Мезиња - солени и благи
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27464
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 16:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Мезиња - солени и благи
Постирано од: Kastro
Наслов: Мезиња - солени и благи
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:10
Мезето е неизбежен дел од нашата исхрана, барем според мене Може да бидат солени и одлична комбинација се со пиво, вина, ракичка ,узо и други алкохолни пијалоци но може и да се благи и истотака се вкусен додаток но на разни коктели, ликери, сокови,чаеви или пак разни видови на кафиња ... Постирајте рецепти за мезиња и закуски ,или пак ваше мислење за истите ....
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Коментари:
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:12
Виршли со сланинаПотребно: - 6 виршли - 3 парчиња кашкавал - 6 тенки парчиња
сланина - 2 лажички сенф Приготвување: Виршлите засечете ги по должина
(околу 1 сма во длабочина). Кашкавалот исечете го на долгнавести
стапчиња. Стапчињата ставете ги во засечените делови од виршлите. Секоја
виршла завиткајте ја во сланината и краевите зацврстете ги со чепкалки.
Така подготвените виршли ставете ги во тавче и печете ги 10-ина минути
во рерна загреана на 180 степени, односно додека кашкавалот не почне да се
топи. Печените виршли сервирајте ги со сенф. Мене ми се многу вкусни се надевам и вам ке ви се допаднат
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:20
Тиквички со сирење
Потребна Ви е една поголема тиквичка или 2 помали , се лупат и се сецкаат на кругчиња,потоа се ставаат во брашно и како такви се пржат . Испржените тиквички ги редите во посебен сад во истиот со кој планирате да ги послужите. Ги преливате со доматно пире во кое предходно ќе ставите малку лук во прав или 2 мали главички свежо лукче (изрендано) , босилок, оригано и малку биберче .... На крај врз сето ова изрендајте кравјо сирење и тоа убава количина... Да напоменам , не ставајте сол никаде бидејки сирењето само по себе е доволно солено
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:22
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/17645-vkusni-mini-mezinja-idealni-za-letnite-denovi" rel="nofollow -
Ако сте друштвен човек кој ова лето планира да се забавува со своите најблиски, ви предлагаме неколку уникатни солени и благи мезиња кои одлично ќе се вклопуваат во комбинација со пиво, коктел, кафе или сок. Изненадете ги пријателите, организирајте мала забава и поставете неодоливо вкусна храна, ладни пијалоци и уживајте во летните денови. За почеток, по утринското кафе можете да приготвите неколку благи и вкусни овошни мини сендвичиња. Експериментирајте со овошните вкусови, слаткото тесто и чоколадните додатоци.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:24
Банана во чоколадо
Количина според желба и потреба Баната ја сецкате на кругчиња , потоа кругчињата ги прелевате туку што стопено чоколадо и ги посипувате со кршени лешници /бадеми ( по ваш избор) ... Ги ставате во фрижидер колку да се олади чоколадото и да се стврдне и потоа имате слатко мезенце кое одлично оди со коктелче или сокче
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:26
За мезе со пиво одлични се овие маслинки или мали патлиџанчиња полнети со сè што ќе посакате. Моцарелата и доматите исто така може да бидат одличен материјал за креативно мезе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:27
Со коктелите можеби нема да ви оди некакво јадење, па затоа доволно е да поставите мали овошни залчиња кои ќе може да се искомбинираат со секој егзотичен вкус.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:28
РУСКИ МЕЗИЊА ЗА УЖИВАЊЕ СО ВОДКАИако алкохолните пијалоци сами по себе пружаат специфично задоволство и уживање, ако покрај нив има и закуска која одговара на конкретниот пијалок, уживањето може да стане вистинско ѓезме. Во Русија не може да се замисли дружба или собиранка без водка. Долгата историја на пиењето водка резултира со прилично голем број на фантастични комбинации на водката со разно разни мезиња. Можеби не сме во Русија, ама сигурни сме дека листата на водка-мезиња која ја подготвивме денес ќе ве пренесе за момент во родното место на водката. - Зачинет или кисел зеленчук со овошје – наједноставното мезе е зеленчукот. Може да биде само посолен, или полеан со оцет и зејтин или пак да биде кисел како туршијата. Русите најчесто мезат кисели краставички, домати, зелка со боровинки, Антоновски јаболка – сортна кисела и слатка јаболка од Русија.
- Маринирани или солени печурки – маринираните пред послужување ги полеваат со сончогледово масло и додаваат кругови кромид. Солените печурки пак се малку варени со кисела павлака, додека пак свежите печурки се служат со пржени компири.
- Харинга – најпопуларна риба за комбинирање со водка во Русија. Парчињата харинга се служат со парчиња кромид и зелена салата. Се зачинува со сончогледово масло и винска киселина. Се послужува со врели варени компири врз парче леб намачкано со путер.
- Кавијар – црвен или црн, сеедно. Се служи на мали парчиња леб намачкани со путер. Доколку се послужува во посебна порција, тогаш кавијарот се става врз кршен мраз.
- Руски палачинки – се јадат исклучиво со водка. Дури се топли се мачкаат со топен путер, кисела павлака и кавиар, а одозгора се попрскуваат со ситно сецкан кромид.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:29
Бамји во оцет
Млади бамјички ...ама треба да се исклучиво млади ,постарите се кончести и според мене не се баш вкусни . Значи неколку млади бамји ги печете или на скара или на рингла потоа ги посипувате со сецкан лук и магдонос ,малку сол и секако зејтиче и оцет..
Превкусни се ,татко ми ми ги спремаше само за мене
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:38
Четири лесни и вкусни мезиња
Чекате гости, а не знаете што да им приготвите? Започнете ја вечерaта со некое од овие превкусни мезиња кои со сигурност ќе ги воодушеват вашите гости. Лесно се приготвуваат и одговараат со скоро секаков вид на пијачка. Мини пици
Извор: www.bettycrocker.com Потребни состојки: - 300гр. брашно - 200мл. јогурт - 1/3 свеж квасец - 1/2 лажиче сол - 1/2 лажиче шеќер - 50гр. салама - 50гр. рендан кашкавал - 50гр. печурки - 100мл. кечап - 30гр. сусам - 1 жолчка од јајце Подготовка: Замесете го тестото од брашно, јогурт, квасец, сол и шеќер. Почекајте да порасне и потоа истегнете го со сукало. Со помош на калап или чаша извадете кругови од тестото. Намачкајте ги со кечап, потоа ставете ја саламата, печурките и кашкавалот. По страните намачкајте го тестото со јајцето и наросете сусам. Почекајте да одстојат 15тина минути и потоа печете ги мини пиците во рерна на околу 220 степени, 15-20 минути. Сервирајте додека се топли. Мексикански зачинет компир
Извор: www.philadelphia.co.uk Потребни состојки: - 800гр. компири, исечени на коцки - 1 лажица маслиново масло - 1 кромид, ситно сечкан - 1 лукче, ситно сечкано - 1/2 лажиче чили во прав - 1/2 лажиче црвен пипер - 1 лажиче ким - 1/2 лажиче лут црвен пипер - кисела павлака, за сервирање Подготовка: Варете ги компирите 5 минути. Во меѓувреме, загрејте го зејтинот во тава и пропржете го кромидот 8 минути. Додајте го лукот и зачините и пржете уште 2 минути. Исцедете ги компирите и додајте ги во тавчето со кромид. Пропржете уште 10тина минути. Послужете со кисела павлака наросена со лут црвен пипер. Тиквички со кромид
Извор: www.honest-food.net Потребни состојки: - 2кг. тиквички исечкани на тенки тркалца - 1кг. кромид исечкан тенко - 200гр. маслиново масло - оригано - бел бибер - 4 истолчени чешниња лук - сол Подготовка: Загрејте го маслиновото масло во тавче и додадете го лукот. Пред да започне да потемнува, додадете го кромидот. Намалете ја топлината и оставете да се готви многу бавно. Кога кромидот ќе започне да омекнува, додадете ги тиквичките, промешајте и покријте. Гответе на тивко околу дваесет минути. Зачинете со сол, бибер и оригано и продолжете да готвите додека кромидот и тиквичките омекнат. Исцедете убаво и сервирајте. Ѓаволски јајца
Извор: www.afoodcentriclife.com Потребни состојќи: - 12 јајца - 100гр. сланина - 200гр. кашкавал - 5 лажиче сенф - 5 лажиче мајонез - морско оревче - 1 лажиче кари - сол и црн пипер Подготовка: Јајцата варете ги во солена вода и оставете ги да вријат околу половина час, додека не бидат тврдо варени. Откако ќе се изладат, пресечете ги на пола и отстранете ги жолчките. Исецкајте ја сланината на ситни коцкички. Во тава со масло на оган ставете ја сланината да се испржи. За тоа време изрендајте го кашкавалот. Потоа во блендер ставете ја испржената сланина, жолчките, изренданиот кашкавал, сенфот, мајонезот и карито. Изрендајте малку морско оревче и наросете сол и црн пипер. Матете ја смесата се додека не се соедини. Смесата ставете во готварски шприц и нанесете врз секоја половинка од јајцата. Послужете ги вака приготвените ѓаволски јајца во чинија за сервирање.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:46
Пинџур
- Бел лук,магдонос,сол и зејтин - 100г Ораси сецкани - 1 Модар патлиџан - 1 кг Пиперки - 1/2 кг Домати
Пиперките, доматите и модриот патлиџани се печат во рерна . Кога ќе се
испечат треба да се излупат, па потоа да се сомелат на машина за мелење
месо. Ги додавате орасите, сецканиот магдонос, лук и сол(по вкус) и на крај добро се загрева зејтинот и се прелива.
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 21:51
Домашни фурнаринки
Одлични се со пиво , знаци тесто за пица (замрзнато) се премачкува со маслиново ,путер или маргарин (по ваш избор) , се премачкува со кечап и се наросува со крупна сол , малку биберче и оригано ,се сецка тестото во прави линии (како фурнаринки) и се пече
Мошете да ги правите по вас избор ,можете да ги посипете и со пармезанче ,можете и со ким ,наместо крупна сол можете да посипете со вегета ... секако се вкусни и добро мезенце
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 22:30
Летно мезе: Црн патлиџан на грчки начин
Освен карактеристичната грчка салата, во традицијата на Грците е пред јадење или за вечерно мезе да послужат црн патлиџан, тиросалата, пржено сирење, пржени тиквички или пиперки во сос од домати. Овие мали мезиња често ја заменуваат чорбата која е карактеристична за европските земји, како предјадење. http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2015/08/slika-11.jpg" rel="nofollow"> Превкусните црни печени патлиџани се едно од најпоскауваните мезиња на грчката трпеза кои се сервираат со месо или риба, морски плодови, па дури и со јајца. Потребни намирници (за 2 лица) – 1 голем црн патлиџан, 2 чешниња лук многу ситно исечкан, 3 лажици квалитетно маслиново масло, сол и црн пипер, малку оцет, малку магоднос, 100 грама фета сирење (или гауда), 1 печена црвена пиперка ситно сечкана (може но и не мора). Подготовка Добро се мие црниот патлиџан, се отстранува коренот и со нож го засекуваме на неколку места. Потоа го завиткуваме патлиџанот во фолија и го ставаме да се пече во рерна. За околу еде час, штом патлиџанот ќе се испече и ќе омекне го вадиме од рерната и со остар нож го лупиме. Потоа го пресекуваме на средината и го отвораме, го посолуваме со сол и црн пипер, ставаме малку маслиново масло и оцет и го додаваме лукот и сечканата печена црвена пиперка. На крајот го додаваме изренданиот кашкавал, односно фета сирење и магдоносот. Доколку додаваме гауда џрниот патлиџан повторно го враќаме во рерната само на 1 минута за кашкавалот малку да се растопи , доколку пак додаваме фета сирење не треба пак да се пече. Го сервираме додека е врел, со малку лимон и препечен леб. http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2015/08/slika-31.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 23:10
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/29077-probajte-prevkusno-e-meze-od-4-sostojki" rel="nofollow -
Ви се најавуваат гости, а немате што да послужите... Гледате дека е доцна и продавничката не работи, а и слабо стоите со време за подготвување. Звучи како проблем? Грешите! Вклучете ја рерната, земете го лебот кој го имате и кашкавалот кој можеби се стврднал, но ќе заврши работа. Потребни ви се само овие 4 состојки, кои секако може да ги менувате по вкус: - 1 леб
- Кашкавал
- Путер
- Млад кромид
Исечкајте го лебот на коцки, но не до крај. Во празнините наполнете го со парчиња кашкавал. Премачкајте со стопен путер. Додајте го ситно сечканиот млад кромид. Печете во загреана рерна околу 10 минути на најсилна температура. Послужете, извалкајте ги рацете и уживајте со полна уста!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Август.2015 во 23:14
ПИКАНТНИ ТИКВИЧКИ ЗА ДОБРО МЕЗЕ Брзо, ефикасно и многу вкусно мезе
- 2 тиквички
1 чаша пармезан* бибер
1. Тиквичките се лупат и им се отстранува мекиот дел со семките. Се рендаат на ситно и се мешаат со пармезанот и биберот. 2. Се формираат топчиња и потоа се сплескуваат тенко на хартија за печење 3. Се пече 20 минути на 200 степени *наместо пармезан може да користите и некој друг цврст, сув кашкавал кој треба да биде ситно изрендан
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 15.Август.2015 во 01:02
Багет со сирење
Багетот исецкајте го на кругчиња , намацкајте ги со путерче , на нив ставете сиренце и ставете ги во рерна малку да се запечат , на крај ставете домат или шери на секое од нив
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 15.Август.2015 во 12:24
Пилешки крилца или копанчиња
Едноставно, на загреано масло испржете ги крилцата и копанчињата, не им ја вадите кожичката, Одкако ке ги испржите посипете ги со многу вегета , буковец или друг зачин кој вам ви е омилен а одговара со пилешко.
Одлично мезенце за со пиво
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Август.2015 во 13:16
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/33521-meze-na-brzina-saren-solen-rolat" rel="nofollow -
Покрај тоа што е примамлив на око, шарениот ролат е микс од вкусови и ароми кои ќе ги обожавате за појадок, ручек, вечера или за мезе со омилениот пијалак. Се пече само 15 минути, па затоа ви препорачуваме да го пробате уште денес. Потребни состојки: За жолта кора - 2 јајца
- 2 лажици масло
- 1 лажица кисела павлака
- 2 рамни лажици брашно
- 1 мала лажичка прашок за печиво
- 3-4 лажици изрендан кашкавал
За зелена кора - 2 јајца
- 2 лажици масло
- 1 лажица кисела павлака
- 2 рамни лажици брашно
- 1 мала лажичка прашок за печиво
- 2 лажици блендиран спанаќ
- Малку сол
За портокалова кора - 2 јајца
- 2 лажици масло
- 1 лажица кисела павлака
- 2 рамни лажици брашно
- 1 мала лажичка прашок за печиво
- 2 лажици ајвар
- Малку сол
За фил: - Крем сирење
- Тенко исечкана шунка или месо по желба
Подготовка: Во 3 посебни садови измешајте ги сите состојки само со жолчките од јајцата. Откако ќе ги изматите белките во цврст снег, распоредете го во 3-те садови. Кога ќе добиете готови смеси, ставете ги во 3 различни кеси и цедете ги низ мало дупче во тава, на хартија за печење. Можете да правите шари по желба. Печете само 15 минути на 200 степени, не повеќе, затоа што кората ќе ви се исуши и ќе пука кога ќе ја виткате. Кога кората ќе се испече, веднаш замотајте ја со мрсната хартија на која ја печевте и оставете ја да се олади. Потоа намачкајте со крем сирење, ставете шунка и повторно замотајте. Сервирајте го ролатот ладен. Можете да декорирате со павлака и рендан кашкавал.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 06.Октомври.2015 во 23:08
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/34323-za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina" rel="nofollow - Брзи мини ролати со сланина
Викендите се употребуваат за забава и релаксација, па мал број на
луѓе сакаат да поминуваат многу време во кујната за да готват ручек со
часови.
Ако сте дел од тие луѓе, овој рецепт е идеален за вас.
Нема да ви треба многу време, ниту мака – направете мини ролати со сланина.
Потребни состојки:
- 6 Парчиња леб за тост
- 6 Парчиња сланина
- 1 Лажица путер
- 1 Јајце
- 2 Лажички млеко
- Сол по желба
Поготовка:
1. Пресечете ги краевите на парчињата леб.
2. Израмнете ги парчињата со сукало.
3. Во голем сад изматете го јајцето.
4. Печете ја
сланината околу 15 минути на 220 степени. Претходно не мора да виде
загреана рерната. За тоа време ќе можете да ги подготвите останатите
делови од рецептот.
5. Ставете го путерот на тивко во тефлонски сад.
6. Во средината на секое лепче ставете сланина, односно околу сланината навртете го лепчето.
7. Потоа ставете ги во јајцето.
8. Готовите мини ролати пржете ги во путерот околу 3 – 4 минути со постојано вртење.
9. Кога ќе добијат златна боја, веќе се готови.
На здравје!
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Јули.2016 во 14:50
Пиперките се задолжителен елемент од македонската кујна. За време на летните горештини, можете да ги искористите за лесна закуска со сирење. http://www.femina.mk/images/articles/10738/large/01.jpg" rel="nofollow"> СОСТОЈКИ | пиперки во различни бои | | тврдо сирење | | маслинки | | масло | | оцет | | лук | | магдонос |
ПОДГОТОВКА- Испечете ги пиперките. Излупете ги, а потоа исечете ги на ленти.
- Сирењето исечете го на коцки. Пожелно е да изберете тврдо сирење кое не се распаѓа лесно.
- Коцките сирење замотајте ги во ленти пиперки. Прободете ги со чепкалка за заби и одгоре ставете маслинка.
- Посипете ги пиперките со дресинг (мешавина од масло, оцет, лук и магдонос).
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2017 во 09:34
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/52287-4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti" rel="nofollow -
Сепак, не можете да послужите само чипс или соленки, па вреди во ракав да имате неколку брзи рецепти кои ќе изгледаат како навистина да сте се потрудиле и посветиле. Овие 4 се токму такви: Залчиња чипс со сосСостојки: - Чипс по желба
- 300g домати
- 100g сирење
- Малку лук
- Мајонез
- Маслинки
- Зачини
Ситно исечкајте ги доматите, изронете го сирењето во нив и промешајте. Додадете малку толчен лук или лук во прав, а потоа и мајонезот. Најдобро е сосот да го ставите непосредно пред послужувањето на парчињата чипс, за чипсот да не омекне. Декорирајте со половина маслинка. Домати со намаз од сирењеСостојки: - 2-3 домати со средна големина
- Сирење по желба
- Малку лук
- Мајонез
- Зачини
Изронете го сирењето и додадете го лукот. Измешајте заедно со мајонезот и зачините. Намазот ставете го на тенко сечкани кругови домати и декорирајте по желба. Модри патлиџани со оревиСостојки: - 2 модри патлиџани
- Малку лук
- 200g ореви
- Масло
- Мајонез
- Сол
Исечете ги модрите патлиџани на подебели листови и пропржете ги во масло неколку минути. Исечкајте ги ситно оревите и помешајте со малку мајонез додека не добиете густа мешавина. Посолете и зачинете. Во пропржените патлиџани ставете малку од смесата и замотајте ролнички. Поставете ги како на сликата и украсете со половина орев. Полнета шункаСостојки: - 300g шунка
- 200g сирење
- 3 тврдо варени јајца
- Малку лук
- Мајонез и павлака
- Зачини
Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките изронете ги во посебен сад, додека белките ќе ги изрендате и ќе ги измешате со сирењето, зачините, лукот, мајонезот и павлаката. На работ од парчињата шунка ставете од белиот намаз, а потоа пропрскајте со изронетите жолчки. Замотајте ги како ролни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2018 во 09:11
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Март.2019 во 11:59
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/66146-3-recepti-za-zdravi-mezinja-prigotveni-na-vkusen-nachin" rel="nofollow - - 3 рецепти за здрави мезиња, приготвени на вкусен начин
Здравите јадења не значи дека не може да се приготват на вкусен начин, а овие рецепти ќе ве уверат во тоа. Доколку сте одлучиле дека е време да се откажете од брзата храна, овие мезиња се идеално решение вас. За собиранките со друштво или како замена за оброк или ужинка – овие здрави мезиња се подготвуваат на начин на кој нема да одолеете. Изненадете ги најблиските со некое вкусно, здраво мезе: Мезе 1 Потребни состојки: - 2 големи модри домати
- 300g доматен сос
- 200g мек кашкавал
- Сол
- Маслиново масло
Начин на подготовка: Доматите исечете ги на кругови со дебелина од пола сантиметар, наросете им сол и оставете ги половина час. За тоа време тие ќе го испуштат вишокот вода и горчливоста. Плехот за печење поставете го со хартија за печење и премачкајте го малку со маслиново масло и наредете ги доматите. Печете на 200˚С околу 10-15 минути. Свртете ги од другата страна, премачкајте ги со доматен сос, наросете го ренданиот кашкавал, а на секое парче ставете лист босилек, наросете уште малку маслиново масло и повторно вратете ги во рерна. Запечете кратко додека да се стопи кашкавалот и наредете ги едно врз друго како на сликата. Мезе 2Потребни состојки: - 2 големи тиквици
- 300g пилешко филе
- 200g пченка
- 200g црвен грав
- 1 голема главица кромид
- 50ml доматен сос
- 1 голема црвена пиперка
- 3 лажици маслиново масло
- 200g мек кашкавал
- 50g тортиља чипс
- 3 чешниња лук
Начин на подготовка: Измијте ги тиквиците и исечете ги по должина, а потоа издлабете го средишниот ден (може да го зачувате за супа или да го исечкате ситно и да го искористите). Потопете ги во солена вода па исцедете ги. Додека тиквиците се цедат, направете ја смесата за полнење. Кромидот исечкајте го и пропржете го малку на загреано масло, додадете го пилешкото месо исечкано на коцки и кратко пропржете ги заедно. Додадете ја исечената пиперка, пченката и гравот и потоа прелејте со доматно пире. Зачинете со зачини по вкус и додадете го ситно сечканиот лук. Мешајте додека филот не се згусне, па потоа наполнете ги тиквиците со смесата. Во загреана рерна на 180˚С ставете ги тиквиците да се печат, а потоа додадете го ренданиот кашкавал и искршениот чипс одозгора, па повторно ставете во рерна на 200˚С додека не се стопи кашкавалот. Мезе 3Потребни состојки: - 5 јајца
- 120g брашно
- 120g масло
- 1 ½ лажици прашок за печиво
- 120g рендан пармезан
- 3 тиквици
- 1 мал кромид
- 1 морков
- 50g сланина
- Зачини по желба
Начин на подготовка: Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Пропржете ги кромидот и сланината исечени на коцки на малку масло, па потоа изладете ги. Во сад измешајте ги јајцата, маслото, брашното и прашокот за печиво, а потоа додадете ги тиквиците (претходно исцедени), пармезанот, сланината и кромидот и измешајте добро. Зачинете по вкус. На хартија за печење истурете ја смесата и печете на претходно загреана рерна на 180˚С околу 40 минути. Солениот колач најдобро се сече кога е ладен и може да се сервира на различни начини.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Октомври.2020 во 11:23
15 извонредни идеи за декоративно мезе со кои ќе ги изненадите вашите гостиНенајавените гости се секогаш вистински предизвик, особено бидејќи секој од нас сака да се покаже во убаво светло, а кога сме неспремни, не секогаш имаме дома веднаш што да послужиме. Токму за оваа цел, денес ви претставуваме 15 извонредни идеи за креативно мезе кое се приготвува супер брзо и лесно: Инспирирајте се како најдобро да ги изненадите и воодушевите вашите гости:
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2020 во 10:50
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/81390-vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki-nema-da-posakate-drugo-mezo" rel="nofollow - - Вкусни, солени залачиња „на боцки“ – нема да посакате друго мезе Обожаватели сме на брзи, едноставни и вкусни рецепти кои нема да нè задржат долго во кујната, ниту пак ќе ни направат „дупка“ во буџетот. Го имаме највкусното мезе „на боцки“. Ќе престанете да броите колку сте изеле после третото солено топче. Потребни состојки:- 150g пченка од конзерва (добро исцедена од течноста)
- 150g рендан кашкавал (трапист по можност)
- 200g крем-сирење
- 6 парчиња сомелен двопек
Начин на подготовка:- Добро соединете ги сите состојки во подлабок сад.
- Двопекот додавајте го постепено, затоа што зависи од големината на парчињата.
- Од добиената смеса обликувајте топчиња. Од наведената количина на состојки треба да добиете околу 12 топчиња.
- Доколку сте перфекционисти, количината за секое топче измерете ја на кујнска вага.
- Ставете „боцки“ во секое топче и декорирајте со свеж магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2020 во 10:51
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/70542-brzo-meze-koe-kje-im-se-pogodi-i-na-pochetnicite-vo-kujna" rel="nofollow - - Брзо мезе кое ќе им се погоди и на почетниците во кујна Најбрзо и најлесно мезе со кое дури и неискусните во кујна ќе се покажат пред гости. Наликува на пирошки, но се прави без тесто и без пржење. Сè што треба да направите е да испржите печурки со неколку додатоци, да ги замотате во кашкавал и салама, да ги извалкате во лебни трошки и да ставите да се печат. Неодоливо мезе на кое никој нема да одолее, а рецептот е толку едноставен што не може да не ви се погоди. Потребни состојки:- 250g печурки
- Малку бело вино
- Магдонос
- Лук, кромид, маслиново масло
- Сувомеснато – големи парчиња
- Големи парчиња кашкавал
- 2 јајца
- Лебни трошки
Начин на подготовка:Испржете ги печурките на малку масло, заедно со лукот и кромидот. Додадете малку вино за вкус и сол, а потоа оставете ги на тивок оган уште 15-тина минути. Наредете ги парчињата кашкавал, а одозгора ставете парче сувомесното, па најгоре по малку од печурките. Нежно роловајте ги и извалкајте ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки. Наредете ги во тава и печете на 190⁰С околу 15 минути. Послужете ги топли.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|