IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:56
Новогодишна елка торта од Пандоро

Новогодишна елка торта од Пандоро


Состојки
1 Пандоро
250гр. маскарпоне
100гр. шеќер во прав+ за наросување
150гр. ладно млеко
75гр, прашок за шлаг пена

Јас знам дека во МК Пандоро нама во продажба, но ако си го набавите или добиете на поклон пригответе си го на овој начин нема да се покаете превкусно е!
Пандорото расечете го хоризонтално на 7 парчиња ( види дополнителни фотографии).
Во сад за матење со миксер изматете го ладното млеко и прашокот за шлаг пена околу 5 -6 минути. Со лажица измешајте го шеќерот во прав и маскарпонето. Потоа соединете ги двете смеси и измешајте ги со шпатула.
Филувајте го пандорото, пандишпаните редете ги секогаш спротивно со краевите за да може да ја формирате елката. На крај тортата елка наросте ја со шеќер во прав.
Пслужете ја тортата ладна.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:58
Мојата новогодишна торта - Дрво торта

Состојки
тесто
6 белки
4 лажици шеќер
6 жолчки
3 лажици шеќер
2 лажици брашно
150гр мелен орев
1/2 лажиче пециво
бел фил
150гр слатка павлака
50гр путер
100гр мелен потпечен лешник
црн фил
160гр црно чоколадо(70% какао маса)
200мл слатка павлака
За кора на дрвото потребно е 200 гр црно чоколадо,4 лажици масло.
За премачкување на ролатот потребно е 160 мл слатка павлака и 120 гр црно чоколадо. Сок од пола портокал за попрскување на кората
Шеќер во прав за декорација ( снег)

Пожелно е прво да се направи декорацијата од чоколадо, за да се стегне убаво.
Над пареа ги растопуваме чоколадото со маслото.
Сега земаме хартија за печење, со големина на плехот.
Цело чоколадо го истураме врз хартијата, убаво на секаде.
Одма покриваме со уште еден лист хартија и додека е топло виткаме ролна.
Ја оставаме на рамна површина да се стегни убаво.
Сега во една вангличка ги ставаме жолчките, го додаваме шеќерот и матиме до побелување.
Во друга вангличка ги ставаме белките, матиме и постепено го додаваме шеќерот.
Матиме се додека не добиеме цврста смеса.
Во еден тајнир ги соединуваме брашното и оревите.
Внимателно, со лесни движења во еден правец ги соединуваме белките, жолчките, оревите, пецивото и брашното,.
Ја истураме смесата врз хартија за печење, во правоаголен плех од шпоретот и печиме некои 15 минути.
Го вадиме од рерна и оставаме така да се излади. Не го виткаме во ролат.
Сега го подготвуваме белиот фил.
Во вангличка ја ставаме слатката павлака и ја матиме во не многу цврст крем
Го додаваме мекиот путер и кратко соединуваме.
Ги додаваме мелените, печени лешници.
Соединуваме.
Овој крем го нанесуваме врз испечената, изладена кора рамномерно размачкувајќи.
Сега го спремаме црниот фил
Во касерола ја налеваме слатката павлака да се загрее, но не и да проврие.
Тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо.
Промешуваме да се изедначи.
Го ставаме на ладно (на тараса идеално, со оглед на студот).
Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
Овој крем го нанесуваме врз белиот фил.
Сега виткаме ролат.
Го завиткуваме во фолија и го чуваме на ладно барем 3-4 часа.
Го одвиткуваме од фолијата и одозгора го попрскуваме со сок од исцеден портокал.
Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и промешуваме.
Кога е изладена смесата ја матиме со миксер.
Ја ставаме во готварски шприц и го декорираме одозгора ролатот.
Сега ја одвиткуваме ролната со растопеното чоколадо.
Врз филованиот ролат ја поставуваме кората на дрвото (добиените ленти чоколадо)
Завршуваме по сопствена желба со малку шеќер во прав, шишарки.......
Уживајте во ова убаво и декоративно Новогодишно дрво.
Среќна Нова година .



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 20:06

Вкусни црно-бели елки


Овие колачиња се мошне едноставни, вкусни и декоративни за вашата празнична трпеза.

Во продолжение ви го презентираме рецептот, а вие можете да си играте со декорацијата дополнително ако сакате, оставаме на вас.

Состојки (за 15-тина бисквити):

- 239 гр.путер

- 3/4 шолја (до 250 мл) шеќер во прав 

- 1 шолја течен мед 

- 1 јајце 

- 5 шолји обично брашно (неколку лажици брашно можете да ги замените со неколку лажици какао) 

- 1 лажичка сода бикарбона 

- 2 ќесички зачини за бисквити (цимет, ѓумбир, афион... - може мешано или само еден) 

- малку сол 

За „снегот“:

- 4 белки 

- 4 шолји шеќер во прав 

- 2 лажички екстракт од ванила 

Начин на подготовка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура. 

Помешајте ги брашното, какаото (ако го користите), сода бикарбона, зачините и солта.  

Со миксер изматете го путерот и шеќерот во право. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете и мед и повторно мешајте. Потоа, додадете и јајце и со мискерот продолжете да мешајте додека не се соедини. Миксот сувите состојки, додавајте ги постепено и мешајте, додека повторно сè не се соедини. 

Добиеното тесто ставете го на работна површина, на која претходно се наросиле малку брашно. Со сукало обликувајте го тестото во голем, мазен круг. Потоа, завиткајте го во фолија и оставете во ладилник 2 до 4 часа (може и 24 часа). 

Тестото од ладилник развлечете го во голем, тенок круг, па со модли правете бисквити во облик на цветови или ѕвезди. Внимавајте, потребни ви се и помали и поголеми модли за бисквити. Супер е ако имате 3 или 4 различни големини. 

Бисквитите наредете ги во подмачкан плек и печете околу 8 минути, во рерна загреана на 200 степени. На помалите бисквити можеби ќе им бидат доволни и 5 минути. Потоа извадете ги и оставете да се изладат. 

Додека се ладат, вие подгответе го „снегот“. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер во прав и ванила. Мешајте го тоа додека не добиете цврста смеса.  

Потоа, составете ја новогодишната елка. Најголемиот бисквит ставете го на дното на тацната. Преку него, на средина ставете 1 лажица „снег“, па покријте го тоа со помал бисквит и продолжете да редите по тој редослед, додека не добиете елка. Најмалиот бисквит нека ви биде ѕвездичка на врвот на елката. 



Изменето од Valerija - 25.Декември.2017 во 20:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2017 во 17:01
Грчки Божиќни медењаци (меломакарона)

Грчки Божиќни медењаци (меломакарона)


Состојки
500 г брашно
1 шоља масло
1 шоља шеќер
1/2 шоља цеден сок од портокал
1/2 шоља коњак
1 прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1 голема лажица мед
1 лажичка цимет
1/2 лажичка каранфилче
200 г ореви
Шербет
3 шољи шеќер
3 шољи вода
1 голема лажица мед
Ова е најубавиот рецепт за медењаци кој сум го пробала. Прекрасни колачи кои се топат в уста, со заносна арома на цимет, мед, портокал...

Прво се прави шербетот и се остава да се олади.
Се замесува тесто од сите состојки и се формираат медењаци во саканата форма. Се печат околу 30 мин на 180 степени и откако ќе се испечат, дур се жешки се прелеваат со ладниот шербет, се оставаат 1 минута и се префрлаат во друг сад и се наросуваат со толчени ореви.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2017 во 17:04
Божиќна торта (Жито торта)


Божиќна торта (Жито торта)


Состојки
Кори (Состојки за 1 кора, потребни се 4 кори)
3 белки
3 лажици шеќер
3 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
Фил
650мл млеко
9 лажици шеќер
12 жолчки
4 лажици брашно
250гр путер
250гр шеќер во прав
300гр мелени ореви

Рерната загрејте ја на 200 степени. Модла со пречник од 24см премачкајте ја со малку зејтин и ставете на дното хартија за печење.
Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата убаво ќе згусне, додадете ги оревите и брашното. Промешајте кратко и истурете ја смесата во модлата. Печете 12 мин. Проверете со чепкалка дали е тестото печено. На истиов начин испечете вкупно 4 кори.
Фил
Од вкупната количина на млеко одвојте 200 мл и измешајте го со жолчките и брашното. Во другото млеко додадете го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките и на средна темература варете го филот. За цело време мешајте енергично со жица за матење. Внимавајте да не ви загорат жолчките, по потреба намалете ја температурата. Откако се сварил и згуснал како пудинг, ставете стреч фолија врз површината на филот и оставете го потполно да се излади.
Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто, додадете го филот од жолчки и оревите. Измешајте убаво и оставете ја смесата половина час во фрижидер.
Филувајте ја секоја кора и одозгора украсете по желба.
Јас бидејќи украсував со фондан, филував три кори, последната ја премачкав со крем од путер, за кој рецепт имам поставено овде на странава.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2017 во 17:06
Австриски медењаци

Австриски медењаци


Состојки
200 гр. мед
10 гр. шеќер
90 гр. фруктоза (овошен шеќер)
10 мл. вода
250 гр. меко брашно
1 лажичка пециво
250 гр. спелтино брашно
12 гр. сода бикарбона
1/2 лажичка цимет
2 лажички мешавина од зачинки - ѓумбир, мускатно оревче, каранфилче
1 јајце
70 мл. млеко
50 гр. омекнат путер
Премаз
2-3 лажици млеко
Глазура
1 белка
200 гр. просеан шеќер во прав
2 лажици сок од лимон

- Во сад загрејте го медот со шеќерот, фруктозата и водата се додека не се стопи шеќерот. Оставете да олади.
- Измешајте го брашното со пецивото и просејте го во садот за месење.
- Измешајте ја содата бикарбона со спелтиното брашно и вака измешано додадете кај претходното брашно и пецивото. Додадете го јајцето, циметот, млекото, мешавината од зачинки за медењаци, путерот омекнат на собна температура, оладената смеса од стопениот шеќер. Со помош на миксерот со додатоците за месење на тесто целото тоа миксајте го. Ќе добиете убаво компактно тесто кое ќе го покриете и оставете на ладно да стои 2 часа.
- Одстојаното тесто расукајте го тенко околу 5 мм. на побрашнета површина, со модли сечете ги фигурите и мотивите. Ставете ги во плех кој ќе го подмачкате лесно побрашнете. Премачкајте ги медењаците со млекото и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, печете ги околу 10 мин. со лесно подотворена врата на рерната (сосема малку да биде подотворена).
Глазура
- Во сад со миксер сматете ја белката додека е уште мека почнете да додавате лажица по лажица од шеќерот, додадете на крај и сокот од лимонот. Откако сте ја изработиле покријте го садот со глазурата со влажна крпа и нека одстои околу 20 мин, како би се глазурата опуштила. Потоа ставете во кеса или шприц пригоден со додатокот за шарање и вашата умешност околу украсувањето ќе биде на дело.
Напомена
- Овие медењаци за тие како мене што едвај ќе исцртаат некоја слатка, препорачувам и едноставо да ги прелиете со чоколадна глазура, па потоа шарајте по нив или лепете некои шеќерни фигурки, перли... Може да си ги направите и стаклени - при печењето искршете од тврдите бомбони во која боја сакате, пополнета ја празнината која е направена со сечењето на формите. Додека се печат ќе се стопи и еве ги декорирани. Медењаците веднаш се меки, ако можете да ги сокриете во ред...ако не... ќе има пак спремање.
Овој рецепт од мојата драга Зо - имам овде постирано нејзин рецепт за фамозните и прекрасните Крешенти... таа ми кажа дека овој рецепт е од нејзината пријателка Хеиди со која таа несебично разменува рецепти. Благодарам Зо,
Драги мои.... Среќни празници,


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2017 во 16:09
Божиќни мињони

Божиќни мињони


Состојки
Глазура
150 гр темно чоколадо
2 лажици масло
Смеса за мињони
300 гр бисквити
1/2 лажичка ѓумбир
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка мешавина мускатно оревче и каранфилче
1 лажица арома рум
3 лажици какао
50 гр сецкани тостирани ореви
100 мл млеко (по потреба, зависно од бисквитите)
3 лажици шеќер
70 гр маргарин

Овие превкусни мињони се доста декоративни и лесни за подготовка и се со неодолив мирис и вкус. Може да се подготват со бисквити и зачини, како во овој рецепт или пак да се користат спекулас бисквити кои веќе се зачинети. Нема да погрешите и во двете верзии.

1. Млекото се загрева заедно со шеќерот, за да се стопи. Поедноставната верзија е со шеќер во прав, за полесно да се стопи и да не крцка.
2. Бисквитите се мелат во сецко на ситно. Оревите се додаваат кон бисквитите, сите зачини и какаото и сето тоа се меша.
3. Потоа додате го млекото и аромата рум и исецканиот маргарин. Сетоа тоа убаво се замесува. Ако ви е сува смесата додадете уште млеко.
4. Стопете го чоколадото со маслото и оставете малце да се олади.
5. Во силиконски калапи за мињони, ставете го растопеното чоколадо. Наполнете ги 1/3 калапите. Оставете да се олади и стегне чоколадото на 10-15 мин, во замрзнувач.
6. Останатиот дел од калапите пополнете ги со смесата за мињони и повторно вратете во фрижидер, убаво да се оладат.

Изладените мињони убаво се вадат од калапите, бидејќи се убаво стегнати и изгледаат доста декоративно за на празнична трпеза. Вкусот и аромата се неодоливи, бидејќи е одлична комбинацијата!

П
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2017 во 16:12

Медени мафини со фил од марципан


Медени мафини со фил од марципан


Состојки
Мафини
80 гр путер
50 гр кафеав шеќер
200 гр мед
2 јајца
270 гр брашно
20 гр какао
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мелен ѓумбир
1/4 лажичка каранфилче
50 гр толчени ореви
1 портокал сок и кора
1 лажичка ванила
Фил
120 гр марципан
1 лажица мармалад од портокал
1 лажица коњак
1 лажица сок од портокал
2-3 лажици толчени ореви
малку рендана кора од портокал
Ганаш
250 гр бело чоколадо
150 мл слатка павлака

1. Се ренда кората од портокалот и се цеди сокот. Од целата количина отприлика 1 лажица сок и малку од кората ќе во треба за полнењето, а остатокот оди во тестото.
2. Се загреваат медот, шеќерот и путерот да се растопат. Се трга садот од оган па се додава сокот од портокал, просеани сувите состојки, јајцата едно по едно и толчените ореви.
3. За полнењето се мешаат сите состојки и се формираат топченца со големина на орев.
4. Со тестото се полнат форми за мафини со хартиени корпици, се става едно топче со филот од марципан и се дополнува со тестото.
5. Мафините се печат 20-25 мин на 180Ц
6. Кога ќе се оладат се украсуваат со ганаш од бело чоколадо, шеќер во прав и со кандирани цреши.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2017 во 16:15
Мини столлен


Мини столлен


Состојки
Тесто
500 гр. брашно
30 гр. квасец
3 лажици млеко
120 гр. шеќер
2 јајца
80 мл. сок од портокал
125 гр. крем сирење
150 гр. омекнат на собна температура путер
1 ванила
3 лажици рум
1 портокал - ренданата кора од целиот портокал
прстофат сол
на врв на ножот кардамон, мускатно оревче, цимет, или 1 /4 лажичка ал - спице
100 гр. кандиран портокал
50 гр. кандиран ѓумбир
80 гр. суви кајсии
6 лажици сок од портокал
по желба марципан - 100-200 гр.
за премачкување
100 гр. стопен путер
за посипување
80-100 гр. шеќер во прав

Подготовка
- Прво исецкајте го на ситни коцки кандираното овошје, сувите кајсии полијте ги со 6 лажици сок од портокал и тргнете на страна да стојат.
1. Растопете го квасецот со млекото, додадете малку шеќер и брашно, да се активира.
- Во друг сад ставете го брашното, шеќерот, јајцата, прстофат сол, сирењето, сокот од портокалот, румот, омекнатиот путер и со додатоците од миксерот кои се за месење тесто измесете го тестото. На крај додадете ја ренданата кора од портокал и зачинките и кратко само измиксирајте. Ако сакате да ви остане посветло на боја тестото тогаш зачинките ставете ги сосема на крај кога ќе го премесувате тестото. Измесеното тесто покријте и оставете на собна температура да стасува околу 2 часа. Повторно измиксирајте го и пак оставете да стасува околу 45 мин.

2. Стасаното тесто ставете го на лесно побрашнета работна површина. Со рацете развлечете го и по него расподелете го кандираното овошје. Поделете го тестото на толку дела колку што сакате да бидат мали овие вкусни ароматни овошни слатки пецива или сладок леб. Можете и само на два дела и ќе добиете веќе поголем Столлен. Размесете го секое топче и оставете да се одмори околу 10 мин.
3. Со сукало секое поделено тесто кое веќе одстојало десетина минути, само налегнете го на средината. Краевите треба да останат подебели. Доколку ставите марципан кој сте го оформиле во форма на колбас, овде поставете го и само лесно замотајте како кога се мота ролат, но не до крај. Мора едниот подебел крај од тестото да остане слободен. За да не ви се одлепат краевите со малку вода поминете на самиот крај кој се спојува со тестото и притиснете. Ако не ставате марципан, исто постапете, така што ќе го мотате без него.
Ставете го во тава покриена со хартија за печење. Доколку немате мали модлички, тогаш секој приготвен Столлен со трака која ќе ја направите од алу-фолија, замотајте околу него, стиснете ги краевите и тоа ќе биде импровизирана модла која ќе овозможи да се задржи обликот на оформеното тесто.
Оставете да стасува околу 30 мин. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени која веднаш ќе ја намалите на 180 степени откако ќе ставите да се пече. Фолијата ќе ја одмотате од секое парче Столлен откако до половина веќе се испекло, нека се допече до крај без неа.
4. Додека се пече вие растопете го путерот.
- Печениот топол Столлен веднаш премачкајте со путерот, обилно посипете со прав шеќер и ставете на решетка да се лади. Вака со сите парчиња ќе направите. Нека се потполно олади, потоа спакувајте ги мотајки во прозирна фолија, убаво краевите од фолијата прилепете и ако не се изеде веднаш,  дозволете да одстојат повеќе време како би можеле да дојдат до израз зачинките кои сме ги ставиле во тестото. Може вака да стои до 1 месец, колку повеќе стои, толку повкусен е.
Немалку пати вака спакувани во мини форма, столлен, мене ми служеа за Божикни подароци...




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2017 во 20:06
Новогодишна блага елка

Новогодишна блага елка

Празници се ближат....:)


Состојки
За тесто
1 кг. просеано бело брашно
1 коцка активиран пресен квасец
1 кафено лажиче сол
150 гр. шеќер
1 ванила
3 јајца
180 мл. масло
по потреба топло млеко
За полнеж
околу 200гр. нутела или ваш омилен крем
За премачкување
1 белка
малку шербетче
малку путер
малку шеќер во прав

Во просеаното брашно се активира квасецот.
Се додава солта, јајцата лесно изматени со вилушка и помешани со шеќерот и ванилата, маслото и топло млеко по потреба за да се добие средно меко тесто.
Тестото убаво се изработува, се меси некои 10 мин., при што се удира неколку пати од работната површина.
Нежно се премачкува со масло и се покрива со стреч фолија и памучна крпа.
Се остава на топло три пати да го зголеми волуменот.
Потоа брзо и енергично се премесува и се остава повторно да надојди.
Надојденото тесто без премесување се дели на три еднакви дела.
Од секој дел се отвора правоаголна кора.
Се префрлува на хартија за печење која е ставена во намрсен плех за печење.
Се премачкува со кремот.
Се става и втората кора, па крем.
Се става третата кора, без да се премачка.
Се сечи облик на елка.
Странично се рецка од двете страни и делчињата се виткаат спирално по три пати, а како што стеснува нагоре према врвот по два пати.
Тестото надојдува додека се обликова и доволни се уште 5-10 мин., па се премачкува со благо разматена белка и се става да се пече во загреана рерна.
Пред печење ја боцкам со чечкалица на неколку места.
Печењето е околу 40-45 мин. на 180 степени.
Пред крајот на печење, некои 5 мин. се премачкува со шербетче.
После печење со путерче или маргарин.
Кога ќе олади се наросува со шеќер во прав.
На здравје!

/
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2017 во 20:09
Новогодишна елка - блага погача со крем

Новогодишна елка - блага погача со крем


Состојки
500 гр брашно
250 мл јогурт (млако затоплен)
3 лажички шеќер
1 лажичка сол
1 јајце - жолчка за премачкување, белка за замесување
1 сув квасец
50 гр маргарин
250 гр темен лешник крем
20 бонбони за украсување + шеќер во прав


Прекрасна блага погача, која ќе биде одличен декор за Новогодишната трпеза, заедно со солената погача - Новогодишна елка.

1. Се замесува тестото од наведените состојки и се остава да кисне околу 1 час, во затоплена просторија.
2. Тестото се дели на два дела и се расукува во 2 триаглести кори.
*Ако сакате може да се подели и на 3-4 дела тестото и да добиете повеќеслојна погача.
3. Во форма на елка се размачкува кремот. Врз кремот се става и 2рата кора.
4. Со нож сечеме форма на елка, според поредходно нацртана шема.
5. Се сечат „гранките“ на елката и се ротираат во ист правец.
6. Погачата се премачкува со жолчка. Врз гранките декорираме со бонбони како лампиони.
7. Се пече на 200 степени околу 20-25 мин.
8. На крај се наросува со шеќер во прав - може и без него.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 15:40
Божиќни тартуфи


Божиќни тартуфи


Состојки
200 гр. темно чоколадо со голем процент какао
130 мл. слатка павлака
1 голема лажица мед
3-4 големи ла коњак
30 гр путер
1 луто пиперче или малку чили
малку цимет
прстофат сол
1 ванилин шеќер
20 гр. какао

Во касерола се ставаат слатката павлака, медот, ванилата, пресеченото во средината луто пиперче (малку чили) и циметот и се загрева. Пред да зоврие се вади лутото пиперче и се додава чоколадото искршено на коцки се меша на слаб оган додека се растопи целото чоколадо. Потоа се додава путерот, солта и коњакот и повторно се меша додека не се растопи и путерот. Смесата се остава да се олади на собна температура и потоа се става во фрижидер најмалку 2 часа. Од готовата смеса за тартуфи се зема со лажичка и се оформува бомбица која што се валка во какао.

Забелешка
- Смесата за тартуфите е течна додека е топла, откако ќе излади се стегува.
- Пробувајтеја слатката павлака за лутината, ако е потребно извадете го пиперчето порано од смесата.
- Чоколадото треба да биде најмалку со 50 % какао.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 15:45
Посен Божиќен куглов

Посен Божиќен куглов


Состојки
1 чаша сецкани ореви или бадеми, лешници
2 чаши брашно
1 чаша кисела вода
пола чаша шеќер
пола чаша зејтин
1 пециво
1 ванилин шеќер
2 супени лажици цимет
3 супени лажици мармалад од сливи
3 супени лажици какао
100гр сушена брусница
50гр суви урми
Фил
по желба/потреба мармалад од сливи
200гр чоколадо за готвење

Сите состојки заедно се мешаат, а на крај се додава мармаладот и се мемеша со лажица. Истурете ја смесата во калап за куглов и ставете ја да се пече на 175 С околу 1 час.
За да знам дека е сигурно печена си ја проверував со чечкалица. Кога ќе се испече уште топло премачкајте го со мармалад и оставете да се олади до крај.

Потоа растопете ја чоколадата со 3 лажици масло и прелијте го врз мармаладот. Оставете да се стегне чоколадата.Чашата е од 200 мл и се се мери со нејзе. Може да го правите и во обично тавче како торта, по желба.
Овој прекрасен рецепт ми го кажа мојата колешка и многу сум и благодарна .
Прекрасен куглов за Божиќ.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2017 во 15:47
Божиќен куглов

Божиќен куглов


Состојки
300 гр. брашно
150 гр. путер
250 гр. кафен шеќер
3 јајца
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка мешавина од цимет, каранфилче и мускатно оревче (Аллспице)
1/4 лажичка мелен ѓумбир
180 мл. јаболков сок
150 гр. потпечени сецкани ореви
100 гр. кандиран ѓумбир
прстофат сол
1/2 лажичка пециво
Прелив
3 лажици путер
100 гр. шеќер
2 лажици сок од лимон
50 мл. сок од јаболка
1/4 лажичка мелен ѓумбир

- Ставете го во сад омекнатиот путер, матете со миксерот и во неколку наврати додавајте го шеќерот, а со миксерот за цело време се мати. Се додава и циметот, мускатното оревче и мешавината (олспајс) на крај се додава и ѓумбирот.
- Потоа се додава едно јајце и добро се мати. Потоа второто, се мати и на крајот третото јајце. Потребно е добро да се измати.
- Просејте ја потребната количина на брашно, во него додадете го пецивото и солта, почнете полека и наизменично со сокот од јаболка да додавата во веќе добиената смеса, значи ќе ставите малку брашно - малку сок - изматете - и така додека се потроши целата количина од брашно и сок.
На крај измешајте со лажица исецканите ореви и кандираниот ѓумбир.
Вклучете ја рерната во меѓувреме на180 степени.
- Со малку стопен путер премачкајте ја модлата за куглов, па и да ја побрашнете потоа модлата нема да е грешка (напротив - подобро се вади колачот) истурете ја смесата во него, неколку пати удрете ја модлата од работната маса како би се целата смеса рамномерно распределила, ставете да се пече пробувајки во меѓувреме со познатиот за нас начин - чепкалка.
- Кога ќе сметате дека е печено, исклучете рерната и оставете некои 5 мин. да стои, а потоа извадете- нека олади но не потполно, туку доволно за да можете да го извадите кугловот на тацна и да го прелиете со преливот.
Прелив
Додека се пече кугловот, во касерола ставете го путерот да се стопи, додадете го шеќерот и постојано мешајте додека се стопи, да се карамелизира. Кога ќе стане кафен шеќерот (внимавајте да не го изгорите) тргнете настрана, додадете го сокот од јаболка и лимонот, вратете за кратко на оган, тргнете и со него заливајте го кугловот се додека не потрошите целата количина - треба да се впие.
Јас печев во мали модли за куглов бидејки ми беше потребно секое да биде засебно (подароци) - ги подмачкав сите модли, побрашнив - потоа ја истурив смесата.
Можете да печете и во силиконска модла, но времето на печење е поголемо бидејки знаете дека тестата за колачи кои се спремаат со маргарин, путер потешко се печат, па затоа јас во вакви случаи прибегувам кон обичните модли, што не значи дека не може да се истури во тавка било округла било четвртаста... Јас печев 1 час.
- За уште подобар аромат на колачот покрај прекрасните зачини, оревите потпечете ги.
Овој куглов колач навистина ги носи со себе ароматите кои потсетуваат на новгодишните и Божиќните празници...
Весели предстојни празници драги пријатели!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,719 секунди.