IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2017 во 22:13

Новогодишни бисквити

Нема куќа во која за време на новогодишните и божиќните празници нема барем едно место во дневната соба во кое постојано има нешто слатко на дофат на рака.


За оние кои сакаат слатките задоволства да ги направат сами дома, следат неколку идеи за вкусни бисквити и интересни новогодишни декорации.







Бисквитите можете да ги направите според било кој рецепт, но доколку немате ваш испробан рецепт, откако ќе го пробате овој, нема веќе никогаш да посакате да пробате друг (освен можеби нашиот рецепт за gingercookies кој наскоро ќе го споделиме со вас)

-500 гр брашно тип 400. Идеално би било да употребите 350 гр брашно и 150 гр скроб (од компири или пченкарен) кој ги чини бисквитите особено меки, но не е задолжително.
-120 гр шеќер во прав
-16 гр прашок за пециво
-250 гр путер
-1 јајце
-арома на ванила

-За бисквити од какао, заменете 50 гр од брашното со 50 гр какао


Процедурата за мешање на состојките е идентична како онаа што ја опишавме во рецептот за крцкаво тесто.

Путерот кој сте го оставиле половина час на собна температура исечете го на коцки и измешајте го со брашното и прашокот за пециво (и какаото, доколку го користите). Можете да употребите миксер со спирални перки. Треба да добиете мешавина која потсеќа на мокар песок. Потоа додајте го шеќерот и на крај аромата и јајцето.



Кога ќе го измешате јајцето ќе имате впечаток дека смесата е премногу сува, но немојте да додавате никаква течност или друго јајце. Едноставно истурете ја смесата на работната површина и почнете да ја собирате со рацете. По кратко време таа ќе стане покомпактна и ќе успеете да ја соберете во топка која ќе ја обвиткате во пластична фолија и ќе ја оставите во фрижидер најмалку еден  час (најмногу 4-5 дена).

Земете дел од ладната смеса и кратко месете ja со рацете да омекне, да стане лесна за обликување. Но внимавајте да не ја загреете смесата, таа треба да биде ладна. Со сукало извлечете кора дебела околу 4мм. Доколку немате калапчиња со интересни форми, употребете чаша за тркалезни бисквити: новогодишниот дух ќе го додадеме подоцна, со декорациите.

Наредете ги така исечените бисквити на хартија за печење и печете ги 10-12 минути на 180 степени. Не чекајте да заруменат, иако се сеуште многу светли, тие ќе бидат добро испечени по 12 минути. Ако ги печете некоја минута повеќе од потребното ќе бидат вкусни но малку потврди.

Сега откако знаете како да подготвите тесто за вкусни бисквити, можеме да се посветиме на идеите за декорирање.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2017 во 22:15

Gingerbread cookies или зачинети кекси




Вкусни колачиња кои со интензивниот мирис асоцираат на зима и празници .... Можат да се направат неколку дена порано и стојат долго.




Состојки:
- 300 гр брашно
- 100 гр путер или маргарин
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 5 лажици шекер
- малку сол
- ванилин шекер
- 20 гр какао
- 2 лажици мед
- 1 јајце
- по 1/2 лажичка мелен ѓумбир, каранфилче, цимет и морско оревче
- рендана кора од лимон

Како и за претходното тесто за бисквити, и тука е многу важно тестото при месење да не се затопли многу. Прво ги ставаме сувите состојки - брашно, прашок за пециво, какао, шекер, сол и сите зачини. Не се плашите да додадете и повеке зачини, овие колачиња треба силно да мирисаат и вкусот да им биде појак од вообичаените кекси.


Потоа се додава путерот кој не треба да биде стопен туку само исечен на тенки листови. Кога путерот убаво ке се измеша со сувите состојки, се добива зрнесто тесто.

Можете да го мешате со миксер или со раце. Се додава медот и јајцето и се замесува тесто што нема да биде мазно и компактно, ке изгледа вака.


Тестото се витка во фолија и се остава во фрижидер неколку часа. Може да се чува во фрижидер до 5 дена и да се вади количина по потреба, не мора да се искористи одеднаш.




Кога ке решите да ги печете колачите, се зема еден дел од тестото и со сукало се шири на околу 3 мм дебелина. Со калупи се вадат форми какви сакате и се ставаат да се печат во плех обложен со хартија за печење.

Јас имав специјални модли за правење на новогодишни елки, ама за кекси можете да користите било која форма.



Се печат 10-12 мин на 190°C. 

Кога ке се извадат од рерна, сеуште се меки, кога ке се оладат стануваат тврди и крцкави
Кога кексите сосема ке се оладат, по желба се украсуваат со глазура која се прави од една белка измешана со 100 гр шекер во прав и сок од пола лимон. Глазурата се мати со миксер додека не стане густа и сјајна. Се става во кеса за шприц, оваа е само малку исечена на врвот за да може прецизно да се црта со глазурата по колачите.


Глазурата се суши 1 час.

Со калупчињата за елки и со глазура е направена оваа елка.


 Ако не сакате глазура, можете додека се печат да ги посипате со малку шекер кој од топлината ке се залепи за кексот, па ке му даде малку "свечен" изглед.
Ако се чуваат во метална кутија за кекси, долго време ке бидат тврди и свежи.



Изменето од Valerija - 22.Декември.2017 во 22:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:35
Божиќна торта (Божиќен календар 29)

Божиќна торта (Божиќен календар 29)


Состојки
100 гр. сушени смокви
100 гр. урми
100 гр. сушени кајсии
100 гр. сушени сливи
100 гр. сушено бело грозје
100 гр. сушено црно грозје
100 гр. сушени цреши
100 гр. сушена црвена боровинка
Сок од 1 портокал
150 мл. бренди или темен рум
Кандирана кора од 1 портокал, 1/2 лимон и 1 лимета
70-80 гр. кандирани цреши
4-5 смокви од слатко од диви смокви
60-70 гр. лупени бадеми
230-250 гр. брашно
4 јајца
150 гр. темен мусковадо шеќер
200 гр. путер

1. Сувото овошје се сечка на ситно, се додава 100 мл. бренди или рум и сокот од портокал и се остава за 24 часа (најмалку 12 часа).

Продуктите треба да се на собна температура.
1. Во еден сад се става путерот и шеќерот и се мати да се соедини.
2. На путерот му се додаваат јајцата едно по едно и се мати да се соедини.
3. На смесата со путерот се додава брашното и се мати колку да се соедини.
4. Бадемите се потпекуваат малку во рерна.
5. Во смесата се ставаат овошјето и бадемите и се меша со лажица или шпатула да се соедини.
6. Смесата се префрла во модла со високи ѕидови или тенџерче (без пластика по него) со дијаметар 20-22 сантиметри на 2-3 пати, за да може убаво да се распредели. Во садот каде што се печи се става хартија за печење најпрво од страните, а потоа и во центарот (на сликата е покажано). По ѕидовите е убаво хартијата да е 2 слоја затоа што тортата се печи многу долго и може да изгори, исто така хартијата треба да излегува 2-3 сантиметри над работ на садот.
7. Тортата се печи на 140-150 степени најмалку 3 часа, на третиот час се пробува со чепкалка дали е готово, се печи уште колку е потребно, ако е потребно се става хартија за печење и одозгора (ако тортата многу потемнува).
8. Откако е готова тортата се вади од рерна и се остава да се поолади во модлата 20-30 минути, потоа се вади на решетка да се доолади, но се завиткува во најлонче (без да се допира до тортата), при што треба да се направат отвори на најлончето за тортата да може да диши, но не да се исуши.
9. Откако ќе се олади целосно тортата се прават дупчиња и со лажица се залива со останатиот алхохол.
10. Тортата се завиткува убаво во фолија и се остава на ладно, но не во фрижидер, за да не се исуши (треба да се остави да стои 3-4 седмици) затоа сега е идеалниот момент да се направи.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:39
Англиски божиќен пудинг (Божиќен календар 25)

Англиски божиќен пудинг (Божиќен календар 25)


Состојки
70 гр. темно суво грозје
70 гр. светло суво грозје
30 гр. сушени цреши
30 гр. сушени сливи
30 гр. сушени смокви
30 гр. сушени урми
30 гр. сушени кајсии
30 гр. кандирани цреши
100 мл. бренди
50 гр. ореви
Кора на 1 лимон, 1 портокал и 1 мандарина
1 мала лажица цимет
2-3 мелени каранфилчиња
Малку рендано мускатно оревче
1/5 мала лажица анасон
55 гр. трошки од бел леб
100 гр. мусковадо шеќер
1 голема лажица меласа (може и мед)
1 голема лажица брашно
На врв на мала лажица пециво
1 мало јаболко
1 големо јајце
55 гр. путер
20 гр. путер за премачкување на садот за печење

1. Сувото овошје се сечка и се залива со бренди и се остава за 24 часа.
2. На готовото суво овошје му се додаваат ренданото јаболко, кандираните цреши кора од портокал, лимон и мандарина и се промешува.
3. Во садот со овошјето се додаваат и останатите состојки (путерот се ренда).
4. Целата смеса убаво се меша да се соедини.
5. Англичаните имаат специјални садови за подготовка на пудингот, но може да се направи во порцелански сад со високи ѕидови (дозата е за сад што собира 700 мл). Ѕидовите се премачкуваат со путер и во основата му се поставува хартија за печење (мал круг само за основата на садот).
6. Смесата се префрла во садот и се покрива со премачкана со путер хартија за печење.
7. Врз хартијата се става фолија и се заврзува убаво (покажано е во сликите).
8. Во сад на оган се става една чинија со дното нагоре и се додава вода да се загрее.
9. Врз чинијата се става садот со пудингот.
10. Се покрива со капак и се вари на пареа 4-5 часа на средна температура, водата не смее да покрива повеќе од 1/4 од садот во кој што е пудингот.
11. Готовиот пудинг се остава да се олади целосно и се завиткува во фолија и се остава да зрее најмалку 3-4 седмици на ладно, но не во фрижидер.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:41
Божиќни ароматични колачи-зимстерне


Божиќни ароматични колачи-зимстерне


Состојки
400 гр мелени бадеми
200 гр шеќер во прав
70 г белки
1 мала лажичка сок од лимон
1 рамна лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир
1/2 лажичка каранфилче
1 прстофат сол
1/2 лажичка какао
ројал ајсинг глазура
1 белка
150 гр шеќер во прав
3-4 капки лимонов сок

Овие Божиќни ароматични колачи- зимстерне, се традиционални колачи за Божиќ во Германија. Многу се вкусни и меки, а и одлично се надополнуваат со шеќерната глазура.

1. Во длабока здела ставете ги сувите состојки - бадемите, зачините и солта.
2. Во друг сад ставете ги белките и матете ги со миксер. Додавајте шеќер во прав пополека и постојано матите. Потоа додадете и сок од лимон. Матете додека смесата не стане густа.
3. Потоа кон белките додадете ги сувите состојки и мешајте со лажица, додека да добиете густо тесто. Ставете го тестото во фрижидер да се олади, околу половина час.
4. Изладеното тесто ставете го на работната маса, каде ќе просеете предходно половина лажичка какао. Кратко размесете го тестото за да добиете мраморен ефект.
5. Расукајте го тестото на работната површина и од него вадете форми по желба. *Зимстерине треба да се во форма на ѕвезди, но јас бидејќи немав таква форма, ги правев како елка, срце, цвет и мече.
6. Наредите ги формите во тава за печење и печете ги на 150 степени околу 10тина мин. Оставете ги да се изладат.
7. Подгответе ја глазурата едноставно со мешање на состојките. Со миксер изматете ја белката и постепено додавајте го шеќерот во прав. Додадете го и сокот од лимон и се убаво измиксајте, за да добиете густа бела смеса.
Декорирајте ги по желба. Јас додадов и боја во мала количина од глазурата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:44
Божиќни украсни колачи

Божиќни украсни колачи


Состојки
2 чаши брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
100 гр путер
1 чаша шеќер во прав
1 лажичка ванила екстракт
1 јајце
Декорација
2 белки
2 чаши шеќер во прав
1 лажичка сок од цеден лимон
1 лажичка зелена прехранбена боја

1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса.

2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко.

3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап.

4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени.

5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица.

6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба.

* Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:46
Божиќни кокос колачи

Божиќни кокос колачи


Состојки
300гр брашно
200гр маргарин
100гр кокос
1 јајце
1 пециво
1 ванила
100гр чоколада за готвење
50гр кокос или чоко трошки

Се замесува тесто од брашното, маргаринот, 100гр кокос, пецивото, ванилата и јајцето и се остава да одмори во фрижидер 15 минути. Потоа се ваѓаат колачи низ машина за месо или со обични калапчиња за колачи. Се печат многу кратко 8-10 минути и готови се лепат со крем, а потоа се декорираат со чоколада и кокос или чоко трошки.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:47
Мостачоли - ароматични Божиќни колачи

Мостачоли - ароматични Божиќни колачи


Состојки
400 гр брашно
100 гр нишесте (густин)
150 гр мелени бадеми
120 гр мед
150 гр шеќер
100 мл масло
120 мл сварено, цедено и оладено кафе
30 гр какао
1 ванилен шеќер
рендана кора и малку сок од портокал
1 лажиче цимет
1/2 лажиче каранфилче
малку рендано морско оревче
неколку капки екстракт од рум
1/2 (6 гр) прашак за пециво
прстофат сол
За глазура
250 гр чоколадо за готвење
3 лажици масло

Овие ароматични колачи покриени со чоколадо и форма на ромб се традиционални Божиќни колачиња карактеристични за градот Наполи.
Подготовка на колачите
Во сад се ставаат сите состојки и се замесува тесто. Тестото треба да биде средно тврдо, затоа ако е потребно додајте вода за полесно да го измесите.
Откако убаво ќе го измесите на набрашнета површина развлечите кора дебела околу 5-8 мм и исечете ја во ромбови.
Ромбовите наредете ги во плех на хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени од 10 до 12 минути. Внимавајте на времето несмее да биде подолго бидејќи ќе се пресушат и многу ќе се тврди.
Кога се печени оставете ги да оладат и покријте ги со глазура од чоколадо.
Чокололадото со маслото стопете го над пареа и секое колаче одозгора покривајте го со чоколада. Оставете ги на хартија за печење да се стегне чоколадата.
Чувајте ги затворени во лимена кутија
Од оваа смеса направив околу 35 големки колачи. Бројот зависи колку големи ќе се исечат колачите.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 10:58
Божиќен колач-куглоф

Божиќен колач-куглоф


Состојки
3 јајца
250 гр. путер
1/2 лажичка сол
30 мл. рум
1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка топла вода
сок од 1/2 портокал (или сок од 1 лимон)
200 гр. ореви (сечкани)
50 гр. лешници (сечкани)
200 гр. брусница
50 гр. суво грозје
180гр брашно
200гр шеќер

Прекрасен колач кој може да се направи пред неколку дена и спремно да чека да ја збогати Божиќната трпеза.

1. Јајцата се делат жолчки од белки. Шеќерот се мати со путерот (стоен на собна температура) додека да се стопи шеќерот, се додаваат жолчките, солта и румот. Се изедначува убаво.
2. Во поголем филџан се меша содата бикарбона и топлата вода, се додава сокот од портокал кој ќе создаде реакција, се меша и се додава во изматените жолчки.
3. Постепено се додава брашното и се мати.
4. Настрана се матат белките до цврст снег и заедно со оревите, лешниците, брусицата и сувото грозје се додаваат во претходната смеса. Се меша со шпатула додека да се изедачат сите состојки.
5. Смесата се истура во намастениот со путер калап за куглоф.
6. Се печи првин 10 минути во загреана рерна на 150 степени, а потоа уште 2 часа на 125 степени. За посигурно се проверува со чепкалка.
7. Испечен колачот се остава 10-тина минути во калапот, а потоа се превртува во чинија, изладен се декорира со сребрени светки или по желба.

Во оригиналниот рецепт се става сок од 1 лимон, но бидејќи мене не ми се допаѓа вкусот на лимонот во печени колачи, ставам сок од портокал кој ми е вкусен во се. Суво грозје треба да е 250 грама, но како јас ја обожавам брусницата, ја заменив за 200-те грама суво грозје.
За многу години да е најрадосниот празник Божиќ !!!

П

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 11:00
Божиќни локум колачиња (посно)

Божиќни локум колачиња (посно)


Состојки
300 гр локум
250 гр шеќер во прав
250 гр мелени бисквити
1-2 лажици вода
зелена и црвена прехрамбена боја
За бел прелив
100 гр шеќер во прав
3 лажици мед
2 лажици вода или посно млеко во прав
1 лажичка ванила екстракт

300 гр локум
250 гр шеќер во прав
250 гр мелени бисквити
1-2 лажици вода
зелена и црвена прехрамбена боја
За бел прелив
100 гр шеќер во прав
3 лажици мед
2 лажици вода или посно млеко во прав
1 лажичка ванила екстракт

Во овој рецепт ќе ви покажам дека и посното може да е декоративно. Идејата произлезе од зададената тема, а јас ја вклучив и зелената боја бидејќи овие две бои се најзастапените за Божиќните празници и се вистински претставници на празничната радост што го обзема светот овие денови.

Подготовка
1. Локумот, шеќерот во прав, водата и мелените бисквити ги соединуваме со гмечење и месење.
2. Потоа смесата ја делиме на два дела. Во едниот ставаме зелена боја растворена во неколку капки вода, а во другиот дел црвена.
3. Потоа секоја половина ја делиме на две и ги расукуваме со помош на шеќер во прав и на најлонска фолија. Треба да ни бидат сосема тенки и да се потрудиме да ни бидат со приближна големина.
4. Ги редиме наизменично зелена, црвена, зелена, црвена истенчена смеса. Целата новосоздадена површина ја делиме на две половини и едната ја ставаме врз другата. Нежно поминуваме со оклагијата да се спојат.
5. Целиот колач го ставаме кратко на ладно, па му ги отсекуваме прво краевите кои ќе ни послужат за изработка на украсите врз колачињата т.е за црвените топчиња и ливчињата. На крајот сечеме парчиња по желба.
6. За преливот ги мешаме сите состојки со лажица и од него ги прелеваме колачињата па ги редиме украсите.

Забелешка
Бисквитите ги мелев во нутрибулет и се направија да не речам како прашина, затоа и толку добро се измеси целата смеса, па не се ни приметува дека има бисквити во неа.
Ако имате гел бои не треба да ги мешате со вода.
Формата и висината на колачињава си ја изработувате по желба и вкус. Може да ви бидат само со четири реда, може да ги направите и како коцки оставам на вас да си ги правите како сакате или пак на мојот начин ако ви се допаѓа. Ама што се помали тоа подобро, ем повеќе ќе излезат за послужување, ама и дека се благички подобро е да се мали, можеби некој ќе сака да проба и некоја друга врста на колаче. Јас сакав да ми бидат како тортици па затоа ја направив оваа големина.
Белиот прелив го ставив во кеса, отворив мало дупче на неа и фино го распоредував врз секое колаче посебно.
За украсување на колачите можете да си одвоите и однапред од двете обоени смеси.
Од оваа големина на колачиња излегуваат 12 парчиња.
И нека не ве одвраќа должинава на пишуванкава за рецептот, јас само сакам детално да објаснувам, а ова е инаку многу едноставен рецепт.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 14:15
Божиќен колач


Божиќен колач


Состојки
450 гр кандирано овошје (цреши, смокви, вишни )
230 гр кандирана кора од лимон и портокал
150 гр суво грозје
150 гр суви црни сливи
150 гр суви рибизли
150 гр свежи урми
150 гр бадеми
120 мл бренди
60 гр брашно
250 гр брашно
1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 лажичка цимет
1 лажичка мелено каранфилче
1 лажичка пимент
225 гр путер на собна температура
440 гр кафеав шекер
6 јајца на собна температура
180 мл темен мед
180 мл сок од јаболко
Користени Делимано произво

Божиќ изгледа далеку, ама овој колач за да ја развие потполната арома и вкус и да созрее треба да отстои најмалку 6 недели. Затоа, сега е време да се направи.
За Клара и ЛУДО, кои мислат дека досегашните мои рецепти се “со чекање“... Е не баш, овој е таков...

Исецкајте го на коцки кандираното овошје, кандираната кора од агруми, урмите и црните сливи. Бадемите излупете ги и исецкајте ги на ливчина. Цело суво и кандирано овошје заедно со бадемите ставете го во еден поголем сад кој добро се затвара, прелијте со Бренди, добро измешајте, затворете и оставете го во фрижидер најмалку преку ноќ.
На денот кога ке го подготвувате колачот обложете ги со хартија за печење дното и страните на округли калап број 24 или 26. Од страните хартијата нека е повисока за 2 - 3 цм од работ на калапот.
Рерната загрејте ја на 135 Ц.
Во смесата на суво и кандирано овошје додајте 60 гр брашно и измешајте.
Во еден мал сад со жица измешајте го брашното со солта, содата и зачините. Оставете на страна.
Измешајте го медот со сокот од јаболко. Оставете на страна.
Во еден многу голем сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот, додајте го кафеавиот шеќер и повторно матете. Едно по едно додајте ги јајцата, добро матејки меѓу секое додавање. Продолжете да матите и наизменично додавајте ги брашното и сокот од јаболко, така да ќе почните и завршите со суви состојки. Јас сувите состојки ги додавам во три наврати, а водените во два. На крај со шпатула или со голема лажица измешајте го во смесата сувото овошје.
Истурете ја смесата во калапот за печење, израмнете ја површината и печете го колачот 3 до 3 1/2 часа. Проверете со чепкалка.
Оставете го колачот сосема да се излади. Прелијте го со 2 - 3 лажици Бренди, завиткајте го лабаво во хартија за печење, а потоа и во алуминиумска фолија. Ставете го во кутија која добро затвара и заборавете го до Нова Година или до Божиќ. Чувајте го на ладно, но не во фрижидер.

Е, кога после ке го отворите ке ве награди со исклучителен вкус, текстура и арома.
Ако сакате пред да го послужите можете да го обложите со марципан или со Ројал ајсинг.
Овој колач кај мене е обавезен за празниците. Сите мои пријатели кога ми доагаат на гости очекуваат да ги послужам со него или барем да им испратам по едно парче.
Годинава оваа количина ја печев во два калапи со пречник 16 цм и во 6 средни силиконски калапи за мафини. Сите поединечно ги завиткав и ги оставив да отстојат до празниците. Видот на суво и кандирано овошје можете да го менувате според ваша желба, тоа ќе ви даде и малку поинаков вкус на колачот, но запазете ја количината дадена во рецептот, 680 гр кандирано овошје и 600 гр суво овошје. Со годините мене оваа комбинација најмногу ми се бендиса. Наместо кандирано, можете да користите овошје од слатко, но најпрво добро нека се исцеди од сирупот.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 14:17
Божиќен колач со вишни (посно)

Божиќен колач со вишни (посно)


Состојки
Суви состојки
2 чаши брашно
2 чаши пченичен гриз
1 чаша шеќер
1 пециво
плус
900гр вишни
2 ванили
1 чаша шеќер
170мл масло
Чашата е од 200мл

Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости. 
Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата.
Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот.
На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин.
Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни.
Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 14:18
Божиќен колач со урми

Божиќен колач со урми

Состојки
2 чаши бело брашно
1/2 чаша интегрално брашно
30 парчиња свежи урми
3 лажици мед
50 грама суво грозје
2 чаши оризово млеко или вода
100 мл масло
30 гр кокосово масло или путер
2 лажички цејлонски цимет во прав
1 лажица какао
1 лажица сода бикарбона
1 лажица прашок за пециво
200 гр чоколадо со над 60% какао
1 лажичка кокосово масло или путер
1 лажица оризово млеко
1 лажичка масло

Двата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење. 
Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 18:28
Божиќен колач со суво и јаткасто овошје

Божиќен колач со суво и јаткасто овошје


Состојки
250 гр јаткасто овошје (орев, бадем, лешник по избор)
250 гр смокви
250 гр црно суво грозје
250 гр урми
3 јајца
100 гр шеќер
1 кора од портокал
Декорација- бела чоколадна маса за декорирање и марципан

Овој празничен Божиќен колач го немам спремано неколку години, иако предходно често се наоѓаше на Божиќната трпеза. Бидејќи овој колач е мрсен, затоа се спрема за Божиќ, а не за Бадник.

1. Смоквите и урмите исецкајте ги на ситни коцки. Јас користев бадеми овојпат и ги исецкав на крупни парчиња во Делимано Кларити Про.
2. Се матат 3 белки со 100 гр шеќер во густо шне. На крај од матењето се додава 1 жолчка, другите две ќе служат за премачкување на колачот.
3. Се мешаат јајцата заедно со сувото овошје и бадемите и се додава кората од портокал. Ќе добиете убава густа смеса, која лесно се обликува.
Смесата се дели на 3 ролати или во мојот случај ја поделив на две смеси и го распределив во калап за печење леб, одложен со хартија за печење.
Одозгора се премачкуваат со жолчка.
4. Се пече на 150 степени, околу 1час. Треба на тивко да се суши колачот и јајцата пополека термички да се обработат.
5. Печениот колач се остава убаво да се излади и потоа се декорира. За декорација користев бела чоколадна маса за декорирање и марципан во боја.

-----------------------------------------------------------------------------
Јас не сум јас ако не го променам основниот рецепт. Кон горенапишаниот основен рецепт внесов промена при оваа подготовка. Експериментирав со рецептот, бидејќи многупати го имам подготвувано, па можев да си дозволам отстапки.
Ставив 125 гр суво грозје и 125гр брусница. Сувите овошја ги потопив во 1 чашка рум и стоеа околу 15-20 мин. Исто така додадов и пола лажичка мускатво оревче и пола лажичка цимет. Сетоа ова дополнително го украси колачот и даде побогат вкус.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.