IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2019 во 21:03

Ѕвездички со цимет: Рецепт за колачиња кои совршено се вклопуваат во божиќната атмосфера


Ако сè уште не знаете каков десерт да припремите за претстојните празници, една од опциите е да припремите божиќни ѕвездички со цимет.


Овие ѕвездички совршено се вклопуваат во божиќната атмосфера, и уште поважно – тие се превкусни. 

Оние кои веќе го испробале ваквиот рецепт напоменуваат да не се разочарувате ако ѕвездичките бидат малку тврди по првиот ден по припремата. Сè што треба да направите е да ги складирате во некоја лимена кутија или да ги покриете со фолија, а кога ќе отстојат, колачињата ќе омекнат.

Потребни состојки:

- 3 белки

- 250 гр. шеќер во прав

- 1 ванилин шеќер

- 1 полна лажичка мелен цимет

- 400 гр. неизлупени, сомелени лешници

Начин на припрема:

1. Започнете да ги миксирате белките сè додека не добиете цврст шлаг, а потоа полека додавајте го шеќерот во прав во нив и мешајте.

2. Од добиената смеса издвојте две цели лажици бидејќи ќе ви треба за премачкување на ѕвездичките.

3. Преостанатата смеса миксирајте ја со најмала брзина, во која постепено ќе го додавате ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 грама лешници.

4. Продолжете да месите со раце и додадете ги и преостанатите лешници.

5. Површината наросете ја со шеќер во прав и размесете го тестото.

6. Со помош на калапчиња, направете ѕвездички од тестото (олеснете си го процесот со тоа што ќе ги натопите калапите со вода).

7. Ставете ги ѕвездичките во тава обложена со хартија за печење и секоја од ѕвездичките премачкајте ја со белките кои ги одвоивте на страна. Доколку ви се разлеат од страна, само избришете ги со малку вода.

8. Вака подготвените ѕвездички ставете ги да се печат на 140 Целзиусови степени, околу 25 минути.

9. По печењето, оставете да се изладат на собна температура, а потоа складирајте ги во лимена кутија.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2019 во 21:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2019 во 09:39

Вкусен чоколаден ролат во облик на гранка

На интернет ќе пронајдете илјадници рецепти за овој сладок, празничен десерт – чоколаден ролат во облик на гранка (Yule log chocolate cake). Но ние го одбравме наједноставниот и највкусниот, оној што нема „утка“ при правењето со цел да ви го олесниме готвењето.

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka-01.jpg

Овој мек, сочен, чоколаден ролат нуди неверојатни можности за декорација на која ќе се радуваат најмалечките.По желба може да го направите и двобоен, односно да употребите бел и чоколаден крем, но доколку ја сакате поедноставната варијанта таа изгледа вака:

  • 4 големи јајца
  • 100 gr шеќер
  • 70 gr брашно
  • 40 gr како
  • 600 ml павлака за готвење
  • 300 gr темно чоколадо
  • Малку шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200˚C. Премачкајте тавче за печење со димензии 33×23 cm и обложете го со хартија за печење.

2. Изматете ги јајцата и шеќерот во подлабок сад неколку минути додека смесата не стане воздушеста и бледо жолта.

3. Полека додадете го брашното и какаото и промешувајте нежно додека не се соедини со смесата. Префрлете ја во тавчето за печење и печете 8-10 минути или додека рабовите на колачот не се одделат од тавата.

4. Поставете хартија за печење на поголема површина и наросете малку шеќер во прав. Внимателно превртете го тавчето да се одвои колачот од него додека е уште топол.

5. Поставувајќи уште едно парче хартија врз него поминете го неколку пати тестото со сукало, за да малку спласне. Оставете да се олади додека го подготвувате кремот.

6. Во подлабок сад загрејте ја павлаката за готвење на средна температура. Кога ќе почнат да се формираат меурчиња тргнете ја од огнот и додадете го чоколадото. Мешајте внимателно додека добро не се соединат, а потоа оставете ја смесата да се олади.

7. Кога и тестото и кремот ќе бидат добро оладени, распоредете го кремот врз колачот и завиткајте го во ролатот. Премачкајте со уште малку крем и со виљушка направете линии кои ќе потсетуваат на гранка.

8. Доколку направите двојна доза од ролатот слободно може да ги поврзете како две или повеќе гранки. Инспирирајте се од следните фотки во однос на декорацијата на овој вкусен, чоколаден ролат:

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (12).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (11).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (10).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (9).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (8).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (7).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (6).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (5).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (4).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (3).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (2).jpg

Vkusen-cokoladen-rolat-vo-obiik-na-granka (1).jpg



Изменето од Valerija - 23.Декември.2019 во 09:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2019 во 13:58
 Празничен кекс
Состојки
2 јајца
3лажици шеќер
1 чаша јогурт
1/2 чашша масло
2 чаши брашно,- не многу полни
150гр мешавина од кандирани вишни, аранчини и суво грозје.
1 пециво
Зачини по сопствен вкус, односно ванила, лимон кора, цимет...

Во вангличка ги ставаме белките и ги матиме додека добиеме густ шам, а притоа додаваме и 1 лажица шеќер.
Жолчките ги матиме со останатите 2 лажици шеќер да побелат.
Ги соединуваме двете смеси и во танок млаз ги додаваме маслото и јогуртот.
Во еден сад ги соединуваме сецканите кандирани вишни, сецканите аранчини и сувото грозје.
И нив ги додаваме во садот.
Сега го додаваме просеаното брашно и пецивото.
Со шпатула со лесни движења убаво ја соединуваме смесата и ја истураме во долгнавест калап за леб, кој претходно е обложен со хартија за печење.
Печеме околу 30 минути на 180 с.
Сепак, со чепкалка проверуваме дали колачот е печен.
Го оставаме на решетка да се излади.
По желба наросуваме и шеќер во прав.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2019 во 11:16
Новогодишни ванилици

Новогодишни ванилици


Состојки
250 гр. маргарин (може и сало)
4 лажици шеќер
1 јајце
1 пециво
100 гр. кокос
1 ванилин шеќер
брашно по потреба

1. Маргаринот се замесува со 4 лажици шеќер со рака и се додаваат јајцето, пецивото, кокосот, ванилиниот шеќер и се става брашно по потреба постепено, додека да се добие смеса која не лепи.
2. Од топлината на рацете при месењето ќе се добие глатка смеса од која со дебело сукало се развлекува кора дебела 0,5 см, па со калапче се вадат елки.
3. Се печат на 200 степени 15-20 минути.
И толку! Ништо комплицирано!
Кога ќе изладат се украсуваат со чоколадо, светкав прав (зелен) или каков сакате, украси по желба, или може едноставно да ги избрбелате во шеќер во прав.
Кога немам многу време директно од калап за тулумби правам цветови или долги форми.
Вака како елки едвај останаа за сликање.
Пријатно!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2019 во 11:14
Новогодишни бастунчиња


Новогодишни бастунчиња

Состојки
250 гр путер
3/4 чаша шеќер
1 јајце
3 пакетчиња ванилин шеќер
2 лажици млеко во прав
2 и 3/4 чаши брашно
1/4 лажиче сол
црвена боја за половината тесто
шеќерни бонбони за декорација

Од сите состојки измесете тесто. Одделете половина и во него ставете црвена боја и убаво премесете го. Ставете го во фрижидер 1 час.
Поделете го тестото на мали топчиња (моите беа по 9 гр.) Од секое топче направете ваљаче, па спојувајте по две, едно црвено и едно бело, исучете ги, на врвот превиткајте го да добие форма и редете ги на плех покриен со хартија. Одозгора наросете ги со толчена бонбона, мојата беше црвено-бела со вкус на јаготка.
Печете ги на 180 Ц 10-12 мин

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2019 во 11:12
Новогодишни кекси

Состојки
1 јајце
750гр. брашно
230гр. мед
220гр. шеќер
200гр. путер
120мл. вода
1 прашак за пециво
1 ванила
1 кора од портокал
1 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка цимет
за украсување
2 белки
250гр. шеќер во прав
сок од пола лимон

Подготовка.
1. Брашното измешајте го добро со прашакот за пециво, ѓумбирот, циметот, ванилата и ренданата кора од портокал.
2. Со миксер изматете го путерот, медот, шеќерот, јајцето, полека додавајте ја смесата на брашното и замесуваме.
3. Добиеното тесто го делиме на три дела и секој дел го мотаме во фолија. Оставете го тестото околу три часа во фрижидер.
4. На работната маса ставете брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и обложете ги во тава за печење.
5. Кексите печете ги на температура од 175степени. Внимавајте да не се препечат бидејќи се повкусни кога се меки.
Пред украсување треба да се изладат.
Украсување.
Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додадете различна боја.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2019 во 11:07
Новогодишни колачиња


Новогодишни колачиња


Состојки
Тесто
1/2 пакло путер (125 гр)
100 гр шеќер во прав
2 жолчки
200-220 гр брашно
3 пакетчиња ванила
За желето
300 мл вода
100 гр шеќер
1 пакетче желатин
арома по вкус (моите се со портокал и јаготка)
За декорирање
50 гр бело чоколадо

Направете го тестото од сите состојки и ставете го во фрижидер.
Желатинот ставете го во малку ладна вода.
Ставете ја водата и шеќерот да варат се додека не се намали течноста отприлика на 200 мл. Во половината ставив екстрат од портокал, а во другата половина од јаготка. Нека се излади сосема малку да се желира, ама не целосно за да можете да ги прелиете колачињата.
Од тестото расучете кора (3-4 цм) и вадете форми по желба. Ставете ги на плех покриен со хартија и испечете ги на 170 ц додека малку не поруменат на краевите. Нека се изладат.
По краевите направете им ивица со бело чоколадо. Наросете го чоколадото со кокос. На средината наполнете ги со желатинот. Готово!
Среќни празници!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 11:09

Шарени божиќни колачиња

Во пресрет на празничната сезона, во презентираме лесни божиќни колачиња, шарени и шеќерни што сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието.

Ако немате многу време, или сте можеби малку мрзеливи за готвење, а сепак сакате да направите нешто благо, ова е вистинскиот рецепт.

Потребни состојки:

2 ¾ шолји брашно

1 лажичка сода

½ лажичка прашок за пециво

¾ чиста сол

225 грама стопен путер

1 ½ шолја бел шеќер

1 големо јајце

1 лажичка екстракт од ванила

3 до 4 лажици матеница (обезмастено млеко),

За декорација:

Неколку лажици матеница

Трошки или шеќер во боја

 Подготовка:

1.Загрејте ја рерната на 180 степени

2.Во мал сад помешајте ги брашното, содата, прашокот за пециво и солта

3.Во поглем сад, помешајте ги путерот и шеќерот додека смесата не стане лесна и воздушеста. Додајте го јајцето и ванилата и промешајте, а потоа постепено додавајте ги сувите состојки и истовремено мешајте со миксер. На крајот, додајте го обезмастеното млеко додека смесата не стане мека, но не и водена.

4. Со лажичка земајте од тестото и формирајте топченца кои ќе ги ставате во плек на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Оставете простор помеѓу топченцата, затоа што со текот на печењето ќе се рашират. Откако ќе ги наредите, со четка премачајте го секое колаче со обезмастено млеко и израмнете ги малку врвовите, па потоа додајте ги трошките или шеќерот во боја.

5. Печете 8 до 10 минути или додека колачињата не добијат златна нијанса. Исклучете ја рерната, а колачињата оставете ги уште две минути внатре, пред да ги извадите.

6. Послужете со млеко, чај, какао, топло чоколадо или што и да ви е вкусно.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 11:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 11:05

БОЖИЌНИ КОЛАЧИ: медени ванилици со долг рок на траење


Состојки:

 

250 гр. маргарин или путер

пола кесичка прашак за пециво

1 јајце

4 лажици мед

4 лажици шеќер

500-600 гр. брашно

мармалад од сливи

шеќер во прав

 

Изматете го омекнатиот маргарин или путер со шеќер, така што ќе добиете пенеста смеса. Полека, матејчи додајте го јајцето, а потоа и медот.

 

Кога сето тоа убаво ќе се сврзе додајте прашак за пециво и по малку додавајте брашно. Тестото замесете го со рака и месете додека да добиете еднаква смеса.

 

Готовото тесто замотајте го во целофан и оставете го да фрижидер половина час. Изладеното тесто размесете го, за да добиете кора дебела 1 см.

 

Со калап вадете колачи и редете ги во тепсија обложена со хартија. Остатокот од тестото премесете го и повторно со калап вадете колачи, се додека не го потрошите тестото.

 

Ванилиците шечете ги околу 15 минути во претходно загреана релна на температура од околу 180 степени.

 

Топлите ванилици премачкајте ги со мармалад, и лепете ги две по две. Одозгора додајте го шеќерот во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 11:02


Се’ за храна: Божиќни колачиња со ванила


Празничната магија и еуфорија нека биде присутна во сечиј дом! Ни се наближуваат убави празнични моменти, вкусна храна и дружење со најблиските. Секој од нас посакува убава празнична трпеза, а на колачињата најмногу се радуваат децата. А како и секоја година, традиционален дел од секоја трпеза се божиќните колачиња. 

Ова е она време од годината кога повеќето домаќинки го минуваат во кујната заедно со своите малечки и приготвуваат слатки колачиња за Дедо Мраз и за гостите. Па кога сме кај нив, ви предлагаме да го пробате рецептот за едноставните, но вкусни божиќни колачиња со ванила. Пригответе се за eдна неодолива забава со вашите најмали, изберете ги омилените калапи и направете нешто слатко за претстојните празници.

Состојки:

  • 3 чаши брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилен шеќер
  • 1 чаша шеќер во прав
  • 200 г путер
  • 1 јајце
  • ½ лажичка екстракт од бадем или друг екстракт по желба (малина, јагода).

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното,прашокот за печиво и ванилен шеќер.
  2. Во друг сад со помош на миксер изматете ги путерот и шеќерот во прав. Матете додека добиете пенеста смеса, а потоа додајте ги јајцето и екстрактот од бадеми. Смесата добро измешајте ја.
  3. Во садот со изматениот путер додајте ги брашното и печивото. Смесата измешајте ја со шпатула.
  4. Потоа, продолжете со месење со рацете додека добиете хомогено тесто.
  5. Врз набрашнета работна маса, со помош на сукало од тестото развлечете кора со дебелина од 7-10 мм.
  6. Од кората со помош на калапи со празнични мотиви, исечете форми.
  7. Плехот обложете го со хартија за печење.
  8. Формите од тесто наредете ги врз плехот, а потоа замрзнете ги на 5-10 минути.
  9. Тавата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени за време од 9-11 минути.
  10. Откако колачињата ќе се испечат оставете ги да се изладат 2-3 минути, па извадете ги од плехот. Колачињата наредете ги врз решеткаста подлога за целосно да се изладат и декорирајте ги по желба.




Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 10:57

Зимски, празнични колачиња одлични за со чај, кафе и топло чоколадо

Овие празнични, шеќерни колачиња ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го засладат мешето овој студен декември. Се прават многу лесно и брзо, а ќе уживате декорирајќи ги со своите најблиски.

Zimski-praznicni-kolacinja-01.jpg

Доколку немате идеја што да подарите некому, доза свежо печени колачиња е секогаш одлично решение.

Само внимавајте, едно колаче содржи 134 калории, па не претерувајте со јадењето, иако ќе биде прилично тешко да се воздржите од крцкавиот вкус:

Потребни состојки:

  • 1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 1 + ½ лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • 3 шолји сенаменско брашно
  • Декорации за колачиња и торти по избор
  • Модли со различни празнични форми

За филот:

  • 1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
  • 5 шолји шеќер во прав (+ уште малку доколку ви биде потребно)
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • ¼ неутрална павлака за готвење со висок процент на масленост
  • Прехранбени бои (по избор)

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги путерот и шеќерот во подлабок сад и матете со миксер околу 2 минути, додека смесата не стане мазна. Додадете ги јајцата едно по едно со непрестајно матење. Додадете го екстрактот од ванила и солта, а на крајот полека додадете го брашното, фино просеано.

2. Обликувајте го тестото во топка и завиткајте во го проѕирна фолија. Оставете го да се олади најмалку 1 час (а може да остане дури и 1 ден) во фрижидерот пред обликувањето на колачињата.

3. Загрејте ја рерната на 180˚С и ставете хартија за печење во плехот.

4. Поделете го тестото на 2 дела, едната половина вратете ја во фрижидерот (важно е смесата да остане ладна додека обликувате колачиња со помош на модли).

5. Развлечете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар и со помош на модли извадете колачиња во најразлични форми и големини. Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото додека целосно не го потрошите.

6. Откако ќе ги наредите во плехот оставете ги да се оладат околу 20 минути, а потоа печете во рерна 12-15 минути, но внимавајте да се заруменат само краевите на колачињата, останатиот дел треба да остане речиси бел. Оставете ги колачињата добро да се оладат пред да ги декорирате.

7. Подгответе го филот за декорација. Во подлабок сад изматете го путерот околу 1 минута додека не стане мек и воздушест. Додадете го шеќерот во прав, една по една шолја и на секое додавање матете без престан.

8. Додадете го екстрактот од ванила и павлаката и матетe додека смесата не стане мазна (доколку смесата ви е премногу густа слободно додадете уште малку павлака, а доколку сметате дека е течна тогаш додадете уште малку шеќер во прав).

9. Поделете го кремот во неколку помали садови и во секој од нив додадете прехранбени бои по избор. Добро измешајте. Декорирајте ги колачињата кога се целосно оладени премачкувајќи ги со кремот во различни бои и додавајќи украси и додатоци наменети за торти и колачи.

10. Послужете ги веднаш, а може да се чуваат и во кутии што не пропуштаат воздух до 5 дена.

Zimski-praznicni-kolacinja (5).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (4).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (3).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (2).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (1).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 10:55
Божиќен колач со вишни (посно)


Состојки
Суви состојки
2 чаши брашно
2 чаши пченичен гриз
1 чаша шеќер
1 пециво
плус
900гр вишни
2 ванили
1 чаша шеќер
170мл масло
Чашата е од 200мл


Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости.
Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата.
Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот.
На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин.
Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни.
Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 10:53
Божиќен колач со урми


Божиќен колач со урми



Состојки
2 чаши бело брашно
1/2 чаша интегрално брашно
30 парчиња свежи урми
3 лажици мед
50 грама суво грозје
2 чаши оризово млеко или вода
100 мл масло
30 гр кокосово масло или путер
2 лажички цејлонски цимет во прав
1 лажица какао
1 лажица сода бикарбона
1 лажица прашок за пециво
200 гр чоколадо со над 60% какао
1 лажичка кокосово масло или путер
1 лажица оризово млеко
1 лажичка масло
Дополнителни фотографии

Двата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење.
Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 10:51
Божиќен колач со тиква, суво овошје и ораси
Состојки
400 гр брашно
100 гр маргарин
2 јајца
150 мл млеко
1 лажиче сол
100 гр шекер
1 пециво
1 ванила
1 лажиче цимет
за полнење
1 лимон
1 протокал
6 суви сливи
6 суви кајсии
70 гр суво грозје
100 гр локум
150 гр тиква
70 гр ореви
70 гр лешници
50 мл конјак
100 гр шекер во прав

Брашното, пецивото, шеќерот, јајцата, млекото и маргаринот измешајте ги заедно и замесете тесто. Додајте ванила и цимет.
Сувото овошје полијте го со конјак и оставете на страна.
Ораси, лешници, локум и тиква исечете ги на коцки.
И суво овошје сечете на коцки.
Се’ додајте во тестото, изрендајте кора од лимон и протокал, оставете го 15 минути.
Печете го тестото во загреана рерна 45-50 минути на 200 степени.
Готовиит колач посипете го со шеќер во прав.
Добар апетит!
Многу вкусен и миризлив колач, пробајте!



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 10:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.