Испечати | Затвори го прозорот

Најдобра мајка на светот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27394
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 20:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Најдобра мајка на светот
Постирано од: lotus flower
Наслов: Најдобра мајка на светот
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 09:35
Темата ја отварам со цел грижа за детето.Поучни колумни,коментари,дискусии,слики се со цел детето да е згрижено,здраво,среќно,воспитано,исполнето со самодоверба итн..



Коментари:
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 09:50


Местото каде што живееме треба на детето да му даде чувство на удобност и среќа и тоа треба да ни биде цел во изборот што се однесува до местото на живеење.Да се посвети внимание што на детето му се допаѓа,да се направи амбиент полн со разбирање и взаемно почитување.Така детето ќе се чувствува добро и ке покаже  соработка.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 09:52
без да навлегувам во најдоброто..

да се дава себе и има храброст, да ослободи од себе и од очекувања

таква и пријателка и се останато, етикета не битна!



децата само доаѓаат преку нас

не ни припаѓаат нам





-------------
едно е - не се две


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 10:07
Има родители кои своите потреби,интереси ги ставаат пред потребите и интересите на детето.Јас не сум од тие,ниту пак го оправдувам тоа .Ништо што не се вклопува со доброто на моето дете нема простор во мојот живот.
После долговремено рамислување мислам дека родителот и детето треба да се на една иста скала каде што треба взаемно да се направат среќни.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 10:16
Originally posted by outlook123 outlook123 напиша:

без да навлегувам во најдоброто..

да се дава себе и има храброст, да ослободи од себе и од очекувања

таква и пријателка и се останато, етикета не битна!



децата само доаѓаат преку нас

не ни припаѓаат нам




Мало дете не може само да се згрижи.Грижата треба да му ја даде родителот.Нашата грижа и одлуки влијаат на нив.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 10:25
Етикетата треба да стои,ситни безначајни грешки сите правиме,но не треба да се направат големи грешки.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 11:04

8 најчести грешки на родителите при воспитувањето на децата


Растењето и воспитувањето на децата е една од најубавите, но истовремено и една од најтешките задачи на светот. Неретко родителите се чувствуваат неподготвени за таа важна задача, бидејќи се плашат од грешки.

Мајка воспитува ќерка

Еве дел од најчестите грешки кои ги прават родителите при воспитувањето на своите деца:

  1. „Период е, ќе мине“. Има родители кои избегнуваат да се справат со лошите навики на своето дете со изговорот „Период е, ќе мине“. Пример: детето започнува да користи вулгарни зборови, а родителите сметаат дека проблемот ќе се реши сам од себе со тек на време; детето ги  http://www.femina.mk/%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B5" rel="nofollow - каса  сите што се во негова близина, а родителите повторно се тешат со: „Фаза е. Кога-тогаш ќе заврши“.

    Кога детето ќе увиди дека не се обидувате да искорените некоја негова навика, тоа автоматски ќе ја прими како дел од нормалното и прифатливо однесување, кое подоцна тешко ќе можете да го промените. Затоа, започнете да го елиминирате лошото однесување уште кога тоа ќе започне. Колку повеќе чекате, толку повеќе си ја отежнувате работата.

  2. Губење на контролата, викање. Секојдневните лудории на вашето дете можат буквално да ве полудат и целосно да заборавите на контролата. На пример, се обидувате да зборувате на телефон, а тоа не престанува со својата луда гласна забава низ домот, или пак, до пред пет минути му држевте лекција дека не треба да крева рака на своите другарчиња, а тоа повторно се служи со физички удари. Не е тешко вашето дете да ви се „качи“ на глава со неговото однесување и да му се развикате полни со бес. На крајот на краиштата, никој не е совршен.

    Но, пред да избувнете како вулкан, треба да се потсетите дека децата се посклони да ве слушаат и да ги прифаќаат вашите правила за однесување кога им зборувате смирено. Избројте до три, вдишете и издишете длабоко, и без оглед на тоа со каква ситуација се соочувате, пријдете му на вашето дете сталожено и прибрано.

  3. Празни зборови без дела. Да речеме дека вашето дете не сака да стане да пишува http://www.femina.mk/%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5/%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0" rel="nofollow - домашно  затоа што не може да се раздели со компјутерот. Вие, како добар родител започнувате: „Стани да пишуваш домашно... Ќе дојдам ќе го исклучам компјутерот... Стани затоа што нема да го видиш компјутерот цел месец“. Но, и покрај таквите зборови, не се осмелувате да го притиснете копчето за гасење на компјутерот.

    Ова ќе се случи еднаш, двапати, трипати и откако вашето дете ќе сфати дека ако ги игнорира вашите „закани“ и ултиматуми, нема да сноси никакви последици, тоа ќе продолжи да си тера по свое. Ако веќе поставувате правило „Нема компјутер додека не напишеш домашно“, исклучете го компјутерот и докажете му дека вашите зборови не се кажани напразно. Поставувајте правила, но и преземајте мерки кога се прекршуваат.

  4. Поткупување наместо наградување. Секој родител како адут користи „поткупување“ и ако тоа се прави со мерка, не е грешка. Но, доколку се користи секојдневно и за сè што родителот сака да постигне кај детето, тогаш започнува да станува голема грешка во воспитувањето. Подобрата опција е користењето на награди.

    Поточно, многу полошо е да му речете на вашето дете „Ако добиеш петка, ќе те носам на честење“ отколку да го изненадите со честење или подарок откако ќе добие петка. Првото е поткупување, а второто награда.

  5. Користење на воспитна шлаканица. Експертите велат дека повеќето родители немаат ништо против да ја искористат  http://www.femina.mk/%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%88%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0" rel="nofollow - шлаканицата како воспитна мерка . Иако таквиот удар може да има брз ефект затоа што веднаш ќе го сопре лошото однесување, тој може да остави долготрајни последици врз емотивната состојба и однесувањето на детето.

    Како добар родител вие треба да знаете како да го воспитувате и учите своето дете без да користите сила.

  6. Непостојаност. Еден ден го карате вашето дете затоа што употребува „лоши“ зборови, а веќе следниот ден во иста таква ситуација решавате само да се насмевнете затоа што сте во јавност или затоа што имате гости, па не сакате пред нив да правите сцена.

    Еден од најважните предуслови за успешно воспитување е постојаноста. Вашата реакција, како и последиците од лошото однесување, треба да се секогаш исти за вашето дете да ја научи лекцијата. Во спротивно, само ќе го збуните детето.

  7. Презаштитничко однесување. Децата, како и возрасните, учат од своите грешки. Не можете да го заштитите вашето дете од сè, а дури и да успеете, може да направите тоа да стане премногу зависно од вас.

    Учете го што е добро, а што лошо. Сепак, во истото време поттикнувајте го само да истражува и да учи, бидејќи нема цел живот да биде вашето малечко. Децата треба да научат да се вклопат во реалниот свет.

  8. Премногу или премалку пофалби. Нормално е да го фалите вашето дете кога ќе се однесува убаво или кога ќе постигне нешто. Но, претерано честите комплименти можат да имаат негативен ефект. Ако цело време му повторувате „Ти си најубава“„Ти си толку многу паметен“ и за сè што прави му велите „Браво!“, тоа ќе стане самоуверено, но постои ризик да стане претерано самоуверено и егоцентрично, а дури и да започне да ги потценува другите.

    Од друга страна, ако заборавате да го пофалите за доброто однесување или ако несвесно ги игнорирате неговите постигнувањата, може да го обесхрабрите и да му ја намалите мотивацијата. Во овој случај, најдобро е да ја пронајдете златната средина.

Воспитувањето на децата е како игра шах – потребно е да мислите на добрите страни и ризиците што ги носи секој ваш потег и да мислите неколку потези предвреме за на крајот успешно да ја завршите играта.

Многу е важно да го анализирате однесувањето на вашето дете. Кога тоа не соодветствува со она што сметате дека е правилно, тогаш е време да си го поставите прашањето: „Каде грешам?“.

Грешките при воспитувањето не се знак за лош родител. Вистината е дека нема безгрешни родители. Добрите и грижливи родители се познаваат по тоа што учат од своите грешки.



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 11:17

Зошто да ја заборавите воспитната шлаканица


Повеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока.

Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи.

Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака.

Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.

  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство. 
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри. 
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.

Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 11:33

Зошто вашето дете каса и како да го одвикнете?


Сигурно на сите ви се случило да видите мало дете како го каса своето другарче или пак можеби вие сте биле „лошото“ дете што ги касало другарчињата. Касањето е честа појава во детското однесување. Слично како и удирањето и тргањето на косата на другите, и касањето е агресивно однесување кое до одреден степен е нормално. Но, тоа не значи дека треба да биде игнорирано. Колку побрзо реагирате, толку помалку ќе треба да се соочувате со непријатни ситуации дома или во градинка.

Искоренувањето на ваквата навика кај децата не е лесно. Првиот чекор е познавањето на причините кои го поттикнуваат вашето дете да каса.

ЗОШТО ДЕЦАТА КАСААТ?

Неможноста да се искаже правилно и желбата за независност и имање контрола над другите се само дел од причините коишто можат да поттикнат едно дете да ги изрази своите фрустрации преку касањето. Најчести причини за појавата на вакво однесување се:

  • Љубопитност. Бебињата и децата го запознаваат околниот свет преку своите сетила. Честопати кога ќе му дадете играчка на мало дете, тоа ќе ја стави прво в уста. Тоа е нивниот начин на учење. Децата сакаат да ги проучуваат и реакциите кои настапуваат откако тие ќе направат нешто. Пример: ја фрлаат играчката за да видат што ќе се случи и откриваат дека паѓа. Тропаат силно по масата за да откријат дека се создава силен звук. Исто така, понекогаш касаат за да дознаат каква ќе биде реакцијата.
  • Привлекување на внимание. Кога едно дете е игнорирано и не добива доволно внимание, тоа бара начин како другите да го забележат. Касањето е брз начин кој ќе го постави во центарот на вниманието, без разлика што тоа ќе биде на негативен начин.
  • Фрустрација. Многу често малите деца се фрустрираат затоа што не можат да се изразат правилно. Обидувајќи се да побара дадена играчка, ако детето не успее да најде начин да го направи тоа вербално, тогаш ќе употреби други методи како касање, тргање за косата или удирање. Неможноста да го изрази чувството на лутина на друг начин може да го поттикне детето да биде агресивно.
  • Заштита. Касањето за некои деца е заштитен механизам за самоодбрана. Кога едно дете се чувствува застрашено од друго или насетува некаква опасност, може да започне да се брани преку касањето.
  • Стрес. Стресот не е проблем кој се појавува само кај возрасните. Големите промени во животот на детето како преселување, доаѓање на нов член во семејството, губење на член од семејството и сл., можат да создадат голем стрес кај него. Во таква ситуација, преку касањето детето ги искажува своите чувства и ја намалува напнатоста што ја чувствува.
  • Имитирање. Честопати возрасните во процесот на игра го каснуваат своето дете за прстињата на нозете или за газето. Но, тоа може да му даде погрешна порака на детето. Кога е мало, детето не може да прави разлика помеѓу касање во игра и силно касање. Исто така, едно дете може да започне со оваа лоша навика ако некое од неговите другарчиња го прави истото.

КАКО ДА ГО ОДВИКНЕТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ОД КАСАЊЕТО?

Многу важно е да дознаете и да разберете зошто вашето дете каса, но исто толку важно е да го сопрете таквото однесување. Еве неколку предлози:

  1. Набљудувајте за да дознаете кога најчесто се случува. Касањето е проблем кој бара му да посветите повеќе од вашето време. Набљудувајте го вашето дете додека си игра со другарчињата и откријте која е причината што го поттикнува да се однесува непристојно.
  2. Бидете еден чекор пред него. Кога веќе ја знаете причината, лесно ќе можете да го испреварите и да го спречите касањето уште пред да се случило. Ако знаете дека вашето дете каса кога сака да побара играчка, пред да го направи тоа тргнете го настрана и објаснете му како да ја побара вербално.
  3. Останете смирени и разделете ги децата на безбедно растојание. Ако не сте успеале да го спречите касањето, потребно да се соочите директно со проблемот. Прво треба да ги раздвоите децата за да бидат на растојание коешто ќе ги спречи да остварат физички контакт.
  4. Посветете му повеќе внимание на каснатото дете. На тој начин ќе покажете дека касањето не е ефективен начин за привлекување на внимание. Утешете го каснатото дете и ако кожата е пробиена од забите, измијте ја раната и ставете завој и мраз за да го спречите потекувањето.
  5. Смирено пријдете му на вашето дете. Многу често децата кои касаат потоа се чувствуваат виновни и исплашени, па викањето не е соодветен начин да му пријдете. Кажете му нешто од типот „изгледаш тажно што твоето другарче го боли раката поради тоа што го касна“.
  6. Не го изолирајте. Ако веднаш по инцидентот го отстраните вашето дете од местото на настанот, ќе ја пропуштите приликата да му одржите лекција. Наместо да го направите тоа, вклучете го да ви помогне да му ја преврзете раката на каснатото дете. На пример, натерајте го да донесе мраз. Така тоа ќе има можност да учи од ситуацијата.
  7. Подучувајте го константно. Употребувајте ги истите мерки за воспитување. Така вашето дете ќе може да предвиди како би се развивале нештата и по одредено време ќе прекине да ги предизвикува.
  8. Научете го кои му се алтернативите. Кога напнатата ситуација ќе одмине, започнете разговор со вашето дете. Објаснете му дека е нормално да чувствува лутина или фрустрација, но дека касањето и удирањето не се прифатливи начини за однесување. Научете го да ја искажува својата лутина преку зборови или пак советувајте го дека кога не може да се справи со дадена ситуација само, треба да побара помош од повозрасна личност.

ШТО ДА НЕ ПРАВИТЕ?

Откако вашето дете ќе касне некого, во никој случај не го касајте вие него само за да му покажете дека боли. Не се надевајте дека тоа ќе му биде лекција за да прекине. Таквата постапка може да му укаже дека сепак касањето понекогаш е приемливо.

Не барајте вашето дете да ви објасни кои се причините поради кои тоа каса. Дури и кога изгледа дека причината е некоја играчка, најверојатно вистинската причина е друга – фрустрација, неможност за правилно изразување и сл. Најважно е вие да се фокусирате на решавање на проблемот.

Колку и да се трудите, касањето може да не исчезне веднаш. Потребно е да бидете трпеливи.



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 11:43

Родителите, најважниот пример за децата

Недостатокот на основни вредности кај родителите можат да предизвикаат хаос во животот на децата, бидејќи тие се најважниот пример за малите. Најважно е како се однесуваат во конкретен случај и што зборуваат.

Децата во животот потребно е да се поистоветат со авторитет, да имаат пример и да се угледаат на некого. Ако родителот ја постигне оваа цел, може да биде сигурен дека детето ќе биде послушно, односно ќе прифати она што му се кажува.

Да се биде послушен не значи дека треба да се покоруваш на послабите од себе. Послушноста постои кога личноста прави нешто затоа што го уважува авторитетот кој тоа го наложува.

Затоа е важно родителите да се преиспитаат себе, дали ги поседуваат вредностите за кои се залагаат. Тие треба да бидат информирани за новите трендови на вопситување на децата.

Децата ги набљудуваат родителите, гледаат во нив дали се посветени и истрајни кои вредности ги имаат.

Ако родителите цврсто се држат до одредени вредности во воспитувањето, децата ќе забележат и ќе ги усвојат.



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 11:52
21ee255


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 12:06

image

Кога ќе дојде време за спиење, за многу родители тогаш почнува вистински кошмар. Одбивање да се оди во кревет,  плачење се само некои од проблеми со кои се соочуваат родителите. За жал родителите не се свесни за вистинската причина, а тоа се силните екрани.

Таблетите и паметните телефони станаа омилена детска забава која има и свои лоши страни. Проблем е што се многу блиску до лицето. Поради светлото на екранот, центарот во окото не му испраќа на мозокот информации дека е време за спиење и нема произдвоство на мелатонин, однонсо нашата природна таблета за спиење.

А исто така произведуваат и звуци кои воопшто не се кристат, па тоа дополнително влијае на расонувањето.

Се се тоа причини поради кои децата не се поспани кога им е време за спиење, туку се возбудени и разиграни. Нивниот мозок едноставно не добива информации дека е време за спиење.

Децата кои не спијат доволно имаат проблем со тежината, склони се на болести, имаат психо-физички проблеми и неуспех на училиште.

Она што родителите можат да го направат за да го подобрат спиењето е да создадат вистинска рутина при спиење. Тоа се однесува на помирна игра и затемнето светло час-два пред спиење.

Исто така треба да се ограничи употребата на таблети и телефони, а треба да се легнува во исто време.



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:12


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:13
Како најдобро да ги пофалите Вашите деца

Охрабрувањето и пофалбите се пренесуваат на најразлични начини. Сепак, постојат одредени начини кои се сметаат за најдобри кога станува збор за развојот на децата.

 мајка и ќерка

Истражувачи од Универзитетот на Чикаго и Универзитетот Стенфорд ја истражувале комуникацијата помеѓу мајката и детето во текот на неколку години и откриле дека видот на пофалба што детето ја прима има големо влијание врз неговиот став кон сите понатамошни предизвици во животот. Поконкретно, повратната информација која малите деца ја добиле во однос на нивното однесување и изборите што ги правеле им помогнала подобро да се снаоѓаат со посложените ситуации со кои се соочиле пет години подоцна. Таквата повратна информација која го потенцира нивното однесување е поважна отколку фокусот на тоа дека детето е „добро“ или „паметно“. Ова е прво вакво истражување за тоа како влијаат пофалбите врз развојот на децата направено надвор од лабораторија.

да пукне 

„Врз основа на експерименталните истражувања очекувавме вакви резултати, но возбудливо е да се види дека ова навистина се случува во реалниот свет,“ – вели Елизабет Гандерсон, асистент по психологија на Универзитетот Темпл во Филаделфија. „Пофалбата на вложениот труд, постапките и работите што ги прави детето носи низа придобивки во однос на неговиот долгорочен развој и желбата да продолжи да се справува со тешките ситуации во иднина.“

мајка фали ќеркичка 

Ваквата „пофалба на процесот“ се состои од реченици од типот: „Навистина си се потрудил“, „Одлично си ја завршила работата“ и таа ја акцентира активноста на детето. Додека „пофалбите на личноста“, пак, се искажуваат со коментари од типот: „Многу си паметен“, „Многу си добра“ и слични, кои всушност се однесуваат на вродените квалитети на детето. Оваа поделба не е нова во полето на психологијата, но начинот на кој тие влијаат врз развојот на детето не беше целосно јасен.

Според Карол Двек, коавтор и професор на Универзитетот во Стенфорд, се работи за монументална студија. Всушност, неговите претходни истражувања ја поставија основата за разбирање на улогата на пофалбата во детскиот развој.

бебе бацка од мама и тато 

Како дел од истражувањето, истражувачите ги посетувале домовите на повеќе мали деца на возраст од една до три години и ја снимале нивната дневна комуникација со родителите во повеќе сеанси со траење од 90 минути. Пет години подоцна, истражувачите повторно ги посетиле семејствата и со помош на прашалници го процениле ставот на децата кон предизвиците и проблемите. Децата што израснале со „процесни пофалби“, за тоа како добро се потрудиле да направат нешто, биле повеќе отворени кон предизвиците и успевале да пронајдат повеќе начини за решавање на поставените проблеми. Исто така, тие сметале дека може да станат поинтелигентни ако вложуваат поголем напор. Од друга страна, децата кои добивале „личносни пофалби“, дека се добри и паметни, не покажале негативни резултати, но тие покажале помала подготвеност да вложуваат напор за да си ги зголемат способностите, за кои сметале дека се дадени какви што се и не може многу да се променат. Студијата утврдила дека ова се должи на пораката што ја добивале од двата типа на пофалби.

ќеркичката готви 

Едно друго интересно откритие на оваа студија е тоа како пофалбите различно влијаат врз момчињата и девојчињата. Родителите подеднакво ги пофалувале и момчињата и девојчињата, но од вкупниот број на пофалби што ги добиле момчињата, 24% биле „процесни пофалби“, додека аналогно, девојчињата добиле само 10% од ваквиот тип на пофалби. И порано се појавувале слични податоци, но Гандерсон објаснува дека истражувачите биле изненадени од тоа колку е голема разликата меѓу нив. Оваа нееднаквост лесно може да се манифестира врз начинот на кој девојчињата ги проценуваат нивните способности во текот на нивниот развој на училиште и лесно може да предизвика проблеми со самодовербата кои стануваат уште посериозни во текот на пубертетот.

родители и ќеркичка 

Бидејќи истражувањето јасно ја покажало разликата помеѓу двата типа на пофалби, Гандерсон и колегите сметаат дека треба да се продолжи со истрагата за тоа дали „процесните пофалби“ или „пофалбите на личноста“ предизвикуваат промени во однесувањето. Досегашните податоци покажуваат дека децата кои добивале пофалби за тоа дека добро ги извршуваат своите задачи понатаму се поспремни да се соочат со нови предизвици, но се' уште не е докажано дали успешно се справуваат со истите.

татко и син 

Во овој момент, пораката на истражувањето е јасна: родителите треба да влијаат врз развојот на децата од нивната најмала возраст, а ќе им ја зголемат мотивацијата и правилно ќе им го обликуваат ставот на децата кон самите себе, ако им покажат дека го ценат секој нивни чекор. Притоа, треба да водат сметка, затоа што како што се чини, не секоја пофалба има ист ефект.

мајка го крева детето 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:16


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:19


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:27


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:31


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:37


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 13:41
кој спомна не грижа?

но, нема да објаснувам мои зборови, толкувајте како си толкувате - не ми е гајле!

а ставајте си етикета каква си сакате, бидете најдобрите и најпаметните!

само внимавајте, каде е доброто - таму демне неговата спротивност

и тоа е закон! без исклучок

но не мора да сум јас во право, нели? па ни вие!

-------------
едно е - не се две


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 19:20
Грижете се, сакајте ги. Тие ви се се.
Но немојте премногу да се грижите, премногу да ги заштитувате.
Оставете ги да научат нешто и на потешкиот начин.
Не постои таква титула како најдобар, најпаметен родител. 
Сето тоа е во главата на родителот. Сите тие обиди да биде најдобар родител, најгрижлив..
А не го гледа некогаш и контра ефектот од грижатасреќа


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 14:33

Најдобра мајка на светот - во очите на светот или во очите на детето?


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 19:00

Хумористичен текст: Зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст


Мали деца, мали проблеми. Големи деца, големи проблеми...

Џил Смоклер е мајка на три деца и креатор на сајтот Scary Mommy, која привлече огромно внимание со својата колумна „10 причини зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст“. Џил е и еден од најпродаваните автори според The New York Times, а нејзините книги воглавно се наменети за родителите. Нејзината популарност се должи на искрениот, хумористичен и понекогаш саркастичен начин на пишување.

Текстот на Џил ќе ве насмее, независно од возраста на вашето дете.

Дете

  • На две, едвај зборуваат. На три, никогаш не замолчуваат.
  • На две, плачат. На три, имаат толку епски напади на бес, што на моменти сте убедени дека се опседнати од ѓаволот.
  • На две, со задоволство јадат сè што ќе ставите пред нив. На три, јадат само три јадења.
  • На две, капењата траат 10 минути и резултираат со чисто дете. На три, капењата одземаат повеќе од еден час, а резултатот е потопена бања, накисната мајка и 16 валкани крпи.
  • На две, носат пелени кои им ги менувате на одредено време. На три, се одвикнуваат од пелени и светот се врти околу нивните мочки и какушки.
  • На две, можете да ги задоволите со едно пакување грицки додека пазарувате. На три, сакаат да ви го диктираат целиот список за пазарување.
  • На две, ви дозволуваат да ги облечете, а притоа изгледаат невино и слатко. На три, инсистираат сами да ја изберат својата облека, а на крајот изгледаат како мини верзии на лица од ментална институција.
  • На две, не сакаат да се валкаат. На три, живеат од тоа.
  • На две, можете да правите многу нешта за нив, што ви заштедува бескрајно многу време. На три, тие мора да прават сè сами, а тоа трае ЦЕЛА ВЕЧНОСТ.
  • На две, манипулирањето е последното нешто кое им паѓа напамет. На три, ве вртат на малото прсте. И го знаат тоа.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 19:45
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Грижете се, сакајте ги. Тие ви се се.
Но немојте премногу да се грижите, премногу да ги заштитувате.
Оставете ги да научат нешто и на потешкиот начин.
Не постои таква титула како најдобар, најпаметен родител. 
Сето тоа е во главата на родителот. Сите тие обиди да биде најдобар родител, најгрижлив..
А не го гледа некогаш и контра ефектот од грижатасреќа

Зошто да поминува низ потешкиот пат ,ако се развива како нормална личност?
Пред 2-3 недели случајно го видов видеото што го имаш ставено.
Искрено како што сум емотивна почнав да плачам,но си реков тука има нешто што не ми се свига.
Тој човек повеке се грижи за тугите деца ,отколку за своето.Јас мислам дека редоследот треба да е обратен.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 20:37
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Грижете се, сакајте ги. Тие ви се се.
Но немојте премногу да се грижите, премногу да ги заштитувате.
Оставете ги да научат нешто и на потешкиот начин.
Не постои таква титула како најдобар, најпаметен родител. 
Сето тоа е во главата на родителот. Сите тие обиди да биде најдобар родител, најгрижлив..
А не го гледа некогаш и контра ефектот од грижатасреќа

Зошто да поминува низ потешкиот пат ,ако се развива како нормална личност?
Пред 2-3 недели случајно го видов видеото што го имаш ставено.
Искрено како што сум емотивна почнав да плачам,но си реков тука има нешто што не ми се свига.
Тој човек повеке се грижи за тугите деца ,отколку за своето.Јас мислам дека редоследот треба да е обратен.

Видеото има сосема поинаква порака, очигледно не си ја разбрала. Погледни го повторно..

А за другото, еве ти мое мислење, дали е точно или не, не навлегувам во тоа. Тоа е МОЕ мислење, не мора да го делимесреќа

Да го оставиш детето да учи од сопствените грешки, не значи да го оставиш да поминува низ потешкиот пат. Значи да го оставиш само да расудува што е погрешно а што не, да го поучиш дека не треба така, дека треба онака, ама не и да го затвориш во стаклено ѕвоно и да го "штитиш" од "грешките".
Денес детето ќе ти ја скрши вазната, ти до сега си му викала - Немој да ја фаќаш, може да се повредиш. Ако ја тргнеш вазната спречуваш можна повреда, ако ја оставиш и ја скрши, ќе научи дека тоа нешто може да го повреди и дека некогаш треба да се слушаат возрасните.
Утре го пушташ во училиште, се гради неговата личност и треба да го оставиш да учи од грешките што ги прави, затоа што животот е школо. Ако ти му влијаеш за се во животот, ти правиш копија на себе, му наметнуваш многу работи што можеби ти ги наметнувале и тебе или пак сакаш детето твое да стане нешто што ти не си можела. Тука ќе го ставам типичниот пример на родителите како ги "советуваат" децата дека треба да станат како тато и мама, адвокати, доктори, што ти не..
Утре ќе фати дечко, ти како родител ќе му речеш - детево не е за тебе, ќе си ги објасниш ставовите и мислењата, ако си го "скроила" детето уште од мало дека мора да прави како што ти мислиш, што си направила од детето?! И ќе раскине, и ќе ја боли. И ќе научи нешто..

Сакаш да ми кажеш дека треба да го затвориш детето во стаклено ѕвоно, за да го заштитиш од нешто, ама во моментов и ти не знаеш што?
Сакаш да кажеш дека ти треба да го научиш детето на се, а не самото тоа да осознава и учи?
Јас не зборам за 2 годишни деца, зборам за дечиња кои веќе почнуваат самите да се изградуваат, 3.5 - 4+ години.
И да се разбереме, никаде не реков дека детето не треба да го ЗАШТИТИШ од работи кои можат да бидат кобни. Затоа и го ставив зборот премногу.
Инаку, немој муабетов да го земаш лично, дека се однесува на тебе и на керка ти, туку за да не пишувам општо, конкретно се обративсреќа


Патем, ме чувале моите во стаклено ѕвоно, додека можеле. До моите 4-5 години, додека не тргнав во градинка (имав и баба сервисплазење). Таму (како мало дете) и на улица (понатаму, како поголемо дете) веројатно ги научив најдобрите основни лекции во животот. 
Понатаму се беше школо, моите ме насочувале во животот, никогаш не влијаеле на моите одлуки и сметам дека благодарение на тоа денес сум изградена личност, со сопствено ЈАС. Со помош на советите од родителите и праксата на дело (потешкиот начин), денес сум тоа што сум.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 20:51
Еве се почувствував како да треба да го објаснам моето гледање на видеото...

Таткото е сиромашен. Работи секој ден за дома да донесе некој денар. Детето се срами од татко му, посакува да е богат, да има се што имаат сите негови другарчиња. Посакува нешто материјално.
Јас сметам дека додека имаш покрив над глава, храна, топла постела, чиста облека и родителска грижа, треба да се сметаш за среќен човек. 
И што се случува..
Таткото носи дома пари, му дава џепарац на детето. Детето си ги плаќа даноците, истото го прави и таткото. Тука можеш да го научиш детето на одговорност, да му покажеш дека за се што добиваш во животот, треба и нешто да вложиш.
Во видеово видов дете што имало напишана домашна, одело со татко му каде што требало, таткото се обидувал што е можно повеќе време да помине со синот. Во случајов, има луѓе што работат по 12 саати на ден, замисли колку внимание може да му посвети на сопственото дете тогаш...
Меѓу останатите работи, таткото работи како кловн. Ги забавува децата, ги мотивира. 
Син му добива стипендија, револтиран од таткото заминува за Америка. Дури и не сака да ги прифати парите од таткото. Не сака да се врати и да го посети за празникот. 
Татко му цел живот дава донации, во негово име. 
Буквално го вратил во живот детето во инвалидска количка.

И сега некој ќе рече, кога имал пари да донира, зошто не му купувал на детето се што ќе посака?! Затоа што така добиваш разгалено дете. Дете што не знае за граници. Скромноста е доблест, одлика. Денес имаш пари и му купуваш се што ќе посака, утре немаш. Со што ќе му купиш? Знаеш каков револт треба да очекуваш тогаш?
Јас не видов ама баш никаде во видеото дека таткото се грижи помалку за сопственото дете, отколку за другите. 

На тоа следува и пораката - Богатството не е во тоа колку имаш, туку колку даваш.
Може и ништо материјално да не дадеш, ама да вложиш дел од своето време. Даваш нешто што другите не сакаат/не можат.. 


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 16:06
Тоа е твое мислење,но не и мое.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 16:13


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 16:24
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

Тоа е твое мислење,но не и мое.

Е добро, ти ја отвори темава, можеш да кажеш што значи НАЈДОБРА мајка на светот..
А што значи пак најдобар ТАТКО на светотзбунетост А заборавив, тие не се баш добри..


КАКО се станува најдобра мајка на светот? 
Наведи примери...


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 16:40
Martina Tanaskoska (51)


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Април.2015 во 23:53


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Април.2015 во 23:56
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

Тоа е твое мислење,но не и мое.

Е добро, ти ја отвори темава, можеш да кажеш што значи НАЈДОБРА мајка на светот..
А што значи пак најдобар ТАТКО на светотзбунетост А заборавив, тие не се баш добри..


КАКО се станува најдобра мајка на светот? 
Наведи примери...

Koj ma ne e dobar?
Ima li tuka nekoj da vidi sto pisuva ovaa?
Kogo navreduvas ma ti bezobraznice edna?


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 00:42


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 00:55
Огромен процент од мажите и жените може да станат мајки и татковци.
Многу мал процент од мајките и татковците ќе станат родители.

Размислете за ова ве молам.


http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=19433" rel="nofollow - lotus flower  дејче, те молам без следново 
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

 

Koj ma ne e dobar?
Ima li tuka nekoj da vidi sto pisuva ovaa?
Kogo navreduvas ma ti bezobraznice edna?


Вакви постови ни во подфорум Политика нема, така да вакви нешта се непотребни. Квалификации на членови не ни требаат, и како што гледам 
  http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=27173" rel="nofollow - evangeline  никаде не те навреди. Ословувања како " оваа " и " безобразнице " се до некој степен и навредливи за некого што не го познаваш.

И една работа, фотографиите не ја одсликуваат среќата на едно дете, среќата е променлива работа.

Не постои среќен живот, постојат само среќни денови.




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: камелеон
Датум на внесување: 18.Април.2015 во 14:56
Не постои среќен живот, постојат само среќни денови.

убаво кажано  http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=51" rel="nofollow - fiks  
кој сватил сватил, кој не реприза нема големо гушкање


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 18.Април.2015 во 19:48


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 00:31
Originally posted by камелеон камелеон напиша:

Не постои среќен живот, постојат само среќни денови.

убаво кажано  http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=51" rel="nofollow - fiks  
кој сватил сватил, кој не реприза нема големо гушкање

Ova malku mi se sviga,eden mal tovar mi simna
iako generalno ima ljuge so posreken zivot,za razlika od necij drug zivot


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 00:36
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Најдобра мајка на светот - во очите на светот или во очите на детето?

Ubavo e vo ocite na deteto da bideme dobri majki,vo ocite na svetot nekoj e praveden ,nekoj ne ..
sakam da sum dobra majka ,nadobra pred sebe da znam deka za toa dete go pravam najdobroto sto mozam.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 12:47
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

...da znam deka za toa dete go pravam najdobroto sto mozam.


Според мене, секоја совесна и свесна мајка дека донесла нова рожба на свет и се однесува со детето најдобро што може, знае и умее, може да се каже дека е добра мајка. Иако тоа “добра или најдобра мајка“ ми е многу релативно. Ми звучи како калап во кој не можам да се сместам. ЈАс можам да сметам дека сум добра мајка и му правам најдобро на детето, но не значи дека она што е добро за мене е добро и за детето.

Ич не ме интересира каква мајка сум во очите на светот. А децата знаат и да проценат и да покажат. Немаат други или резервни мајки, не важат дури ни споредбите со околината или мајките на другите деца. Кога децата секојдневно ми кажуваат и покажуваат “ти си најдобра мајка, ти најдобро го правиш ова, ти нај ова-она...“... мене ми е доволно. Дури и да не го кажат, тоа им се чита во очите и постапките.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 13:02


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 13:04


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 28.Април.2015 во 10:02


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 28.Април.2015 во 10:04


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 28.Април.2015 во 10:06
za da se zgrizi svoeto dete,mislam roditelite treba da vodat griza za sebe.
ako tie vodat griza za sebe najdobro ke go zgrizat deteto.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:25


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 14.Мај.2015 во 00:26


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 30.Мај.2015 во 16:33


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: marchi.be
Датум на внесување: 15.Март.2016 во 09:46
ne znam jas sto znaci najdobra majka ama mojata ne bese najdobra voopsto.i ucejki spored toa na moeto dete se mu e dozvoleno,zasto odkako ke vidi ke oseti i ke dozivee samo togas ke znae sto treba sto ne treba sto e pravilno a sto ne e.


Постирано од: Суада
Датум на внесување: 16.Март.2016 во 03:22
- Секоја една мајка, веројатно си мисли за себеси оти е најдобра, а понекогаш од толку што е најдобра може своето дете да си го бутне и в бездна, несвесно.
Некои мајки тоа го прават свесно.
Како и да е, МАЈКА ТЕРЕЗА го достигнала врвот.
слушам и за светица ќе ја прогласат.

-------------
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:33
eve vaka neka ne bide najdobra neka bide grizliva dobra majka
znaci spored mene da mu dade toplina,vnimanie,ljubovvvvvvvv na svoeto dete
so toa ke stekne samodoverba deka e vredno.
od druga strana treba da se zgrizi za nego od finansiski aspekt
znaci prvo da se zadovlat osnovnite potrebi
krov nad glava,hrana pa ponataka i ako moze da mu ovozmozi ubavo da zivee


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:35
inaku najdobra majka na svetot kako naslov na ovaa tema go dadov zatoa sto ima eden sajt srpski se vika najbolja mama na svetu i od tamu idejata
grizliva,dobra majka pa toa e neli e nadobra


i uste eden biten segment
da ne dozvoli nekoj ponebitni raboti vo nezitiot zivot da go stavat deteto na mesto koe ne zasluzuva .



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:37
inaku vo momentot se pripremam za tetovaza na levata dlanka potocno na prstite so imeto na mojata kerka
da mi e pred oci
i da ne zaboravam deka ona mi e najbitna pa posle se drugo


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:46
Резултат со слика за unconditional love

-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:47
prvo ke se zgriza za svoeto dete
posle za drugite deca



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:51
ne sakam da navreduvam
megutoa toa definitivno e pamet na klovn


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Јули.2016 во 05:43
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Еве се почувствував како да треба да го објаснам моето гледање на видеото...

Таткото е сиромашен. Работи секој ден за дома да донесе некој денар. Детето се срами од татко му, посакува да е богат, да има се што имаат сите негови другарчиња. Посакува нешто материјално.
Јас сметам дека додека имаш покрив над глава, храна, топла постела, чиста облека и родителска грижа, треба да се сметаш за среќен човек. 
И што се случува..
Таткото носи дома пари, му дава џепарац на детето. Детето си ги плаќа даноците, истото го прави и таткото. Тука можеш да го научиш детето на одговорност, да му покажеш дека за се што добиваш во животот, треба и нешто да вложиш.
Во видеово видов дете што имало напишана домашна, одело со татко му каде што требало, таткото се обидувал што е можно повеќе време да помине со синот. Во случајов, има луѓе што работат по 12 саати на ден, замисли колку внимание може да му посвети на сопственото дете тогаш...
Меѓу останатите работи, таткото работи како кловн. Ги забавува децата, ги мотивира. 
Син му добива стипендија, револтиран од таткото заминува за Америка. Дури и не сака да ги прифати парите од таткото. Не сака да се врати и да го посети за празникот. 
Татко му цел живот дава донации, во негово име. 
Буквално го вратил во живот детето во инвалидска количка.

И сега некој ќе рече, кога имал пари да донира, зошто не му купувал на детето се што ќе посака?! Затоа што така добиваш разгалено дете. Дете што не знае за граници. Скромноста е доблест, одлика. Денес имаш пари и му купуваш се што ќе посака, утре немаш. Со што ќе му купиш? Знаеш каков револт треба да очекуваш тогаш?
Јас не видов ама баш никаде во видеото дека таткото се грижи помалку за сопственото дете, отколку за другите. 

На тоа следува и пораката - Богатството не е во тоа колку имаш, туку колку даваш.
Може и ништо материјално да не дадеш, ама да вложиш дел од своето време. Даваш нешто што другите не сакаат/не можат.. 


abe sto zborubas be
zivotot mu pomina davajki na drugite deca
deteto se sramelo od nego
pa sto ne napravi da ne bide klovn
da ne se strami
ke go ucel da dava
sto ima da dava na site
se znae koj e najbiten,koj pomalku biten



Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

ne sakam da navreduvam
megutoa toa definitivno e pamet na klovn


И јас не сакам да навредувам, ама тешко на тоа дете што го имаш и вредностите на кои што го учишнамигнување
Само така, сервирај му се на сребрен послужавник, па утре кога ќе биде неспособно само да се избори меѓу сите мршојадци, ќе дојдат до израз тие што се самостојни и за среќа баш тие треба да просперираат во земјава, доста е од неспособњаци на кои мама и тато им сервирале се..



ТИ не можеш да разбереш едно нешто лотуске, а бидејќи не можеш да разбереш еве ќе ти потенцирам..


Ако сакаш да одгледаш способно и независно дете, треба да му овозможиш љубов, кров над глава, храна во чинијата, образование, безбедност и чиста облека.
Сите останати материјални добра можат да се сметаат за луксуз. И се додека ние им го пружиме тој луксуз на децата, помагаме да станат паразити. Ако сакаат луксуз, треба сами да го заработат!

Детето од видеото имаше покрив над глава, татко што му помагаше, храна и љубов. Немаше луксуз. Баш и затоа стана самостоен, се образоваше, сигна далеку.



А ти со твојот памет на кловн, слободно одгледувај го детето според своите уверувања. Само истите не ги наметнувај и на другите


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Јули.2017 во 18:02

Image result for madonna daughter tattoo

Image result for madonna daughter tattoo


Image result for madonna daughter tattoo

керката ма мадона



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Јули.2017 во 18:07
Related image


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Октомври.2017 во 02:19
Image result for mother and child sculpture

Nema pogolema ljubov od ljubovta na majkata/roditelot kon deteto
toa e navistina nesto posebno
toa e barem moe misljenje



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Октомври.2017 во 02:24
Image result for mother teresa  true love is to give until it hurts

Koga go citam ova mislenje na majka tereza 
si vikam da toa e cista vistina
vo mojot slucaj,mojata vistinska ljubov e moeto dete



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 14.Ноември.2017 во 10:22


-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 14.Ноември.2017 во 10:34


-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 14.Ноември.2017 во 13:52
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Грижете се, сакајте ги. Тие ви се се.
Но немојте премногу да се грижите, премногу да ги заштитувате.
Оставете ги да научат нешто и на потешкиот начин.
Не постои таква титула како најдобар, најпаметен родител. 
Сето тоа е во главата на родителот. Сите тие обиди да биде најдобар родител, најгрижлив..
А не го гледа некогаш и контра ефектот од грижатасреќа
да


-------------
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 14.Ноември.2017 во 14:15
Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

 
Prvo svoeto dete,posle drugite deca.


cista ljubopitnost,eve situacija:deteto tvoe doaga doma so drugarcinja od uciliste, ke pravat nekoj proekt...ti imas rucek samo za tvoeto dete среќа sto ke napravis? ke go viknes svoeto dete skrisum da jade? среќа


-------------
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 27.Ноември.2017 во 12:54
Поврзана слика


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јули.2022 во 11:41
А ти како си добра си?
Се омажи ли ?
Или од што си многу добра во петата деценија сама се шеташ?
Експертиза без искуство!!!
Алелуја,Браво идивиди и за фикс едно браво, затоа како администратор и модератор за пример се избркавте од форумот.
Али карма е кучка.
Ајде сега еден блок и на мене како и на сите што имаат различно мислење од некој смешни модератори ставени по вкус на посмешен администратор едуциран,моќен и за пример во општеството.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јули.2022 во 11:42
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by lotus flower lotus flower напиша:

Тоа е твое мислење,но не и мое.


Е добро, ти ја отвори темава, можеш да кажеш што значи НАЈДОБРА мајка на светот..
А што значи пак најдобар ТАТКО на светотзбунетост А заборавив, тие не се баш добри..


КАКО се станува најдобра мајка на светот? 
Наведи примери...


А ти како си добра си?
Се омажи ли ?
Или од што си многу добра во петата деценија сама се шеташ?
Експертиза без искуство!!!
Алелуја,Браво идивиди и за фикс едно браво, затоа како администратор и модератор за пример се избркавте од форумот.
Али карма е кучка.
Ајде сега еден блок и на мене како и на сите што имаат различно мислење од некој смешни модератори ставени по вкус на посмешен администратор едуциран,моќен и за пример во општеството.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk