IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:44

Божиќен колач со брусница


Интересен предлог за вкусен божиќен десерт...

Потребни намириници:
- 300 гр брашно
- 110 гр шеќер
- 2 лажици прашок за печиво
- 1 јајце
- 175 мл свежо исцеден сок од портокал ( околу 3 портокали)
- 60 мл стопен путер
- 250 гр брусници
- 1 лажица изрендана кора од портокал
За прелив:
- 250 гр крем сир
- 85 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 јајце

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот и прашокот за печиво и измешајте. Во друг сад измешајте ги јајцата со мешалка или вилушка, додадете го стопениот путер, сокот од портокал и изренданата кора од портокал. Прелијте ја оваа смеса со смесата од суви состојки, измешајте со лажица за сите намирници да се соединат. Потоа додадете ги брусниците и добро промешајте.

Подмачкајте го плехот за печење и посипете брашно, па со лажица истурете го тестото кое треба да биде поприлично густо. Рамномерно распределете го. Измешајте го крем сирот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и прелијте со тестото.

Печете на температура од 180 степени, околу 20 минути. Потоа ставете хартија за печење одозгора за да не ви изгори горната гора. Печете уште 40 минути.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:45

Божиќна торта со вишни



Вкусната божиќна трпеза дополнете ја со торта од чоколадо и вишни на кои тешко може да им одолеете. Тортата пред послужување добро изладете ја и ефектот на воодушевување сигурно нема да изостане.


Потребни состојки:

За пандишпанот

  • 4 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 200 гр. чоколадо
  • 30 гр. лебни трошки

За филот:

  • 1 компот од вишни или пак половина килограм замрзнати вишни
  • 200 гр. чоколадо
  • 500 мл. слатка павлака за шлаг

Подготовка:

Изматете ги пенесто жолчките со шеќер.

Додадете го стопеното чоколадо, мелените ореви, измешани со лебните трошки и изматените на страна белки. Смесата лесно изматете ја и излијте ја во калап за торта или некој сад за печење.

Тортата печете ја во рерна загреана на 170 степени, 30 – 40 минути.

За филот: исчистете ги вишните и распоредете ги преку изладениот пандишпан. Чоколадото стопете го во 150-те мл. загреаната слатка павлака па изладете. Преостанатата слатка павлака изматете ја да добиете шлаг и постепено додадете го подготвеното чоколадо.

Послужување: 

Кремот премачкајте го преку вишните, па тортата оставете ја во фрижидерот добро да се излади, а потоа послужете.

Совет: На пандишпанот можете да го истурите сокот од компотот за да ви биде посочен.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:50


 
Англиска божиќна торта
Состојки

Ванила стапче(1 Парче)

Бренди(200 Милилитри)

Рум(200 Милилитри)

Цимет(1 Кафена лажица)

Морско оревче(1 Прстофат)

Кардамом(1 Прстофат)

Урми без семки(50 Грама)

Суви смокви(50 Грама)

Суви кајсии(100 Грама)

Кандирана кора од портокал(80 Грама)

Суво грозје(200 Грама)

Бело суво грозје(200 Грама)

Лешник(80 Грама)

Пекан ореви(80 Грама)

Бадеми(80 Грама)

Путер(250 Грама)

Кафеав шеќер(250 Грама)

Јајце(5 )

Брашно(250 Грама)

Жолчка од јајце(6 )

Слатка павлака(130 Милилитри)

Шеќер(110 Грама)

Ванилин шеќер(1 Супена лажица)

Несолен путер(160 Грама)



Подготовка

Овој рецепт се подготвува за помалку од 210 минути

  1. Исечете го стапчето ванила на половина по должина и извадете го семето од него.
  2. На тивок оган ставете бренди, рум, семките од ванилата, цимет, морско оревче и кардамом.
  3. Исечкајте урми, смокви, кајсии и лешници.
  4. Измешајте ги со кандираната кора од портокал, сувото грозје, белото суво грозје, бадемите и пеканите и додајте ги во врелата смеса.
  5. Оставете сè заедно да се готви околу 10 минути.
  6. Потоа отстранете ја тавата од оган и оставете го филот покриен во фрижидер два дена.
  7. Загрејте ја рерната на 140°C.
  8. Матете ги путерот и кафеавиот шеќер сè додека не настане кремаста смеса.
  9. Во него додајте ги јајцата едно по едно.
  10. Потоа додајте го брашното и мешајте додека смесата не стане мазна. Во оваа смеса, измешајте го и овошниот фил.
  11. Премачкајте една тава со путер и покријте ја со хартија за печење. Истурете ја смесата во тавата.
  12. Тортата се пече околу еден час и 15 минути, додека не се испече и не добие златнокафена боја.
  13. Во еден сад, измешајте ги жолчките со слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  14. Ставете ја смесата на тивок оган, но не дозволувајте да зоврие. Оставете да се излади.
  15. Во оваа смеса додајте го путерот за да се добие кремаста глазура.
  16. Глазурата намачкајте ја врз божиќната торта и украсете со овошје по ваш избор.






Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:53
Новогодишни колачиња со ѓумбир

Новогодишните празници се период кога секогаш сакаме да испробаме нешто ново, па соодветно на овој претпразничен дух ви претствувам еден традиционален рецепт за американскиот континент- колачиња со ѓумбир (gingerbread cookies). Овој рецепт е мое прилагодување (според состојките што ги имав) на рецептот на Wilton за gingerbread cookies.

 Потребно:

350 грама брашно + 100 грама доколку ви испадне многу лепливо
1/2 лажичка сода
1/2 лажичка морско оревче 
1/2 лажичка ванилин шеќер (ова беше моја идеја) 
на врв лажичка сол
1 лажичка ѓумбир
1 лажичка цимет 
150 гр растопен маргарин (во оригиналниот рецепт е путер, но јас имав само маргарин)
200 гр мед или меласа, јас ставив 10 лажици мед (но искрено со волку мед малку се благи, нареден пат би пробала со 8 лажици) 
1 изматено јајце
 

Подготовка:

Го мешаме брашното со зачините и го додаваме изматеното јајце. Настрана го растопуваме маргаринот (иако треба путер и со маргарин беа вкусни) и малку да поизлади го мешаме со шеќерот и медот. Го додаваме во претходната смеса со брашно. Мешаме и замесуваме на набрашнета површина. Со само 350 гр брашно смесата е многу леплива затоа при замесувањето добро е да додадете уште брашно. Го расукуваме тестото малку подебело, барем 1/2 см. Правиме форми со новогодишни модли и ги ставаме на намастено плехче или хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околку 10 мин. При вадењето од рерна колачињата можат да бидат меки, но не ги враќајте назад да се допечат затоа што по 5-10 мин се стрвднуваат и добиваат соодветна цврстина.

За декорирање би ве посоветувала да ја користите смесата со изматена белка, шеќер во прав и лимон во рецептот за Шеќерна глазура . Затоа што брзавме да ги декорираме (имаше многу гладни усти), ние со Меѓи (мојот личен помошник) ја користевме наједноставната смеса од 100 гр шеќер во прав и 2-3 лажички млака вода, но не ви ја препорачуваме. Смесата со изматени белки е многу подобра за декорирање и боење. Сепак и вака колачињата се изедоа. 

Благодарност до Меѓи за помошта.

p.s. Ветуваме наредниот пат колачињата ќе бидат декорирани поубаво :) 

Рецептот е подготвен од Tortijada.mk 

 


Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:54
Новогодишни колачиња со смокви

200 гр суви смокви се мелат. Се додава 200 гр шеќер во прав и 200 гр мелени ореви. Се меси смесата и се сука кора од 1 см. Со модла се вадат фигури и се украсуваат по желба.




Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:56

Новогодишни елкички

    Потребни состојки:
2 гол.лажици шеќер во прав
600 гр мелени бисквити
2 белки
300 гр мелени ореви
200 гр чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
млеко по потреба
зелена прехранбена боја
разни украси за декорирање

Подготовка:

Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус.

Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба.

Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:44

Торта “Божиќна ноќ”

   
Состојки за тестото:
6 жолчки
80 гр. шеќер во прав
1 рендана кора портокал
цимет
6 белки
100 гр. шеќер
180 гр.брашно
2 ќесички прашок за пециво
100 гр. мелени лешници
80 гр. маргарин (растопен)

 

 Фил 1:

120 гр. суви јаболка
5 суви сливи
7 суви кајсии
неколку сецкани ореви
100 гр. шеќер
1/8 литри црно вино
1/8 литри сок од портокал
1/8 литри рум
¼ литри овошен чај
цимет (по желба)
2 ќесички желе за торти (безбојно) 
 

Фил 2:

250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 лажичка  какао
1 ќесичка кремфикс 

За декорација:

250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 ќесичка кремфикс
70 гр. мелени лешници
растопено чоколадо (по желба)  
 

Подготовка

Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса.  Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто.  Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади.

Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ.

Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори.  Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата.

За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:47

Новогодишни крофни


Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се преливаат со чоколаден и ванила крем...

Се прави тесто од:

3/4 кг брашно, 
1/2 л млеко,
1/4 маргарин,
1 свеж , стасан квасец,
3 жолчки,кора од 1 лимон
100 гр шекер,
малку сол
1 лажица рум.

 

Тестото се остава да нарасне и се прави подебела кора. Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се пржат во врело масло. Додека се топли се преливаат со чоколаден и ванила крем. Се попрскуваат со шарени мрвици или новогодишни декорации.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:49

Божиќен колач

    Новогодишните и божиќни празници се идеален период за приготвување на вкусни колачи. Наш предлог за лесно приготлив колач е божиќниот куглоф.

Состојки:

40 гр. растопен маргарин
4 јајца
300 гр. брашно
100 гр.шеќер
ореви
суви кајсии
суво грозје
суви смокви
суви сливи
пире од костени
125 мл. млеко
рум

Време на подготовка:60 минути.

Сувото грозје се натопува во рум. Во растопениот квасец се додава по една кафена лажица шеќер и брашно. Смесата се промешува. Претходно во сад се става целото количество на млеко да се загрее и од него земаме 20 мл. и го додаваме во квасецот.Се меша смесата и се додава уште 1 лажица брашно,сецканото суво овошје и сецканите ореви.

Преостанатато брашно се става во еден сад и во него се додава смесата од квасец.На смесата се додава и останатиот шеќер.Мешајќи се додаваат 2 лажици млеко. Во смесата, кога ќе добие густина,  се додава исецканото овошје и ореви и сувото грозје кое со стегање со раката го цедиме.Смесата ја мешаме со рака и во текот на месењето додаваме 1 јајце и малку брашно.

Куглофот го премачкуваме со путер и го посипуваме со брашно.Тестото се става во куглофот и се остава да скисне и се печи на 250 степени,а потоа се намалува на 180 степени. Се печи 45 минути.

Колачот го вадиме и откако ќе се излади го превртуваме во садот за сервирање и го посипуваме со шеќер во прав. Му ставаме и декорација од суво овошје.

 



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:51

Панетонe-историја и традиција


    Панетоне (на италијански panettone)е типичен италијански колач по потекло од Милано кој денес во целиот свет е познат како Божиќен колач.  Панетоне има форма на купола, која многу потсетува на куполата на Миланската катедрала и токму оваа форма го разликува од колачот пандоро.

Процесот на подготовка на панетоне е долготраен и понекогаш трае и цел ден, затоа што тестото треба да скисне трипати и да нарасне доволна да се добие типичната форма на купола, обично висока 12-15 см. Колачот најчесто се прави со додавање на кандирано овошје како портокал, цитрон, лимон или суво грозје. Денеска, со цел задоволување на потрошувачките вкусови, се прави и со парченца чоколадо, кремасто полнење, и сл.

За неговото потекло постојат голем број на легенди кои одат до 15 век, поточно во периодот на владеење на Лудовико Сфорца (наречен Ил Моро) во Милано.

Најпознатат од многуте легенди зборува за младиот благородник, Уго Ателани, кој бил заљубен во Адалџиза, ќерка на сиромашниот пекар Тони.  За да ја освои нејзината љубов, се маскирал како пекар и се вработил кај таткото на Аделџиза, Тони. Решен да ја подобри репутацијата на пекарата и зацврсти љубовта на саканата, вечерта наспрема Божиќ се затворил во пекарата и измислил нов вид на леб во кој додал квасец, јајца, путер, суво грозје и кандиран лимон и портокал.

Восхитена од прекрасниот вкус на новиот леб, таа се согласила да се омажи за него, а бракот бил оддобрен и од владетелот на Милано, Лудовико Сфорца, исто така маѓепсан од прекрасниот вкус на колачот. На венчавката гостите биле почестени со новиот вид на колач кој го добил името Панетоне, од Pan de Toni или лебот на Тони (pan или panne е леб на италијански). Оттогаш натаму панетоне е заштитен знак на Милано и италијанското пекарство.

Денес  панетоне, поточно традиционалната рецепта, е заштитен со италијанскиот закон кој го гарантира задржувањето на традиционалниот вкус при неговото приготвување, со прецизирање на состојките и начинот на подготовка, особено при масовната продажба од страна на големите италијански пекари.



Изменето од Valerija - 11.Декември.2019 во 09:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:55

Снежни ѕвездички

    Снежните ѕвездички се прават со помош на калап со форма на ѕвезда и се декорираат со кокос и рендана кора на портокал. 

Состојки

120 г масло за јадење 
100 г шеќер
јајца
250 г брашно 
1 пак. пециво
рендана кора од половина портокал 
2-3  л. пресно млеко
3-4 л. кокос

 

За украсување: 

една белка
50 г шеќер
75 г шеќер во прав

Подготвување:

Маслото, шеќерот, 1 јајце, брашнотопецивото и ренданата кораги замесуваме во тесто, кое го оставаме 30тина мин да отстои. На останатите јајца ги одделуваме белките од жолчките и жолчките ги обработуваме заедно со пресното млеко. За украсување, ги обработуваме белките со шеќерот.  


Тестот го размесуваме на површина претходно покриена со брашно, така да добие дебелина од половина см.  Со калап, правиме ѕвездички и ги ставаме во тавчето, кое претходно е покриено со хартија за печење.  Ги мачкаме со смесата од млеко и жолчка и ги попрскуваме со мешавината од рендана кора и кокос. Најпосле, од изматените белки, со помош на шприц за декорирање, правиме машнички или ѕвездички.  

Се пече на 150° околу 10 мин. Се сервираат во ладна состојба.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:03

Новогодишни капи

Новогодишни капи
Состојки
200 гр мелени ореви
200 гр мелени бисквити
200 гр шеќер во прав
120 гр маргарин
100 гр гел прелив од шумско овошје (или некој друг со црвена боја)
1/2 сок од 1 лимон
малку црвена боја
уште, за украсување
стопено бело чоколадо
малку кокос
фондан маса за белите топчиња


Новогодишните капи беа идеја со повод и моја лична импровизација. Главен момент кога се осмислуваше, беше како да се добие убава црвена боја и вкусни колачи. Овој гел прелив го добив од една пријателка која професионално се занимава со слаткарство и најчесто оди во набавка на големо. Во малопродажба се уште не сум запознаена дали го има. Мислам дека добра замена би била, убав црвен и добро желиран мармалад за него.
Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате, обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи. Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се стегнат. Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.
Ви посакувам весели празници и успешна претстоечка година во сите полиња!
Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос. Колачите брзо и лесно се прават, испаднаа солидно вкусни и декоративни за празниците и од срце ви ги препорачувам со слоганот на МоиРецепти - „на сите ни е потребна идеја во кујната...“ :)


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:05
Чоколадни свеќички


Чоколадни свеќички


Состојки
за тесто
250 гр маргарин
2/3 чаша шеќер во прав
1/2 чаша какао
1/2 чаша мелени бадеми
2 чаши брашно
1/2 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
бадеми за украсување

Ете ги нашите посни Новогодишни колачиња. Многу брзо се прават и што е најбитно излегуваат поголема количина па ќе има за сите. Најпрво да напоменам дека чашата што е користена во рецептот е 250 мл. Пошто сакав колачињата да се посни ги правев со маргарин, а секако верзијата со путер е уште повкусна. Во подлабок сад за матење се става омекнатиот маргарин и шеќер во прав. Со миксер се мати маргаринот. Се додава какао, мелени бадеми, брашно и ванила и се замесува тесто. Не е потребно да стои тестото во фрижидер туку веднаш се развлекува кора со сукалка со дебелина од 5 мм и со модличка ѕвезда се формираат колачите. Врз секое колаче се става по еден цел бадем што треба да го симболизира пламенот на свеќичката. Се печат на 180 степени 12-15 мин. Празниците можат да почнат. На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 20:06
Новогодишни чоколадни мафини

Новогодишни чоколадни мафини

Состојки
200 гр ментол темно чоколадо
250 гр путер
4 јајца
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
90 гр брашно


Прекрасни, сочни, ментол-чоколадни мафини кои се идеални за новогодишните празници. Овој калап за мафини во форма на елкичка, го добив на поклон и чекаше на ред за да го употре**м за мафинчиња. Се мислев новогодишно да го пробам, но заради натпреваров дојде на ред и порано! Ако немате ваква форма не е проблем да си ги подготвите и во обични калапи за мафини. 1. Путерот и чоколадото се топат на тивко на пареа. Потоа се оставаат малце да се оладат. *Може да користите и само темно чоколадо, без ментол полнење, но јас ја сакав оваа комбинација и затоа така ги направив. 2. Јајцата се двојат на белки и жолчки. Белките се матат со шеќерот и ванилата. потоа се додаваат и жолчките. 3. Брашното го просејуваме. Со помош на лажица убаво промешуваме. 4. Во тенок млаз се додава чоколадната смеса и се меша постојано со лажица. 5. Во кесичка се полни смесата и се пополнуваат убаво формите. Калапот се полни околу 3/4. 6. Се пече на 250 степени, во загреана рерна, 5-7 мин. 7. Оставете ги да се оладат во калапот, па потоа вадете ги. 8. Декорацијата е по избор. Јас стопив темно чоколадо и ги прелеав одозгора, на дел од нив ставив желе бонбони, на др. шарени трошки и на третите крцкави чоколади топчиња. Одозгора наросив и златна прашина, за да бидат како новогодишна елка. - Оваа смеса доста наликува на топло ладно. Внатрешноста ќе остане течна, а кога ќе се олади, убаво ќе се впие низ печеното тесто и ќе даде убава влажност, но и компактност на тестото. - Мене ваков тип на теста ми се омилени, затоа и често ги користам и комбинирам.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.