IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Најдобра мајка на светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најдобра мајка на светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Најдобра мајка на светот
    Испратена: 07.Април.2015 во 09:35
Темата ја отварам со цел грижа за детето.Поучни колумни,коментари,дискусии,слики се со цел детето да е згрижено,здраво,среќно,воспитано,исполнето со самодоверба итн..
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 09:50


Местото каде што живееме треба на детето да му даде чувство на удобност и среќа и тоа треба да ни биде цел во изборот што се однесува до местото на живеење.Да се посвети внимание што на детето му се допаѓа,да се направи амбиент полн со разбирање и взаемно почитување.Така детето ќе се чувствува добро и ке покаже  соработка.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 09:52
без да навлегувам во најдоброто..

да се дава себе и има храброст, да ослободи од себе и од очекувања

таква и пријателка и се останато, етикета не битна!



децата само доаѓаат преку нас

не ни припаѓаат нам





Изменето од outlook123 - 07.Април.2015 во 10:01
едно е - не се две
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 10:07
Има родители кои своите потреби,интереси ги ставаат пред потребите и интересите на детето.Јас не сум од тие,ниту пак го оправдувам тоа .Ништо што не се вклопува со доброто на моето дете нема простор во мојот живот.
После долговремено рамислување мислам дека родителот и детето треба да се на една иста скала каде што треба взаемно да се направат среќни.
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 10:16
Originally posted by outlook123 outlook123 напиша:

без да навлегувам во најдоброто..

да се дава себе и има храброст, да ослободи од себе и од очекувања

таква и пријателка и се останато, етикета не битна!



децата само доаѓаат преку нас

не ни припаѓаат нам




Мало дете не може само да се згрижи.Грижата треба да му ја даде родителот.Нашата грижа и одлуки влијаат на нив.
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 10:25
Етикетата треба да стои,ситни безначајни грешки сите правиме,но не треба да се направат големи грешки.
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 11:04

8 најчести грешки на родителите при воспитувањето на децата


Растењето и воспитувањето на децата е една од најубавите, но истовремено и една од најтешките задачи на светот. Неретко родителите се чувствуваат неподготвени за таа важна задача, бидејќи се плашат од грешки.

Мајка воспитува ќерка

Еве дел од најчестите грешки кои ги прават родителите при воспитувањето на своите деца:

  1. „Период е, ќе мине“. Има родители кои избегнуваат да се справат со лошите навики на своето дете со изговорот „Период е, ќе мине“. Пример: детето започнува да користи вулгарни зборови, а родителите сметаат дека проблемот ќе се реши сам од себе со тек на време; детето ги каса сите што се во негова близина, а родителите повторно се тешат со: „Фаза е. Кога-тогаш ќе заврши“.

    Кога детето ќе увиди дека не се обидувате да искорените некоја негова навика, тоа автоматски ќе ја прими како дел од нормалното и прифатливо однесување, кое подоцна тешко ќе можете да го промените. Затоа, започнете да го елиминирате лошото однесување уште кога тоа ќе започне. Колку повеќе чекате, толку повеќе си ја отежнувате работата.

  2. Губење на контролата, викање. Секојдневните лудории на вашето дете можат буквално да ве полудат и целосно да заборавите на контролата. На пример, се обидувате да зборувате на телефон, а тоа не престанува со својата луда гласна забава низ домот, или пак, до пред пет минути му држевте лекција дека не треба да крева рака на своите другарчиња, а тоа повторно се служи со физички удари. Не е тешко вашето дете да ви се „качи“ на глава со неговото однесување и да му се развикате полни со бес. На крајот на краиштата, никој не е совршен.

    Но, пред да избувнете како вулкан, треба да се потсетите дека децата се посклони да ве слушаат и да ги прифаќаат вашите правила за однесување кога им зборувате смирено. Избројте до три, вдишете и издишете длабоко, и без оглед на тоа со каква ситуација се соочувате, пријдете му на вашето дете сталожено и прибрано.

  3. Празни зборови без дела. Да речеме дека вашето дете не сака да стане да пишувадомашно затоа што не може да се раздели со компјутерот. Вие, како добар родител започнувате: „Стани да пишуваш домашно... Ќе дојдам ќе го исклучам компјутерот... Стани затоа што нема да го видиш компјутерот цел месец“. Но, и покрај таквите зборови, не се осмелувате да го притиснете копчето за гасење на компјутерот.

    Ова ќе се случи еднаш, двапати, трипати и откако вашето дете ќе сфати дека ако ги игнорира вашите „закани“ и ултиматуми, нема да сноси никакви последици, тоа ќе продолжи да си тера по свое. Ако веќе поставувате правило „Нема компјутер додека не напишеш домашно“, исклучете го компјутерот и докажете му дека вашите зборови не се кажани напразно. Поставувајте правила, но и преземајте мерки кога се прекршуваат.

  4. Поткупување наместо наградување. Секој родител како адут користи „поткупување“ и ако тоа се прави со мерка, не е грешка. Но, доколку се користи секојдневно и за сè што родителот сака да постигне кај детето, тогаш започнува да станува голема грешка во воспитувањето. Подобрата опција е користењето на награди.

    Поточно, многу полошо е да му речете на вашето дете „Ако добиеш петка, ќе те носам на честење“ отколку да го изненадите со честење или подарок откако ќе добие петка. Првото е поткупување, а второто награда.

  5. Користење на воспитна шлаканица. Експертите велат дека повеќето родители немаат ништо против да ја искористат шлаканицата како воспитна мерка. Иако таквиот удар може да има брз ефект затоа што веднаш ќе го сопре лошото однесување, тој може да остави долготрајни последици врз емотивната состојба и однесувањето на детето.

    Како добар родител вие треба да знаете како да го воспитувате и учите своето дете без да користите сила.

  6. Непостојаност. Еден ден го карате вашето дете затоа што употребува „лоши“ зборови, а веќе следниот ден во иста таква ситуација решавате само да се насмевнете затоа што сте во јавност или затоа што имате гости, па не сакате пред нив да правите сцена.

    Еден од најважните предуслови за успешно воспитување е постојаноста. Вашата реакција, како и последиците од лошото однесување, треба да се секогаш исти за вашето дете да ја научи лекцијата. Во спротивно, само ќе го збуните детето.

  7. Презаштитничко однесување. Децата, како и возрасните, учат од своите грешки. Не можете да го заштитите вашето дете од сè, а дури и да успеете, може да направите тоа да стане премногу зависно од вас.

    Учете го што е добро, а што лошо. Сепак, во истото време поттикнувајте го само да истражува и да учи, бидејќи нема цел живот да биде вашето малечко. Децата треба да научат да се вклопат во реалниот свет.

  8. Премногу или премалку пофалби. Нормално е да го фалите вашето дете кога ќе се однесува убаво или кога ќе постигне нешто. Но, претерано честите комплименти можат да имаат негативен ефект. Ако цело време му повторувате „Ти си најубава“„Ти си толку многу паметен“ и за сè што прави му велите „Браво!“, тоа ќе стане самоуверено, но постои ризик да стане претерано самоуверено и егоцентрично, а дури и да започне да ги потценува другите.

    Од друга страна, ако заборавате да го пофалите за доброто однесување или ако несвесно ги игнорирате неговите постигнувањата, може да го обесхрабрите и да му ја намалите мотивацијата. Во овој случај, најдобро е да ја пронајдете златната средина.

Воспитувањето на децата е како игра шах – потребно е да мислите на добрите страни и ризиците што ги носи секој ваш потег и да мислите неколку потези предвреме за на крајот успешно да ја завршите играта.

Многу е важно да го анализирате однесувањето на вашето дете. Кога тоа не соодветствува со она што сметате дека е правилно, тогаш е време да си го поставите прашањето: „Каде грешам?“.

Грешките при воспитувањето не се знак за лош родител. Вистината е дека нема безгрешни родители. Добрите и грижливи родители се познаваат по тоа што учат од своите грешки.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 11:17

Зошто да ја заборавите воспитната шлаканица


Повеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока.

Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи.

Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака.

Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.

  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство. 
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри. 
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.

Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 11:33

Зошто вашето дете каса и како да го одвикнете?


Сигурно на сите ви се случило да видите мало дете како го каса своето другарче или пак можеби вие сте биле „лошото“ дете што ги касало другарчињата. Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Но, тоа не значи дека треба да биде игнорирано. Колку побрзо реагирате, толку помалку ќе треба да се соочувате со непријатни ситуации дома или во градинка.

Искоренувањето на ваквата навика кај децата не е лесно. Првиот чекор е познавањето на причините кои го поттикнуваат вашето дете да каса.

ЗОШТО ДЕЦАТА КАСААТ?

Неможноста да се искаже правилно и желбата за независност и имање контрола над другите се само дел од причините коишто можат да поттикнат едно дете да ги изрази своите фрустрации преку касањето. Најчести причини за појавата на вакво однесување се:

  • Љубопитност. Бебињата и децата го запознаваат околниот свет преку своите сетила. Честопати кога ќе му дадете играчка на мало дете, тоа ќе ја стави прво в уста. Тоа е нивниот начин на учење. Децата сакаат да ги проучуваат и реакциите кои настапуваат откако тие ќе направат нешто. Пример: ја фрлаат играчката за да видат што ќе се случи и откриваат дека паѓа. Тропаат силно по масата за да откријат дека се создава силен звук. Исто така, понекогаш касаат за да дознаат каква ќе биде реакцијата.
  • Привлекување на внимание. Кога едно дете е игнорирано и не добива доволно внимание, тоа бара начин како другите да го забележат. Касањето е брз начин кој ќе го постави во центарот на вниманието, без разлика што тоа ќе биде на негативен начин.
  • Фрустрација. Многу често малите деца се фрустрираат затоа што не можат да се изразат правилно. Обидувајќи се да побара дадена играчка, ако детето не успее да најде начин да го направи тоа вербално, тогаш ќе употреби други методи како касање, тргање за косата или удирање. Неможноста да го изрази чувството на лутина на друг начин може да го поттикне детето да биде агресивно.
  • Заштита. Касањето за некои деца е заштитен механизам за самоодбрана. Кога едно дете се чувствува застрашено од друго или насетува некаква опасност, може да започне да се брани преку касањето.
  • Стрес. Стресот не е проблем кој се појавува само кај возрасните. Големите промени во животот на детето како преселување, доаѓање на нов член во семејството, губење на член од семејството и сл., можат да создадат голем стрес кај него. Во таква ситуација, преку касањето детето ги искажува своите чувства и ја намалува напнатоста што ја чувствува.
  • Имитирање. Честопати возрасните во процесот на игра го каснуваат своето дете за прстињата на нозете или за газето. Но, тоа може да му даде погрешна порака на детето. Кога е мало, детето не може да прави разлика помеѓу касање во игра и силно касање. Исто така, едно дете може да започне со оваа лоша навика ако некое од неговите другарчиња го прави истото.

КАКО ДА ГО ОДВИКНЕТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ОД КАСАЊЕТО?

Многу важно е да дознаете и да разберете зошто вашето дете каса, но исто толку важно е да го сопрете таквото однесување. Еве неколку предлози:

  1. Набљудувајте за да дознаете кога најчесто се случува. Касањето е проблем кој бара му да посветите повеќе од вашето време. Набљудувајте го вашето дете додека си игра со другарчињата и откријте која е причината што го поттикнува да се однесува непристојно.
  2. Бидете еден чекор пред него. Кога веќе ја знаете причината, лесно ќе можете да го испреварите и да го спречите касањето уште пред да се случило. Ако знаете дека вашето дете каса кога сака да побара играчка, пред да го направи тоа тргнете го настрана и објаснете му како да ја побара вербално.
  3. Останете смирени и разделете ги децата на безбедно растојание. Ако не сте успеале да го спречите касањето, потребно да се соочите директно со проблемот. Прво треба да ги раздвоите децата за да бидат на растојание коешто ќе ги спречи да остварат физички контакт.
  4. Посветете му повеќе внимание на каснатото дете. На тој начин ќе покажете дека касањето не е ефективен начин за привлекување на внимание. Утешете го каснатото дете и ако кожата е пробиена од забите, измијте ја раната и ставете завој и мраз за да го спречите потекувањето.
  5. Смирено пријдете му на вашето дете. Многу често децата кои касаат потоа се чувствуваат виновни и исплашени, па викањето не е соодветен начин да му пријдете. Кажете му нешто од типот „изгледаш тажно што твоето другарче го боли раката поради тоа што го касна“.
  6. Не го изолирајте. Ако веднаш по инцидентот го отстраните вашето дете од местото на настанот, ќе ја пропуштите приликата да му одржите лекција. Наместо да го направите тоа, вклучете го да ви помогне да му ја преврзете раката на каснатото дете. На пример, натерајте го да донесе мраз. Така тоа ќе има можност да учи од ситуацијата.
  7. Подучувајте го константно. Употребувајте ги истите мерки за воспитување. Така вашето дете ќе може да предвиди како би се развивале нештата и по одредено време ќе прекине да ги предизвикува.
  8. Научете го кои му се алтернативите. Кога напнатата ситуација ќе одмине, започнете разговор со вашето дете. Објаснете му дека е нормално да чувствува лутина или фрустрација, но дека касањето и удирањето не се прифатливи начини за однесување. Научете го да ја искажува својата лутина преку зборови или пак советувајте го дека кога не може да се справи со дадена ситуација само, треба да побара помош од повозрасна личност.

ШТО ДА НЕ ПРАВИТЕ?

Откако вашето дете ќе касне некого, во никој случај не го касајте вие него само за да му покажете дека боли. Не се надевајте дека тоа ќе му биде лекција за да прекине. Таквата постапка може да му укаже дека сепак касањето понекогаш е приемливо.

Не барајте вашето дете да ви објасни кои се причините поради кои тоа каса. Дури и кога изгледа дека причината е некоја играчка, најверојатно вистинската причина е друга – фрустрација, неможност за правилно изразување и сл. Најважно е вие да се фокусирате на решавање на проблемот.

Колку и да се трудите, касањето може да не исчезне веднаш. Потребно е да бидете трпеливи.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 11:43

Родителите, најважниот пример за децата

Недостатокот на основни вредности кај родителите можат да предизвикаат хаос во животот на децата, бидејќи тие се најважниот пример за малите. Најважно е како се однесуваат во конкретен случај и што зборуваат.

Децата во животот потребно е да се поистоветат со авторитет, да имаат пример и да се угледаат на некого. Ако родителот ја постигне оваа цел, може да биде сигурен дека детето ќе биде послушно, односно ќе прифати она што му се кажува.

Да се биде послушен не значи дека треба да се покоруваш на послабите од себе. Послушноста постои кога личноста прави нешто затоа што го уважува авторитетот кој тоа го наложува.

Затоа е важно родителите да се преиспитаат себе, дали ги поседуваат вредностите за кои се залагаат. Тие треба да бидат информирани за новите трендови на вопситување на децата.

Децата ги набљудуваат родителите, гледаат во нив дали се посветени и истрајни кои вредности ги имаат.

Ако родителите цврсто се држат до одредени вредности во воспитувањето, децата ќе забележат и ќе ги усвојат.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 11:52
21ee255
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 12:06

image

Кога ќе дојде време за спиење, за многу родители тогаш почнува вистински кошмар. Одбивање да се оди во кревет,  плачење се само некои од проблеми со кои се соочуваат родителите. За жал родителите не се свесни за вистинската причина, а тоа се силните екрани.

Таблетите и паметните телефони станаа омилена детска забава која има и свои лоши страни. Проблем е што се многу блиску до лицето. Поради светлото на екранот, центарот во окото не му испраќа на мозокот информации дека е време за спиење и нема произдвоство на мелатонин, однонсо нашата природна таблета за спиење.

А исто така произведуваат и звуци кои воопшто не се кристат, па тоа дополнително влијае на расонувањето.

Се се тоа причини поради кои децата не се поспани кога им е време за спиење, туку се возбудени и разиграни. Нивниот мозок едноставно не добива информации дека е време за спиење.

Децата кои не спијат доволно имаат проблем со тежината, склони се на болести, имаат психо-физички проблеми и неуспех на училиште.

Она што родителите можат да го направат за да го подобрат спиењето е да создадат вистинска рутина при спиење. Тоа се однесува на помирна игра и затемнето светло час-два пред спиење.

Исто така треба да се ограничи употребата на таблети и телефони, а треба да се легнува во исто време.

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5037
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 13:12
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 13:13
Како најдобро да ги пофалите Вашите деца

Охрабрувањето и пофалбите се пренесуваат на најразлични начини. Сепак, постојат одредени начини кои се сметаат за најдобри кога станува збор за развојот на децата.

 мајка и ќерка

Истражувачи од Универзитетот на Чикаго и Универзитетот Стенфорд ја истражувале комуникацијата помеѓу мајката и детето во текот на неколку години и откриле дека видот на пофалба што детето ја прима има големо влијание врз неговиот став кон сите понатамошни предизвици во животот. Поконкретно, повратната информација која малите деца ја добиле во однос на нивното однесување и изборите што ги правеле им помогнала подобро да се снаоѓаат со посложените ситуации со кои се соочиле пет години подоцна. Таквата повратна информација која го потенцира нивното однесување е поважна отколку фокусот на тоа дека детето е „добро“ или „паметно“. Ова е прво вакво истражување за тоа како влијаат пофалбите врз развојот на децата направено надвор од лабораторија.

да пукне 

„Врз основа на експерименталните истражувања очекувавме вакви резултати, но возбудливо е да се види дека ова навистина се случува во реалниот свет,“ – вели Елизабет Гандерсон, асистент по психологија на Универзитетот Темпл во Филаделфија. „Пофалбата на вложениот труд, постапките и работите што ги прави детето носи низа придобивки во однос на неговиот долгорочен развој и желбата да продолжи да се справува со тешките ситуации во иднина.“

мајка фали ќеркичка 

Ваквата „пофалба на процесот“ се состои од реченици од типот: „Навистина си се потрудил“, „Одлично си ја завршила работата“ и таа ја акцентира активноста на детето. Додека „пофалбите на личноста“, пак, се искажуваат со коментари од типот: „Многу си паметен“, „Многу си добра“ и слични, кои всушност се однесуваат на вродените квалитети на детето. Оваа поделба не е нова во полето на психологијата, но начинот на кој тие влијаат врз развојот на детето не беше целосно јасен.

Според Карол Двек, коавтор и професор на Универзитетот во Стенфорд, се работи за монументална студија. Всушност, неговите претходни истражувања ја поставија основата за разбирање на улогата на пофалбата во детскиот развој.

бебе бацка од мама и тато 

Како дел од истражувањето, истражувачите ги посетувале домовите на повеќе мали деца на возраст од една до три години и ја снимале нивната дневна комуникација со родителите во повеќе сеанси со траење од 90 минути. Пет години подоцна, истражувачите повторно ги посетиле семејствата и со помош на прашалници го процениле ставот на децата кон предизвиците и проблемите. Децата што израснале со „процесни пофалби“, за тоа како добро се потрудиле да направат нешто, биле повеќе отворени кон предизвиците и успевале да пронајдат повеќе начини за решавање на поставените проблеми. Исто така, тие сметале дека може да станат поинтелигентни ако вложуваат поголем напор. Од друга страна, децата кои добивале „личносни пофалби“, дека се добри и паметни, не покажале негативни резултати, но тие покажале помала подготвеност да вложуваат напор за да си ги зголемат способностите, за кои сметале дека се дадени какви што се и не може многу да се променат. Студијата утврдила дека ова се должи на пораката што ја добивале од двата типа на пофалби.

ќеркичката готви 

Едно друго интересно откритие на оваа студија е тоа како пофалбите различно влијаат врз момчињата и девојчињата. Родителите подеднакво ги пофалувале и момчињата и девојчињата, но од вкупниот број на пофалби што ги добиле момчињата, 24% биле „процесни пофалби“, додека аналогно, девојчињата добиле само 10% од ваквиот тип на пофалби. И порано се појавувале слични податоци, но Гандерсон објаснува дека истражувачите биле изненадени од тоа колку е голема разликата меѓу нив. Оваа нееднаквост лесно може да се манифестира врз начинот на кој девојчињата ги проценуваат нивните способности во текот на нивниот развој на училиште и лесно може да предизвика проблеми со самодовербата кои стануваат уште посериозни во текот на пубертетот.

родители и ќеркичка 

Бидејќи истражувањето јасно ја покажало разликата помеѓу двата типа на пофалби, Гандерсон и колегите сметаат дека треба да се продолжи со истрагата за тоа дали „процесните пофалби“ или „пофалбите на личноста“ предизвикуваат промени во однесувањето. Досегашните податоци покажуваат дека децата кои добивале пофалби за тоа дека добро ги извршуваат своите задачи понатаму се поспремни да се соочат со нови предизвици, но се' уште не е докажано дали успешно се справуваат со истите.

татко и син 

Во овој момент, пораката на истражувањето е јасна: родителите треба да влијаат врз развојот на децата од нивната најмала возраст, а ќе им ја зголемат мотивацијата и правилно ќе им го обликуваат ставот на децата кон самите себе, ако им покажат дека го ценат секој нивни чекор. Притоа, треба да водат сметка, затоа што како што се чини, не секоја пофалба има ист ефект.

мајка го крева детето 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,139 секунди.