Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27643 Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 14:49 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Рецепти со брокулаПостирано од: Valerija
Наслов: Рецепти со брокула
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:58
Брокулата спаѓа во најздравите намирници на светот, и таа е прва препорака на сите нутриционисти.
Овој вкусен зеленчук може да се јаде како салата, како додаток во супи, како прилог, но и на многу други начини. Еден од нив е следниов начин
Крцкави плескавици од брокула
Потребно: ● 250 грама свежа брокула ● 1 големо јајце ● 65 грама сенаменско брашно ● 30 грама рендан пармезан ● 1 мало чешне лук ● половина лажичка сол ● бибер ● масло
Подготовка: ● Брокулата измијте ја, исчистете ја и раздвојте ја, па ставете ја да се обари колку да омекне. Потоа процедете ја од водата и оставете малку да се излади. Откако ќе се излади исецкајте ја на парчиња од околу 1 сантиметар.
● Во подлабок сад скршете го јајцето, па додајте го брашното, пармезанот, лукчето исецкано на ситно, солта и биберот. Потоа додајте ја брокулата и малку испасирајте со алатка за правење пире, но внимавајте да не претерате.
● Сепак треба да добиете смеса која не се разлева и од која може да се прават крокети.
● Во сад за пржење ставете масло да се загрее па со лажица вадете од смесата со брокула и ставајте во тавата формирајќи плескавички. Кога ќе се испржат од едната страна, превртете ги и од другата. Времето на пржење од една страна е околу 2-3 минути, и од другата околу 1-2 минути.
● По пржењето извадете ги на салфета која ќе ја впие мрснотијата.
Сервирајте со јогурт или павлака. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 22:01
Ручек идеја: Потпечени компири со брокула
Направете тава со компири и брокула – една поинаква мусака со зеленчук.
СОСТОЈКИ:
500 гр компири
1 брокула
150 мл павлака за готвење
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво излупете го компирот, исечете го на парчиња, ставете го во тава и додадете масло, сол и бибер.
Печете ги дваесетина минути во загреана рерна на 180 степени. Во тавата додадете ги исечканата брокулата и павлаката.
Потоа, печете уште 30 минути
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 22:03
2 лажици киноа, 2 мали китки брокула, 2 мали китки карфиол, 1 мала тиквичка, малку пашканат, 1/2 сечкан кромид, 1/4 пиперка
подготовка: Сварете ја киноата а останатите состојки гответе ги 20 тина минути на пареа. Готовиот зеленчук изблендирајте го заедно со киноата. По желба, доколку имате воведено, додадете и жолчка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 22:05
Варете ги шпагетите во солена вода околу 6 минути. Додадете ја брокулата и варете уште наредни 4 минути, додека целосно не бидат сварени. Во голем сад за послужување ставете го кромидот, маслинките, копарот, туната и сокот и кората од лимон. Додадете ги сварените шпагети со брокула и додадете маслиново. Промешајте ги сите состојки. При послужување додадете врз секоја порција уште малку маслиново масло.
Нашиот рецепт за http://migusto.mk/kremasta-supa-od-brokuli/" rel="nofollow - кремаста супа од брокула ја инспирираше читателката Светлана Василеска да ни препорача уште една интересна варијанта на супа од брокули и моркови. Се конзумира и ладна и топла, одлична во секоја варијанта.
Состојки
300 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2/" rel="nofollow - морков (или по вкус)
500 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - брокула (или по вкус)
малку http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb-%d1%86%d1%80%d0%bd-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80-%d0%b2%d0%b5%d0%b3%d0%b5%d1%82%d0%b0/" rel="nofollow - сол, црн пипер, вегета
малку http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b5%d1%9a%d0%b5/" rel="nofollow - масло за готвење
http://migusto.mk/supa-od-brokula/" rel="nofollow - 1.Во сад за готвење, на оган, се ставаат да се варат морковите со малку масло и сол. Кога ќе бидат скоро сварени се додава брокулата и огнот се исклучува.
http://migusto.mk/supa-od-brokula/" rel="nofollow - 2.Варените моркови и брокулата се пасираат во блендер, Се додава од водата во која се вареа се додека не се добие саканата густина.
http://migusto.mk/supa-od-brokula/" rel="nofollow - 3.Во блендер се става и кисело млеко.
http://migusto.mk/supa-od-brokula/" rel="nofollow - 4.На крај се додава зачините се додека не се постигне саканиот вкус.
http://migusto.mk/supa-od-brokula/" rel="nofollow - 5.Супата е супер и ладна и топла, кој како сака.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 08:40
КИШ СО БРОКУЛА
Потребни состојки:
4 јајца
1 главица брокула
300 г печурки
150 г рендан кашкавал (чедар)
2-3 млади кромидчиња
Сол, пипер
Округло тавче обложено со хартија за печење
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 08:46
Пилешко со брокула – одличен специјалитет од Кинеската кујна
Готвењето ручек е вистинска уметност. Gotvi.mk за денес ви препорачува да подготвите вкусен и здрав ручек со пилешко и брокула.
СОСТОЈКИ:
500 грама пилешки стек
сенф
бело вино
сол
зачини
200 грама брокула
масло за готвење
4 супени лажици соја сос
НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
Исечете го пилешкото месо на парчиња и ставете го посебен сад со маринада составена од малку сенф, бело вино, сол, црн бибер и маслиново масло.
Промешајте го месото и оставете го да отстои 30 тина минути во приготвената маринада.
Потоа ставете го пилешкото месо во сад за готвење во кој ќе додадете малку вода, како и преостанатата маринада.
Оставете го да се динста околу час и половина за да се свари месото.
Во меѓувреме, во друг сад со вода ставете брокула исецкана на помали парчиња и оставете ја неколку минути да се свари на тивок оган.
Откако ќе бидат готови пилешкото месо и брокулата, ставете ги во тавче со загреано масло да се пропржат заедно околу 10 тина минути.
Пред да ги тргнете од огнот додадете 4 супени лажици соја сос и убаво промешајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 08:51
Брокула со лук и сос
Состојки
400 гр. брокула
2-3 чешниња лук
50 мл. зејтин
1 лажичка ѓумбир во прав
2 лажички нишесте
малку сол
100 мл. вода
1 лажица сув мешан зачин
Подравкин рецепт, одличен е, за време на постите ви предлагам вакво нешто да спремите...
1. Брокулата исчистете ја, измијте и разделете на помали цветчиња
2. Бланширајте ја кратко во зовриена посолена вода во која сте ставиле 2 лажици зејтин.
3. Извадете ја и веднаш треба да ја ставите во ладна вода за да ја задржи бојата. Оставете да се исцеди.
4. Во тавка загрејте го преостанатиот зејтин, додадете ја брокулата, посипете ја со смесата од сув мешан зачин и кратко пропржете ја.
5. Во водата растворете го нишестето, додајте го ѓумбирот, промешајте и додајте во брокулата. Тавката малку протресете ја, нека се за кратко време (една минутка) проврие, додадете го исечканиот лук - проценете сами - ако е потребно додајте уште сосема малку вода. Не треба да е многу густо, туку да е во густина на сос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Ноември.2016 во 21:07
СВЕЖА ЛЕТНА САЛАТА ОД БРОКУЛИ
Потребни продукти:
– Брокули – ½ главица,
– Бадеми – 3 супени лажици,
– Лимони – сок од еден лимон,
– Маслиново масло – 3-4 мали лажички,
– Јаболков оцет или балсамико – 1 супена лажица,
– Сол
– Бибер
Приготвување на салатата од брокули:
Брокулите треба да ги исецкате најпрво и потоа да ги ставите 5 минути да омекнат на пареа. После тоа веднаш исплакнете ги со студена вода.
Загрејте го маслото и запржете ги за кратко исецканите бадеми. Потребна ви е подлабока тава со капак. Додадете ги брокулите, покријте со капакот и протретесете ја тавата. После 3 минути тргнете ја тавата од оган и префрлете се во чинија.
Полејте со лимоновиот сок и со оцетот, зачинете со малку сол и бибер по вкус. Се сервира веднаш.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Ноември.2016 во 21:09
Топла салата од брокули и јајца
500 гр брокула, одвоена на помали цветови
100 мл семчиња од сончоглед
2-3 јајца, варени
2 лажици соја сос
2 лажици маслиново масло
1 лажица вински оцет
Брокулата измијте ја и одделете ја на помали цветови. Гответе ја на пареа, десетина минути. Не ја покривајте со капак, затоа што ќе ја изгуби зелената боја.
Семките од сончоглед тостирајте ги на тефлонска тава, колку да пуштат арома и да добијат малку боја.
Кога ќе бидат готови, ставете ги во сад за салата, заедно со исцедената брокула. Јајцата тврдо сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на четвртинки. Зачинете ја салатата со соја сос и малку бибер и измешајте ја. Од горе ставете ги варените јајца и прелијте со маслиново масло и вински оцет.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Ноември.2016 во 17:22
Брокула и карфиол во бешамел сос
Состојки
1 главица карфиол
1 главица брокула
120 грама Чедар сирење (или кашкавал)
4-5 супени лажици брашно
1,5 литра млеко
120 грама лебни трошки
2 супени лажици Буковец
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано лонец, Ростер тава и Длабока тава со рачки.
Подготовка
Чекор 1: Додадете ги брокулата и карфиолот во 1,5 литри млеко и откако ќе зовријат оставете ги да се варат уште 10 минути за да омекнат, да исчезне горчливиот вкус на карфиолот и млекото да ги поприми сите вкусови за сосот.
Чекор 2: Со помош на лажица решетка извадете ги брокулата и карфиолот од млекото и ставете ги во Ростер тавата. Млекото чувајте го!
Чекор 3: Запржете го путерот и брашното и потоа полека додавајте го млекото за да го подготвите бешамел сосот. На крај додадете малку Чедар сирење за сосот да се згусне и да има поубав вкус.
Чекор 4: Ставете го сосот врз зеленчукот и одозгора попрскајте со малку лебни трошки и Чедар сирење. Ние ќе додадеме и малку Буковец за да му даде пријатна лута жичка на јадењето.
Чекор 5: Печете 25-30 минути на 150 степени додека преливот да добие златна боја и да се појават меурчиња.
Чекор 6: Послужете на чинија со Француски багет и уживајте во вашиот момент на среќа!
СОВЕТ: Оваа јадење е одличен лесен ручек. Идеална опција ако сакате оброк со ниско ниво на јаглехидрати – додадете морско оревче во сосот за малку поинаков вкус.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Ноември.2016 во 19:28
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
Слатката павлака измешајте ја со зачините, изренданиот кашкавал и лимоновиот сок. Ставете ги во тенџере на оган и варете ги колку што е потребно за да се стопи кашкавалот.
Брокулата измијте ја, исечкајте ја и варете ја кратко во солена вода.
Загрејте маслиново масло и путер и тргнете настрана кога путерот ќе се стопи.
Потоа додајте ја брокулата, исечканиот лук, сварените јуфки и претходно приготвениот сос. Измешајте за да добиете хомогена смеса и на крајот додајте сол и бибер по желба.
Послужете го јадењето топло, а одозгора ставете го остатокот од ренданото сирење.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Април.2017 во 14:34
ЗДРАВО И ВКУСНО:ТОПЧИЊА ОД БРОКУЛА И СИРЕЊЕ
Состојки:
1 поголема брокула
1-2 јајца
50 гр брашно
30 гр пармезан
презла
лук
млад кромид
сол
бибер
Начин на подготовка:
Одвојте ги цветовите брокула од стеблото и гответе ги додека брокулата не омекне. Исечете ги на ситни парчиња, додајте сирење, јајца и останати состојки.
Од смесата обликувајте топчиња, посипетеги со маслиново масло и печете ги на хартија за печење. Печете ги на 200 степени 16-18 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 19:45
Штом еднаш сепак ги пробате, приготвени на соодветен начин, тешко дека некогаш ќе ги одбиете.
Затоа ви нудиме едноставен рецепт за брокула со сос од сирење , кој ќе ја направи здравата храна навистина неодолива.
Покрај околу 30 слободни минути за подготовка на 6 порции од јадењето, ќе ви требаат и следниве производи:
– 2 глави брокула – исечени на розички;
– 2 чаши полномасно млеко;
– 1 лажица масло;
– 1 чешне лук;
– ½ лажичка сол или повеќе по вкус;
– ½ лажичка црн пипер или повеќе по вкус;
– ½ лажичка чили во прав;
– 350 грама меко сирење по избор – сечено на коцки;
– 120 грама чедар сирење – рендано;
– 120 грама кашкавал – рендан;
Начин на приготвување:
1. Сварете ги брокулите за 3-4 минути додека малку омекнат (но не премногу).
2. За да направите сос, загрејте го маслото и млекото на просечна кон слаба температура.Почекајте течноста да стане жешка и ставете рендан лук.
3. Додајте сол, црн пипер и чили во прав. Додадете го мекото сирење по избор и промешајте додека не се стопи и не стане кремасто.
4. Додадете ги чедарот и кашкавалот и повторно мешајте додека тие исто така не се растопат. Пробајте и додадете зачини по ваш вкус.
5. Послужете ги брокулите и сосот одделно или заедно, како сакате.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 19:46
Крем-супа од брокула
Потребни состојки:
350г брокула (свежа или замрзната)
400мл зеленчукова основа за супа (може и од инстант коцка)
1 врзулка млад кромид
200мл кисела павлака
Маслиново масло
Сол
Бибер (свежо мелен)
Начин на приготвување:
Во длабок сад, пропржете го ситно исечканиот кромид.
Додајте ја брокулата и основата за супата. Варете додека не зоврие, а потоа на потивок оган уште 15-20 минути, додека не омекне брокулата.
На крај ставете ја сварената супа во блендер за да добие кремаста структура и послужете ја додека е топла. При послужувањето, ставете 1-2 лажици кисела павлака и наросете свежо мелен бибер во секоја од чиниите, како и тостирано лепче од страна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 19:48
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 19:57
Извонредна салата од брокула и карставици
Состојки
1 главица брокула
2 краставици
250 гр павлака или кисело млеко
малку сецкани ореви
2-3 чешниња лук
1. Брокулата се двои на мали цветчиња и се вари на пареа неколку минути.
2. Се пасира брокулата со вилушка, се додаваат оревите, исецканиот лук и павлаката, се посолува и добро се промешува додека смесата да се изедначи.
3. Смесата се става во чинија и се декорира со краставиците. Може одозгора да се декорира по желба, со патлиџан и маслинки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 08:43
http://acibademsistina.mk/health/index.php/wellness/ishrana-nitricionizam/189-salata-od-brokula.html" rel="nofollow - - Салата од брокула
Летото е совршен период од годината за да ги уживате благодетите на градината. Затоа навалете на овошје и зеленчук.
Потребни состојки
900 гр свежа брокула
225 гр свежи печурки
100 гр павлака
100 гр мајонез
1 лажичка бел шеќер
малку црн пипер
1 кафена лажица рендан лук
1 чешне ситно сечкан лук
Начин на подготовка:
Исчистете ја и ситно исечкајте ја брокулата, а потоа ставете ја во топла вода да се вари 10 минути. Потоа во голем сад додадете ги печурките, павлаката, мајонезот, шеќер, бибер и лук во мал сад.
Пријатно јадење!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 08:46
Ако користите замрзнат лосос, прво одмрзнете го и ставете го во цедилка да се исцеди вишокот на вода. Потоа, ако се работи са парчиња со нееднаква дебелина, како што беше во мојот случај, исечете го тенкиот дел од парчето лосос. Отсечените делчиња одат во тава, како и големите парчиња, да си знаете! :)
Вака подготвениот лосос, ставете го на хартиени салфети, за да му се одстрани вишокот на вода. Така ќе спречите прскање при пржење, а и лососот ќе се пржи, а не динста. Рибата добро посолете ја.
На јак оган, пржете, прво со кожата на страната на тавата во која има маслиново масло! После 3-4 минути, превртете ја рибата на страна и пржете уште 1 минута, па превртете ја на спротивната страна и пржете уште една минута. На крај, рибата превртете ја со кожата нагоре и пржете уште една минута. Внимавајте да не ја препржите, затоа што ќе биде сува како дрво.
Сега направете го пирето од брокули. Во сад со вода во која се става една лажичка сол, ставете ги цветчињата од брокула. Варете отприлика 5 минути (ако е замрзната) или малку подолго, ако е свежа брокула. Внимавајте да не ја преварите, затоа што убавата зелена боја ќе ја смени во маслинесто зелена, а тоа баш и не е убаво за око, а и ќе биде поводенеста.
Штом ќе биде варена, префрлете ја во цедилка и добро исцедете ја од водата. Во пригоден сад, додадете ја брокулата, едно чешне ситно сецкан лук и со стапчест миксер измиксајте ја во пире. На вака измиксаната брокула, додадете и’ ја неутралната павлака и со шпатула добро промешајте ја смесата за да стане хомогена.
Од другото чешне лук, малку маслиново масло, сушениот копар, сокот од половина лимон и малку сол, направете прелив и со него прелијте го пржениот лосос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 08:50
Брокула со павлака (Француски рецепт)
Потребно е: 2 брокули 1 лажица сол 0,5 л павлака или кисело млеко 5 лажици пиутер 1 лажица лебни трошки Подготовка: Исчистете ја брокулата, измијте ја и ставете ја да се вари во врела вода. Откако ќе се свари, исцедете ја водата и извадете ја брокулата од тенџерето, внимавајќи да не се скрши. Ставете ја на тава намачкана со путер и посипана со трошки, а потоа прелијте ја со кисело млеко и посипете ја со трошки, па потпечете ја 15 минути во рерна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 09:39
Тестенините и брокулата се големи љубовници. Совршено си одговараат еден со друг, па затоа се феноменална комбинација во моментите кога сакате да си приготвите здраво, вкусно и брзо ручече или вечера.
Тестенини со брокула
PREP:30 MINS
COOK:0 MIN
READY IN:30 MINS
INGREDIENTS
300 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - брокула
½ пакетче http://migusto.mk/ingredient/%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b1%d0%b0/" rel="nofollow - тестенина по желба
100 г http://migusto.mk/ingredient/%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b5%d0%b7%d0%b0%d0%bd/" rel="nofollow - рендан пармезан
малку http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb-%d1%86%d1%80%d0%bd-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - сол, црн пипер
INSTRUCTIONS
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/09/svareni-fusili.jpg" rel="nofollow"> 1.Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Исцедете ги и вратете ги во истиот садот.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/09/podgotovka-na-sosot2.jpg" rel="nofollow"> 2.На тава за готвење, ставете маслиново масло и сечкан лук. Запржете неколку минути па додадете брашно. Промешајте и додаде супа од коцка, млеко и павлака. Кога ќе ја добие потребната густина, додадете и пармезан.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/09/svareni-brokuli.jpg" rel="nofollow"> 3.Во меѓувреме, ставете ја брокулата да се свари. На брокулата и е потребно околу 20 до 25 минути во зовриена солена вода да се свари.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/09/podgotveno-jadenje.jpg" rel="nofollow"> 4.Сосот и исечканата брокула префрлете ги во садот со тестенини. Измешајте и сервирај те.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 10:04
Брокула со макарони
СОСТОЈКИ:
350 гр макарони
500 гр брокула
300 мл јогурт
250 швапско сирење
200 гр трапист
2 јајца
сол
бибер
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Брокулата исчистете ја од корен и раздвојте ги цветовите, па измијте ги под млаз студена вода.
Потоа кратко бланширајте од три до пет минути во посолена врела вода.
Омекнатата брокула исцедете ја и оставете ја на страна.
Посебно обварете макарони ал денте, па процедете ги од вишокот течност.
Во длабок сад измешајте брокула, макарони и швапско сирење, па префрлете во огноотпорен сад намастен со масло.
Разматете јогурт и малку масло. Зачинете по вкус и прелијте преку макароните во чинијата.
Сè посипете со изрендано трапист сирење. Печете во рерна загреана на 200 степени 25 минути.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:58
Фритата со брокула и сирење
Состојки
1 главица кромид
околу 200 гр брокула
5 јајца
3 лажици млеко
100 гр овчо сирење
по вкус сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
малку масло за готвење
1/2 лажиче прашак за пециво
2 лажици брашно
Фритата од брокула и сирење
Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.
Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.
Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.
Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.
Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.
.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 19:00
Морковите ги лупиме и сецкаме на тркалца.
Лукот исто така го лупиме и сецкаме на ситно.
На масло се запржуваат морковите, а потоа лукчето.
По 5 минутно пржење на тивко ја додаваме супата од коцка.
Оставаме да поварат на тивко за да омекнат морковите.
Во друг сад на масло запржуваме брашно.
Кога заруменува се додава млекото.
Се промешува додка се спојуваат течностите.
Го додаваме топеното сирење и мешаме.
Оставаме да зоврие еднаш, а потоа ги додаваме брокулите кои ги исековме на ружички.
Од дршката на брокулата,сечеме во вид на стапчиња и ја додаваме во садот. Оставаме да поврие 5 минути и тргаме од оган.Зачинете со црн бибер или шафран.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 19:04
Печена брокула со тиквички
Состојки
1 брокула
1 тиквичка
200 грама кашкавал
3 јајца
150 мл павлака
1. Брокулата се мие и се вари 20 минути.
2. Тиквичката се чисти, лупи и се ренда.
3. Јајцата се матат со вилушка.
4. Павлаката се меша со малку вода и зачини.
5. Плехот за печење се мачка со путер и се истура презла.
6. Во плехот се ставаат парчиња од брокула и рендани тиквички.
7. Одозгора се истура сос од павлака и зачини.
8. Се пече 30 минути на 200 степени.
9. На крај се става рендан кашкавал.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 17:32
Посна чорба со брокула
Состојки
500 гр брокула
2 средно големи компири
1 морков
1 парче праз
2 чешниња лук
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче мечан сув зачин
5-6 лажици масло
по вкус сол и бибер
1,3 л вода
Компирите и морковите излупете ги и исечете ги на тенки кругчиња. Брокулата искинете ја мали цветчина, а празот и лукот исецкајте ги.
Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, зачините и маслото. Ставете го да се вари додека зеленчукот омекне. Потоа тргнете го на страна и со рачен блендер изблендирајте го.
Чорбата послужете ја топла со потпечен леб и салата по избор.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 16:50
Запечена брокула со пармезан и лук
Совршен оброк за сите кои внимаваат на своето здравје…
СОСТОЈКИ:
1 главица брокула
2 чешниња лук, мелен
4 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка црн бибер
1 лажица сок од лимон
1/4 чаша пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Измијте ја брокулата и исечете ја на парчиња. Ставете во сад за печење.
Посипете со лук и ставете 3 лажици маслиново масло преку брокулата, потоа додајте бибер и сол.
Печете во рерна 20-25 минути, а потоа прелијте со сок од лимон, пармезан и остатокот од маслиновото масло.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:02
Слатко солено пилешко со брокула
Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. Подгответе го ова пилешко со брокула со слатко-солен сос и уживајте во префинетиот вкус.
Прво, измешајте го медот со кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. Ставете две лажици маслиново масло во тава или вок, па додадете го посоленото пилешко месо исечкано на парченца. Пржете го околу 10-на минути. Додадете ја исечканата брокула и на крајот прелијте со сосот. Гответе и мешајте уште 5 минути додека пилешкото добро се испече, а брокулата да омекне. Ако е потребно, додадете лажица-две вода. На крај, наросете сусам.
Сервирајте со варен ориз.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:12
Њоки со тиква од босилек и пармезан
Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче.
Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки.
Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Јули.2018 во 10:00
Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади
Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час.
Послужете со шери домати или салата од рукола.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!