IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Свети храмови кои вреди да се посетат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свети храмови кои вреди да се посетат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свети храмови кои вреди да се посетат
    Испратена: 03.Мај.2014 во 13:11
Базиликата Сан Лоренцо во Милано

Базиликата Сан Лоренцо е еден од најстарите и најважните католички храмови во Милано. Во исто време, се работи за една од најпосетуваните знаменитости во главниот град на Ломбардија.

Овој прекрасен храм, којшто е изграден во периодот помеѓу четвртиот и петтиот век, се наоѓа во внатрешноста на мрежата канали за наводнување, кои биле конструирани уште во времето на Римската Империја. Во непосредна близина на базиликата се наоѓаат градскиот парк, базиликата Сант Еусторџио, средновековната порта Тичино и најстарите римски рушевини во градот, Колоне ди Сан Лоренцо.


Во времето кога била изградена, базиликата Сан Лоренцо била најголемата зграда во западниот свет. Во средновековниот и ренесансниот период, бил забележан надолен пад за базиликата, Милано, но и цела Италија. Специфично за базиликата, тоа значело преживување на повеќе природни катастрофи и пожари, кои го измениле лицето на градбата.


Кон крајот на Ренесансата, започнува и големата реконструкција на најзначајниот симбол на римскиот период во Милано. Реконструкцијата продолжува и во подоцнежните години, кога градот бил под власт на Австрија.


Денешниот изглед базиликата го добива кон крајот на Втората светска војна, кога бомбардирањата на градот предизвикале уривање на придружните објекти, кои не биле повторно изградени, што пак овозможило да се создаде Паркот на базиликата, којшто денес е централен парк во Милано.




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:17

Најубавите цркви во светот

Во христијанската религија, црквата е здание чија примарна дејност е да овозможи место каде ќе се собираат следбениците на Исус и каде се извршуваат религиозни обреди, литургии и молитви.

Традиционалните цркви се најчесто во облик на крст и имаат купола или камбанерија додека, модерните цркви се мешавина на стилови. Многу зданија изградени за друга намена се конвертирани во цркви и обратно, многу стари цркви денес имаат друга намена (музеј, галерија и сл.)

Во пресрет на Велигден многумина од вас ќе ја посетат најблиската црква или пак ќе отидат во црква која им е најдрага или најубава или пак таму каде што си го наоѓаат мирот. Некои ќе отидат на црква, почитувајќи ја верата, некои традицијата а, некои, затоа што сите други ќе бидат таму.

Настрана религиозните убедувањата, секое здрание си има свое значење, вредност и убавина. Еве кои се најубавите цркви во светот.

Las Lajas Cathedral, Наринјо, Колумбија (фотографија горе)

Сместена е над реката Гујаитара помеѓу две седиментни карпи по што го добива и името. Импресивнато здание е споено со остатокот со мост. Црквата е изградена баш на ова место заради указанието на Богородица во 1754 год. Бегајќи од невреме мајката Марија и нејзината глувонема ќерка Роза се скриле помеѓу карпите за да најдат засолниште. Во еден момент Роза извикала ”Жената ме вика…” и покажала на осветлена силуета над карпите. Во чест на ова приказание многу верници почнале да се собираат на ова место и со добротворни прилози почнале да градат црква во чест на Богородица.

Sagrada Familia, Барселона, Шпанија

Римо-католичката црква, мешавина на готски стил и art nouveau е дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди. Изградбата започнала во 1882 год и до неговата смрт во 1926 год изградена е само една четвртина. Со градење се продолжува дури по Шпанската Револуција. Се очекува финализирање на градбата во 2026 год со што би се одбележала стогодишнината од смртта на Гауди. Иако е недовршена, од Ноември 2010 год. е прогласена за Светско Културно Богатство под заштита на UNESCO.

640px-Sagrada_Familia_02

Базилика Св. Василиј, Москва, Русија


Руската православна базилика се издигнува над Црвениот Плоштад во непосредна близина на Кремлин во Москва уште од 1555-61 год. Куполите што како пламени се наоѓаат на секоја од десетина цркви во склоп на главното здание се единствена творба. Ова е и седиштето на Рускиот Вселенски Патријарх.

l

Аја Софија, Истанбул, Турција


Прекрасното византиско здание со поглед на Босфор е поранешна православна црква, кратко време и католичка црква, подоцна џамија а, денес музеј. Првиот камен на овој храм е поставен во 360та година. Секоја деценија, секој век, секој владетел оставиле трага, па така оваа црква има единствен изглед кој вклучува куполи и минариња и непроценливо богатсво во фрески, икони и религиозни предмети.

0000913038_l_0_xow2p2

Базилика Св. Петар, Ватикан


Можеби најпознатата црква во цел свет и истовремено најрелигиозниот христијански објект е изграден во касно-ренесансен стил. Според римо-католичката традиција овде почиваат останките на Св.Петар, по кој го носи и името, првиот Папа и еден од дванаесетте апостоли. На локацијата на Базиликата уште од 4тиот век постоела црква. Изградбата на црквата со денешниот лик започнала на 18. Април 1506 и е завршена на 18. Ноември 1626. Базиликата е место на многубројни литургии и свечености. Уметничкото богатство е напреценливо бидејќи многу уметници имаат уддел во создавањето, како на внатрешниот така и надворешниот изглед, меѓу кој секако најпознат е Микеланџело.

St.-Peters-Basilica

Notre Dame, Париз, Франција


Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на француската т.е. европската готска архитектура. Натурализмот на скулптурите и замаглените стакла се контраст на раната романска архитектура. Изградбата започнала во 1163 год. За време на Француската Револуција во 1790тите години катедралата е сериозно оштетена. Реставрацијата под надзор на Јужен Виолет-ду-Лук ја доведува катедралата до нејзиниот најимпресивен изглед на кој и денес му се воодушевуваме.

Notre_Dame_Cathedral_09 (1)



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:21


Related image



Нотр Дам -Франција


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:24

Најпосетени свети места во светот


Најпосетено свето место, каде секоја година доаѓаат 30 милиони аџии е Meiji Shrine во Токио.

На второ место по посетеност е храмот Sensoji кој бележи приближно исто бројки како и Miji секоја година. Меѓу останатите најпосетени свети места е и Базиликата на Пресвета Богородица од Гвадалупе во Мексико и катедралата Нотр Дам во Париз. Ви ја претставуваме листата на најпосетени свети места во светот.

1. Meiji Shrine и храмот Sensoji, Токио

Meiji Shrine е изграден пред 100 години и во градината на ова свето место се посадени повеќе од 100.000 стебла дрва, што оддава слика на спокој. Sensoji е будистички храм, а најубав е во ноќ, кога се палат многубројни светилки околу него.

2. Храмот Kashi Vishawanath, Индија 

Хранот Kashi Vishawanath скоро целиот е во злато и е свето место за Хинду следбениците ширум светот. Верниците се бањаат во реката Ганг за да ја исчистат својата душа.

3. Basilica de Santa Maria de Guadalupe, Мексико

Градењето на Базиликата започнало во 1500-та година а завршена е во 1709-та година. Дизајнирана е така да во неа се соберат 50.000 луѓе, а годишно ја посетуваат 20 милиони. Се верува дека се појавила Пресвета Богородица во 1531-та година.

4. Храмот Tirupati Tirumala Devesthams, Индија

Хиндустичката секта Viashavism која промовира љубов и еднаквост ја започнала изградбата на овој храм пред 1.200 години. Годишно 18 милиони луѓе го посетуваат овој индиски храм.

5. Катедралата Нотр Дам, Париз

Најпосетената туристичка атракција е катедралата Нотр Дам, која годишно ја посетуваат околу 14 илјади посетители. Денес катедралата изгледа слично како што изгледала и кога е изградена во 1345-та година.

6. Базиликата Sacre Coeur, Париз

Уште едно свето место кое се наоѓа во Париз. Базиликата Sacre Coeur. Базиликата Secre Coeur годишно ја посетуваат повеќе од десет милиони посетители. Оваа базилика е изградена во 19-тиот век.

7. Храмот Naritasan Shinshoji, Јапонија

Храмот Naritasan Shinshoji е изграден во 940-та година, а го посетуваат десет милиони посетители годишно. Храмот е посветен на богот на огинот и ритуалите во кои доминира огинот се изведуваат неколку пати дневно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2014 во 13:44

Божествени катедрали и цркви низ Америка кои воодушевуваат


Религиозните храмови претставуваат врвни архитектонски и уметнички дела. Многу од нив потекнуваат од далечното минато и успеале да ја задржат својата убавина, мистичност и вредност до ден денес.

bozestveni-katedrali-i-crkvi-niz-amerika-koi-voodusevuvaat-01

Црквите и катедралите се едни од најубавите објекти кои во себе кријат посебна моќ и убавина. Без разлика дали се од многу одамна или се изградени во поново време, секоја црква си има своја специфичност по која се разликува од останатите и нешто што ја прави посебна.

Ширум светот има фасцинантни цркви и катедрали кои буквално изнудуваат воздишки кога ќе им се приближите. За многу од нив она што воодушевува е токму нивната историја и моќ која ги задржала да постојат до денес.

Иако Америка не спаѓа во државите со богата историја од минатото, која ја одбележуват различни катедрали, таа сепак има свои божествени цркви кои несомнено ќе ве остават без зборови.

Во различни градови има различен стил на цркви и катедрали, зависно од периодот во кој се градени. Некои од нив изгледаат модерно и футуристичко, а други пак, се типични и традиционални.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 23:51

Патував во Сертар, градот во кој живеат 40.000 монаси

Не можев да поверувам дека има такво неверојатно место на земјата. Решив да го посетам ова место по секоја цена. Откако истражував малку, го најдов ова место наречено Сертар, кое се наоѓа на околу 600km од Ченгду. Таму се наоѓа најголемата будистичка школа наречена Будистичка академија Ларунг Гар, основана во 1980 година.

Во моментот таму се сместени 40.000 монаси и монахињи кои секој ден се справуваат со лошата клима само за да го проучуваат будизмот. Ми требаа преку 20 часа да дојдам тука од Ченгду, патувајќи по еден нерамен пат кој се чинеше како да нема крај. Штом пристигнав во овој надреален свет, сета мака ја снема. Тибетскиот народ доаѓаат тука за да се молат, монасите и монахињите престојуваат за да учат. Не можев да одолеам да споделам фотографии од ова место со сиот свет.

Монахињите патуваат до училиштето пешачејќи 4000 метри надолу

m01

Ноќен поглед кон манастирот

m02

Живеалиштата на монахињите кадешто не е дозволена ТВ, ниту има тоалет и систем за греење

m03

Тибетскиот народ ја споделува истата област со монасите и монахињите

m04

Просто го обожавам ова море од црвени куќи

m05

Секој е толку посветен при молитвите

m06

Во внатрешноста на манастирот

m07

Се молат вртејќи го тркалото на молитвата

m09

Монасите учат после училишните часови

m10

Тибетско поклонение

m11

Едноставно изгледа прекрасно

m12

Монасите учат после училишните часови

m13

Во селото се сместени околу 40.000 монаси и монахињи

m14

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:49

Новодевичкиот манастир

moskva, katedrali, москва, катедрали, болшој, кремљ, црвен плоштад

Изграден во 1524 година, манастирот првенствено бил користен како тврдина, а бил достапен само за жените од царското семејство. Посветен е на Пресвета Богородица која се сметала за заштитник на Русија.
Дел од манастирот денес е достапен за посетители кои може да уживаат во убавината не некои од највредните иконостаси во светот, сместени токму во Новодевичкиот манастир.
Од 2004 година импозантното здание е под заштита на УНЕСКО.

Катедралата на Христос Спасителот

moskva, katedrali, москва, катедрали, болшој, кремљ, црвен плоштад

Со својата висина од 103 метри, Катедралата на Христос Спасителот е највисокиот христијански објект на Земјата. Внатрешните ѕидови се обложени со ретки видови на мермер, гранит и скапоцени камења, а токму златната купола на оваа катедрала е првата во светот позлатена со новата техника на позлатување која се користи и денес.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:55
Related image
Св.Сава-Београд


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:56
Image result for photos of hram na ISAK

Соборниот Храм на преподобниот Исак " кој се наоѓа во Санкт Петербург. Тој е посветен на Свети Исак, ...


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:58

Римокатоличката катедрала Свети Никола -Киев
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 12:00
hram-hrista-spasitelja

Hram Hrista Spasitelja (Храм Христа Спасителя). Izgrađen je 1883. godine prema projektu arhitekte Konstantina Tona. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 12:02

Катедрала Св.Александар Невски,Софија,Бугарија
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 12:09
Bazilika (katedrala) sv. Ivana Lateranskog


Базилика Св.Иван Латерански,Рим


Изменето од Valerija - 20.Октомври.2018 во 17:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 12:13

Црквата Саграда Фамилија, Барселона

Related image

Оваа градба на познатиот шпански архитект Гауди и покрај тоа што не е довршена (нејзината целосна изградба би требала да биде во 2026, на стогодишнината од смртта на Гауди), предизвикува воздушки низ целиот свет.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.