Испечати | Затвори го прозорот

Свети храмови кои вреди да се посетат

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27151
Датум на принтање: 29.Април.2024 во 12:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Свети храмови кои вреди да се посетат
Постирано од: Valerija
Наслов: Свети храмови кои вреди да се посетат
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 13:11
Базиликата Сан Лоренцо во Милано

Базиликата Сан Лоренцо е еден од најстарите и најважните католички храмови во Милано. Во исто време, се работи за една од најпосетуваните знаменитости во главниот град на Ломбардија.

Овој прекрасен храм, којшто е изграден во периодот помеѓу четвртиот и петтиот век, се наоѓа во внатрешноста на мрежата канали за наводнување, кои биле конструирани уште во времето на Римската Империја. Во непосредна близина на базиликата се наоѓаат градскиот парк, базиликата Сант Еусторџио, средновековната порта Тичино и најстарите римски рушевини во градот, Колоне ди Сан Лоренцо.


Во времето кога била изградена, базиликата Сан Лоренцо била најголемата зграда во западниот свет. Во средновековниот и ренесансниот период, бил забележан надолен пад за базиликата, Милано, но и цела Италија. Специфично за базиликата, тоа значело преживување на повеќе природни катастрофи и пожари, кои го измениле лицето на градбата.


Кон крајот на Ренесансата, започнува и големата реконструкција на најзначајниот симбол на римскиот период во Милано. Реконструкцијата продолжува и во подоцнежните години, кога градот бил под власт на Австрија.


Денешниот изглед базиликата го добива кон крајот на Втората светска војна, кога бомбардирањата на градот предизвикале уривање на придружните објекти, кои не биле повторно изградени, што пак овозможило да се создаде Паркот на базиликата, којшто денес е централен парк во Милано.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 21:17

http://extrapoint.mk/najubavite-crkvi-vo-svetot/" rel="nofollow - - Најубавите цркви во светот

Во христијанската религија, црквата е здание чија примарна дејност е да овозможи место каде ќе се собираат следбениците на Исус и каде се извршуваат религиозни обреди, литургии и молитви.

Традиционалните цркви се најчесто во облик на крст и имаат купола или камбанерија додека, модерните цркви се мешавина на стилови. Многу зданија изградени за друга намена се конвертирани во цркви и обратно, многу стари цркви денес имаат друга намена (музеј, галерија и сл.)

Во пресрет на Велигден многумина од вас ќе ја посетат најблиската црква или пак ќе отидат во црква која им е најдрага или најубава или пак таму каде што си го наоѓаат мирот. Некои ќе отидат на црква, почитувајќи ја верата, некои традицијата а, некои, затоа што сите други ќе бидат таму.

Настрана религиозните убедувањата, секое здрание си има свое значење, вредност и убавина. Еве кои се најубавите цркви во светот.

Las Lajas Cathedral, Наринјо, Колумбија (фотографија горе)

Сместена е над реката Гујаитара помеѓу две седиментни карпи по што го добива и името. Импресивнато здание е споено со остатокот со мост. Црквата е изградена баш на ова место заради указанието на Богородица во 1754 год. Бегајќи од невреме мајката Марија и нејзината глувонема ќерка Роза се скриле помеѓу карпите за да најдат засолниште. Во еден момент Роза извикала ”Жената ме вика…” и покажала на осветлена силуета над карпите. Во чест на ова приказание многу верници почнале да се собираат на ова место и со добротворни прилози почнале да градат црква во чест на Богородица.

Sagrada Familia, Барселона, Шпанија

Римо-католичката црква, мешавина на готски стил и art nouveau е дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди. Изградбата започнала во 1882 год и до неговата смрт во 1926 год изградена е само една четвртина. Со градење се продолжува дури по Шпанската Револуција. Се очекува финализирање на градбата во 2026 год со што би се одбележала стогодишнината од смртта на Гауди. Иако е недовршена, од Ноември 2010 год. е прогласена за Светско Културно Богатство под заштита на UNESCO.

http://extrapoint.mk/wp-content/uploads/2013/05/640px-Sagrada_Familia_02.jpeg" rel="nofollow">640px-Sagrada_Familia_02

Базилика Св. Василиј, Москва, Русија


Руската православна базилика се издигнува над Црвениот Плоштад во непосредна близина на Кремлин во Москва уште од 1555-61 год. Куполите што како пламени се наоѓаат на секоја од десетина цркви во склоп на главното здание се единствена творба. Ова е и седиштето на Рускиот Вселенски Патријарх.

http://extrapoint.mk/wp-content/uploads/2013/05/l.jpg" rel="nofollow">l

Аја Софија, Истанбул, Турција


Прекрасното византиско здание со поглед на Босфор е поранешна православна црква, кратко време и католичка црква, подоцна џамија а, денес музеј. Првиот камен на овој храм е поставен во 360та година. Секоја деценија, секој век, секој владетел оставиле трага, па така оваа црква има единствен изглед кој вклучува куполи и минариња и непроценливо богатсво во фрески, икони и религиозни предмети.

http://extrapoint.mk/wp-content/uploads/2013/05/0000913038_l_0_xow2p2.jpg" rel="nofollow">0000913038_l_0_xow2p2

Базилика Св. Петар, Ватикан


Можеби најпознатата црква во цел свет и истовремено најрелигиозниот христијански објект е изграден во касно-ренесансен стил. Според римо-католичката традиција овде почиваат останките на Св.Петар, по кој го носи и името, првиот Папа и еден од дванаесетте апостоли. На локацијата на Базиликата уште од 4тиот век постоела црква. Изградбата на црквата со денешниот лик започнала на 18. Април 1506 и е завршена на 18. Ноември 1626. Базиликата е место на многубројни литургии и свечености. Уметничкото богатство е напреценливо бидејќи многу уметници имаат уддел во создавањето, како на внатрешниот така и надворешниот изглед, меѓу кој секако најпознат е Микеланџело.

http://extrapoint.mk/wp-content/uploads/2013/05/St.-Peters-Basilica.jpg" rel="nofollow">St.-Peters-Basilica

Notre Dame, Париз, Франција


Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на француската т.е. европската готска архитектура. Натурализмот на скулптурите и замаглените стакла се контраст на раната романска архитектура. Изградбата започнала во 1163 год. За време на Француската Револуција во 1790тите години катедралата е сериозно оштетена. Реставрацијата под надзор на Јужен Виолет-ду-Лук ја доведува катедралата до нејзиниот најимпресивен изглед на кој и денес му се воодушевуваме.

http://extrapoint.mk/wp-content/uploads/2013/05/Notre_Dame_Cathedral_09-1.jpg" rel="nofollow">Notre_Dame_Cathedral_09 (1)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 21:21


Related image



Нотр Дам -Франција


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 21:24

Најпосетени свети места во светот


Најпосетено свето место, каде секоја година доаѓаат 30 милиони аџии е Meiji Shrine во Токио.

На второ место по посетеност е храмот Sensoji кој бележи приближно исто бројки како и Miji секоја година. Меѓу останатите најпосетени свети места е и Базиликата на Пресвета Богородица од Гвадалупе во Мексико и катедралата Нотр Дам во Париз. Ви ја претставуваме листата на најпосетени свети места во светот.

1. Meiji Shrine и храмот Sensoji, Токио

Meiji Shrine е изграден пред 100 години и во градината на ова свето место се посадени повеќе од 100.000 стебла дрва, што оддава слика на спокој. Sensoji е будистички храм, а најубав е во ноќ, кога се палат многубројни светилки околу него.

2. Храмот Kashi Vishawanath, Индија 

Хранот Kashi Vishawanath скоро целиот е во злато и е свето место за Хинду следбениците ширум светот. Верниците се бањаат во реката Ганг за да ја исчистат својата душа.

3. Basilica de Santa Maria de Guadalupe, Мексико

Градењето на Базиликата започнало во 1500-та година а завршена е во 1709-та година. Дизајнирана е така да во неа се соберат 50.000 луѓе, а годишно ја посетуваат 20 милиони. Се верува дека се појавила Пресвета Богородица во 1531-та година.

4. Храмот Tirupati Tirumala Devesthams, Индија

Хиндустичката секта Viashavism која промовира љубов и еднаквост ја започнала изградбата на овој храм пред 1.200 години. Годишно 18 милиони луѓе го посетуваат овој индиски храм.

5. Катедралата Нотр Дам, Париз

Најпосетената туристичка атракција е катедралата Нотр Дам, која годишно ја посетуваат околу 14 илјади посетители. Денес катедралата изгледа слично како што изгледала и кога е изградена во 1345-та година.

6. Базиликата Sacre Coeur, Париз

Уште едно свето место кое се наоѓа во Париз. Базиликата Sacre Coeur. Базиликата Secre Coeur годишно ја посетуваат повеќе од десет милиони посетители. Оваа базилика е изградена во 19-тиот век.

7. Храмот Naritasan Shinshoji, Јапонија

Храмот Naritasan Shinshoji е изграден во 940-та година, а го посетуваат десет милиони посетители годишно. Храмот е посветен на богот на огинот и ритуалите во кои доминира огинот се изведуваат неколку пати дневно.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Мај.2014 во 13:44

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/23158-bozestveni-katedrali-i-crkvi-niz-amerika-koi-voodusevuvaat" rel="nofollow - - Божествени катедрали и цркви низ Америка кои воодушевуваат


Религиозните храмови претставуваат врвни архитектонски и уметнички дела. Многу од нив потекнуваат од далечното минато и успеале да ја задржат својата убавина, мистичност и вредност до ден денес.

bozestveni-katedrali-i-crkvi-niz-amerika-koi-voodusevuvaat-01

Црквите и катедралите се едни од најубавите објекти кои во себе кријат посебна моќ и убавина. Без разлика дали се од многу одамна или се изградени во поново време, секоја црква си има своја специфичност по која се разликува од останатите и нешто што ја прави посебна.

Ширум светот има фасцинантни цркви и катедрали кои буквално изнудуваат воздишки кога ќе им се приближите. За многу од нив она што воодушевува е токму нивната историја и моќ која ги задржала да постојат до денес.

Иако Америка не спаѓа во државите со богата историја од минатото, која ја одбележуват различни катедрали, таа сепак има свои божествени цркви кои несомнено ќе ве остават без зборови.

Во различни градови има различен стил на цркви и катедрали, зависно од периодот во кој се градени. Некои од нив изгледаат модерно и футуристичко, а други пак, се типични и традиционални.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 18.Април.2015 во 23:51

Патував во Сертар, градот во кој живеат 40.000 монаси

Не можев да поверувам дека има такво неверојатно место на земјата. Решив да го посетам ова место по секоја цена. Откако истражував малку, го најдов ова место наречено Сертар, кое се наоѓа на околу 600km од Ченгду. Таму се наоѓа најголемата будистичка школа наречена Будистичка академија Ларунг Гар, основана во 1980 година.

Во моментот таму се сместени 40.000 монаси и монахињи кои секој ден се справуваат со лошата клима само за да го проучуваат будизмот. Ми требаа преку 20 часа да дојдам тука од Ченгду, патувајќи по еден нерамен пат кој се чинеше како да нема крај. Штом пристигнав во овој надреален свет, сета мака ја снема. Тибетскиот народ доаѓаат тука за да се молат, монасите и монахињите престојуваат за да учат. Не можев да одолеам да споделам фотографии од ова место со сиот свет.

Монахињите патуваат до училиштето пешачејќи 4000 метри надолу

m01

Ноќен поглед кон манастирот

m02

Живеалиштата на монахињите кадешто не е дозволена ТВ, ниту има тоалет и систем за греење

m03

Тибетскиот народ ја споделува истата област со монасите и монахињите

m04

Просто го обожавам ова море од црвени куќи

m05

Секој е толку посветен при молитвите

m06

Во внатрешноста на манастирот

m07

Се молат вртејќи го тркалото на молитвата

m09

Монасите учат после училишните часови

m10

Тибетско поклонение

m11

Едноставно изгледа прекрасно

m12

Монасите учат после училишните часови

m13

Во селото се сместени околу 40.000 монаси и монахињи

m14



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 11:49

Новодевичкиот манастир

moskva, katedrali, москва, катедрали, болшој, кремљ, црвен плоштад

Изграден во 1524 година, манастирот првенствено бил користен како тврдина, а бил достапен само за жените од царското семејство. Посветен е на Пресвета Богородица која се сметала за заштитник на Русија.
Дел од манастирот денес е достапен за посетители кои може да уживаат во убавината не некои од највредните иконостаси во светот, сместени токму во Новодевичкиот манастир.
Од 2004 година импозантното здание е под заштита на УНЕСКО.

Катедралата на Христос Спасителот

moskva, katedrali, москва, катедрали, болшој, кремљ, црвен плоштад

Со својата висина од 103 метри, Катедралата на Христос Спасителот е највисокиот христијански објект на Земјата. Внатрешните ѕидови се обложени со ретки видови на мермер, гранит и скапоцени камења, а токму златната купола на оваа катедрала е првата во светот позлатена со новата техника на позлатување која се користи и денес.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 11:55
Related image
Св.Сава-Београд


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 11:56
Image result for photos of hram na ISAK

Соборниот Храм на преподобниот Исак " кој се наоѓа во Санкт Петербург. Тој е посветен на Свети Исак, ...


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 11:58

Римокатоличката катедрала Свети Никола -Киев


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:00
hram-hrista-spasitelja

Hram Hrista Spasitelja (Храм Христа Спасителя). Izgrađen je 1883. godine prema projektu arhitekte Konstantina Tona. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:02

Катедрала Св.Александар Невски,Софија,Бугарија


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:09
Bazilika (katedrala) sv. Ivana Lateranskog


Базилика Св.Иван Латерански,Рим


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:13

Црквата Саграда Фамилија, Барселона

Related image

Оваа градба на познатиот шпански архитект Гауди и покрај тоа што не е довршена (нејзината целосна изградба би требала да биде во 2026, на стогодишнината од смртта на Гауди), предизвикува воздушки низ целиот свет.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:14

Катедралата Нотр Дам, Париз

Image result for photos of најубави цркви во свет

Оваа катедрала е спомената и во други многубројни, песни и романи. Но само еден роман успеал да ја спаси од нејзино рушење.

Лошата состојба во која се наоѓала катедралата за време на 19 век, била голема закана таа да биде срушена од страна на гратските водачи.

Но познатиот писател Воктор Иго, со својот роман ”Sвонарот на Богородичната црква”, го привлекол вниманието на јавноста, поради што се побудил интерес за нејзино реновирање.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:15


Манастир Св.Јоаким Осоговски


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:19


Катедрала Св.Јаков 

Сантијаго де Компостела во Шпанија



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2015 во 12:25
Image result for photos of најубави цркви во свет

Duomo di Milano.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2015 во 18:27

Св.Анастасиа -Солун


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2015 во 18:34

Црквата Св.Михаил,Минхен


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2016 во 10:06

                                                         Базиликата „Св. Петар“ во Рим навечер

20-najubavi-mesta-vo-italija-4.jpg


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2016 во 10:10

                                                                                    Базилика „Сан Витале“, Равена

20-najubavi-mesta-vo-italija-13.jpg  


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:01

Белогорскиот манастир Св. Никола

Белогорскиот манастир се наоѓа на врвот на Белаја Гора во Русија, на оддалеченост од 85 километри од градот Перм и околу 50 километри оддалеченост од градот Кунгур. Во манастирот доминира прекрасна бела црква со златни куполи на коишто стојат златни крстови. Во периодот зима-пролет, белата градба не може да се разликува од снежното опкружување.

Првичната црква и манастирот биле изградени од дрво во 1894 година, и во нив биле сместени 25 сирачиња коишто таму го примиле своето образование по читање, пишување, црковно пеење, како и најразлични занаети. Кога градбата изгорела, во јуни 1902 година започнала изградбата на нова, двокатна камена црква. Во тоа време таму живееле околу четиристотини монаси, и тие помогнале во изградбата на манастирот, правејќи тули во сопствена изработка во манастирската тулана. Покрај тоа, тие се занимавале со земјоделство, сточарство, пчеларство и рибарење.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm01.jpg" rel="nofollow">bm01

Кога манастирот бил завршен во 1917 година, во него имало место за 8000 луѓе и бил опремен со вентилација и систем за парно греење. Во црквата, високиот засводен таван и ѕидовите биле покриени со православни фрески и икони. На неговото осветување присуствувале околу 30.000 луѓе. Манастирската црква станала највеличествената црвка во Пермската епархија.

Тогаш, еден ден во 1918, во манастирот пристигнале болшевиците, го одвлекле архимандритот Варлаам во долината под манастирот, го застрелале и го фрлиле во реката Кама. Ги скршиле големите манастирски камбани со чекани и уништиле многу уметнички дела. Многу монаси ги изгубиле своите животи обидувајќи се да го спречат уништувањето на манастирот. Некои биле наредени пред ѕидовите на црквата и застрелан – дупките од К*ршумите на ѕидовите сѐ уште сведочат за тој крвав чин. Други биле закопани живи во масовни гробови, а многумина од нив биле депортирани.

Во 1930-те, манастирските згради биле користени како затворенички логор за политички репресираните и присилно преселените, а потоа таму се отворил дом за лица со попреченост. За време на Втората светска војна станал центар за рехабилитација за ранетите и осакатените во војната. До 1986 служел како дом за инвалиди и ментално болни лица. Во 1980, еден пациент замалку не запалил сѐ, кога подметнал пожар на покривот. Црквата била лошо оштетена и речиси сите куполи изгореле. Во 1993 година започнала нејзината обнова и трае и до ден денес. Конечната фаза на реставрацијата започнала во 2011.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm02.jpg" rel="nofollow">bm02 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm03.jpg" rel="nofollow">bm03 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm04.jpg" rel="nofollow">bm04 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm05.jpg" rel="nofollow">bm05 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm06.jpg" rel="nofollow">bm06 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm07.jpg" rel="nofollow">bm07 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm08.jpg" rel="nofollow">bm08 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm09.jpg" rel="nofollow">bm09 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm10.jpg" rel="nofollow">bm10 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm11.jpg" rel="nofollow">bm11 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm12.jpg" rel="nofollow">bm12

Замена за помалата дрвена верзија којашто некогаш стоела тука во спомен на преживувањето на Никола II откако врз него бил извршен обид за атентат со меч во Јапонија во 1891 г.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm13.jpg" rel="nofollow">bm13 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm14.jpg" rel="nofollow">bm14 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/24/bm15.jpg" rel="nofollow">bm15



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Септември.2016 во 16:04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Септември.2016 во 16:06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Септември.2016 во 16:07



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Април.2017 во 10:33

Најубавите цркви во светот


Архитектурата е вистинска уметност. Постојано се воситуваме од неверојатни градби низ светот, а многумина од нас специјално посетуваат одредени места само во живо да ги видат едни од најубавите градби во светот. Бидејќи моментално е еден од најголемите христијански празници, Велигден, решивме со вас да ги споделиме едни од најубавите цркви во светот.

Црква Свети Василиј, Москва, Русија


Богородична црква, Монтреал, Канада


Господово преображение, Кижи, Русија 


Катедрала Бразилија, Бразил


Миланска катедрала, Италија


Успесение на Богородица, Словенија


Црква Марија Магдалена, Ерусалим, Израел


Капела на Светиот крст, Седона, Аризона


Црква Саграда Фамилија, Барселона, Шпанија


Црква Боргунд, Норвешка


Свети Џорџ, Лалибела, Етиопија


Црква во Виес, Стејнгаден, Германија


Лас Лахас, Колумбија


Базилика Сакре Коер, Париз, Франција


Катедрала Свети Патрик, Њујорк


Метеора, Грција


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:39
Image result for photos of најубави цркви во свет


Богородична црква,Монтреал 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:45
Related image

Св.Александар Невски ,Софија


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:46
Image result for photos of најубави цркви во свет


Црква "St Michel d'Aiguilhe" во Аувергне во Франција


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:47
Image result for photos of најубави цркви во свет

 Црква „Сан Франциско“, Кастро - Чиле


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:50
Related image


Катедрала „St. Jacob“, Инсбрук - Австрија


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:50
Image result for photos of најубави цркви во свет

Катедралата Лас Лахас, Колумбија


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:56
Related image


Кентербериската катедрала, Лондон


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:58
Related image


Ла Ененанзе Црква во Мексико Сити, Мексико – Римокатоличка црква


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 09:00
Related image
Лас Лајас светилиштето во Нарино, Колумбија -Римокатоличка црква. ( Изградена е во готски стил)


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Април.2018 во 20:33
Келнската катедрала

Image result for келнска катедрала


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Април.2018 во 20:35
Image result for катедрала Линколн


Линколнска катедрала


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk