IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пирошки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пирошки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пирошки
    Испратена: 08.Април.2015 во 16:36
Барав низ форумов ама не наоѓам ваква тема..

Ако има бришете ја !!! големо гушкање
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 16:51
Сакам да готвам ептен ама сеуште не можам да готвам комплицирани јадења (кога велам комплицирани баш за пирошкиве - не можам да чекам да киснат, или недокиснати ќе бидат или прекиснати) па затоа ќе споделам рецепт за сите оние кои живеат сами/со цимери (а не цимерки) или не им е мама до нив. голема насмевка

ПИРОШКИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

- 3 јајца
- 450 гр брашно (за тие што немаат вага како мене 3 чаши неполни до горе/ една                                                  чаша стаклена = 160 гр)
- 600 гр изварка (гледајте да биде солена оти ако не е солена нема да има никаков вкус)
- 1 прашак за пециво
- 3 лажички сол
- масло за пржење

Брашното се сее (јас немам сеилка и не го сеам) во сад, се додава пецивото и солта и се меша. Се прави една дупка на средина и се додаваат јајцата и изварката. Почнувате да мешате со рака (со лажица лепи) се додека се добие една хомогена смеса и сето тоа се префрла на маса работна, набрашнета и се меси тестото се додека престане да се лепи за рацете.  Тоа сето се сучи (ако немате сукало како мене, јас користам стаклено шише од вода, се разбира измиено предходно убаво) и се сучи кора дебела околку пола сантиметар. Е сега имате две варијанти:
  1.  Сечете правоаголници и на средина ставате полнеж
  2. Сечете кокци или други форми
Се пржат во загреано масло додека не станат светло кафени (внимание брзо се пржат ако е добро загреано маслото 40 сек максимум).

Ете тоа е мојот рецепт, ни киснење ни многу продукти.

Сервирајте со јогурт, сирење или мајонез со кисели краставички !!


П.С. За полнежот: изварка или меко сирење измешано со копар, еден мој предлог голема насмевка
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:25

Пирошки со чаден свински пафлак и кашкавал

Пирошки со чаден свински пафлак и кашкавал



Состојки

10 мали палачинки
10 мали лажички павлака
50-100 грама кашкавал
50-100 грама чаден свински пафлак
2 јајца
50 грама презла

Направете си ги палачинките по ваш рецепт.
Секоја палачинка ја филуваме со една лажичка павлака, а може и кечап и од ситно сецканиот кашкавал и пафлак и ја мотаме.
Палачинките ги валкаме прво во јајцата, потоа во презлата и ги пржиме во поголема количина на масло.
Се служат топли со вашиот омилен сос. =)




Изменето од Valerija - 08.Април.2015 во 17:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:31
ПИРОШКИ СО ГОТОВИ КОРИ

-500 г.кори
-3 јајца
-250 г. рендана шунка
-една грутка сирење рендано
-шампињони
-1/2 л. минерална вода

Јајцата се мешаат со сирењето,шунката и шампињоните.
Се редат по три кори една врз друга.Првите две се попрскуваат со зејтин,а третата не.На третата кора најдоле се става зајрето и се мотаат како за баклава.Така замотано се реди во тавче за печење.Постапката се повторува додека не се потрошат и корите и зајрето.Потоа замотаните ролни од кори се сечат на четвртинки и се попрскуваат со минералната вода ,убаво да се надојат и да отстојат половина час.
Потоа,во мало подлабоко тавче за пржење (може и во фритеза или тенџерче), во поголема количина зејтин се пуштаат една по една.Готови се штом ќе се вцрват.Се вадат и се цедат на книжна салфета.
BON APETIT
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:32
Италијански пирошки 

Потребни сосотојки
  • ½ коцка квасец
  • 1 децилитар млако млеко
  • Лажица шеќер
  • ½ децилитри масло
  • 1 килограм наменско брашно
  • 1 јајце
  • 30 грама сол
  • 3 децилитри кисела вода
Фил
  • 200 грама шунка 200 g
  • 400 грама кисела павлака
  • 400 грама кашкавал
  • 200 грама бело старо сирење
  • 200 грама кечап
  • Сенф
  • Оригано или босилек
Подготовка: 
Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен.
Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап. 
Печете на 200 степени околу 15 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:37
ПИРОШКИ ОД КОМПИРИ

Состојки:
Тесто:
500 гр. брашно
200 мл. млако млеко
7 гр. сув квасец
300 гр. варени компири
2 жолчки
1 лажичка сол
3 лажици масло
Подготовка:

Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат. Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.

На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко. 

[​IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:40

Печени пирошки


Состојки

500 г готови кори

35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња)

500 г кашкавал (исечкан на ленти)

малку кисела вода

малку презла (за похување)

2 јајца (за похување)

малку сол (за похување)

Подготовка

 Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.

 На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.

 Свиткајте ги страничните делови на кората.

 Свиткајте ја кората во форма на ролат.

 Постапката повторете ја со сите кори.

 Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).

 Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.

 Вака подготвените пирошки може:
– да ги замрзнете;
– да ги испржите во загреано масло или;
– да ги испечете;

Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.



Изменето од Valerija - 08.Април.2015 во 17:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:29
Originally posted by Omar Omar напиша:

Сакам да готвам ептен ама сеуште не можам да готвам комплицирани јадења (кога велам комплицирани баш за пирошкиве - не можам да чекам да киснат, или недокиснати ќе бидат или прекиснати) па затоа ќе споделам рецепт за сите оние кои живеат сами/со цимери (а не цимерки) или не им е мама до нив. голема насмевка

Аааа чекај, сакаш да кажеш дека и изварката иде внатре?
Па ќе направам неред за век и вековиголема насмевка

Кога ме мрзи да го чекам тестото да стаса (а ретко ме мрзи, затоа што секогаш некоја друга глупост почнувам да правам во кујнаплазење) го правам следново..

1-2 јајца (зависи од буџетот хаха)
1 чаша јогурт
малку сол
1 пециво
рендам малку салама* за шмек (така викаат моиве, за мирис и вкус била, не за да те најадеплазење)
И брашно колку што ќе ми посака тестото (не мерам**, жалам)

И си месиш тесто, го расукуваш со што и да ти дојде при рака, сечеш правоаголници, коцки, кругови, ма што сакаш. Ги полниш (пак со што сакаш хаха) и што и да си исекол го превиткуваш на пола (поклопуваш)
Ги оставаш на страна додека не ги направиш сите (а не се многу, верувај)
И таман се одмориле малку, правец во врел зејтин и во стомак.


*саламата кога е изрендана колку една рака да е најмногу, да не претеруваме голема насмевка
** а ова другово, старите викаа дека правата домаќинка, од око погодувала. Па еве една будала што ги послушала старитеголема насмевка

П.С... не знам колку милилитри е чашата, некои си 200 веројатно. Колку и да е, веројатно дупло брашно ќе ти побара. Затоа нема мерка, ама околу 400-500 грама оди секакоголема насмевкаголема насмевка


Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:31
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:41
Да, да се оди во тестото!!

Денес направив повторно, си ветив да испаднат поуспешни и испаднаа !!
И тартар сос !! И одкако се беше готово мене не ми се јадеше !! голема насмевка

Да не сум оффтопик, ако се држите да имате витко тело плазење тогаж обавезно варен компир во тестото, тогаж впива помалку масти или во рерна наместо во масло пржење !!голема насмевка


Изменето од Omar - 08.Април.2015 во 21:44
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:45
И тоа ќе треба да го испробам, ама ако направам неред ќе треба некој да дојде да чисти. И да јаде хахаплазење

Иначе, имам некаде рецепт за пирошки со компири. 
Ама бегај бе, јас правам неред кога треба да ставам толку комлицирани состојки хахаха
Затоа си ги правам овие простичките..
А пирошка без тартар е како жена без...знаеш штоплазење


Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:46
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:55
Еве јас ти кажувам не сум којзнае што готвач и не се прави воопшто неред !!
ОН ТОПИК: дај рецепт за тартар


Изменето од Omar - 08.Април.2015 во 21:55
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:37

НАЈВКУСНИТЕ ПИРОШКИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 децилитри масло

ЗА ФИЛОТ:

200мл павлака

200гр шунка

ЗА ТЕСТОТО:

0.50кг брашно

200мл млеко

1 лажица сол

7гр сув квасец

2 жолчки

300гр компири

3 лажици масло

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО

Излупете го компирот и ставете го да се вари. откако ќе се свари, исцедете ја водата и испасирајте го.

 

Во брашното додадете едно лажиче сол и сувиот квасец и добро измешајте.

Одвоете ги жолчките од белките, па додадете ги жолчките во садот со брашно.

Додадете го маслото, пасираниот компир и млекото.

Замесете тесто, обликувајте го во полутопка, покриете го со чиста крпа и оставете го да стои на топло место околу45 минути.

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ

Исечете ја шунката на ситни коцки, додадете ја во садот во кој предходно сте ја изматиле павлаката и добро измешајте.

ПОДГОТОВКА НА ПИРОШКИТЕ

Ставете малку брашно на работната површина и премесете го тестото.

Направете кора со дебелина околу 8 милиметри и исечете ја на правоаголници со големина 12×8 сантиметри.

Ставете му фил на тестото по должина и завиткајте го во ролна.

Внимавајте добро да ги залепите ивиците на пирошката за да не се распадне.

Загреете го маслото и пржете ги пирошките 10 минути да добијат убава златна боја. Одвреме навреме превртувајте ги за да се испржат рамномерно од сите страни.

 



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:43

ПЕЧЕНИ ПИРОШКИ


Состојки

Подготовка

  1. Пресечени кори на пола Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.
  2. Кашкавал и салама На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.
  3. Свиткување на страничните делови на кората Свиткајте ги страничните делови на кората.
  4. Ролување на пирошката Свиткајте ја кората во форма на ролат.
  5. Подготвени сите пирошки Постапката повторете ја со сите кори.
  6. Додавање на кисела вода Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).
  7. Похување на пирошките Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.
  8. Спремни за печење / пржење Вака подготвените пирошки може:
    – да ги замрзнете;
    – да ги испржите во загреано масло или;
    – да ги испечете;
  9. Печени пирошки Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 18:51

ВКУСНИ КРЦКАВИ ПИРОШКИ ЗА 15 МИНУТИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*4 чаши (од 2 дцл) брашно (понекогаш и малку повеќе, зависи од типот на брашното)

*2 лажици шеќер

*1/5 лажиче сол

*2 лажици сончогледово масло – 500мл млеко (може да се загрее, а и не мора. Резултатот е ист)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прв чекор

Сите состојки измешајте ги до хомогена смеса.

Добиената смеса ставете ја во најлонска кеса и оставете ја во фрижидер 2 часа. Тоа е тоа!

Втор чекор

По двца часа извадете го тестото од фрижидер, валкајте го во брашно и правете пирошки со фил по желба.

Пирошките можете да ги пржите на оган во врело масло, а можете и да ги печете во рерна во добро подмачкана тава.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.