IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
    Испратена: 04.Декември.2020 во 12:12

Домашни крем кифли – „Меки како памук со неодолив вкус, децата ги обожаваат“


Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!


Домашни крем кифли

Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!
Вкупно време2 ч
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: крем бруле, кифлички, кифли, крем кифли, благи кифли
 
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр брашно (+ уште малку за месењето)
  • 1 јајце
  • 80 мл пресно млеко
  • 65 гр кисело млеко
  • 30 гр омекната свинска маст
  • 1 супена лажица масло за готвење
  • 70 гр шеќер (+ уште малку за одозгора на крај)
  • 12 гр свеж квасец

За кремот

  • 500 мл пресно млеко
  • 50 гр ванилино нишесте
  • 70 гр шеќер

Начин на подготовка

  • Прво пригответе го ванилиниот крем, за да може да се излади и затегне, пред употреба. Загрејте 400 мл од млекото со шеќер, додека е готово за зоврие. Тогаш кренете го од оганот и додадете го нишестето, изматено во преостанатото млеко. Мешајте 5 минути и кремот ќе биде готов.
  • Задолжително покријте го садот со кремот со проѕирна фолија, со цел да ја спречите појавата на тврда кора на површината.

За тестото

  • Растворете го квасецот во малку шеќер во лесно затоплено пресно млеко. Оставете го 10 минути да реагира. Изматете го јајцето со шеќер, притоа одделувајќи малку од жолчката за премачкувањето на крај.
  • Пресејте го брашното во садот и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го додадете квасецот, јајцето со шеќерот и киселото млеко. Додадете ја и маста и замесете го тестото. Ако е потребно, додадете уште брашно.
  • Обликувајте го тестото во кора со дијаметар од 34.5 цм. Исечете ја на триаголници и од истите свиткајте ги кифлите, истовремено пополнувајќи ги со крем. Подредете ги во премачкан сад за печење или покриен со хартија за печење и оставете ги да отстојат 1 час, со цел да го зголемат нивниот обем.
  • Премачкајте ги кифлите со смеса од изматена жолчка со вода и масло, нанесете на крај одозгора шеќер и поставете ги да се печат 20 минути во загреана рерна на 190°C до добивање златна боја.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2020 во 18:27

Dave’s Kitchen: Принцес крофни со освежителен крем




Традиционалните принцес крофни се подготвуваат со ванила слаткарски крем или пудинг. Dave’s Kitchen ни предлага една полесна и поосвежителна комбинација на вкусови – изматена шлаг пена со прекрасна арома на мед.


Доколку не консумирате мед, може да додадете какао или пак едно растопено, но изладено чоколадо во изматената шлаг пена.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 120 мл вода
  • 120 мл млеко
  • 120 гр путер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици шеќер
  • 130 г брашно
  • 4 јајца

За филот:

  • 3 кесички за шлаг
  • 375 мл млеко
  • 2-3 лажици мед
  • Свежи јагоди за декорација

Начин на подготовка:

Најпрво во помало тенџере на оган загрејте ги млекото, водата, путерот, ванилата и шеќерот. Кога смесата ќе започне да врие тргнете го тенџерето од оган и додајте го брашното. Мешајте со дрвена лажица додека не оформите топка од тесото. Со помош на миксер (или истата дрвена лажица) промешајте ја смесата за да се излади 1 минута.

Потоа матејќи со миксерот или мешајќи со дрвената лажица додавајте ги јајцата, едно по едно матејќи добро помеѓу секое додавање. Потребно е да добиете мазна смеса. Префрлете ја смесата во готварски шприц или со помош на лажица оформете ги принцес крофните во тавче обложено со хартија за печење.

Печете во веќе загреана рерна на 190 степени околу 10 минути, а потоа намалете ја рерната на 160 и печете уште 20-22 минути. Многу е важно да не ја отварате рерната додека се печат принцес крофните. Откако ќе ги извадите од рерна со помош на нож направете мал засечок така што пареата ќе излезе полесно од внатрешниот дел и додека се ладат нема да останат живи.

Изматете ги кесичките шлаг со млекото и медот. Преполовете ги принцес крофните кога комплетно ќе се изладат и филувајте ги со готварски шприц. Декорирајте со шеќер во прав и свежи јагоди.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2019 во 21:29

Готвиме со Маја: Здрави крофни



Кога ќе ја погледнам ќерка ми како да го гледам Могли. Ми личи на него затоа што поостојано сака да биде надвор да истражува да трча да си игра. Таа буквално не знае да седне. Освен понекогаш кога има „Пепа пиг“, но и тоа не е долго. По неколку повторувања на една епизода кај што Пепа јадеше крофни почна да ми бара да и ги направам. Не сакам да јаде крофни потонати во масло, прженици … затоа се обидував да најдам решение. Не ми успеа од прва затоа што не беа мнпгу воздушести и по многу обиди сватив дека нема да добијам здрава воздушеста крофна. Но сепак добив некоја алтернатива на здрави крофни .

Потребни состојки:

50мл. топла вода (не врела)

150мл. млеко

1 сув квасец (по можност био)

2 м.лажички кафен шеќер

2 мерилки (cup) брашно од спелта

70гр. путер (маргарин,кокоосово масло) 

кора од 1 портокал

2 јајца 

сол

*ќе ви треба плус уште некоја лажица брашно 


Јас тестото го спремам навечер за да кисне во фрижидер. Најпрво во водата ставете ги шеќерот и квасецот за да го активирате. Млекото стоплете го заедно со изренданата кора од портокал за да добиете убава арома и оставете го да се олади да не е врело. Потоа помешајте ги заедно јајцата и млекото. Во садот со квасецот ставете го брашното и промешајте. Додадете го млекото со јајцата и растопениот путер и мешајте со дрвена лажица да добиете хомогена смеса а потоа додадете уште малку брашно доколку тестото е лепливо. Треба да добиете меко тесто. Оставете го во фрижидер и следниот ден пред печење извадете го тестото. Измесете го и со сукало направете круг со дебелина од 1 цм. и вадете форми кружни или како амерички крофни со дупка во средина. Ставете ги на тава со хартија за печење и покријте ги со чиста крпа да нараснат дупло. 

Вклучете ја рерната на 200 степени и откако убаво ќе се загрее и крофните ќе ннараснат печете ги 15тина мин. Зависно од вашата рерна.

Украсете ги по желба. Јас ги потопував во растопено црно чоколадо 85% и додадов кикирики.



За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ



Изменето од Valerija - 16.Јули.2019 во 21:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2018 во 22:16

Dave’s Kitchen: Африкански крофни



Се мислите што вкусно да подготвите и да ги израдувате блиските со нешто благо? 

Подгответе ги овие невообичаени крофни кои денеска се хит во Африка. Всушност станува збор за тесто со путер кое е пржено во врел зејтин, исплетено во интересна форма. Крцкава кора од надвор, мека текстура од внатре и сето ова надополнето со прекрасна арома на путер.


Потребни состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 2 1/2 лажички сув квасец
  • 170 мл. млако млеко
  • 3 лажички шеќер
  • Прстофат сол
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 јајце
  • Масло за пржење
  • Шеќер за превалкување

Начин на подготовка: 

Во длабок сад ставете го брашното, а во друг сад на страна ставете го млекото и квасецот. Промешајте и оставете 2 минути да одмори. Додадете ги шеќерот, јајцето и растопениот путер. Добро промешајте и додадете ја смесата во брашното. Додадете го и прстофатот сол и замесете меко тесто од сите овие состојки.

Оставете да одмори околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој дел расукајте го во долга лента свиткајте го на половина и исплетете го парчето кон краевите. Оставете да одморат уште 20 минути пред да ги испржите. Пржете ги во загреано масло на средна температура. Пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна. Исцедете ги од вишокот маснотија на кујнска крпа и извалкајте ги во шеќер. По желба во обичниот шеќер додадете и 1 пакетче ванилин шеќер. Сервирајте додека се топли и по желба додадете чоколаден прелив. 

Добар апетит и забавно готвење! 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2018 во 19:43
Солени крофнички (во апарат за крофни)

Солени крофнички (во апарат за крофни)


Состојки
2 јајца
1/2 лажичка сол
100 мл. масло
220 мл. јогурт
10 лажици брашно
1 пециво
1/2 лажичка оригано
1 лажичка шарена сол
30 гр. пилешка салама (многу ситно рендана)
околу 1 лажица бело сирење (ситно рендано)
Дополнителни состојки на сликата
1 јаболко
ореви и лешници (количина по желба)

 Со миксер пенесто се матат јајцата и солта, се додава маслото и јогуртот.
- Се додава брашното кое е просеано и измешано со пецивото, се мати со мала брзина на миксерот.
- Потоа се ставаат сите останати состојки и убаво се мешаат да се добие смеса погуста од таа за палачинки.
- Апаратот за крофни се пушта да се загрее, а за тоа време од смесата се става во шприц или пак во кеса за замрзнување на која и е отсечен врвот. Дупчињата на апаратот се намрсуваат со малку масло и внимателно се полнат со смесата.
- Крофничките се печат 5-6 минути, а потоа се превруваат од другата страна 1 минута. Додека се печат се полни нова смеса.

Забелешка
Зависно од впивливоста на брашното се додава или одзема малку од него, важно е да се добие смеса погуста од смеса за палачинки.
Саламата и сирењето се рендаат на најситна страна на рендето за да може убаво да оди низ шприцот или кесата.
Одлични за именден, ужинка, мезе ...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2018 во 19:41
Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)

Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)


Состојки
1 јајце
150 гр свинска маст
200 гр шеќер
250 мл млеко
1 пециво
1 прашок за пудинг од ванила
350 гр брашно
За прелив
200 гр шеќер во прав
5 лажици црвено вино

бакнежОва ми е еден од поубавите преливи со многу штосен вкус кој го научив од нашата Лилјана Илиева. Го користам и за колачи, а еве го искористив и во овие крофнички.
Лиле знам дека многу сака тесто, па затоа рецептов и го посветувам нејзе, иако преедноставен за делициите (што би рекла Лиле) кои таа ги подготвува!
Поздрав пријателке!

Подготовка
1. Го вклучуваме апаратот за крофни да се загрее.
2. Во еден сад ставаме млеко, јајце, свинската маст и шеќерот. Матиме со миксер, кратко, колку да се соединат.
3. Го ставаме прашокот за пудинг, пецивото, брашното и повторно матиме до соединување.
4. Смесата ја ставаме во кеса, правиме отвор на ќошот и ги полниме калапите за крофни. Затвораме додека да се испечат.
5. За преливот го загреваме виното и го ставаме шеќерот во прав, промешуваме и додека е топло секоја крофничка од едната страна само, набрзина ја потопуваме во слаткиот прелив. Оставаме да се исуши преливот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2018 во 19:39
Биг боул крофни

Биг боул крофни



Состојки
175мл млеко
40гр путер
400гр брашно
1 пакетче сув квасец (7гр)
50гр шеќер
прстофат сол
1 јајце
1 жолчка
1 лажица какао во прав
Шеќерен прелив
50гр шеќер во прав
1-2 лажички сок од лимон (или вода)
За полнење
1 пудинг од ванила подготвен според упатсвото, или готов пудинг од ванила

Млекото и путерот ставете да се загреат додека путерот се стопи. Оставете да се излади до млако.
Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот, квасецот, солта, јацето и жолчката, додадете млекото со путерот и изматете ја смесата со миксер со маталките за тесто. Матете некои 4-5 минути па потоа префрлете го тестото на лесно набрашнета површина и со набрашнети раце продолжете со месење уште 5-6 минути. Тестото е лепливо ама такво треба да биде, не доставајте повеќе брашно. Доколку ви лепи на површината на која месите, помогнете си со шпатула за подобро да можете да го измесите.
Поделете го тестото на два еднакви дела. Едниот дел, растегнете го малку со раце и во средина ставете го какаото. Преклопете од сите страни и замесете повторно. Ако ви е полесно, вратете го тестото во садот каде матевте и со миксерот изматете го. Двете теста ставете ги во посебни садови, затворете ги со стрч фолија и оставете ги на топло да стасаат (отприлика 1 1/2 час).
Премесете ги, вратете повторно во садовите, покријте со стреч фолија и ставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 3 часа. Јас тестото го подготвувам од вечер и го оставам преку ноќ во фрижидер.
Двете теста извлечете ги на набрашнета површина во кори со дебелина од 1 см. Темната кора ставете ја врз светлата и замотајте ролат. Ролатот развлечете го во кора со дебелина од 1см. Така ќе добите тесто во црно-бели слоеви. Со чаша вадете форми со големина од 8 см.
Тестото што ќе ви остане од краевите, замесете го кратко и повторно сечете форми....сега веќе ќе добиете марморна мустра. Сечете повторно форми со чаша.
Крофните редете ги на крпа, покријте ги и оставете да стасуваат.

Пржете ги на умерена температура (кај мене на 4 од 9) од двете страни. Вадете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотија и оставете малку да подоладат. Внимателно со нож, отстранете им ја средината одозгора.
Пудингот подгответе го според упатството, оставете да се излади. Кога ќе биде млак, изматете со миксер за да добиете мазна смеса и ставете во кеса за замрзнување на која ќе и го исечете врвот.
Шеќерот во прав измешајте го со сокот од лимон (или водата) за да добиете хомогена смеса. Ставете во кесичка за замрзнување на која ќе и го отсечете врвот.

Крофните напрскајте ги со шеќерниот прелив и полнете ги со пудинг.
Одозгора можете по желба и да ги наросите со шеќер во прав.

Од оваа количина на состојки мене ми излегоа 10 крофни.

Со овој рецепт ги заокружувам двете стотки на споделени рецепти на странава. Па и време беше после четири години, нели? :))))
Некогаш ме имаше почесто, некогаш поретко...но редовно си ја следам странава, редовно ги следам сите споделени рецепти од членките. Со текот на времето, странава си стана и моја онлајн датотека на мои омилени рецепти, за кое сум и многу благодарна за нејзиното постоење.
Ве поздравувам сите со надеж за долгогодишна дружба. :)


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ane.D Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Јануари.2018
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ane.D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2018 во 22:04
...

Изменето од Ane.D - 29.Јануари.2018 во 22:09
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2017 во 17:04

Davе’s Kitchen: Плетени кифлички



Вкусни плетени кифлички кои се топат во устата.

Потребни состојки:

  • 400 гр. брашно 
  • 170 мл млако млеко 
  • 2-1/2 лажички инстант квасец 
  • 60 гр. шеќер 
  • 2 јајца 
  • 60 гр. масло за јадење 
  • 1 лажиче сол

За премачкување:

  • 1 жолчка 
  • 2 лажици млеко 
  • сусам 
  • путер по желба

Начин на подготовка:

Најпрво замесете тесто од сите сотојки и оставете да стаса околу 90 минути. 
Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој од тие делови поделете го на половина. Направете две долгнавести ленти и ставете ги една врз друга во форма на крст. Повлечете ги краевите хоризонтално во обратен правец сè додека не се формира убава плетенка. 
Оставете ги да стасаат околу 45 минути и премачкајте ги со изматена жолчка и 2 лажици млеко. 

Одозгора нарусете сусам и печете на загреана рерна околу 25 минути или додека не добијат убава златно-кафена боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2017 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2017 во 08:32

Churro крофни се познат шпански рецепт кој е навистина едноставен и лесен за подготовка.

desert-na-denot-krofni-od-koi-tece-cokolado-001.jpg

Овојпат тајната состојка е чоколадото кое се наоѓа во средината и кое ќе истече штом го гризнете првото залче.

Ако сте љубители на благото, ова е рецепт кој дефинитивно треба да го испробате...

Состојки

  • ¼ чаша путер, на коцки
  • 2 супени лажици кафеав шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша брашно
  • 1 лажичка ванила
  • 3-4 јајца
  • 170 g чоколадо
  • Масло за пржење
  • Шеќер со цимет

Начин на подготовка:

Во тенџере на средна температура ставете го путерот, кафеавиот шеќер, солта и водата и оставете смесата да зоврие.

Штом почне да врие, намалете ја малку температурата и додадете го брашното.

Мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади најмалку 5 минути.

Додадете го екстрактот од ванила и јајцата, но едно по едно, со постојано мешање.

Ставете ја смесата во готварски шприц и обликувајте ги крофните.

Врз секоја крофна наредете парчиња чоколадо и ставете уште еден слој од смесата.

Вака подготвените крофни ставете ги во фрижидер, најмалку 3 часа или преку ноќ.

Следниот ден испржете ги во врело масло додека не добијат златно кафеава боја.

На крај, извалкајте ги во шеќер и цимет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2016 во 13:27

Мини крофни за сите оние кои го обожаваат вкусот на Орео колачите и едноставно не можат да го замислат денот без нешто благо.

Mini-cokoladni-krofni-od-Oreo-kolaci-001.jpg

Одличен начин за засладување во ладните зимски вечери, додека уживате и се релаксирате на топло.

Еве што сè ви е потребно за нив:

Потребни состојки:

За крофните:

  • 2 јајца
  • 100 g Орео со чоколаден крем, плус 10g за посипување
  • 200 g брашно
  • 120 g ситен шеќер
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 240 ml јогурт
  • 60 ml растително масло
  • 120 ml обезмастено млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50 g какао во прав

За глазурате:

  • 1 лажица обезмастено млеко
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170°C.

Издробете ги Орео колачите во блендер.

Во поголем сад, додадете ги сите состојки за крофните и добро измешајте. Треба да добиете хомогена смеса без грутчиња.

Во премачкан калап за печење нанесете ја смесата и печете 15 минути.

Измешајте ги состојките за глазурата и секоја крофна потопете ја во глазурата, па наросете одозгора мелени Орео колачи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2016 во 09:20

Dave’s Kitchen: Вкусни Божиќни кифлички

Уште еден супер вкусен рецепт што може да го подготвите за претстојните празници.

Потребни состојки:
• 300 гр. брашно
• 230 гр. ладен путер исечкан на коцки
• 50 гр. јогурт
• 50 гр. шеќер
• 1 жолчка
• 1 кесичка ванилин шеќер

Фил:
• Мармалад од кајсии
• 150гр исечкани лешници

Шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

Сите состојки со помош на миксер измешајте ги и оформете убаво меко тесто. Доколку тестото е премногу лепливо додадете уште 50грама брашно.

Поделете го тестото на 4 дела и секое завиткајте го во хартија за свежа храна. Оставете во ладилник да се стегнат околу 2 часа.

Секое од деловите тесто расукајте го убаво на набрашнета површина во округла кора. Потоа пресечете 12 делови, премачкајте со мармаладот и наросете од исечканите лешници.

Свиткајте ги деловите во форма на кифлички и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Постапката повторете ја со сите делови од тестото. Оставете околу 10-15 минути во замрзнувач убаво да се стегнат и печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 18-20 минути. Декорирајте ги со шеќер во прав.

Добар апетит и забавно готвење!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2016 во 13:47

Dave’s Kitchen: Вкусни домашни мекици


Домашно приготвените мекици секогаш се добра идеја за појадок, но и за вечера.

Не мора да имате принова во семејството за да ги засукате ракавите и да ги приготвите бидејќи се мошне едноставни за правење.

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 600 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 квасец
  • Масло за пржење

Начин на подготовка: 

Се меси многу меко тесто. Се остава да стаса околу еден час. Потоа рацете се премачкуваат со масло и од тестото се обликуваат мекици. Истите се пржат во врело масло.

Можете да ги комбинирате со сирење, џем или пак некој друг додаток. 



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.