IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Проја
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проја

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Проја
    Испратена: 14.Август.2015 во 18:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:46

СЛАТКА ПРОЈА

Состојки
  • 120 грама пченкарно брашно
  • 120 грама пченично брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 200 грама пченка од конзерва
  • 60 грама шеќер
  • 50 грама путер
  • 2 јајца
  • 2.5 децилитри млеко
  • 2 лажици кафеав шеќер

Подготовка

Во сад промешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво.

Додадете ја исцедената пченка, белиот шеќер, 40 грама стопен путер и изматените јајца. На крај додадете го млекото.

Сето ова матете го додека не добиете изедначено тесто.

Ставете го тестото во сад за печење кое предходно е премачкано со путер. На врвот посипете со кафеав шеќер. Ставете го во загреана рерна и печете 40 – 50 минути на температура од 180 степени.

Откако ќе го испечете, оставете го колачот да отстои во садот околу 5 минути, а потоа извадете го и поставете го на соодветна чинија.

Послужете го со омилениот мармалад.



Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 19:06
Уффф...само што испробав еден рецепт за проја со кисело млеко и кисела вода  и можам да ви кажам дека рецептот е фантастичен,многу е ровка и вкусна.Претходно имав испробано неколку рецепти ,ама не бев задоволна,беа со премногу брашно,без кисело млеко и кисела вода ....и кога ќе гризнеш задавува.голема насмевка
Овој рецепт не го менувам!
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:35

                Потпечена палента

Подготовка

  1. На загреано масло пропржете го ситно исечканото лукче со малку рузмарин и буковец.
  2. Турете ја супата и киселото млеко, ставете малку мелен црн бибер и оставете го додека не проврие.
  3. Турете ја палентата постојано мешајќи, и гответе едно 2 минути. Треба да имате погуста мешавина.
  4. Пред вадење додадете ја и урдата и добро измешајте.
  5. Турете ја готовата палента во плех на намрсена фолија и фино распоредете ја по целата површина. Оставете ја да се излади добро, може да ја ставите 1-2 часа во фрижидер.
  6. Извадете ја палентата од калапот и исечете ја на коцкести или правоаголни парчиња. Наредете ги на намрсен плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути, додека не добијат златно жолта боја.

Состојки

  • 500мл сварена коцка за супа (зеленчукова или кокошја)
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2-3 лажици урда
  • 200гр палента
  • 2 чешниња лук
  • рузмарин
  • 1/2 лажичка буковец
  • мелен црн бибер
  • масло

Коментар

Интересна опција за грицки или појадок. Варијантава испадна многу повкусна од обична мрсна палента. Најинтересна е крцкавата кора која се добива со печењето. Не е лошо да се експериментира со попекување на парчињата на скара или тостер. Не ги пробавме со пиво, ама треба да се има предвид како одлично и лесно мезе. Исто така постои опција да се направи истото со обично пченкарно брашно со таа разлика што треба да варите едно 20 минути, и сигурно да додадете малку повеќе вода. Ние сигурно ќе пробаме и некоја друга варијанта со палента бидејќи е многу едноставна за подготовка, се друго се нијанси за збогатување на вкусот.



Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 21:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:51

Интегрална проја со семки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 шољи пченкарно брашно

3 шољи интегрално пченично брашно

½ шоља масло за готвење

Мала лажичка сода бикарбона

Кисела вода за замесување на тестото

Сечкани маслинки

300 г спанаќ

Семки (сусам, сончоглед, лен и семки од тиква)

По желба, козјо сирење

 

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги интегралното со пченкарното брашно заедно со зејтинот и содата. Тријте ја смесата меѓу раце за да пројата биде ровка и не се лепи.

Додадете ги сечканите маслинки, претходно издинстаниот и исечкан спанаќ и козјото сирење. Додадете кисела вода колку да се замеси тестото. Посипете ги семките одозгора врз пројата и ставете ја да се пече на температура од 200 степени Ц околу 30 минути или додека не порумени.



Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 22:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:56

ПРОЈА - ВКУС КОЈ ЌЕ ВЕ НАВРАТИ НА ДЕТСТВОТО


Потребни состојки:

–      4 јајца

–      2 дл јогурт

–      9 лажици пченкарно брашно

–      12 лажици обично бело брашно

–      пециво

–      100 мл масло

–      200 мл кисела вода

–      200 гр бело сирење

Подготовка:

Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:58

Проја со сирење

За подготовка на проја со сирење ќе Ви биде потребно׃

  • 10 лажици пченкарно брашно
  • 8 лажици пченично брашно
  • 4 јајца
  • 3 мали шолји (од кафе) масло
  • 1 мала шола(од кафе) кисела вода
  • 300 грама тврдо сирење
  • 1 прашок за печиво
  • Сол по потреба

Подготовка׃ Изматете ги јајцата и  измешајте ги со претходно издробено сирење. Додадете масло, млеко, кисела вода, прашок за печиво и брашно. Доколку треба додадете сол. Измешајте ја смесата. Доколку смесата е ретка додадете малку пченкарно брашно. Печете во загреана рерна на појака температура. Кога добро ќе порумени, извадете ја пројата од шпоретот и служете ја дури е топла. Добар апетит!

Зборот качамак потекнува од турскиот јазик, а се однесува на јадење кое е направено од пченкарно брашно и се јаде не само во Србија, туку и во Македонија, Црна Гора, Турција, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Италија постои слично јадење кое се вика палента и кои тамошните жители го обожуваат.

Потребни состојки за подготовка на качамак׃

  • 1 килограм пченкарно брашно
  • ½ литар вода
  • 2 кафени лажици сол
  • 1 децилитар масло за јадење
  • 125 грама путер

Подготовка׃ Во тенџерето се става вода, се додава сол и се чека да зоврие. Во зовриената вода полека се додава пченкарното брашно за да се направи купче. Во купчето со помош на сукало внимателно се прави дупка во која се става масло за јадење. На тивок оган смесата константно се меша се додека не се изедначи. Внимавајте да не загори. Имајте на ум дека ова може да потрае па најдете некој со добра кондиција за да меша. Кога е сварено се истура во тепсија и со лажица се ситни на што е можно помали грутки. Путерот се преврива и се истура на подготвениот качамак. Се меша се додека не се добие еднолична смеса.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:59

ПРОЈА БЕЗ ЈАЈЦА




Можеби ќе ве зачуди зошто нагласувам дека оваа проја е без јајца, но на оние на кои се нетолерантни на мирисот и вкусот на јајца, верувам дека овој рецепт ќе им биде од корист. И уште нешто што можеби е невообичаено-оваа проја се подготвува со квасец.



  1. 1.Се пропржува празот на маслото за јадење, додека малку не омекне,па се остава малклу да се олади.Во длабок сад се мешаат сите состојки за тестото.Се остава да се одмори дваесетина минути.
  2. 2.Се додаваат додатоците во тестото и смесата се префрла во сад за печење премачкан со путер(маргарин).Се пече на 175 степени во претходно загреана рерна додека не добие златно жолта боја (околу 30-тина минути максимум).
  3. 3.Површината се премачкува со малку путер(маргарин)


Изменето од Valerija - 17.Мај.2020 во 14:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 16:43
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

ПРОЈА - ВКУС КОЈ ЌЕ ВЕ НАВРАТИ НА ДЕТСТВОТО

11

Потребни состојки:

–      4 јајца

–      2 дл јогурт

–      9 лажици пченкарно брашно

–      12 лажици обично бело брашно

–      пециво

–      100 мл масло

–      200 мл кисела вода

–      200 гр бело сирење

Подготовка:

Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.

Ова е тој рецепт за кој ви зборував,испробајте ако сте љубители на проја и гарантирам дека нема да зажалите!
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 16:11

МОДЕРНА ПРОЈА

Потребни состојки:
  • 200гр пченкарно брашно
  • 250гр брашно
  • 200мл млеко
  • 100мл масло
  • сол
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 2 јајца
  • За полнење:
  • 100гр сирење
  • 50гр ајвар
  • 100гр шунка
  • 100гр кашкавал

Начин на подготовка:

Замесете тесто за проја, истурете го во подмачкана тава за мафини и печете дваесетина минути во рерна загреана на 200 степени. Испечените мафини проја оладете ги и исечете им го врвот. Во друг сад ситно идробете го сирењето, измешајте го со ајварот и зачинете. Смесата ставете ја во шприц-кеса, филувајте ја пројата, одозгора ставете лист шунка и лист кашкавал, па покријте со капак.



Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 21:11

СЛАТКА ПРОЈА


Состојки

  • 120 грама пченкарно брашно
  • 120 грама пченично брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 200 грама пченка од конзерва
  • 60 грама шеќер
  • 50 грама путер
  • 2 јајца
  • 2.5 децилитри млеко
  • 2 лажици кафеав шеќер

Подготовка

Во сад промешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво.

Додадете ја исцедената пченка, белиот шеќер, 40 грама стопен путер и изматените јајца. На крај додадете го млекото.

Сето ова матете го додека не добиете изедначено тесто.

Ставете го тестото во сад за печење кое предходно е премачкано со путер. На врвот посипете со кафеав шеќер. Ставете го во загреана рерна и печете 40 – 50 минути на температура од 180 степени.

Откако ќе го испечете, оставете го колачот да отстои во садот околу 5 минути, а потоа извадете го и поставете го на соодветна чинија.

Послужете го со омилениот мармалад.



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 19:03

Веганска лесна проја


Има ли нешто подобро од топла и вкусна проја? Нашиот предлог за рецепт е совршениот микс на солен и сладок вкус сместен во тавче од 20 сантиметри.


Како здрав бонус е што целиот рецепт се приготвува со вегански сотојки, а каков е конечниот резултат? Останува да го направите и да се уверите.

Состојки:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • 450 мл млеко од соја
  • 200 грама пченкарно брашно
  • 130 грама обично пченично брашно
  • 2 лажици сол
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл. зејтин
  • 1 прашок за пециво



Подготвување:

Пред да започнете со подготвување, загрејте ја рерната на 180 Степени целзиусови.

Во подлабок сад измешајте го млекото и оцетот и оставете ги настрана, а во друг измешајте ги брашната, прашокот за пециво, шеќерот и солта.



Во првиот сад со млекото и оцетот, додадете го и зејтинот и добро промешајте, а потоа оваа смеса додадете ја во садот со брашното. Добро промешајте и ставете го тестото во намрсено тавчер со димензии 20x20 сантиметри и печете 30-35 минути додека пројата не добие златно-жолта боја на површината.

Исечете ја на квоцки и послужете додека е млака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:58
Проја со спанаќ и шампињони

Состојки:

7 лажици пченкарно брашно
5 лажици инегрално брашно
3 шампињони
300 гр спанаќ
половина шолја масло за јадење
 сол
 

Подготовка:

Спанаќот првин обарете го, а потоа во длабок сад ставете ги сите состојки и сечените шампињони и обаво изматете со миксер. Зачинете по желба и целата смеса ставете ја во подмачкан плех и печете на 200 степени околу 30 минути.



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2016 во 08:49

Старински рецепт за најубава проја со спанаќ


За сите љубители на пројата следи еден стар рецепт што е мошне едноставен за правење.

Потребни состојки за смесата:

  • 600гр пченкарно брашно
  • 1 прашок за печиво
  • Минерална вода по потреба (околу 2 чаши)
  • Малку сол
  • 1 чашка ракија масло

Состојки за филот:

  • 1 кг спанаќ
  • 4 јајца
  • 500гр масно сирење
  • Чашка масло

Состојки за прелив:

  • 2 јајца
  • 2 лажици павлака
  • 2 лажици кисело млеко

Начин на подготовка: 

Од наведените состојки замесете тесто и поделете го на 2 дела. Тестото треба да биде како за проја, односно ни премногу густо, ни премногу ретко. Во претходно намрсена правоаголна тава ставете половина од смесата. 

Потоа пригответе го филот. Исчистениот и измиен спанаќ исечете го на ситни парчиња, па во него додадете ги јајцата и сирењето. Кога ќе добиете компактна маса, истурете ја врз првата половина од тестото и убаво измазнете ја. Потоа истурете ја чашката масло по целата површина. 

Другиот дел од смесата со тесто што сте го оставиле на страна, разредете го со малку вода за полесно да го разлеете по филот.

Вака приготвената проја ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени. Така печете 15-тина минути, за потоа да ја намалите температурата на 180 степени и да печете уште од прилика половина час. Кога пројата ќе добие убава златно-жолта боја извадете ја од рерната и врз неа ставете го преливот од наведените состојки кои претходно сте ги споиле во една целина. Вратете ја пројата во рерната да се допече и да фати убава кора.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,078 секунди.