IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мезиња - солени и благи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мезиња - солени и благи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мезиња - солени и благи
    Испратена: 14.Август.2015 во 21:10
Мезето е неизбежен дел од нашата исхрана, барем според мене среќа
Може да бидат солени и одлична комбинација се со пиво, вина, ракичка ,узо и други алкохолни пијалоци но може и да се благи и истотака се вкусен додаток но на разни коктели, ликери, сокови,чаеви  или пак разни видови на кафиња ...
Постирајте рецепти за мезиња и закуски ,или пак ваше мислење за истите ....

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:12
Виршли со сланина

Потребно:
- 6 виршли
- 3 парчиња кашкавал
- 6 тенки парчиња сланина
- 2 лажички сенф

Приготвување:
Виршлите засечете ги по должина (околу 1 сма во длабочина). Кашкавалот исечете го на долгнавести стапчиња. Стапчињата ставете ги во засечените делови од виршлите. Секоја виршла завиткајте ја во сланината и краевите зацврстете ги со чепкалки. Така подготвените виршли ставете ги во тавче и печете ги 10-ина минути во рерна загреана на 180 степени, односно додека кашкавалот не почне да се топи.
Печените виршли сервирајте ги со сенф.

Мене ми се многу вкусни се надевам и вам ке ви се допаднатсреќа
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:20
Тиквички со сирење

Потребна Ви е една поголема тиквичка или 2 помали , се лупат и се сецкаат на кругчиња,потоа се ставаат во брашно и како такви се пржат . Испржените тиквички ги редите во посебен сад во истиот со кој планирате да ги послужите. Ги преливате со доматно пире во кое предходно ќе ставите малку лук во прав или 2 мали главички свежо лукче (изрендано) , босилок, оригано  и малку биберче ....
На крај врз сето ова изрендајте кравјо сирење и тоа убава количина...
Да напоменам , не ставајте сол никаде бидејки сирењето само по себе е доволно солено

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:22

Вкусни мини мезиња, идеални за летните денови


Ако сте друштвен човек кој ова лето планира да се забавува со своите најблиски, ви предлагаме неколку уникатни солени и благи мезиња кои одлично ќе се вклопуваат во комбинација со пиво, коктел, кафе или сок.

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-01

Изненадете ги пријателите, организирајте мала забава и поставете неодоливо вкусна храна, ладни пијалоци и уживајте во летните денови.

За почеток, по утринското кафе можете да приготвите неколку благи и вкусни овошни мини сендвичиња. Експериментирајте со овошните вкусови, слаткото тесто и чоколадните додатоци.

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-12

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-13

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-14

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-15

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-16

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-17

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-19

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-20

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-23

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-24

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:24
Банана во чоколадо

Количина според желба и потреба среќа
Баната ја сецкате на кругчиња , потоа кругчињата ги прелевате туку што стопено чоколадо и ги посипувате со кршени лешници /бадеми ( по ваш избор) ...
Ги ставате во фрижидер колку да се олади чоколадото и да се стврдне и потоа имате слатко мезенце кое одлично оди со коктелче или сокче
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:26

За мезе со пиво одлични се овие маслинки или мали патлиџанчиња полнети со сè што ќе посакате. Моцарелата и доматите исто така може да бидат одличен материјал за креативно мезе.

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-02

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-03

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-04

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-05

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-06

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-07

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-08

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-09

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-10

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-11

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:27

Со коктелите можеби нема да ви оди некакво јадење, па затоа доволно е да поставите мали овошни залчиња кои ќе може да се искомбинираат со секој егзотичен вкус.

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-18

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-21

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-22

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-25

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-26

mini-vkusni-zalacinja-idealni-za-letnite-zabavi-27

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:28

РУСКИ МЕЗИЊА ЗА УЖИВАЊЕ СО ВОДКА

Иако алкохолните пијалоци сами по себе пружаат специфично задоволство и уживање, ако покрај нив има и закуска која одговара на конкретниот пијалок, уживањето може да стане вистинско ѓезме. Во Русија не може да се замисли дружба или собиранка без водка. Долгата историја на пиењето водка резултира со прилично голем број на фантастични комбинации на водката со разно разни мезиња. Можеби не сме во Русија, ама сигурни сме дека листата на водка-мезиња која ја подготвивме денес ќе ве пренесе за момент во родното место на водката.

    • Зачинет или кисел зеленчук со овошје – наједноставното мезе е зеленчукот. Може да биде само посолен, или полеан со оцет и зејтин или пак да биде кисел како туршијата. Русите најчесто мезат кисели краставички, домати, зелка со боровинки, Антоновски јаболка – сортна кисела и слатка јаболка од Русија.

    • Маринирани или солени печурки – маринираните пред послужување ги полеваат со сончогледово масло и додаваат кругови кромид. Солените печурки пак се малку варени со кисела павлака, додека пак свежите печурки се служат со пржени компири.

    • Харинга – најпопуларна риба за комбинирање со водка во Русија. Парчињата харинга се служат со парчиња кромид и зелена салата. Се зачинува со сончогледово масло и винска киселина. Се послужува со врели варени компири врз парче леб намачкано со путер.

    • Кавијар – црвен или црн, сеедно. Се служи на мали парчиња леб намачкани со путер. Доколку се послужува во посебна порција, тогаш кавијарот се става врз кршен мраз.

    • Руски палачинки – се јадат исклучиво со водка. Дури се топли се мачкаат со топен путер, кисела павлака и кавиар, а одозгора се попрскуваат со ситно сецкан кромид.




Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 21:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:29
Бамји во оцет

Млади бамјички ...ама треба да се исклучиво млади ,постарите се кончести и според мене не се баш вкусни . Значи неколку млади бамји ги печете или на скара или на рингла потоа ги посипувате со сецкан лук и магдонос ,малку сол и секако зејтиче и оцет..

Превкусни се ,татко ми ми ги спремаше само за менесреќа
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:38
Четири лесни и вкусни мезиња

  • Четири лесни и вкусни мезиња

Чекате гости, а не знаете што да им приготвите? Започнете ја вечерaта со некое од овие превкусни мезиња кои со сигурност ќе ги воодушеват вашите гости. Лесно се приготвуваат и одговараат со скоро секаков вид на пијачка.

Мини пици

Извор: www.bettycrocker.com

Потребни состојки: 
- 300гр. брашно
- 200мл. јогурт
- 1/3 свеж квасец
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 50гр. салама
- 50гр. рендан кашкавал
- 50гр. печурки
- 100мл. кечап
- 30гр. сусам
- 1 жолчка од јајце

Подготовка: 
Замесете го тестото од брашно, јогурт, квасец, сол и шеќер. Почекајте да порасне и потоа истегнете го со сукало. Со помош на калап или чаша извадете кругови од тестото. Намачкајте ги со кечап, потоа ставете ја саламата, печурките и кашкавалот. По страните намачкајте го тестото со јајцето и наросете сусам. Почекајте да одстојат 15тина минути и потоа печете ги мини пиците во рерна на околу 220 степени, 15-20 минути. Сервирајте додека се топли.

Мексикански зачинет компир

Извор: www.philadelphia.co.uk

Потребни состојки:
- 800гр. компири, исечени на коцки
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кромид, ситно сечкан
- 1 лукче, ситно сечкано
- 1/2 лажиче чили во прав
- 1/2 лажиче црвен пипер
- 1 лажиче ким
- 1/2 лажиче лут црвен пипер
- кисела павлака, за сервирање

Подготовка: 
Варете ги компирите 5 минути. Во меѓувреме, загрејте го зејтинот во тава и пропржете го кромидот 8 минути. Додајте го лукот и зачините и пржете уште 2 минути. Исцедете ги компирите и додајте ги во тавчето со кромид. Пропржете уште 10тина минути. Послужете со кисела павлака наросена со лут црвен пипер.

Тиквички со кромид

Извор: www.honest-food.net

Потребни состојки: 
- 2кг. тиквички исечкани на тенки тркалца
- 1кг. кромид исечкан тенко
- 200гр. маслиново масло
- оригано
- бел бибер
- 4 истолчени чешниња лук
- сол

Подготовка: 
Загрејте го маслиновото масло во тавче и додадете го лукот. Пред да започне да потемнува, додадете го кромидот. Намалете ја топлината и оставете да се готви многу бавно. Кога кромидот ќе започне да омекнува, додадете ги тиквичките, промешајте и покријте. Гответе на тивко околу дваесет минути. Зачинете со сол, бибер и оригано и продолжете да готвите додека кромидот и тиквичките омекнат. Исцедете убаво и сервирајте.

Ѓаволски јајца

Извор: www.afoodcentriclife.com

Потребни состојќи:
- 12 јајца
- 100гр. сланина
- 200гр. кашкавал
- 5 лажиче сенф
- 5 лажиче мајонез
- морско оревче
- 1 лажиче кари
- сол и црн пипер

Подготовка: 
Јајцата варете ги во солена вода и оставете ги да вријат околу половина час, додека не бидат тврдо варени. Откако ќе се изладат, пресечете ги на пола и отстранете ги жолчките. Исецкајте ја сланината на ситни коцкички. Во тава со масло на оган ставете ја сланината да се испржи. За тоа време изрендајте го кашкавалот. Потоа во блендер ставете ја испржената сланина, жолчките, изренданиот кашкавал, сенфот, мајонезот и карито. Изрендајте малку морско оревче и наросете сол и црн пипер. Матете ја смесата се додека не се соедини. Смесата ставете во готварски шприц и нанесете врз секоја половинка од јајцата. Послужете ги вака приготвените ѓаволски јајца во чинија за сервирање. 



Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 21:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:46
Пинџур

- Бел лук,магдонос,сол и зејтин
- 100г Ораси сецкани
- 1 Модар патлиџан
- 1 кг Пиперки
- 1/2 кг Домати

Пиперките, доматите и модриот патлиџани се печат во рерна . Кога ќе се испечат треба да се излупат, па потоа да се сомелат на машина за мелење месо.
Ги додавате орасите, сецканиот магдонос, лук и сол(по вкус) и на крај добро се загрева зејтинот и се прелива.


Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:51
Домашни фурнаринки

Одлични се со пиво , знаци тесто за пица (замрзнато) се премачкува со маслиново ,путер или маргарин (по ваш избор) , се премачкува со кечап и се наросува со крупна сол , малку биберче и оригано ,се сецка тестото во прави линии (како фурнаринки) и се пече

Мошете да ги правите по вас избор ,можете да ги посипете и со пармезанче ,можете и со ким ,наместо крупна сол можете да посипете со вегета ... секако се вкусни и добро мезенце

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:30
slika 2

Летно мезе: Црн патлиџан на грчки начин


Освен карактеристичната грчка салата, во традицијата на Грците е пред јадење или за вечерно мезе да послужат црн патлиџан, тиросалата, пржено сирење, пржени тиквички или пиперки во сос од домати. Овие мали мезиња често ја заменуваат чорбата која е карактеристична за европските земји, како предјадење.

slika 1

Превкусните црни печени патлиџани се едно од најпоскауваните мезиња на грчката трпеза кои се сервираат со месо или риба, морски плодови, па дури и со јајца.

Потребни намирници (за 2 лица) – 1 голем црн патлиџан, 2 чешниња лук многу ситно исечкан, 3 лажици квалитетно маслиново масло, сол и црн пипер, малку оцет, малку магоднос, 100 грама фета сирење (или гауда), 1 печена црвена пиперка ситно сечкана (може но и не мора).

Подготовка

Добро се мие црниот патлиџан, се отстранува коренот и со нож го засекуваме на неколку места. Потоа го завиткуваме патлиџанот во фолија и го ставаме да се пече во рерна.

За околу еде час, штом патлиџанот ќе се испече и ќе омекне го вадиме од рерната и со остар нож го лупиме. Потоа го пресекуваме на средината и го отвораме, го посолуваме со сол и црн пипер, ставаме малку маслиново масло и оцет и го додаваме лукот и сечканата печена црвена пиперка.

На крајот го додаваме изренданиот кашкавал, односно фета сирење и магдоносот. Доколку додаваме гауда џрниот патлиџан повторно го враќаме во рерната само на 1 минута за кашкавалот малку да се растопи , доколку пак додаваме фета сирење не треба пак да се пече.

Го сервираме додека е врел, со малку лимон и препечен леб.

slika 3



Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 22:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89430
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 23:10

Пробајте, превкусно е: Мезе од 4 состојки


Ви се најавуваат гости, а немате што да послужите... Гледате дека е доцна и продавничката не работи, а и слабо стоите со време за подготвување. Звучи како проблем? Грешите!

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-01.jpg

Вклучете ја рерната, земете го лебот кој го имате и кашкавалот кој можеби се стврднал, но ќе заврши работа.

Потребни ви се само овие 4 состојки, кои секако може да ги менувате по вкус:

  • 1 леб
  • Кашкавал
  • Путер
  • Млад кромид

Исечкајте го лебот на коцки, но не до крај.

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-02.jpg

Во празнините наполнете го со парчиња кашкавал.

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-03.jpg

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-04.jpg

Премачкајте со стопен путер.

Додајте го ситно сечканиот млад кромид.

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-05.jpg

Печете во загреана рерна околу 10 минути на најсилна температура.

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-06.jpg

Послужете, извалкајте ги рацете и уживајте со полна уста!

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-07.jpg

probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki-08.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.