IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2015 во 12:45
Посни кокос кифлички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 грама шеќер

1 кесичка прашак за печиво

30 милилитри масло

1 кора од лимон

50 грама кокосово брашно

200 милилитри вода

500 грама брашно

Рендан кокос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од сите состојки замесете тесто, со тоа што ќе додадете вода онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто. Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички. Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.

Печете на 180 степени, околу 20-ина минути. Кога кифлите ќе заруменат извадете ги. Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер. Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2015 во 18:30

ВКУСНИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

8

Потребни состојки:

  • 4 шолји од 2dl брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажица сол
  • 2 лажици масло од сончоглед
  • 500ml млеко
  • 11g сув квасец

Подготовка:

Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg

Потоа лесно размесете, направете облик по желба – пирошки, лепче, кифли…

Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

Послужете со главно јадење, салати, сосови…

Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото:

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg

 

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg




Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:37

ЕКСТРА-БРЗИ СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ

Состојки:

1 белка од јајце

1 лажичка сол

125 гр сирење

50 мл млеко

50 мл масло

3 лажички прашок за пециво

250 гр брашно

За премачкување:

1 жолчка

Лажичка млеко

Сусам

Во длабок сад ги додаваме белките, солта, маслото и млекото, брашното измешано со прашок за пециво и од тоа замесуваме глатко тесто. Тестото се дели на два дела и се развлекува. Секој дел го сечеме на 8 тријаголници и ги виткаме во ролна. Ги премачкуваме со жолчка матена со млеко и ги поросуваме со сусам, а кифличките може да се полнат со сирење или салама.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:19

БРЗИ КРОФНИ - СО ЏЕМ

Состојки:

1/3 чаша (од 250 мл) брашно за торти и колачи

7 гр прашок за пециво

1/3 чаша шеќер

1/3 чаша млеко

7 лажици масло за јадење

1 јајце

1/2 кафена лажичка екстракт од ванила

12 лажички џем, по една за секоја крофна

1/2 чаша путер

1/2 чаша шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со вилушка се мати млекото, маслото, јајцата и ванилата. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и 1/3 чаша шеќер и добро измешајте. И не грижете се ако има грутки, смачкајте ги со вилушка или дрвена лажица. Не е потребно смесата премногу да се меша, бидејќи крофните ќе бидат тврди.

Исипете ја смесата во подмачкани калапи за мафини (12 калапи) – се полнат со смесата помалку од третина, па додадете по една лажичка џем. Додадете врз секој калап уште малку од смесата, додека не се наполни 2/3 од калапот.

Крофните се печат 20 минути додека не добијат златно кафена боја и не пораснат. Во меѓувреме стопете го путерот на пареа. Останатиот шеќер ставете го во посебен сад. Штом крофните ќе бидат готови, ги вадите од калапот, ги валкате прво во путерот, а потоа во шеќер. Се послужуваат топли.

krofne-brze2

 



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:16

КРОФНИ СО ЈАБОЛКА

Потребни состојки:

45 гр шеќер во прав за декорација

180 гр масло за јадење

0,5 кафена лажичка цимет

4 јаболка

1 чаша млеко

4 јајца

2 чаши брашно

Ги мешаме најпрво брашното и јајцата. Постепено го додаваме млекото, додека не добиеме смеса со густина на пире.

Ги чистиме и ги рендаме јаболката. Ги додаваме во смесата и мешаме. Го додаваме и циметот.

Од смесата правиме мали топчиња кои ги пржиме во заграно масло додека не добијат златно кафена боја.

Ги вадиме, при што најпрво ги поставуваме врз хартија за да се исцеди излишната маснотија, после што ги префрламе во чинија за сервирање и декорираме со шеќер во прав.




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:14

Меки како душа: Најдобриот рецепт за кифлички


Кога прв пат ќе ги пробате, нема да престанете да го месите ова тесто.

Потребни состојки:

  • 5 дл. топла вода
  • 70 гр. млеко во прав
  • 12 гр. сув квасец
  • 800-900 гр. брашно
  • 50 гр. шеќер
  • 1.5 лажичка сол
  • 80 гр. стопен путер
  • 1 јајце
  • 50 гр. стопен путер за премачкување

Подготовка:

1. Додадете 1,5 дл. млеко во прав во 5 дл. топла вода, стопете го путерот и дадете го во него. Брашното просејте го во сад, додадете квасец, шеќер, сол, јајце и топла вода со млеко и путер.

2. Замесете го мекото тесто, на крај додадете малку масло и обликувајте го во топчеста форма. Прекријте го садот и ставете го на топло за да нарасне, оставете го околу 50-60 минути, зависно од топлината на местото. Треба тестото да нарасне двојно од својата првична големина.

3. Кога тестото веќе добро нараснало, лесно премесете го на брашнеста површина. Развлечете го на 40x45 сантиметри, премачкајте го со стопениот путер и исечете го на правоаголна големина од 7x15 сантиметри.

4. Секој правоаголник малку растегнете го и замотајте го во ролна и ставете го во голема тепсија обложена со хартија за печење. Малку оттргнете ги едни од други бидејќи тие ќе нараснат.

5. Оставете ги некои 30-на минути на топло место. Додека кифлите се „одморааат“ загрејте ја рерната на 200 степени и печете дваесетина минути или додека не добијат румена боја.

6. Печените кифли извадете ги и премачкајте ги со топол стопен путер и оставете ги малку да се изладат.

Напомена: По желба, кифлите можете да ги правите и со фил, на пример сирење, месо, џем или еурокрем, како и врз нив да ставите сусам.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:51

ГЛАЗИРАНИ КРОФНИ


крофни со глазура

Одложете ја диетата до понеделник зошто нема да можете да им одолеете на овие фантастични крофни. Без разлика дали ќе ги направите со бела или црна глазура, сигурни сме дека страшно брзо ќе исчезнат од чинијата!




  1. 1.Ставете го квасецот да нарасне во топлата вода заедно со една лажичка шеќер и една лажжичка брашно и оставете го да нарасне. Млекото ставете го да зоврие, а потоа оставете го малку да се олади.
  2. 2.Во посебен сад измешајте го нараснатиот квасец, млекото, шеќерот, солта, јајцата, маста и една третина од брашното. Добро измешајте ги состојките со миксер.
  3. 3.Постепено додавајте го и преостанатото брашно со посотјано мешање додека не добиете убаво тесто, а откако добро ќе се измеша, оставете го да нарасне најмалку дупло (30-60 минути).
  4. 4.Откако тестото ќе нарасне, ставете го на набрашнета површина и расукајте го со сукало добро намачкано со брашно. Внимавајте, дебелината на расуканата кора треба да биде околу 12-13 милиметри (да биде подебела за да може тестото да расте).
  5. 5.Исечете кругчиња со поголема чаша чија ивица е набрашнета, а потоа исечете ја средината со мала чашка за ракија. Откако ќе ги исечете сите крофни, покријте ги со крпа и оставете да нараснат уште еднаш (30-40 минути).
  6. 6.Додека крофните растат можете да ја направите глазурата. Растопете го путерот и измешајте го со ванилата и шеќерот во прав. Мешајте со миксер додека смесата не се изедначи, а потоа додавајте млеко или вода додека не ја добиете саканата густина. (Ако сакате чоколадна глазура, во путерот разматете и 150-180 г растопено чоколадо).
  7. 7.Во подлабоко тавче или тенџере добро загрејте малку повеќе масло, а потоа испржете ги прво малите кругчиња од срединките, а после и самите крофни. Оставете ги добро да се исцедат на кујнска хартија, а потоа натопете ги во глазурата од едната или од двете страни, по желба. Пријатно!



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:40

Шупливи крофни



    1. 1.Се стасува квасецот со малку шеќер и брашно во топло млеко.
    2. 2.Во длабок сад се ставаат сите состојки освен брашното и убаво се мати со миксер.
    3. 3.Постепено се додава малку по малку од брашното и с`е додека е тоа можно се мати со миксер. Потоа се меси со рака с`е додека не се потроши брашното или додека не се добие меко топчесто тесто. Од тој момент се меси 15-тина минути.
    4. 4.Се остава да стаса додека не се дуплира волуменот, а потоа на побршнета подлога се размесува кора дебела околу 1 см. Со чаша се сечат кругови,па се оставаат да стасаат.
    5. 5.НАПОМЕНА: не бидете нестрпливи, оставете ги да стасаат,секоја минута исчекување се исплати бидејќи така стануваат уште пошупливи.
    6. 6.Во садот во кој ќе се пржат крофните ставете масло и оставете го да се загрее на умерена температура. Секоја крофна,лесно поминете ја со сукало,па страната која била горе додека стасувале превртете ја надолу за пржењето. Поклопете го садот со капак, кратко пржете ги, па превртете ги крофните.
    7. Шупливи крофни7.Оставете ги на хартиени кујнски салфети да се оладат, па по ваша желба полнете ги со шприц со мармалад, некој чоколаден или ванила крем или едноставно само посипете ги со кристал или шеќер во прав.
    8. Шупливи крофни8.НАПОМЕНА: препорачувам да ги пржите во сад со стаклен капак за да не дозволите да изгорат. Овие се навистина многу шупливи крофнии бргу се пржат, но лесно може да се сучи да изгорат.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:33

    Рецепт за највкусните крофни

    Состојки: 

    - 2 јајца
    - 1 коцка квасец
    - 1 чаша млеко
    - 1 кг брашно
    - 300-350 мл вода
    - ½ лажичка сол
    - 5 лажици шеќер
    - 200 г шеќер во прав
    - 100 мл масло за јадење

    Подготовка:


    За да постигнете најдобри резултати, почнете да ги правите крофните во топла просторија каде нема струење на воздухот. Имајте на ум дека колку што ви се потопли сите состојки толку тестото за крофни ќе биде подобро. 

    Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го млекото. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.

    Развлечете кора од тестото во дебелина од околу 1 см и со модла (или со чаша) обликувајте крофни. Оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.


    Готовите крофни послужете ги со шеќер во прав, а внатре со помош на шприц наполнете ги со мармалад по вкус или со чоколада.
     



    Изменето од Valerija - 10.Мај.2018 во 19:25
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:31
    Крофни


    Потребно:
    ● 2 јајца
    ● 1 коцка квасец
    ● 1 чаша јогурт
    ● 1 кг брашно
    ● 300-350 мл вода
    ● ½ лажичка сол
    ● 5 лажици шеќер
    ● 200 г шеќер во прав
    ● 100 мл масло за јадење
    Подготовка:
    ● Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го јогуртот. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.
    ● Развлечете кора од тестото во дебелина од околу 1 см и со модла (или со чаша) обликувајте крофни. Оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.
    ● Готовите крофни послужете ги со шеќер во прав, а внатре со помош на шприц наполнете ги со мармалад по вкус или со чоколадо.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 19:00

    СЛАТКИ МЕКИЦИ СО КИСЕЛО МЛЕКО

    Потребни намирници:

    125 гр кисело млеко

    80 гр путер

    50 гр шеќер

    30 гр суво грозје

    3 јајца

    400 гр брашно

    Прашок за пециво

    Цимет

    Масло за јадење

    50 гр шумско овошје

    Го мешаме путерот со шеќерот, киселото млеко и јајцата. Мешаме добро додека не добиеме хомогена смеса. Мешаме со миксер и бавно го додаваме брашното, циметот и сувото грозје. На крај се додава и прашокот за пециво. Во заграно масло ги пржиме. За декорација, на слаб оган загреваме мед со шумско овошје.



    Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:54
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:55

    ЕКСТРА-БРЗИ СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ

    Состојки:

    1 белка од јајце

    1 лажичка сол

    125 гр сирење

    50 мл млеко

    50 мл масло

    3 лажички прашок за пециво

    250 гр брашно

    За премачкување:

    1 жолчка

    Лажичка млеко

    Сусам

    Во длабок сад ги додаваме белките, солта, маслото и млекото, брашното измешано со прашок за пециво и од тоа замесуваме глатко тесто. Тестото се дели на два дела и се развлекува. Секој дел го сечеме на 8 тријаголници и ги виткаме во ролна. Ги премачкуваме со жолчка матена со млеко и ги поросуваме со сусам, а кифличките може да се полнат со сирење или салама.



    Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:15
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:51

    НАЈУБАВИТЕ КИФЛИ СО ЦИМЕТ

    Состојки:

    • 500 мл млеко
    • 150 гр маргарин
    • 12 гр сув квасец
    • 120 гр шеќер
    • 1 лажичка сол
    • 1 лажичка кардамон во прав
    • 850 гр брашно
    • 1 јајце

    За полнење:

    • 150 гр излупени бадеми
    • 150 гр шеќер
    • 100 гр маргарин
    • 8 лажички цимет
    • 4 лажици вода
    • шеќер за посипување

    Начин на подготовка:

    1.Топлете го млекото со маргаринот, шеќерот, квасецот, солта и кардамонот. Добро промешајте.

    2. Направете празнина во брашното и истурете ја загреаната смеса. Замесете го меко тесто. Оставете го да порасне пола саат.

    3. Во блендер смелете ги сите состојки за полнење.

    4. Со оклагија расукајте го тестото во форма на правоаголник. Половина од правоаголникот намачкајте го со смесата од цимет. Преклопете и притиснете го тестото. Исечете го на ленти.Секоја трака смотајте ја околу рацете и врзете ја во јазол. Оставете ги кифлите уште 20 минути да стасуваат.

    5. Кифлите премачкајте ги со јајца и посолете ги со шеќер. Печете ги 15 минути на температура од 220 степени.

    6. Кифлите скужете ги топли со кафе.

    Добар апетит!



    Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:26
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 13:13

    MЛЕЧНИ КИФЛИ СО ПУТЕР

    Состојки:

    40 g свеж квасец

    300 ml млеко

    600 g пченкарно брашно

    100 g путер

    100 g шеќер

    1 лажица сол

    1 јајце

    2 лажици ладно млеко и 1 жолчка за премачкување

    Подготовка

    Свежиот квасец да се прелие со малку млако млеко, да се посее една лажица шеќер и да се остави околу 10 минути. Путерот ќе се растопи во топлото млеко. Во сад додадете пченкарно брашно, преостанатиот шеќер, сол, подготвениот квасец и путерот со млеко. Месете меко, речиси свиленкасто тесто. Готовото тесто со лесни движења преместете го на работна површина, сечете го на триаголници и поделете го на топчиња, а потоа прекријте го и оставете го на топло да порасне. Потоа тегнете го тестото, исечете го и правете кифли.

    Кифлите наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење, премачкајте ја со ладно млеко со жолчката и печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени, околу 15 минути.



    Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:14
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,203 секунди.