IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 09:10

ПРИНЦЕС КРОФНИ СО БАДЕМИ

Потребни состојки:

Тесто:

  • 125гр путер
  • 250мл вода
  • 125гр брашно
  • 4 јајца
  • малку сол

Крем:

  • кесичка пудинг од ванила
  • 500мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 200гр маргарин

Начин на подготовка:

Путерот заедно со водата и солта, растопете ги во тава на умерена температура, додадете брашно, добро измешајте и тргнете од оган. На оладеното тесто, со постојано мешање, додадете ги изматените јајца. Тестото ставете го во шприц и со него директно на плех обложен со хартија за печење направете крофнички. Водете сметка помеѓу крофните да има доволно простор. Печете ги крофните во рерна загреана на 200 степени околу 10 минути, намалете ја температурата, па печете уште 5 минути. Оставете да се олади.

Сместа од кесичката пудинг помешајте ја со 100мл млеко, добро измешајте, додадете во тава со шеќер и останатото млеко и варете пет минути. Оладете го пудингот, но од време на време помешајте да не се направи кора на површината. Путерот растопете го и потоа помешајте го заедно со пудингот. Основниот крем помешајте го со две лажици исецкани ореви и бадеми, па со овој крем полнете ги крофните.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 08:37

СОЛЕНИ КРОФНИ СО СИРЕЊЕ

Состојки:

  • 100 гр Фета сирење
  • 50гр Пармезан
  • Неколку стебленца магдонос, копар и босилек
  • Малку оригано и црн пипер
  • 20гр квасец
  • 500 гр брашно
  • 1 чаша вода
  • едно јајце
  • и малку шеќер и сол

Начин на подготовка:

Растопете го квасецот во топла вода со неколку лажици брашно. Кога квасецот ќе надојде, додадете го остатокот од брашното, јајцето, ситно изрендано сирење, и билките и зачините. Месете го тестото. По потреба додадете брашно и вода за да го направите тестото нелепливо. Направете го во облик на топка, ставете го во сад и покријте го. Оставете го така покриено околу 2 часа. Потоа извадете го тестото и исечете од него прстени и оставете ги десетина минути. Потоа пржете ги во многу масло додека не добијат златеникава боја



Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:51

ПРИНЦЕС КРОФНИ


Дали до сега сте ги пробале инстант крофните со куповни крофни и пудинг? Одвојте нешто од вашето време  и направете ги самите, тогаш ќе ја осетите вистинската разлика…

Потребни состојки:

За тесто:

  • 250мл – вода
  • прстофат сол
  • 100гр  – путер(или маст)
  • 200гр – брашно
  • 4 – јајца

 

За фил:

  • 400мл. – млеко
  • 3 – јајца
  • 150гр – шеќер
  • 5 лаж. – брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • Шеќер во прав(за декор)

 

Начин на подготовка:

 

Тесто:

Во лонец, со средна големина, сварете вода а потоа додадете путер и сол.

Варете 7мин. А потоа додадете брашно и мешајте се додека не добиете мека смеса.

Тргнете од оган и оставете го на страна да се олади.

Во сад во разладената смеса вмешувајте  едно по едно јајце…

Загрејте ја рерната на 230ц.

Во плех ставете пекарска хартија.

Смесата ставете ја во слаткарски шприц и правете топки, во големина на кокошкино јајце. Топките да имаат растојание од 2 см. помеѓу себе…

( Доколку немате слаткарски шприц, можете да користите лажица како алтернативно решение.

Печете без отварање на рерната 25 – 30 мин.

Топлите крофни исечете ги водорамно на половина.

Фил:

Во меѓувреме, одвојте 2 жолчки од белките.

Во засебна чинија, помешајте ги 3те жолчки со шеќер и со ванилин шеќер.

Додадете брашно и 100мл.млеко и добро миксирајте.

Од 3те белки измиксирајте цврст шлаг и помешајте го со смесата.

Во лонец со средна величина проварете 300мл.млеко на среден оган а потоа во во него додадете ја смесата.

Варете се додека не добете густина на пудинг, со константно брзо мешање.

Тргнете од оганот и оставете од страна да се олади.

Наполнете ги крофните и посипете ги со шеќер во прав.

 

 



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:46

КРОФНИ КОИ НАЈЛЕСНО СЕ СПРЕМААТ

Потребни состојки:

  • 1литар јогурт
  • 12 лажици брашно
  • 2 јајца
  • Малку сол
  • Прашок за пециво

Припрема:

Изматете го јогуртот со брашното, прашокот за пециво и солта. Со лажица од смесата ставајте во врело масло и испржете ги крофните рамномерно од сите страни.

Крофните може да се јадат солени или пак благи. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:37

ПЕКАРСКИ КИФЛИЧКИ

Потребни состојки:

500 гр. брашно

250 мл. млеко

1 квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 лажичка путер

Припрема:

Оставете го квасецот да стаса во чаша прекриен со малку млеко, брашно и шеќер. Во преостанатото брашно додадете го стасаниот квасец, путерот, солта и млекото, па замесете тесто и оставете го на топло да нарасне.

Потоа поделете го тестото на три дела и од секој дел расукајте кора која ќе ја поделите на 8 дела и од секој дел ќе свиткате кифла. Кифличките наредете ги во намрсена тава за печење и печете ги на температура од 200 степени околу 15тина минути, односно се додека не поруменат. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:36

ПИРОШКИ СО ШУНКА, КАШКАВАЛ И СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

1 обланда

50 гр. сусам

200 гр. шунка

3 јајца

6 кисели краставички

2 лажици брашно

2 лажци презла

200 гр. кашкавал

200 гр. сирење

150 гр. мајонез

Масло за јадење

Мелен црн пипер и сол

Припрема:

Завиткајте ја обландата во мокра кујнска крпа. Ситно исецкајте ја шунката, изрендајте го кашкавалот и сирењето, па додадете 2 лажици од мајонезот, 4 сецкани кисели краставички и промешајте. Обландата исечете ја на три еднакви дела. Филувајте го секој дел и завиткајте го во ролат, а потоа завиткајте ги и краевите.

Секоја пирошка извалкајте ја прво во брашно, па во јајца, па на крајот во презла со сусам. Испржете ги пирошките на загреано масло додека не поруменат. Потоа ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија.

За тартар сос исрендајте ги киселите краставички, исцедете ги и додадете ги во мајонезот, па наросете црн пипер и промешајте.

На чинија за сервирање ставете зелена салата, па наредете ги пирошките и во посебен мал са ставете го тартар сосот. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:24

КРОФНИЧКИ СО СИРЕЊЕ


Потребни состојки:

5 дл. млеко

120 гр. путер

250 гр. брашно

8 јајца

125 гр. сирење

Малку сол

2 лажици павлака

1 жолчка

Припрема:

Изматете го млекото со путерот и солта и оставете да зовире, па тргнете го од оган и додадете го брашното со постојано мешање. Гответе се додека тестото не почне да се одвојува од маталката.

Тргнете го тенџерето од оган  и оставете да се излади. Потоа додајте 2 јајца и постојано матете. Додадете го изгмеченото сирење и павлаката и промешајте за смесата да се соедини.

Намсрете ја тавата за печење со путер и ставајте куглички од тестото, па премачкајте ги со жолчка. Печете на температура од 200 степени 30тина минути, односно се додека крофните не добијат златна боја. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:17

ВКУСНИ КИФЛИЧКИ СО КОЗЈО СИРЕЊЕ


Потребни состојки:

500 мл. млеко

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

150 мл. масло за јадење

1 лажичка оцет

1 коцка квасец

1 кг. Брашно

200 гр. козјо сирење

50 гр. маргарин

2 јајца

Припрема:

Загрејте го млекото на оган со шеќерот, оцетот и маслото, па додадете го квасецот и промешајте се додека квасецот не се стопи. Потоа додадете го брашното и измесете го тестото, па оставете го да отстои 20тина минути и поделете го на шест дела.

Откако ќе стаса тестото, од секој дел расукајте по една кора и исечете ја на осум дела. Во посебен сад разматете го издробеното козјо сирење со јајцата, па врз секој дел ставете една лажичка од смесата и свиткајте ја кифлата. Ставете ги кифлите во намрсена тава и секоја кифличка намачкајте ја со растопениот маргарин.

Печете во загреана рерна на температура од 220 степени околу 30тина минути, односно се додека кифличките не добијат златно румена боја. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:15

ВКУСНИ КРОФНИ СО ЧОКОЛАДО

Потребни состојки:

3 дл. вода

2 дл. млеко

1 квасец

1 кг. брашно

1 лажичка сол

5 лажици шеќер

1 дл. масло за јадење

Кора од 1 ломон

150 гр. чоколадо

Припрема:

Во млако млеко додадете 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно, додадете го квасецот и оставете го да стаса.

Во посебен сад ставете малку брашно, сол, шеќер, рендана кора од лимун и стасаниот квасец и размесете го тестото. Постепено додавајте ја водата и брашното и смесете го тестото. Оставете го да стаса околу 45 минути, а премесувајте го на секои 15 минути.

Ставете го тестото на набрашнета подлога и со сукало растегнете кора со дебелина од 5 мм. Направете кругови со помош на чаша. Врз еден круг ставете коцка чоколадо и краевите премачкајте ги со малку вода, па одозгора ставете уште еден круг и со прстите притиснете ги краевите.

Готовите крофни наредете ги на чаршав и оставете ги да остојат 15 минути. За тоа време ставете масло да се загрее во тенџере на средна температура. Ставете ги крофните да се пржат, па откако ќе се испржат на едната страна превртете ги на другата. Готовите крофни ставете ги прво на салфетка за да ја упие вишокот на маснотија.

Растопете чоколадо на пареа и со него прелијте ги крофните, а украсете со чоколадни мрвици во разни бои. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:14

КРОАСАНИ СО ЕУРОКРЕМ И ЧОКОЛАДО

news_8865
Состојки:

–       2 дл. Млеко

–       2 дл. Вода

–       1 квасец

–       1 мало кашиче шеќер

–       1 мало кашиче сол

–       1 јогурт

–       1 дл. зејтин

–       900 гр. брашно

–       2 жолчки

–       1 маргарин

–       Еурокрем

–       Чоколадо

Подготовка

Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама брашно, зејтин, јајца, сол, јогурт. Тестото треба да биде меко. Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Една по едно парче поминете ги со сукало и 7 од нив намачкајте ги со маргарин.

Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го тоа ненамачканото. 


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:05

ПРИНЦЕС КРОФНИ

princes krofni

Потребни состојки:

12 јајца

150 гр. путер

250 мл. вода

150 гр. брашно

1 литар млеко

12 лажици шеќер

2 ќесички пудинг од ванила

Припрема:

Ставете го путерот во 250 мл. ладна вода на оган и оставете го да зоврие. Чим зоврие, додајте го брашното, тргнете го тенџерето од оган и матете брзо за да не се створат грутки. Во меѓувреме изматете 6 јајца, посебно жолчки, посебно белки. Откако добро ќе ги изматите, додајте ги во тенџерето и добро промешајте. Оваа смеса е доволна за 40 принцес крофни.

Наредете по една лажица од тестото во намрсена тава за печење. Оставете простор помеѓу секоја крофна затоа што при печењето тестото ќе порасне. Печете 7 минути во веќе загреана рерна на 220 степени, а потоа уште 13 минути на температура од 200 степени.

Изматете 6 јајца, пудингот, шеќерот и 100 мл. млеко. Посебно загрејте ги останатите 900 мл. млеко, па потоа постепено додавајте ја претходно изматената смеса со јајца и шеќер и постојано мешајте. Гответе се додека филот не се згусне, па тргнете го од оган и оставете го да се излади.

Откако крофните ќе се испечат, оставете ги да се изладат. Изладените крофни пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. Крофните ставете ги на чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:46

ПИРОШКИ СО ШУНКА И КАШКАВАЛ

piroski

Подготовка:

Замесете тесто од брашното, сварениот и испасиран компир, солта, жолчките, путерот, квасецот и топлото млеко.

Потоа, тестото оставете го на страна, малку да отстои, а за тоа време подгответе го филот: шунката и кашкавалот исечете ја на ситни коцкички, зачинете со бибер, додадете го ситно сецканиот магдонос и павлаката, па сето тоа добро измешајте го.

Потоа тестото расукајте го,  па исечете го на правоаголници. На средината од секој правоагалник, по должината ставете од филот, па обликувајте пирошки. Кога ќе ги направите сите пирошки, пржете ги во загреано масло, додека не поруменат од сите страни.

Вадете ги на кујнска хартија за да се впие непотребната маснотија.

Послужете ги додека се топли.

Состојки:

  • 300гр шунка
  • 300гр кашкавал
  • малку црн бибер
  • 1 лажица сол
  • 5 гр путер
  • 30мл млеко
  • 100мл масло
  • малку магдонос
  • 300гр компир
  • 250гр кисела павлака
  • 1 квасец
  • 4 жолчки
  • 600гр брашно
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:57

ВОЗДУШЕСТИ ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ ЗА ШТО НЕ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ КУЛИНАРСКИ ВЕШТИНИ


Погледнете го рецептот и дознајте како брзо и лесно да подготвите пирошки со сирење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 400гр брашно

* 500гр ситно сирење

* 1 пециво

* 2 лажичиња сол

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со пецивото. Во садот со брашно ставете ги јајцата, сирењето и солта. Месете го тестото додека сите состојки не се соединат. Извадете го тестото на побрашнета површина, па исечете правоаголници со дебелина околу 0,5см.

Пирошките пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Не е потребно да отстојат пред пржењето ниту е потребно да се цедат од вишокот на масло.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:53

ПОЛНЕТИ МЕКИЦИ


Потребно

  • 15 грама шеќер
  • 1  сол
  • 20 кесички сув квасец
  • 50 грама зејтин
  • 200 мили литри вода
  • 550 грама брашно
  • 200 мили литри јогурт

 

 Подготовка:

Ква­се­цот, топ­ла­та во­да, ше­ќе­рот, сол­та, јо­гур­тот и зеј­ти­нот се со­е­ди­ну­ва­ат, а на крај се до­да­ва браш­но­то и уба­во се за­ме­су­ва те­сто. Се оста­ва да от­стои еден час. По­тоа се де­ли на 10 де­ла. Од се­кое топ­че се рас­у­ку­ва ко­ра, ко­ја тре­ба да би­де тен­ка.
По­тоа ко­ра­та се пре­мач­ку­ва со фи­лот, кој е со­ста­вен од из­ме­ша­но си­ре­ње и јај­це. По­тоа ко­ра­та од си­те стра­ни се за­тво­ра, да би­де ка­ко плик. По­тоа се сти­ска мал­ку со су­ка­ло­то. Се оста­ва­ат око­лу 15-20 ми­ну­ти, а по­тоа се пр­жат од две­те стра­ни.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.