Испечати | Затвори го прозорот

Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27462
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 19:07
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
Постирано од: La Ninja
Наслов: Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
Датум на внесување: 20.Април.2008 во 21:37


ДОРЧОЛ КРОФНИ

*5ООгр. компири
*500гр. брашно
*100гр. путер
*4 јајца
*1 квасец
*1 ванилин шеќер
*100гр шеќер во прав
*1 лимон
*1 кесичка цимет

Подготовка:

*Откако ќе ги свариме компирите ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Ги ставаме во сад за марење и ги гмечиме со алатка за пире. Квасецот го дробиме со лажица и го додаваме во садот со компирот. Исто така ги додаваме и брашното, путерот исечкан на парчиња и ванилиниот шеќер. На ситна страна од рендето ја рендаме кората од лимонот. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Миксерот го користиме со мешалки за тесто. Откако состојките ќе се соединат го вадиме тестото од садот и го месиме со раце на набрашнета маса. Правиме кора од тестото со сукало. Чашата која ќе ни служи како калап ја набрашнуваме и со неа вадиме тркалезни форми од тестото. Тавата за печење исто така ја набрашнуваме, ги редиме формите и ги оставаме да стасаат. Потоа ги пржиме крофните во тава на оган со поголема количина масло кое претходно се загреало. Како што ќе ги вадиме кога ќе се испржат ги ставаме на чинија обложена со салфетки. Откако ќе се исцедат од маслото ги редиме во чинија за сервирање и додаваме врз нив прво цимет, па шеќер во прав и на крај чоколадни мрвици.
Пријатен апетит!


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 10.Октомври.2010 во 01:24
     ПРИНЦЕС КРОФНИ


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12   Шекер лажички
1000 милилитри Млеко
150 грама Маргарин
250 милилитри Вода
2   Ванила пудинг
150 грама Брашно
12   Јајца

ПОДГОТОВКА:
Ставете го маргаринот во ладна вода, потоа на рингла, а веднаш штом проврие додадете го брашното и силно матете ги со жица за се убаво да се соедини и да нема тврди топчиња.

Оставете да се олади, па додадете 6 јајца едно по едно и матете со миксер.

Со помош на кеса за шлаг истискајте крофни, ставајте ги на хартија за печење (со која сте обложиле плех) но правете простор помеѓу нив, бидејќи нараснуваат при печењето.

Рерната загрејте ја на 220 степени па печете ги 7 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете ги уште 13 минути.

Не отворајте ја рерната за време на печењето.

Готовите крофни оставете ги да се оладат, па пресечете ги на пола и полнете ги со фил.

Од оваа мера би требало да направите 40 крофни.

Ставете да се свари 900 мл. млеко.

Изматете 6 јајца, шеќерот и прашокот за пудинг во 100 мл. млеко, па полека сипајте мешајќи во свареното млеко и варете додека не се згусне.

Оладете го филот, па полнете ги крофните. Одозгора посипете ги со шеќер во прав или топено чоколадо.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 14:22

Крофнички со банани

Потребно:

* 2 банани
* 2 лажици кафен шеќер
* 100 г брашно
* 1/2 ќесичка прашок за печиво
За пржење:
* 500 мл масло
За послужување:
* кокосово брашно

Приготвување: испасирајте ги бананите, додајте ги шеќерот и брашното измешано со прашокот за печиво, па замесете тесто од сето тоа. Со помош на лажица земајте од тестото во облик на топче и пржете го во добро загреано масло. Пржените златно-жолти крофнички ставете ги врз хартиена салфета за да впие вишокот маснотија. Топлите крифнички послужете ги посипани со кокосово брашно.




-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:19


КИФЛИЧКИ СО ПАВЛАКА ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ

23

http://popara.mk/2015/recepti/kiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti/" rel="nofollow -

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -

  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 600 g брашно
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 прашок за печиво
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 лажичка сол
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 100 ml масло
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 чаша кисела павлака
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 200 ml топло млеко
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 коцка свеж квасец
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 лажица шеќер
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Жолчка, сусам и зачини за премачкување
  • http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете ги да се запенат и подигнат.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додајте масло. На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додајте го и квасецот.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Секој дел израмнете го на маса и со сукало истенчете го до половина сантиметар дебелина.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Исечете 8 триаголници, наполнете ги по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и проросете зачини.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Печете 15 минути, додека не заруменат.

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow">brzi-kiflicki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti-2.jpg

    http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Frecepti%2Fkiflichki-so-pavlaka-gotovi-za-15-minuti%2F&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -

    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:22

    МЕКИ МИНИ КРОФНИЧКИ

    6

    Меки, сочни и вкусни…идеални како десерт или ужина.

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    170 милилитри млеко

    1 коцка квасец

    500 грама брашно

    2 јајца

    2 жолчки

    90 грама шеќер

    50 грама путер

    Малку сол

    Масло за јадење

    300 грама џем по желба

    Шеќер во прав

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Загрејте околу 100 милилитри млеко, здробете го квасецот и додадете 150 грама брашно. Замесете тесто и оставете го на топло место околу 30 минути за да стаса. Додадете го путерот малку сол, убаво замесете и оставете го тестото на топло место околу 45 минути на топло место.

    Разматете ги јајцата плус 2 жолчки заедно со 90 грама шеќер, па додадете го претходно стасаното тесто заедно со преостанатото млеко и брашно. Додадете го путерот и малку сол, замесете и оставете го тестото да мирува околу 45 минути на топло место.

    По 45 минути поделете го тестото на 25 топчиња кои ќе ги наредите на крпа посипана со брашно. Покријте ги и оставете ги уште 30 минути да нарастат.

    Загреј те го маслото за јадење и испржете ги крофните. Испржените крофни редете ги врз салвети за да се упие вишокот на масло.

    Џемот ставете го во готварски шприц, малку пробушете ги крофните и внатре ставете џем.

    Крофните посипете ги со шеќер во прав.

    Уживајте во вкусот!!!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:24

    ВКУСНИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

    Потребни состојки:

    • 4 шолји од 2dl брашно
    • 2 лажици шеќер
    • ½ лажица сол
    • 2 лажици масло од сончоглед
    • 500ml млеко
    • 11g сув квасец

    Подготовка:

    Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

    Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

    testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg

    Потоа лесно размесете, направете облик по желба – пирошки, лепче, кифли…

    Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

    Послужете со главно јадење, салати, сосови…

    Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото:

    testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg

     

    testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg

    testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg

    testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-8.jpg



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:26

    БРЗИ КРОФНИ СО ПАВЛАКА

    Состојки:

    4 јајца

    1 кисела павлака

    16 лажици брашно

    Малку сол

    1 прашок за печиво

    Подготовка:

    Ставете го брашното во подлабок сад, а потоа додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го.

    Во брашното додадете ја павлаката и изматените јајца, па добро измешајте ( како кога правите кајгана)

    Во тавата за пржење налејте масло, во висина околу 1 см. Добро загрејте  го, па намалете на умерена температура.

    Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.

    Служете ги со сирење или чај.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:27

    ПОСНИ ЦРНО-БЕЛИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ


    Потребни состојки за тесто:

    • 250 ml топла вода
    • 50 g свеж квасец
    • 250 ml масло
    • 600 g брашно
    • 3 лажички какао
    • 3 лажички брашно
    • Џем

    За сируп:

    • 350 g шеќер
    • 350 ml вода
    • Ванила

    vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG

    Подготовка:

    1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.

    2. Поделете го на 2 дела.

    3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.

    4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).

    5. Оставете ги околу половина час да нараснат.

    6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.

    7. Загрејте ја рерната на 220 степени.

    8. Премачкајте два голема плеха.

    10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.

    11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.

    12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.

    13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.

    14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.

    vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:29

    ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ СО РАЗНО ПОЛНЕЊЕ

    Потребни состојки:

    • 250ml млака вода
    • Пакетче свеж квасец
    • 800g брашно
    • ½ маргарин
    • 3 лажици шеќер

    Подготовка:

    Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.

    Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.

    Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.

    Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.

    Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.

    Служете ги додека се топли.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:30

    ДОМАШНИ ПРИНЦЕС КРОФНИ

    Потребни состојки:

    • 1 чаша вода
    • 1 чаша масло
    • 1,5 чаши брашно
    • 1 литар млеко
    • 10 лажици шеќер
    • 7 лажици брашно
    • 1 пакетче ванилин шеќер
    • 8 јајца
    • 2 дцл. слатка павлака
    • 1 пакување прашок за пециво

    Упатско за подготовка:

    Бидејќи мерките за тесто ви ги дадовме во чашки, тогаш користете чаша од 2 дцл, најдобро доколку имате некоја пластична од јогурт. Оставете да зоврие една чаша вода со 1 чаша масло. Кога ќе почне полека да врие, додадете 1,5 чашка брашно измешано со прашокот за пециво, со постојано мешање за да не се создадат грутки. Тргнете од оган и оставете да се олади.

    Ладното тесто префрлете го во сад за матење. На миксерот ставете ги спиралните маталки и со постојано мешање додадете 4 јајца, едно по едно (додадете едно јајце, матете додека тестото не се воедначи па додадете го следното). Готовото тесто можете да го сипате во шприц и да истискате ѕвездички или едноставно колачите вадете ги со помош на мали кесички. Големината треба да биде идентична на орев. Колачите редете ги во сад обложен со хартија за печење. Водете сметка помеѓу колачите да оставите доволно место бидејќи тие ќе нараснат за време на печењето.

    Рерната загрејте ја на 220 степени, па потоа ставете ги колачите да се печат. Нека се печат 20-на минути без отворање на рерната. Тие треба да бидат подеднакво румени на сите страни.

    Во меѓувреме подгответе го филот: Во сад за готвење на пара ставете да провријат 8 дцл. млеко. Посебно изматете 4 жолчки со 10 лажици шеќер, еден ванилин шеќер, 7 лажици брашно и преостанатите 2 дцл. млеко. Кога млекото ќе започне да врие, полека со постојано мешање, додадете ја смесата од жолчки. Варете на тивок оган додека не добиете фил (кога ќе измешате со лажица на дното треба да остане јасен траг). Готовиот фил тргнете го од огинот, прекријте го со леплива фолија и оставете да се олади.

    Изматете 2 дцл. слатка павлака и спојте ја со ладниот фил.

    Секој колач пресечете го на пола и филувајте го. Одозгора посипете малку прав шеќер.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:31

    НУТЕЛА КРОФНИЧКИ

    Потребни состојки:

    • 2 шолји брашно
    • 3/4 шолја шеќер
    • 2 лажички прашок за пециво
    • 1 лажичка сол
    • 3/4 шолја млеко
    • 2 јајца
    • 2 лажици путер (растопен)
    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • 6 лажици нутела

    Подготовка:

    Загрејте ја рерната на 260 степени. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашакот за пециво и солта. Во истиот сад додадете го млеко, екстрактот од ванила, растопениот путер и јајцата. Се заедно измешајте. Наполнете ги калапите за крофни. Одозгора на тестото ставете по пола лажица нутела и со нож нежно премачкајте ги. Печете околу 20 минути. По желба можете да украсите со ореви, лешници, плазма итн.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:33

    БРЗИ ПИШИИ

    Состојки:

    • 300 мл кисело млеко
    • 600 г брашно
    • 1/2 супена лажица сода бикарбона
    • 1/2 супена лажица сол
    • 1 пакетче прашок за пециво
    Подготовка:
    1. Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво.
    2. Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.
    3. Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава.
    4. Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло,а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив.
    5. Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:40

    ТАЈНАТА ОКОЛУ ПРЖЕЊЕТО НА МЕКИЦИТЕ


    Потребни состојки:

    10 грама шеќер
    малку сол
    100 мл масло
    1 квасец
    1 кг брашно
    Подготовка:

    Квасецот се раствора во една чаша млака вода.
    Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода).
    Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне.
    Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.
    А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.
    Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.

    Тајни околу пржењето на мекиците:

    Капнете неколку капки ракија за да не се полнат многу со масло. Едно капаче ракија на едно кило брашно. Се капнува во тестото.
    Пробајте како што е напишана рецептата и кога ќе стасаат посипете пола лажиче пециво и измешајте ги па после пржете ги. Ќе бидат многу меки и нема да бидат мрсни. Најбитно е тестото да не биде ниту многу меко ниту многу тврдо.
    Да не ви гори маслото ставете 3-5 зрна жив грав во маслото и пржете колку сакате.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:41

    МИНИ ШЕЌЕРНИ КРОФНИ

    Состојки
    • 280 г брашно
    • 2 лажички прашок за пециво
    • 240 мл млеко
    • 120 мл масло за готвење
    • 100 г шеќер
    • 120 г путер (или маргарин) (за валкање на крофните)
    • 120 г шеќер (за валкање на крофните)
    • 1-2 кесички ванилин шеќер (за валкање на крофните)

    Подготовка

    1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Малите калапите за колачиња премачкајте ги со масло и набрашнете ги за на не се залепат крофните.
    2. Во подлабок сад, со миксер, изматете ги сите состојки потребни за подготовка на мини крофните.
    3. За полесно да ги наполните калапите, смесата префрлете ја во кеса за замрзнување, исечете го крајот (налик на готварски шприц) и наполнете ги калапите (отприлика до пола).
    4. Печете ги околу 10 минути или се додека не добијат златно-кафена боја.
    5. Во меѓувреме, стопете го маргаринот или путерот. Во друг сад измешајте го шеќерот заедно со ванилиниот шеќер.
    6. Секоја крофна, потопете ја во маргаринот, потоа извалкајте ја во шеќерот и сервирајте ги. Добар апетит!


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:44

    ДОМАШНИ МИНИ ПАНЦЕРОТИ

    Состојки

    • 1 кг брашно (состојки за тесто)
    • 500 мл млака вода (состојки за тесто)
    • 100 мл масло за готвење (состојки за тесто)
    • 2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто)
    • 1 ½ лажичка шеќер (состојки за тесто)
    • 3 лажички сол (состојки за тесто)
    • 400 г спанаќ (состојки за фил)
    • 200 г павлака (состојки за фил)
    • 100 г сирење (состојки за фил)
    • малку сусам, ким, чурек… (за декорација)
    • јајце (за премачкување)

    Подготовка

    1. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/testo-pred-da-narasne.jpg" rel="nofollow">Тетсо пред да нарасне  Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.
    2. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/narasnoto-testo.jpg" rel="nofollow">Нараснато тесто  Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
    3. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/podgotovka-na-filot1.jpg" rel="nofollow">Подготовка на филот  Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.
    4. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/sukanje-na-testoto.jpg" rel="nofollow">Сукање на тестото  Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.
    5. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/polnenje-na-mini-pancerotit.jpg" rel="nofollow">Полнење на панцеротите  Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.
    6. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/spremni-za-pecenje2.jpg" rel="nofollow">Мини панцероти спремни за печење  Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.
    7. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/odmaraat..jpg" rel="nofollow">Панцеротите одмараат неколку минути  Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.
    8. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/ispeceni-panceroti.jpg" rel="nofollow">Испечени панцероти  Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:49

    ПЕЧЕНИ КРОФНИ


    Состојки:

    150гр. брашно
    1/4 млеко
    3 јајца
    прстофат сол
    1 ванила
    60гр. маргарин
    1/4 шолја масло

    Подготовка: Изматете ги јајцата, додајте ја солта во нив и ванилата, млекото и брашното и размесете го. На крајот додајте им го растопениот маргарин. Ќе добиете тесто слично на она за палачинки. Во тава за мафини во секој калап ставете по една лажица масло, па наполнете го со оваа смеса. Печете во загреана рерна на 200степени околу 40 минути. Посипете ги со шеќер во прав додека се топли.

    …полнети со Нутела и чаша млеко.

    krofni-peceni

    krofni-peceni2

    krofni-peceni3



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:50

    ПАНЦЕРОТИ СО СИРЕЊЕ

    Состојки:

    500гр. лиснато тесто,

    500гр. ситно сецкано сирење,

    100гр. ореви,

    мешавина од сите медитерански зачини,

    сол,

    бибер,

    малку брашно.

    Подготовка:

    Лиснатото тесто размесете го тенко, а потоа со чаша вадете кругови. Чашата извалкајте ја во брашното за тестото полесно да се одвојува. На средината на секој круг ставете ја смесата со која сакате да бидат полнети панцеротите – во случајов: сирење, јајца, зачини, ореви, бибер… Секој круг премачкајте го со белка од јајце откако ќе го преклопите. Притиснете ги рабовите за да се соединат. Со вилушка избодете го тестото на неколку места и премачкајте го со жолчка. Печете ги панцеротите на 220 степени, околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете ги додека не поруменат.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:52

    СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ СО МОЦАРЕЛА И КУЛЕН

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО:

    * 1/2кг брашно

    * 25гр свеж квасец или едно пакетче сув

    * малку сол

    * 1 јајце

    * 1 лажица шеќер

    *2,5дл млеко

    * 6 лажици масло

    ЗА ФИЛОТ:

    * моцарела сирење

    * 100гр кулен

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Замесете го тестото и оставете го да отстои. Расукајте го и направете две или три топчиња. Расукајте ги и исечете ги на 6 или 8 дела. Ставете едно парче кулен и едно парче моцарела, па повторно оставете ги да отстојат. Можете да ги премачкате со растопен путер, да ги зачините со сушен лук или малку бибер, по желба. Кифличките печете ги на 180 степени на хартија за печење 15-20 минути.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:53

    ПОЛНЕТИ МЕКИЦИ


    Потребно

    • 15 грама шеќер
    • 1  сол
    • 20 кесички сув квасец
    • 50 грама зејтин
    • 200 мили литри вода
    • 550 грама брашно
    • 200 мили литри јогурт

     

     Подготовка:

    Ква­се­цот, топ­ла­та во­да, ше­ќе­рот, сол­та, јо­гур­тот и зеј­ти­нот се со­е­ди­ну­ва­ат, а на крај се до­да­ва браш­но­то и уба­во се за­ме­су­ва те­сто. Се оста­ва да от­стои еден час. По­тоа се де­ли на 10 де­ла. Од се­кое топ­че се рас­у­ку­ва ко­ра, ко­ја тре­ба да би­де тен­ка.
    По­тоа ко­ра­та се пре­мач­ку­ва со фи­лот, кој е со­ста­вен од из­ме­ша­но си­ре­ње и јај­це. По­тоа ко­ра­та од си­те стра­ни се за­тво­ра, да би­де ка­ко плик. По­тоа се сти­ска мал­ку со су­ка­ло­то. Се оста­ва­ат око­лу 15-20 ми­ну­ти, а по­тоа се пр­жат од две­те стра­ни.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:57

    ВОЗДУШЕСТИ ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ ЗА ШТО НЕ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ КУЛИНАРСКИ ВЕШТИНИ


    Погледнете го рецептот и дознајте како брзо и лесно да подготвите пирошки со сирење.

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 3 јајца

    * 400гр брашно

    * 500гр ситно сирење

    * 1 пециво

    * 2 лажичиња сол

    * масло за пржење

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    Измешајте го брашното со пецивото. Во садот со брашно ставете ги јајцата, сирењето и солта. Месете го тестото додека сите состојки не се соединат. Извадете го тестото на побрашнета површина, па исечете правоаголници со дебелина околу 0,5см.

    Пирошките пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Не е потребно да отстојат пред пржењето ниту е потребно да се цедат од вишокот на масло.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 21:46

    ПИРОШКИ СО ШУНКА И КАШКАВАЛ

    piroski

    Подготовка:

    Замесете тесто од брашното, сварениот и испасиран компир, солта, жолчките, путерот, квасецот и топлото млеко.

    Потоа, тестото оставете го на страна, малку да отстои, а за тоа време подгответе го филот: шунката и кашкавалот исечете ја на ситни коцкички, зачинете со бибер, додадете го ситно сецканиот магдонос и павлаката, па сето тоа добро измешајте го.

    Потоа тестото расукајте го,  па исечете го на правоаголници. На средината од секој правоагалник, по должината ставете од филот, па обликувајте пирошки. Кога ќе ги направите сите пирошки, пржете ги во загреано масло, додека не поруменат од сите страни.

    Вадете ги на кујнска хартија за да се впие непотребната маснотија.

    Послужете ги додека се топли.

    Состојки:

    • 300гр шунка
    • 300гр кашкавал
    • малку црн бибер
    • 1 лажица сол
    • 5 гр путер
    • 30мл млеко
    • 100мл масло
    • малку магдонос
    • 300гр компир
    • 250гр кисела павлака
    • 1 квасец
    • 4 жолчки
    • 600гр брашно


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:05

    ПРИНЦЕС КРОФНИ

    princes krofni

    Потребни состојки:

    12 јајца

    150 гр. путер

    250 мл. вода

    150 гр. брашно

    1 литар млеко

    12 лажици шеќер

    2 ќесички пудинг од ванила

    Припрема:

    Ставете го путерот во 250 мл. ладна вода на оган и оставете го да зоврие. Чим зоврие, додајте го брашното, тргнете го тенџерето од оган и матете брзо за да не се створат грутки. Во меѓувреме изматете 6 јајца, посебно жолчки, посебно белки. Откако добро ќе ги изматите, додајте ги во тенџерето и добро промешајте. Оваа смеса е доволна за 40 принцес крофни.

    Наредете по една лажица од тестото во намрсена тава за печење. Оставете простор помеѓу секоја крофна затоа што при печењето тестото ќе порасне. Печете 7 минути во веќе загреана рерна на 220 степени, а потоа уште 13 минути на температура од 200 степени.

    Изматете 6 јајца, пудингот, шеќерот и 100 мл. млеко. Посебно загрејте ги останатите 900 мл. млеко, па потоа постепено додавајте ја претходно изматената смеса со јајца и шеќер и постојано мешајте. Гответе се додека филот не се згусне, па тргнете го од оган и оставете го да се излади.

    Откако крофните ќе се испечат, оставете ги да се изладат. Изладените крофни пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. Крофните ставете ги на чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:14

    КРОАСАНИ СО ЕУРОКРЕМ И ЧОКОЛАДО

    news_8865
    Состојки:

    –       2 дл. Млеко

    –       2 дл. Вода

    –       1 квасец

    –       1 мало кашиче шеќер

    –       1 мало кашиче сол

    –       1 јогурт

    –       1 дл. зејтин

    –       900 гр. брашно

    –       2 жолчки

    –       1 маргарин

    –       Еурокрем

    –       Чоколадо

    Подготовка

    Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама брашно, зејтин, јајца, сол, јогурт. Тестото треба да биде меко. Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Една по едно парче поминете ги со сукало и 7 од нив намачкајте ги со маргарин.

    Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го тоа ненамачканото. 




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:15

    ВКУСНИ КРОФНИ СО ЧОКОЛАДО

    Потребни состојки:

    3 дл. вода

    2 дл. млеко

    1 квасец

    1 кг. брашно

    1 лажичка сол

    5 лажици шеќер

    1 дл. масло за јадење

    Кора од 1 ломон

    150 гр. чоколадо

    Припрема:

    Во млако млеко додадете 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно, додадете го квасецот и оставете го да стаса.

    Во посебен сад ставете малку брашно, сол, шеќер, рендана кора од лимун и стасаниот квасец и размесете го тестото. Постепено додавајте ја водата и брашното и смесете го тестото. Оставете го да стаса околу 45 минути, а премесувајте го на секои 15 минути.

    Ставете го тестото на набрашнета подлога и со сукало растегнете кора со дебелина од 5 мм. Направете кругови со помош на чаша. Врз еден круг ставете коцка чоколадо и краевите премачкајте ги со малку вода, па одозгора ставете уште еден круг и со прстите притиснете ги краевите.

    Готовите крофни наредете ги на чаршав и оставете ги да остојат 15 минути. За тоа време ставете масло да се загрее во тенџере на средна температура. Ставете ги крофните да се пржат, па откако ќе се испржат на едната страна превртете ги на другата. Готовите крофни ставете ги прво на салфетка за да ја упие вишокот на маснотија.

    Растопете чоколадо на пареа и со него прелијте ги крофните, а украсете со чоколадни мрвици во разни бои. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:17

    ВКУСНИ КИФЛИЧКИ СО КОЗЈО СИРЕЊЕ


    Потребни состојки:

    500 мл. млеко

    2 лажички сол

    1 лажичка шеќер

    150 мл. масло за јадење

    1 лажичка оцет

    1 коцка квасец

    1 кг. Брашно

    200 гр. козјо сирење

    50 гр. маргарин

    2 јајца

    Припрема:

    Загрејте го млекото на оган со шеќерот, оцетот и маслото, па додадете го квасецот и промешајте се додека квасецот не се стопи. Потоа додадете го брашното и измесете го тестото, па оставете го да отстои 20тина минути и поделете го на шест дела.

    Откако ќе стаса тестото, од секој дел расукајте по една кора и исечете ја на осум дела. Во посебен сад разматете го издробеното козјо сирење со јајцата, па врз секој дел ставете една лажичка од смесата и свиткајте ја кифлата. Ставете ги кифлите во намрсена тава и секоја кифличка намачкајте ја со растопениот маргарин.

    Печете во загреана рерна на температура од 220 степени околу 30тина минути, односно се додека кифличките не добијат златно румена боја. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:24

    КРОФНИЧКИ СО СИРЕЊЕ


    Потребни состојки:

    5 дл. млеко

    120 гр. путер

    250 гр. брашно

    8 јајца

    125 гр. сирење

    Малку сол

    2 лажици павлака

    1 жолчка

    Припрема:

    Изматете го млекото со путерот и солта и оставете да зовире, па тргнете го од оган и додадете го брашното со постојано мешање. Гответе се додека тестото не почне да се одвојува од маталката.

    Тргнете го тенџерето од оган  и оставете да се излади. Потоа додајте 2 јајца и постојано матете. Додадете го изгмеченото сирење и павлаката и промешајте за смесата да се соедини.

    Намсрете ја тавата за печење со путер и ставајте куглички од тестото, па премачкајте ги со жолчка. Печете на температура од 200 степени 30тина минути, односно се додека крофните не добијат златна боја. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:36

    ПИРОШКИ СО ШУНКА, КАШКАВАЛ И СИРЕЊЕ

    Потребни состојки:

    1 обланда

    50 гр. сусам

    200 гр. шунка

    3 јајца

    6 кисели краставички

    2 лажици брашно

    2 лажци презла

    200 гр. кашкавал

    200 гр. сирење

    150 гр. мајонез

    Масло за јадење

    Мелен црн пипер и сол

    Припрема:

    Завиткајте ја обландата во мокра кујнска крпа. Ситно исецкајте ја шунката, изрендајте го кашкавалот и сирењето, па додадете 2 лажици од мајонезот, 4 сецкани кисели краставички и промешајте. Обландата исечете ја на три еднакви дела. Филувајте го секој дел и завиткајте го во ролат, а потоа завиткајте ги и краевите.

    Секоја пирошка извалкајте ја прво во брашно, па во јајца, па на крајот во презла со сусам. Испржете ги пирошките на загреано масло додека не поруменат. Потоа ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија.

    За тартар сос исрендајте ги киселите краставички, исцедете ги и додадете ги во мајонезот, па наросете црн пипер и промешајте.

    На чинија за сервирање ставете зелена салата, па наредете ги пирошките и во посебен мал са ставете го тартар сосот. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:37

    ПЕКАРСКИ КИФЛИЧКИ

    Потребни состојки:

    500 гр. брашно

    250 мл. млеко

    1 квасец

    1 лажичка шеќер

    1 лажичка сол

    1 лажичка путер

    Припрема:

    Оставете го квасецот да стаса во чаша прекриен со малку млеко, брашно и шеќер. Во преостанатото брашно додадете го стасаниот квасец, путерот, солта и млекото, па замесете тесто и оставете го на топло да нарасне.

    Потоа поделете го тестото на три дела и од секој дел расукајте кора која ќе ја поделите на 8 дела и од секој дел ќе свиткате кифла. Кифличките наредете ги во намрсена тава за печење и печете ги на температура од 200 степени околу 15тина минути, односно се додека не поруменат. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:46

    КРОФНИ КОИ НАЈЛЕСНО СЕ СПРЕМААТ

    Потребни состојки:

    • 1литар јогурт
    • 12 лажици брашно
    • 2 јајца
    • Малку сол
    • Прашок за пециво

    Припрема:

    Изматете го јогуртот со брашното, прашокот за пециво и солта. Со лажица од смесата ставајте во врело масло и испржете ги крофните рамномерно од сите страни.

    Крофните може да се јадат солени или пак благи. Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:51

    ПРИНЦЕС КРОФНИ


    Дали до сега сте ги пробале инстант крофните со куповни крофни и пудинг? Одвојте нешто од вашето време  и направете ги самите, тогаш ќе ја осетите вистинската разлика…

    Потребни состојки:

    За тесто:

    • 250мл – вода
    • прстофат сол
    • 100гр  – путер(или маст)
    • 200гр – брашно
    • 4 – јајца

     

    За фил:

    • 400мл. – млеко
    • 3 – јајца
    • 150гр – шеќер
    • 5 лаж. – брашно
    • 1 ванилин шеќер
    • Шеќер во прав(за декор)

     

    Начин на подготовка:

     

    Тесто:

    Во лонец, со средна големина, сварете вода а потоа додадете путер и сол.

    Варете 7мин. А потоа додадете брашно и мешајте се додека не добиете мека смеса.

    Тргнете од оган и оставете го на страна да се олади.

    Во сад во разладената смеса вмешувајте  едно по едно јајце…

    Загрејте ја рерната на 230ц.

    Во плех ставете пекарска хартија.

    Смесата ставете ја во слаткарски шприц и правете топки, во големина на кокошкино јајце. Топките да имаат растојание од 2 см. помеѓу себе…

    ( Доколку немате слаткарски шприц, можете да користите лажица како алтернативно решение.

    Печете без отварање на рерната 25 – 30 мин.

    Топлите крофни исечете ги водорамно на половина.

    Фил:

    Во меѓувреме, одвојте 2 жолчки од белките.

    Во засебна чинија, помешајте ги 3те жолчки со шеќер и со ванилин шеќер.

    Додадете брашно и 100мл.млеко и добро миксирајте.

    Од 3те белки измиксирајте цврст шлаг и помешајте го со смесата.

    Во лонец со средна величина проварете 300мл.млеко на среден оган а потоа во во него додадете ја смесата.

    Варете се додека не добете густина на пудинг, со константно брзо мешање.

    Тргнете од оганот и оставете од страна да се олади.

    Наполнете ги крофните и посипете ги со шеќер во прав.

     

     



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 13.Август.2015 во 08:37

    СОЛЕНИ КРОФНИ СО СИРЕЊЕ

    Состојки:

    • 100 гр Фета сирење
    • 50гр Пармезан
    • Неколку стебленца магдонос, копар и босилек
    • Малку оригано и црн пипер
    • 20гр квасец
    • 500 гр брашно
    • 1 чаша вода
    • едно јајце
    • и малку шеќер и сол

    Начин на подготовка:

    Растопете го квасецот во топла вода со неколку лажици брашно. Кога квасецот ќе надојде, додадете го остатокот од брашното, јајцето, ситно изрендано сирење, и билките и зачините. Месете го тестото. По потреба додадете брашно и вода за да го направите тестото нелепливо. Направете го во облик на топка, ставете го во сад и покријте го. Оставете го така покриено околу 2 часа. Потоа извадете го тестото и исечете од него прстени и оставете ги десетина минути. Потоа пржете ги во многу масло додека не добијат златеникава боја



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 13.Август.2015 во 09:10

    ПРИНЦЕС КРОФНИ СО БАДЕМИ

    Потребни состојки:

    Тесто:

    • 125гр путер
    • 250мл вода
    • 125гр брашно
    • 4 јајца
    • малку сол

    Крем:

    • кесичка пудинг од ванила
    • 500мл млеко
    • 4 лажици шеќер
    • 200гр маргарин

    Начин на подготовка:

    Путерот заедно со водата и солта, растопете ги во тава на умерена температура, додадете брашно, добро измешајте и тргнете од оган. На оладеното тесто, со постојано мешање, додадете ги изматените јајца. Тестото ставете го во шприц и со него директно на плех обложен со хартија за печење направете крофнички. Водете сметка помеѓу крофните да има доволно простор. Печете ги крофните во рерна загреана на 200 степени околу 10 минути, намалете ја температурата, па печете уште 5 минути. Оставете да се олади.

    Сместа од кесичката пудинг помешајте ја со 100мл млеко, добро измешајте, додадете во тава со шеќер и останатото млеко и варете пет минути. Оладете го пудингот, но од време на време помешајте да не се направи кора на површината. Путерот растопете го и потоа помешајте го заедно со пудингот. Основниот крем помешајте го со две лажици исецкани ореви и бадеми, па со овој крем полнете ги крофните.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 13.Август.2015 во 13:13

    MЛЕЧНИ КИФЛИ СО ПУТЕР

    Состојки:

    40 g свеж квасец

    300 ml млеко

    600 g пченкарно брашно

    100 g путер

    100 g шеќер

    1 лажица сол

    1 јајце

    2 лажици ладно млеко и 1 жолчка за премачкување

    Подготовка

    Свежиот квасец да се прелие со малку млако млеко, да се посее една лажица шеќер и да се остави околу 10 минути. Путерот ќе се растопи во топлото млеко. Во сад додадете пченкарно брашно, преостанатиот шеќер, сол, подготвениот квасец и путерот со млеко. Месете меко, речиси свиленкасто тесто. Готовото тесто со лесни движења преместете го на работна површина, сечете го на триаголници и поделете го на топчиња, а потоа прекријте го и оставете го на топло да порасне. Потоа тегнете го тестото, исечете го и правете кифли.

    Кифлите наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење, премачкајте ја со ладно млеко со жолчката и печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени, околу 15 минути.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 14.Август.2015 во 18:51

    НАЈУБАВИТЕ КИФЛИ СО ЦИМЕТ

    Состојки:

    • 500 мл млеко
    • 150 гр маргарин
    • 12 гр сув квасец
    • 120 гр шеќер
    • 1 лажичка сол
    • 1 лажичка кардамон во прав
    • 850 гр брашно
    • 1 јајце

    За полнење:

    • 150 гр излупени бадеми
    • 150 гр шеќер
    • 100 гр маргарин
    • 8 лажички цимет
    • 4 лажици вода
    • шеќер за посипување

    Начин на подготовка:

    1.Топлете го млекото со маргаринот, шеќерот, квасецот, солта и кардамонот. Добро промешајте.

    2. Направете празнина во брашното и истурете ја загреаната смеса. Замесете го меко тесто. Оставете го да порасне пола саат.

    3. Во блендер смелете ги сите состојки за полнење.

    4. Со оклагија расукајте го тестото во форма на правоаголник. Половина од правоаголникот намачкајте го со смесата од цимет. Преклопете и притиснете го тестото. Исечете го на ленти.Секоја трака смотајте ја околу рацете и врзете ја во јазол. Оставете ги кифлите уште 20 минути да стасуваат.

    5. Кифлите премачкајте ги со јајца и посолете ги со шеќер. Печете ги 15 минути на температура од 220 степени.

    6. Кифлите скужете ги топли со кафе.

    Добар апетит!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 14.Август.2015 во 18:55

    ЕКСТРА-БРЗИ СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ

    Состојки:

    1 белка од јајце

    1 лажичка сол

    125 гр сирење

    50 мл млеко

    50 мл масло

    3 лажички прашок за пециво

    250 гр брашно

    За премачкување:

    1 жолчка

    Лажичка млеко

    Сусам

    Во длабок сад ги додаваме белките, солта, маслото и млекото, брашното измешано со прашок за пециво и од тоа замесуваме глатко тесто. Тестото се дели на два дела и се развлекува. Секој дел го сечеме на 8 тријаголници и ги виткаме во ролна. Ги премачкуваме со жолчка матена со млеко и ги поросуваме со сусам, а кифличките може да се полнат со сирење или салама.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 14.Август.2015 во 19:00

    СЛАТКИ МЕКИЦИ СО КИСЕЛО МЛЕКО

    Потребни намирници:

    125 гр кисело млеко

    80 гр путер

    50 гр шеќер

    30 гр суво грозје

    3 јајца

    400 гр брашно

    Прашок за пециво

    Цимет

    Масло за јадење

    50 гр шумско овошје

    Го мешаме путерот со шеќерот, киселото млеко и јајцата. Мешаме добро додека не добиеме хомогена смеса. Мешаме со миксер и бавно го додаваме брашното, циметот и сувото грозје. На крај се додава и прашокот за пециво. Во заграно масло ги пржиме. За декорација, на слаб оган загреваме мед со шумско овошје.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 19.Август.2015 во 17:31
    Крофни


    Потребно:
    ● 2 јајца
    ● 1 коцка квасец
    ● 1 чаша јогурт
    ● 1 кг брашно
    ● 300-350 мл вода
    ● ½ лажичка сол
    ● 5 лажици шеќер
    ● 200 г шеќер во прав
    ● 100 мл масло за јадење
    Подготовка:
    ● Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го јогуртот. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.
    ● Развлечете кора од тестото во дебелина од околу 1 см и со модла (или со чаша) обликувајте крофни. Оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.
    ● Готовите крофни послужете ги со шеќер во прав, а внатре со помош на шприц наполнете ги со мармалад по вкус или со чоколадо.


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 19.Август.2015 во 17:33

    Рецепт за највкусните крофни

    Состојки: 

    - 2 јајца
    - 1 коцка квасец
    - 1 чаша млеко
    - 1 кг брашно
    - 300-350 мл вода
    - ½ лажичка сол
    - 5 лажици шеќер
    - 200 г шеќер во прав
    - 100 мл масло за јадење

    Подготовка:


    За да постигнете најдобри резултати, почнете да ги правите крофните во топла просторија каде нема струење на воздухот. Имајте на ум дека колку што ви се потопли сите состојки толку тестото за крофни ќе биде подобро. 

    Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го млекото. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.

    Развлечете кора од тестото во дебелина од околу 1 см и со модла (или со чаша) обликувајте крофни. Оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.


    Готовите крофни послужете ги со шеќер во прав, а внатре со помош на шприц наполнете ги со мармалад по вкус или со чоколада.
     



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 19.Август.2015 во 17:40

    Шупливи крофни


      • 2 лажици  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b5%d0%bd-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd/" rel="nofollow - стопен маргарин
      • 1 коцка  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d0%b6-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%b5%d1%86/" rel="nofollow - свеж квасец
      • http://migusto.mk/ingredient/%d0%b6%d0%be%d0%bb%d1%87%d0%ba%d0%b8/" rel="nofollow - жолчки
      • 2 лажици  http://migusto.mk/ingredient/%d1%88%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - шеќер
      • прстофат  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb/" rel="nofollow - сол
      • http://migusto.mk/ingredient/%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%be%d0%b4-1-%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%bd/" rel="nofollow - рендана кора од 1 лимон
      • 500 мл  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%be/" rel="nofollow - млеко  топло
      • 950 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be/" rel="nofollow - брашно  (околу)
      •   http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b6%d0%b5%d1%9a%d0%b5/" rel="nofollow - масло за пржење


      1. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 1.Се стасува квасецот со малку шеќер и брашно во топло млеко.
      2. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 2.Во длабок сад се ставаат сите состојки освен брашното и убаво се мати со миксер.
      3. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 3.Постепено се додава малку по малку од брашното и с`е додека е тоа можно се мати со миксер. Потоа се меси со рака с`е додека не се потроши брашното или додека не се добие меко топчесто тесто. Од тој момент се меси 15-тина минути.
      4. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 4.Се остава да стаса додека не се дуплира волуменот, а потоа на побршнета подлога се размесува кора дебела околу 1 см. Со чаша се сечат кругови,па се оставаат да стасаат.
      5. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 5.НАПОМЕНА: не бидете нестрпливи, оставете ги да стасаат,секоја минута исчекување се исплати бидејќи така стануваат уште пошупливи.
      6. http://migusto.mk/suplivi-krofni/" rel="nofollow - 6.Во садот во кој ќе се пржат крофните ставете масло и оставете го да се загрее на умерена температура. Секоја крофна,лесно поминете ја со сукало,па страната која била горе додека стасувале превртете ја надолу за пржењето. Поклопете го садот со капак, кратко пржете ги, па превртете ги крофните.
      7. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/02/suplivi-krofni2.jpg" rel="nofollow">Шупливи крофни 7.Оставете ги на хартиени кујнски салфети да се оладат, па по ваша желба полнете ги со шприц со мармалад, некој чоколаден или ванила крем или едноставно само посипете ги со кристал или шеќер во прав.
      8. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/02/suplivi-krofn32.jpg" rel="nofollow">Шупливи крофни 8.НАПОМЕНА: препорачувам да ги пржите во сад со стаклен капак за да не дозволите да изгорат. Овие се навистина многу шупливи крофнии бргу се пржат, но лесно може да се сучи да изгорат.


      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 19.Август.2015 во 17:51

      ГЛАЗИРАНИ КРОФНИ


      http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/08/krofni-so-glazura.jpg" rel="nofollow">крофни со глазура

      Одложете ја диетата до понеделник зошто нема да можете да им одолеете на овие фантастични крофни. Без разлика дали ќе ги направите со бела или црна глазура, сигурни сме дека страшно брзо ќе исчезнат од чинијата!



      • 1/2  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d0%b6-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%b5%d1%86/" rel="nofollow - свеж квасец  (20 г)
      • 120 мл  http://migusto.mk/ingredient/%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%bb%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0/" rel="nofollow - топла вода  (жешка)
      • 530 мл  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%be/" rel="nofollow - млеко
      • 170 г  http://migusto.mk/ingredient/%d1%88%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - шеќер
      • 1,5 кафена лажичка  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb/" rel="nofollow - сол
      • http://migusto.mk/ingredient/%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0/" rel="nofollow - јајца
      • 110 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d1%82-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b5%d1%9a%d0%b5/" rel="nofollow - маст или маргарин за готвење
      • 940 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%be-%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be/" rel="nofollow - бело брашно
      •   http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b6%d0%b5%d1%9a%d0%b5/" rel="nofollow - масло за пржење
      • 115 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - путер  (за глазурата)
      • 375 г  http://migusto.mk/ingredient/%d1%88%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2/" rel="nofollow - шеќер во прав  (за глазурата)
      • 2,5 кафени лажички  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%ba%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - екстракт од ванила  (или 2-3 ќесички ван0илин шеќер, по вкус), за глазурата
      • 6-9 супени лажици  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%bc%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b0/" rel="nofollow - превриено млеко (да подиспари водата)  (за глазурата)


      1. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 1.Ставете го квасецот да нарасне во топлата вода заедно со една лажичка шеќер и една лажжичка брашно и оставете го да нарасне. Млекото ставете го да зоврие, а потоа оставете го малку да се олади.
      2. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 2.Во посебен сад измешајте го нараснатиот квасец, млекото, шеќерот, солта, јајцата, маста и една третина од брашното. Добро измешајте ги состојките со миксер.
      3. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 3.Постепено додавајте го и преостанатото брашно со посотјано мешање додека не добиете убаво тесто, а откако добро ќе се измеша, оставете го да нарасне најмалку дупло (30-60 минути).
      4. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 4.Откако тестото ќе нарасне, ставете го на набрашнета површина и расукајте го со сукало добро намачкано со брашно. Внимавајте, дебелината на расуканата кора треба да биде околу 12-13 милиметри (да биде подебела за да може тестото да расте).
      5. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 5.Исечете кругчиња со поголема чаша чија ивица е набрашнета, а потоа исечете ја средината со мала чашка за ракија. Откако ќе ги исечете сите крофни, покријте ги со крпа и оставете да нараснат уште еднаш (30-40 минути).
      6. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 6.Додека крофните растат можете да ја направите глазурата. Растопете го путерот и измешајте го со ванилата и шеќерот во прав. Мешајте со миксер додека смесата не се изедначи, а потоа додавајте млеко или вода додека не ја добиете саканата густина. (Ако сакате чоколадна глазура, во путерот разматете и 150-180 г растопено чоколадо).
      7. http://migusto.mk/glazirani-krofni/" rel="nofollow - 7.Во подлабоко тавче или тенџере добро загрејте малку повеќе масло, а потоа испржете ги прво малите кругчиња од срединките, а после и самите крофни. Оставете ги добро да се исцедат на кујнска хартија, а потоа натопете ги во глазурата од едната или од двете страни, по желба. Пријатно!



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 24.Август.2015 во 21:14

      Меки како душа: Најдобриот рецепт за кифлички


      Кога прв пат ќе ги пробате, нема да престанете да го месите ова тесто.

      Потребни состојки:

      • 5 дл. топла вода
      • 70 гр. млеко во прав
      • 12 гр. сув квасец
      • 800-900 гр. брашно
      • 50 гр. шеќер
      • 1.5 лажичка сол
      • 80 гр. стопен путер
      • 1 јајце
      • 50 гр. стопен путер за премачкување

      Подготовка:

      1. Додадете 1,5 дл. млеко во прав во 5 дл. топла вода, стопете го путерот и дадете го во него. Брашното просејте го во сад, додадете квасец, шеќер, сол, јајце и топла вода со млеко и путер.

      2. Замесете го мекото тесто, на крај додадете малку масло и обликувајте го во топчеста форма. Прекријте го садот и ставете го на топло за да нарасне, оставете го околу 50-60 минути, зависно од топлината на местото. Треба тестото да нарасне двојно од својата првична големина.

      3. Кога тестото веќе добро нараснало, лесно премесете го на брашнеста површина. Развлечете го на 40x45 сантиметри, премачкајте го со стопениот путер и исечете го на правоаголна големина од 7x15 сантиметри.

      4. Секој правоаголник малку растегнете го и замотајте го во ролна и ставете го во голема тепсија обложена со хартија за печење. Малку оттргнете ги едни од други бидејќи тие ќе нараснат.

      5. Оставете ги некои 30-на минути на топло место. Додека кифлите се „одморааат“ загрејте ја рерната на 200 степени и печете дваесетина минути или додека не добијат румена боја.

      6. Печените кифли извадете ги и премачкајте ги со топол стопен путер и оставете ги малку да се изладат.

      Напомена: По желба, кифлите можете да ги правите и со фил, на пример сирење, месо, џем или еурокрем, како и врз нив да ставите сусам.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:16

      КРОФНИ СО ЈАБОЛКА

      Потребни состојки:

      45 гр шеќер во прав за декорација

      180 гр масло за јадење

      0,5 кафена лажичка цимет

      4 јаболка

      1 чаша млеко

      4 јајца

      2 чаши брашно

      Ги мешаме најпрво брашното и јајцата. Постепено го додаваме млекото, додека не добиеме смеса со густина на пире.

      Ги чистиме и ги рендаме јаболката. Ги додаваме во смесата и мешаме. Го додаваме и циметот.

      Од смесата правиме мали топчиња кои ги пржиме во заграно масло додека не добијат златно кафена боја.

      Ги вадиме, при што најпрво ги поставуваме врз хартија за да се исцеди излишната маснотија, после што ги префрламе во чинија за сервирање и декорираме со шеќер во прав.




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:19

      БРЗИ КРОФНИ - СО ЏЕМ

      Состојки:

      1/3 чаша (од 250 мл) брашно за торти и колачи

      7 гр прашок за пециво

      1/3 чаша шеќер

      1/3 чаша млеко

      7 лажици масло за јадење

      1 јајце

      1/2 кафена лажичка екстракт од ванила

      12 лажички џем, по една за секоја крофна

      1/2 чаша путер

      1/2 чаша шеќер

      Загрејте ја рерната на 200 степени. Со вилушка се мати млекото, маслото, јајцата и ванилата. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и 1/3 чаша шеќер и добро измешајте. И не грижете се ако има грутки, смачкајте ги со вилушка или дрвена лажица. Не е потребно смесата премногу да се меша, бидејќи крофните ќе бидат тврди.

      Исипете ја смесата во подмачкани калапи за мафини (12 калапи) – се полнат со смесата помалку од третина, па додадете по една лажичка џем. Додадете врз секој калап уште малку од смесата, додека не се наполни 2/3 од калапот.

      Крофните се печат 20 минути додека не добијат златно кафена боја и не пораснат. Во меѓувреме стопете го путерот на пареа. Останатиот шеќер ставете го во посебен сад. Штом крофните ќе бидат готови, ги вадите од калапот, ги валкате прво во путерот, а потоа во шеќер. Се послужуваат топли.

      krofne-brze2

       



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:37

      ЕКСТРА-БРЗИ СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ

      Состојки:

      1 белка од јајце

      1 лажичка сол

      125 гр сирење

      50 мл млеко

      50 мл масло

      3 лажички прашок за пециво

      250 гр брашно

      За премачкување:

      1 жолчка

      Лажичка млеко

      Сусам

      Во длабок сад ги додаваме белките, солта, маслото и млекото, брашното измешано со прашок за пециво и од тоа замесуваме глатко тесто. Тестото се дели на два дела и се развлекува. Секој дел го сечеме на 8 тријаголници и ги виткаме во ролна. Ги премачкуваме со жолчка матена со млеко и ги поросуваме со сусам, а кифличките може да се полнат со сирење или салама.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 18:30

      ВКУСНИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

      8

      Потребни состојки:

      • 4 шолји од 2dl брашно
      • 2 лажици шеќер
      • ½ лажица сол
      • 2 лажици масло од сончоглед
      • 500ml млеко
      • 11g сув квасец

      Подготовка:

      Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

      Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

      testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg

      Потоа лесно размесете, направете облик по желба – пирошки, лепче, кифли…

      Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

      Послужете со главно јадење, салати, сосови…

      Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото:

      testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg

       

      testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg

      testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 23.Септември.2015 во 12:45
      Посни кокос кифлички

      ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

      250 грама шеќер

      1 кесичка прашак за печиво

      30 милилитри масло

      1 кора од лимон

      50 грама кокосово брашно

      200 милилитри вода

      500 грама брашно

      Рендан кокос

      НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

      Од сите состојки замесете тесто, со тоа што ќе додадете вода онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто. Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички. Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.

      Печете на 180 степени, околу 20-ина минути. Кога кифлите ќе заруменат извадете ги. Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер. Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 13.Октомври.2015 во 08:56

      Рецепт за “оригинални” пекарски кифли


      ПОТРЕНИ СОСТОЈКИ:

      * 1кг бело брашно

      * 100гр путер или маргарин

      * 2 лажичиња сол

      * 2 лажичиња шеќер

      * 25гр свеж квасец

      *4дл вода

      * 1 лажица оцет (растворен)

      * 1 дл млеко

      НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

      • Во еден пласичен сад ставете го брашното, солта, путерот. Во друг сад загреете го млекото да биде млако и во него издробете го квасецот и ставете едно лажиче шеќер. Откако квасецот ќе се стопи ставете го во брашното и сето тоа замесете го со топла вода во која претходно сте ставиле едно лажиче шеќер. Тестото мора убаво да се одвојува од садот.
      • Тестото покриете го и оставете го да отстои 50 минути. Откако ќе поминат 50 минути премесете го и оставете го да отстои уште 25 минути.
      • Откао сте го премесиле тестото и отстојало доволно, работната површеина набрашнете ја и истресете го тестото на неа, од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат уште 10 минути.
      • Секое топче исукајте го и правете ги кифлите од горе надолу така што на почетокот ќе притиснете со дланката а потоа со двете раце ќе го виткате тестото додека не дојдете до крајот.
      • Плехот за печење покриете го со хартија за печење, наредете ги кифлите и оставете ги да стојат се додека не станат дупло поголеми. Секоја кифла намачкајте ја со вода и попрскајте ја со сол.
      • Печете во загреана рерна на 250 степени 12 минути.
      • Рерната мора да биде многу  загреана пред да ги ставите кифлите и сосема е доволно да ги печете 12 минути.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 23.Октомври.2015 во 16:13

      АМЕРИКАНСКИ КРОФНИЧКИ


      5

      Состојки:

      За тестото:
      150 мл млеко
      60 гр мек маргарин или путер
      500 гр пченично брашно
      1 квасец
      40 гр шеќер
      1/2 лажиче сол
      1 јајце

      Загрејте го млекото и во него додадете го квасецот, шеќерот и маргаринот или путерот и оставете да отстои да стаса

      Замесете го брашното во кое сте сатавиле јајце и сол со квасецот. Изматете го ова со миксер првин со најмалата брзина, а потоа едно пет минути со поголемата брзина така да добиете мазно тесто.Оставете го да отстои тестото на топло се додека двојно не се зголеми.

      Од кога тестото е нараснато го ставате на побрашнета површина и уште еднаш рачно премесете го и развијте кора со дебелина 1 см. Првин исечете кругови (Ø 9 см), потоа од средината исечете други кругови така да добиете прстени со ширина од 2 см.

      Прстените покријте ги и оставете ги да одстојат на топло место додека видно не се зголемат.
      Од кога ќе нараснат крофните се пржат во загреано масло така да пливаат во него се додека не добијат од двете страни златно-жолта боја.

      Ги вадите на кујнска решетка за да се исцедат од маснотијата и потоа ги посипувате со шеќер во прав и им ставате чоколаден прелив



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 10.Ноември.2015 во 20:10

      KИФЛИЧКИ СО МАРМАЛАД

      11

      Состојки

      1 пакетче лиснато тесто

      Мармалад по избор

      1 жолчка

      3 лажици млеко

      малку шеќер во прав

      Подготовка

      Добро измесете го лиснатото тесто и исечете го на триаголници. На секој триаголник ставете малку мармалад па замотајте ги во облик на кифлички. Редете ги кифличките во тепсијата па премачкајте ги со жолчката и млекото. Загрејте ја рерната на 170 степени, па ставете ги кифличките да се печат околу 25 минути. Кога ќе бидат готови оставете ги малку да се оладат, па послужете ги прелеани со шеќер во прав.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 17:32

      Кифлички Пеперутки




      Подготовка

      Во длабок сад за месење ставете ги брашното, нишестето, маргаринот, ванилата, шеќерот, јајцето и прашокот за печиво. Од наведените состојки замесете тесто, а по потреба додадете вода. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и добро измесете. Оставете го тестото во ладилник за време од 30 минути. Со сукало од секој дел исучете кора како што е прикажано на сликата. Корите ставете ги една врз друга и формирајте ролат. Ролатот поделете го на два еднакви дела. Двата ролати ставете ги еден покрај друг и сечете парчиња. (Следете ги инструкциите на сликите). Парчињата редете ги во тава обложена со хартија за печење и малку притиснете ги странично за да се добие форма на пеперутки. Печете ги во загреана рерна на 175 степени додека поруменат.

      Време на подготовка од: 60
      Време на подготовка до: 80
      Kомплицираност: 4

      Состав

      1 чаша нишесте (густин)
      2 чаши брашно
      150 грама маргарин на собна температура
      1 кесичка ванилин шеќер
      1 чаша шеќер во прав
      1 ? лажица какао
      1 јајце 
      1 лажиче прашок за печиво



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 13.Ноември.2015 во 08:17
      Солени крофни


      Потребни состојки:

      * 300 г брашно

      * 2 големи јајца

      * 1 кесичка прашок за пециво

      * 1 лажица сол

      * 100 г сирење

      *  масло за пржење

      Начин нa подготвување:

      Изматете ги јајцата, ставете сол, прашок за пециво и додаете го брашното и издробеното сирење.

      Замесете средно тврдо тесто. Тестото исукајте го со дебелина од еден сантиметар.

      Со поголема кружна формичка или чаша направете кругови. Со помала формичка направте уште еден помал круг во средина на големиот круг.

      Маслото за пржење добро загрејте го. Пржете додека крофните не добијат убава златно кафена боја.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 21.Јануари.2016 во 20:57

      Благи кифлички со пиво

      Се меси мазно тесто од:
      6 филџани пиво
      5 филџани масло
      1 печиво и
      брашно по потреба

      Откако убаво ќе биде измесено тестото, се одделуваат мали топчиња и се расукуваат во корички со дебелина од 1 см. Се оставаат да постојат 10 минути.

      Потоа секоја коричка се расукува во поголема кора, се сече на 8 делови, на секој дел се става мармалад и се виткаат како кифлички.

      Се печат подолго време на пониска температура.

      250 гр. шеќер се растопува со малку вода. Во овој шербет се ставаат испечените и изладени кифлички а потоа се прпелкаат во 50 гр. мелени ореви или во шеќер во прав.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 21.Март.2016 во 13:40

      ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ

      12

      Потребни состојки:

      • 250ml млака вода
      • Пакетче свеж квасец
      • 800g брашно
      • ½ маргарин
      • 3 лажици шеќер

      Подготовка:

      Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.

      Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.

      Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.

      Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.

      Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.

      Служете ги додека се топли.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 02.Април.2016 во 22:06
      Полнети кифли со шунка и крем сирење



      Состојки:

      450 г од вашето омилено тесто за печива
      1 јајце
      сусам
      афион
      крупна морска сол
      300 г крем сирење
      100 г шунка
      100 г кулен
      1 домат
      малку сечкан магдонос
       

      Подготовка:

      Загрејте ја рерната на 200 http://zena.blic.rs/recepti/recepti-redakcije/39515/Kad-bi-nam-neko-servirao-ovakav-dorucak-kupio-bi-nas-za-ceo-zivot" rel="nofollow -  степени  и подгответе го плехот на кој сте ставиле хартија за печење. Свиткајте две хартии за печење кои сте ги споиле во облик на фишек, а потоа истите фишеци обвиткајте ги во алуминиумска фолија. Тестото замесете го, развлечете го во долга лента, па лентата тесто обвиткајте го околу фишекот. Повторувајте ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки, а би требало да добиете околу осум корнети.

      Со изматеното јајце премачкајте го тестото, па по желба посипете го со афион, сусам и сол. Запечете го во рерна на 200 степени околу 16-18 минути. Извадете, па кога малку ќе се излади, наполнете ги фишеците од тесто со филот што сте го подготвиле од крем сирењето, сечканата шунка, магдоносот, куленот и останатите состојки по вкус. 




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 06.Април.2016 во 17:44
      Брзи крофни готови за 10 минути

      ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

      – 400 мл. јогурт
      – 2 јајца
      – 2 пакетчиња ванилин шеќер
      – прстофат сол
      – 2 лажички шеќер
      – 20 лажици брашно
      – 1 пакетче прашок за пециво
      – масло за пржење

      НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

      Измешајте ги сите состојки додека не се претворат во еднолична смеса. Доколку забележите дека вашата мешавина е ретка, слободно додадете уште неколку лажици брашно.

      Вадете мали топчиња со лажица (и со прсти), и пржете во врело масло. Сепак, внимавајте да не биде прежешко.

      Штом забележите дека тестото добило црвенкаста боја (а тоа ќе е за кратко време), превртете ги и на другата страна. Доколку ги пржите во многу масло, тие ќе се превтруваат и самите.

      Вадете ги во чинија обложена со салфети, за да се впие вишокот масло.

      Посипете со шеќер во прав и со чоколаден прелив (по вкус).



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 15.Април.2016 во 08:01

      Dave’s Kitchen: Рецепт за домашни кроасани


      Dave’s Kitchen оваа недела ви подготви вкусни кроасани. Зошто да купувате смрзнати производи кога може да направите нешто домашно и подеднакво вкусно?

      Потребни состојки:

      • 250мл вода
      • 2 пакетчиња сув квасец
      • 500 гр. брашно
      • 3 лажички сол
      • 50 гр. шеќер
      • 100 гр. + 250 гр. путер

      Начин на подготовка:

      Најпрвин во водата ставете го квасецот. 

      Во друг сад ставете ги брашното, шеќерот и солта и добро промешајте. Додадете ја смесата со квасецот и водата и 100 гр. путер растопен на собна температура. 
      Месете додека не добиете убаво и меко тесто. 

      Оставете го да нарасне околу 2 часа. 

      Набрашнете ја работната површина и расукајте го тестото правоаголно долго околу 40-50 см. Превиткајте го како книга неколку пати и оставете да стаса во фрижидер преку ноќ. 

      Утредента расукајте го повторно , па потоа ставете го путерот на едниот крај и поклопете со тестото. Расукајте го тестото за да се распредели путерот низ целото тесто. (Оваа постапка треба да ви одземе околу 10 минути)

      Расукајте правоаголна кора долга 50 см и сечете триаголници. Свиткајте во кроасани и оставете ги на тавче за печење, па потоа премачкајте со јајце. Оставете да стасаат околу 2 ипол до 3 часа. 

      Печете 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 190 и печете уште 12 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. 

      Повеќе рецепти од кујната на  https://www.facebook.com/davor.pancevski.54?fref=ts" rel="nofollow - - Dave’s Kitchen.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 18.Мај.2016 во 08:02
      ОВИЕ КИФЛИЧКИ СЕ ХРАНА НА БОГОВИТЕ: НИВНИОТ МИРИС ХИПНОТИЗИРА, А ВКУСОТ ВЕ ЛАНСИРА ВО РАЈОТ

      Овие кифлички се прават многу лесно, така што тешко дека нема да се снајдете, дури и ако не сте премногу вешти со тестото.

      Сите коишто ги пробале велат дека не постои пекара којашто нуди подобри кифлички! Токму затоа, едноставно, мора да ги пробате!

      Потребни состојки:

       1 квасец
       1 мала лажичка шеќер
       1 мала лажичка сол
       1 прашок за пециво
       500 мл млеко
       250 гр масло или путер
       1 кг брашно

      Подготовка:

      Потопете го квасецот со млако млеко и шеќерот. Нека стои додека да не нарасне. Тогаш измешајте ги сите состојки и замесете тесто. Нека тестото отстои на топло додека да нарасне, а потоа премесете го и поделете го во неколку топчиња. Топчињата потоа развлечете ги и обликувајте кифлички по желба. Може да ги печете празни, но и да ги филувате со смеса од сирење и јајца како за пита, или пак да ги направите благи, со фил од џем и ореви или пак чоколаден крем. 


      Подредете ги во тавче претходно обложено со хартија за печење и почекајте додека да нараснат, односно двојно да го зголемат волуменот. Печете на температура од околу 180 степени Целзиусови, околу 25 минути.


      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 02.Јуни.2016 во 08:15

      ДОМАШНИ КИФЛИЧКИ СО СИРЕЊЕ И КУЛЕН

      11

      ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО:

      * 1/2кг брашно

      * 25гр свеж квасец или едно пакетче сув

      * малку сол

      * 1 јајце

      * 1 лажица шеќер

      *2,5дл млеко

      * 6 лажици масло

      ЗА ФИЛОТ:

      * моцарела сирење

      * 100гр кулен

      НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

      Замесете го тестото и оставете го да отстои. Расукајте го и направете две или три топчиња. Расукајте ги и исечете ги на 6 или 8 дела. Ставете едно парче кулен и едно парче моцарела, па повторно оставете ги да отстојат. Можете да ги премачкате со растопен путер, да ги зачините со сушен лук или малку бибер, по желба. Кифличките печете ги на 180 степени на хартија за печење 15-20 минути.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 25.Август.2016 во 17:43

      Dave’s Kitchen: Кифлички во форма на цвет


      Овие кифлички се супер декоративни и вкусни, па сигурно нема да погрешите доколку им ги подготвите на своите најмили.

      Потребни состојки:

      • 3 чаши брашно
      • 1 чаша млеко
      • 3 лажици шеќер
      • 3 лажици масло за јадење
      • прстофат сол
      • 1 ванилин шеќер
      • 1/2 свеж квасец (20 гр. свеж квасец, или 1 1/2 лажиче сув квасец)

      *чашата е од 200мл

      Начин на подготовка:

      Од сите состојки се замесува тесто. Се остава малку да одмори околу 20-30 минути додека нарасне. Се дели на 12 еднакви топчиња и од нив се расукуваат округли мали кори. Секоја кора се премачкува со малку мармалад (или доколку користите слатко од вишни или пак некое друго овошје, премачкајте го со течноста од слаткото).

      Од кората се формира топче така што мармаладот (течноста од слаткото) ќе биде во внатрешноста на топчето. Се притиска нежно на работната површина и се сече на 8 еднакви делови (оставајќи го центарот не пресечен така што сите краци ќе се држат на тој дел) и секој крак се врти така што филот ќе се гледа од секоја осмина.

      Се оставаат да стасаат околу 20-тина минути. Потоа ги премачкувате со јајце и ги печете на 170 степени околу 20-25 минути додека не добијат убава златна боја. 



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 07.Септември.2016 во 08:35

      Направете крофни кои ќе предизвикаат експлозија од вкусови


      Ако сте љубители на крофни, тогаш ќе го обожавате овој десерт. Се работи за крофни од орео колачи и чоколади, кои на сите ќе им се допаднат, бидејќи ќе предизвикаат експлозија од вкусови во устата. Едноставно ќе бидат вашето ново омилено благо.



      Потребни состојки:

      • 10 орео колачи или нивна замена
      • 90гр крем сир
      • 250гр брашно
      • 50гр шеќер
      • 1 ½ лажичка прашок за печивo
      • ½ лажичка сол
      • 120мл млеко
      • 50гр путер
      • 2 лажички масло
      • Темно чоколадо
      • 50гр бело чоколадо

      Начин на подготовка:

      Орео колачите ставете ги во пластична кеса и иситнете ги, така да добиете искршени бисквити. Половина ставете ги во подлабок сад, додадете крем сир и добро измешајте. 

      Во друга чинија ставете брашно, шеќер, прашок за печиво, сол, млеко, растопен путер, масло и добро измешајте. 

      Од тестото обликувајте топчиња, развлечете со прстите и во средината ставете малку од филот од крем сирот и колачите и во средина ставете коцка чоколадо. Повторно направете топчиња и ставете ги во врело масло.

      Кога ќе ги испржите крофните, прелијте ги со малку растопено бело чоколадо и посипете од останатите орео колачи.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 01.Октомври.2016 во 13:47

      Dave’s Kitchen: Вкусни домашни мекици


      Домашно приготвените мекици секогаш се добра идеја за појадок, но и за вечера.

      Не мора да имате принова во семејството за да ги засукате ракавите и да ги приготвите бидејќи се мошне едноставни за правење.

      Потребни состојки:

      • 1 кг брашно
      • 600 мл вода
      • 1 лажичка сол
      • 1 квасец
      • Масло за пржење

      Начин на подготовка: 

      Се меси многу меко тесто. Се остава да стаса околу еден час. Потоа рацете се премачкуваат со масло и од тестото се обликуваат мекици. Истите се пржат во врело масло.

      Можете да ги комбинирате со сирење, џем или пак некој друг додаток. 



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 16.Декември.2016 во 09:20

      Dave’s Kitchen: Вкусни Божиќни кифлички

      Уште еден супер вкусен рецепт што може да го подготвите за претстојните празници.

      Потребни состојки:
      • 300 гр. брашно
      • 230 гр. ладен путер исечкан на коцки
      • 50 гр. јогурт
      • 50 гр. шеќер
      • 1 жолчка
      • 1 кесичка ванилин шеќер

      Фил:
      • Мармалад од кајсии
      • 150гр исечкани лешници

      Шеќер во прав за декорација

      Начин на подготовка:

      Сите состојки со помош на миксер измешајте ги и оформете убаво меко тесто. Доколку тестото е премногу лепливо додадете уште 50грама брашно.

      Поделете го тестото на 4 дела и секое завиткајте го во хартија за свежа храна. Оставете во ладилник да се стегнат околу 2 часа.

      Секое од деловите тесто расукајте го убаво на набрашнета површина во округла кора. Потоа пресечете 12 делови, премачкајте со мармаладот и наросете од исечканите лешници.

      Свиткајте ги деловите во форма на кифлички и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Постапката повторете ја со сите делови од тестото. Оставете околу 10-15 минути во замрзнувач убаво да се стегнат и печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 18-20 минути. Декорирајте ги со шеќер во прав.

      Добар апетит и забавно готвење!

      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 25.Декември.2016 во 13:27

      http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/45671-brz-lesen-recept-za-mini-cokoladni-krofni-koi-se-pravat-vo-kalap" rel="nofollow -

      Мини крофни за сите оние кои го обожаваат вкусот на Орео колачите и едноставно не можат да го замислат денот без нешто благо.

      Mini-cokoladni-krofni-od-Oreo-kolaci-001.jpg

      Одличен начин за засладување во ладните зимски вечери, додека уживате и се релаксирате на топло.

      Еве што сè ви е потребно за нив:

      Потребни состојки:

      За крофните:

      • 2 јајца
      • 100 g Орео со чоколаден крем, плус 10g за посипување
      • 200 g брашно
      • 120 g ситен шеќер
      • 1 лажиче прашок за печиво
      • 240 ml јогурт
      • 60 ml растително масло
      • 120 ml обезмастено млеко
      • 1 лажичка екстракт од ванила
      • 50 g какао во прав

      За глазурате:

      • 1 лажица обезмастено млеко
      • 5 лажици шеќер во прав
      • 1/4 лажичка екстракт од ванила

      Подготовка:

      Загрејте ја рерната на 170°C.

      Издробете ги Орео колачите во блендер.

      Во поголем сад, додадете ги сите состојки за крофните и добро измешајте. Треба да добиете хомогена смеса без грутчиња.

      Во премачкан калап за печење нанесете ја смесата и печете 15 минути.

      Измешајте ги состојките за глазурата и секоја крофна потопете ја во глазурата, па наросете одозгора мелени Орео колачи.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 13.Јануари.2017 во 08:32

      http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/46296-desert-na-denot-krofni-od-koi-tece-cokolado" rel="nofollow -

      Churro крофни се познат шпански рецепт кој е навистина едноставен и лесен за подготовка.

      desert-na-denot-krofni-od-koi-tece-cokolado-001.jpg

      Овојпат тајната состојка е чоколадото кое се наоѓа во средината и кое ќе истече штом го гризнете првото залче.

      Ако сте љубители на благото, ова е рецепт кој дефинитивно треба да го испробате...

      Состојки

      • ¼ чаша путер, на коцки
      • 2 супени лажици кафеав шеќер
      • ½ лажичка сол
      • 1 чаша вода
      • 1 чаша брашно
      • 1 лажичка ванила
      • 3-4 јајца
      • 170 g чоколадо
      • Масло за пржење
      • Шеќер со цимет

      Начин на подготовка:

      Во тенџере на средна температура ставете го путерот, кафеавиот шеќер, солта и водата и оставете смесата да зоврие.

      Штом почне да врие, намалете ја малку температурата и додадете го брашното.

      Мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади најмалку 5 минути.

      Додадете го екстрактот од ванила и јајцата, но едно по едно, со постојано мешање.

      Ставете ја смесата во готварски шприц и обликувајте ги крофните.

      Врз секоја крофна наредете парчиња чоколадо и ставете уште еден слој од смесата.

      Вака подготвените крофни ставете ги во фрижидер, најмалку 3 часа или преку ноќ.

      Следниот ден испржете ги во врело масло додека не добијат златно кафеава боја.

      На крај, извалкајте ги во шеќер и цимет.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 24.Јануари.2017 во 09:56

      Еве како да подготвите брзи домашни панцероти


      Состојки:

       

      Состојки за фил:

       

      Начин на подготовка:

      Соединетете ги брашното, јогуртот, солта, прашокот за печиво и шеќерот.

      Замесете тесто, поделете го на 6-7 делови и направете топчиња. Прекријте ги и оставете ги да отстојат 30 минути.

      Изрендајте шунка и кашкавал, па измешајте.

      Секое топче растегнете го и на една половина ставете фил. Преклопете со другата половина и затворете со виљушка.

      Пржете на врело масло додека не поруменат.

      Ставете ги на салфети за да се исцеди вишокот масло.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 15.Септември.2017 во 17:04

      Davе’s Kitchen: Плетени кифлички



      Вкусни плетени кифлички кои се топат во устата.

      Потребни состојки:

      • 400 гр. брашно 
      • 170 мл млако млеко 
      • 2-1/2 лажички инстант квасец 
      • 60 гр. шеќер 
      • 2 јајца 
      • 60 гр. масло за јадење 
      • 1 лажиче сол

      За премачкување:

      • 1 жолчка 
      • 2 лажици млеко 
      • сусам 
      • путер по желба

      Начин на подготовка:

      Најпрво замесете тесто од сите сотојки и оставете да стаса околу 90 минути. 
      Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој од тие делови поделете го на половина. Направете две долгнавести ленти и ставете ги една врз друга во форма на крст. Повлечете ги краевите хоризонтално во обратен правец сè додека не се формира убава плетенка. 
      Оставете ги да стасаат околу 45 минути и премачкајте ги со изматена жолчка и 2 лажици млеко. 

      Одозгора нарусете сусам и печете на загреана рерна околу 25 минути или додека не добијат убава златно-кафена боја.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Ane.D
      Датум на внесување: 29.Јануари.2018 во 22:04
      ...


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 10.Мај.2018 во 19:39
      Биг боул крофни

      Биг боул крофни



      Состојки
      175мл млеко
      40гр путер
      400гр брашно
      1 пакетче сув квасец (7гр)
      50гр шеќер
      прстофат сол
      1 јајце
      1 жолчка
      1 лажица какао во прав
      Шеќерен прелив
      50гр шеќер во прав
      1-2 лажички сок од лимон (или вода)
      За полнење
      1 пудинг од ванила подготвен според упатсвото, или готов пудинг од ванила

      Млекото и путерот ставете да се загреат додека путерот се стопи. Оставете да се излади до млако.
      Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот, квасецот, солта, јацето и жолчката, додадете млекото со путерот и изматете ја смесата со миксер со маталките за тесто. Матете некои 4-5 минути па потоа префрлете го тестото на лесно набрашнета површина и со набрашнети раце продолжете со месење уште 5-6 минути. Тестото е лепливо ама такво треба да биде, не доставајте повеќе брашно. Доколку ви лепи на површината на која месите, помогнете си со шпатула за подобро да можете да го измесите.
      Поделете го тестото на два еднакви дела. Едниот дел, растегнете го малку со раце и во средина ставете го какаото. Преклопете од сите страни и замесете повторно. Ако ви е полесно, вратете го тестото во садот каде матевте и со миксерот изматете го. Двете теста ставете ги во посебни садови, затворете ги со стрч фолија и оставете ги на топло да стасаат (отприлика 1 1/2 час).
      Премесете ги, вратете повторно во садовите, покријте со стреч фолија и ставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 3 часа. Јас тестото го подготвувам од вечер и го оставам преку ноќ во фрижидер.
      Двете теста извлечете ги на набрашнета површина во кори со дебелина од 1 см. Темната кора ставете ја врз светлата и замотајте ролат. Ролатот развлечете го во кора со дебелина од 1см. Така ќе добите тесто во црно-бели слоеви. Со чаша вадете форми со големина од 8 см.
      Тестото што ќе ви остане од краевите, замесете го кратко и повторно сечете форми....сега веќе ќе добиете марморна мустра. Сечете повторно форми со чаша.
      Крофните редете ги на крпа, покријте ги и оставете да стасуваат.
      
      Пржете ги на умерена температура (кај мене на 4 од 9) од двете страни. Вадете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотија и оставете малку да подоладат. Внимателно со нож, отстранете им ја средината одозгора.
      Пудингот подгответе го според упатството, оставете да се излади. Кога ќе биде млак, изматете со миксер за да добиете мазна смеса и ставете во кеса за замрзнување на која ќе и го исечете врвот.
      Шеќерот во прав измешајте го со сокот од лимон (или водата) за да добиете хомогена смеса. Ставете во кесичка за замрзнување на која ќе и го отсечете врвот.
      
      Крофните напрскајте ги со шеќерниот прелив и полнете ги со пудинг.
      Одозгора можете по желба и да ги наросите со шеќер во прав.
      
      Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 10 крофни.
      
      Со овој рецепт ги заокружувам двете стотки на споделени рецепти на странава. Па и време беше после четири години, нели? :))))
      Некогаш ме имаше почесто, некогаш поретко...но редовно си ја следам странава, редовно ги следам сите споделени рецепти од членките. Со текот на времето, странава си стана и моја онлајн датотека на мои омилени рецепти, за кое сум и многу благодарна за нејзиното постоење.
      Ве поздравувам сите со надеж за долгогодишна дружба. :)




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 10.Мај.2018 во 19:41
      Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)

      https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B2-%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA" rel="nofollow - - Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)


      Состојки
      1 јајце
      150 гр свинска маст
      200 гр шеќер
      250 мл млеко
      1 пециво
      1 прашок за пудинг од ванила
      350 гр брашно
      За прелив
      200 гр шеќер во прав
      5 лажици црвено вино

      бакнежОва ми е еден од поубавите преливи со многу штосен вкус кој го научив од нашата Лилјана Илиева. Го користам и за колачи, а еве го искористив и во овие крофнички.
      Лиле знам дека многу сака тесто, па затоа рецептов и го посветувам нејзе, иако преедноставен за делициите (што би рекла Лиле) кои таа ги подготвува!
      Поздрав пријателке!
      
      Подготовка
      1. Го вклучуваме апаратот за крофни да се загрее.
      2. Во еден сад ставаме млеко, јајце, свинската маст и шеќерот. Матиме со миксер, кратко, колку да се соединат.
      3. Го ставаме прашокот за пудинг, пецивото, брашното и повторно матиме до соединување.
      4. Смесата ја ставаме во кеса, правиме отвор на ќошот и ги полниме калапите за крофни. Затвораме додека да се испечат.
      5. За преливот го загреваме виното и го ставаме шеќерот во прав, промешуваме и додека е топло секоја крофничка од едната страна само, набрзина ја потопуваме во слаткиот прелив. Оставаме да се исуши преливот.




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 10.Мај.2018 во 19:43
      Солени крофнички (во апарат за крофни)

      https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow - - Солени крофнички (во апарат за крофни)


      Состојки
      2 јајца
      1/2 лажичка сол
      100 мл. масло
      220 мл. јогурт
      10 лажици брашно
      1 пециво
      1/2 лажичка оригано
      1 лажичка шарена сол
      30 гр. пилешка салама (многу ситно рендана)
      околу 1 лажица бело сирење (ситно рендано)
      Дополнителни состојки на сликата
      1 јаболко
      ореви и лешници (количина по желба)

       Со миксер пенесто се матат јајцата и солта, се додава маслото и јогуртот.
      - Се додава брашното кое е просеано и измешано со пецивото, се мати со мала брзина на миксерот.
      - Потоа се ставаат сите останати состојки и убаво се мешаат да се добие смеса погуста од таа за палачинки.
      - Апаратот за крофни се пушта да се загрее, а за тоа време од смесата се става во шприц или пак во кеса за замрзнување на која и е отсечен врвот. Дупчињата на апаратот се намрсуваат со малку масло и внимателно се полнат со смесата.
      - Крофничките се печат 5-6 минути, а потоа се превруваат од другата страна 1 минута. Додека се печат се полни нова смеса.
      
      Забелешка
      Зависно од впивливоста на брашното се додава или одзема малку од него, важно е да се добие смеса погуста од смеса за палачинки.
      Саламата и сирењето се рендаат на најситна страна на рендето за да може убаво да оди низ шприцот или кесата.
      Одлични за именден, ужинка, мезе ...




      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 27.Јули.2018 во 22:16

      Dave’s Kitchen: Африкански крофни



      Се мислите што вкусно да подготвите и да ги израдувате блиските со нешто благо? 

      Подгответе ги овие невообичаени крофни кои денеска се хит во Африка. Всушност станува збор за тесто со путер кое е пржено во врел зејтин, исплетено во интересна форма. Крцкава кора од надвор, мека текстура од внатре и сето ова надополнето со прекрасна арома на путер.


      Потребни состојки:

      • 250 гр. брашно
      • 2 1/2 лажички сув квасец
      • 170 мл. млако млеко
      • 3 лажички шеќер
      • Прстофат сол
      • 3 лажици растопен путер
      • 1 јајце
      • Масло за пржење
      • Шеќер за превалкување

      Начин на подготовка: 

      Во длабок сад ставете го брашното, а во друг сад на страна ставете го млекото и квасецот. Промешајте и оставете 2 минути да одмори. Додадете ги шеќерот, јајцето и растопениот путер. Добро промешајте и додадете ја смесата во брашното. Додадете го и прстофатот сол и замесете меко тесто од сите овие состојки.

      Оставете да одмори околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој дел расукајте го во долга лента свиткајте го на половина и исплетете го парчето кон краевите. Оставете да одморат уште 20 минути пред да ги испржите. Пржете ги во загреано масло на средна температура. Пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна. Исцедете ги од вишокот маснотија на кујнска крпа и извалкајте ги во шеќер. По желба во обичниот шеќер додадете и 1 пакетче ванилин шеќер. Сервирајте додека се топли и по желба додадете чоколаден прелив. 

      Добар апетит и забавно готвење! 



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 16.Јули.2019 во 21:29

      Готвиме со Маја: Здрави крофни



      Кога ќе ја погледнам ќерка ми како да го гледам Могли. Ми личи на него затоа што поостојано сака да биде надвор да истражува да трча да си игра. Таа буквално не знае да седне. Освен понекогаш кога има „Пепа пиг“, но и тоа не е долго. По неколку повторувања на една епизода кај што Пепа јадеше крофни почна да ми бара да и ги направам. Не сакам да јаде крофни потонати во масло, прженици … затоа се обидував да најдам решение. Не ми успеа од прва затоа што не беа мнпгу воздушести и по многу обиди сватив дека нема да добијам здрава воздушеста крофна. Но сепак добив некоја алтернатива на здрави крофни .

      Потребни состојки:

      50мл. топла вода (не врела)

      150мл. млеко

      1 сув квасец (по можност био)

      2 м.лажички кафен шеќер

      2 мерилки (cup) брашно од спелта

      70гр. путер (маргарин,кокоосово масло) 

      кора од 1 портокал

      2 јајца 

      сол

      *ќе ви треба плус уште некоја лажица брашно 


      Јас тестото го спремам навечер за да кисне во фрижидер. Најпрво во водата ставете ги шеќерот и квасецот за да го активирате. Млекото стоплете го заедно со изренданата кора од портокал за да добиете убава арома и оставете го да се олади да не е врело. Потоа помешајте ги заедно јајцата и млекото. Во садот со квасецот ставете го брашното и промешајте. Додадете го млекото со јајцата и растопениот путер и мешајте со дрвена лажица да добиете хомогена смеса а потоа додадете уште малку брашно доколку тестото е лепливо. Треба да добиете меко тесто. Оставете го во фрижидер и следниот ден пред печење извадете го тестото. Измесете го и со сукало направете круг со дебелина од 1 цм. и вадете форми кружни или како амерички крофни со дупка во средина. Ставете ги на тава со хартија за печење и покријте ги со чиста крпа да нараснат дупло. 

      Вклучете ја рерната на 200 степени и откако убаво ќе се загрее и крофните ќе ннараснат печете ги 15тина мин. Зависно од вашата рерна.

      Украсете ги по желба. Јас ги потопував во растопено црно чоколадо 85% и додадов кикирики.



      За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 26.Април.2020 во 18:27

      Dave’s Kitchen: Принцес крофни со освежителен крем




      Традиционалните принцес крофни се подготвуваат со ванила слаткарски крем или пудинг. Dave’s Kitchen ни предлага една полесна и поосвежителна комбинација на вкусови – изматена шлаг пена со прекрасна арома на мед.


      Доколку не консумирате мед, може да додадете какао или пак едно растопено, но изладено чоколадо во изматената шлаг пена.

      Потребни состојки:

      За тестото:

      • 120 мл вода
      • 120 мл млеко
      • 120 гр путер
      • 2 пакетчиња ванилин шеќер
      • 2 лажици шеќер
      • 130 г брашно
      • 4 јајца

      За филот:

      • 3 кесички за шлаг
      • 375 мл млеко
      • 2-3 лажици мед
      • Свежи јагоди за декорација

      Начин на подготовка:

      Најпрво во помало тенџере на оган загрејте ги млекото, водата, путерот, ванилата и шеќерот. Кога смесата ќе започне да врие тргнете го тенџерето од оган и додајте го брашното. Мешајте со дрвена лажица додека не оформите топка од тесото. Со помош на миксер (или истата дрвена лажица) промешајте ја смесата за да се излади 1 минута.

      Потоа матејќи со миксерот или мешајќи со дрвената лажица додавајте ги јајцата, едно по едно матејќи добро помеѓу секое додавање. Потребно е да добиете мазна смеса. Префрлете ја смесата во готварски шприц или со помош на лажица оформете ги принцес крофните во тавче обложено со хартија за печење.

      Печете во веќе загреана рерна на 190 степени околу 10 минути, а потоа намалете ја рерната на 160 и печете уште 20-22 минути. Многу е важно да не ја отварате рерната додека се печат принцес крофните. Откако ќе ги извадите од рерна со помош на нож направете мал засечок така што пареата ќе излезе полесно од внатрешниот дел и додека се ладат нема да останат живи.

      Изматете ги кесичките шлаг со млекото и медот. Преполовете ги принцес крофните кога комплетно ќе се изладат и филувајте ги со готварски шприц. Декорирајте со шеќер во прав и свежи јагоди.



      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


      Постирано од: Valerija
      Датум на внесување: 04.Декември.2020 во 12:12

      Домашни крем кифли – „Меки како памук со неодолив вкус, децата ги обожаваат“


      Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!


      Домашни крем кифли

      Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!
      Вкупно време2 ч
      Оброк: Десерт
      Кујна: Француска
      Клучни зборови: крем бруле, кифлички, кифли, крем кифли, благи кифли
       
      Порции: 4

      Состојки

      • 300 гр брашно (+ уште малку за месењето)
      • 1 јајце
      • 80 мл пресно млеко
      • 65 гр кисело млеко
      • 30 гр омекната свинска маст
      • 1 супена лажица масло за готвење
      • 70 гр шеќер (+ уште малку за одозгора на крај)
      • 12 гр свеж квасец

      За кремот

      • 500 мл пресно млеко
      • 50 гр ванилино нишесте
      • 70 гр шеќер

      Начин на подготовка

      • Прво пригответе го ванилиниот крем, за да може да се излади и затегне, пред употреба. Загрејте 400 мл од млекото со шеќер, додека е готово за зоврие. Тогаш кренете го од оганот и додадете го нишестето, изматено во преостанатото млеко. Мешајте 5 минути и кремот ќе биде готов.
      • Задолжително покријте го садот со кремот со проѕирна фолија, со цел да ја спречите појавата на тврда кора на површината.

      За тестото

      • Растворете го квасецот во малку шеќер во лесно затоплено пресно млеко. Оставете го 10 минути да реагира. Изматете го јајцето со шеќер, притоа одделувајќи малку од жолчката за премачкувањето на крај.
      • Пресејте го брашното во садот и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го додадете квасецот, јајцето со шеќерот и киселото млеко. Додадете ја и маста и замесете го тестото. Ако е потребно, додадете уште брашно.
      • Обликувајте го тестото во кора со дијаметар од 34.5 цм. Исечете ја на триаголници и од истите свиткајте ги кифлите, истовремено пополнувајќи ги со крем. Подредете ги во премачкан сад за печење или покриен со хартија за печење и оставете ги да отстојат 1 час, со цел да го зголемат нивниот обем.
      • Премачкајте ги кифлите со смеса од изматена жолчка со вода и масло, нанесете на крај одозгора шеќер и поставете ги да се печат 20 минути во загреана рерна на 190°C до добивање златна боја.


      -------------
      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



      Испечати | Затвори го прозорот

      Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
      Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk