оставете го да олади.
    Чоколадата стопете ја над пареа.
    Оладениот пудинг заедно изматете ги со маргаринот и потоа додајтеја стопената чоколада и повторно изматите да се изедначи филот.
    Пред да е филовате тортата ставете го фрижидер малку да се стегне.
    
    Печената кора поделете ја на пола. На подлога за торта ставете една кора попрскајте ја со малку млеко од соја па премачкајте ја со околу 1/3 од филот и ставете ја другата кора и попрскајте ја со млекото. Одозгора и од страна премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.
    
    За декорација на тортата , во малку кокос ставите зелена и црвена боја и мешајте да се изедначи целиот кокос.
    Чоколадата стопете ја над пареа.
    Над тортата со чоколадата направете елка а потоа нанесете од зелениот кокос, а околу елката бел кокс.
    Од црвениот кокос нанесите странично на тортата а одозгора на ивицата по тортата нанесите од чоколадата.
    За лампионите од елката, на хартија за печење ставите мали топчиња од чоколада и нанесите по малку од црвениот кокс. Оставете ги во фрижидер да се стегнат па ставете ги на елката.
    Тортата оставете ја фрижидер неколку сати или преку ноќ убаво да се стегне и спојат вкусовите и потоа послужете ја.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:51
    Видео рецепт: Новогодишна чоколадна торта

    https://moirecepti.mk/post/novogodisna-cokoladna-torta" rel="nofollow -

    Состојки
    За ТЕСТО ќе ви треба:
    115 гр. маргарин
    340 гр. шеќер
    2 јајца
    225 мл. млеко
    1 лажица растителна слатка павлака
    1 пакување прехранбена црвена боја
    1 пакување прашок за печиво
    1 лажица јаболков оцет
    230 гр. брашно
    30 гр. какао
    1 лажичка сол
    1/2 лажичка сода бикарбона
    За ФИЛ ќе ви треба:
    500 мл. слатка павлака
    5 лажици шеќер
    2 раце мелени лешници
    чоколадни трошки
    4 лажици какао
    За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
    300 гр. темно чоколадо
    1 лажица путер

    Подготовка
    
    Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси.
    
    Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните.
    
    Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата.
    
    Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки.
    
    Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба.
    
    Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото.
    
    Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов.
    
    Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте.
    
    СОВЕТ: Смесата за тестото е рецептот за популарната Ред Велвет торта. Бојата ќе зависи од тоа колку јака црвена боја ќе употребите...



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:53
    Новогодишна торта-Sterntaler торта со чоколаден крем

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-sterntaler-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4" rel="nofollow - - Новогодишна торта-Sterntaler торта со чоколаден крем


    Состојки
    Пандишпан
    175 гр брашно
    2 лажичиња пециво
    100 гр. шеќер
    75 гр. путер
    4 јајца
    2 лаж. млеко
    Фил
    150 гр. мармалад
    175 гр. путер
    100 гр. шеќер во прав
    2 пудинг од чоколадо
    600 гр. млеко
    100 гр. слатка павлака
    2 лаж. рум
    2 лаж. какао
    1 шлаг крем од чоколадо
    1 паковка Марципан

    Прекрасен новогодишен рецепт кој со мали измени годинава го подготвив.
    Ги матиме состојките за пандишпанот.
    Го истураме врз тава обложена со мрсна хартија.
    Со шпатула го распостиламе убаво рамномерно.
    Печеме на температура од 160 степени. Проверуваме со чепкалка колку е печено.
    Откако е печено и изладено ја вадиме хартијата за печење. Го сечеме на 5 ленти зависно од тавата. На пример јас го сечев на 12,10,8,5,и 3см.Вие сечете според вашата тава.
    Секоја лента се премачкува со мармалад. Јас употребив мармалад од малини.
    Најпрво ја редиме најшироката лента, па ја премачкуваме со фил.
    Така ги редиме една врз друга од најширока до најтесна кора.Премачкуваме со фил од сите страни.
    Шлаг кремот го матиме според упатството и го полниме во шприцот за декорирање.Украсуваме по своја желба.
    Марципанот го расукуваме и од негос вадиме фигури.Секоја фигура ја попрскуваме со светки и ги ставаме да се постврднат. Потоа ги редиме врз тортата која навидум е права елка со снег.
    Сега да кажам за филот.
    Путерот се мати со шеќерот во прав се додава претходно сварениот и изладен пудинг.
    Во пудингот се мешаат и двете лажици какао.
    Матиш и додаваш рум.
    Слатката павлака ја матиме и ја мешаме со филот.
    Пробајте го рецептот е преубав.
    Забелешка
    Ставете ја тортата во ладилник додека малку се стврдне филот потоа сечете.
    Во марципанот ако сакате ставете боја јас ги оставив оргиналот боја.
    На здравје




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:56
    Новогодишна елка торта од Пандоро

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE" rel="nofollow - - Новогодишна елка торта од Пандоро


    Состојки
    1 Пандоро
    250гр. маскарпоне
    100гр. шеќер во прав+ за наросување
    150гр. ладно млеко
    75гр, прашок за шлаг пена

    Јас знам дека во МК Пандоро нама во продажба, но ако си го набавите или добиете на поклон пригответе си го на овој начин нема да се покаете превкусно е!
    Пандорото расечете го хоризонтално на 7 парчиња ( види дополнителни фотографии).
    Во сад за матење со миксер изматете го ладното млеко и прашокот за шлаг пена околу 5 -6 минути. Со лажица измешајте го шеќерот во прав и маскарпонето. Потоа соединете ги двете смеси и измешајте ги со шпатула.
    Филувајте го пандорото, пандишпаните редете ги секогаш спротивно со краевите за да може да ја формирате елката. На крај тортата елка наросте ја со шеќер во прав.
    Пслужете ја тортата ладна.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 14:58
    Мојата новогодишна торта - Дрво торта

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%B0%D1%9A-%D0%B4%D1%80%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0" rel="nofollow - - Мојата новогодишна торта - Дрво торта


    Состојки
    тесто
    6 белки
    4 лажици шеќер
    6 жолчки
    3 лажици шеќер
    2 лажици брашно
    150гр мелен орев
    1/2 лажиче пециво
    бел фил
    150гр слатка павлака
    50гр путер
    100гр мелен потпечен лешник
    црн фил
    160гр црно чоколадо(70% какао маса)
    200мл слатка павлака
    За кора на дрвото потребно е 200 гр црно чоколадо,4 лажици масло.
    За премачкување на ролатот потребно е 160 мл слатка павлака и 120 гр црно чоколадо. Сок од пола портокал за попрскување на кората
    Шеќер во прав за декорација ( снег)

    Пожелно е прво да се направи декорацијата од чоколадо, за да се стегне убаво.
    Над пареа ги растопуваме чоколадото со маслото.
    Сега земаме хартија за печење, со големина на плехот.
    Цело чоколадо го истураме врз хартијата, убаво на секаде.
    Одма покриваме со уште еден лист хартија и додека е топло виткаме ролна.
    Ја оставаме на рамна површина да се стегни убаво.
    Сега во една вангличка ги ставаме жолчките, го додаваме шеќерот и матиме до побелување.
    Во друга вангличка ги ставаме белките, матиме и постепено го додаваме шеќерот.
    Матиме се додека не добиеме цврста смеса.
    Во еден тајнир ги соединуваме брашното и оревите.
    Внимателно, со лесни движења во еден правец ги соединуваме белките, жолчките, оревите, пецивото и брашното,.
    Ја истураме смесата врз хартија за печење, во правоаголен плех од шпоретот и печиме некои 15 минути.
    Го вадиме од рерна и оставаме така да се излади. Не го виткаме во ролат.
    Сега го подготвуваме белиот фил.
    Во вангличка ја ставаме слатката павлака и ја матиме во не многу цврст крем
    Го додаваме мекиот путер и кратко соединуваме.
    Ги додаваме мелените, печени лешници.
    Соединуваме.
    Овој крем го нанесуваме врз испечената, изладена кора рамномерно размачкувајќи.
    Сега го спремаме црниот фил
    Во касерола ја налеваме слатката павлака да се загрее, но не и да проврие.
    Тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо.
    Промешуваме да се изедначи.
    Го ставаме на ладно (на тараса идеално, со оглед на студот).
    Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
    Овој крем го нанесуваме врз белиот фил.
    Сега виткаме ролат.
    Го завиткуваме во фолија и го чуваме на ладно барем 3-4 часа.
    Го одвиткуваме од фолијата и одозгора го попрскуваме со сок од исцеден портокал.
    Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
    Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и промешуваме.
    Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
    Ја ставаме во готварски шприц и го декорираме одозгора ролатот.
    Сега ја одвиткуваме ролната со растопеното чоколадо.
    Врз филованиот ролат ја поставуваме кората на дрвото (добиените ленти чоколадо)
    Завршуваме по сопствена желба со малку шеќер во прав, шишарки.......
    Уживајте во ова убаво и декоративно Новогодишно дрво.
    Среќна Нова година .
    
    



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 25.Декември.2017 во 20:06

    Вкусни црно-бели елки


    Овие колачиња се мошне едноставни, вкусни и декоративни за вашата празнична трпеза.

    Во продолжение ви го презентираме рецептот, а вие можете да си играте со декорацијата дополнително ако сакате, оставаме на вас.

    Состојки (за 15-тина бисквити):

    - 239 гр.путер

    - 3/4 шолја (до 250 мл) шеќер во прав 

    - 1 шолја течен мед 

    - 1 јајце 

    - 5 шолји обично брашно (неколку лажици брашно можете да ги замените со неколку лажици какао) 

    - 1 лажичка сода бикарбона 

    - 2 ќесички зачини за бисквити (цимет, ѓумбир, афион... - може мешано или само еден) 

    - малку сол 

    За „снегот“:

    - 4 белки 

    - 4 шолји шеќер во прав 

    - 2 лажички екстракт од ванила 

    Начин на подготовка:

    Сите состојки треба да бидат на собна температура. 

    Помешајте ги брашното, какаото (ако го користите), сода бикарбона, зачините и солта.  

    Со миксер изматете го путерот и шеќерот во право. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете и мед и повторно мешајте. Потоа, додадете и јајце и со мискерот продолжете да мешајте додека не се соедини. Миксот сувите состојки, додавајте ги постепено и мешајте, додека повторно сè не се соедини. 

    Добиеното тесто ставете го на работна површина, на која претходно се наросиле малку брашно. Со сукало обликувајте го тестото во голем, мазен круг. Потоа, завиткајте го во фолија и оставете во ладилник 2 до 4 часа (може и 24 часа). 

    Тестото од ладилник развлечете го во голем, тенок круг, па со модли правете бисквити во облик на цветови или ѕвезди. Внимавајте, потребни ви се и помали и поголеми модли за бисквити. Супер е ако имате 3 или 4 различни големини. 

    Бисквитите наредете ги во подмачкан плек и печете околу 8 минути, во рерна загреана на 200 степени. На помалите бисквити можеби ќе им бидат доволни и 5 минути. Потоа извадете ги и оставете да се изладат. 

    Додека се ладат, вие подгответе го „снегот“. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер во прав и ванила. Мешајте го тоа додека не добиете цврста смеса.  

    Потоа, составете ја новогодишната елка. Најголемиот бисквит ставете го на дното на тацната. Преку него, на средина ставете 1 лажица „снег“, па покријте го тоа со помал бисквит и продолжете да редите по тој редослед, додека не добиете елка. Најмалиот бисквит нека ви биде ѕвездичка на врвот на елката. 



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 26.Декември.2017 во 17:01
    Грчки Божиќни медењаци (меломакарона)

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B3%D1%80%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%86%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow - - Грчки Божиќни медењаци (меломакарона)


    Состојки
    500 г брашно
    1 шоља масло
    1 шоља шеќер
    1/2 шоља цеден сок од портокал
    1/2 шоља коњак
    1 прашок за пециво
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1 голема лажица мед
    1 лажичка цимет
    1/2 лажичка каранфилче
    200 г ореви
    Шербет
    3 шољи шеќер
    3 шољи вода
    1 голема лажица мед
    Ова е најубавиот рецепт за медењаци кој сум го пробала. Прекрасни колачи кои се топат в уста, со заносна арома на цимет, мед, портокал...
    
    Прво се прави шербетот и се остава да се олади.
    Се замесува тесто од сите состојки и се формираат медењаци во саканата форма. Се печат околу 30 мин на 180 степени и откако ќе се испечат, дур се жешки се прелеваат со ладниот шербет, се оставаат 1 минута и се префрлаат во друг сад и се наросуваат со толчени ореви.





    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 26.Декември.2017 во 17:04
    Божиќна торта (Жито торта)


    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0" rel="nofollow - - Божиќна торта (Жито торта)


    Состојки
    Кори (Состојки за 1 кора, потребни се 4 кори)
    3 белки
    3 лажици шеќер
    3 лажици мелени ореви
    2 лажици брашно
    Фил
    650мл млеко
    9 лажици шеќер
    12 жолчки
    4 лажици брашно
    250гр путер
    250гр шеќер во прав
    300гр мелени ореви

    Рерната загрејте ја на 200 степени. Модла со пречник од 24см премачкајте ја со малку зејтин и ставете на дното хартија за печење.
    Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата убаво ќе згусне, додадете ги оревите и брашното. Промешајте кратко и истурете ја смесата во модлата. Печете 12 мин. Проверете со чепкалка дали е тестото печено. На истиов начин испечете вкупно 4 кори.
    Фил
    Од вкупната количина на млеко одвојте 200 мл и измешајте го со жолчките и брашното. Во другото млеко додадете го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките и на средна темература варете го филот. За цело време мешајте енергично со жица за матење. Внимавајте да не ви загорат жолчките, по потреба намалете ја температурата. Откако се сварил и згуснал како пудинг, ставете стреч фолија врз површината на филот и оставете го потполно да се излади.
    Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто, додадете го филот од жолчки и оревите. Измешајте убаво и оставете ја смесата половина час во фрижидер.
    Филувајте ја секоја кора и одозгора украсете по желба.
    Јас бидејќи украсував со фондан, филував три кори, последната ја премачкав со крем од путер, за кој рецепт имам поставено овде на странава.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 26.Декември.2017 во 17:06
    Австриски медењаци

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%86%D0%B8" rel="nofollow - - Австриски медењаци


    Состојки
    200 гр. мед
    10 гр. шеќер
    90 гр. фруктоза (овошен шеќер)
    10 мл. вода
    250 гр. меко брашно
    1 лажичка пециво
    250 гр. спелтино брашно
    12 гр. сода бикарбона
    1/2 лажичка цимет
    2 лажички мешавина од зачинки - ѓумбир, мускатно оревче, каранфилче
    1 јајце
    70 мл. млеко
    50 гр. омекнат путер
    Премаз
    2-3 лажици млеко
    Глазура
    1 белка
    200 гр. просеан шеќер во прав
    2 лажици сок од лимон

    - Во сад загрејте го медот со шеќерот, фруктозата и водата се додека не се стопи шеќерот. Оставете да олади.
    - Измешајте го брашното со пецивото и просејте го во садот за месење.
    - Измешајте ја содата бикарбона со спелтиното брашно и вака измешано додадете кај претходното брашно и пецивото. Додадете го јајцето, циметот, млекото, мешавината од зачинки за медењаци, путерот омекнат на собна температура, оладената смеса од стопениот шеќер. Со помош на миксерот со додатоците за месење на тесто целото тоа миксајте го. Ќе добиете убаво компактно тесто кое ќе го покриете и оставете на ладно да стои 2 часа.
    - Одстојаното тесто расукајте го тенко околу 5 мм. на побрашнета површина, со модли сечете ги фигурите и мотивите. Ставете ги во плех кој ќе го подмачкате лесно побрашнете. Премачкајте ги медењаците со млекото и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, печете ги околу 10 мин. со лесно подотворена врата на рерната (сосема малку да биде подотворена).
    Глазура
    - Во сад со миксер сматете ја белката додека е уште мека почнете да додавате лажица по лажица од шеќерот, додадете на крај и сокот од лимонот. Откако сте ја изработиле покријте го садот со глазурата со влажна крпа и нека одстои околу 20 мин, како би се глазурата опуштила. Потоа ставете во кеса или шприц пригоден со додатокот за шарање и вашата умешност околу украсувањето ќе биде на дело.
    Напомена
    - Овие медењаци за тие како мене што едвај ќе исцртаат некоја слатка, препорачувам и едноставо да ги прелиете со чоколадна глазура, па потоа шарајте по нив или лепете некои шеќерни фигурки, перли... Може да си ги направите и стаклени - при печењето искршете од тврдите бомбони во која боја сакате, пополнета ја празнината која е направена со сечењето на формите. Додека се печат ќе се стопи и еве ги декорирани. Медењаците веднаш се меки, ако можете да ги сокриете во ред...ако не... ќе има пак спремање.
    Овој рецепт од мојата драга Зо - имам овде постирано нејзин рецепт за фамозните и прекрасните Крешенти... таа ми кажа дека овој рецепт е од нејзината пријателка Хеиди со која таа несебично разменува рецепти. Благодарам Зо,
    Драги мои.... Среќни празници,




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 27.Декември.2017 во 16:09
    Божиќни мињони

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow -
    Состојки
    Глазура
    150 гр темно чоколадо
    2 лажици масло
    Смеса за мињони
    300 гр бисквити
    1/2 лажичка ѓумбир
    1/2 лажичка цимет
    1/2 лажичка мешавина мускатно оревче и каранфилче
    1 лажица арома рум
    3 лажици какао
    50 гр сецкани тостирани ореви
    100 мл млеко (по потреба, зависно од бисквитите)
    3 лажици шеќер
    70 гр маргарин

    Овие превкусни мињони се доста декоративни и лесни за подготовка и се со неодолив мирис и вкус. Може да се подготват со бисквити и зачини, како во овој рецепт или пак да се користат спекулас бисквити кои веќе се зачинети. Нема да погрешите и во двете верзии.
    
    1. Млекото се загрева заедно со шеќерот, за да се стопи. Поедноставната верзија е со шеќер во прав, за полесно да се стопи и да не крцка.
    2. Бисквитите се мелат во сецко на ситно. Оревите се додаваат кон бисквитите, сите зачини и какаото и сето тоа се меша.
    3. Потоа додате го млекото и аромата рум и исецканиот маргарин. Сетоа тоа убаво се замесува. Ако ви е сува смесата додадете уште млеко.
    4. Стопете го чоколадото со маслото и оставете малце да се олади.
    5. Во силиконски калапи за мињони, ставете го растопеното чоколадо. Наполнете ги 1/3 калапите. Оставете да се олади и стегне чоколадото на 10-15 мин, во замрзнувач.
    6. Останатиот дел од калапите пополнете ги со смесата за мињони и повторно вратете во фрижидер, убаво да се оладат.
    
    Изладените мињони убаво се вадат од калапите, бидејќи се убаво стегнати и изгледаат доста декоративно за на празнична трпеза. Вкусот и аромата се неодоливи, бидејќи е одлична комбинацијата!

    П



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 27.Декември.2017 во 16:12

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%BD" rel="nofollow -

    Медени мафини со фил од марципан


    Состојки
    Мафини
    80 гр путер
    50 гр кафеав шеќер
    200 гр мед
    2 јајца
    270 гр брашно
    20 гр какао
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка цимет
    1/2 лажичка мелен ѓумбир
    1/4 лажичка каранфилче
    50 гр толчени ореви
    1 портокал сок и кора
    1 лажичка ванила
    Фил
    120 гр марципан
    1 лажица мармалад од портокал
    1 лажица коњак
    1 лажица сок од портокал
    2-3 лажици толчени ореви
    малку рендана кора од портокал
    Ганаш
    250 гр бело чоколадо
    150 мл слатка павлака

    1. Се ренда кората од портокалот и се цеди сокот. Од целата количина отприлика 1 лажица сок и малку од кората ќе во треба за полнењето, а остатокот оди во тестото.
    2. Се загреваат медот, шеќерот и путерот да се растопат. Се трга садот од оган па се додава сокот од портокал, просеани сувите состојки, јајцата едно по едно и толчените ореви.
    3. За полнењето се мешаат сите состојки и се формираат топченца со големина на орев.
    4. Со тестото се полнат форми за мафини со хартиени корпици, се става едно топче со филот од марципан и се дополнува со тестото.
    5. Мафините се печат 20-25 мин на 180Ц
    6. Кога ќе се оладат се украсуваат со ганаш од бело чоколадо, шеќер во прав и со кандирани цреши.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 27.Декември.2017 во 16:15
    Мини столлен


    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BB%D0%B5%D0%BD" rel="nofollow -
    Состојки
    Тесто
    500 гр. брашно
    30 гр. квасец
    3 лажици млеко
    120 гр. шеќер
    2 јајца
    80 мл. сок од портокал
    125 гр. крем сирење
    150 гр. омекнат на собна температура путер
    1 ванила
    3 лажици рум
    1 портокал - ренданата кора од целиот портокал
    прстофат сол
    на врв на ножот кардамон, мускатно оревче, цимет, или 1 /4 лажичка ал - спице
    100 гр. кандиран портокал
    50 гр. кандиран ѓумбир
    80 гр. суви кајсии
    6 лажици сок од портокал
    по желба марципан - 100-200 гр.
    за премачкување
    100 гр. стопен путер
    за посипување
    80-100 гр. шеќер во прав

    Подготовка
    - Прво исецкајте го на ситни коцки кандираното овошје, сувите кајсии полијте ги со 6 лажици сок од портокал и тргнете на страна да стојат.
    1. Растопете го квасецот со млекото, додадете малку шеќер и брашно, да се активира.
    - Во друг сад ставете го брашното, шеќерот, јајцата, прстофат сол, сирењето, сокот од портокалот, румот, омекнатиот путер и со додатоците од миксерот кои се за месење тесто измесете го тестото. На крај додадете ја ренданата кора од портокал и зачинките и кратко само измиксирајте. Ако сакате да ви остане посветло на боја тестото тогаш зачинките ставете ги сосема на крај кога ќе го премесувате тестото. Измесеното тесто покријте и оставете на собна температура да стасува околу 2 часа. Повторно измиксирајте го и пак оставете да стасува околу 45 мин.
    
    2. Стасаното тесто ставете го на лесно побрашнета работна површина. Со рацете развлечете го и по него расподелете го кандираното овошје. Поделете го тестото на толку дела колку што сакате да бидат мали овие вкусни ароматни овошни слатки пецива или сладок леб. Можете и само на два дела и ќе добиете веќе поголем Столлен. Размесете го секое топче и оставете да се одмори околу 10 мин.
    3. Со сукало секое поделено тесто кое веќе одстојало десетина минути, само налегнете го на средината. Краевите треба да останат подебели. Доколку ставите марципан кој сте го оформиле во форма на колбас, овде поставете го и само лесно замотајте како кога се мота ролат, но не до крај. Мора едниот подебел крај од тестото да остане слободен. За да не ви се одлепат краевите со малку вода поминете на самиот крај кој се спојува со тестото и притиснете. Ако не ставате марципан, исто постапете, така што ќе го мотате без него.
    Ставете го во тава покриена со хартија за печење. Доколку немате мали модлички, тогаш секој приготвен Столлен со трака која ќе ја направите од алу-фолија, замотајте околу него, стиснете ги краевите и тоа ќе биде импровизирана модла која ќе овозможи да се задржи обликот на оформеното тесто.
    Оставете да стасува околу 30 мин. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени која веднаш ќе ја намалите на 180 степени откако ќе ставите да се пече. Фолијата ќе ја одмотате од секое парче Столлен откако до половина веќе се испекло, нека се допече до крај без неа.
    4. Додека се пече вие растопете го путерот.
    - Печениот топол Столлен веднаш премачкајте со путерот, обилно посипете со прав шеќер и ставете на решетка да се лади. Вака со сите парчиња ќе направите. Нека се потполно олади, потоа спакувајте ги мотајки во прозирна фолија, убаво краевите од фолијата прилепете и ако не се изеде веднаш,  дозволете да одстојат повеќе време како би можеле да дојдат до израз зачинките кои сме ги ставиле во тестото. Може вака да стои до 1 месец, колку повеќе стои, толку повкусен е.
    Немалку пати вака спакувани во мини форма, столлен, мене ми служеа за Божикни подароци...
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 27.Декември.2017 во 20:06
    Новогодишна блага елка

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0" rel="nofollow - - Новогодишна блага елка

    Празници се ближат....:)


    Состојки
    За тесто
    1 кг. просеано бело брашно
    1 коцка активиран пресен квасец
    1 кафено лажиче сол
    150 гр. шеќер
    1 ванила
    3 јајца
    180 мл. масло
    по потреба топло млеко
    За полнеж
    околу 200гр. нутела или ваш омилен крем
    За премачкување
    1 белка
    малку шербетче
    малку путер
    малку шеќер во прав

    Во просеаното брашно се активира квасецот.
    Се додава солта, јајцата лесно изматени со вилушка и помешани со шеќерот и ванилата, маслото и топло млеко по потреба за да се добие средно меко тесто.
    Тестото убаво се изработува, се меси некои 10 мин., при што се удира неколку пати од работната површина.
    Нежно се премачкува со масло и се покрива со стреч фолија и памучна крпа.
    Се остава на топло три пати да го зголеми волуменот.
    Потоа брзо и енергично се премесува и се остава повторно да надојди.
    Надојденото тесто без премесување се дели на три еднакви дела.
    Од секој дел се отвора правоаголна кора.
    Се префрлува на хартија за печење која е ставена во намрсен плех за печење.
    Се премачкува со кремот.
    Се става и втората кора, па крем.
    Се става третата кора, без да се премачка.
    Се сечи облик на елка.
    Странично се рецка од двете страни и делчињата се виткаат спирално по три пати, а како што стеснува нагоре према врвот по два пати.
    Тестото надојдува додека се обликова и доволни се уште 5-10 мин., па се премачкува со благо разматена белка и се става да се пече во загреана рерна.
    Пред печење ја боцкам со чечкалица на неколку места.
    Печењето е околу 40-45 мин. на 180 степени.
    Пред крајот на печење, некои 5 мин. се премачкува со шербетче.
    После печење со путерче или маргарин.
    Кога ќе олади се наросува со шеќер во прав.
    На здравје!

    /


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 27.Декември.2017 во 20:09
    Новогодишна елка - блага погача со крем

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%87%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC" rel="nofollow - - Новогодишна елка - блага погача со крем


    Состојки
    500 гр брашно
    250 мл јогурт (млако затоплен)
    3 лажички шеќер
    1 лажичка сол
    1 јајце - жолчка за премачкување, белка за замесување
    1 сув квасец
    50 гр маргарин
    250 гр темен лешник крем
    20 бонбони за украсување + шеќер во прав


    Прекрасна блага погача, која ќе биде одличен декор за Новогодишната трпеза, заедно со солената погача - Новогодишна елка.
    
    1. Се замесува тестото од наведените состојки и се остава да кисне околу 1 час, во затоплена просторија.
    2. Тестото се дели на два дела и се расукува во 2 триаглести кори.
    *Ако сакате може да се подели и на 3-4 дела тестото и да добиете повеќеслојна погача.
    3. Во форма на елка се размачкува кремот. Врз кремот се става и 2рата кора.
    4. Со нож сечеме форма на елка, според поредходно нацртана шема.
    5. Се сечат „гранките“ на елката и се ротираат во ист правец.
    6. Погачата се премачкува со жолчка. Врз гранките декорираме со бонбони како лампиони.
    7. Се пече на 200 степени околу 20-25 мин.
    8. На крај се наросува со шеќер во прав - може и без него.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 15:40
    Божиќни тартуфи


    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D1%83%D1%84%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќни тартуфи


    Состојки
    200 гр. темно чоколадо со голем процент какао
    130 мл. слатка павлака
    1 голема лажица мед
    3-4 големи ла коњак
    30 гр путер
    1 луто пиперче или малку чили
    малку цимет
    прстофат сол
    1 ванилин шеќер
    20 гр. какао

    Во касерола се ставаат слатката павлака, медот, ванилата, пресеченото во средината луто пиперче (малку чили) и циметот и се загрева. Пред да зоврие се вади лутото пиперче и се додава чоколадото искршено на коцки се меша на слаб оган додека се растопи целото чоколадо. Потоа се додава путерот, солта и коњакот и повторно се меша додека не се растопи и путерот. Смесата се остава да се олади на собна температура и потоа се става во фрижидер најмалку 2 часа. Од готовата смеса за тартуфи се зема со лажичка и се оформува бомбица која што се валка во какао.
    
    Забелешка
    - Смесата за тартуфите е течна додека е топла, откако ќе излади се стегува.
    - Пробувајтеја слатката павлака за лутината, ако е потребно извадете го пиперчето порано од смесата.
    - Чоколадото треба да биде најмалку со 50 % какао.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 15:45
    Посен Божиќен куглов

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D0%B2" rel="nofollow - - Посен Божиќен куглов


    Состојки
    1 чаша сецкани ореви или бадеми, лешници
    2 чаши брашно
    1 чаша кисела вода
    пола чаша шеќер
    пола чаша зејтин
    1 пециво
    1 ванилин шеќер
    2 супени лажици цимет
    3 супени лажици мармалад од сливи
    3 супени лажици какао
    100гр сушена брусница
    50гр суви урми
    Фил
    по желба/потреба мармалад од сливи
    200гр чоколадо за готвење

    Сите состојки заедно се мешаат, а на крај се додава мармаладот и се мемеша со лажица. Истурете ја смесата во калап за куглов и ставете ја да се пече на 175 С околу 1 час.
    За да знам дека е сигурно печена си ја проверував со чечкалица. Кога ќе се испече уште топло премачкајте го со мармалад и оставете да се олади до крај.
    
    Потоа растопете ја чоколадата со 3 лажици масло и прелијте го врз мармаладот. Оставете да се стегне чоколадата.Чашата е од 200 мл и се се мери со нејзе. Може да го правите и во обично тавче како торта, по желба.
    Овој прекрасен рецепт ми го кажа мојата колешка и многу сум и благодарна .
    Прекрасен куглов за Божиќ.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 15:47
    Божиќен куглов

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D0%B2" rel="nofollow - - Божиќен куглов


    Состојки
    300 гр. брашно
    150 гр. путер
    250 гр. кафен шеќер
    3 јајца
    1 лажичка цимет
    1/2 лажичка мускатно оревче
    1/2 лажичка мешавина од цимет, каранфилче и мускатно оревче (Аллспице)
    1/4 лажичка мелен ѓумбир
    180 мл. јаболков сок
    150 гр. потпечени сецкани ореви
    100 гр. кандиран ѓумбир
    прстофат сол
    1/2 лажичка пециво
    Прелив
    3 лажици путер
    100 гр. шеќер
    2 лажици сок од лимон
    50 мл. сок од јаболка
    1/4 лажичка мелен ѓумбир

    - Ставете го во сад омекнатиот путер, матете со миксерот и во неколку наврати додавајте го шеќерот, а со миксерот за цело време се мати. Се додава и циметот, мускатното оревче и мешавината (олспајс) на крај се додава и ѓумбирот.
    - Потоа се додава едно јајце и добро се мати. Потоа второто, се мати и на крајот третото јајце. Потребно е добро да се измати.
    - Просејте ја потребната количина на брашно, во него додадете го пецивото и солта, почнете полека и наизменично со сокот од јаболка да додавата во веќе добиената смеса, значи ќе ставите малку брашно - малку сок - изматете - и така додека се потроши целата количина од брашно и сок.
    На крај измешајте со лажица исецканите ореви и кандираниот ѓумбир.
    Вклучете ја рерната во меѓувреме на180 степени.
    - Со малку стопен путер премачкајте ја модлата за куглов, па и да ја побрашнете потоа модлата нема да е грешка (напротив - подобро се вади колачот) истурете ја смесата во него, неколку пати удрете ја модлата од работната маса како би се целата смеса рамномерно распределила, ставете да се пече пробувајки во меѓувреме со познатиот за нас начин - чепкалка.
    - Кога ќе сметате дека е печено, исклучете рерната и оставете некои 5 мин. да стои, а потоа извадете- нека олади но не потполно, туку доволно за да можете да го извадите кугловот на тацна и да го прелиете со преливот.
    Прелив
    Додека се пече кугловот, во касерола ставете го путерот да се стопи, додадете го шеќерот и постојано мешајте додека се стопи, да се карамелизира. Кога ќе стане кафен шеќерот (внимавајте да не го изгорите) тргнете настрана, додадете го сокот од јаболка и лимонот, вратете за кратко на оган, тргнете и со него заливајте го кугловот се додека не потрошите целата количина - треба да се впие.
    Јас печев во мали модли за куглов бидејки ми беше потребно секое да биде засебно (подароци) - ги подмачкав сите модли, побрашнив - потоа ја истурив смесата.
    Можете да печете и во силиконска модла, но времето на печење е поголемо бидејки знаете дека тестата за колачи кои се спремаат со маргарин, путер потешко се печат, па затоа јас во вакви случаи прибегувам кон обичните модли, што не значи дека не може да се истури во тавка било округла било четвртаста... Јас печев 1 час.
    - За уште подобар аромат на колачот покрај прекрасните зачини, оревите потпечете ги.
    Овој куглов колач навистина ги носи со себе ароматите кои потсетуваат на новгодишните и Божиќните празници...
    Весели предстојни празници драги пријатели!




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 16:13
    Празнични кекси

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B8" rel="nofollow - - Празнични кекси


    Состојки
    200 гр. путер/маргарин
    8 лажици кафеав шеќер
    1 лажичка екстрат од ванила
    1 жолчка
    2 лажички какао
    1/2 пециво
    300-350 гр. брашно
    црвена прехрамбена боја (течна)
    *декорација
    1 белка
    200 гр. шеќер во прав
    сок од 1/2 лимон
    шеќерни украси во разни бои и форми, светкава прашина во боја

    Вкусни, крцкаво-ровки кекси, посебно привлечни и бендисани од децата на предновогодишниот школски панаѓур. Мисија, успешно завршена.
    
    1. Маргаринот/путерот (стоен на собна температура) се мати со кафеавиот шеќер, се додава жолчката и екстратот од ванила.
    2. Се мешаат пецивото и какаото, се просејуваат и се додаваат, потоа се става малку црвена прехрамбена боја и пак се мати.
    3. Брашното (просеано) се додава постепено на претходната смеса, се меси со рака, а по потреба се додава уште малку црвена боја зависно од посакуваната нијанса.
    4. Треба да се измеси мазно тесто кое се става во најлонска кеса, се остава да стои 15-20 минути во фрижидер, потоа се вади и се развлекува кора дебела 5 мм. Се вадат форми по желба и се печат на 170 степени околу 20 минути. Се ладат.
    5. Белката се мати, постепено се додава шеќерот во прав, па после сокот од лимон. Смесата се става во најлонска ќеса за во замрзнувач, се отсекува малку работ, кексите се шараат по желба и се оставаат да им се исуши глазурата. Може да се стави и друга боја по желба за шарење на кексите. Малку трпение и резултатот е тука.
    
    Забелешка
    Кексите се малку крцкави од кафеавиот шеќер, но може да се стави кристал или шеќер во прав. Брашното ставајте го постепено и додавајте уште малку колку е потребно. Ако се користи црвена течна боја, полесно ќе се измеша во тестото, а ако се користи боја во прав, подобро е претходно да се раствори со неколку капки вода.
    Наместо екстрат од ванила, може да се додаде екстрат со арома на јагода, малина или по вкус.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 16:15
    Празнични елка мафини

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow - - Празнични елка мафини


    Состојки
    2 јајца
    150гр. шекер
    100мл. млеко
    1 пециво
    6 лажици масло
    150гр. брашно
    за филовање
    150гр. шлаг крем
    зелена прехрамбена боја
    украси по желба

    Новогодишни мафини елкички спремени за приредбата на син ми на училиште.
    Јајцата избијте ги пенесто заедно се шеќерот, додадете го брашното, пецивото, маслото и млакото млеко. Матете уште малку и смесата ставете ја калапите и печете на 190 степени 20 минути.Кога мафините ќе се изладат декорирајте ги со претходно избиениот шлаг во кој сме додале и боја,а некои оставете ги и бели.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 16:52
    Празнични чоко-ѓумбир лижавчиња


    https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE-%D1%93%D1%83%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D1%80-%D0%BB%D0%B8%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Празнични чоко-ѓумбир лижавчиња


    Состојки
    За лижавчиња
    100 гр темно чоколадо
    1/2 лажичка ѓумбир во прав
    2 лажици млеко
    1/2 лажиче путер
    За декорација
    50 гр печени лешници
    1 кора кандиран портокал
    30 гр кандиран ѓумбир
    По потреба
    5 дрвени стапчиња

    Чоколадото заедно со млекото и ѓумбирот го топите на пареа неколку минути. Откако ќе се соединат го додавате путерот и мешате додека се стопи.
    Потоа во калапчиња по желба ставате од стопената смеса и врз секое од нив додавате кандиран ѓумбир со портокал и кршени лешници.
    Ставате неколку минути во комора и ги вадите лижавчињата.
    Со стапчињата внимателно правите дупка во средина на лижавчето и го зацврстувате со уште стопено чоколадо доколку има потреба.
    Можете ова да го правите и на хартија за печење доколку сакате кружни форми кои нема да се многу дебели. Јас за побрзо, ги правев во силиконски калапчиња обложени со хартија за свежа храна за полесно вадење.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Декември.2017 во 17:00
    Домашни празнични лижавчиња

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Домашни празнични лижавчиња


    Состојки
    60 мл. слатка павлака
    100 гр. бело чоколадо
    25 гр. путер
    50 гр бел еурокрем
    120 гр печени мелени кикирики (без лушпа)
    120 гр. мелени плазма бисквити
    за украсување
    70 гр шеќер
    неколку капки црвена прехрамбена боја
    50 гр. растопено бело чоколадо
    фондан за изработка на украсите
    Детска радост се овие лижавчиња, украсни за на Новогодишната трпеза и вкусни за децата. Подготовката им е брза и многу едноставна.
    
    1. Во сад на тивок оган ставете ја слатката павлака, коцките бело чоколадо, путерот и белиот крем. Постојано мешајте додека сите состојки убаво да се растопат. Во така добиената смеса додадете ги измелените кикирики и плазма бисквити. Калкулирајте со количинити за да добиете смеса од која ќе можете да формирате бомбици. Јас овој пат сомлев буквално се што имаше по дома. Неколку бисквити, неколку суви колачиња, наполитанки...Не се плашете ако смесата ви изгледа мека, зошто со ладењето се стегнува и чоколадото и се добива убава цврста структура.
    
    2. Во сад на страна ставете го шеќерот. Прехрамбената боја (јас користев во прав), растворете ја во неколку капки вода и додадете ја во шеќерот. Измешајте убаво за да се обои. Од смесата формирајте топчиња со големина на орев и валкајте ги во обоениот црвен шеќер.
    
    3. Во сад на тивок оган со 1 мала лажичка масло растопете го и остатокот од белото чоколадо. Искористете стапчиња за ражничи или некои потенки цевки. Врвот на секое стапче потопете го во растопеното чоколадо и на него прицврстете го секое од направените топчиња. Со тоа ќе спречите топчињата да се одвојат од стапчето.
    
    4. Во соодветна чашка или на парче стиропор ставете ги готовите лижавчиња. Врз горната страна ставете од остатокот растопено чоколадо и украсете по желба ( со трошки, чоколадни топчиња, кокос, со дел од обоениот шеќер или со фигурички од фондан). Оставете убаво да се изладат и стегнат.
    
    На здравје




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 29.Декември.2017 во 14:15
    Ангели- Божиќни колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow -

    Состојки
    500 гр брашно
    250 гр шеќер
    1 паковка ванила шеќер
    250 гр путер
    2 јајца
    1/2 паковка пециво
    1 паковка фондан во бои

    Едни колачиња кои вредните рачиња на децата од градинките ги спремаат за Божиќ.Еве ги спремив и јас.
    Се замесуваат брашното со путерот.
    Се додаваат јајцата и останатите состојки.
    Се меси убаво меко тесто, кое се остава да се излади во ладилник.
    Кога тестото е ладно и стврднато, се развлекува кора и се вадат фигури на ангели.
    Веднаш се редат на хартија за печење и се печат во загреана рерна.
    ако не можете да стасате во изработката, вратете го тестото во ладилник.
    Така нема да ви се пушти и ќе можете да го изработите убаво.
    Откако ќе ја добијат злаатестата боја, вадете ги колачите.
    Нека изладат добро.
    Растегнете кора од фонданот и вадете делови за фустанчето,а потоа оформете му го и главчето на ангелчето.
    Ги направив едноставно, без премногу декор.
    Нас ќе ни ја збогатат новогодишната трпеза, а вие решете само дали ќе ги приготвите.
    На здравје






    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 29.Декември.2017 во 14:16
    Божиќни украсни колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow - - Божиќни украсни колачи


    Состојки
    2 чаши брашно
    2 лажички прашок за печиво
    1/2 лажичка сол
    100 гр путер
    1 чаша шеќер во прав
    1 лажичка ванила екстракт
    1 јајце
    Декорација
    2 белки
    2 чаши шеќер во прав
    1 лажичка сок од цеден лимон
    1 лажичка зелена прехранбена боја

    1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса.
    
    2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко.
    
    3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап.
    
    4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени.
    
    5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица.
    
    6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба.
    
    * Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 29.Декември.2017 во 14:19
    Украсни суви колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow - - Украсни суви колачи


    Состојки
    100гр. несолен путер
    100гр. шеќер во прав
    1цело јајце
    250гр. брашно
    5-6 парчиња зрнест кардамом
    5-6 зрна анасон, малку кора од портокал
    ројал ајсинг
    50гр.топено чоколадо за декорација

    Суви колачиња, повторно за предлог едно подолго траат друго преубаво изгледаат совршени за скоро секоја пригода, овајпат збогатени со вкусот на кардамом и анасон.
    Путерот на собна температура, како и сите останати состојки, се меси тесто кое откако ќе се изедначи се остава 1 саат во фрижидер. Се танчи кора на 5мм. која одгоре се посипува со шеќер во прав. Се вадат формички со форми по желба, се печат на 175 сосема малку да заруменат.
    Кога се изладат готови се за украсување. Ројал ајсингот е оној кој го објавив во еден од претходните рецепти, тука додавав топено чоколадо (над пареа), украсете по избор.
    
    Среќни ви празници од мене.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 29.Декември.2017 во 14:20
    Украсни елки со локум

    https://moirecepti.mk/post/%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B8" rel="nofollow - - Украсни елки со локум


    Состојки
    100 гр бело чоколадо
    50 гр лешници
    50 гр сушена брусница
    150 гр локум
    150 гр шеќер во прав
    зелена и црвена прхрамбена боја
    шеќерни ѕвездички, кокос

    Слатки и декоративни елкички кои ќе ги израдуваат вашите најмили и ќе ја збогатат вашата новогодишна прослава. Ова беше една успешно реализирана идеја за што пошарена и украсна новогодишна трпеза.
    
    Подготовка
    1. Чоколадото го топиме на најниска температура и потоа ги ставаме сечканите лешници и брусница. Промешуваме и смесата ја оставаме да се подизлади.
    2. Откако малку ќе стегне ја ставаме помеѓу најлонска фолија и од смесата формираме триаголник, кој го оставаме на ладно, по можност во замрзнувач. Ако имате калапи за тоблероне колачи уште поубаво, ставете ја смесата во нив.
    3. Од локумот и шеќерот во прав замесуваме смеса, од која на 1/3 од неа и ставаме зелена боја растворена во 2-3 капки вода, а останатата смеса ја оставаме бела.
    4. Од зелената локум смеса сукаме со помош на шеќер во прав тенка кора, со која ја обвиткуваме црвената веќе стегната смеса. Претходно го навлажнуваме зелениот дел за да се залепи убаво локумот, ама во многу тенок слој. Над зелениот дел ја обвиткуваме белата расукана кора. Ги измазнуваме сите три страни и го оставаме ролатот да се стегне.
    5. Над белиот дел со четкичка премачкуваме малку вода и посипуваме со кокос. Ова може да се направи и со секоја елкичка посебно. На врвот ги украсуваме со шеќерни ѕвезди.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 13:43
    Нутела бисквити

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - - Нутела бисквити


    Состојки
    100 гр. Нутела
    200 гр. брашно
    1 жолчка
    100 гр. путер
    50 гр. шеќер
    1 лажичка какао
    1/2 лжичка прашок за печиво
    малку сол

    Ставете ги сите состојки во сад и месете се додека не добиете мазно тестото за бисквити. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути или подолго (јас секое тесто за бисквити го оставам во фрижидер преку ноќ, бидејќи тестото тогаш е многу поубаво и поароматично).
    Се развива кора со дебелина од околу 5мм и се сече со калапчиња. Печете околу 6-8 минути на 170 ° Ц.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 13:45
    Медењаци со млеко и сода

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%86%D0%B8-6" rel="nofollow - Состојки 4 жолчки 1 цело јајце 2 чаши од јогурт мед 1 иста чаша шеќер 1 иста чаша зејтин 1/2 чаша млеко 40 гр сода бикарбона 3 кес. ванилин шекер 2 рамни лажици зачин за медењаци (рецепт подолу) 1 кг брашно

    1. Во еден поголем сад се мешаат сите состојки освен брашното и содата.
    2. Се додава брашното, предходно измешано со содата. Се меси додека почне да се одделува од ѕидовите.
    3. Се става на даска за месење посипана со брашно и лесно се промесува.
    4. Се прават три топки, се замотуваат во најлон фолија и се ставаат во фрижидер да одстојат 1 час (најдобро е една ноќ).
    5. Се сука кора на набрашнета површина, во дебелина од 1/2 см и се вадат модлички по желба.
    6. Се редат во плех со пек папир и се печат 10 мин. на 180 ст. Ц. Кога ќе се испечат се чека малку да се оладат, па се вадат.
    7. Изладените медењаци се шараат по желба со глазура од белка и прав шеќер.
    
    Рецепт за зачин за медењаци
    3 лажичиња цимет
    3 лажичиња ѓумбир во прав
    1/2 лажиче свежо сомелено морско оревче
    1/2 лажиче мелено каранфилче
    1/2 лажиче свежо сомелен црн бибер
    1 лажиче семчиња од анис(јас немав, па не ставив и ништо не изгуби зачинот).
    Се се меша и се става во тегличе, добро затворено.
    Зачин за медењаци има готов, ама јас овде не можев да го најдам, па затоа ја направив оваа мешавина.
    
    Глазура (Роајал ајсинг)
    1 белка
    250 гр шеќер во прав
    малку лимунов сок или оцедт
    Во стаклен или метален сад се мати белката и полека, лажица по лажица се додава шеќерот. На крај се додава лимоновиот сок и ако треба да се разреди се додава уште по малку од сокот.
    
    Веке подолго време мојот мал уметник ме гњави да ги направиме овие колачиња и конечно дојдоа на дневен ред. Таа веќе купила калапчиња-човечиња и приготвувањето почна одвечер. Мое беше да го направам тестото, а вадењето формички и украсувањето на медењаците, остана за уметникот. Со какво воодушевување го работеше тоа, што почнав да чувствувам грижа на совест зошто порано не и ја исполнив желбата. Така, медењаците не само што се со извонреден вкус (баш како купечки, хахаха), туку и се вистински празник за очи.
    
    
    .



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 13:56
    Празнични колачи за 2014г


    Празнични колачи за 2018

    Состојки
    4 жолчки
    1 цело јајце
    2 чаши од јогурт мед
    1 чаша од јогурт масло
    1 чаша од јогурт шеќер
    1/2 чаша од јогурт млеко
    1 полна лажица сода бикарбона
    2 лажици ванила
    2 лажици цимет
    1кг брашно
    Бела глазура-ројал ајсинг
    1 белка од јајце
    250гр шеќер во прав
    сок од 1 лимон
    Секоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа.
    
    Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки.
    
    Глазура
    Белката се мати на средна брзина со миксер и постепено се додава шеќерот во прав. Треба да се добие густа смеса и постепено се додава малку лимонов сок(1лажица) Да не биде многу ретка смесата. Се става во кеса се засечува на врвот и се украсуваат колачињата.
    Ако сакате може да се стават и прехрамбени бои и смесата за украс да биде во различни бои.
    Срекни празници!
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 13:58
    Бисквит празнични колачи

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8" rel="nofollow -

    Состојки
    100гр. маргарин
    220гр. брашно
    1 кесичка ванила
    1 белка
    5 лажици шеќер
    1 кора рендана од портокал
    1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
    за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
    1 белка од јајце
    200гр. шеќер во прав
    1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
    Користени Делимано производи

    Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завива во фолија за свежо и се остава во фрижидер половина саат. 
    Се вади од фолјата и на работна површина се сука кора од тестото, дебелка 4 мм. од прилика кога ја сукате посип најгоре од шеќер во прав и најдолу на хартија за печење (пек папир) за да не се лепи. 
    Со модлици се вадат форми. 
    Всушност таа шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема по следниов начин:
    белката се мати со вилушка, се додава постепено половината шеќер, сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Смесата линее по малку (таа е конзистенцијата) добра основа за премаз на бисквитите. Натаму во базичниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој користи за образување на контурите на колачите. Остатокот се е до имагинацијата.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 14:00
    Шарени божиќни ѕвезди

    https://moirecepti.mk/post/%D1%88%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8" rel="nofollow - Состојки 250гр. брашно на врв на нож прашок за печиво 100гр. шеќер 1 пакетче ванилин шеќер на врв на нож мелен цимет на врв на нож мелено каранфилче на врв на нож мелен кардамом на врв на нож мелен анис 1 јајце 125гр. путер омекнат Глазура 100гр. чоколадо за готвење 1 лажиче зејтин шарени шеќерни перли

    Сите состојки за тестото заедно со зачините ставете ги во еден длабок сад и изматете ги со миксер со спиралните маталки. На крај измесете ја смесата со раце за да добиете мазно тесто.
    Работната површина набрашнете ја и развлечете тенка кора од тестото. Со модлици во две различни големини вадете ѕвезди (ист број од двете форми). Ставајте ги во плех на хартија за печење и печете ги 8-10 минути на 180° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат оставете ги убаво да се оладат.
    За тоа време подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со зејтинот ставете го на пареа да се стопи.
    Големите ѕвезди премачкајте ги со глазурата и одозгора ставете ги малите ѕвезди така да се гледаат аглите од големите ѕвезди кои ќе ги наросите со шеќерните шарени перли.
    Оставете ги да се стегне чоколадната глазура па потоа послужете.
    Затворени убаво во кутија можат да траат 3-4 недели.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 14:02
    Новогодишни стаклени ѕвезди

    https://moirecepti.mk/post/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8" rel="nofollow - Состојки 200 гр путер (маргарин или маслац) 75 гр шеќер 1 пакетче рум шеќер 2 лажици мед 325 гр оштро брашно за колачи 2 лажици какао 1/2 лажиче цимет различни бои стаклени бомбони без полнеж

    Путерот на собна температура се мати со шеќерот и рум шеќерот додека не се растопат. Се додава медот додека убаво не се поврзи и на крајот брашното предходно измешано со останатите суви состојки. Се меси тесто, кое се става во фолија и потоа во фрижидер да одстои 30-45 минути.
    
    Оладеното тесто се развлекува во кора со дебелина од половина см (јас малку ги приистанчив) и со ѕвездести модли се вадат форми. Во средината на секое колаче со помал калап се прави дупка. Ако немате помало калапче со ѕвездест облик, можи и некое кружно или некоја тапа од шише добро ќе заврши работа.
    Тестото знае да е малку неблагодарно за работа, но откако ќе го совладате, се добива совршен резултат.
    
    Бомбоните предходно се ставаат во цврста подебела кеса и со тврд предмет, како оклагија или толчник се кршат на поситни парчиња.
    Во средината на секоја ѕвезда се става од кршените бомбони.
    
    Ѕвездите ги печиме во загреана рерна на 180С 12-15 минути.
    Печени, ги оставаме да подоладат и стакленоста од бомбоните да се стврдни, па ги вадиме внимателно и складираме на темно и суво место, т.е. во добро затворена кутија.
    
    * На секоја ѕвезда пред да ја ставите за печење можи да и направите со стапче за ражнич дупка, така што потоа откако ќе се испечи да и врзите украсна лента и да ја наредите елката или пак да подарите некому лампион-колаче.
    
    „„ Бирајте стаклени бомбони без полнеж и со сјај, ако сакате да добиете изглед на вистинско стакло на колачињата.
    Уште една финта за добивање на добар стаклест изглед е кога ги ставате дробените бомбони да внимавате да го правите тоа да е во средината на отворота да избегнувате тие да ги допираат ѕидовите, бидејќи ако целосно рамномерно го исполните отворот, маста од колачето во текот на печењето ќе се измеша со бомбоната и наместо стаклест ќе се собие заматен прозор.
    Внимавајте и колку ги полните, оти ако ставите одповеќе ќе се разнесат и врз делот на кексите, како што тоа мене ми се случи на неколку.
    
    




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 14:04
    Божиќен куглоф

    https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D1%84" rel="nofollow - - Божиќен куглоф


    Состојки
    100гр. суви урми
    100гр. суви смокви
    100гр. суви кајсии
    50гр. сечкани лешници
    50гр. сечкани ореви
    50гр. сечкани бадеми
    100гр. сечкано мешано кандирано овошје + 3 лажици брашно
    4 лажици рум
    130гр. путер
    4 јајца
    200гр. шеќер
    2 пакетчиња ванилин шеќер
    100гр. брашно
    30гр. густин
    1 рамно лажиче прашок за печиво
    1 лажиче мелен цимет
    1 лажиче сол
    За украсување
    100гр. сечкано мешано кандирано овошје
    неколку јатки ореви
    4 лажици мармалад од портокали (или од кајсии)

    Сувото овошје и јаткастите плодови исечкајте ги и ставете ги во еден длабок сад. Додадете го и мешаното кандирано овошје, ставете го румот и убаво промешајте. Поклопете го садот и оставете така да отстои 1 час. Откако овошјето ќе ги впие румот додадете ги трите лажици брашно и убаво промешајте.
    Путерот стопете го на тивок оган. На страна, брашното промешајте го со густинот, пецивото, солта и циметот. Јацата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете го брашното па потоа и стопениот путер. На крај, со шпатула измешајте го и сувото овошје.
    Смесата ставете ја во намастен и набрашнет калап за куглоф. Печете на 175° во претходно загреана рерна, околу 75 минути.
    Откако ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го колачот 15 мин. во калапот, па потоа префрлете го на тањир.
    За украсување, мармаладот процедете го низ ситеста цедилка, загрејте го во тенџере на среден оган. Премачкајте го целиот куглоф и украсете го со јатки од ореви и мешано кандирано овошје.
    По желба, може да го прелиете колачот со 100гр. шеќер во прав во кој сте измешале 2-3 лажици рум. Во тој случај изоставете го мармаладот.





    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 14:07
    3Д елки

    https://moirecepti.mk/post/3%D0%B4-%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B8" rel="nofollow - - 3Д елки


    Состојки
    3 јајца
    120 грама шеќер во прав
    120 грама маргарин
    14 супени лажици брашно
    1 пециво
    1 ванила
    1 мал финџал суво овошје ( брусница, кајсија, суво грозје....)
    2 реда чоколадо за готвење
    1 рака ореви
    кора од половина портокал
    200 грама бело чоколадо за готвење
    200 грама лупени семки од тиква
    1 мало лажиче брашно

    Конечно си ги подигнав калапите за мафини и одма да се искористат. Овој рецепт го имав запишано уште од лани и сега му дојде редот. Прв пат го правев и таман дојде како мала пракса пред празниците .
    
    1. Најпрво јајцата и шеќерот во прав ги матиме со миксер. Потоа го додаваме маргаринот кој треба малку да е подстопен и продолжуваме да матиме со миксерот. Одкако смесата ќе се соедни го исклучуваме микерот и понатаму мешаме со лажица.
    2. Ги додаваме брашното, пецивото, ванилата и кората од половина портокал и мешаме со лажица и на крај ги додаваме оревите, чоколадото исецкано на ситни парчиња ( не рендано за да се осети вкусот ) и сувото овошје. Јас користев брусница и кајсии меѓутоа може да се стави и друго по ваш избор.
    3. Од хартија за печење правиме конуси и ги прицврстуваме со чепкалки кои претходно сме ги потопиле во вода. ( слика )
    4. Калапите за мафини ги полниме со брашно и убаво го стегаме брашното. Прво на средина со нож правиме мал отвор ( бидејќи брашното треба да е збиено) и ги ставаме конусите со врвот надолу. (слика)
    5. Смесата ја ставаме во готварски шприц и ги полниме конусите 3/4 да не се скроз догоре бидејќи ќе пораснат во печењето. Треба да работите многу внимателно. Доколку имате некои повисоки садови или чаши кои се огноотпорни можете конусите во такви да ги правите.
    6. Јас направив 6 елки и 6 обични мафини.
    7. Печеме во загреана рерна на 170-180 степени околу 10-12 минути зависно од рерната.
    8. Кога се готови елките ги оставаме да се оладат.
    9. Во меѓувреме семките од тиква со нож ги сецкаме на ситни парчиња. Оригиналниот рецепт беше со фстаци ама некако скапо ми се гледаше и одма друга алтернатива се најде.
    10. Белото чоколадо го топиме на пареа. На елките им ја отстрануваме хартијата и ги ставаме на рамна површина со врвот нагоре. Доколку не можат да стојат пресечете малку од долниот дел.
    11. Секоја елка со лажица ја премачкуваме со бело чоколадо ( не мора многу колку да подбели) и одма ги валаме во семките од тиква за да се залепат и ги оставаме да се стврдне чоколадото. Одгоре на секоја елка со лажица ставаме по малку од чоколадото за да изгледа како снег и оставаме слободно да се разлие.
    12. За украсување може да користите разни бисерчиња како лампиони, а јас ги украсив вака. Во еден финџал ставив едно лажиче брашно, едно лажиче шеќер во прав, малку црвена прехрамбена боја и малце вода и мешаме колку да се добие погуста смеса. Од хартија правиме мал конус со мал отвор , ја ставаме смесата внатре и ги украсуваме елките со лампиони.
    И ете готови се за послужување.
    На здравје !




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk