IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:30
Божиќна торта со јаткасти плодови

Божиќна торта со јаткасти плодови


Состојки
за прва и втора кора по...
3 јајца цели
6 лажици шеќер
3 лажици врела вода
1/2 кесе печиво
3 лажици брашно
2 лажици мелени ореви
2 лажици мелени лешници
за третата кора...
3 цели белки
5 лажици шеќер
1 лажица брашно
2 лажици печени мелени ореви
2 лажици печени мелени лешници
за фил...
1 пудинг нугат
250 мл. млеко
125 гр. путер
4 лажици шеќер
3 биени жолчки
180мл. слатка павлака
100гр. мелени ореви

Тортата е празнична, едноставна и вкусна. 
Печењето за сите 3 кори е во бр. 30 модла, најдолу под секоја кора користев хартија за печење.
Подготовката на секоја кора е иста и вообичаена. Се бијат јајцата се додава шеќерот, врела вода, брашното помешано со печиво, ореви и лешници кои претходно е убаво да се потпечат ,,на суво,, над шпорет неколку минутки пред да се сомелат. 
Секоја кора се печи на 200 во загреана рерна.
За кората со белки не е потребно печиво. Се бијат белките со шеќер, се исклучва миксерот, се додаваат останатите состојки. Со дрвена лажица се меша и се тура над хартија, се печи исто.

За филот, се бијат жолчките, се става на оган млекото, се додава прашокот за пудинг помешан претходно со малку од количината предвидено млеко. Се додаваат жолчките и на тивко се вари крем. 
На страна се бие путерот,с е изедначуваат заедно со ладен пудинг.

Во погоден сад на оган се ставаат јатки ореви или лешници зависи што ви е по вкус поубаво, да се потпечат на суво, притоа мешајќи. Ладни се мелат.

Во трет сад се бие слатката павлака,се ддава од претходно подготвениот фил во биена сатка павлака, лажица по лажица и на крај се додаваат мелените ореви. На погодна подлога ставаме првата кора, фил, третата кора, фил најгоре втората кора. Се украсува по желба. На здравје.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:32
Божиќна баклава

Божиќна баклава


Состојки
500гр кори за баклава
400гр ораси
5 лажици гриз
250гр маргарин
50 мл масло
За шербет
1 л вода
1 кг шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон
Користени Делимано произво

Во тава се топи маргаринот и се додава маслото за готвење. Потоа се додава и гризот и се готви 3-4 мин.
200гр ораси се сецкаат, 200гр се мелат.
Се зема една кора и врз неа се пропрскува со смесата со гриз и масло. Потоа се ставаат мелените ораси низ цела кора, а на почетокот од кората се редат под линија сецканите ораси. Се зема мало стапче и кората се мора околу него во ролна. Почнувајќи од средината кон краевите се гужва и се става во тава за печење. Зависно од тоа колку кори имате, се распределува смесата и состојките и се редат во ред. Се сече на 4 дела и се става да се пече на 180 степени, половина час.
Во меѓувреме се подготвува шербетот. На оган се става 1 литар вода и 1 килограм шеќер и се вари 5-6 мин, за да се згусне смесата.
Врз испечената и оладена баклава, се става врелиот шербет и се остава да одстои неколку часа пред сервирање.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:35
Медени колачиња - лампиони

Медени колачиња - лампиони


Состојки
Колачи
125 гр путер
100 гр шеќер
125 гр мед
100 мл млеко
300 гр брашно
1 лажичка мелен ѓумбир
1 лажичка цимет
1/2 лажичка каранфилче
1 лажичка пециво
прстофат сол
За украсување
1 белка
200 гр прав шеќер
1 лажичка сок од лимон

1. Путерот се сече на коцки и се става во сад.
2. Шеќерот, сирупот и млекото се загреваат да се растопат и се преливаат преку путерот
3. Се меша се да се растопи и се остава да се подолади, не скроз туку да биде млако.
4. Се додаваат сувите состојки, се замесува тесто и се става во фолија да одстои преку ноќ во фрижидер. Во моментот кога ќе го подготвувате тестото е меко, меѓутоа со стоењето во фрижидер ќе се стегне така да нема потреба да додавате дополнително брашно.
5. Следниот ден тестото се вади од фрижидер и со помош на брашно се расукува тенко, се вадат форми и се печат отприлика 10мин на 175Ц
6. Се оставаат убаво да се оладат па потоа се украсуваат по желба.
7. Смесата за украсување се подготвува едноставно, се мешаат сите состојки за да се соединат.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:39
Лешник колачиња – Лампиони (посно)


Лешник колачиња – Лампиони (посно)


Состојки
2 чаши мелени овесни снегулки
1 чаши мелени печени лешници
1/2 чаша мелени сурови лешници
1/2 чаша кафеав шеќер
1/2 чаша вода
1 ванилин шеќер со вкус на рум
1/4 чаша мелена гранола
1/2 лажичка рогач во прав
1 лажичка мелен цимет
1 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка мелено каранфилче
За чоколаден прелив
100 гр чоколадо
3 лажици масло
1/4 лажичка чили во прав
За украсување
гоџи бобинки, шеќерни перли во разни бои и сл.

Мирисни и вкусни колачиња кои не потсетија дека доаѓаат празници, ама и секој од нас сакаше да си ја присвои кутијата со колачињата. Добро бе, јадете сите колку ви се јаде, пак ќе направам, лесни се за правење!!!

Подготовка
На оган во тенџере ставаме вода и шеќерите. Кога ќе поврие кратко ја тргаме на страна и ги ставаме мелените овесни снегулки и мелените лешници, како и зачините. Формираме смеса. Ја ставаме помеѓу најлонска фолија, поминуваме преку неа со оклагија и вадиме кругчиња кои ги редиме на намрсено тавче или хартија за печење. Ги печеме т.е. сушиме на 100 степени во рерна со уклучен вентилатор 30 минути. Ги вадиме и ладиме.
Чоколадото го топиме на пареа или на сосема ниска температура на рингла и во него промешуваме чили и масло. Секое колаче го потопуваме до половина во чоколадото и украсуваме по желба.

Забелешка
Чашата е 250 мл или 1 cup.
Можете да додадете во смесата и кора од портокал по желба и вкус или пак аранчини. Ако ви е ретка смесата, за да ја формирате додадете од овесните снегулки. Инаку користам делимано тава за печење која воопшто не ја ни намрсив за да ги печам колачињава.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:41
Празнични ѓумбир колачиња

Празнични ѓумбир колачиња


Состојки
125гр путер
1 јајце
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка цимет
1 лажица гликозен сируп или мед
100гр кафеав шекер(или обичен)
околу 350гр брашно(може и 250гр брашно и 50гр густин)
плус
црвена,црна,жолта прехрамбена боја и кокос
за ројал ајсинг
1 белка
околу 200гр шеќер во прав
неколку капки сок од лимон
Користени Делимано производи

Празнични колачиња радости за дечиња. Минатата година ги правев за прв пат, но во форма на ирвасот Рудолф,  а оваа година стомачиња на Дедо Мраз.
Се мати јајцето со шеќерот, се додава маргаринот и на крај сувите сосотојки. Се меси мазно тесто, се остава да отсои 30 тина минути. Се вадат форми со калапчиња и се печат во загреана рерна на 180 степени 5-7минути. Откако ќе оладат се украсуваат со ројал ајсинг (се мати белката со шеќерот во прав и сокот од лимон, додавате шеќер додека не ја добиете посакуваната густина)


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:43
Празнични колачиња (посно)

Празнични колачиња (посно)


Состојки
Тесто
250 гр маргарин омекнат на собна температура
200 гр шеќер
рендана кора од лимон и портокал
12-13 лажици вода
по 2 лажици сок од лимон и портокал
1 лажиче прашак за пециво
500 гр брашно
Други додатоци за во тестото
1 лажиче какао
1 лажиче цимет
по 1/4 лажиче морско оревче, ѓумбир и каранфилче
За декорација
50 гр чоколада за готвење + 1 лажица масло
2 лажици шеќер во прав + лимонов сок по потреба
по потреба шеќерни трошки
Користени Делимано производи


Посни и вкусни празнични, декоративни колачина спремни за дегустирање, а и за поклони за дечиња.
Маргаринот и шеќерот убаво изматете ги со миксер, со маталките за тесто. Потоа додајте го брашното, пецивото, сокот и кората од лимонот и портокалот и водата. Продолжите да матите додека тестото убаво се измеси, изедначи.
Префрлете го на работна маса посипана со брашно и размесете и малку со рака.
Поделете го на два дела.
Едниот дел оставете го така жолт, завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
Во другиот дел додајте го какаото и другите зачини и повторно убаво измесете го да се соединат во тестото. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.

Прво од жолтото тесто на работната маса посипана со брашно развлечите кора дебела околу 5-6 мм и со калапчина вадите форми по ваша желба.
Ставајте ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 10 минути, толку е доволно да останат светли.
Остатоците од тестото премесете ги и правите колачи додека се потроши целото.
Истата постапка повторете ја и со кафеавото тесто.
Јас неколку направив и мали корпиња (се гледаат на сликата).
Со калапче цвет се вади од тестото и се ставаат во мали хартиени корпиња за колачи. Откако ќе се испечат одма им се реди по малку мармалад на средина.

Печените колачина декорирајте ги по ваша желба и замисла.
Некои со стопената чоколада, некои со глазура од шеќер во прав и лимон, со шеќерни трошки и тн.
Од овие колачи направивме и поклончина за деца. По неколку стававме во алуминиумски чинивчина и ги завиткавме со проѕирна фолија и панделка. Навистина беа прерадосни.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:45
Празнични чоколадни колачиња (посно)

Празнични чоколадни колачиња (посно)


Состојки
100гр мелен орев
120гр посни мелени наполитанки со вкус на лешник
100гр посно црно чоколадо
100гр посен црн еурокрем
1лажица масло
100гр посно бело чоколадо, 1 лажица масло за одозгора и чоколадни машнички

Над пареа се растопуваат чоколадото, еурокремот и маслото.
Се додаваат мелените наполитанки и оревите.
Сето убаво се промешува и одма со помош на лажиче се става од смесата во хартиени корпи ( додека е топла)
( одприлика околу 15 кошнички)
Ако треба се порамнуваат со наводенето лажиче или послужавникот се удира од маса еднаш, двапати за да се израмни смесата.
Над пареа се топи белото чоколадо со една лажица масло и се дополнуваат хартиените корпи.
Се декорираат со симпатични чоколадни машнички.
Од остатокот на смесата направив мали долгнавести форми, кои прво ги прелив со растопено бело чоколадо и ги декорирав со чоколадни трошки.
Се редат во хартиени корпи

Изработка на машнички
Се што ви треба е трпение, воља, мало силиконско калапче и чоколадо.
Над пареа растопуваме бело чоколадо со малку масло.
Со мало лажиче ставаме во калапчето и чекаме 3-4 минутки да стегни чоколадото.
внимателно ги вадиме и постапката ја повторуваме.
Во белото чоколадо ставив на врвот на ножот црвена прехрамбена боја и добив розови машнички.
постапката е иста и со црното чоколадо.
Количините на чоколадо одредете си ги сами.
Пожелно е садот во кој е растопено чоколадото да стои над сад со жешка вода за да не се стегнува, туку лесно да се работи.
Наздравје со овие симпатични, вкусни колачиња


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:47
Празнични суви колачиња



Празнични суви колачиња

За тесто
500 гр брашно
150 гр маргарин
200 гр шеќер
3 јајца
1/4 кесичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
1-2 лажички какао
За декорирање
50 гр темно чоколадо
50 гр бело чоколадо
30 гр марципан
30 гр кршени ореви
30 гр мешано кандирано овошје
30 гр бело суво грозје
100 гр фондан
4-5 лажици мармалад од вишни
2-3 лажици мармалад од кајсии
20 гр кокос
неколку резанки кандирани портокали
Користени Делимано произво

Колачињата на сликата се направени од исто тесто, но сите се со различен вкус. Тестото е едноставно и може да го користите такво, но може и да додадете разни додатоци како кокос, какао, лешници, бадеми... Меко е, па тие нема лошо да влијаат на неговиот квалитет... Напротив! Употребете ја фантазијата и ќе добиете прекрасни колачиња.

Изработка на тестото
Брашното и прашокот за пециво просејте ги, па во нив додадете го омекнатиот маргарин и со прстите направете трошки. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер и додате ги кај брашното. Замесете мазно тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Потоа е спремно за играње.
Колачињата се печат многу кратко, зависи колку дебели ќе ги направите, но отприлика 5-10 минути на 180 степени. Треба да останат бели.

Јас ставив какао во 1/4 од тестото, а останатите вкусови ги добив од „декорациите“.

1. Кружните колачиња со отвор се лепени со стоплен мармалад од вишни. За секое колаче треба да направите еден полн круг и еден круг со дупче и да ги споите.
2. Чоколадните срциња имаат глазура од бело чоколадо и суво грозје.
3. За корпичките ви треба калап, јас ги правев во калапот за мини мафини. Наједноставно е да исечете кружни форми од исуканото тесто и така да ги ставате во калапите. На овој начин сите ќе бидат еднакви. Полнети се со растопено темно чоколадо, а декорирани со кандирани портокали. Јас ги користам од слаткото од портокали на Лили. Добро исцедени ги сечкам и ги препелкам во кристал шеќер. Инаку може да се полнат со џем, ганаж, разни креми...
4. Чоколадните елкички се вистински чоколадни.
5. Четирилисните детелинки се прошарани со темно чоколадо и додека се уште беше меко ги испрскав со кокос.
6. Трилисните детелинки се со мешано кандирано овошје, ситно исечкано и измешано со тестото. Одозгора се прошарани со бело чоколадо со многу тенки линии. Инспирацијата беше од едни италијански колачиња.
7. Ѕвездичките се обложени со многу тенко исукан фондан исечен со истата форма како колачињата. Претходно ги намачкав со многу тенок слој сок од слатко за да се залепи фонданот.
8. Чоколадните крукчиња се обложени со тенко расукан марципан, а формите е најдобро да се прицврстат со капка бело чоколадо бидејќи марципанот е прозрачен.
9. Споените топчиња се инспирирани од ванилиците на Лили. Се прават мали топчиња кои се препелкаат во кршени ореви. По печењето се лепат со стоплен мармалад од кајсии.
10. Мермерните топчиња се направени од остатоците од бело и чоколадно тесто. Ги исукав многу тенко и двете, ги ставив едно преку друго и замотав ролат. Потоа сечев мали делчиња и ги правев топчиња.

Од сите видови правев по 12 колачиња, освен ванилици и мермерни топчиња кои беа по 10. Значи се на се, 116 колачиња.

Пријатен апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:49
Празнични колачиња

Празнични колачиња


Состојки
100гр путер
100гр шеќер
1 јајце
130гр брашно
115гр брашно
15гр какао
1 кесичка (10гр) ванилин шеќер
кора и сок од еден портокал

Празници се ближат, празници се ближат... Празниците се во ек, но мислам дека за овие колачиња нема сезона. Првиочниот рецепт е боза, што би рекол Фичо, јас само му додадов малку празнична магија, ванила и портокал, комбинација од соништата. Синоќа ги направив прв пат ама наместо шеќер ставив сол, е тоа е, и на најдобрите им се случува, па затоа уште сабајлево замесив нови.

Иде вака, во сад пенасто се матат шеќерот и путерот, се додава ванилата и кората и сокот од портокал. Смесата се дели на две, во два посебни сада и во едниот се додава 130 гр брашно а во другиот 115 грама брашно и 15 грама какао. Се меси меко глатко тесто и се витка во стреч фолија. Се остава во фрижидер на еден час.

Од двете теста се развлекува кора, од белото малку подебела а од темното малку потенка. Се сечат ленти, секогаш двојно повеќе бели од црни, мене ми излегоа 6 бели со 3 црни, ленти со иста димензија, но различна дебелина. Од исечените ленти се преклопуваат дебели шнитови од кои ќе сечеме, оди бела лента, темна во средина и пак бела лента. Ми излегоа 3 вакви шнита. Шнитовите се отсекуваат на пола, отприлика на 1 см. Со оглед на тоа што од темното тесто ќе ви остане немојте да се сеќирате, од него ќе отсечете уште 3 ленти со ширина колку 3 ленти од кои направивте шнитови и дебелина исто колку и темните ленти. Сега повторно ги спојувате пресечените шнитови но во средина ги ставате темните ленти со кои ќе формирате шнитови од кои подоцна ќе отсекувате колачиња. Вака формираните шнитови ставете ги во фрижидер на уште најмалку еден час.

Од шнитовите со многу остар нож внимателно отсекуваме колачиња со дебелина по желба, моите се околу 1 см. Од темното тесто направете мали машнички и ставете ги врз колачињата.Наредете ги на хартија за печење и во рерна на 180 15тина минути додека не добие светлото тесто златеста боја.

Доколку ви остане од тестото, а ќе ви остане, немојте да се нервирате, слободно испечете уште некоја различна форма, јас исеков произволни форми и ги печам, ми остана повеќе од темното тесто па имам чоколадни бисквити, односно какао бисквити. И да не ве буни, јас направив и обратна варијанта, црно со бело, односно темни колачиња со бели машнички.

На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:51
Посни празнични пралини

Посни празнични пралини


Состојки
Основа
400гр. свежи урми (без семка)
150гр. мелени овесни снегулки
1 лажица какао
1 лажица ванила
кора од лимон
1-2 лажици млака вода (по потреба)
Крем
150гр. непечени индиски ореви
50мл. вода
1 лажица ванила
3-4 лажици јаворов сируп
сок и кора од 1/2 лимон

Интересни, вкусни и некласични пралини. Последниот рецепт за оваа година, па ќе ја искористам приликата да ви посакам среќни и весели празници поминати со најблиските.

1. Индиските ореви треба да киснат 6-7 часа, најдобро од вечер или сабајле пред да одите на работа. Прелијте со ладна вода доволно само да ги покрие и оставете ги. Потоа исцедете убаво и исушете ги на кујнска крпа. Сите состојки за кремот, освен кората од лимон, ставете ги во блендер и блендирајте подолго додека се добие убава кремаста смеса. Потоа додадете ја и кората и промешајте со лажица. Има сличен вкус на крем сирење.
2. За основата урмите измелете ги, па спојте ги со другите состојки да добиете средно мека смеса.
3. Од смесата зимајте топчиња и ставете ги во калапите за пралини, притискајте кон страните убаво да се обложи и направете бунарче во средина. Наполнете со кремот и од горе затворете со смесата од урми. Во зависност од големината на калапот ќе варира и бројот на пралини. Мојот калап е малку поголем па ми излегоа 17 парчиња.
Извадете ги од калапот и оставете барем 1 час за да се спојат вкусовите. Декорирајте по желба. Јас користев чоколаден сируп, посната верзија на ројал глазурата (со шеќер во прав и сок од лимон) и малку светки.

Добар апетит =)

*Кремот ќе ви остане скоро половина, може во старт да ги преполовите состојките или да го искористите понатаму за нешто друго.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:46
Новогодишна елка од тесто - посно


Новогодишна елка од тесто - посно


Состојки
Тесто
250 мл топла вода
100 мл масло
1/2 коцка квасец
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
500 - 550 гр брашно
Фил
300 гр замрзнат спанаќ
1 парче (100 гр) праз
5 - 6 лажици масло
1 филџанче вода
по вкус сол
За декорација
црвена пиперка маслинки, домат, ленено семе, сусам, семе од афион
малку маргарин

Најпрво подгответе го филот
Празот ситно исецкајте го и заедно со спанаќот (претходно одмрзнат) ставете ги да се пржат во тава со маслото. Додајте ја водата и сол по вкус и оставете да се динстаат додека течноста испари. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
Замесете го тестото.
Во садот каде што ќе месите ставете го квасецот, водата и шеќерот и измешајте ги да се раствори квасецот. Додајте го и маслото и солта. Брашното постепено додавајте го и замесете средно меко тесто. Покриено оставете го да одмори 20 мин.
Од тестото оставете едно мало топче за долниот (држач) и врвот (ѕвезда) на елката.
Останатото тесто на набрашнета површина развлечете го во правоаголна кора со должина околу 30 см, нанесете го филот и порамнете го. Завиткајте ролат и крајот залепете го со притискање на прстите да не се одделува.
На голем плех ставете хартија за печење и на средината најдолу ставете дел од оставеното тесто за држачот на елката.
Ролатот сечете го на парчина со околу 2цм (треба да се добијат 15 парчина) и редете ги во плехот. Првиот ред 5 па 4 - 3 - 2 - 1 ролат. Ролатчината при сечењето се плескаат но при ставањето во плехот малку ќе ги дотерате за да не ја изгубат формата.
Од мал дел од тестото направите топче или ѕвезда и ставете ја на врвот од елката.
Најдолниот дел намачкајте го со малку топла вода и посипете го со ленено семе а врвот со сусам.
Елката украсете ја со црвени пиперки и домати, маслинки исечени на коцки или според вашата креативнос. Одозгора наредете мали парченца маргарин.
Кога елката е готова уклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Ставете ја да се пече околу 30 мин. Потоа покриена со фолија и крпа оставете ја малку да подолади и послужете се.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:48
Новогодишна чоколадна кокос торта (посно)

Новогодишна чоколадна кокос торта (посно)


Состојки
Кора
300 гр брашно
100 гр кокос
200 гр шеќер
10 лажици масло
400 мл млеко од соја со вкус на ванила
1 прашак за пециво
1 ванилен шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
50 гр чоколадни капки или рендана чоколада за готвење
Фил
500 мл млеко од соја со вкус на ванила
200 гр шеќер
2 пудинзи од ванила
1 лажица мед
1 лажиче екстракт од ванила
130 гр маргарин на собна температура
100 гр чоколадо за готвење
За декорација
100 гр чиколадо за готвење
по потреба кокос
по потреба прехранбени бои зелена и црвена

Подготовка на кората
Тава за печење бр. 26 намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Во сад измешајте ги сите суви состојки па додајте ги маслото и млекото од соја. Убаво измешајте ја смесата со жица или голема лажица и турете ја во тавата. Ставете ја да се пече околу 35 минути.
Печената кора покриена оставете ја да олади.

Подготовка на филот
Пудинзите растворете ги со дел од млекото и пола од шеќерот а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зоврие додајте го растворниот пудинг и на намалена температура со постојано мешање варете го додека се згусти.
Тргнете го од ринглата и одма додајте го медот и екстрактот и измешајте ги. Покриен оставете го да олади.
Чоколадата стопете ја над пареа.
Оладениот пудинг заедно изматете ги со маргаринот и потоа додајтеја стопената чоколада и повторно изматите да се изедначи филот.
Пред да е филовате тортата ставете го фрижидер малку да се стегне.

Печената кора поделете ја на пола. На подлога за торта ставете една кора попрскајте ја со малку млеко од соја па премачкајте ја со околу 1/3 од филот и ставете ја другата кора и попрскајте ја со млекото. Одозгора и од страна премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.

За декорација на тортата , во малку кокос ставите зелена и црвена боја и мешајте да се изедначи целиот кокос.
Чоколадата стопете ја над пареа.
Над тортата со чоколадата направете елка а потоа нанесете од зелениот кокос, а околу елката бел кокс.
Од црвениот кокос нанесите странично на тортата а одозгора на ивицата по тортата нанесите од чоколадата.
За лампионите од елката, на хартија за печење ставите мали топчиња од чоколада и нанесите по малку од црвениот кокс. Оставете ги во фрижидер да се стегнат па ставете ги на елката.
Тортата оставете ја фрижидер неколку сати или преку ноќ убаво да се стегне и спојат вкусовите и потоа послужете ја.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:51
Видео рецепт: Новогодишна чоколадна торта

Новогодишна чоколадна торта


Состојки
За ТЕСТО ќе ви треба:
115 гр. маргарин
340 гр. шеќер
2 јајца
225 мл. млеко
1 лажица растителна слатка павлака
1 пакување прехранбена црвена боја
1 пакување прашок за печиво
1 лажица јаболков оцет
230 гр. брашно
30 гр. какао
1 лажичка сол
1/2 лажичка сода бикарбона
За ФИЛ ќе ви треба:
500 мл. слатка павлака
5 лажици шеќер
2 раце мелени лешници
чоколадни трошки
4 лажици какао
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
300 гр. темно чоколадо
1 лажица путер

Подготовка

Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси.

Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните.

Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата.

Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки.

Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба.

Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото.

Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов.

Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте.

СОВЕТ: Смесата за тестото е рецептот за популарната Ред Велвет торта. Бојата ќе зависи од тоа колку јака црвена боја ќе употребите...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 14:53
Новогодишна торта-Sterntaler торта со чоколаден крем

Новогодишна торта-Sterntaler торта со чоколаден крем


Состојки
Пандишпан
175 гр брашно
2 лажичиња пециво
100 гр. шеќер
75 гр. путер
4 јајца
2 лаж. млеко
Фил
150 гр. мармалад
175 гр. путер
100 гр. шеќер во прав
2 пудинг од чоколадо
600 гр. млеко
100 гр. слатка павлака
2 лаж. рум
2 лаж. какао
1 шлаг крем од чоколадо
1 паковка Марципан

Прекрасен новогодишен рецепт кој со мали измени годинава го подготвив.
Ги матиме состојките за пандишпанот.
Го истураме врз тава обложена со мрсна хартија.
Со шпатула го распостиламе убаво рамномерно.
Печеме на температура од 160 степени. Проверуваме со чепкалка колку е печено.
Откако е печено и изладено ја вадиме хартијата за печење. Го сечеме на 5 ленти зависно од тавата. На пример јас го сечев на 12,10,8,5,и 3см.Вие сечете според вашата тава.
Секоја лента се премачкува со мармалад. Јас употребив мармалад од малини.
Најпрво ја редиме најшироката лента, па ја премачкуваме со фил.
Така ги редиме една врз друга од најширока до најтесна кора.Премачкуваме со фил од сите страни.
Шлаг кремот го матиме според упатството и го полниме во шприцот за декорирање.Украсуваме по своја желба.
Марципанот го расукуваме и од негос вадиме фигури.Секоја фигура ја попрскуваме со светки и ги ставаме да се постврднат. Потоа ги редиме врз тортата која навидум е права елка со снег.
Сега да кажам за филот.
Путерот се мати со шеќерот во прав се додава претходно сварениот и изладен пудинг.
Во пудингот се мешаат и двете лажици какао.
Матиш и додаваш рум.
Слатката павлака ја матиме и ја мешаме со филот.
Пробајте го рецептот е преубав.
Забелешка
Ставете ја тортата во ладилник додека малку се стврдне филот потоа сечете.
Во марципанот ако сакате ставете боја јас ги оставив оргиналот боја.
На здравје




Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 14:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,227 секунди.