IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со брокула
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со брокула

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти со брокула
    Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:58
Брокулата спаѓа во најздравите намирници на светот, и таа е прва препорака на сите нутриционисти.

Овој вкусен зеленчук може да се јаде како салата, како додаток во супи, како прилог, но и на многу други начини. Еден од нив е следниов начин 

Крцкави плескавици од брокула

Потребно: 
 250 грама свежа брокула
 1 големо јајце
 65 грама сенаменско брашно
 30 грама рендан пармезан
 1 мало чешне лук
 половина лажичка сол
 бибер
 масло 


Подготовка: 
 Брокулата измијте ја, исчистете ја и раздвојте ја, па ставете ја да се обари колку да омекне. Потоа процедете ја од водата и оставете малку да се излади. Откако ќе се излади исецкајте ја на парчиња од околу 1 сантиметар.


 Во подлабок сад скршете го јајцето, па додајте го брашното, пармезанот, лукчето исецкано на ситно, солта и биберот. Потоа додајте ја брокулата и малку испасирајте со алатка за правење пире, но внимавајте да не претерате.


 Сепак треба да добиете смеса која не се разлева и од која може да се прават крокети.

 Во сад за пржење ставете масло да се загрее па со лажица вадете од смесата со брокула и ставајте во тавата формирајќи плескавички. Кога ќе се испржат од едната страна, превртете ги и од другата. Времето на пржење од една страна е околу 2-3 минути, и од другата околу 1-2 минути.


 По пржењето извадете ги на салфета која ќе ја впие мрснотијата.

Сервирајте со јогурт или павлака. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 22:01
Ручек идеја: Потпечени компири со брокула
Ручек идеја: Потпечени компири со брокула

Направете тава со компири и брокула – една поинаква мусака со зеленчук.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр компири
  • 1 брокула
  • 150 мл павлака за готвење
  • сол
  • бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Најпрво излупете го компирот, исечете го на парчиња, ставете го во тава и додадете масло, сол и бибер.
  2. Печете ги дваесетина минути во загреана рерна на 180 степени. Во тавата додадете ги исечканата брокулата и павлаката.
  3. Потоа, печете уште 30 минути
  4. Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 22:03

Киноа со брокула и карфиол



hitkujna-kasa-kinoa-brokula-i-karfiol

состојки:

2 лажици киноа,
2 мали китки брокула,
2 мали китки карфиол,
1 мала тиквичка,
малку пашканат,
1/2 сечкан кромид,
1/4 пиперка

hitkujna-kinoa

hitkujna-zelencuk

подготовка:
Сварете ја киноата а останатите состојки гответе ги 20 тина минути на пареа. Готовиот зеленчук изблендирајте го заедно со киноата.
По желба, доколку имате воведено, додадете и жолчка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 22:05

Шпагети со туна и брокула



Шпагети

Состојки:

  • 20г. брокула, исечена на парчиња
  • 300 г шпагети
  • 2 млади кромитчиња, исецкани
  • 60 гисечкани зелени маслинки
  • 2 супени лажици копар
  • 200г. туна во конзерва
  • Рендана кора и сок од 1 лимон
  • 1 супена лажица маслиново масло

Подготовка:

Варете ги шпагетите во солена вода околу 6 минути. Додадете ја брокулата и варете уште наредни 4 минути, додека целосно не бидат сварени.
Во голем сад за послужување ставете го кромидот, маслинките, копарот, туната и сокот и кората од лимон. Додадете ги сварените шпагети со брокула и додадете маслиново. Промешајте ги  сите состојки. При послужување додадете врз секоја порција уште малку маслиново масло.

Добар апетит!

Шпагети



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 22:09

СУПА ОД БРОКУЛА



supa od brokula2

Нашиот рецепт за кремаста супа од брокула ја инспирираше читателката Светлана Василеска да ни препорача уште една интересна варијанта на супа од брокули и моркови. Се конзумира и ладна и топла, одлична во секоја варијанта.


Состојки


  1. 1.Во сад за готвење, на оган, се ставаат да се варат морковите со малку масло и сол. Кога ќе бидат скоро сварени се додава брокулата и огнот се исклучува.
  2. 2.Варените моркови и брокулата се пасираат во блендер, Се додава од водата во која се вареа се додека не се добие саканата густина.
  3. 3.Во блендер се става и кисело млеко.
  4. 4.На крај се додава зачините се додека не се постигне саканиот вкус.
  5. 5.Супата е супер и ладна и топла, кој како сака.


Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:40

КИШ СО БРОКУЛА

Потребни состојки:

4 јајца

1 главица брокула

300 г печурки

150 г рендан кашкавал (чедар)

2-3 млади кромидчиња

Сол, пипер

Округло тавче обложено со хартија за печење




Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:46
Пилешко со брокула – одличен специјалитет од Кинеската кујна
Пилешко со брокула – одличен специјалитет од Кинеската кујна

Готвењето ручек е вистинска уметност. Gotvi.mk за денес ви препорачува да подготвите вкусен и здрав ручек со пилешко и брокула.

СОСТОЈКИ:

  • 500 грама пилешки стек
  • сенф
  • бело вино
  • сол
  • зачини
  • 200 грама брокула
  • масло за готвење
  • 4 супени лажици соја сос

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Исечете го пилешкото месо на парчиња и ставете го посебен сад со маринада составена од малку сенф, бело вино, сол, црн бибер и маслиново масло.
  2. Промешајте го месото и оставете го да отстои 30 тина минути во приготвената маринада.
  3. Потоа ставете го пилешкото месо во сад за готвење во кој ќе додадете малку вода, како и преостанатата маринада.
  4. Оставете го да се динста околу час и половина за да се свари месото.
  5. Во меѓувреме, во друг сад со вода ставете брокула исецкана на помали парчиња и оставете ја неколку минути да се свари на тивок оган.
  6. Откако ќе бидат готови пилешкото месо и брокулата, ставете ги во тавче со загреано масло да се пропржат заедно околу 10 тина минути.
  7. Пред да ги тргнете од огнот додадете 4 супени лажици соја сос и убаво промешајте.


Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 17:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:51
Брокула со лук и сос

Брокула со лук и сос

Состојки
400 гр. брокула
2-3 чешниња лук
50 мл. зејтин
1 лажичка ѓумбир во прав
2 лажички нишесте
малку сол
100 мл. вода
1 лажица сув мешан зачин
Подравкин рецепт, одличен е, за време на постите ви предлагам вакво нешто да спремите...
1. Брокулата исчистете ја, измијте и разделете на помали цветчиња
2. Бланширајте ја кратко во зовриена посолена вода во која сте ставиле 2 лажици зејтин.
3. Извадете ја и веднаш треба да ја ставите во ладна вода за да ја задржи бојата. Оставете да се исцеди.
4. Во тавка загрејте го преостанатиот зејтин, додадете ја брокулата, посипете ја со смесата од сув мешан зачин и кратко пропржете ја.
5. Во водата растворете го нишестето, додајте го ѓумбирот, промешајте и додајте во брокулата. Тавката малку протресете ја, нека се за кратко време (една минутка) проврие, додадете го исечканиот лук - проценете сами - ако е потребно додајте уште сосема малку вода. Не треба да е многу густо, туку да е во густина на сос.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 21:07

СВЕЖА ЛЕТНА САЛАТА ОД БРОКУЛИ


Потребни продукти:

–        Брокули – ½ главица,

–        Бадеми – 3 супени лажици,

–        Лимони – сок од еден лимон,

–        Маслиново масло – 3-4 мали лажички,

–        Јаболков оцет или балсамико – 1 супена лажица,

–        Сол

–        Бибер

Приготвување на салатата од брокули:

Брокулите треба да ги исецкате најпрво и потоа да ги ставите 5 минути да омекнат на пареа. После тоа веднаш исплакнете ги со студена вода.

Загрејте го маслото и запржете ги за кратко исецканите бадеми. Потребна ви е подлабока тава со капак. Додадете ги брокулите, покријте со капакот и протретесете ја тавата. После 3 минути тргнете ја тавата од оган и префрлете се во чинија.

Полејте со лимоновиот сок и со оцетот, зачинете со малку сол и бибер по вкус. Се сервира веднаш.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 21:09

Топла салата од брокули и јајца


  • 500 гр брокула, одвоена на помали цветови
  • 100 мл семчиња од сончоглед
  • 2-3 јајца, варени
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица вински оцет
  • Брокулата измијте ја и одделете ја на помали цветови. Гответе ја на пареа, десетина минути. Не ја покривајте со капак, затоа што ќе ја изгуби зелената боја. 
  • Семките од сончоглед тостирајте ги на тефлонска тава, колку да пуштат арома и да добијат малку боја.
  • Кога ќе бидат готови, ставете ги во сад за салата, заедно со исцедената брокула. Јајцата тврдо сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на четвртинки. Зачинете ја салатата со соја сос и малку бибер и измешајте ја. Од горе ставете ги варените јајца и прелијте со маслиново масло и вински оцет.


Изменето од Valerija - 07.Ноември.2016 во 21:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2016 во 17:22
Брокула и карфиол во бешамел сос

Состојки

  • 1 главица карфиол
  • 1 главица брокула
  • 120 грама Чедар сирење (или кашкавал)
  • 4-5 супени лажици брашно
  • 1,5 литра млеко
  • 120 грама лебни трошки
  • 2 супени лажици Буковец

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано лонец, Ростер тава и Длабока тава со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Додадете ги брокулата и карфиолот во 1,5 литри млеко и откако ќе зовријат оставете ги да се варат уште 10 минути за да омекнат, да исчезне горчливиот вкус на карфиолот и млекото да ги поприми сите вкусови за сосот.

Чекор 2: Со помош на лажица решетка извадете ги брокулата и карфиолот од млекото и ставете ги во Ростер тавата. Млекото чувајте го!

Чекор 3: Запржете го путерот и брашното и потоа полека додавајте го млекото за да го подготвите бешамел сосот. На крај додадете малку Чедар сирење за сосот да се згусне и да има поубав вкус.

Чекор 4: Ставете го сосот врз зеленчукот и одозгора попрскајте со малку лебни трошки и Чедар сирење. Ние ќе додадеме и малку Буковец за да му даде пријатна лута жичка на јадењето.

Чекор 5: Печете 25-30 минути на 150 степени додека преливот да добие златна боја и да се појават меурчиња.

Чекор 6: Послужете на чинија со Француски багет и уживајте во вашиот момент на среќа!

СОВЕТ: Оваа јадење е одличен лесен ручек. Идеална опција ако сакате оброк со ниско ниво на јаглехидрати – додадете морско оревче во сосот за малку поинаков вкус.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2016 во 19:28
Јуфки со брокула
jufki-so-brokuli
 

СОСТОЈКИ 

Јуфки(200 Грама)

Брокула(500 Грама)

Слатка павлака(350 Милилитри)

Рендан кашкавал(50-100 Грама)

Лук(2 Чешниња)

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Путер(1 Супена лажица)

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Слатката павлака измешајте ја со зачините, изренданиот кашкавал и лимоновиот сок. Ставете ги во тенџере на оган и варете ги колку што е потребно за да се стопи кашкавалот.
  2. Брокулата измијте ја, исечкајте ја и варете ја кратко во солена вода.
  3. Загрејте маслиново масло и путер и тргнете настрана кога путерот ќе се стопи.
  4. Потоа додајте ја брокулата, исечканиот лук, сварените јуфки и претходно приготвениот сос. Измешајте за да добиете хомогена смеса и на крајот додајте сол и бибер по желба.
  5. Послужете го јадењето топло, а одозгора ставете го остатокот од ренданото сирење.


Изменето од Valerija - 10.Ноември.2016 во 19:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2017 во 14:34

ЗДРАВО И ВКУСНО:ТОПЧИЊА ОД БРОКУЛА И СИРЕЊЕ

Состојки:
  • 1 поголема брокула
  • 1-2 јајца
  • 50 гр брашно
  • 30 гр пармезан
  • презла
  • лук
  • млад кромид
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Одвојте ги цветовите брокула од стеблото и гответе ги додека брокулата не омекне. Исечете ги на ситни парчиња, додајте сирење, јајца и останати состојки.

Од смесата обликувајте топчиња, посипетеги со маслиново масло и печете ги на хартија за печење. Печете ги на 200 степени 16-18 минути.



Изменето од Valerija - 18.Април.2017 во 14:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92170
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2017 во 19:45

ЗГОТВИ БРОКУЛА СО СОС ОД СИРЕЊЕ


    Брокулите се од оние исклучително корисни видови храна кои не се многу обожувани од повеќето луѓе. Најмногу децата.

e1ef9905568ea097ef07a5c536f9d1d5

Штом еднаш сепак ги пробате, приготвени на соодветен начин, тешко дека некогаш ќе ги одбиете.

Затоа ви нудиме едноставен рецепт за брокула со сос од сирење , кој ќе ја направи здравата храна навистина неодолива.

Покрај околу 30 слободни минути за подготовка на 6 порции од јадењето, ќе ви требаат и следниве производи:

– 2 глави брокула – исечени на розички;

– 2 чаши полномасно млеко;

– 1 лажица масло;

– 1 чешне лук;

– ½ лажичка сол или повеќе по вкус;

– ½ лажичка црн пипер или повеќе по вкус;

– ½ лажичка чили во прав;

– 350 грама меко сирење по избор – сечено на коцки;

– 120 грама чедар сирење – рендано;

– 120 грама кашкавал – рендан;

Начин на приготвување:

1. Сварете ги брокулите за 3-4 минути додека малку омекнат (но не премногу).

 

2. За да направите сос, загрејте го маслото и млекото на просечна кон слаба температура.Почекајте течноста да стане жешка и ставете рендан лук.

 

3. Додајте сол, црн пипер и чили во прав. Додадете го мекото сирење по избор и промешајте додека не се стопи и не стане кремасто.

 

4. Додадете ги чедарот и кашкавалот и повторно мешајте додека тие исто така не се растопат. Пробајте и додадете зачини по ваш вкус.

5. Послужете ги брокулите и сосот одделно или заедно, како сакате.

 



Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.