IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:51

Панетонe-историја и традиција


    Панетоне (на италијански panettone)е типичен италијански колач по потекло од Милано кој денес во целиот свет е познат како Божиќен колач.  Панетоне има форма на купола, која многу потсетува на куполата на Миланската катедрала и токму оваа форма го разликува од колачот пандоро.

Процесот на подготовка на панетоне е долготраен и понекогаш трае и цел ден, затоа што тестото треба да скисне трипати и да нарасне доволна да се добие типичната форма на купола, обично висока 12-15 см. Колачот најчесто се прави со додавање на кандирано овошје како портокал, цитрон, лимон или суво грозје. Денеска, со цел задоволување на потрошувачките вкусови, се прави и со парченца чоколадо, кремасто полнење, и сл.

За неговото потекло постојат голем број на легенди кои одат до 15 век, поточно во периодот на владеење на Лудовико Сфорца (наречен Ил Моро) во Милано.

Најпознатат од многуте легенди зборува за младиот благородник, Уго Ателани, кој бил заљубен во Адалџиза, ќерка на сиромашниот пекар Тони.  За да ја освои нејзината љубов, се маскирал како пекар и се вработил кај таткото на Аделџиза, Тони. Решен да ја подобри репутацијата на пекарата и зацврсти љубовта на саканата, вечерта наспрема Божиќ се затворил во пекарата и измислил нов вид на леб во кој додал квасец, јајца, путер, суво грозје и кандиран лимон и портокал.

Восхитена од прекрасниот вкус на новиот леб, таа се согласила да се омажи за него, а бракот бил оддобрен и од владетелот на Милано, Лудовико Сфорца, исто така маѓепсан од прекрасниот вкус на колачот. На венчавката гостите биле почестени со новиот вид на колач кој го добил името Панетоне, од Pan de Toni или лебот на Тони (pan или panne е леб на италијански). Оттогаш натаму панетоне е заштитен знак на Милано и италијанското пекарство.

Денес  панетоне, поточно традиционалната рецепта, е заштитен со италијанскиот закон кој го гарантира задржувањето на традиционалниот вкус при неговото приготвување, со прецизирање на состојките и начинот на подготовка, особено при масовната продажба од страна на големите италијански пекари.



Изменето од Valerija - 11.Декември.2019 во 09:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:49

Божиќен колач

    Новогодишните и божиќни празници се идеален период за приготвување на вкусни колачи. Наш предлог за лесно приготлив колач е божиќниот куглоф.

Состојки:

40 гр. растопен маргарин
4 јајца
300 гр. брашно
100 гр.шеќер
ореви
суви кајсии
суво грозје
суви смокви
суви сливи
пире од костени
125 мл. млеко
рум

Време на подготовка:60 минути.

Сувото грозје се натопува во рум. Во растопениот квасец се додава по една кафена лажица шеќер и брашно. Смесата се промешува. Претходно во сад се става целото количество на млеко да се загрее и од него земаме 20 мл. и го додаваме во квасецот.Се меша смесата и се додава уште 1 лажица брашно,сецканото суво овошје и сецканите ореви.

Преостанатато брашно се става во еден сад и во него се додава смесата од квасец.На смесата се додава и останатиот шеќер.Мешајќи се додаваат 2 лажици млеко. Во смесата, кога ќе добие густина,  се додава исецканото овошје и ореви и сувото грозје кое со стегање со раката го цедиме.Смесата ја мешаме со рака и во текот на месењето додаваме 1 јајце и малку брашно.

Куглофот го премачкуваме со путер и го посипуваме со брашно.Тестото се става во куглофот и се остава да скисне и се печи на 250 степени,а потоа се намалува на 180 степени. Се печи 45 минути.

Колачот го вадиме и откако ќе се излади го превртуваме во садот за сервирање и го посипуваме со шеќер во прав. Му ставаме и декорација од суво овошје.

 



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:47

Новогодишни крофни


Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се преливаат со чоколаден и ванила крем...

Се прави тесто од:

3/4 кг брашно, 
1/2 л млеко,
1/4 маргарин,
1 свеж , стасан квасец,
3 жолчки,кора од 1 лимон
100 гр шекер,
малку сол
1 лажица рум.

 

Тестото се остава да нарасне и се прави подебела кора. Новогодишните крофни се моделираат со калапи во вид на елка, ѕвездичка, снешко и сл. Се пржат во врело масло. Додека се топли се преливаат со чоколаден и ванила крем. Се попрскуваат со шарени мрвици или новогодишни декорации.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 19:44

Торта “Божиќна ноќ”

   
Состојки за тестото:
6 жолчки
80 гр. шеќер во прав
1 рендана кора портокал
цимет
6 белки
100 гр. шеќер
180 гр.брашно
2 ќесички прашок за пециво
100 гр. мелени лешници
80 гр. маргарин (растопен)

 

 Фил 1:

120 гр. суви јаболка
5 суви сливи
7 суви кајсии
неколку сецкани ореви
100 гр. шеќер
1/8 литри црно вино
1/8 литри сок од портокал
1/8 литри рум
¼ литри овошен чај
цимет (по желба)
2 ќесички желе за торти (безбојно) 
 

Фил 2:

250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 лажичка  какао
1 ќесичка кремфикс 

За декорација:

250 мл. слатка павлака
1 лажичка шеќер во прав
1 ќесичка кремфикс
70 гр. мелени лешници
растопено чоколадо (по желба)  
 

Подготовка

Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса.  Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто.  Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади.

Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ.

Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори.  Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата.

За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:56

Новогодишни елкички

    Потребни состојки:
2 гол.лажици шеќер во прав
600 гр мелени бисквити
2 белки
300 гр мелени ореви
200 гр чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
млеко по потреба
зелена прехранбена боја
разни украси за декорирање

Подготовка:

Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус.

Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба.

Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:54
Новогодишни колачиња со смокви

200 гр суви смокви се мелат. Се додава 200 гр шеќер во прав и 200 гр мелени ореви. Се меси смесата и се сука кора од 1 см. Со модла се вадат фигури и се украсуваат по желба.




Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 18:53
Новогодишни колачиња со ѓумбир

Новогодишните празници се период кога секогаш сакаме да испробаме нешто ново, па соодветно на овој претпразничен дух ви претствувам еден традиционален рецепт за американскиот континент- колачиња со ѓумбир (gingerbread cookies). Овој рецепт е мое прилагодување (според состојките што ги имав) на рецептот на Wilton за gingerbread cookies.

 Потребно:

350 грама брашно + 100 грама доколку ви испадне многу лепливо
1/2 лажичка сода
1/2 лажичка морско оревче 
1/2 лажичка ванилин шеќер (ова беше моја идеја) 
на врв лажичка сол
1 лажичка ѓумбир
1 лажичка цимет 
150 гр растопен маргарин (во оригиналниот рецепт е путер, но јас имав само маргарин)
200 гр мед или меласа, јас ставив 10 лажици мед (но искрено со волку мед малку се благи, нареден пат би пробала со 8 лажици) 
1 изматено јајце
 

Подготовка:

Го мешаме брашното со зачините и го додаваме изматеното јајце. Настрана го растопуваме маргаринот (иако треба путер и со маргарин беа вкусни) и малку да поизлади го мешаме со шеќерот и медот. Го додаваме во претходната смеса со брашно. Мешаме и замесуваме на набрашнета површина. Со само 350 гр брашно смесата е многу леплива затоа при замесувањето добро е да додадете уште брашно. Го расукуваме тестото малку подебело, барем 1/2 см. Правиме форми со новогодишни модли и ги ставаме на намастено плехче или хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околку 10 мин. При вадењето од рерна колачињата можат да бидат меки, но не ги враќајте назад да се допечат затоа што по 5-10 мин се стрвднуваат и добиваат соодветна цврстина.

За декорирање би ве посоветувала да ја користите смесата со изматена белка, шеќер во прав и лимон во рецептот за Шеќерна глазура . Затоа што брзавме да ги декорираме (имаше многу гладни усти), ние со Меѓи (мојот личен помошник) ја користевме наједноставната смеса од 100 гр шеќер во прав и 2-3 лажички млака вода, но не ви ја препорачуваме. Смесата со изматени белки е многу подобра за декорирање и боење. Сепак и вака колачињата се изедоа. 

Благодарност до Меѓи за помошта.

p.s. Ветуваме наредниот пат колачињата ќе бидат декорирани поубаво :) 

Рецептот е подготвен од Tortijada.mk 

 


Изменето од Valerija - 25.Ноември.2018 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:50


 
Англиска божиќна торта
Состојки

Ванила стапче(1 Парче)

Бренди(200 Милилитри)

Рум(200 Милилитри)

Цимет(1 Кафена лажица)

Морско оревче(1 Прстофат)

Кардамом(1 Прстофат)

Урми без семки(50 Грама)

Суви смокви(50 Грама)

Суви кајсии(100 Грама)

Кандирана кора од портокал(80 Грама)

Суво грозје(200 Грама)

Бело суво грозје(200 Грама)

Лешник(80 Грама)

Пекан ореви(80 Грама)

Бадеми(80 Грама)

Путер(250 Грама)

Кафеав шеќер(250 Грама)

Јајце(5 )

Брашно(250 Грама)

Жолчка од јајце(6 )

Слатка павлака(130 Милилитри)

Шеќер(110 Грама)

Ванилин шеќер(1 Супена лажица)

Несолен путер(160 Грама)



Подготовка

Овој рецепт се подготвува за помалку од 210 минути

  1. Исечете го стапчето ванила на половина по должина и извадете го семето од него.
  2. На тивок оган ставете бренди, рум, семките од ванилата, цимет, морско оревче и кардамом.
  3. Исечкајте урми, смокви, кајсии и лешници.
  4. Измешајте ги со кандираната кора од портокал, сувото грозје, белото суво грозје, бадемите и пеканите и додајте ги во врелата смеса.
  5. Оставете сè заедно да се готви околу 10 минути.
  6. Потоа отстранете ја тавата од оган и оставете го филот покриен во фрижидер два дена.
  7. Загрејте ја рерната на 140°C.
  8. Матете ги путерот и кафеавиот шеќер сè додека не настане кремаста смеса.
  9. Во него додајте ги јајцата едно по едно.
  10. Потоа додајте го брашното и мешајте додека смесата не стане мазна. Во оваа смеса, измешајте го и овошниот фил.
  11. Премачкајте една тава со путер и покријте ја со хартија за печење. Истурете ја смесата во тавата.
  12. Тортата се пече околу еден час и 15 минути, додека не се испече и не добие златнокафена боја.
  13. Во еден сад, измешајте ги жолчките со слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  14. Ставете ја смесата на тивок оган, но не дозволувајте да зоврие. Оставете да се излади.
  15. Во оваа смеса додајте го путерот за да се добие кремаста глазура.
  16. Глазурата намачкајте ја врз божиќната торта и украсете со овошје по ваш избор.






Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:45

Божиќна торта со вишни



Вкусната божиќна трпеза дополнете ја со торта од чоколадо и вишни на кои тешко може да им одолеете. Тортата пред послужување добро изладете ја и ефектот на воодушевување сигурно нема да изостане.


Потребни состојки:

За пандишпанот

  • 4 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 200 гр. чоколадо
  • 30 гр. лебни трошки

За филот:

  • 1 компот од вишни или пак половина килограм замрзнати вишни
  • 200 гр. чоколадо
  • 500 мл. слатка павлака за шлаг

Подготовка:

Изматете ги пенесто жолчките со шеќер.

Додадете го стопеното чоколадо, мелените ореви, измешани со лебните трошки и изматените на страна белки. Смесата лесно изматете ја и излијте ја во калап за торта или некој сад за печење.

Тортата печете ја во рерна загреана на 170 степени, 30 – 40 минути.

За филот: исчистете ги вишните и распоредете ги преку изладениот пандишпан. Чоколадото стопете го во 150-те мл. загреаната слатка павлака па изладете. Преостанатата слатка павлака изматете ја да добиете шлаг и постепено додадете го подготвеното чоколадо.

Послужување: 

Кремот премачкајте го преку вишните, па тортата оставете ја во фрижидерот добро да се излади, а потоа послужете.

Совет: На пандишпанот можете да го истурите сокот од компотот за да ви биде посочен.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:44

Божиќен колач со брусница


Интересен предлог за вкусен божиќен десерт...

Потребни намириници:
- 300 гр брашно
- 110 гр шеќер
- 2 лажици прашок за печиво
- 1 јајце
- 175 мл свежо исцеден сок од портокал ( околу 3 портокали)
- 60 мл стопен путер
- 250 гр брусници
- 1 лажица изрендана кора од портокал
За прелив:
- 250 гр крем сир
- 85 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 јајце

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот и прашокот за печиво и измешајте. Во друг сад измешајте ги јајцата со мешалка или вилушка, додадете го стопениот путер, сокот од портокал и изренданата кора од портокал. Прелијте ја оваа смеса со смесата од суви состојки, измешајте со лажица за сите намирници да се соединат. Потоа додадете ги брусниците и добро промешајте.

Подмачкајте го плехот за печење и посипете брашно, па со лажица истурете го тестото кое треба да биде поприлично густо. Рамномерно распределете го. Измешајте го крем сирот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и прелијте со тестото.

Печете на температура од 180 степени, околу 20 минути. Потоа ставете хартија за печење одозгора за да не ви изгори горната гора. Печете уште 40 минути.



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 18:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2017 во 09:41

Слатка божиќна салама

bozik

Намирници – 1 марагрин, 200 грама чоколада за готвење, 100 грама шеќер, 2 јајца, 300 грама petit beure кекси, 300 грама желе бомбони, шака ораси, шака бадеми, 10-на суви смокви, кора од 1 портокал, шака суво грозје, 50 грама рум, 1 пакетче обланди.

Подготовка – Ситно исечкајте ги кората од портокал, смоквите, орасите, бадемите и кексите. Кеските не треба да бидат премногу измелени, туку во ситни мали делови. Обландите ставете ги помеѓу влажни кујнски крпи 20-на минути, зашто треба да омекнат за полесно да се виткаат. Чоколадата, маргаринот и шеќерот стопете ги и помешајте ги на тивок оган. Додадете ги јајцата, мешајќи. Потоа додадете ги сите останати исечкани состојки и румот. Дури кога се добро ќе се измеша, додадете ги желе бомбоните и гответе уште три-четири минути. Внимавајте бомбоните да не се растопат. Со готовата смеса веднаш премачкајте ги обландите. Завиткајте ја обландата во форма на салама, па ставете ја на ладно место. Штом се изладат исечете ги на тенки кругови.



    Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 09:41
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2017 во 18:04

    БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА


    За тесто:

    300 гр. брашно

    100 гр. маргарин

    1 јајце

    100 гр. шеќер

    1 ванилин шеќер

    1 прашок за пециво

    1 лажичка цимет

    4 лажички мед

    За декорација:

    1 белка

    200 гр. шеќер во прав

    1 лажичка сок од лимон

    Припрема:

    Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

    Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури.

    Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат.

    Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит!



    Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:05
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2017 во 17:57

    Чоколадни елки

    Чоколадни елки

    За новогодишната ноќ развеселете ги своите деца со овие едноставни, а така слтки и декоративни чоколадни колачиња …

    Потребно е:
    за бисквитното тесто:
    100 гр путер
    100 гр чоколадо
    60 гр брашно
    40 гр какао
    1 лажиче прашок за пециво
    4 јајца
    150 гр шеќер
    1 ванилин шеќер

    за кремот:
    100 гр путер
    100 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда …)
    150 гр маскарпоне

    за декорирање:
    200 мл слатка павлака, изматена во шлаг
    чоколадни трошки
    чоколадни ѕвездички
    шарени украсни зрнца

    Подготовка:
    – Растопете го путерот во еден сад на рингла и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека не се растопи чоколадото.

    – Брашното помешајте го со какаото и со прашокот за пециво.

    – Јајцата, шеќерот  и ванилиниот шеќер изматете ги убаво со миксер додека да добиете хомогена густа, пенеста смеса. Со мешање додадете го и растопеното чоколадо. На крај додадете ја и смесата со брашно и какао и измешајте полека.

    – Смесата сипете ја во тава (со димензии 32х18 см) која претходно сте ја премачкале со путер и посипале со малку брашно. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

    – Додека се пече тестото преминете на подготовка на кремот. Во еден сад со миксер изматете ги убаво путерот кој е на собна температура и чоколадниот крем. На крај додадете го и маскарпонето и измешајте убаво.

    – Готовиот крем премачкајте го на изладеното тесто. Со вилушка полека поминете преку кремот за да добиете бранови како на сликата.

    – Со остар нож колачот пресечете го на триаголници. Секој триаголник-елка посебно украсете ја со шлагот, чоколадните трошки, чоколадните ѕвездички и шарените украсни зрнца (видете на сликата).



    Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 19:40
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2017 во 17:52

    5 новогодишни десерти: Креативни рецепти кои воодушевуваат

    На многу едноставен начин можете да направите парчињата торта да добијат облик на празнични декорации, а кога ги украсувате мафините, водете се по паролата, што повеќе тоа подобро!



    За вашата трпеза оваа година да биде единствена и неодолива, потребно е само малку од вашето слободно време. Заборавите на стандардните десерти и подгответе се за вистинското хедонистичко задоволство за вашето семејство, гости, но и за вас самите.

    Дали тоа ќе бидат неодоливи мафини, омилена торта, пуслици кои се топат во уста или овошен десерт, на вас е да одлучите, а ние ви нудиме 5 креативни идеи за слатки во облик на новогодишна елка, која ќе ве воодушеви како со изгледот, така и со вкусот.

    Неодолива торта

    Направете ја омилената, лесна торта по ваш избор, но нека е округла. Исечете ја на триаголници, скратете ги малку краевите, а во средината ставете чоколадно стапче, така што секое парче да изгледа како мала елка. Ако парчето го украсите со малку шлаг во зелена боја и шарени бомбончиња, вие ќе добиете изглед на украсена празнична елка.

    Празнични мафини


    Направете го тестото за омилените слатки мафини и испечете го. Во духот на празникот ставете им црвени корпички. Изматете белка со шеќер и малку лимонов сок, нанесете на колачите, па испечете ги неколку минути. Оставете малку да се излади, а во меѓувреме изматете го шлагот, додадете ја зелената прехранбена боја и со шприц направете облик на елка како на фотографијата. Украсете со мали ситни бомбончиња и елкичка која се јаде на врвот. Вашите гости ќе бидат воодушевени.

    Овошна елка

    Измешајте 300 гр. мелени кекси со сок од портокал, таман толку за да смесата биде еднолична и лесна за обликување. Од смесата формирајте облик на поголема елка, па подгответе фил. 300 мл. млеко ставете да зоврие, а во меѓувреме 200 мл. млеко разматете со 8 лажици шеќер и 9 лажици брашно. Кога ќе зоврие, ставете ја смесата со брашно и шеќер и варете 1-2 минути. Додадете 250 гр. путер со 2 лажици шеќер во прав и ставете го изладениот фил и сето тоа добро соединете го со мискер. Нафилувајте ја кората, пазете тортата да го задржи обликот на елка, а потоа исецкајте киви на танки парчиња. Наредете ги преку филот, а потоа додадете и неколку рибизли, кои ќе изгледаат како украси.

    Елка пуслица


    Изматете две белки со 150 гр. шеќер и лажица лимонов сок, пенесто изматете, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврста маса како снег, додадете лимонов сок и уште малку матете. Додадете прехранбена зелена боја и со шприц формирајте елки. Печете во рерна околу 60 минути на 130 степени. Кога е печено посипете малку шеќер во прав за да добиете изглед на снег кој паднал врз нив, а на врвот ставете чоколадна ѕвезда од стопено чоколадо која ќе ја формирате одделно и потоа само ќе ја ставите на елката.

    Новогодишен капкејк


    Пробајте го овој неодолив колач во варијатна со ванила. Потребно ви се 200 гр. шеќер, 100 гр. путер, 2 јајца, 2 лажици екстракт од ванила, 200 гр. брашно, 2 лажици прашок за печење, 130 мл. млеко.

    Тесто: Изматете ги јајцата и путерот и на крај екстрактот од ванила. Во посебен сад измешајте го брашното и прашокот за печење и полека додадете млеко. Мешајте додека од смесата не добиете глатко тесто, а потоа измешајте ја со јајцата и путерот. Сипете во калапи и печете 20-на минути на 180 степени.

    Фил: Изматете 150 гр. путер, па додадете 140 гр. шеќер и добро соединете. Додајте уште 140 гр. шеќер, лажица млеко и добро измешајте. Ако вам смесата ви е прегуста, тогаш додадете уште една лажица млеко. Со шприц нанесете фил на секој мафин, одете во висина колку сакате, а преку шприц нанесете шлаг во зелена боја. Кога станува збор за висината, што е повисоко толку подобро, а кога ќе завршите со формирање на елката, украсете ја со бомбончиња и ѕвезда за јадење на врвот.

    Пријатен апетит и среќна Нова Година!



    Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 19:38
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,172 секунди.