IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 21:39
Новогодишна солена торта

Новогодишна солена торта

Состојки
За тестата
6 јајца
малку сол
130 мл јогурт
150 мл масло за јадење
12 лажици брашно
1.5 пакетчиња (15гр) прашок за печиво
500 гр спанаќ (за првото тесто)
малку жолта прехрамбена боја (за второто тесто)
2 лажици црвен пипер (за третото тесто)
За фил
250 гр путер
250 гр крем сирење
250 гр овчко сирење
250 гр павлака со 20% масленост
250 гр шунка
+ 250 гр павлака ( за декорирање)

Подготовка на корите
Од 6-те јајца се прават три кори(секоја од нив се прави на следниов начин...
- Со миксер се матат 2 јајца со малку сол.Се додава 50 мл масло за јадење и 130 мл јогурт. Се исклучува миксерот и се додава 4 лажици брашно и ½ прашок за печиво. Се прават вакви три кори и во нив се додава
1-ва кора-Се додава спанаќот кој е претходно обарен, исцеден и ситно исечкан
2-ра кора-Се додава малку прехрамбена жолта боја
3-та кора-Се додава 2 лажици црвен пипер
- Се печат корите во тавче бр. 26 обложено со хартија на 200 С од 5-10 мин.

Подготовка на филот
Маргаринот се мати со миксер. Се посолува и се додава сирењето,крем-сирењето и павлаката и се мати уште малку. На крајот се додава ситно дробената или рендана шункарица.

Декорирање и редење
Најпрво се става тестото со спанаќ па се премачкува со половина од филот. Врз него се става жолтото тесто и се премачкува со другата половина од филот, а најозгора се става црвеното тесто и се премачкува само со павлака, па се декорира со магдонос , кашкавал или кечап и моркови

П.С. Тортава ја направив за Нова година и во недостаток на време не успеав да ја сликам навреме па добро е и што ваква брзинска слика направив со мобилниот тел. пред да се изеде цела...Успеав барем моето парче да го сликам пред и јас да го изедам...хихи Ви се извинувам однапред за мојата немарливост овој пат...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 21:36
Новогодишна рафаело торта

Новогодишна рафаело торта


Состојки
Кора
5 јајца
6 лажици шеќер
1 ванила
6 лажици топла вода
2 лажици кокосово брашно
30 гр. мелени лешници
5 лажици брашно
1 пециво
Крем
700 мл. млеко
70 гр. мелени лешници
8 лажици гриз
50 гр. кокосово брашно
2 ванили
250 гр. путер/маргарин
200 гр. шеќер во прав
100 гр. бело чоколадо

Убава, глазмурозна торта за да се засладат прекрасните празнични денови кои се пред нас.
1. Јајцата се матат пенесто со шеќерите.
2. Се додава водата, се промешува, па се додаваат брашното, лешниците, кокосовото брашно и пецивото.
3. Добро се меша и се пече пандишпан во намрсена тава бр. 28.
4. Рерната треба претходно да се загрее, а кората се пече на 180 степени околу 15 до 20 минути, во зависност од рерната.
5. Печена е кога ќе се оддели од краевите на тавата.
6. Нека се излади малку, а за тоа време се приготвува кремот.
7. Млекото се загрева и се остава да зоврие.
8. Во зовриеното млеко се додаваат претходно измешани ванилата, кокосот, лешниците и гризот.
9. Се меша убаво со жица за матење додека да се добие густ крем.
10. Откако ќе згусне кремот, му се додава искршено белото чоколадо.
11. Се меша убаво за да се истопи низ кремот.
12. Потоа се трга на страна и се остава да се излади.
13. Путерот и шеќерот во прав се матат пенесто на страна.
14. Двете смеси се спојуваат.
15. Испечената кора се филува со целиот крем.
17. Украсете по желба.
18. Оставете ја тортата на ладно (или во фрижидер) преку ноќ, за да се стегне убаво.
19. Потоа исечете и послужете. На здравје. Среќни празници!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 19:33

Dave`s Kitchen: Божиќна плетена погача



Овој четврток од кујната на Давор и Dave`s Kitchen имаме одличен рецепт за тоа како да ги воодушевите гостите за еден од најубавите празници во годината – Божиќ.

Погачата изгледа фантастично, а се подготвува многу лесно.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 600 гр. брашно
  • 250 мл. млако млеко
  • 50 мл. масло за јадење
  • 1 цело јајце + 1 белка
  • 20 гр. свеж квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол

За премачкување:

  • 150 гр. путер или маргарин
  • 1 жолчка
  • 2 лажички млеко

За декорација:

  • мак
  • сусам

Начин на подготовка:

Најпрво замесете меко тесто од состојките за тестото. Оставете го да стаса околу 70-тина минути.

Размесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови и секој дел расукајте го во округла форма колку што е големо вашето тавче. Секоја кора премачкајте ја со путер и редете ги една врз друга, така што последната кора нема да ја премачкате за да можете подобро да ракувате со погачата.

Во средина ставете чаша така што ќе ги пресечете корите на 8 еднакви делови , а секој дел (од тие 8) на уште три еднакви делови. Превртете ги деловите на страна така што ќе се гледаат сите слоеви со путерот помеѓу секоја кора. Исплетете плетенка од трите дела. Вкупно треба да излезат 8 плетенки. 

Оставете погачата да стаса околу 40 минути. Премачкајте ја со жолчка и млеко заедно промешани и декорирајте со мак или сусам. Печете на загреана рерна од 180 степени околу 30-40 минути.

Погледнете и нови идеи за празнични рецепти од кујната на Давор, како и идеи за Бадниковата вечер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 17:24
збунетост   A Lidija koja e?
DeepBlue
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 16:52
Меко божиќно колаче

Меко божиќно колаче


Состојки
100 гр путер
2 јајца
220 гр шеќер
200 мл млеко или кисело млеко (јогурт)
1 лажиче сода бикарбона
1 до 2 лажочки цимет
1 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка кардемон
1 лажичка мелено каранфилче
210 гр брашно

Превкусно меко колаче.

1. Путерот се топи и се додават зачините.
2. Јајцата и шеќерот се бијат убава бела смеса. Се додава млекото и путерот со зачините.
3. Се додава брашното и бикарбоната. Се меша полека.
4. Се истура смесата во калап намрсен со путер.
5. Се пече на 180 степени од прилика 40 мин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 16:51
Божиќно трупче со костени


Божиќно трупче со костени


Состојки
Бисквит
5 јајца
150 гр шеќер
50 гр путер
100 гр брашно
50 гр нишесте
Крем
300 мл млеко
3 лажици нишесте
3 лажици шеќер
1 лажица алкохолен пијалок по избор
250 гр путер
200 гр крем од костени
Сируп
100 гр шеќер
50 мл вода
1 лажица алкохолелн пијалок
Глазура
150 гр темно чоколадо

Божиќното трупче е француски колач кој традиционално се служи како десерт за Божиќ. Во Франција, за време на празникот, било обичај во огништето да се гори голем трупец, кој чин симболизирал обезбедување плодна година. Како што големите камини исчезнувале, така традицијата се изменила. Вистинските стебла ги заменило слаткото трупче, кое прерасна во традиционална божиќна торта. Постојат повеќе варијанти на традиционалниот рецепт, јас овој пат ја направив со крем од костени.

1. За подготовка на бисквитот се матат засебно белките и жолчките со шеќерот, путерот и сувите состојки, па се соединуваат. Се печи во плех обложен со хартија, во загреана рерна 8-10 мин. на 180 степени.
2. Испечениот паднишпан се става на навлажнета кујнска крпа и се витка во ролат.
3. Се вари крем од млекото, нишестето и шеќерот. Претходно сварените и исчистени костени се пасираат и се додаваат во изматениот путер. Откако е изладен пудингот, се соединува. Се додава и 1 лажица алкохол по желба (рум, коњак, виски)
4. За сирупот потребно е водата да зоврие 5 мин. со шеќерот. Откако ќе излади, се додава малку алкохол и со четка се нанесува на бисквитот. Се нанесува и филот и се витка во ролат. Се остава малку од филот да се премачка благо површината. По желба може да се отсечи еден дел или два и да се формира разгрането дрвце или пак може едноставно да си остане во првобитната форма. Се сечи дијагонално и се прилепува со филот.
5. Растопеното чоколадо се нанесува рамномерно на површината на ролатот. Со вилушка се прават црти по целата должина. Се става во фрижидер да отстои околу 12 часа.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:29
Торта Новогодишен часовник

Торта Новогодишен часовник


Состојки
Пандишпан
6 јајца
150 гр шеќер
120 мл вода
150 мл масло
1 паковка ванилин
200 гр брашно
1 паковка пециво
Крем
900 мл млеко
1 пудинг од чоколадо
4 лажици нишесте
80 гр Чоколадо
6 лажици шеќер
150 гр путер

1. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот и ванилинот, се додаваат маслото, водата и се промешува. Полека се додаваат брашното и пецивото.
2. Смесата се излева во правоаголен плех и се пече на 180 степени 20-тина минути.
3. Во 800 мл млеко се става чокладото и се загрева до вријење, а во преостанатите 100 мл млеко се раствораат пудингот, шеќерот и нишестето. Се додава во зовриеното млеко и се вари како пудинг. Се трга од оган и се додава омекнатиоит путер.
4. Изладениот пандишпан се сече на 6 еднакви ленти и се мачка со крем. Првата лента се рола и се става во средина на чинијата. Околу неа се виткаат преостанатите ленти. Проестанатиот крем се нанесува околу тортата така што цела да биде покриена.

Спиралната новогидишната торта треба да се лади 2-3 часа во фрижидер.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:28
Свечен новогодишен куглов

Свечен новогодишен куглов


Состојки
4 јајца
300гр. шеќер во прав
250гр. путер
320мл. јогурт
160мл. кисела павлака
560гр. брашно
1 прашак за пециво
1 лажичка сода бикарбона
80гр. какао
фил
1 шлаг крем
150гр. млеко за матење на шлаг кремот

Тестото е полно со какао и прелиено со шлаг крем. Ако сакате кугловот да ви успее треба да се придржувате до три основни правила
1. Сите состојки треба да ви бидат на собна температура
2. Сувите сосојки просејте ги
3. Мешате рачно и не многу долго додека не се сврзат и убаво изедначат.

1. Сите состојки треба да бидат на собна температура. Путерот треба да биде на околу 20степени никако многу стопен или премногу стегнат. Путерот го матиме сам потоа го додаваме шеќерот во прав.
2. Брашното, какаото, прашокот за пециво, содата ја просејуваме. Јогуртот и киселата павлака ги матиме да се изедначат.
Откако ги измативме путерот и шеќерот во прав во бела кремаста смеса полека едно по едно ги додаваме јајцата. Брашното и јогуртот ги додаваме најизменично мешајќи рачно се додека смесата убаво не ни се изедначи.
3. Калапот за куглов го премачкуваме, сипете ја смесата и печете на 170 степени околу 40-50мин.
Изладениот куглоф го филуваме со една изматена шлаг крема или растопете чоколада за готвење.
Овој куглоф може доколку го печете во помалите калапи за куглоф да ја намалите дозата на пола.
Добар апетит!!!






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:07
3Д елки

3Д елки


Состојки
3 јајца
120 грама шеќер во прав
120 грама маргарин
14 супени лажици брашно
1 пециво
1 ванила
1 мал финџал суво овошје ( брусница, кајсија, суво грозје....)
2 реда чоколадо за готвење
1 рака ореви
кора од половина портокал
200 грама бело чоколадо за готвење
200 грама лупени семки од тиква
1 мало лажиче брашно

Конечно си ги подигнав калапите за мафини и одма да се искористат. Овој рецепт го имав запишано уште од лани и сега му дојде редот. Прв пат го правев и таман дојде како мала пракса пред празниците .

1. Најпрво јајцата и шеќерот во прав ги матиме со миксер. Потоа го додаваме маргаринот кој треба малку да е подстопен и продолжуваме да матиме со миксерот. Одкако смесата ќе се соедни го исклучуваме микерот и понатаму мешаме со лажица.
2. Ги додаваме брашното, пецивото, ванилата и кората од половина портокал и мешаме со лажица и на крај ги додаваме оревите, чоколадото исецкано на ситни парчиња ( не рендано за да се осети вкусот ) и сувото овошје. Јас користев брусница и кајсии меѓутоа може да се стави и друго по ваш избор.
3. Од хартија за печење правиме конуси и ги прицврстуваме со чепкалки кои претходно сме ги потопиле во вода. ( слика )
4. Калапите за мафини ги полниме со брашно и убаво го стегаме брашното. Прво на средина со нож правиме мал отвор ( бидејќи брашното треба да е збиено) и ги ставаме конусите со врвот надолу. (слика)
5. Смесата ја ставаме во готварски шприц и ги полниме конусите 3/4 да не се скроз догоре бидејќи ќе пораснат во печењето. Треба да работите многу внимателно. Доколку имате некои повисоки садови или чаши кои се огноотпорни можете конусите во такви да ги правите.
6. Јас направив 6 елки и 6 обични мафини.
7. Печеме во загреана рерна на 170-180 степени околу 10-12 минути зависно од рерната.
8. Кога се готови елките ги оставаме да се оладат.
9. Во меѓувреме семките од тиква со нож ги сецкаме на ситни парчиња. Оригиналниот рецепт беше со фстаци ама некако скапо ми се гледаше и одма друга алтернатива се најде.
10. Белото чоколадо го топиме на пареа. На елките им ја отстрануваме хартијата и ги ставаме на рамна површина со врвот нагоре. Доколку не можат да стојат пресечете малку од долниот дел.
11. Секоја елка со лажица ја премачкуваме со бело чоколадо ( не мора многу колку да подбели) и одма ги валаме во семките од тиква за да се залепат и ги оставаме да се стврдне чоколадото. Одгоре на секоја елка со лажица ставаме по малку од чоколадото за да изгледа како снег и оставаме слободно да се разлие.
12. За украсување може да користите разни бисерчиња како лампиони, а јас ги украсив вака. Во еден финџал ставив едно лажиче брашно, едно лажиче шеќер во прав, малку црвена прехрамбена боја и малце вода и мешаме колку да се добие погуста смеса. Од хартија правиме мал конус со мал отвор , ја ставаме смесата внатре и ги украсуваме елките со лампиони.
И ете готови се за послужување.
На здравје !


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:04
Божиќен куглоф

Божиќен куглоф


Состојки
100гр. суви урми
100гр. суви смокви
100гр. суви кајсии
50гр. сечкани лешници
50гр. сечкани ореви
50гр. сечкани бадеми
100гр. сечкано мешано кандирано овошје + 3 лажици брашно
4 лажици рум
130гр. путер
4 јајца
200гр. шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
100гр. брашно
30гр. густин
1 рамно лажиче прашок за печиво
1 лажиче мелен цимет
1 лажиче сол
За украсување
100гр. сечкано мешано кандирано овошје
неколку јатки ореви
4 лажици мармалад од портокали (или од кајсии)

Сувото овошје и јаткастите плодови исечкајте ги и ставете ги во еден длабок сад. Додадете го и мешаното кандирано овошје, ставете го румот и убаво промешајте. Поклопете го садот и оставете така да отстои 1 час. Откако овошјето ќе ги впие румот додадете ги трите лажици брашно и убаво промешајте.
Путерот стопете го на тивок оган. На страна, брашното промешајте го со густинот, пецивото, солта и циметот. Јацата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете го брашното па потоа и стопениот путер. На крај, со шпатула измешајте го и сувото овошје.
Смесата ставете ја во намастен и набрашнет калап за куглоф. Печете на 175° во претходно загреана рерна, околу 75 минути.
Откако ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го колачот 15 мин. во калапот, па потоа префрлете го на тањир.
За украсување, мармаладот процедете го низ ситеста цедилка, загрејте го во тенџере на среден оган. Премачкајте го целиот куглоф и украсете го со јатки од ореви и мешано кандирано овошје.
По желба, може да го прелиете колачот со 100гр. шеќер во прав во кој сте измешале 2-3 лажици рум. Во тој случај изоставете го мармаладот.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:02
Новогодишни стаклени ѕвезди

Новогодишни стаклени ѕвезди


Состојки
200 гр путер (маргарин или маслац)
75 гр шеќер
1 пакетче рум шеќер
2 лажици мед
325 гр оштро брашно за колачи
2 лажици какао
1/2 лажиче цимет
различни бои стаклени бомбони без полнеж

Путерот на собна температура се мати со шеќерот и рум шеќерот додека не се растопат. Се додава медот додека убаво не се поврзи и на крајот брашното предходно измешано со останатите суви состојки. Се меси тесто, кое се става во фолија и потоа во фрижидер да одстои 30-45 минути.

Оладеното тесто се развлекува во кора со дебелина од половина см (јас малку ги приистанчив) и со ѕвездести модли се вадат форми. Во средината на секое колаче со помал калап се прави дупка. Ако немате помало калапче со ѕвездест облик, можи и некое кружно или некоја тапа од шише добро ќе заврши работа.
Тестото знае да е малку неблагодарно за работа, но откако ќе го совладате, се добива совршен резултат.

Бомбоните предходно се ставаат во цврста подебела кеса и со тврд предмет, како оклагија или толчник се кршат на поситни парчиња.
Во средината на секоја ѕвезда се става од кршените бомбони.

Ѕвездите ги печиме во загреана рерна на 180С 12-15 минути.
Печени, ги оставаме да подоладат и стакленоста од бомбоните да се стврдни, па ги вадиме внимателно и складираме на темно и суво место, т.е. во добро затворена кутија.

* На секоја ѕвезда пред да ја ставите за печење можи да и направите со стапче за ражнич дупка, така што потоа откако ќе се испечи да и врзите украсна лента и да ја наредите елката или пак да подарите некому лампион-колаче.

„„ Бирајте стаклени бомбони без полнеж и со сјај, ако сакате да добиете изглед на вистинско стакло на колачињата.
Уште една финта за добивање на добар стаклест изглед е кога ги ставате дробените бомбони да внимавате да го правите тоа да е во средината на отворота да избегнувате тие да ги допираат ѕидовите, бидејќи ако целосно рамномерно го исполните отворот, маста од колачето во текот на печењето ќе се измеша со бомбоната и наместо стаклест ќе се собие заматен прозор.
Внимавајте и колку ги полните, оти ако ставите одповеќе ќе се разнесат и врз делот на кексите, како што тоа мене ми се случи на неколку.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 14:00
Шарени божиќни ѕвезди

Шарени божиќни ѕвезди


Состојки
250гр. брашно
на врв на нож прашок за печиво
100гр. шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
на врв на нож мелен цимет
на врв на нож мелено каранфилче
на врв на нож мелен кардамом
на врв на нож мелен анис
1 јајце
125гр. путер омекнат
Глазура
100гр. чоколадо за готвење
1 лажиче зејтин
шарени шеќерни перли

Сите состојки за тестото заедно со зачините ставете ги во еден длабок сад и изматете ги со миксер со спиралните маталки. На крај измесете ја смесата со раце за да добиете мазно тесто.
Работната површина набрашнете ја и развлечете тенка кора од тестото. Со модлици во две различни големини вадете ѕвезди (ист број од двете форми). Ставајте ги во плех на хартија за печење и печете ги 8-10 минути на 180° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат оставете ги убаво да се оладат.
За тоа време подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со зејтинот ставете го на пареа да се стопи.
Големите ѕвезди премачкајте ги со глазурата и одозгора ставете ги малите ѕвезди така да се гледаат аглите од големите ѕвезди кои ќе ги наросите со шеќерните шарени перли.
Оставете ги да се стегне чоколадната глазура па потоа послужете.
Затворени убаво во кутија можат да траат 3-4 недели.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:58
Бисквит празнични колачи

Бисквит празнични колачи


Состојки
100гр. маргарин
220гр. брашно
1 кесичка ванила
1 белка
5 лажици шеќер
1 кора рендана од портокал
1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
1 белка од јајце
200гр. шеќер во прав
1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
Користени Делимано производи

Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завива во фолија за свежо и се остава во фрижидер половина саат. 
Се вади од фолјата и на работна површина се сука кора од тестото, дебелка 4 мм. од прилика кога ја сукате посип најгоре од шеќер во прав и најдолу на хартија за печење (пек папир) за да не се лепи. 
Со модлици се вадат форми. 
Всушност таа шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема по следниов начин:
белката се мати со вилушка, се додава постепено половината шеќер, сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Смесата линее по малку (таа е конзистенцијата) добра основа за премаз на бисквитите. Натаму во базичниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој користи за образување на контурите на колачите. Остатокот се е до имагинацијата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2017 во 13:56
Празнични колачи за 2014г


Празнични колачи за 2018

Состојки
4 жолчки
1 цело јајце
2 чаши од јогурт мед
1 чаша од јогурт масло
1 чаша од јогурт шеќер
1/2 чаша од јогурт млеко
1 полна лажица сода бикарбона
2 лажици ванила
2 лажици цимет
1кг брашно
Бела глазура-ројал ајсинг
1 белка од јајце
250гр шеќер во прав
сок од 1 лимон
Секоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа.

Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки.

Глазура
Белката се мати на средна брзина со миксер и постепено се додава шеќерот во прав. Треба да се добие густа смеса и постепено се додава малку лимонов сок(1лажица) Да не биде многу ретка смесата. Се става во кеса се засечува на врвот и се украсуваат колачињата.
Ако сакате може да се стават и прехрамбени бои и смесата за украс да биде во различни бои.
Срекни празници!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.