IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2017 во 17:50

Спремете новогодишни колачиња


Нема ништо поубаво од тоа домот да ви мириса на свежо печени колачиња. Но, тој мирис, е најубав за време на новогодишните празници. Уште повеќе, ако имате време, направете ги токму овие, со мини декорација како снегулка.

Потребно е:
125 гр путер, на собна темепратура
100 гр шеќер
1 јајце
2 лажички екстракт од ванила
225 гр брашно
1 лажица какао во прав

Подготовка:
– Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Матете со миксер додека да добиете кремаста смеса и шеќерот да биде растопен.

– Додадете ги јајцето и ванилата и матете дополнителни 2 минути за сето да се соедини.

– Потоа, полека додавајте го брашното и матете полека додека да оформите тесто.

– Од тестото одвојте 2/3 и ставете го на страна. Во преостанатата 1/3 од тестото ставете го какаото и матете додека да се соедини сосема какаото.

– Двете теста со сукало развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од околу 3 мм.

– Од белото тесто со тркалезни калапи одвојте неколку колачиња и ставете ги на тавче за печење, кое ќе го обложите со хартија за печење.

– Од црниот дел од тестото одвојте форми на снегулка. Помалите форми на снегулка ставете ги врз тркалезните колачиња.

– Вака подготвени ставете ги колачињата да се печат во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, околу 12 до 15 минути, односно додека почнат да добиваат златна боја на краевите.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 10:27

Божиќни рецепти: Направете си сами вкусни колачиња

Полека наближуваат празниците а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселиме на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња.

Во оваа статија ќе ви дадеме два лесни рецепти, а вие пробајте ги и кажете ни дали ви се допаднаа &amp;amp;amp;#128578;

Meдени новогодишни колачиња

Меки како душа, брзо се прават, и го будат мирисот на детството. Како и сите суви колачи, се благодарни бидејќи може долго да стојат, а со овој рецепт нема да згрешите.

Состојки:

350 гр брашно

100 гр шеќер

Половина кесичка прашок за пециво

По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед

100 гр мелени бадем

2 јајца

120 гр путер

Подготовка:

Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови.

Лондонери-колачиња

Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт, кој без разлика на името, нема многу врска со главниот град на Велика Британија.

Лондонерите со години се составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Ние ви ги предложуваме токму нив:

Состојки:

300 грама брашно

150 грама путер

Ванилен шеќер

2 јајца

Прашок за пециво

2 лажици млеко

Подготовка:

Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени .



Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 09:53
1


Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2017 во 08:17

 Празничен чоколаден куглоф


Оваа недела имаме еден поинаков празничен десерт - куглоф со многу чоколадо.

- Оваа верзија дефинитивното е победничка во однос на секоја друга што досега ја имам подготвено, вели Давор од Dave's Kitchen.

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер на собна температура
  • 200 гр. шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила или 1 пакетче ванилин шеќер
  • 350 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 250 гр. кисела павлака
  • 150 гр. црна чоколада растопена
  • 150 гр. бела чоколада растопена

За глазурата:

  • 200 гр. темна чоколада
  • 150мл. млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот заедно. Матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно, додадете ги јајцата, убаво промешувајки при секое додавање. Додадете го и екстрактот ванила. 

Брашното, солта, пецивото и содата измешајте ги на страна во еден сад и во смесата со изматените јајца и путер додадете половина од сувите состојки. Потоа додадете половина од киселата павлака и завршете со втората половина од сувите состојки и киселата павлака.

Осигурајте се дека убаво ќе ја изматите содржината при секое додавање. Добиената смеса поделете ја на половина во два сада. Во едниот сад додадете растопено црно, а во другиот растопено бело чоколадо.

Премачкајте го калапот за куглоф со путер и набрашнете ја целата површина. Додадете од двете смеси со помош на алатка за сладолед. Со помош на нож направете нежни движења за да ги промешате црниот и белиот фил. 
Печете го куглофот околу 45 минути на 170 степени.

Кога ќе биде комплетно изладен прелијте го куглофот со чоколаден сос кој можете да го подготвите на тој начин што во тавче на оган  ќе ставете да се загрее млекото. Кога ќе дојде пред оној момент за да врие додадете раскршено чоколадо и тргнете од оган. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура. 
Декорирајте со сецкани или мелени ореви



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 19:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2017 во 10:09

Dave's Kitchen: Празнични колачиња со бадеми



Оваа недела имаме еден одличен празничен рецепт од кујната на Давори Dave's Kitchen.

Вкусни и ароматични колачиња со бадеми и портокал - комбинација која одлично одговара со шолја чај или утринско кафе.  

Потребни состојки:

  • 180 гр. растопен путер
  • 250 гр. ситно сечкани бадеми
  • кора од 1 портокал
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 гр. шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.

*Доколку краевите премногу потемниле, можете со помош на чаша да оформите округло правилно колаче.

За повеќе рецепти посетете го Dave's Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 09:28

Dave’s Kitchen: Колачиња за вашата новогодишна трпеза

Празниците се одлична можност за да приготвите вкусни колачиња и гранола во украсни тегли. Освен тоа што вашата трпеза ќе изгледа фантастично, можете и да ги подарите на најблиските како интересен новогодишен и божиќен подарок.

Гранола

Потребни состојки:

  • 250 гр. овес
  • Јатки по вкус жоколу 100 гр.
  • 100 гр. суво овошје
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2-3 лажици мед сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки се соединуваат и се печат на загреана рерна од 150 степени околу 10-15 минути. 

Путер колачиња

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 250 гр. путер исецкан на коцки
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 140 гр. шеќер во прав

Глазура:

  • 300 - 400гр. шеќер во прав
  • 1 белка

Начин на подготовка:

Во длабок сад со помош на дрвена лажица промешајте ги заедно брашното, путерот, жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.

Смесата продолжете да ја месите со раце додека не формирате тврдо бисквитно тесто. Поделете го на два дела и спакувано во хартија за свежа храна оставете да одмори околу 20-30 минути во ладилник. Потоа расукајте кора дебела 0,5цм и со помош на калап за колачиња во форма на ѕвезда формирајте ги колачињата. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат.

За глазурата измешајте ги двете состојки и по потреба додадете неколку капки вода или пак шеќер во прав. Треба да добиете конзистенција на лава. Декорирајте ги елките. Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2016 во 08:36

Откако минатата година ги освои улиците и божиќните штандови низ Австрија, специјалитетот познат како germknödel го освојува целиот свет.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-7.jpg

Прогласен е за најпопуларен десерт на божиќните маркети, а сега може да го продолжите уживањето и дома.

Мек, пуфкаст, сочен десерт кој наликува на полнета крофна.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-2.jpg

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 220ml млеко
  • 15g квасец
  • 2 јајца
  • 50g путер
  • Лажица шеќер
  • Малку сол

Подготовка:

Квасецот разматете го во малку топло млеко со лажица шеќер и оставете да нарасне 20-тина минути.

Во посебен сад измешајте го останатото млеко со брашното, јајцата и стопениот путер, па додадете го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне половина час.

Смесата поделете ја на 4 дела. Од секоја четвртина направете крофна која ќе ја наполните со џем од сливи. Оставете ги нека отстојат уште 20 минути, а потоа варете ги во сад со зовриена вода во која ќе додадете малку сол

Пред варењето, секоја кнедла боцнете ја со чепкалка на неколку места. Варете 10 минути и не заборавајте да ги превртите од сите страни.

Варените кнедли ставете ги на чинија, прелијте со растопен путер и по желба зачинете со ванила, мак или цимет. Може да ги прелиете и со малку пудинг од ванила, ако сакате да го збогатите вкусот.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-1.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-3.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-4.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-5.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2016 во 20:21

Dave’s Kitchen: Божиќни колачиња со портокал и бадеми

Започнувајќи од оваа недела, па се до Божиќ, ќе ги објавуваме најомилени рецепти на Давор за Божиќни колачиња!

Денеска, започнуваме со една од победничките комбинации - бадеми и портокал.

Потребни состојки:

  • 180 гр. растопен путер
  • 250 гр. сецкани бадеми
  • кора од 1 портокал
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 гр. шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник.

Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.

Добар апетит и забавно готвење!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:30
4

Божиќни колачиња

Припрема:

За тесто:

300 гр. брашно

100 гр. маргарин

1 јајце

100 гр. шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

1 лажичка цимет

4 лажички мед

За декорација:

1 белка

200 гр. шеќер во прав

1 лажичка сок од лимон

Припрема:

Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури.

Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат.

Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 07:36
Најмеки ванилици (посни)

Најмеки ванилици (посни)

Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста.

Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко.
На набрашнета површина се става дел од тестото и внимателно се расукува до дебелина од 5-7 мм.
Се сечат разни форми (со мали модли или мала чашка) и се печат во подмачкан плех со маргарин или во плех на хартија за печење. Внимавајте при печењето да останат бели.

Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет.
Додека се пече едниот плех, подготвувајте ги ванилиците за другиот плех.

Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав.
Готовите ванилици можете да ги чувате во затворен сад повеќе денови. Остануваат меки и свежи.

Бидејќи овие ванилици се посни, ќе бидат дел од мојата Бадникова трпеза...
Среќни Божиќни празници!



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.