IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Алва
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Алва

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Алва
    Испратена: 06.Април.2016 во 21:44
Дали сте љубители на алвата?

Домашна алва (посно)



1-2-3-4 е се што треба да запомните во овој рецепт. Масло-гриз-шеќер-вода. Земете една чаша и почнете да го подготвувате овој вкусен десерт.

Потребно е:

  • 1 чаша (200 мл) масло
  • чаши гриз
  • 3 чаши шеќер
  • 4 чаши вода
  • 100 гр ситно сецкани бадеми
  • бадеми/ораси/лешници
  • малку цимет, по желба

Подготовка:

- Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.

- Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.

- Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.

- Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.

- Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.

- По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.



Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 17:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:46
Гриз алва (посно)

Гриз алва - основен рецепт (посно)



Состојки
  1. 1 шоља масло
  2. 2 шољи гриз
  3. 5 шољи вода
  4. 2 - 3 шољи шеќер (по вкус)
  5. Додатоци по вкус и избор
  6. мелени ореви, суво грозје, чоколадо, кокос, цимет, сок од лимон, ванилин шеќер....што ви душа сака

Оваа алва ја правеа мајка ми и баба ми кога бевме мали. Нема некој што ја јадел, а да не се воодушевил. Толку едноставно, толку лесно за подготовка, а толку вкусно.

Подготовката е лесна. Шољата што ќе ја одберете за мерка, нека биде истата што ќе ја користите за сите состојки. Не е важно колкава е шољата која сте ја одбрале, ако го следите рецептот. Јас најчесто користам шоља од 250мл, се добива количина на алава за која што е потребно тенџере од окулу 4 литри. Тенџерето нема да биде полно до горе, но ви треба простор за убаво да мешате.

Во теџерето сипете го маслото нека се загрее убаво. Дали е убаво загреано можете да проверите ако ставите прстофат гриз во маслото. Ако чрчори, спремно е.
Гризот убаво пржете го. Мешајте постојано. На почетокот нема да има големи промени, но до колку не мешате, многу лесно може да загори.
Кога ќе добие потемна боја, тргнете го на страна и по 2-3 мин внимателно почнете да ја додавате водата, шоља по шоља. Внимавајте прска!
Затоа велам, малку да се олади и внимателно додавање.
Убаво мешајте го гризот со водата, вратете на оган и додадете го шеќерот.
Мешајте додека не се згусне, да остава пат, во тенџерето (кога ќе мешате да останува разделен гризот)

Топлата смеса сипете ја во калапи по желба и оставете да се олади.
Може да стои во фрижидер без никаков проблеми и по 3-4 недеи, нема шанси да се расипе. Ќе внимавате да е убаво затворена, за да не се исуши.

Во врска со калапите, без оглед на тоа кој калап сте го одбрале, не се секирајте за вадење од калапот. Алвата е масна, не се лепи за ниедна површина. Сум го правела во силиконски калапи, во пластични големи, мали, а баба ми и мајка ми ја правеа во тавче.
Доколку немате калапи, можете слободно да ја натапкате во тавче, да ја оставите да се олади и да сечете коцки или баклави.
Мајка ми многу често правеше топчиња со алатката за сладолед и врз секое топче ставаше оревче.

Јас ви го дадов основниот рецепт. Може да се додава се што сакате по вкус. Сме ја правеле со мелени ореви - лудница, сме ја правеле со 3-4 реда чоколадо - супер, со кокос - исто супер, сме ја прелевале со чоколадо, сме додавале сок од еден лимон и 3-4 лажици мед....значи што ви сака душата можете да правите со алвата.

Пријатно јадење и уживање!




    Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 21:47
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:51

    Манастирска гриз алва



    Потребни состојки:

    Гриз 2 шолји
    Масло 1 шолја
    Шеќер 2, 5 шолји
    Вода 4 шолји
    Суво грозје 0, 5 шолја 
    Ореви 250 гр.
    Цимет 
    Кора од портокал

    Подготовка:
    Во длабок сад се загрева маслото и во него се пржи гризот додека не стане светло кафеав. Садот се трга од оган и покрива со влажна крпа. Потоа се подготвува шербетот: Водата се врие со шеќер, се додава кора од портокал и цимет и се остава малку да поврие дури шербетот да стане густ. Потоа шербетот се додава во гризот, се додава исецканиот орев и сувото грозје и се вари сè додека водата потполно не испари и додека не стане тешко за мешање. Алвата се става во калап или во длабоко тавче и се остава убаво да се излади.
    alva2.jpgalva1.jpg


    Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 17:41
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:52

    Црна алва со ореви



    Потребно:

    1 кг. шеќер
    1 маргарин кристал
    250 мл.млеко
    100 гр.какао
    500 гр.брашно
    2 филџани масло
    200 гр.јатки ореви

    Подготовка:


    Шеќерот,маргаринот и млекото се ставаат во сад за готвење на оган,да се соединат.
    Кога ќе почне да врие се меша со дрвена лажица на оган ТОЧНО 4 минути.
    Се вади од оган и се додава какото,брашното па убаво се меша да се соедини.Се додава и маслото па брзо се меша да се упие.На крај се додаваат јатките ореви.Се турива смесата во калап обложен со фолија,се рамни горната површина.Се остава на ладно да олади 2-3 часа,па се сечe и се јаде .



    Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 17:41
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:54
    Гриз алва со кокос


    Во тенџере се ставаат 3 лажици зејтин и 1 коцка маргарин и на нив се пржи 500 гр. гриз додека не порумени (на тивок оган).
    Потоа се додаваат:

    • 3 лажици какао
    • 2 црни чоколади за готвење
    • 3 лажици брашно
    • 200 гр. мелени ореви
    • 350 гр. шеќер
    • 700 мл. вода
    • 1 кесичка ванилин шеќер

    Се вари додека не се згусне, со постојано мешање. Потоа смесата се става во подмачкано тавче
    и одозгора се посипува со 100 гр. кокос. Кога ќе се излади може да се сече на парчиња.

    Добар апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 22:08

    ГРЧКА АЛВА

    Состојки

    За подлога:

    150 гр сецкани ореви

    За тесто:

    4 јајца

    Малку сол

    4 лажици шеќер

    220 гр гриз

    1 кафена лажичка прашок за пециво

    1 кафена лажичка цимет

    100 мл масло

    100 мл млеко

    За прелив:

    450 гр шеќер

    Сок од половина лимон

    Малку вода – до 150 мл

    Подготовка:

    Оревите се сецкаат, а може и со блендер.

    Гризот се меша со прашокот за пециво и циметот.

    Тепсијата со димензии 28х20 се подмачкува со маргарин и се обложува со хартија за печење.

    Хартијата се мачка со маргарин, а на дното се ставаат сецкани ореви.

    Тесто:

    Се прави снег од белките со малку сол, се додава шеќер и се мати со миксер. Се додаваат една по една жолчките.

    Додадете ги маслото, млекото и на крај мешавината од гриз и прашок за пециво, па изматете добро со миксер.

    Смесата исипете ја врз сецканите ореви. Се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, 20 минути.

    Печеното тесто се превртува на тацна поросена со презла или мелени бисквити. Веднаш се сече на парчиња. Со лажица парчињата се префрлаат во тепсијата каде го печевте тестото.

    Во сад додадете шеќер, сок од лимон и вода и варете на силен оган 5 минути за да добиете густ сируп.

    Со врелиот сируп се попаруваат парчињата.



    Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 17:41
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 22:16

    Вкусна и домашна чоколадна алва


    Постојано дома се туфкаме и размислуваме што да си направиме нешто вкусно и благо, но сепак да биде брзо и лесно. Ние ви нудиме интересен и брз рецепт за домашна чоколадна алва, која секогаш може да ја задоволи вашата желба за благо.

    Потребни состојки: 

    1 шолја (за кафе) вода

    2 шолји масло

    6 шолји брашно

    6 шолји шеќер

    1 шолја чоколадо во прав или какао

    По желба можете да додадете лешници, ореви и бадеми

    Подготовка:

    Во подлабок сад ставете го маслото, водата и шеќерот и потоа оставете ги да се варат. Брашното измешајте го со чоколадото во прав, или какаото. Кога шеќерот ќе се стопи и смесата ќе зоврие, додадете го брашното со какаото и полека мешајте. 

    Мешајте неколку минути додека смесата не се изедначи. Додадете ги лешниците или пак останатото јаткасто овошје и тргнете ја смесата од оган.

    Кога малку ќе се излади, алвата исечете ја на коцки. Декорирањето го оставаме на вашата фантазија.

    Пријатен апетит.



    Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 17:42
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2016 во 07:51


    Чоколадна алва за празнична трпеза


    Време на подготовка:
    5 мин.

    Време на готвење:
    20 мин.

    Вкупно време:
    25 мин.

    Порции

    10 лица

    Состојки

    • 5 филџани шеќер
    • 1 филџан вода
    • 1 филџан зејтин
    • 2 лажици какао
    • 5 филџани брашно
    • 100 гр. сусам

    Подготовка

    Во тенџерче на оган ги ставаме шеќерот, водата, зејтинот и какаото да зовријат. Потоа го додаваме брашното и мешаме убаво додека да се изедначи смесата. На крај го додаваме и сусамот.
    Земаме со лажица од смесата и полниме во силиконски калапи.Оставаме алвата да се стегне и потоа ги вадиме парчињата од калапите и послужуваме. Доколку немате калапи може алвата да се истури во подмачкано тавче и откако ќе се стегне да се сече на коцки.




    Изменето од Valerija - 07.Април.2016 во 07:51
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 17:47
    Гриз алва

    Гриз  алва

    5 шољи вода

    2,5 шољи шеќер

    1 шоља зејтин

    2 шољи гриз
     
    1 ванилин шеќер

    врв на  лажиче цимет



    Водата се сипа во тенџере и во неа се додаваат, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот и се вари додека не проврие.
    
    Во исто време на огин се става тавче со шољата зејтин. Кога зејтинот ќе се загрее се додава гризот да се пржи. Зејтинот треба да е врел, бидејки ако во ладен зејтин се стави гризот, нема да се пропржи, туку ќе впие зејтин и нема да биде вкусно. За да проверите дали е доволно топол зејтинот, ќе *посолите* малку гриз во тавчето со зејтин. Ако крчка, доволно е топол, ако нема реакција ќе треба уште да се загрева.
    Гризот се пропржува со мешање додека не добие убава златеста боја. Внимавајте да не го прегорите бидејки ќе горчи алвата.
    
    Штом гризот ја добие златестата боја се сипа во тенџерето со веќе зовриена вода. Ќе внимавате да не ве испрска кога сипате и продолжувате да мешате на тивко додека не згусне, скоро да се стврдне.
    Се сипа во калап или ако немате калап, ја оставате во тенџере да се олади. Кога се лади, се стврдува дополнително, па после со лажица за сладолед може да вадите топчиња или со голема лажица да вадите овални формички.
    
    Ја многу често додавам мелени и/или дробени ореви во смесата пред крај на варењето. За декорација често користам кокос, убав шмек има. Ако сакате да го смените малку вкусот можете да додадете ред-два чоколадо, можете чиста алва да ја прелеете со чоколадо и посипете кокос.....се што сакате можете да направите
    
    Пријатно јадење
    
    

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 17:51
    Домашна алва

    Домашна алва


    Состојки
    1 шоља масло
    1 шоља брашно
    1 шоља гриз
    1 шоља шеќер
    1 шоља вода
    1 кесичка ванилин шеќер
    по желба ореви и суво грозје

    1. Се загрева на оган маслото и се додава брасшното и гризот.Се прат на тивко додека добијат темна боја.
    2.Додека се пржи, во друг сад се загрева водата со шеќерот и ванилата додека се растопи шеќерот.
    3.Кога ке се испржи брашното и гризот се додава шербетот и се меша непрекинато, потоа се трга од огнот и се турива во плех да остини,
    4. по желба пред да се тргне од оганот се додава суво грозје и јатки ореви
    
    Одкако ке се стави во плехчето се расмешува за да не останат грутки, туку да биде ситна и рофита


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2017 во 17:58
    Свадбарска алва


    Свадбарска алва



    Состојки
    пола часа зејтин
    2 чаши гриз
    3 чаши шекер
    4 чаши вода
    1 пакетче ванилин шекер
    кора од лимон

    Во пошироко тенџере го ставаме зејтинот и гризот. Малку се попржува и потоа се додава една чаша шекер и добро се пропржува се додека не се растопи шекерот и се испржи гризот. Преостанатиот шеќер ( 2 чаши) се растопува во ладната вода и тоа постепено се додава во испржениот шеќер и гриз се додека се потроши. Се намалува температурата и се меша постојано се додека се згусти и почне да се одвојува од тенџерето. Ванилката и кората од лимон или портокал се става кога ќе се тргне тенџерето од оган. Алвата е готова и се става во намокрен сад ( куглов ) за подобро да се вади. По желба во алвата може да се додаде и сецкани ореви и суво грозје


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 13:51
    Алва со гриз, маргарин и брашно

    Алва со гриз, маргарин и брашно


    Состојки

    1 чаша гриз

    1 чаша маргарин
      
    1 чаша брашно

    3 чаши шеќер

    4 чаши вода

    Маргаринот се става да се стопи и во него се истура брашното и гризот да се подпржат. Шеќерот се става со водата да се растопи да зоврие и така врел се истура во пржените брашно и гриз и се меша да се соедини. Смесата се истура во калап или во тепсија, а потоа се ваѓаат калапи по желба.
    Многу е брза, вкусна и едноставна по состав. Маргаринот може да се замени со зејтин, а брашното со гриз, ама мене оваа комбинација ми е најдобра

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:29
    Гриз алва со вкус и мирис на ориентот

    Гриз алва со вкус и мирис  на ориентот

    Состојки
    За алвата
    1 чаша гриз
    1/2 чаша маслиново масло
    1/3 чаша сончогледово масло
    1/2 чаша мелени бадеми
    1/2 чаша микс од суво грозје и брусница
    1/2 чаша сусам
    Шербет
    3 чаши вода
    1+1/2 чаша шеќер
    1 лажица мед
    1 портокал - кората и сокот
    1 стапче цимет
    5-6 црна каранфилче
    1 лажичка мелен ѓумбир
    малку кардамон

    Насловот на рецептот е оправдан. 
    Чашата е од 250 мл., а и не мора. со каква чаша ќе почнете да мерите, со таква ќе ги одмерите и останатите состојки.
     
    - Најпрво спремете го шербетот
    - Во касерола ставете ја водата, шеќерот, наренданата кора од портокал и сокот, медот, додадете ги сите останати зачинки, ставете нека се вари околу 5-6 мин. Тргнете од огнот.
    Гризот
    Во касерола загрејте ги двата вида на маслото, ставете гризот и пржете го стално бркајки го се додека почнете да добивата златеста боја. Додадете го бадемот и сусамот, продолжете да пржите до се до конечно добивање на златестата боја, тргнете од огнот и во овој момент да додадете сувото овошје. Измешајте. Додадете во вака спржениот гриз во шербетот и вратете на огнот. Нека се вари до згуснување, тргнете и ставете во модли кои ќе ги изберете и претходно навлажнете со вода. Чекајте да олади и густирањето може да почне.
    НАПОМЕНА
    - Доколку имате кандиран ѓумбир, без проблем ставете во шербетот да се вари. Јас бидејки немав ставив во прав. Можете да ставите и кандирани кори од портокал.
    - Шербетот кога го спремате немојте да го преварите, тој ќе се довари заедно со гризот.
    - Сувото овошје заменете со кое имате во моментот или кое го вие сакате, не е условно да биде баш суво грозје и брусница, најчесто ја спремам со суво грозје.
    - Можете да го пржите гризот и на масло кое вие го користите. Не е проблем воопшто.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:31
    Гриз алва со ѓумбир


    Гриз алва со ѓумбир

    Состојки
    1 шолја масло
    1,5 шолја гриз
    3 шолји шеќер
    4 шолји вода
    1 ванилин шеќер
    1 лажица ѓумбир во прав
    уште, по желба и вкус можи
    цимет, каранфилче, суво грозје, сува брусница...

    Во подлабоко тенџере ставете го маслото да се загрее. Потоа, турете го гризот и мешајте додека не се испржи до светло кафеава боја. Тргнете го садот од оган и додадете го шеќерот. Промашајте, а потоа внимателно по 2-3 минути додадете постепено вода. Внимавајте на овој момент, бидејќи ќе прска.
    Вратете го садот на оган и варете со често мешање додека не почни да згуснува. Сега, додадете ги и останатите состојки-ванилиниот шеќер и ѓумбирот во мојот случај, а по желба и вкус можи да додадете наместо ѓумбир цимет, каранфилче или да ги измиксирате овие зачини и секако, кој сака можи да додаде и сецкани ореви, сува брусница или грозје.
    Варете со постојано мешање на умерен оган се додека не сетите отпор на лажицата, односно не се познава пат.
    
    Врелата смеса истурете ја во плехче предходно исплакнато со ладна вода или пак во силиконски калапчиња за да добиете алва со форми.
    Јас дел истурив во ќерамичка четвртаста тава и дел во силиконски калапчиња. Она во тавата одозгора уште додека беше врело го посипав со ситно сецкано чоколадо и ореви.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,109 секунди.