Испечати | Затвори го прозорот

Фондацијата на Катарина Ивановска

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27125
Датум на принтање: 19.Април.2024 во 17:03
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фондацијата на Катарина Ивановска
Постирано од: zamislena
Наслов: Фондацијата на Катарина Ивановска
Датум на внесување: 18.Април.2014 во 16:43

Фондацијата на Катарина Ивановска ќе им помага на децата од социјално загрозените семејства...


Македонскиот топ модел со интернационална кариера Катарина Ивановска, која успешно работи низ целиот свет, својата желба да помага на други луѓе реши да ја институционализира. Таа иницијатива резултираше со неодамнешното формирање на „Катарина Ивановска Фондација“.

 

Фокус на фондацијата ќе биде поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства. Токму оваа група дечиња е предмет на работењето на новоформираната фондација која има за цел да помогне директно и индиректно во решавањето на нивните проблеми. Хуманитарно здружение ќе дава морален и материјален придонес на оваа ранлива категорија граѓани во нашата земја.

 

- Желбата за помош и поддршка на дечиња од социјално загрозени семејства ја носам во себе подолго време и таа ме поттикна да го реализирам овој проект - да формирам сопствена фондација. Моите соништа да станам успешна во она што го работам се остварија. Токму затоа, сега кога е момент да уживам во она што го создадов и имам 25 години, одлучив дел од сопственото време да го посветам на филантропски активности од ваков тип. Сѐ работам со огромна љубов и секогаш пронаоѓам начин преку иновативни идеи да ги реализрам зацртаните цели. Оттука, верувам дека со една посветена и плодотворна работа ќе успеам да ѝ помогнам на оваа група семејства. Длабоко сум уверена дека оваа моја иницијатива ќе ја препознаат сите добри и хумани луѓе, деловното опкружување и инситуциите во Република Македонија - изјави Катарина Ивановска. 

 

Катарина Ивановска ја најави и својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“.

 

Дел од оваа колекција потпишана од Катарина Ивановска ќе биде пласирана за продажба од мај на локации во кафе-баровите „Концепт 37“ и „Калдрма“ во Стара Чаршија. Истовремено, дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтерсирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај, годинава. Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети во „Катарина Ивановска Фондацијата“. 




Коментари:
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 21:00
...veke vleze vo kampanja,samo parite kolku se i kade se ne znam.




-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk