IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:08
Чоколадни новогодишни колачиња


Состојки
3/4 чаша путер (250 мл)
1 чаша шеќер
1 јајце
1 и 3/4 чаша брашно
1/2 чаша какао
1/2 лажиче цимет
1/2 лажиче ѓумбир во прав
1/3 лажшче каранфилче
1/4 лажиче сол
1/4 лажиче сода


Колачиња со новогодишен вкус и изглед.
Ставете ги сите состојки во една вангла и малку измесете ја смесата, колку да се поврзат сите состојки.
Ставете ја смесата во фрижидер, на половина час.
Извадете ја и од неа правете топчиња кои ќе ги наредете на покриен плех со хартија за печење. Одозгора притиснете ги со ракиена чаша.
Ставете ги да се печат на 180 степени десетина минути.
Украсете ги со бело и млечно чоколадо и наросете ги со кршени бонбони.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:09
Грицки со кикирики

Грицки со кикирики

Состојки
За тесто
500 гр. просеано бело брашно
1 пециво
1 кафено лажиче сол
100 гр. сецкани кикирики
1 јајце
2 жолчки
5 лажици ладна вода
250 гр. маргарин
За премачкување
1 благо разматена белка


Во длабок сад се мешаат сите суви состојки за тесто. Се прави вдлабнатинка, се додаваат јајцето и жолчките, водата и омекнатиот маргарин, исечен на парчиња. Се замесува убаво мазно, сјајно тесто. Се остава да одмори 10-15 мин.. Потоа се отвора кора со дебелина од околу 0,5 см. и со калапи се вадат форми. Се ставаат во намрсен пех. Се премачкуваат со белка.Можи и некое зрно ким да им се стави. Се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени и се печат додека убаво поруменат околу 15-20 мин., зависно од рерната. На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:16
Рецепти за Новогодишни колачи

Потребно е (за околу 40 кекси):
1 јајце
750 гр. брашно
230 мл. меласа (може да ставите и мед)
220 гр. жолт шеќер
200 гр. путер
120 мл. вода
1 прашок за пециво
1 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка рендано мускатно оревче
1/4 лажичка мелено каранфилче
неколку капки арома од ванила

За украсување

2 белки
250 гр. шеќер во прав
сок од половина лимон
прехранбена боја


Подготовка:
1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.
2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).
3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.
4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.
5. Пред украсување треба добро да се изладат.

Украсување:
Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.
 


Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 11:45

Божиќни чоколадни колачи

Имате ли совршен рецепт за божиќни колачи, коj никој друг го нема и е Ваша мала тајна? Ако се уште не сте пронашле таков, ние ви нудиме еден рецепт за колачи кои ако ги направите еднаш – ќе ги правите постојано. Овие колачи ќе бидат вашето божиќно кулинарско чудо, за кое ви се потребни следниве состојки:

• 115 гр путер
• 2 лажички полумасен намаз од сирење
• 150 гр кафеав шеќер
• 50 гр бел шеќер
• 2 мали јајца или 1 големо јајце
• 2 лажици екстракт од ванила
• 280 гр брашно
• 2 лажици густин
• 1 лажица прашок за пециво
• 2 и ¼ чаша ситно исечкано темно чоколадо или чоколадо за готвење
• сол

Начин на подготовка:

Со миксер изматете ги путерот, намазот од сирење, шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила. Додавајте една по една состојка и мешајте на средна брзина, додека смесата не добие светла боја (околу 5 минути мешање). Со нежно мешање, додавајте ги брашното со густинот, прашакот за пециво и сол, и мешајте се’ заедно околу 2 минути. На крајот рачно измешајте ја смесата, додавајќи го ситно исечканото чоколадо. Со помош на лажица или мала лажица за сладолед, од смесата направете облик на колачи и наредете ги на послужавник. Потрудете се сите да се со иста големина, и од оваа смеса треба да добиете околу 28 колачи. Ставете ги колачите во фрижидер да се изладат околу 2 часа. После 2 часа, загрејте ја рерната на околу 180 степени и печете ги колачите околу 8-9 минути, но никако не смеете да ги печете повеќе од 10 минути. Откога ќе ги испечете, оставете ги малку да се оладат, за да се зацврстат, околу 5 минути. Колачите можете да ги чувате на собна температура една недела.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 11:48
Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

Ви нудиме рецепт за божиќни ѕвезди со цимет:

СОСТОЈКИ:

  • 3 белки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 400 гр мелени лешници

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Белките се матат во цврст снег, а малку по малку се додава и шеќерот во прав.
  2. Од смесата одвојте две лажици за премакување, а останатата смеса матете ја додавајќи ги ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 гр лешници.
  3. Месете ја смесата со рака додавајќи ги и останатите лешници.
  4. Ставете шеќер во прав на површината и направете тесто. Со калапи за ѕвезди вадете ѕвездички од тестото.
  5. Ставете ги на тепсија со хартија за печење и премачкајте ги со белките кои ги одвоивме.
  6. Печете 25 минути на 140 степени.
  7. Откако ќе се оладат ставете ги и чувајте ги пред послужување во лимена кутија.
  8. Совет: За да немате проблем со лепење на калапите, по секоја извадена ѕвездичка, ставете го калапот во вода.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 12:05

Шарени божиќни колачиња


Во пресрет на празничната сезона, во презентираме лесни божиќни колачиња, шарени и шеќерни што сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието.

Ако немате многу време, или сте можеби малку мрзеливи за готвење, а сепак сакате да направите нешто благо, ова е вистинскиот рецепт.

Потребни состојки:

2 ¾ шолји брашно

1 лажичка сода

½ лажичка прашок за пециво

¾ чиста сол

225 грама стопен путер

1 ½ шолја бел шеќер

1 големо јајце

1 лажичка екстракт од ванила

3 до 4 лажици матеница (обезмастено млеко),

За декорација:

Неколку лажици матеница

Трошки или шеќер во боја

 

Подготовка:

1.Загрејте ја рерната на 180 степени

2.Во мал сад помешајте ги брашното, содата, прашокот за пециво и солта

3.Во поглем сад, помешајте ги путерот и шеќерот додека смесата не стане лесна и воздушеста. Додајте го јајцето и ванилата и промешајте, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки и истовремено мешајте со миксер. На крајот, додајте го обезмастеното млеко додека смесата не стане мека, но не и водена.

4. Со лажичка земајте од тестото и формирајте топченца кои ќе ги ставате во плек на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Оставете простор помеѓу топченцата, затоа што со текот на печењето ќе се рашират. Откако ќе ги наредите, со четка премачајте го секое колаче со обезмастено млеко и израмнете ги малку врвовите, па потоа додајте ги трошките или шеќерот во боја.

5. Печете 8 до 10 минути или додека колачињата не добијат златна нијанса. Исклучете ја рерната, а колачињата оставете ги уште две минути внатре, пред да ги извадите.

6. Послужете со млеко, чај, какао, топло чоколадо или што и да ви е вкусно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 12:14

Рецепт за божиќни медени колачиња

Брзо и вкусно

Состојки:


500g мазно брашно
280g шеќер во прав
4 јајца
4 лажици мед
Малку мелен цимет
мелено каранфилче
Кора од лимон
1 лажица сода бикарбона или прашок за пециво

Подготовка:

Брашното измешајте го со шеќерот, содата, циметот, кората од лимон и меленото каранфилче, потоа додајте ги јајцата и загреаниот мед. Направете тесто и оставете го да мирува 2 часа. После тоа на површина попрскана со брашно растегнете го на дебелина од 5 милиметри. Со помош на калапчиња направете ги вашите омилени фигури и поредете ги на масна тепсија. Така нека останат до следниот ден. Потоа следниот ден пред печење премачкајте ги со јајце, а во средината ставете бадем или орев за декорација. Печете во загреана рерна на 180 степени, а доколку сакате да бидат светли, премачкајте ги со јајце дури откако ќе се испечат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 12:17
Божиќни колачи

Состојки:

200 г маргарин за колачи
200 г јаворов сируп (може и мед)
280 г шеќер 
150 мл хопла
1 лажица мелен цимет
1 лажица мелен ѓумбир
1/2 лажица мелен каранфил
1 лажица бикарбонат
600 грам брашно
и брашно за размесување.


Подготовка:

1. Маргаринот се топи во тенџере на рингла. Од кога ке се стопи му се додава шеќер и сирупот . Се меса убаво, се истура во сад. Се остава малку да се олади.
2. Се додаваат зачините и хоплата и се меша со дрвена лажица. Се додаваат бикарбонат и брашното, се меша. Се покрива со фолија и се oстава во фрижидер една ноќ.
3. Следниот ден се сука тестото и се прават форми со модли .
Се пече на 200 степени од 5 до 7 минути



Изменето од Valerija - 11.Декември.2019 во 09:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 12:39

Божиќен колач


Божиќен колач

Како што се наближуваат Божиќните и Новогодишните празници, така и рецептите стануваат се поактуелни. 
Жените во потрага по нешто ново, нешто што до сега не е пробано и подготвено трошат многу време. Разгледуваат, читаат и пречитуваат секакви рецепти, се консултираат со своите пријателки и си разменуваат искуства, а се со цел овогодинешните празници нивната трпеза да биде поинаква и побогата од претходната година.

За да ви излеземе во пресрет и да ви помогнеме да донесете правилна одлука, ви го претставуваме нашиот, веќе неколку пати до сега испробан и докажан рецепт за Божиќен колач.

Верувајте дека овој рецепт ќе ја збогати сечија трпеза и ќе ги задоволи сите вкусови, бидејќи неговиот посебен празничен вкус никого нема да остави рамнодушен и сите ќе посакаат да изедат парче повеќе.

Состојки:
400 гр. брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
100 гр. шеќер
малку сол
½ лажиче цимет
½ лажиче мелено каранфилче
250 гр. суви смокви
250 гр. урми
250 гр. суви сливи
рендана кора од 1 лимон
рендана кора од 1 портокал
150 гр. сечкани лешници
150 гр. сечкани бадеми
150 гр. сечкани ореви
150 гр. суво грозје
150 гр. стопен путер
6 лажици млеко
5 лажици цеден сок од 1 лимов
5 лажици цеден сок од 1 портокал
1 лажица рум
1 јајце

Подготовка:
Во поголем длабок сад најпрво се става брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, шеќерот, солта, циметот и каранфилчето и смесата убаво се меша. Во неа се додаваат сечканите смокви кои за да не ви се лепат додека ги сечкате убаво треба да се испрпелкаат во брашно, сечканите урми, суви сливи, кората од лимон и од портокал, сечканите лешници, бадеми, ореви и суво грозје и повторно смесата убаво се меша. Добиената смеса се замесува со стопениот путер и со млекото, сокот од лимонот и портокалот, румот и јајцето.
Добиеното тесто се меси убаво со раце и треба да е потврдо. 
Тестото се става во куглоф претходно убаво премачкан со маргарин, но можи и да се стави во правоаголна тава, исто претходно намачкана со маргарин. 
Се печи 1 или 1 и ½ час на 180°Ц во претходно загреана рерна. 
Откако ќе се испечи се сечи на парчиња и се посипува со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 15:16

Топ 3 благи рецепти со новогодишен празничен изглед

Време за празнување, време за јадење. Декември и јануари се месеците кога најчесто вагата покажува неколку килограми плус, поради сите вкусни јадења.

Top-3-soleni-i-blagi-recepti-so-novogodisen-izgled-01.jpg

Пред вас се рецептите за три слатки празнични деликатеси за новогодишно-божиќната сезонa, за сечиј вкус.

Корисен совет: Нека готовото лиснато тесто ви стане најдобриот сојузник во кујната.

Засукајте ги ракавите и фрлете се на готвење:

Лисната чоколадна елка

Подготовката е толку лесна и едноставна, што ќе посакате да направите минимум 3 чоколадни елки.

Потребно ви е:

  • 250 gr млечно чоколадо
  • 1 кружно лиснато тесто

Подготовка:

Чоколадото нека ви биде подготвено на коцки.

Со него формирајте триаголник-елка врз лиснатото тесто.

Исечете го тестото на ленти како во видеото и внимателно затворете го чоколадото со тестото со помош на цик-цак движења, формирајќи форма на елка.

Премачкајте со матена жолчка и додадете сечкани бадеми.

Печете на 190˚C околу 30 минути.

Декорирајте со шарени мрвички или пак шеќер во прав, по желба.

Шарени новогодишни елкички

Се добиваат вкупно 16 слатки меки колачиња во форма на елкички. Подеднакво вкусни и декоративни, секоја од нив содржи по 257 калории, па внимавајте да не претерате со јадењето, иако тоа е прилично тешка задача.

Потребно ви е:

За колачињата:

  • Масло за премачкување
  • ½ шолја путер
  • 225 gr темно чоколадо
  • 1+ ½ шолја шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • ¾ сенаменско брашно

За филот - шлаг во зелена боја (може да го обоите со прехранбена боја, или во која било друга нијанса доколку сакате) и декоративни мрвички или светки по желба.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175˚С. Подгответе тавче за печење на колачињата кое сте го премачкале со масло или путер или пак е обложено со хартија за печење.

Во подлабок сад ставете ги путерот и чоколадото. Во микробранова печка или на тивок оган оставете добро да се стопат додека не се соединат во еднолична смеса.

Додадете го шеќерот, па јајцата едно по едно и матете додека смесата не стане мазна.

Додадете го екстрактот од ванила. На крајот додадете ја солта и брашното.

Истурете ја смесата во подмачканото тавче и оставете ја да се испече. Околу 25-30 минути.

По печењето оставете ја смесата добро да се олади. Пожелно е да ја ставите и во замрзнувач околу 30 минути за полесно сечење на елкичките.

Со остар нож исечете 16 триаголници како што е прикажано на видеото. На дното од секоја елка боцнете во бастунчето кое е практично „држач“ на елката.

Декорирајте со зелениот шлаг со помош на шприц или вреќичка за шлаг и посипете со шарени мрвички, ѕвездички или светки по желба.

Двобојни празнични бастунчиња

Одлични за појадок со топло чајче или млекце, а децата ги обожуваат. Слободно може да ги комбинирате со мед, мармалад или крем.

Потребно ви е:

  • 500 gr брашно
  • 200 gr путер
  • 200 gr шеќер
  • 2 јајца
  • Прстофат сол

Подготовка:

Образувајте тесто од сите гореспоменати состојки и поделете го на два дела. Едниот оставете го бел, а во другиот додадете какао за да се обои потемно. Доколку имате желба, во едната половина може да додадете и друга прехранбена боја (црвена или зелена) според вкусот.

Развлечете кружни стапчиња од двете теста и обликувајте ги по желба. Најлесно е да формирате едноставни плетенки во облик на бастунчиња.

Оставете ги во фрижидерот да одморат околу 20 минути пред печењето.

Печете во тавче обложено со хартија на 190˚C околу 20 минути.




Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 15:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 21:02
Новогодишни елки

Новогодишни елки


Состојки
100 гр бело чоколадо
2-3 лажички масло
малку зелена прехрамбена боја
15 гр експандиран интегрален ориз
малку арома прав од ѓумбир и портокал
по потреба шеќерни ѕвездички или топчиња во боја
хатија за печење, ножици и проѕирно лепило
Овие елкички ќе ви ја разубават пред се новогодишната трпеза, но и убаво ќе ве засладат. Откако малку ќе отстојат не можите да престаните да јадите од нив.

Најпрво треба да спремите фишеци од хартијата. Од големината на фишеците зависи и големината на елките кои ќе ги добиете. Можи да направите помали или поголеми. Јас исеков одприлика квадрати од 25 см, т.е. од ролната хартија исеков отприлика 25 см должински, па ја преполовив после во должина и ја секов на пола.
За поавтентично, можи да исечите кругови кои после ќе ги исечите на половина и од секој ќе завиткате фишек кој одозгора ќе добие рамна површина како конус. Мене краевите кои стрчеа ми се најдоја убаво да ги достегам, и со нив завиткам.

Од секој сечен квадрат завиткајте фишек и гледајте да е колку што можи поширок. Крајот залепете го со проѕирно лепило.

Стопете го чоколадото со маслото. Јас го топев во микробрановата на 2 пати по 30 секунди. Потоа во него измешајте зелена прехрамбена боја. Убаво е таа да е течна, но ако користите во прав како мене, растворете ја во неколку капки вода и аромата портокал-ѓумбир.
Додајте ги оризовите снегулки и убаво и рамномерно измешајте.
Можеби има разлика дали ќе се користи течна боја или боја во прав. Кај мене влегоја многу помалку снегулки во грамови од изворниот рецепт, така да можеби и изборот на чоколадо има улога, па доколку сметате дека можи да одат уште снегулки, придодадете. Битното е секоја да ја фати околу со чоколадо.

Секој фишек полнете го со помош на мала лажичка и набивајте ја смесата со него за да не остануваат празнини. Последниот дел добро израмнете го, тој ќе е основата на која ќе стојат елкичките.

Оставете ги во фрижидер 15на минути убаво да се стегнат, па потоа внимателно извадете ги од фишеците.

Украсете ги со перли, топчиња кои ќе изгледаат како лампиони или шеќерни ѕвездички, одозгора наросете шеќер во прав (јас ставив кокос) да изгледа како снег, послужете и уживајте во пофалбите.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 21:04
Новогодишни свеќички

Новогодишни свеќички


Состојки
3 јајца
300 гр шеќер
120 гр маргарин
350 гр мелени бисквити
100 гр потпечен сусам
2 пакетчиња ванилин шеќер
2 раце толчени потпечени кикиритки (несолени)
2 лажици какао (за половината од смесата)
За декорација
50 гр бело чоколадо
100-тина половинки од кикиритка

1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилите и во нив се додава маргаринот и се убаво се мати за да се соедини
2. Се додаваат бисквитите, сусамот и кикиритките и се се меси со рака
3. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото
4. Се прават конусни формички
5. На секоја свеќичка се става по малку растопено чоколадо и по една половинка од кикиритка (како мало пламенче од огинче)



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 21:06
Новогодишни ѕвездички

Новогодишни ѕвездички


Состојки
300 гр брашно
2 жолчки
240 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
100 гр мелени ореви
1 кора од лимон рендана
1 ванила
1 пециво
1 бело чоколадо за готвење
по желба/потреба прехрамбени бои и светки
Дополнителни фотографи

1. Во длабок сад ги замесуваме сите состојки кои ги набројавме почнувајќи од жолчките, маргаринот па брашното....па потоа и останатите...оревите, шеќерот во прав, кората од лимонот, ванилата и пецивото.
2. Убаво месиме се додека тестото не се двои од раката.
Да напоменам дека во мојот ми отиде малку повеќе брашно од наведените 300 грама, зашто тестото ми лепеше.
3. Тестото го развлекуваме во кора со дебелина околу 5 мм и со калапчиња во вид на ѕвезда во мојот случај вадиме ѕвездички и ги редиме во намрсен плех.
4. Веднаш печеме во рерна на температура од 170 степени. Печеме околу 10 минути колку да се добие златна боја на колачињата.
5. Ги чекаме да се поизладат и ги преливаме со глазурата.

Глазура
1 бело чоколадо за готвење се става во сад на пареа да се растопи потоа со лажиче додаваме на колачето и го размачкуваме по површината. За да бидат во различна боја додаваме прехрамбени бои по желба. Наросуваме светки. Имаме готови ногодишни колачиња кои на дечињата ќе им значат многу на новогодишната трпеза.
На здравје.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 21:09
Новогодишни ванилици

Новогодишни ванилици


Состојки
250 гр. маргарин (може и сало)
4 лажици шеќер
1 јајце
1 пециво
100 гр. кокос
1 ванилин шеќер
брашно по потреба

1. Маргаринот се замесува со 4 лажици шеќер со рака и се додаваат јајцето, пецивото, кокосот, ванилиниот шеќер и се става брашно по потреба постепено, додека да се добие смеса која не лепи.
2. Од топлината на рацете при месењето ќе се добие глатка смеса од која со дебело сукало се развлекува кора дебела 0,5 см, па со калапче се вадат елки.
3. Се печат на 200 степени 15-20 минути.
И толку! Ништо комплицирано!
Кога ќе изладат се украсуваат со чоколадо, светкав прав (зелен) или каков сакате, украси по желба, или може едноставно да ги избрбелате во шеќер во прав.
Кога немам многу време директно од калап за тулумби правам цветови или долги форми.
Вака како елки едвај останаа за сликање.
Пријатно!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.