IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Фондацијата на Катарина Ивановска
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фондацијата на Катарина Ивановска

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 12234
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Фондацијата на Катарина Ивановска
    Испратена: 18.Април.2014 во 16:43

Фондацијата на Катарина Ивановска ќе им помага на децата од социјално загрозените семејства...


Македонскиот топ модел со интернационална кариера Катарина Ивановска, која успешно работи низ целиот свет, својата желба да помага на други луѓе реши да ја институционализира. Таа иницијатива резултираше со неодамнешното формирање на „Катарина Ивановска Фондација“.

 

Фокус на фондацијата ќе биде поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства. Токму оваа група дечиња е предмет на работењето на новоформираната фондација која има за цел да помогне директно и индиректно во решавањето на нивните проблеми. Хуманитарно здружение ќе дава морален и материјален придонес на оваа ранлива категорија граѓани во нашата земја.

 

- Желбата за помош и поддршка на дечиња од социјално загрозени семејства ја носам во себе подолго време и таа ме поттикна да го реализирам овој проект - да формирам сопствена фондација. Моите соништа да станам успешна во она што го работам се остварија. Токму затоа, сега кога е момент да уживам во она што го создадов и имам 25 години, одлучив дел од сопственото време да го посветам на филантропски активности од ваков тип. Сѐ работам со огромна љубов и секогаш пронаоѓам начин преку иновативни идеи да ги реализрам зацртаните цели. Оттука, верувам дека со една посветена и плодотворна работа ќе успеам да ѝ помогнам на оваа група семејства. Длабоко сум уверена дека оваа моја иницијатива ќе ја препознаат сите добри и хумани луѓе, деловното опкружување и инситуциите во Република Македонија - изјави Катарина Ивановска. 

 

Катарина Ивановска ја најави и својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“.

 

Дел од оваа колекција потпишана од Катарина Ивановска ќе биде пласирана за продажба од мај на локации во кафе-баровите „Концепт 37“ и „Калдрма“ во Стара Чаршија. Истовремено, дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтерсирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај, годинава. Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети во „Катарина Ивановска Фондацијата“. 

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12847
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 21:00
...veke vleze vo kampanja,samo parite kolku se i kade se ne znam.


...оди си,и остави ги другите да живеат!.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.